КАФЕ ПАУЗА

Tag: постови

  • Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

    Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

    Фејсбук е една од најпопуларните социјални мрежи, која е погодна за откривање на некои карактеристики на луѓето кои се членови. Затоа нека не ве чуди што на основа на Фејсбук може да се одредат некои карактеристики на хороскопските знаци, но и обратно. Погледнете како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук.rnrn1-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnПрипадниците на овој знак се препознатливи на Фејсбук по тоа што се насочени кон себе и токму тие се оние кои ги обработуваат нивните фотографии во Фотошоп за да изгледаат совршено. Тие мора да бидат во тек со сите случувања, па често ги проверуваат настаните. Исто така, не одобруваат што било да им се објави на нивниот профил додека тие не го проверат тоа, па затоа не е чудно кога ќе се налутат, да го избришат својот профил, а потоа да направат нов.rn

    Бик

    rnКога на Фејсбук ќе видите фотографии од луксузни работи, храна и места, тогаш бидете сигурни дека е во прашање личност која е Бик во хороскоп. Ним им се досадни пријателите кои објавуваат досадни стихови и песни, но затоа ги следат трендовите и голем број групи. Не објавуваат често свои фотографии, но затоа ќе ги избришат туѓите објави, фотографии и коментари доколку не им се допаѓаат. Најчесто се означуваат на патувања и на разни необични места.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се оние кои се во состојба да нè бомбардираат со своите фотографии, но и со фотографии од нивните деца или партнерот. Тие редовно нè известуваат за сите нивни емоционални состојби, па често ги нервираат останатите, бидејќи овие не сфаќаат дека Фејсбук за Близнаците е само чиста разонода. Освен тоа, сакаат што преку него може да комуницираат со други луѓе, па затоа поштенското сандаче им е секогаш полно.rnrn2-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    Рак

    rnНа Раковите во суштина Фејсбук им е досаден, но кога се активни на оваa социјална мрежа, тогаш нивните објави најчесто се противречни – од весели и оптимистични па сè до „ќе ве убијам сите“ објави. Оваа мрежа им служи за да ги следат луѓето со кои изгубиле контакт, но и во тоа не се премногу активни. Сепак, ќе се пофалат со работи кои им значат, како што се роденденот на нивното дете, новата врска или пак брак.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да привлекуваат внимание, па често ги бомбардираат своите пријатели со објави и фотографии на кои многупати се во секси пози. Редовно ги следат туѓите профили, ги „лајкуваат“ фотографиите и објавите на сите, а со некои луѓе ги одржуваат односите исклучиво преку социјалните мрежи, кои како да се создадени за нив. Најчесто имаат и многу пријатели.rn

    Девица

    rnДевицата ги следи трендовите и сака да биде во тек со сите настани, но на Фејсбук не ја открива нејзината приватност. Нив ќе ги забележите како коментираат на актуелните социјални и политички теми, а ќе бидете среќни ако воопшто најдете нивни лични фотографии. Тие се толку мистериозни, што нема да се означуваат каде се, бидејќи не сакаат другите да им навлезат во нивната трага.rn

  • 11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги објавите на ФБ за празниците

    11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги објавите на ФБ за празниците

    Како прво, да се разбереме, не „хејтаме“. Ова се нештата кои сите ние ги правиме поттикнати од празничната еуфорија и сосема е во ред. Еве што вие и вашите пријатели ќе постирате на социјалните мрежи овие празници, што само ќе ја збогати празничната еуфорија.rn

    1. Вашата елка

    rnПрекрасно изгледа и ќе ја споделите.rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празницитеrn

    2. Вашата шолја за кафе

    rnВо зимски амбиент, шолја топло кафе, чај или какао. Бидејќи изгледа добро.rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празницитеrn

    3. Во трговски

    rnБидејќи е прекрасно украсено а вие се чувствувате убаво.rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празницитеrn

    4. Вие со вашите родители, браќа/сестри или деца

    rnБидејќи сите се празнично расположени и сакаат да се сликаат.rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празницитеrn

    5. Вие на автобуска/железничка или пејзаж од авионот додека слетува

    rnБидејќи е кул, сегде има гужва за празниците.rn

    6. Вашето милениче облечено во духот на празниците

    rnСамо што му облековте новогодишно џемперче на вашето куче, секако дека ќе го сликате!rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празницитеrn

    7. Како изминатава година била прекрасна а онаа што доаѓа ќе биде уште подобра

    rnМалку мотивациски статус за вашите постигнати успеси и она што очекувате 2015 да ви го донесе.rn

    8. Вие на тропски остров

    rnАко имате можност да посетите топло место, сигурно ќе им се пофалите на пријателите. Јас ја дочекувам Нова година во костим за капење, вие смрзнувате, ха ха!rn

    9. Вашите колачиња

    rnСамо што направивте колачиња без да ја запалите кујната. Има да им кажете на сите!rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празницитеrn

    10. Колку сте изеле

    rnИ дека стомакот ќе ви пукне во секој момент.rn

    11. Слики од зимскиот одмор

    rnВие на скијање, вие на снежна планина, со шолја чај во рака на тераса со поглед кон снежниот град.rnrn11 постови кои вие и вашите пријатели ќе ги постирате на ФБ за празниците

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)rn

    1. Дали е ова најкривата улица во светот?

    rnУлицата Ломбард во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.rn.rn

    2. Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак

    rnАко вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?rn.rn

    3. Помладиот брат против постарата сестра

    rnДодека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rn.rn

    4. 8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута

    rnЗа уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.rnrnВо видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…rn.rn

    5. Модна колекција инспирирана од „Hello Kitty“

    rnМодната куќа „Forever 21“ и компанијата „Sanrio“ заедно ја создадоа оваа ексклузивна линија, инспирирана од неодоливата анимирана мачка. Оваа колекција, која е направена во ограничена количина, вклучува секаков вид женска облека. Од блузи, кратки пантолончиња, долна облека, чорапи до чанти, чевли, накит и слично.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)

    Ова е селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)rn

    1. Астрологијата и (не)зависноста од вашиот љубовен партнер

    rnНекои хороскопски знаци се индивидуални и одбиваат да прифаќаат компромисно решение за кого и да станува збор, додека други со задоволство го претопуваат нивниот идентитет во животниот стил на нивниот партнер. Дознајте дали вие умеете да бидете во цврста љубовна врска, а сепак да останете свои?rn.rn

    2. Помладиот брат против постарата сестра

    rnДодека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rn.rn

    3. 20 кратки случајни животни совети

    rnТешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.rn.rn

    4. Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?

    rnНе постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.rn.rn

    5. Романтична куќичка на дрво со џакузи

    rnДали како деца сте копнееле да имате ваша лична куќичка на дрво, која би претставувала ваше скривалиште и интимен простор во кој никој нема да ве вознемирува? Во денешно време да се дојде до една таква е многу лесно, доколку тоа сè уште го сакате и имате доволно пари. Француската компанија „Canopée Construction“ е специјализирана токму за изградба на куќички на дрво. Оваа што можете да ја погледнете на сликите е изградена изминатава зима, а се наоѓа на 50 километри северно од градот Тулуз, Франција.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (19.9.-25.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (19.9.-25.9)

    Ова е селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (19.9.-25.9)rn

    1. 13 чадори поради кои ќе го засакате дождот

    rnЧадорот е едно од оние нешта кои не сакаме да ги употребуваме многу. Сепак, кога ситуацијата наложува да носиме чадор поради лошите временски услови, сакале или не, мора да понесеме еден со нас. Па за да биде целата работа поинтересна, еве некои модели кои ги смислиле дизајнерите низ светот.rn. rn

    2. Како изгледале познатите во нивните алманаси?

    rnПознатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот. Приложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)rn.rn

    3. Астрологијата и вашите психолошки бариери

    rnИнтимноста може да претставува проблем за некои луѓе. Не е едноставно да им ги ставите на послужавник вашите емоции, на луѓето кои ви значат во животот и ако нешто тргне во лош правец, да се чувствувате ранливо и разочарано што сте дозволиле тоа да се случи. Обидувајќи се да се заштитат од таквите чувства, некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот. Научете како да формирате искрени интимни врски со вашите блиски и партнерот, со помош на астрологијата.rn. rn

    4. Шик модни комбинации кои се носат со патики

    rnТрикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rn. rn

    5. Топ 15 најубави замоци во светот

    rnИако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)

    Кои се петте содржини што најмногу се читаа на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)rn

    1. Облекувајте се тренди оваа есен

    rnЗа една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица.rn.rn

    2. Фантастична вила за луксузно бегство од реалноста

    rnВилата „Chi“ се наоѓа на островот Пукет во Тајланд. Таа е сместена веднаш над прекрасниот океан, притоа нудејќи комплетна изолација и непречен бескраен хоризонт за своите посетители. Со неа управува хотелот „Cape Sienna“, а за љубителите на луксузот, ова прекрасно место има што да понуди.rn.rn

    3. Како би изгледале познатите без веѓи?

    rnВеѓите се дел од лицето кој нема некоја значителна улога, но нивниот облик и тоа како значи за изгледот на секој човек. Дали некогаш ви се случило да се запрашате, како би изгледале без нив? Одговорот на тоа прашање го даваат тројца другари кои се кријат под псевдонимите Gusto, Mr. GIF и Rory Rockmore.rn.rn

    4. Астрологијата и справувањето со разочарувањата

    rnСекој знае да се справи  со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rn.rn

    5. Најубавите национални костуми на „Мис Универзум 2011“

    rnНатпреварот за најдобар национален костум е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

    Еве ги петте поста кои најмногу пати беа кликнати во текот на изминатите 7 дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)rn

    1. Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    rnКолку пати досега сте биле шокирани од фотографијата која ја објавил некој ваш пријател на својот профил на Фејсбук? Како пак реагирате кога ќе видите дека истиот тој пријател, решил да ја означи таа ужасна фотографија како профил слика, која ќе може цел свет да ја види? Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, која ја нарекол „Boyz and Girlz du net“ (Момчињата и девојките на нет). Неговите фотографии ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи.rn.rn

    2. Никол Шерцингер и Ламборгини „Дијабло“ – убиствено жешка комбинација

    rnДали можеби ви се чини дека ова е излезено од вашите фантазии? На овие слики се прикажани две неверојатни убавици. Од една страна, Никол Шерцингер, поранешната прва пејачка на атрактивната женска поп група „Pussycat Dolls“, а од друга, импресивниот модел на Ламборгини, неприкосновениот „Дијабло“.rn.rn

    3. Адријана Лима во нова секси фотосесија

    rnАдријана Лима е повторно назад на сцената, откако од „Victoria’s Secret“ повторно објавија нејзина нова жешка фотосесија во долна облека. Како никогаш да не родила дете, нејзиното тело сè уште изгледа совршено. Иако повеќето модели на „Victoria’s Secret“, во краток период заминаа на породилно, сепак тие се вратија уште позгодни и поатрактивни од претходно. Да не заборавиме дека тука беа новите и млади заменички, кои во иднина ќе ја претставуваат оваа куќа. И што мислите вие за Адријана?rn.rn

    4. Првиот виртуелен супермаркет во светот

    rnМожете ли да си замислите како влегувате во супермаркет да испазарите нешто и притоа не гледате ниту еден продукт на полиците? Епа токму ова им се случува на Јужнокорејците кога пазарат во нивната нова виртуелна продавница, чиишто продукти потоа реално ги користат.rn.rn

    5. Астрологијата и започнувањето на есента

    rnЕсента само што не ни зачукала на портите, па затоа мораме да бидеме спремни за посериозни обврски и враќање во реалноста, по долгото и мрзеливо лето. Оваа транзиција може за некого да биде многу тешка, па затоа погледнете што ви порачуваат ѕвездите, за да останете во вашиот природен баланс.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (29.8.-4.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (29.8.-4.9)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (29.8.-4.9)rn

    1. Ахиловата пета на хороскопските знаци

    rnСекој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.rn. rn

    2. Инспиративни приказни со среќен крај

    rnОва е нашата селекција на 15 инспиративни приказни од сајтот Makes Me Think, кои истовремено ќе успеат да ве насмеат, расплачат и облеат со милион емоции. Се надеваме ќе уживате во психолошкото патување, исто колку што уживавме и ние.rn. rn

    3. Трите фази на заљубувањето

    rnЗаруменети обравчиња, забрзано чукање на срцето и потење на дланките се само неколку симптоми кои ве издаваат дека почнувате да се заљубувате. Сепак, во внатрешноста на телото има јасни хемиски знаци, кои со сигурност кажуваат дека ве погодила една од стрелите на Купидон. Кога станува збор за љубовта, се чини дека сме оставени на милост и немилост на биохемијата. Еден од најдобрите истражувачи во оваа област е Хелен Фишер од универзитетот во Њу Џерси. Според нејзините зборови, секој човек се заљубува во три фази и секоја од нив вклучува различен сет од хемикалии.rn. rn

    4. Смешни грешки при куцање СМС-пораки

    rnОва е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од Ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ви го продолжат животот за неколку години. Ако оваа доза хумор, извлечена од реални ситуации на луѓе не ви е доволна, продолжете со читање комични СМС-пораки на сајтот DamnYouAutoCorrect.com. Уживајте. 🙂 🙂 :)rn.rn

    5. Кое годишно време сте вие?

    rnВерувале или не, постои еден старомоден начин, кој ви кажува кои се вашите бои и тој е сè уште релевантен после многу години. Станува збор за една студија за боите кои најдобро им стојат на луѓето, а се нарекува сезонска анализа на бои.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)rn

    1. ТВ серии кои ќе ги гледате од септември

    rnСептемврискиот маратон на ТВ сериите само што не започнал. Како и секоја година во овој период, на малите екрани се враќаат поголемиот дел од популарните ТВ серии со нова сезона. За сите љубители и фанатици, следниот месец ќе претставува рај, не само поради тоа што продолжуваат старите, туку и поради фактот што во овој период се појавуваат и нови серии кои можат да бидат следниот светски хит. Затоа вие само гледајте и уживајте, а Кафе пауза ќе ве изненадува со нови рецензии и занимливости поврзани со сериите и оваа сезона.rn.rn

    2. 5 невообичаени примени на пастата за заби

    rnМногу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент…rn.rn

    3. Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

    rnАко сте во долга љубовна врска и сметате дека веќе одамна сте го освоиле срцето на вашиот партнер, тоа не значи дека сега веќе нема потреба да правите нешто со што ќе ја докажувате вашата љубов кон него/неа. Љубовта треба постојано да се докажува и покажува. Секој човек одвреме-навреме има потреба за малку внимание и убав романтичен гест, па зошто да не ги искористите новите технологии за да направите нешто што ќе биде креативно, ќе изгледа убаво и ќе му го затрепери срцето на вашиот љубен партнер?rn.rn

    4. Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    rnКонечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го понатаму. :)rn.rn

    5. Смешни грешки при куцање СМС-пораки

    rnи се случило ли некогаш да напишете СМС-порака и дури откако ќе притиснете „испрати“ да сфатите дека сте направиле печатни грешки, поради кои можете да бидете тотално погрешно сфатени? Не знаеме за вас, но бидете сигурни дека илјадници американци имаат што да кажат на темава. Кога куцаат СМС-пораки, тие ја користат опцијата за автоматско коригирање на зборовите, па понекогаш наместо да им се олесни пишувањето, тие се ставаат себеси во чудна ситуација со нивните блиски луѓе и не сакајќи прават страшна семејна драма, започнуваат неочекувани кавги со љубовниот партнер, звучат ужасно безобразно и перверзно и што ли уште не! Ова е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од Ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ви го продолжат животот за неколку години.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчитаните постови на Кафе пауза за изминатава година

    Најчитаните постови на Кафе пауза за изминатава година

    Денес Кафе пауза ја дувна првата свеќичка на тортата. За сево ова време излегоа вкупно 1.535 постови, но некои од нив изгледа како никогаш да не стануваат стари и здодевни. Ги издвоивме 10-те постови кои најмногу ги читавте во текот на целата година.Најчитаните постови на Кафе пауза за изминатава годинаrn

    1. 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

    rnАлберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајнrn

    2. 35 нешта од кои вреди да се откажете во животот

    rnКога човекот престанува да трага по погрешните работи во животот, им дава шанса на добрите да се појават. Запомнете, грешките нè прават луѓе, неуспесите ни помагаат да созрееме, надежта ни дава кураж да продолжиме, а љубовта причина да живееме. Продолжете да учите, љубите и да уживате живеејќи. Никогаш не откажувајте се од себеси, но затоа…35 нешта од кои вреди да се откажете во живототrn

    3. Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знак

    rnНели би било одлично доколку секој од нас би знаел што точно го возбудува оној во кого сме лудо заљубени? На тој начин, голем број недоразбирања и фрустрации би се замениле со совршена комуникација, прекрасно љубовно искуство и одличен секс. Сè што треба да знаете за да бидете среќни во љубовната врска, е што на вашиот партнер му се допаѓа, а што не. Следува кратка анализа на хороскопските знаци, класифицирани во четирите астролошки елементи: оган, земја, воздух, вода.Заведете ја саканата личност според хороскопскиот знакrn

    4. Кој не би сакал да учи во вакво училиште?

    rnДржавното средно училиште Фитзрој во Мелбурн, Австралија има долга историја. Тоа било затворено во 1992-ра, но било повторно отворено и комплетно реконструирано во 2004-та година, после 11-годишна борба од страна на родителите и жителите. Честа да бидат првите ученици кои ќе завршат во оваа фасцинантна градба, ја имале матурантите во 2009-та година.Кој не би сакал да учи во вакво училиште?rn

    5. Додека бебето спие…

    rnМајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.Додека бебето спие…rn

    6. Секоја жена мечтае за…

    rnСекое мало девојче фантазира за својата иднина. Каква жена ќе биде кога ќе порасне? Што би ја направило среќна? Ви откриваме неколку „скромни“ фантазии на девојките за кои тие размислуваат уште додека се деца.Секоја жена мечтае за...rn

    7. Татко кој прави креативни фотографии од своите деца

    rnЏејсон Ли (Jason Lee) е фотограф кој вообичаено ги фаќа најромантичните и најсреќните моменти од животите на луѓето – тој фотографира на свадби. Меѓутоа, посебна инспирација за неговата фотографија се неговите две ќерки од кои има направено неверојатно интересни и креативни уметнички дела.Татко кој прави креативни фотографии од своите децаrn

    8. Астрологијата и првиот коментар после секс

    rnНекои го сфаќаат сексот како нешто свето и возвишено, други на него гледаат како на добар метод за ослободување од стресот, додека трети чекаат да влезат во брак за да го искусат. Еве каков коментар може да очекувате од луѓето со различен хороскопски знак по сексуалниот чин.Астрологијата и првиот коментар после сексrn

    9. Машко-женски хороскоп

    rn

    Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги?  Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот,  додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.Машко-женски хороскоп

    rnrn

    10. Животни цитати кои ќе ве замислат

    rnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.Животни цитати кои ќе ве замислатrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.