КАФЕ ПАУЗА

Tag: потпетици

  • 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите

    5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите

    Позната ни е изреката дека една слика вреди илјада зборови, која во денешно време може да се интерпретира со илјада лајкови. Но, кога станува збор за фотографиите на кои сакате да се појавите цели, од глава до петици, проблем може да биде вашата висина, поради што пониските девојки го избегнуваат таквото фотографирање кога не носат високи потпетици. Еве неколку трикови, како без потпетици да изгледате повисоко на фотографиите на кои ќе се гледа вашето убаво тело.rn

    1. Поставете рака над главата

    rn(1) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnОва е еден супер и лесен трик со кој ќе направите оптичка измама и ќе изгледате повисоко на фотографиите. Раката можете да ја поставите над челото, во делот на косата или над шапката, која ја носите во топлите летни денови. Тоа ќе ја прикаже вашата силуета во издолжено издание. Но, да бидеме искрени, тоа не значи дека раката треба да ви биде вашето „оружје“ на секоја фотографија.rn

    2. Поткренете се на прсти

    rn(2) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnОвој трик можеби изгледа детски и малку наивно, но успева. Тоа дури добро влијае и на изгледот на вашите нозе и задник, затоа што на тој начин ги затегнувате мускулите. Само внимавајте да не ја поставувате главата високо, затоа што може да испаднете како на фотографиите од градинка.rn

    3. Поставете ги рамениците наназад

    rn(3)5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnЗа да изгледате повисоко, треба и убаво да се исправите. Замислете си дека на врвот од вашата глава има жица која ве влече нагоре и рамениците ќе се вратат наназад. Едноставен трик, кој секогаш успева.rn

    4. Поставете ја едната нога врз другата

    rn(4) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnПоставете ја едната нога врз другата и ќе добиете оптичка илузија којашто ќе направи да изгледате повисоко. На овој начин, вашето тело на фотографијата ќе изгледа повисоко и повитко.rn

    5. Поставете го фотоапаратот пониско

    rn(5) 5 трикови како да изгледате повисоки на фотографиите без високи потпетициrnrnПоставете го фотоапаратот пониско, под нивото на вашата глава, со што во фокус ќе биде вашето торзо. Така ќе добиете на висина, а и нозете ќе ви изгледаат подолго.

  • Прекрасно дизајнирани дрвени потпетици го привлекоа вниманието на сите дами ширум светот

    Прекрасно дизајнирани дрвени потпетици го привлекоа вниманието на сите дами ширум светот

    За многу жени, не постои ситуација каде што тие можат да имаат премногу чевли. Но, без разлика колку пара имате во вашиот шкаф, големи се шансите дека не изгледаат толку добро како овие. Барем не сè уште. Станува збор за моделот наречен „Saigon Socialite“ кои се направени од една виетнамска компанија. Секој пар е составен од кожа и дрвена основа, гравирана со помош на различни и антички виетнамски техники за дрвена уметност. Погледнете колку неверојатно изгледаат тие!rnrnrnrn

  • Која е идеалната висина на потпетици за вас?

    Која е идеалната висина на потпетици за вас?

    Жените ги обожаваат високите потпетици, но само тие си знаат како се чувствуваат после цела вечер чекорење или стоење на нив. Тоа е пекол низ кој не сакаат да минуваат, но не ни мораат ако знаат која висина на потпетици е идеална за нив.rnrnКоја е идеалната висина на потпетици за вас?rnrnЕма Сапл е подијатар, односно лекар кој е специјализиран за проблеми со стапалата, и тврди дека таа има формула според која секоја жена може да измери која висина на потпетици е идеална за неа. За да откриете треба стапалото да го испружите напред, а растојанието помеѓу петата и точката каде што може да се свитка стапалото измерено како на сликата ја дава висината која ви е потребна.rnrnКоја е идеалната висина на потпетици за вас?rnrn 

  • Парадокс на убавината – 4 начини на кои потпетиците нѐ охрабруваат и нѐ заробуваат

    Парадокс на убавината – 4 начини на кои потпетиците нѐ охрабруваат и нѐ заробуваат

    Дали жената ги носи чевлите или чевлите ја носат жената?

    rnСе обидуваме да откриеме каква е пораката кога носиме високи потпетици, а каква е кога не носиме? Зошто некои жени ја поднесуваат болката, а некои не?rnrnУбавината е болка и болката е убавина, но мора ли да бидеме грди за да ни биде удобно? Нема ли да бидеме женствени ако не носиме високи потпетици?rnrnСе симнуваме неколку степени подолу на сексуалната скала ако не носиме високи потпетици и така доброволно им дозволуваме на другите жени да го заземат нашето место.rnrn1-Paradoks-na-ubavinata – 4-prichini-kako-potpeticite-ve-ohrabruvaat-i-ve zarobuvaat-kafepauza.mkrnrnДека е тоа така потврдиле и научниците од „Универзитетот во Јужна Бретања“. Тие составиле група од 19-годишни девојки кои носеле потпетици со различни висини и требале да анкетираат мажи на возраст од 25 до 50 години. Резултатот покажал дека мажите двапати повеќе застанувале да разговараат со девојките на повисоки потпетици.rnrnДали со носењето високи потпетици го отпоздравуваме феминизмот или тоа е чекор наназад? Дали е тоа застарена форма на ропство или пак враќање на женственоста?rnrnТие се меч со две острици. Како и животот на жената, така и тие се полни со контрадикторности и двојни стандарди. Истовремено се форма на еманципација, но и на заробеништво. Потпетиците се со нас и против нас.rnrn3-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mkrn

    1. Ни даваат моќ, но сепак нè оковуваат

    rnАко убавината носи моќ, тогаш зошто понекогаш се чувствуваме толку слабо?rnrnНе можеме да негираме дека одредени привилегии и предности следуваат со повеќе убавина. Но колку моќ може да има жена која владее од одредена висина на која не може да се движи? Само заради тоа што убавината е моќна не значи дека оној што ја поседува ја има моќта.rnrnВо Антички Рим, високи потпетици носеле сексуалните робови и проститутките. Во тоа време тие биле симбол на секс и заробеништво.rnrnСтанале актуелни во 1500-те години, но со друго значење – претставувале моќ на владејачката класа. Биле знак на моќ и престиж, дотолку што високо позиционираните луѓе ги викале „луѓе на висока потпетица“.rnrnНа запад претставувале моќ, но им ги скратувале правата жените – тие не можеле секаде да се движат со нив. Плус, тие се поврзувале со слабост, бидејќи не се очекувало дека жените можат нешто да прават додека ги носат.rnrnСо моќта доаѓа и поробувањето.rnrn1-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mkrn

    2. Нè прават повисоки, но и помалку застрашувачки

    rnСо нив добиваме на височина, но не и на убедливост. Ни додаваат сантиметри наспроти противникот, но и ги изложуваат нашите слабости. Можеби ќе бидеме повисоки, но сме дефинитивно и послаби.rnrnПотпетиците ја намалуваат можноста не само да избегаме во моментот туку и за цел живот. Според „Women’s Health Magazine“ движењето на потпетици ја вкочанува Ахиловата жила. Оваа жила ги вкочанува листовите на нозете на потпетици. Затоа кога ќе ги соблечеме потпетиците нормалното движење е болно. По подолго време движењето по рамно станува тешко.rnrnНа високи потпетици можеби ќе можеме да им „јадеме бурек на глава“ на машките, никогаш нема да можеме да бидеме побрзи од нив.rnrn2-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mkrn

    3. Нè прават гласни, а истовремено ни го одземаат авторитетот

    rnСо нив привлекуваме внимание, но какво?rnrnНе само што ни го отежнуваат одот туку и нè издаваат. Со нив непријателите полесно ќе го слушнат нашето доаѓање, дури и оние кои не сакаат да се во чекор со нас.rnrnСамо затоа што секој може да нè чуе не значи и дека ни се плаши. Тоа што сме погласни од другите не значи дека сме помоќни.rn

    4. Нè прават да се чувствуваме посекси, но и нè повредуваат

    rnЗа потпетиците веќе одамна е докажано дека ја зголемуваат привлечноста на жената – со нив се издолжуваат нозете и се зацврстува задникот. Благодарение на нив жените можат да постигнат одредено ниво на убавина, но по која цена?rnrnСпоред „Associated Press“, медицински, високите потпетици може да предизвикаат болки во грбот и да го зголемат ризикот од повреди на зглобовите. Докажано е дека предизвикуваат оштетувања на коските и нервите, остеоартритис, пукнати капилари, плускавци и сраснати нокти.rnrn4-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mkrnrnШто е поентата на убавината ако цената што ја плаќаме не е вредна за тоа? Кога инвестицијата во високите потпетици престанува да биде исплатлива? Се откажуваме од делови од себеси за да ги воодушевиме мажите. Ние сме посекси, но самите себе се повредуваме.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црно-бел свет: 18 изгледи со кои ќе маѓепсувате само со поглед

    Црно-бел свет: 18 изгледи со кои ќе маѓепсувате само со поглед

    Комбинациите со силни бои некогаш можат и да станат здодевни, затоа убаво е одвреме-навреме да направиме неколку минималистички комбинации. Иако звучи малку банално, голем дел од модата оваа сезона се концентрира на црно-белите комбинации.rnrnrnrn0-crno-bel-svet-18-izgledi-so-koi-kje-magjepsuvate-samo-so-pogled-kafepauza.mkrnrnБелата маица со црно здолниште со А крој е одлична идеја, или црн фустан со бело палто, црни високи потпетици и чанта – ова се едноставни, софистицирани, безвременски изгледи и добитна комбинација во играта со трендовите.rnrn19-crno-bel-svet-18-izgledi-so-koi-kje-magjepsuvate-samo-so-pogled-kafepauza.mkrnrnУште една моќна комбинација е белата кошула и блејзерот со црни пантолони. Ако точно знаете како да ја носите, нема никаква шанса ваквиот изглед да биде здодевен.rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?

    Како да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?

    Изгледа дека има нов тренд на повидок – ниските потпетици. Оваа сезона високите потпетици паднаа на второто место, веднаш зад патиките, балетанките, оксфордките и другите обувки кои имаат рамен ѓон. Оваа сезона се напушта мислата дека „за убавина треба да се трпи“ и ни овозможува мал одмор со помош на женствените и елегантни удобни модели кои не вклучуваат високи потпетици. Но, како со нив би можеле да го постигнете ефектот кој високите потпетици го имаат врз издолжување на нозете?rnrnКако да ги издолжите вашите нозе кога носите ниски потпетици?rnrn1. Внимавајте висината на вашите обувки да не ги надминува глуждовите. Исто така имајте ги на ум дизајните со ремени на страна и комбинирајте со длабок шлиц. На овој начин вие дискретно ги откривате вашите нозе, а со тоа предизвикувате тие визуелно да изгледаат подолги. За време на студените денови, се препорачува комбинирање на хулахопки со светли бои.rnrn2. Оној дел каде што вашата гола нога е откриена е одличен визуелен трик за издолжена фигура, која совршено може да се комбинира со балетанки или оксфордки. Во овој случај носете пантолони кои достигнуваат најмногу до средината од глуждот.rnrn3. Истата боја на обувки и пантолони со сигурност визуелно ќе ви подари неколку сантиметри. Ниските потпетици кои се со кремаста, беж или боја на карамел во комбинација со слична нијанса на пантолони дополнително ќе го засили ефектот на долги нозе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

    5 работи кои не сте ги знаеле за чевлите

    Автор: Сара ТурановиќrnrnШто навистина знаете во врска со чевлите? Дали ја знаете вистинската приказна зад црвената боја на штиклите Лубутан? Тогаш бидете подготвени да ја откриете. Ви ги презентираме овие 5 интересни факти кои ќе ви откријат нешто повеќе за вашите омилени чевли.rnrn5 работи кои не сте ги знаеле за чевлитеrn

    1. Мажите први носеле штикли

    rnВо десеттиот век, мажите кои јавале на коњ задолжително морале на своите чизми да носат штикла за да спречат лизгање на ногата. Како што поседувањето коњ било знак на богатство, штиклите биле знак на аристократија и висок социјален статус.rnrn5 работи кои не сте ги знаеле за чевлитеrn

    2. И Античките Грци носеле висока пета

    rnКога Античките Грци настапувале во претставите, костимите биле главен индикатор на карактерите. Актерите кои глумеле во трагедии носеле сандали кои имале подигната платформа, за да симболизираат супериорност над комичните ликови.rnrn5 работи кои не сте ги знаеле за чевлитеrn

    3. Зошто познатите Лубутанки имаат црвен ѓон?

    rnЛубутан сакал да направи чевли инспирирани од познатата слика на Ворхол, „Цвеќе“. Кога штиклата пристигнала, тој сè уште мислел дека сликата е поубава од неговиот модел. Тогаш ја здогледал својата асистентка како ги лакира ноктите во црвена боја. Го земал нејзиниот лак и го намачкал ѓонот со јака црвена боја.rnrn5 работи кои не сте ги знаеле за чевлитеrn

    4. Одри Хепберн ги направи мокасините вистински тренд

    rnТаа ги воведе мокасините во женски стил. На мажите им изгледале одлично, зошто не би им стоеле и на жените? Ги прослави во филмот „Смешно лице“ во 1957 година. Таа играше во црни кожни мокасини.rnrn5 работи кои не сте ги знаеле за чевлитеrn

    5. Чевлите „Доктор Мартинс“ биле чевли за работа

    rnОригиналните „мартинки“ биле креирани од страна на Германецот, доктор Мартинс и неговиот пријател доктор Фуник, кои измислиле чевли со воздушен ѓон. Британците овие рачно изработени чевли ги вовеле во 1960 година. Тие биле погодни за работниците поради нивниот лесен ѓон, но вистински хит станале во седумдесеттите преку панк движењата во Велика Британија.rnrn5 работи кои не сте ги знаеле за чевлитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работи кои жените не ги знаат за своето тело

    10 работи кои жените не ги знаат за своето тело

    Автор: Зорица ТодороваrnrnBuzzFeed повторно направија интересно видео. Овој пат се работи за десет работи кои жените најверојатно не ги знаат за своето тело – од варирањето на величината на градникот и доењето, до можните последици од високите потпетици. За што се работи, погледнете во видеото.rnrnrnrn1. Градниците различно им стојат на жените во зависност од фазата од нивниот менструален циклус.rnrn2. Консумирањето многу шеќери може да ве направи посклони кон габични инфекции.rnrn3. Затоа пак, се верува дека пробиотичниот јогурт помага во нивното спречување.rnrn4. Габичните инфекции се многу чести, дури околу 75% од жените се здобиваат барем со една во одреден период од нивниот живот.rnrn5. Жените постојано имаат полни гради. Другите цицачи имаат полни гради само додека дојат.rnrn6. Постојаното консумирање течности може да ѝ помогне на вашата вагина да биде постојано влажна, а со тоа да има поблаг мирис и вкус.rnrn7. Брусницата е добра за вашиот мочен меур, таа ги спречува бактериите од лепење по неговите ѕидови.rnrn8. Некои жени можат да почувствуваат кога овулираат. Болката се појавува само на едната страна долу во стомакот. Тоа се нарекува овулаторен синдром или mittelschmertz – германски збор за болка во средина.rnrn9. Носењето високи потпетици може да предизвика „волчје око“. Овој коскевиден израсток се развива на зглобот на големиот прст на ногата што предизвикува тој да се накриви. Збогум потпетици!rnrn10. Жените се раѓаат со 1 милион неразвиени јајце клетки во нивните јајници, но само 300-500 од нив ќе созреат помеѓу првата менструација и менопаузата. Молам???rn

  • Женски модни трендови кои момците НЕ ги разбираат

    Женски модни трендови кои момците НЕ ги разбираат

    Постојат многу трендови кои девојките ги обожаваат, а и момците сакаат ги гледаат во такви изданија: високи потпетици, мал црн фустан, тесни фармерки итн. Но некои модни трендови на момците воопшто не им се допаѓаат. Тоа не значи дека поради тоа девојките ќе престанат да ги носат омилените парчиња облека, но сепак не е лошо да се знае она што мажите најмногу мразат да го гледаат на нас.rnrn1-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mkrn

    Фармерки со висок струк

    rnЗнаеме дека фармерките со висок струк се нов тренд, но тие можат да оставаат впечаток дека задникот ви е многу поголем одошто навистина е, како и да изгледа многу сплескан. Шорцевите со висок струк пак, особено оние кратките, и тоа како можат да им ги подигнат веѓите на момците.rn

    Чевли на платформи

    rnЗадолжителна обувка во летните денови која ќе ви донесе бројни комплименти од другарките и колешките, но за момците тие изгледаат прилично незгодно. За нив тоа изгледа како да се врзале парчиња дрво на нозете.rn

    Топ

    rnБез разлика дали се работи за маичка или фустан, топот го уништува обликот на вашите гради, потполно ги слепува или пак прави да изгледаат дека висат. Она поради што мажите уште помалку разбираат зошто жените избираат да го носат е што во топ тие треба да го поминат цел ден повлекувајќи го нагоре, бидејќи постојано се спушта.rn

    Шатор фустани

    rnТие не сакаат ни да го објаснуваат ова, едноставно не им е јасно како шатор може да се претвори во фустан.rnrn2-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mkrn

    Сукњи со висок струк

    rnМомците обожаваат сукњи, но не им се допаѓаат оние модели кои одат сосема до градите бидејќи тие прават да изгледате како да немате никакви пропорции на телото.rn

    Ugg чизми

    rnТие се прашуваат да не е нивниот назив кратенка од Ugly.rn

    Ултра високи потпетици

    rnАко ве болат стапалата бидејќи штиклите ви се превисоки, и поради тоа одите како дете кое сега ги учи своите први чекори – не носете ги. Изгледа чудно и непријатно за сите.rn

    Темен кармин

    rnОва не е изглед кој не им се допаѓа, едноставно не им се допаѓа идејата дека ќе ги размачкате насекаде.rnrn3-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mkrn

    Акрилни нокти

    rnМажите обично не обрнуваат многу внимание на женските нокти, но кога ќе ги забележат, долгите вештачки нокти може да им бидат голем turn off. Ноктите треба да бидат негувани и уредни, а лакот за нокти не доаѓа предвид.rn

    Чудни потпетици

    rnАко не сте Лејди Гага, едноставно не носете ги.rn

    Панделки во коса

    rnСо огромна панделка во косата им изгледате како мало девојче кое потскокнува одејќи накај училиште.rn

    Хеланки

    rnНе дека не ги сакаат, ги вознемирува кога ќе го забележат исцртаниот дел кај меѓуножјето, т.н. стапало на камила. Освен тоа, хеланките за нив се прилично кул.rnrn4-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mk

  • Прекрасни цитати за чевлите

    Прекрасни цитати за чевлите

    Постојат неколку прекрасни цитати за љубителите на чевлите. Тие заземаат посебно место во женските срца, зар не девојки?rnrn0-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrnrnЕлвис Присли пееше за неговите сини антилопски чевли (Blue Suede Shoes), Дејвид Боуви ни порача да ги облечеме нашите црвени чевли и да танцуваме на блуз (Let’s Dance), Ненси Синатра нè потсети дека чизмите се создадени да чекорат (These Boots are Made for Walkin’). Во сите овие случаи чевлите се употребени како метафора за да ни дадат нов, поинаков поглед на светот.rnrn1-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Моите нозе сè уште чекорат по земја, само што сега носам поубави чевли.“ – Опра Винфри

    rn2-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Ако сакате да се заљубите во чевли, слободно. Чевлите не можат да ви ја возвратат љубовта, но од друга страна, не можат ниту длабоко да ве повредат. А има толку многу привлечни чевли.“ – Алан Шерман

    rn6-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    Иднината ти нуди милион патишта од кои можеш да избереш, но ќе чекориш малку повисока во високи потпетици.“ – Од мјузиклот „Лак за коса“

    rn4-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Факт е дека понекогаш е тешко да одиш во женски чевли како сингл девојка. Затоа одвреме-навреме ни требаат некои навистина посебни за да ни го направат чекорењето малку позабавно.“ – Кери Бредшо, „Сексот и градот“

    rn5-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Дајте ѝ ги на жена вистинските чевли, и таа ќе го освои светот.“ – Мерлин Монро

    rn3-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Чевлите кои му се точни на еден човек, друг го набиваат. Не постои рецепт за живеење што одговара за сите.“ – Карл Јунг

    rn7-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Жена со добри чевли никогаш не е грда.“ – Коко Шанел

    rn8-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Јас без тебе сум како чевли без врвки, бубалица без протези, реченицабезпразенпростор.“ – Бајка за чевлите

    rn9-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mkrn

    „Пепелашка… доказ дека нов пар чевли можат да ти го променат животот.“