КАФЕ ПАУЗА

Tag: потекло

  • 10 од најпознатите приказни кои се инспирирани од ужасни вистински настани

    10 од најпознатите приказни кои се инспирирани од ужасни вистински настани

    Приказните што ги сакаме засекогаш остануваат во нашето срце. Но што доколку дознаете дека некои од вашите омилени приказни настанале само поради некој ужасен вистински настан? Од безвремени класици до модерни ремек-дела, изгледа дека писателите навистина добиваат инспирација од тажната реалност. Па, продолжете со читање и откријте ги мрачните почетоци на некои од најпознатите приказни.rn

    1. „Петар Пан“ (Peter Pan)

    rn10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настаниrnrnВистинската инспирација зад делото на Џ. М. Бери може да ви го уништи детството. Сè започнува од детството на писателот, кога неговиот брат Дејвид умрел на 12-годишна возраст во несреќа. Мајка му никогаш не закрепнала од загубата и речиси и да не станувала од кревет. Обидувајќи се да ја извлече од оваа состојба, Бери често го имитирал неговиот починат брат. Иако понекогаш ова имало резултат, наскоро Бери сфатил дека не може да се натпреварува со невиното сеќавање на мајка му за Дејвид, бидејќи кога-тогаш тој ќе порасне.rnrnНо сличноста не завршува овде. Кога бил возрасен, Бери се спријателил со семејството Левелин Дејвис кое имало пет деца на кои често им раскажувал приказни, а потоа им станал и старател, по смртта на неговите родители. Бидејќи судбината може да биде сурова, едно од децата загинало во Првата светска војна, а друго си ги одзело животот. Како и неговата мајка, така и Бери не можел да ја преболи загубата. Концептот за оние кои се заробени во вечното детство, со текот на времето си го нашол патот до неговото најголемо дело.rn

    2. „Хари Потер“ (Harry Potter)

    rn10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настаниrnrnВелат дека би требало да пишувате за она што го знаете, и Џ. К. Роулинг го знаела ова, па нејзиниот живот ѝ служел како инспирација за приказните за Хари Потер. Најпрво овде се дементорите, злобните суштества што се хранат од човечката среќа и што ги оставаат нивните жртви со чувство на безнадежност и вечен очај. Овие симптоми биле инспирирани од борбата на Роулинг со депресијата.rnrnПокрај тоа, авторката признала дека смртта на родителите на Хари е инспирирана од смртта на нејзината мајка. Сцената каде што Хари ги гледа неговите родители во Огледалото на Ерисед, направа којашто ги покажува најдлабоките желби на луѓето, исто така е инспирирана од ова искуство.rn

    3. „Алиса во Земјата на чудата“ (Alice’s Adventures in Wonderland)

    rn10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настаниrnrnПриказната започнала како еден вид забава за 10-годишната Алис Лидел, за време на патување со брод. Со текот на времето, Луис Карол одлучил и да ја запише. Чудните суштества и искуства на Алиса предизвикуваат многу шпекулации дека Луис бил под дејство на дрога за време на пишувањето, но ова не е ниту потврдено, ниту побиено.rnrnУште поконтроверзно е мислењето дека врската и односот на Луис кон младите девојчиња можеби и не бил многу пристоен. Всушност, тој имал многу фотографии од голи и речиси голи деца. Иако многумина сметаат дека тој само бил фасциниран од детската невиност, сепак постојат сомнежи.rn

    4. „Јованче и Марика“ (Hansel and Gretel)

    rn10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настаниrnrnЈованче и Марика е безвремена приказна родена од трагедија. Во раните 1600-ти, Катарина Шрадерин станала позната во Германија поради нејзините слаткарски способности. Нејзиниот успех го привлекол вниманието на пекарот Ханс Мецлер, кој се обидел да допре до нејзините рецепти. Кога ја сфатила неговата намера, Катарина го отфрлала неговото флертување. Ова го натерало Ханс да ја прогласи за вештерка.rnrnИако била мачена, Катарина ја зачувала нејзината невиност и по некое време била ослободена. Но, Ханс сакал одмазда. Со помош на неговата сестра Грета, ја следеле Катарина до нејзиниот скриен дом во шумата, влегле внатре, ја убиле и го запалиле нејзиното тело.rn

    5. „Соба“ (Room)

    rn10 од најпознатите приказни кои се направени според ужасни вистински настаниrnrnОва е приказна за жена која е заробена со нејзиниот син, кој бил роден и израснат во една соба. Писателката Ема Донајху ги побивала гласините дека книгата е директно заснована на случајот со Јосеф Фрицл, кој ја затворил и малтретирал неговата ќерка многу години. Тој бил татко на 7 деца и речиси сите ги присилил да живеат заклучени во подрумот. Сепак, Ема признала дека идејата за приказната била инспирирана од настанот. Авторката била зачудена од помислата на деца кои влегуваат во свет за кој не знаат ништо, после години заробеништво.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

    10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислите

    Сите ние имаме традиции што најчесто ги прославуваме со целото општество. Бидејќи мислиме дека многу од нив се стари со генерации, ги гледаме како начин да се поврземе со нашето потекло. Но, некои навидум стари традиции започнале многу подоцна отколку што мислите. Некои од нив не постоеле пред повеќе од еден век.rn

    1. Дијамантски веренички прстени

    rn10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислитеrnrnТрадицијата што најмногу ја научивме од филмовите, воопшто не е стара и започнала како маркетиншки трик со цел да се зголеми продажбата на дијаманти во 1930-тите и 1940-тите.rnrnВо раниот 20-ти век, компанијата De Beer Consolidated Mines, Ltd. презела контрола над речиси целата залиха на дијаманти во светот. Поради ова нивните цени веднаш пораснале. Проблемот бил што немало доволно побарувачка. Па, за да се заработат повеќе пари се родила традицијата за модерниот дијамантски веренички прстен. Рекламите го прикажале овој материјал како многу редок, што не е вистина, па сега треба да платите мало богатство за лажна традиција.rn

    2. Играчки за полови

    rn10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислитеrnrnИграчките наменети за половите се појавиле во 1980-тите. Во поголемиот дел од човечката историја, и машите и женските си играле со исти играчки и никој не обрнувал внимание на тоа. Во средината на 1980-тите, каталозите за играчки почнале да ги делат играчките во категории, па започнала и половата поделба. Дури и првите домашни компјутери биле рекламирани како играчки за мажи.rn

    3. Роденденска песна

    rn10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислитеrnrnДали некогаш сте се запрашале зошто на телевизија се употребуваат чудни и различни роденденски песни? „Happy Birthday“ е песна што ја знаеме и ние и голема е веројатноста да сте ја пееле на нечиј роденден. Но, песната е напишана неодамна, односно во средината на 20-тиот век. Поради нејзиното место во културата на САД, до денес заработува пари.rn

    4. Собирање слатки за Ноќта на вештерките

    rn10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислитеrnrnИако кај нас не се прославува овој празник, сигурно ви е познато што се случува. Ноќта на вештерките потекнува од келтски празник од Средниот Век кој бил прифатен и изменет од католичката црква. Но поранешните традиции биле многу поразлични од она што го гледаме денес. Во поголемиот дел од историјата, Ноќта на вештерките била христијанска прослава, а не преправање во страшни чудовишта.rnrnСобирањето слатки потекнува од раните 1930-ти. Поради Втората светска војна, оваа традиција не постоела цели 20 години. По војната имало повеќе деца од кога било, па празникот добил подетинеста верзија.rn

    5. Недела

    rn10 традиции ширум светот што се многу понови отколку што мислитеrnrnВо поголемиот дел од изминатиот милениум откако христијанството станало доминантно на Западот, луѓето работат по 5-6 денови, па прават пауза во недела за да ѝ се посветат на религијата. Како што се зголемувала моќта на работниците во 19-тиот и 20-тиот век, едно од нештата што тие почнале да го бараат бил еден слободен ден во неделата. Една компанија го овозможила тоа – фирмата управувана од Хенри Форд. Причината не била хуманост, туку план за поголема заработувачка. Кога работниците имале слободен ден, имале време за патување. Поради ова имале потреба од автомобили, па веднаш му ги враќале парите на Форд. Овој план бил толку совршен, што полека го прифатиле речиси сите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 неверојатни факти за Ромите

    10 неверојатни факти за Ромите

    Низ целиот свет Ромите сè уште се соочуваат со расизмот што многу раси го надминале одамна. Очигледно големо влијание на ова има нивната невидливост. Не само што нивната популација е мистерија (се проценува дека се помеѓу 2 и 20 милиони) туку нивниот традиционален начин на живот е различен од „нормалното“. Па, за да дознаете нешто повеќе за овие мистериозни луѓе, прочитајте ги овие неверојатни факти.rn

    1. Тие се „децата од Индија“

    rn10 неверојатни факти за РомитеrnrnДодека зборувала на Интернационалната конференција за Ромите во 2016-та година, индиската министерка за надворешни работи ги опишала Ромите како „деца на Индија“. Таа дури го замолила премиерот официјално да ги признае како дел од индиската дијаспора, што во територија би водело до државјанство во иднина. Оваа изјава била контроверзна. За разлика од другите членови на индиската дијаспора, Ромите не си заминале пред само 2 или 3 генерации. Според генетските и историските докази, тие ја напуштиле Индија пред околу 1.500 години.rnrnНајверојатно бегајќи од глад или воени конфликти, древните Роми се движеле од Средниот Исток и Северна Африка, кон Европа низ Византиската империја. Некои се одвоиле и направиле заедници по патот како во Иран, Египет и Турција. До 1322-ра стигнале во Крит, во 1385-та во Романија, а до 1345-та година ги имало во речиси сите европски градови.rn

    2. Зборуваат „таен јазик“

    rn10 неверојатни факти за РомитеrnrnРомскиот јазик има сличности со пунџаби и некои други санскритски јазици. Спротивно на популарното верување, името не доаѓа од модерната група што живее во Романија, туку од древниот ромски збор „ром“ што значи „маж“ или „луѓе“. Дијалектите се различни на сите места и се под влијание од локалните јазици. Како орален, непишан јазик, нема стандардизирана верзија на Ромскиот јазик. Ова значи дека еден збор може да биде спелуван на многу начини.rn

    3. Прогонувани се стотици години

    rn10 неверојатни факти за РомитеrnrnКога стигнале во Романија во 14-тиот век, Ромите биле присилени на ропство. Дури во 19-тиот век ја добиле својата слобода. Сепак, опресијата продолжила. Во Австрија и Унгарија имале забрана за патување, ги депортирале и им било забрането да тргуваат. Во други европски држави им бил забранет јазикот. Во Шпанија биле собирани во кампови и биле присилувани на работа. Најголем дел од дискриминацијата бил поради страв и изјавата на црквата дека се еретици. Единствено во Русија Ромите имале некои права и привилегии.rn

    4. Биле речиси истребени од нацистите

    rn10 неверојатни факти за РомитеrnrnРомите биле првите луѓе прогонети од Берлин, наводно за да се направи место за Олимписките игри во 1936-та година. Оттогаш нештата само се влошувале откако нацистите „збришале“ илјадници маала и кампови. Во еден нацистички весник од 1939-та година, Ромите биле споредувани со стаорци и болви и се повикувало на нивна елиминација. Истата година биле убиени 250 ромски деца. Други биле подложени на ужасно мачење и тестирање.rnrnЧесто не се спомнува маката на Ромите за време на холокаустот. Но нацистите убиле околу 1,5 милиони Роми, односно 80% од нивното население. Точната бројка не е позната најмногу бидејќи не се знае точниот број на Роми што постојат, а многумина биле убивани без да се направи извештај за тоа. Како резултат, малкумина се свесни за геноцидот на Ромите. Дури во 1981-ва година се признале злоделата против нив.rn

    5. Наводно, сè уште е во ред да ги мразите

    rn10 неверојатни факти за РомитеrnrnРомите сè уште се една од најпрогонуваните етнички групи во светот. До 1975-та година Ромките биле присилувани на стерилизација. Во некои држави од источна Европа ова се случувало и до 2000-та година. Овие „правила“ не доаѓаат од никаде. Причината што политичарите ги мразат Ромите е тоа што и населението ги мрази. Дискриминацијата против Ромите е наречена „последниот прифатлив расизам во Европа“.rnrnМногумина ги гледаат Ромите како необразовани, валкани натрапници, а истовремено не им овозможуваат основна хигиена, едукација, здравство и право да купуваат земја. Кога ова ќе се земе предвид, 90% од Ромите во Европа живеат во сиромаштија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 суеверија со рационално потекло

    5 суеверија со рационално потекло

    Во некои суеверија едноставно не можете да верувате. Но има и такви со навистина рационално потекло што не е ни чудно што преживеале по сите овие години. Иако е лесно да се отстранат суеверијата кои се без некаква основа, како оние поврзани со потковици и детелина со 4 листа, потешко е да се расправа за суеверијата кои потекнуваат од реалноста наместо од магијата. Па погледнете кои суеверија имаат навистина рационално потекло.rn

    1. Црни мачки

    rn5 суеверија со рационално потеклоrnrnЦрна мачка која ви го пресекува патот е универзален симбол за несреќа. На прв поглед, ова суеверие изгледа дури смешно. Сепак мачките се само домашни животни. Можеби сега ни изгледаат така, но пред само неколку векови, доволно било мачка да ви го пресече патот за да ве испратат на бесилка или да ве запалат на клада.rnrnВо 1233-та година, папата Грегори IX го напишал делото „Vox In Rama“ (Глас во Рама) во кое ги поврзувал црните мачки со реинкарнација на ѓаволот. Штом самиот папа го споредил животното со ѓаволот, тие биле злобни и за христијаните и за неверниците. Во текот на следните неколку векови, црните мачки биле собирани и палени со цел да се казни ѓаволот за неговите злодела. Наскоро, лошата репутација на црните мачки се проширила и на нивните сопственици, па секој што имал црна мачка бил обележуван како вештерка. Иако постојат малку записи кои ја раскажуваат приказната, голема е веројатноста дека многу невини луѓе биле погубени само затоа што се наоѓале во близина на црна мачка.rn

    2. Забранет влез на брод за жени

    rn5 суеверија со рационално потеклоrnrnСтарото суеверие дека жените носат само лоша среќа на бродовите не ги спречило жените да имаат важни улоги во морнарицата, рибарството, спортовите и комерцијалните бродови низ целиот свет. Во 21-виот век, жените работат рамо до рамо со мажите, исполнувајќи ги истите должности, а некогаш дури и во улога на капетан. И покрај растењето на половата еднаквост, суеверието дека жените носат само лоша среќа на бродот сè уште се крие во некои краеви во светот на бродовите. А кога ќе ја слушнете приказната зад митот, можеби и ќе ви стане јасно зошто, иако жените речиси и да не се виновни за ова.rnrnОва суеверие потекнува од периодот кога само машки екипажи поминувале месеци на море, работејќи и живеејќи во многу мал простор. Поканувањето на жена во тие ситуации се гледало како поканување неволја. Жената речиси сигурно ќе страдала од непосакувано внимание, а ако почнела некоја врска тоа сигурно ќе предизвикало љубомора, гнев и тепање кај екипажот. А сето ова навистина не е добро за успешно патување.rn

    3. Банани на бродот

    rn5 суеверија со рационално потеклоrn

    „Да, немаме банани.“

    rnАко планирате да се качите на рибарски брод, подобро да ги знаете овие зборови. Иако изгледа како да нема никаква логика зад тоа дека бананите носат лоша среќа, ова суеверие има смисла ако го разгледате неговото потекло. Кога Шпанците почнале да ги колонизираат Централна и Јужна Америка, тие носеле огромни количини банани преку Атлантикот до Европа. Кога бродовите потонувале, а потонувале многу, бананите пловеле на површината и ова ги поврзувало со бродоломите.rnrnСе разбира, возможно е бананите, барем индиректно, да биле одговорни за бродоломите. Како што морнарите се тркале низ Атлантикот до пристаништата во Европа, голема е веројатноста да донесувале ризични одлуки за да стигнат дома пред бананите да се расипат. Зголемената брзина ја зголемувала шансата за несреќа, а со тоа и бројот на бродоломи. Покрај тоа, екипажите научиле дека ферментираните банани ослободуваат метан, токсичен гас кој можел да ги убие или разболи морнарите. Откривањето отровни змии, пајаци и други инсекти во гајбите со банани само ја зголемило нивната лоша репутација.rn

    4. Чевли на масата

    rn5 суеверија со рационално потеклоrnrnВо многу култури лоша среќа е да ги ставите вашите чевли на масата. Некои региони нагласуваат дека ставањето на чевлите на масата ќе го намали идниот успех, додека други сметаат дека чевлите на масата ќе донесат лоша среќа, проблеми на работата, па дури и тешкотии во врската.rnrnИако е тешко да се следи потеклото на ова суеверие, некои извори укажуваат дека во минатото, кога умирал вработен во рударска компанија, неговото семејство ги внесувало неговите чевли во домот и ги ставало на масата како знак на почит. Иако ова изгледа како рационално објаснување, може дури и да не е потребно. Речиси секој е свесен дека ставањето на чевлите на масата, заедно со сите валкани работи што се наоѓаат на нив, едноставно е лоша идеја.rn

    5. Правилото на тројка

    rn5 суеверија со рационално потеклоrnrnСпоред легендата, ако тројца луѓе користат исто чкорче за, на пример, да запалат цигара, третиот човек е проколнат и ќе умре. На прв поглед, суеверието изгледа чудно – зошто да не искористат едно чкорче и да не прават премногу ѓубре?rnrnНо идејата за ова суеверие потекнува од Кримската војна кога снајперистите од двете страни лежеле и чекале да ги убијат војниците. Палењето чкорче можеби ја откривало позицијата на војниците, но ако го изгаснеле веднаш, на снајперистите им било потешко да нанишанат. Ако чкорчето било запалено подолго време, ова им давало време да ја пронајдат метата. Па последниот што ќе го држи чкорчето имал најголеми шанси да биде убиен. Денес можеби не се наоѓаме во таква ситуација, но потеклото на ова суеверие му помогнало да го издржи тестот на времето.rnrnПогледнете ги и овие суеверија поврзани со броевите.

  • Зошто кажуваме „Амин“ после молитва?

    Зошто кажуваме „Амин“ после молитва?

    Христијанството во моментов е најголемата религија и се претпоставува дека има 2,2 милијарди следбеници низ целиот свет. Овде спаѓаат 31% од целото население. Главната порака на религијата е мир, прифаќање и љубов, иако голем број следбеници (и учители) не ја практикуваат на овој начин. Но, тоа е сосема друга тема во која нема да навлегуваме денес.rnrnzoshto-kazhuvame-amin-posle-molitva-kafepauza.mkrnrnЕден од најчестите зборови кои се спомнуваат во христијанството е „Амин“, кој се кажува после молитва, пред и после оброци или после која било света изјава. Дефиницијата на овој збор е всушност „Нека биде“ и на некој начин е афирмација на вашиот говор. Сепак многу следбеници сметаат дека има и други значења – како да се грижите, да бидете внимателни или да верувате во нешто или некого.rnrnАко се вратите малку назад во времето, ќе пронајдете силна врска помеѓу зборот „Амин“ и Египет. Амин (изворно Амун) е египетскиот бог кој е познат како крал на боговите и се верува дека подоцна е имитиран од грчкиот бог Зевс.rnrnОткако се споил со богот на сонцето Ра за да стане Амун-Ра, тој станал единствениот бог на кој му се поклонувало Новото кралство во Египет. Овој период бил од 16-ти до 11-ти век п.н.е. Амун-Ра го гледале како манифестација на потполна совршеност и тој бил сметан како „Бог“ и во христијанството.rnrnПостои вистинска игра на зборови кога станува збор за неговото име. Амин и Ра во комбинација може да го претставуваат таткото и сонцето, со светиот дух кој е проекција на духот на Амин. Со ова настанува светото тројство.rnrnОва совпаѓање во религиите не е ништо ново и она што постои во една религија, речиси сигурно ќе се појави во друга. Можеби нема правилна религија, туку сите се дел од поголема сложувалка која може да се состави само со прифаќање и поклопување на сите религии.rnrnАмин е афирмација за египетскиот крал на боговите, а она што христијаните го нарекуваат Бог е токму истото. Постојат совпаѓања со приказните за Дева Марија и Исус во споредба со Изида и Хор. Озирис и Сет се споредувани со Бог и Сатаната. Можеби приказните ќе продолжат да се повторуваат на разни начини за идните генерации, па оние кои ќе бидат на друго ниво на свесност ќе ја сфатат нивната метафорична вредност.

  • Дали францускиот бакнеж навистина потекнува од Франција?

    Дали францускиот бакнеж навистина потекнува од Франција?

    Луѓето ја искажуваат својата наклонетост на различни начини, како прегратка, бакнување, ракување и слично. Но можеби најинтересната интеракција помеѓу двајца е познатиот француски бакнеж, односно бакнување со јазик кое најчесто се користи за сексуална стимулација. Францускиот бакнеж е начин на покажување љубов кој е прифатен низ целиот свет, но првиот човек кој го пробал сигурно бил многу храбар. Па кој бил овој човек?rnrndali-francuskiot-baknezh-navistina-poteknuva-od-francija-kafepauza.mkrnrnБакнувањето со отворена уста се појавува во многу древни текстови. Најраното спомнување е во делата на санскрит од околу 1.500 година пред нашата ера. Во познатиот текст „Кама сутра“ од 3-иот век од нашата ера, спомнати се неколку места на човечкото тело за бакнување. Овде спаѓаат усните, како и внатрешноста на устата, а ова сугерира дека францускиот бакнеж не бил нешто ново во Индија во овој период.rnrnИма претпоставка за еволуцијата на бакнувањето со јазик која наводно е последица од хранењето на децата кај цицачите. Сепак, ова не објаснува како овој „ритуал“ се прославил во некои општества, а не и во други. Постојат човечки заедници кои никогаш не слушнале за бакнување со јазик пред да стапат во контакт со Европејците. Овие заедници биле згрозени од овој начин на искажување љубов.rnrnНајверојатно, проширувањето на францускиот бакнеж во Европа може да им се припише на Римјаните. Според нив постоеле 3 вида бакнежи – „osculum“ (пријателски бакнеж на образот), „basium“ (еротски бакнеж на усните) и „savium“ (страстен бакнеж со устата). Во римското општество начинот и местото на бакнување било показател на социјалниот статус.rnrnПоимот „француски бакнеж“ најверојатно е смислен од американските и британските војници во Франција за време на Првата светска војна. Тие забележале дека жените од овој регион се многу поотворени за користење на оваа еротска техника за разлика од жените во Америка. Па, иако Французите не се првите луѓе кои се бакнувале со јазик, сосема е во ред што добиле признание за ова поради ентузијазмот на француските љубовници од пред еден век.rnrnИнтересно е што Французите немале одреден збор за овој бакнеж сè до неодамна. Францускиот глагол „galocher“, кој е дефиниран како „бакнување со јазик“, бил додаден во францускиот речник „Le Petit Robert“ во 2014 година. Појавувањето во овој популарен, но неофицијален речник не му дава вистинско признание на зборот. Сепак глаголот „galocher“ се појавува во „Academie Francaise“, во регулацијата на францускиот јазик која е стара 378 години.rnrnДенес францускиот бакнеж е толку познат што тим од јапонски научници направиле направа за бакнување со јазик според него. Оваа машина им овозможува на паровите кои се разделени да се поврзат со направи кои работат преку компјутер. Ова е навистина голема посветеност на врските на далечина.rnrnСпоред овие факти, јасно е дека францускиот бакнеж не потекнува од Франција. Но кристално јасно е дека имаме отворени срца (и усти) како и француските љубовници од 20-тиот век благодарение на овој поим.rnrnПогледнете ги и овие интересни факти за бакнувањето.

  • Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

    Историјата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?

    Покажувањето среден прст се смета за една од најголемите навреди во денешно време, но неговите корени датираат уште од времето пред Христос. Првиот пишан траг за овој гест потекнува од античка Грција кога пред околу 2.500 години, драмскиот писател Аристофан направил груба шега на тој начин што го споредил средниот прст со машкиот полов орган. Ова се сметало за непристојно дури и во тоа време.rnrnИсторијата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?rnrnНекои антрополози тврдат дека гестот е преземен од класичниот пасивно-агресивен чин што го користат мајмуните за да го понижат противникот и да го направат сексуално инфериорен преку покажувањето на своите гениталии. Човекот одлучил на поцивилизиран начин да го навреди и понижи противникот со тоа што ќе му го покаже средниот прст.rnrnСредниот прст преку грчката уметност, музика и култура дошол во Рим, па така Калигула, кој бил познат по неговите перверзии, често знаел да ги шокира жителите со тоа што барал од нив да му го бакнат средниот прст наместо рацете.rnrnПокажувањето среден прст во јавност драстично се намалило во текот на Средниот век поради негодувањата на католичката црква, а во 19-ти век повторно почнало да доаѓа до израз благодарение на новото откритие, фотографијата. Во 1886 година, познатиот бејзбол играч, Чарлс Редборн, за време на позирањето со неговиот тим, влегол во историјата како првиот човек кој покажал среден прст на фотографија.rnrnИсторијата на средниот прст: Од кога потекнува овој некултурен гест?rnrnДенес, средниот прст е еден од најпознатите примери за невербална комуникација и се користи во речиси сите делови од планетата. Тој е широко распространет и во поп културата, каде што претставува некаква форма на бунт, а неговата употреба не им е непозната ниту на луѓето кои имаат висока државна функција.rnrnВо продолжение дознајте ја чудната историја на сончогледот.

  • Каде, кога и зошто настанал бројот 0?

    Каде, кога и зошто настанал бројот 0?

    Многу истражувачи со векови верувале дека нулата е изум на арапските математичари, а некои сметале дека за прв пат била употребена во Европа. Енигматичниот број 0 е специфичен по многу работи, а пред сѐ е познат како безграничниот број на филозофски и математички вредности. Но, кога всушност човештвото за прв пат го искористило бројот 0 и зошто?rnrnКаде и кога настанал бројот 0?rnrnПрвите системи ја користеле нулата како ознака, а не како број со сопствена вредност и својства. Францускиот археолог Жорж Кеде во 1931-та година објавил еден текст со наслов „За потеклото на арапските броеви“ каде еднаш засекогаш докажал дека нулата е источен изум. Кеде својата студија ја засновал врз една камена плоча, позната како К-127, која била откриена во Камбоџа.rnrnНо, бројот 0, забележан на оваа плоча, е најстарата откриена нула досега и потекнува од околу 683-тата година од новата ера, поточно околу два века пред првата арапска држава. Откритието ги поткрепило теориите дека индискиот математичар Брамагупта е првиот кој ја вовел нулата во математичките операции.rnrnТој под броевите пишувал точки за да ја означи нулата. Тие точки биле нарекувани сунија (празно) и ка (место). Големиот математичар ги поставил основните закони за добивањето нула со собирање и одземање, како и правилата за преостанатите математички операции каде нулата е неопходна. Со настанокот на нулата, овозможена е алгебарската дефиниција на негативните броеви и развојот на математичките системи.

  • 1-ви април: Потеклото и историјата на светскиот ден на шегата, лагата и забавата

    1-ви април: Потеклото и историјата на светскиот ден на шегата, лагата и забавата

    1-ви април, познат и како Денот на шегата, е еден од најлесните и најзабавните денови во годината. Но, неговото потекло е доста несигурно. Некои го гледаат како прослава на промената на сезоната, односно на испраќањето на зимата и пречекувањето на пролетта, додека други сметаат дека се појавил со почетните практикувања на новиот календар. Во продолжение прочитајте за различните потекла и историјата на Денот на шегата.rnrn1-ви април: Потеклото и историјата на Денот на шегата и лагатаrn

    Промената на новата година

    rnАнтичките култури, вклучувајќи ги Римјаните и Хиндусите, ја славеле новата година на или околу 1-ви април, следејќи ја пролетната рамноденица (20-ти или 21-ви март). Во средновековието, поголемиот дел од Европа го прославувала 25-ти март, или гозбата за Свето Благовештение, како почеток на новата година. Во 1852 година, папата Грегори XIII нарачал нов календар (Грегоријански календар) кој требало да го замени Јулијанскиот, во кој стоело дека новата година треба да се чека на 1-ви јануари.rnrnСпоред популарните објаснувања, многу луѓе или одбиле да го прифатат новиот датум или воопшто не ни разбрале за него, и продолжиле да ја слават новата година на 1-ви април. Другите луѓе почнале да ги исмејуваат овие традиционалисти, испраќајќи ги на смешни и будалести задачи или се обидувале да ги излажат да поверуваат во нешто лажно. Со тек на време, обичајот се раширил низ цела Европа. Но, не постои цврст и солиден доказ кој може да го објасни ова тврдење.rnrn1-ви април: Потеклото и историјата на Денот на шегата и лагатаrn

    Константин и Кугел

    rnДруго објаснување за потеклото на Денот на шегата било дадено и од Џозеф Боскин, професор по историја на Универзитетот Бостон. Тој објаснил дека обичајот почнал за време на владеењето на Константин, кога група од неколку дворски шутови му рекле на римскиот император дека можеле подобро да владеат со царството. Константин се насмеал и му дозволил на еден шут по име Кугел да биде цар за еден ден. Кугел пропишал едикт во кој стоело дека на тој ден ќе се слави апсурдот и обичајот станал годишен настан.rn

    „На некој начин, тоа било еден доста сериозен ден. Во тие времиња, шутовите биле многу мудри луѓе. Нивната улога била преку хуморот да ги донесат работите до перспектива“, објаснува професорот Боскин.

    rnНо, постои и еден интересен факт за ова тврдење: Тоа е целосна лага. Боскин ја измислил целата приказна како првоаприлска шега за своите колеги и за универзитетскиот одбор.rn

    Пролетната треска

    rnВажно е да се спомене дека во многу различни култури постојат денови на шегата и лагата кои започнуваат околу почетокот на април. Римјаните имале еден фестивал наречен „Хиларија“ кој се отворал на 25-ти март и кој го прославувал воскресението на Атис. Хиндуисите го имаат „Холи“, а еврејскиот календар – „Пурим“. Можеби постои нешто специфично за овој период од годината, со промената на годишното време од зима во пролет, кое се поврзува со прославата, забавата, шегата, смеењето и доброто расположение.rnrn1-ви април: Потеклото и историјата на Денот на шегата и лагатаrnrnНиз светот, 1-ви април се прославува со правење различни шеги, кажување лаги, досетливи трикови, испраќање на лажни задачи, потрага по работи кои не постојат и обиди да ги натерате луѓето да веруваат во вашите измислици. Независно на кој начин се прославува, независно од неговото потекло и независно дали сме жртви на (не)вкусните шеги или ние сме нивните измислувачи, сепак никој не може да им одолее на првоаприлските обичаи и збиднувања.

  • Што се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?

    Што се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?

    Секој народ има свои свадбени обичаи кои се почитуваат и до ден денес, па затоа и нам ни се добро познати популарните традиции кои се практикуваат низ повеќето земји во светот. Некои од нив се прават и кај нас, како што е на пример фрлањето на бидермаерот, но сте се запрашале ли некогаш зошто е тоа така? Во продолжение прочитајте за потеклото на 3-те најголеми свадбени традиции во светот.rn

    1. На денот на свадбата, младоженецот не смее да ја види невестата

    rnШто се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?rnrnВо минатото, повеќето бракови биле однапред договорени и симболизирале еден вид бизнис договор помеѓу две фамилии. Татковците на невестите не им дозволувале на момците да ја видат својата идна сопруга бидејќи се плашеле дека договорениот брак може да пропадне доколку девојките не им се допаднат на младоженците, при што ќе донесат голем срам за својата фамилија. Затоа брачните парови се запознавале на денот на самата церемонија, кога веќе било доцна за откажување. Оттогаш па наваму, се вели дека е лоша среќа ако младоженецот ја види невестата пред свадбата.rn

    2. Жената која ќе го фати свадбениот букет е следна на ред за стапување во брак

    rnШто се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?rnrnВо средниот век, по крајот на свадбената церемонија, гостите ја следеле невестата до нејзината соба и се обидувале да земат дел од нејзината свадбена носија бидејќи се сметало дека тоа носи среќа. Така, венчалните фустани биле целосно уништувани. Затоа, невестите почнале да бараат алтернатива за оваа чудна традиција и започнале да ги фрлаат своите бидермаери кон гостите, за да им го одвлечат вниманието и да се обидат да побегнат. Оттогаш останало традиција невестата да го фрла свадбениот букет кон сите немажени дами.rn

    3. Младоженецот мора да ја пренесе невестата преку прагот на нивниот дом

    rnШто се крие зад 3-те најголеми свадбени традиции?rnrnОва е претежно традиција која ја практикуваат западните земји, а во древните култури се верувало дека прагот на заедничкиот дом е место на кое се собираат злите духови и дека тие лесно можат да ѝ донесат лоша среќа на невестата преку нејзините стапала. Затоа, младоженецот имал должност да ја пренесе својата сопруга преку прагот, за да ги спречи духовите да влезат во внатрешноста на домот и да им овозможи долг и среќен брак.