КАФЕ ПАУЗА

Tag: потпетици

  • Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    Без разлика дали преферирате рамни чевли или високи потпетици, изборот на чевли го открива вашиот карактер повеќе отколку што мислите.rn

    Сандали со пониска потпетица

    rn

    Сандалите со ниска или средна потпетица се за девојките кои ѝ робуваат на модата. Овие модни снобови со задоволство ја следат модата, одошто да облечат нешто поконвенционално.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Рамни сандали со ремче околу зглобот

    rn

    Рамните сандали што имаат ремче околу зглобот се избор на девојките кои се понесени од моментот. Сепак, овие девојки се присебни и во секојдневниот живот најчесто ги имаат работите под контрола. Другите ги сметаат овие девојки како вечни деца во срцето.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Шарени сандали на платформа

    rn

    Девојките кои обожаваат да носат шарени сандали на плутена платформа, имаат слободен дух. Го привлекуваат вниманието на сите што се наоѓаат во нивна близина. Имаат подеднаков број пријатели и од двата пола.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Балетанки

    rn

    Балетанките се избор на класичните девојки. Нивниот начин на живеење, нивниот распоред и нивниот стил на облекување се безвремени и без посебни детали. Овие девојки би одбрале полароид наместо дигитален апарат, а нивниот избор, исто така, би бил Грејс Кели пред Гвинет Палтроу.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали на платформа со ремче околу зглобот

    rn

    Девојките кои преферираат да носат сандали на платформа со ремче околу зглобот, секогаш се во тек со најновите модни трендови. Тие први го имаат најновото модно парче и токму овие девојки ги диктираат модните трендови во друштвото.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали со Т – ремче

    rn

    Сандалите со ремче во форма на буквата Т се избор на девојките полни со самодоверба. Овие девојки зрачат со сексапилност и свесни се за сопствената појава. Не се плашат да флертуваат и знаат како да го добијат тоа што го сакаат.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Машки чевли

    rn

    Девојките кои се одлучуваат за модели кои потсетуваат на машки чевли, или уште познати како „бродски чевли“, се сметаат како машкуданки. Не само нивните чевли, туку и нивната гардероба е слична на машката. Овие девојки ги обожаваат спортовите.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали со вкрстени ремчиња

    rn

    Сандалите со вкрстени ремчиња се за девојките кои го имаат епитетот „најдобри другарки“. Со својот нежен карактер и талентот за советување, овие девојки најдобро се снаоѓаат кога се опкружени со деца. Купувањето подароци за нив е една од најлесните работи.

    rn

    Чевлите го откриваат карактерот на девојките

    rnrn

    Сандали со дрвена платформа

    rnДевојките кои преферираат сандали со дрвена платформа се сметаат за навистина паметни. Тие имаат логично решение за секој проблем. Без разлика дали се на пазарот на акции или ја пресметуваат сметката во ресторан, овие девојки се непогрешливи кога станува збор за математика.rnrnЧевлите го откриваат карактерот на девојкитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсмешните падови на модните писти

    Најсмешните падови на модните писти

    Незгоди можат да му се случат секому. Сите сме имале лош ден, сме се соочиле со незгодни ситуации и моменти кога сме посакале да се отвори земјата под нас и да нѐ голтне. Замислете дека сте успешен модел, носите облека од најновите модни колекции од познатите брендови, совршено ве средиле сите шминкери и фризери зад сцената, излегувате на модната писта гордо чекорејќи и бум, се сопнувате, се наоѓате на земја, се исправате барајќи рамнотежа и соочувајќи се со срамот кој ви се случил.rnrnНајсмешните падови на модните пистиrnrnДали за овие засрамувачки ситуации се виновни високите потпетици, неудобната облека, очилата за сонце, лошата осветленост или тремата која преовладала во моментот, не е ни важно. Она што е важно е дека овие девојки се храбри, некои се ослободуваат од џиновските потпетици, други пак, ги облекуваат повторно, но сите со насмевка знаат да ја исправат главата и да продолжат да чекорат. Сепак, тие се само луѓе.rnrnПогледнете некои од  најлошите и најзасрамувачки падови, незгоди, сопки и непосакувани испади на модните писти…rnrnНајсмешните падови на модните пистиrnrnИ токму кога помисливте дека незгодите завршиле, тие се случуваат повторно. А во случај да се прашувате што се случува со девојката во 2.47. Таа е дел од модна ревија која тргнала навистина лошо поради револт кај дел од моделите.rnrnrnrnНели е ова најдолгиот пад во модната историја?rnrnrnrnВо позадина оди „Clumsy“, а која би била посоодветна песна за целава ситуација? И секако, дел од ова видео се одлично подготвени модни ревии, пропратени со ненадејни протести против природното крзно.rnrnrnrnНаоми е позната по својата темпераментност, а во неколку наврати и по нервозните испади врз нејзините асистентки. Што мислите, што се случило после оваа нејзина модна ревија? Не знам за вас, но јас би се обложила дека некој настрадал.rnrnrnrnМожеби малку постари снимки, но сигурна сум дека тоа што облеката на моделите не е по најнова мода нема да ве спречи да се насмеете… а да, и машките модели можеле да изгубат рамнотежа. А кој е нивниот изговор, високите потпетици?rnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чевлите на Кристијан Лубутен – сон на секоја жена

    Чевлите на Кристијан Лубутен – сон на секоја жена

    Автор: Даниела РаденлиеваrnrnКога станува збор за чевлите, нема ниедна жена на светот која не го знае името Лубутен. Францускиот дизајнер на чевли направи империја со своите уникатни модели, женствениот облик и ексцентричноста во боите. Црвениот ѓон на чевлите стана негов заштитен знак и иако во моментот се води судска битка за тоа дали и Ив Сен Лорен има право да го користи знакот на Лубутен, низ целиот свет тоа е и ќе остане етикета за високата мода, означувајќи го неговото име.Чевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаОвој пост му го посветуваме нему, заради неговата успешна работа во текот на овие 20 години, како и заради појавувањето на 17 јануари како првиот гостин-дизајнер на плакатите на легендарниот париски кабаре-клуб „Crazy Horse” со што си ја запечати и така веќе огромната слава.rn
    rn

    “Ова кабаре е историски значаен споменик за Париз, споменик на танцот и прекрасен нов, модерен начин да се слави за жената од жената”– гласела неговата изјава за овој проект.

    rnТој најдобро знае како да ја спои женственоста се ексцентричноста и да ги претвори своите дизајни во модели во кои секоја жена може да се пронајде. Токму ова ги прави неговите чевли најпродавани во светот и застапени во плакарите на сите славни личности.Чевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаСпецијалната колекција со која ја прослави дваесетгодишнината од својата работа е најдобрата, како и најексклузивната досега според многу критичари.rnrnФантастичен во секој поглед, нуди изобилство материјал за да се пишува, како за него, така и за неговите колекции. Тој секогаш вели дека најголем кошмар за него би било кога некој би изјавил дека неговите чевли се удобни за носење, па својата креативност ја искористува за да ги поместува границите за висината на неговите потпетици, со што нуди сè само не удобност. Во секој случај, удобни или неудобни, Лубутенките се сонот на секоја жена.Чевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаЧевлите на Кристијан Лубутен - сон на секоја женаrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.