КАФЕ ПАУЗА

Tag: постигнување

  • Како да го постигнете сето она што го посакувате во животот?

    Како да го постигнете сето она што го посакувате во животот?

    Дали се прашувате која е тајната да ги надминете пречките и да добиете сè што сакате во животот? Има луѓе кои ги остваруваат своите соништа, додека некои се откажуваат. Сè е до начинот на размислување! Во продолжение откријте кои 4 чекори ќе ви помогнат да го добиете она што го посакувате во животот.rnrnКако да го постигнете сето она што го посакувате во животот? rn

    1. Откријте што сакате

    rnЧестопати, не успевате затоа што вашите цели се премногу општи или премногу нејасни. Не кажувајте само: „Сакам да бидам богат/а“ или „Сакам да бидам успешен/а“. Тоа е многу недефинирано. Поимот за успех може да биде различен за секој од нас. Бидете експлицитни – на пример „Сакам да ја завршам мојата книга до крајот на годината“или „Сакам да имам сопствен бизнис до 30-тата година“. Не е важно колку е голем или „луд“ вашиот сон. Сепак, за да можете да го реализирате вашиот сон, мора да имате многу добра идеја и добар план.rn

    2. Верувајте во себе

    rnСигурно понекогаш ви се случило да помислите дека ги немате потребните вештини и способности за да ги постигнете вашите цели. Но, запомнете дека сето тоа може да биде само вашата перцепција. Значи, ако сметате дека ви недостига нешто што ве спречува да ги остварите вашите соништа, направете проценка и почнете да работите на вашето усовршување.rn

    3. Гледајте се себеси како личноста што сакате да станете

    rnНека една од главните мотивации ви биде сликата на личноста која сакате да постанете. Тоа се нарекува слика за себе и генерално нема никаква врска со сликата што ја гледате во огледалото. Но, начинот на кој се гледате себеси го диктира вашето однесување, постапки и исходи. Освен тоа, не заборавајте дека ако имате слика за личност со ниска самодоверба тогаш имате многу мали шанси за победа.rn

    4. Обидете се (и видете што се случува)

    rnНе заборавајте дека со секој нов обид вие сте поблиску до целта. Од друга страна, не дозволувајте да ве обесхрабрат грешките и неуспесите. Гледајте на нив како на можности за учење и напредување. И никогаш, ама никогаш немојте да заборавите дека вие можете да ги остварите своите цели и соништа! Верувајте во себе!rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да ги остварите вашите цели и соништа, можеби ќе сакате да прочитате и која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот?

    Која е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот?

    Дали работите дење и ноќе со целосна посветеност и одлучност, но сè уште не можете да ги исполните вашите цели? Ако одговорот е „да’, тогаш ви треба нешто повеќе од мотивација. Во продолжение прочитајте кој е клучниот елемент кога станува збор за постигнувањето на целите во животот.rnrnКоја е тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот?rnrnКои се зборовите што ви паѓаат на ум кога ќе го слушнете зборот „цел“? Најверојатно мотивацијата е на прво место. Сепак, иако мотивацијата е еден од главните елементи, таа сама по себе не е доволна. Друг збор за кој веројатно сте размислувале е волјата. Проблемот со волјата е што таа може да се „потроши“ со преголемиот напор и прекумерната употреба. Но, во голем дел од случаите, тајната за постигнување цели во животот лежи токму во истрајноста. Зошто е тоа така?rn

    Истрајноста ги отстранува оправдувањата од типот „немам време“ или „премногу сум зафатен/а“

    rnПонекогаш доволно е да бидете креативни и на тој начин продуктивно да го искористите времето што ви е на располагање. Така, наместо да ги потрошите навидум безначајните 15 минути пауза помеѓу состаноците на социјалните мрежи, искористете ги за себе и за својот развој. Можете да медитирате, да пишувате дневник, да изгледате инспиративно видео… Не заборавајте дека клучот е во конзистентноста и истрајноста. Повторете го овој процес 3 до 5 пати неделно и за кратко време ќе забележите напредок.rn

    Истрајноста станува навика

    rnНавика е нешто што го правите автоматски без размислување. Кога ќе развиете навика постојано да го повторувате истото дејство, нема потреба од одлучување дали да направите нешто или не. Се разбира, на почетокот може да биде непријатно, но доколку истраете за време на почетната фаза, по одредено време ќе почнете да го правите тоа автоматски.rn

    Истрајноста го отстранува притисокот од совршенството

    rnРечиси е невозможно да направите нешто совршено во рок од 15 минути, но самата идеја ќе ве поттикне да работите повеќе на тоа. Дали понекогаш ви се случило да ги одвлекувате обврските кои се поврзани со целта и да се плашите да дејствувате? Тоа е, всушност, стравот од неуспех. Не заборавајте дека доволно е да го направите првиот чекор. На почетокот, доколку секој ден посветувате 15 минути на вашата цел, за кратко време ќе постигнете напредок. Бидете истрајни и не фокусирајте се на совршенството. Така полесно ќе постигнете успех.rnrnОткако прочитавте за истрајноста, можеби ќе сакате да прочитате и зошто патот кон целта е поважен од нејзиното постигнување.rnrnИзвор: themindsjournal.comrnrn 

  • Што ќе постигне секој хороскопски знак во текот на ноември?

    Што ќе постигне секој хороскопски знак во текот на ноември?

    Се ближи крајот на 2020 година, а пандемијата на коронавирусот сигурно не ви дозволи да ги остварите плановите што ги имавте за оваа година. Но, сè уште имате време да направите нешто, а астрологијата открива што ќе постигне секој хороскопски знак во текот на овој месец.rnrnШто ќе постигне секој хороскопски знак во текот на ноември?rn

    Овен

    rnЌе внесете колку што можете повеќе енергија во вашата работа, што е импресивно под овие околности.rn

    Бик

    rnЌе одвоите време за семејството и за пријателите, барем да разговарате со нив преку телефон.rn

    Близнаци

    rnИ покрај сè што се случи оваа година, ќе дејствувате како оптимист и очекувате да ви се случат подобри работи вам и на вашето семејство.rn

    Рак

    rnКонечно ќе вложите повеќе труд во грижата за себе и ќе одвоите повеќе време за себе.rn

    Лав

    rnЌе дадете сè од себе за да го направите овој свет подобро место за живеење, без разлика дали преку донирање или преку љубезно однесување.rn

    Девица

    rnЌе читате и ќе учите повеќе затоа што сакате да бидете образовани.rn

    Вага

    rnЌе му посветите повеќе време на вашиот партнер, така што тој ќе се чувствува посебно и сакано.rn

    Скорпија

    rnЌе се грижите повеќе за вашето ментално и физичко здравје и за вашето тело.rn

    Стрелец

    rnЌе бидете поискрени во врска со вашите чувства и ќе престанете да држите сè во себе додека не експлодирате.rn

    Јарец

    rnЌе си го земете заслуженото слободно време за да вратите дел од изгубената енергија.rn

    Водолија

    rnЌе направите промена на списокот со обврски и ќе вложите најголем труд во работите што ви се навистина важни.rn

    Риби

    rnЌе преживеете. Понекогаш, тоа е повеќе од доволно.rnrnПрочитајте која е главната задача на секој хороскопски знак до крајот на 2020 година.

  • Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

    Јапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

    Јапонија е лулка на светската филозофија и земја која е далеку позната по своите мудреци кои имаат совети до луѓето од целиот свет, за сите да најдат одговори на важните прашања.rnrnЈапонските мудреци знаат: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!rnrnПотрагата по среќа и успех во животот е во човековата природа, па затоа едно од прашањата што луѓето најчесто им ги поставуваат јапонските мудреци е: Како да ги остварам моите соништа?rnrnСите сакаме да успееме, но ретко кој вистински успева. Многумина во текот на животот не успеваат да постигнат ништо, иако повеќето имаат добро образование и ја работат работата што ја сакаат… Сепак, длабоко во душата, постои чувство дека нешто недостасува.rnrnСветот околу нас престана да ни носи задоволство. И покрај тоа што сè делува како да е добро, нашите животи изгледаат празни и мрачни. Како да се вртиме во круг без крај.rnrnКоја е причината за ова незадоволство и чувството на празнина?rnrnВо јапонската култура постои мантра што всушност се смета за начин на живот и гласи: Почувствувајте го ритамот на светот и следете го.rnrnНеа ја напишал еден познат јапонски стратег, мечувалец и филозоф, Мијамото Мусаши, во една од неговите книги. Тој бил сигурен дека сè во животот има свој специфичен ритам и дека главната гаранција за успех е да можете да се прилагодите на него. Со други зборови, да се биде во можност да се „фати бранот“.rnrnЈапонските мудреци велат дека секој кој сака да биде успешен, не смее да се плаши од големата, непозната моќ што управува со нашиот свет. Не смееме да го менуваме текот на настаните, велат јапонските мудреци и никој од нас нема право да ги диктира законите на Универзумот. Единствено што можеме да направиме е да научиме да се прилагодуваме на околностите и потоа да извлечеме корист од нив.rnrnСепак, „фаќањето на ритамот на светот“ не е сè. Треба да се концентрираме на постигнување на главната животна цел и да научиме како да не дозволуваме ирелевантни, мали нешта да нè оддалечуваат од неа. Тие всушност се главната пречка на патот до успехот.rnrnАко постојано трошите енергија на ирелевантни работи, никогаш нема да постигнете ништо. Порано или подоцна, ќе сфатите дека вашиот живот поминал без да направите ништо.rnrnНеважните прашања толку често ви ја „крадат“ енергијата и ве наведуваат да ја трошите бесцелно, како што го трошите и вашето време. Не смеете да го дозволите тоа, во спротивно можете да заборавите на целите и совршенството во нештата.rnrnСе разбира, животот на сите нас е исполнет со тривијални проблеми што мора да се решат, но треба да можете да ги решите без „да се тргнете од главната патека“. Дури и ако некој дава сè од себе да ви го одвлече вниманието!rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 16-те инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија.

  • Ако ги следите овие 3 правила во животот, ќе добиете сè што сте посакале!

    Ако ги следите овие 3 правила во животот, ќе добиете сè што сте посакале!

    Постојат одредени принципи, универзални правила и фундаментални вистини кои го поткрепуваат нашето постоење и владеат со нашите животи. Реалноста е дека не можете да ги контролирате исходите во вашиот живот, но сепак можете да имате влијание и придонес на истите. Некои наши постапки можат да ја зголемат можноста за нешто, но ништо не е сигурно. Па како можете да си ги зголемите шансите за остварување на сите оние нешта што сте ги замислиле?rnrnako-gi-sledete-ovie-3-pravila-kje-dobiete-se-sto-ste-posakale-kafepauza.mkrn

    Спознајте ги, разберете ги и препуштете им се на владејачките принципи на универзумот

    rnДа бидете запознаени со природните закони и да ги усогласите вашите постапки со нив, ви дава многу поголема шанса за постигнување на некоја цел. Нашите тела се систем кој работи според серија од принципи. Ако не вежбате, не се храните здраво и не го посетувате редовно вашиот лекар, вие ја зголемувате шансата за рана смрт. Ако на сето ова додадете и пушење цигари, веќе двојно ги зголемувате шансите за болести и рана смрт. Разбирањето на животните принципи ви овозможува да одбирате постапки кои се насочени кон одреден исход и ви дава сила да се држите до нив. Па, еве ги трите принципи кои водат до успех.rn

    1. Сеење и жнеење

    rnОвој принцип е многу повеќе од познатото „Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш“. Додека тоа верување игра голема улога, сепак му недостигаат два клучни елементи. Првото е тајмингот, а второто е работата. 20-годишен студент може да го одложува завршувањето на некој проект сè до крајниот рок. Тогаш тој или таа, ќе седи цела вечер, ќе го сработи задоцнетото и ќе добие добра оценка. Тие ги засадиле своите семиња со работење, и жетвата е добра оценка. Но што е со фармерот? Принципот е ист, но фармерот треба да ги земе предвид времето и енергијата. Не можете денес да посеете а утре да жнеете. Студентот наскоро ќе го научи тоа.rnrnВториот аспект од овој принцип е проблемот со потрошената енергија. Овде е вистинската заблуда со овој принцип. Студентот работел цела вечер и имал придобивка од тоа. Но, ова е исклучокот, а не правилото. Размислете за фармерот. Тој сади семе, чека, и дури потоа ја добива жетвата. Но, за навистина да ја изжнее, треба и дополнително да работи. Тој мора да отиде и физички да жнее, бидејќи во спротивно жетвата ќе скапе во полето. Ова е вистинито за повеќето работи во животот. Морате да работите и да ги посеете вистинските работи, но исто така мора и да работите за да уживате во жнеењето.rn

    2. Влезот и излезот се совпаѓаат, но не се секогаш исти

    rnКолку и да сте стари, вие сте свесни дека трудот што сте го вложиле во нешто не секогаш се исплаќа колку што вреди. Животот не е еднаква размена. На почетокот на секој подвиг, трудот секогаш го надминува резултатот. Но потоа бавно, спротивното почнува да се случува. Резултатите, или жетвата, почнуваат да се израмнуваат со трудот и веќе не мора да работите толку напорно. Најважното нешто што треба да го запомните е дека трудот со текот на времето се исплаќа. Морате да „инвестирате“ во работи со потенцијал и со големи шанси за подобри резултати. Трудот мора да биде насочен, со цел и постојан. Со тек на време, вашата инвестиција ќе почне да расте и да се множи.rn

    3. Доследноста се брои

    rnВашата способност да бидете доследни и да останете на истиот пат игра важна улога во добивањето позитивни резултати. Многу често луѓето се изморуваат и се откажуваат прерано. Треба да научите да не се откажете. Мора да бидете доследни, бидејќи доследноста е поважна од методологијата и бара одредени жртви. Краток период на работа проследен со долг одмор го попречува вашиот напредок. Бидете доследни. Доследно штедете, доследно трошете внимателно, доследно хранете се здраво, доследно насочете ги вашето време, енергија и ресурси кон работите кои сакате да се развиваат. Бидете доследни.rnrnВо животот ништо не е сигурно, но можете да ги свртите шансите во ваша корист. Ако сакате да дознаете повеќе начини на кои можете да постигнете сè што ќе посакате, прочитајте ги и овие 4 совети или овие 10 совети што ќе ви помогнат во вашите цели!

  • Како да си поставите цели што ќе можете да ги постигнете без разлика на сѐ?

    Како да си поставите цели што ќе можете да ги постигнете без разлика на сѐ?

    Дали некогаш сте се запрашале зошто целите кои си ги поставувате во новата година доживуваат неуспех уште во првиот месец? Не е проблемот во волјата или во некои животни пречки, туку поради тоа што нејасните цели водат кон нејасни активности, а сето тоа води до нејасни резултати. Сите сакате промени, но не знаете како да ги направите на вистинскиот начин.rnrnКако да си поставите цели што ќе можете да ги постигнете без разлика на сѐ?rnrnПовеќето луѓе грешат во следниве работи: Најпрво, тие се многу возбудени на почетокот, па имаат нереални очекувања за тоа што може да го постигнат. И покрај истражувањето и планирањето, нивната желба за тоа брзо исчезнува. Во втората група спаѓаат луѓе кои имаат идеја што сакаат да прават, но немаат составено план за акција. На пример, тие си поставуваат цел да создадат поголема рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Иако ова звучи прекрасно, ним не им е јасно какви активности треба да преземат. Така, недостатокот од стратегија и одговорност ги држи овие луѓе безбедни од неуспех, но исто така ги држи и заглавени.rnrnБез разлика во која група и да припаѓате, решението е исто: Треба да настојувате да поставите подобри цели, такви кои ќе ве мотивираат и ќе ве поддржуваат. Притоа, треба да направите и вистински план кој ќе ве води кон успех. Во продолжение погледнете на кој начин треба да ги дефинирате вашите цели, а притоа истите и да ги остварите.rn

    1. Идентификувајте ги специфичните работи што сакате да ги постигнете

    rnВашата цел треба јасно да дефинира што ќе направите. Таа треба да го претставува она што сакате да го постигнете и начинот на кој планирате да го изведете. Внимавајте да ги вклучите сите потребни чекори. Наместо да си кажете „Сакам поголема рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот“, обидете се со „Ќе практикувам секојдневни активности за да создадам рамнотежа, така што ќе почнам со 10-минутна медитација, а потоа ќе преминам на втората активност, па на третата…“rn

    2. Направете ги мерливи

    rnТука многумина грешат. Не треба да ја направите мерлива само вашата цел, туку и секој чекор што планирате да го преземете. Ова ќе ви помогне да правите изводливи чекори, да ја задржите мотивацијата и да сфатите колкав прогрес имате направено кон својата цел. За да ги направите акциите мерливи, бидете прецизни. Наместо да кажете дека работните обврски ги оставате само за на работното место, прецизирајте го тоа така што ќе си кажете себеси дека за време на работните денови нема да ја проверувате вашата електронска пошта после 8 часот навечер, а за викенди ќе го правите тоа само еднаш во денот.rnrnЗа да ја направите вашата целокупна цел мерлива, потребно е да ја дефинирате вашата почетна точка. Изберете колку акции треба да преземете за да стигнете до целта и на крајот споредете ги. Исто така можете да го оценувате своето ниво на успех или својата способност на скала од 1 до 10, на почетокот и на крајот од секоја цел. Ако вежбате еднаш неделно, наместо да си велите дека ќе вежбате повеќе, кажете си дека ќе одите во теретана 3 пати неделно и ќе вежбате од 45 до 60 минути.rnrnКако да си поставите цели што ќе можете да ги постигнете без разлика на сѐ?rn

    3. Изберете цел што е возможно самите да ја постигнете

    rnИзберете цел чиешто постигнување не зависи од другите, различните околности или добивка на лотарија. Во примерот за одржување рамнотежа помеѓу работата и личниот живот, лош показател за успех би бил износот на работа кој ви е доделен. И покрај тоа што се однесува на вашата цел, вие не можете да го контролирате она што ви го кажува вашиот шеф. Сепак, на некој начин можете да реагирате. Така, може да зборувате со него за крајните рокови и за приоритетните задачи.rnrnСекогаш имајте на ум дека целите треба да бидат достижни и дека не треба да имате премногу нереални очекувања. Наместо да си кажувате дека сакате да изгубите 10 килограми за 2 месеци, обидете се да бидете малку пореални и тоа прилагодете го според вашиот начин на живот. Целта не е во врска со крајниот резултат, туку ја претставува вашата способност да преземате акции за да го достигнете тој резултат.rn

    4. Идентификувајте релевантни чекори, а не случајно избрани

    rnСекој чекор треба да биде директно поврзан со вашата цел и не треба да избирате случајни активности. Така, ако вашата цел е да најдете нова работа, тогаш треба да се фокусирате на соодветните чекори за тоа. Иако секојдневното вежбање е важно, тоа не е директно поврзано со вашата крајна цел (наоѓање работа), па не треба да го поврзувате со (не)успехот при обидите за нејзино остварување. При изборот на соодветни чекори, важно е да се запрашате самите дали тоа што сакате да го преземете директно влијае на тоа да ја постигнете целта. Ако одреден чекор не води кон доближување до вашата цел, тогаш не го вклучувајте.rn

    5. Поставете си крајни рокови

    rnНе е важно дали сакате или мразите крајни датуми, сепак, потребно е да ѝ одредите на вашата цел краен рок за нејзино остварување. Одберете таков датум што е доволно далеку за да ги видите резултатите, но и доволно блиску за да можете да ја одржувате својата мотивација. Поврзувањето на вашата цел со временска рамка создава некое чувство за итност, но и здрава непријатност помеѓу тоа каде сте сега и каде сакате да бидете. Во зависност од целта, најдобро е да изберете датум кој е 1, 2 или 3 месеци подалеку од денес. Тоа е доволно долго за да можете да ги видите промените, но и доволно кратко за да биде релевантно. Исто така ова ќе ви овозможи да ги преземате потребните активности за да продолжите напред.rnrnКако да си поставите цели што ќе можете да ги постигнете без разлика на сѐ?

  • Како да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?

    Како да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?

    Љубовта не може, а да не ве тера да му дадете малку ветер во грб на партнерот за да ги оствари своите соништа. Ако сакате да го направите тоа, а не знаете како, послушајте ги советите на професорката по психологија Гвендолин Сидман.rnrnКако да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?rn

    1. Охрабрете го/ја

    rnПартнерот сака кога е поддржан од својата најдрага личност. Многу истражувања покажуваат дека поддршката од партнерот многукратно ги зголемува шансите за успех на секое поле.rn

    2. Не дозволувајте да се исплаши од предизвиците

    rnНатерајте го/ја да се фокусира на позитивните аспекти во големите предизвици и пречките кои се појавуваат на патот до успехот. Не дозволувајте тој/таа да остане парализиран/а во тешките моменти.rn

    3. Пружете помош при бирањето на стратегијата за успех

    rnАко на партнерот му е јасно што сака да постигне, а не знае како, помогнете му/ѝ при планирањето како да се стигне од точката А до точката Б. Можеби вие подобро знаете како се планираат работите.rn

    4. Помогнете му/ѝ да ги избегне активностите кои му/ѝ ја поткопуваат волјата

    rnАко вашиот партнер се обидува да престане да пуши, немојте да го/ја носите на места каде што се вдишува чад кој провоцира да продолжи со тоа. Помогнете му/ѝ да ги избегнува сите оние активности кои можат да ја поткопаат неговата/нејзината волја и да го/ја спречат да успее.rnrnКако да му помогнете на партнерот да ги оствари своите цели?rn

    5. Не го/ја контролирајте

    rnКонтролирањето може да има само обратен ефект. Патот кон одредена цел не треба да значи ограничување на слободата, туку слободен избор. При еден експеримент психолозите заклучиле дека дури и спомнувањето на името на партнерот кој се обидува да контролира ги натерало испитаниците да дејствуваат спротивно на сопствените цели.rn

    6. Не се мешајте ако не е неопходно

    rnСлично како и контролирањето, и непотребното мешање може да предизвика проблеми. Пружањето помош онаму каде што не е неопходна партнерот може да го сфати како закана по сопствената слобода и ќе го/ја натера да мисли дека не му/ѝ верувате.rn

    7. Бидете суптилни

    rnЛуѓето честопати реагираат негативно на понудената помош поради својата гордост, затоа што ја доживуваат како закана или поради некоја друга причина. Затоа, потрудете се да помогнете на начин на кој што примачот на помошта, односно вашиот партнер, нема да забележи дека вие му/ѝ помагате. Поддршка за ваквото тврдење дава и еден експеримент при којшто правниците кои се спремале за полагање на правосудниот испит биле многу помалку вознемирени во деновите кога партнерот не им давал никаква поддршка, отколку во деновите кога ја добивале.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека сте алфа жена

    10 знаци дека сте алфа жена

    Постојат многу малку нешта кои го одземаат здивот како што тоа го прави алфа жената. Нејзиното достоинствено чувство за себе и топлиот, но цврст начин на справување со нештата се способности на кои секој би се восхитувал. И покрај тоа што другите можеби немаат доволно храброст во својот живот, алфа жената знае точно што сака, која е таа и не се извинува за тоа! Па, дали вие спаѓате во оваа категорија? Откријте дали сте алфа жена преку наредниве 10 знаци…rnrn10 знаци дека сте алфа женаrn

    1. Вие сте секогаш центарот на настаните

    rnБез разлика дали вие го посакувате тоа или не, изгледа дека вниманието постојано ве наоѓа. Вашата висока самодоверба ги привлекува сите погледи кон вас, па токму затоа на работа од вас постојано бараат совети за одредени проекти или пак, ве назначуваат за лидери на групните задачи. За време на социјалните настани вие сте оние кои ги споделуваат своите интересни приказни и бескрајно ги засмејуваат луѓето околу себе. Вие го крадете вниманието со помош на вашата енергија, држење на телото, како и со неверојатниот талент за социјална моќ.rn

    2. Вие живеете со цел

    rnНе поминува ниту еден ден без да знаете што точно треба да добиете од тој ден. Вие имате јасни цели за она што сакате да го постигнете во сите области од вашиот живот. Физичките, менталните и спиритуалните цели кои си ги имате поставено се повеќе од обични нешта кои сакате да ги достигнете – тие се постигнувања кои ве дефинираат и токму затоа ги правите со целото ваше срце. Но, и покрај сè, вие знаете дека работите не се постигнуваат така лесно и дека треба да вложите многу труд за да го постигнете тоа што сте го замислиле…rn

    3. Не се плашите да бидете сами

    rnСамо што сте ставиле крај на 5-годишна врска? Нема проблем. Вас не ве дефинираат романтичните врски. Вие знаете дека сте способни да постигнете сè дури и доколку немате љубов во вашиот живот. Всушност, понекогаш ви изгледа како да сте многу попродуктивни кога сте сами, па раскинувањето ви е како маскиран подарок. Сега конечно имате време да ги прочитате сите оние книги кои собирале прав во вашата соба или пак, да се видите со пријателите за кои долго сте немале време. Што се однесува до момчето, секогаш ќе има следно!rn

    4. Вие ја сфаќате важноста на рамнотежата

    rnВие добро разбирате дека е потребна рамнотежа во сите области од вашиот живот: физичкиот, менталниот и спиритуалниот. Вие сте подеднакво посветени на сите овие области од вашиот живот со цел да можете да го искористите максимумот од себе. Вие ја прифаќате важноста на верувањето во нешто поголемо од себе со цел да се почувствувате целосно исполнето. Вие се грижите за вашето тело како да е свет храм или едно од 7-те светски чуда и да бидеме искрени, тоа навистина е така. И што е најважно до сè, вие никогаш не престанувате да се развивате себеси на интелектуално ниво.rn

    5. Вие ги прифаќате промените

    rnИ покрај тоа што повеќето луѓе се преплашени од промени, неверојатната алфа жена постојано ги пречекува. Таа верува дека не постои раст и развој без промена, но и дека не постои промена без жртва. За вас можноста за себеподобрување вреди многу повеќе од стравот од жртвување на удобноста во која живеете и ви е добро позната. Токму тука лежи и убавината на алфа жената, во способноста да се соочи со животот и да ги прифати сите можности за промена.rn

    6. Вие знаете како да љубите

    rnИ покрај тоа што многумина би помислиле дека алфа жената си е доволна сама на себе и дека не е способна за љубов, тоа е далеку од вистината. Алфа жените детално ја разбираат својата вредност и токму затоа го штитат своето срце сè додека не најдат личност со истата вредност која ги заслужува. Кога тоа ќе се случи, нивната љубов е безусловна, верна и вистинска. Што се однесува до првиот чекор, алфа жените не се плашат да го направат како и да се борат за онаа личност која тие ја гледаат како своја вистинска љубов.rn

    7. Многу често не ве разбираат

    rnОпштеството има потреба да ги сместува луѓето во калапи со цел да ги оформи на одреден начин, но искрено ова вам не ви одговара. Вие не се извинувате за вашите мислења, не ги држите во себе вашите уверувања и токму затоа ретко кој може да ве убеди да го смените вашиот став. Бидејќи сте свесни за сите свои постапки и имате висока самодоверба, тоа многу често може да ве доведе до ситуации во кои едноставно другите не ве разбираат. Општеството едноставно не може да разбере како една жена може да биде толку смела, храбра, темелна и неверојатна. Вие никогаш не чувствувате потреба да се промените за другите.rn

    8. Вие преземате ризици без контрола

    rnВие верувате во мудрите зборови на Вилијам Шед кој рекол, „Бродот е безбеден на пристаништето, но бродовите не се создадени за таму“. За вас животот не вреди да се живее без ризици. И покрај тоа што многумина одвреме-навреме ве доживуваат како невнимателна личност, вие имате способност кога ќе забележите можност веднаш да излезете од вашата удобна зона со цел да ја зграбите. Ова е нешто што едноставно природно ви доаѓа.rn

    9. Вие знаете дека нешто не знаете

    rnВашата мудрост и константното трагање по знаење ве имаат научено дека всушност не знаете сè. Токму ова размислување ве одржува да не станете арогантни и егоцентрични. Продолжете така, но не заборавајте дека секогаш постои простор да научите нешто повеќе од луѓето околу вас. Ова е клучно доколку сакате да одржувате рамнотежа во вашиот живот. Со време вие ќе научите дека понекогаш треба да се повлечете и да му дозволите на некој друг да сјае, знаејќи дека со тоа повлекување вие не го намалувате вашето светло, туку баш напротив, тоа почнува посилно да свети.rn

    10. Вие никогаш не се откажувате

    rnОва е можеби една од најневеројатните квалитети која една алфа жена ги поседува. Фактот дека знаете дека не е готово сè додека не ја добиете вашата целосна победа е она што ве турка во животот. Овој квалитет е тоа што ви овозможува да бидете успешни и да се издвоите од останатите. Вие имате ваши цели и сте решителни, а токму тоа ви ја дава слободата да бидете смели и храбри. Вие знаете каде сте биле, каде одите и точно за што сè сте способни!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Зошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?

    Зошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?

    Во денешно време има непишано правило дека доколку некој сака да изгради успешна кариера, мора да работи повеќе од 40 часа неделно. Секој почеток е тежок и сите веруваат дека со останувањето до доцните вечерни часови на работното место, покажуваат решителност и серизност во градењето на својата кариера. Но, според најновите студии со постојаното надминување на вашето работно време, вие станувате непродуктивни (и многу, многу уморни).rnrnЗошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?rnСара Робинсон, која социолог е уредник на онлајн медиумот „Alter Net“ на оваа тема вели:rn
    rn

    „Ова се лоши вести за оние кои се навикнати да работат барем 55 часа неделно. Но, најважното нешто што треба да го знаете за одлуката да се работи 40 часа неделно, е дека и покрај тоа што повеќето лидери на почетокот биле строго против, по некое време со анализирање на своите податоци сфатиле дека станува збор за позитивно ограничување.“

    rnСтудиите во последниве неколку години постојано ги добивале истите резултати – оние кои работат имаат 8 добри и веродостојни работни часови во нив. Со други зборови, ако останете 10 часа на работа, нема да постигнете ништо повеќе од она што сте го постигнале во претходните 8 часа.rnrnРобинсон признава дека не секогаш прекувремената работа е лоша идеја. Но, доколку тоа се случува многу ретко и кога е навистина потребно. Во некои ситуации, на пример ако ви се појавил некој проблем кој не можете да го решите тој ден, понекогаш е подобро да отидете дома, да отспиете и наредното утро кога ќе се разбудите веќе ќе го имате решението во вашата глава.rnrnСпоред авторката Лаура Вандеркам, постои голема корелација помеѓу тоа колку сме зафатени и колку важно се чувствуваме.rn
    rn

    „Живееме во општество кое постојано се натпреварува и поради тоа се осудуваме на долго работно време и на лишување од сонот – без разлика како се чувствуваме и дали можеме да го издржиме сето тоа.“

    rnЗошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?Прекувремената работа, меѓу другото, во последно време се практикува и со цел да си докажеме себеси дека можеме да постигнете сè, за краток временски период. Можеби првите неколку недели ќе успевате во своите намери, но набрзо после тоа ќе почнете да се чувствувате многу уморно, нервозно и раздразливо. Во таков случај вашата продуктивност значително ќе опадне и долгите временски часови нема да можат да го надокнадат веќе изгубеното време.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn