КАФЕ ПАУЗА

Tag: полица

  • „Полица“ со кампања за читање насекаде – „Читај на екс“

    „Полица“ со кампања за читање насекаде – „Читај на екс“

    Од вчера, во дел од автобусите на ЈСП граѓаните имаат можност да читаат додека се возат, дури и ако со себе не носат книга.rnrn„Полица“ со кампања за читање насекаде – „Читај на екс“rnrnИмено, новоотворената книжарница „Полица“ на седиштата на автобусите постави извадоци од четири жанровски различни книги, со цел во нив да имаат можност да уживаат луѓе со различни читателски склоности. Извадоците се од збирката раскази „Преобразба“ на Франц Кафка, автобиографијата „Јас, тајкунот“ на Мирослав Мишковиќ, детската книга „Како да снимиш филм“ од Радивоје Андриќ и „Допир од далечина – Иан Кертис и Joy Division“ од Дебора Кертис.rn

    „Целта ни е да ги поттикнеме луѓето да читаат што повеќе, а особено онаму каде што имаат на располагање време. Додека се возат на работа, на училиште или на пазарување, луѓето имаат 10, 20, 30 минути што можат да ги поминат наместо на телефон – во квалитетно читање. Нашата издавачка куќа има наслови за секој читател, кои од минатата среда можат да се најдат и во нашата новоотворена книжарница во центарот на градот“, вели Јове Тодоровски, директор на „Полица“.

    rn„Полица“ со кампања за читање насекаде – „Читај на екс“rnrnСо кампањата насловена „Читај на екс“, „Полица“ сака да покаже дека може да се чита и дека е навистина кул тоа да се прави насекаде – на екс, од нога, во автобус… читањето е една од најблагородните активности за човекот, која треба да ја поттикнуваме и кај себе и кај другите околу нас, давајќи им сопствен пример.rnrnВо време кога книжарниците замираат и негувањето на културата на читање опаѓа, креативната кампања на „Полица“, направена од креативци на полето на маркетингот, е навистина за поздравување.

  • Отворена нова книжарница „Полица“

    Отворена нова книжарница „Полица“

    Добри вести за сите љубители на книгата. Пред два дена, во центарот на Скопје, свечено беше отворена првата книжарница на „Полица“.rnrnОтворена нова книжарница „Полица“rnrnВо внимателно дизајнираниот и прегледен ентериер, желните за пишан збор ќе можат да ги најдат книгите во издание на „Полица“, меѓу кои има квалитетни наслови од светската белетристика, класичната литература, детски и едукативни книги, книги од популарни личности итн. На полиците на „Полица“, исто така се сместени и најпривлечните наслови од другите поголеми издавачки куќи во Македонија.rn

    Идејата за отворањето на книжарницата ни дојде од желбата да создадеме едно топло место, во кое секој ќе се чувствува како дома, ќе може да пребарува по полиците, да седне да ги разлистува книгите и да си замине дома побогат за неколку книги, вели директорот на „Полица“, Јове Тодоровски.

    rnОтворена нова книжарница „Полица“rnКнижарницата „Полица“ почнува со своето работење под мотото „Многу книги, една ПОЛИЦА“ и најавува дека во периодот што доаѓа ќе се посвети на маркетиншки активности за поттикнување на читањето кај населението.rnrn„Полица“ како издавачка дејност во рамки на „Конгресен сервисен центар“ постои од 2014 година. Логото на „Полица“ до денес се има најдено на повеќе од 150 внимателно избрани наслови.rnrnОтворена нова книжарница „Полица“

  • Време е за уметничко уредување на домот: 9 необични полици кои можете да ги направите сами

    Време е за уметничко уредување на домот: 9 необични полици кои можете да ги направите сами

    Полиците се едни од најинтересните детали во секоја просторија. Тие не мора да бидат големи, но сепак ја красат просторијата и ѝ даваат посебна топлина. Сигурно во магазините ги имате забележано оние мали полици кои изгледаат комплицирано и мислите дека ги нема никаде на продажба. Токму поради таа причина, за вас подготвивме неколку различни, интересни полици кои можете да ги направите сами.rn

    1. Полица во необичен облик

    rnПрвата полица можете да ја направите од најобични, необработени дрвени летви со различна должина, кои ќе ги наредите во кој било облик.rnrn2-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    2. Полица од фиока

    rnЗа оваа полица можете да искористите некоја стара фиока, кутија, гајба од вински шишиња, мало буре и слично. Бојадисајте ја фиоката во омилената боја, прицврстете ја на ѕидот и тоа е тоа.rnrn3-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    3. Полица во форма на триаголник

    rnЕдноставно, спојте три летви во форма на триаголник и прицврстете ги со шајки. Доколку сакате, можете да заковате уште една летва на средина, но не е задолжително. Уште подобро ќе изгледа ако на ѕидот закачите уште еден триаголник, веднаш под првиот, исто како на фотографијата.rnrn4-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    4. Висечки триаголник

    rnОваа полица е слична како претходната, само што е неопходно на страните да направите уште две дупки и да провлечете јаже. Оваа полица е одлична доколку веќе имате некој предмет или закачалка, па нема да морате повторно да правите дупки во ѕидот.rnrn5-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    5. Полица во вид на дрвен мост

    rnОваа полица има многу интересен ефект. За да ја направите, потребно е да издупчите по две дупчиња на секоја од летвите, а потоа да провлечете јаже низ секоја од нив. На крај, прицврстете ги на некој метален дел, а потоа на ѕидот.rnrn6-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    6. Полица во вид на гранка од дрво

    rnПодредете ги летвите формирајќи гранка од дрво. Не е неопходни сите да бидат од едно парче.rnrn7-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    7. Полица во вид на пирамиди

    rnОд картон со трапезоиден облик направите пирамиди и спојте ги на подлога од картон. Оваа полица е одлична за на ѕидот над работното биро.rnrn8-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_rn

    8. Полица во вид на вага

    rnНаправете мала конструкција со помош на тенко јаже и 3 метални држачи. Провлечете го конецот низ летвите и вашата полица е готова.rnrn9-vreme-e-za-umetnichko-ureduvanje-na-domot-9-neobichni-polici-koi-mozhete-da-gi-napravite-sami-www.kafepauza.mk_

  • Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица

    Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица

    Полиците на Себастијан Еразуриз, наречени „Билбао“ по истоимениот шпански град, се единствени на пазарот и докажуваат дека инспирацијата може да се најде и во оние моменти кога најмалку очекувате. Себастијан ја создал оваа полица користејќи една поголема падната гранка од дрво што ја нашол на улица во Сантијаго и ја донел назад во својата работилница. Таму, ја оформил, ја превиткал и ја адаптирал, овозможувајќи ѝ да биде доволно рамна за да може да се закачи на ѕид и да послужи како една креативна и неконвенционална полица.rnrnОваа падната гранка од дрво трансформирана во креативна и неконвенционална полицаrnrnПриродната форма на дрвото преовладува во поголемиот дел на креациите на Себастијан, но секако артистот си зел малку слобода при нивното дизајнирање. Тој ги израмнил сите остри краеви и го лакирал дрвото со мат лак во црна боја. Формата на секој дизајн, сама по себе, е органска каде единствениот додаток претставува лакот за дрвото и изгледа како модерен и софистициран дел од мебелот кој го краси домот и ентериерот на секоја просторија. Погледнете…rnrn

  • 5 кул начини да ги уредите книгите во вашиот дом

    5 кул начини да ги уредите книгите во вашиот дом

    Сите сакаме убав и среден дом, но љубителите на книги во никој случај не го запоставуваат просторот каде ги чуваат книгите. Еве што сè може да направите за да ги уредите полиците за книги на навистина уникатен и кул начин.rnrn5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот домrnrnФатете се за работа и направете ја вашата полица со книги како излезена од соништата.rn

    1. Подредете ги книгите по боја

    rnОк, можеби ќе изгледа како да имате опсесивно растројство, но кому му е грижа? Ваквото подредување на книгите е возбудливо и забавно. Извадете ги сите книги од полицата и подредете ги по боја и нијанси. Потоа вратете ги назад на полицата. Плус, секогаш ќе знаете кога некој ви чепкал по книгите.rnrn5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот домrn

    2. Додајте малку живост и разиграност

    rnМоже дел од книгите да ги поставите хоризонтално, дел вертикално. Може да додадете керамичка фигура или малечко растение во саксија. Прекрасно!rnrn5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот дом 5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот домrn

    3. Сè е во деталите

    rnОбрнете внимание на малите орнаменти. Не преоптоварувајте ја полицата со сè и сешто, но внимателно осмислете ситни декорации кои ќе изгледаат ненаметливо и дискретно.rnrn5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот домrn

    4. Организирајте во папки и кошници

    rnПоделете ги книгите по жанрови и набавете неколку полуотворени картонски папки во различни бои (или еднобојни доколку така ви е повеќе по вкус). Подредете ги книгите според жанровите. Доколку пак, немате доволно место на вашите полици, набавете неколку плетени кошници или кутии во боја и хоризонтално наместете ги вашите книги во нив. Добра идеја е на самолепливи листови во боја да ги напишете жанровите и да ги залепите листовите на кутиите.rnrn5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот домrn

    5. Дајте ваше обележје

    rnОва се супер совети за да вметнете нешто ново и необично, но не заборавајте да бидете креативни и оригинални. По што сте препознатливи? Што сакате најмногу? Кој е вашиот стил? Оставете ваш печат на она што го работите. Може да поставите рачно изработени оригами, може да ги исфарбате полиците во вашите омилени бои, може да го донесете вашето работно биро веднаш пред нив за да си направите ваша мала канцеларија и место за творештво, или веднаш до или над полиците да поставите една или неколку помали слики по ваш избор. Може да одите ретро, да поставите стари предмети и црно-бели фотографии. Бидете слободни и креативни!rnrn5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот дом 5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот дом 5 кул начини како да ги уредите книгите во вашиот домrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед

    Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед

    Автор: Сања СтојковскаrnrnСекој вистински љубител на велосипедизмот, потајно сака да истакне барем еден од своите велосипеди во своето живеалиште, изложувајќи го на забележливо место. Затоа веруваме дека ова идејно решение ќе наиде на интерес.rnrnПроектот „Чевли, книги и велосипед“ е реализиран од Постфосил и претставува паметна полица што ги содржи одговорите на многу прашања за складирање на предметите во еден дом. Се состои од 5 делови, што можат да бидат пополнети буквално со што било, сè додека резултатот не е визуелно лош и пренатрупан. Замислата е велосипедот да стои на дрвената подлога одоздола, прицврстен за големата штипка од страната.Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипедНајдоброто нешто во врска со ова дизајнерско решение е неговата практичност од аспект што вашиот велосипед ќе биде буквално паркиран во затворен простор, а истовремено ќе биде како изложбен предмет и ќе бидат истакнати неговите карактеристики. Всушност, како конечно вашето скапоцено парче, да го добива местото што го заслужува. Дрвениот дел и минималистичкиот стил ја прават оваа полица лесно вклоплива во каков било ентериер или во ходниците на вашиот стан или куќа.rnrnПа, што мислите вие, љубителите на велосипеди? Го сметате ли и вие овој проект за креативен и практичен?Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед Минималистичка и креативна полица за вашиот велосипед
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Удобно катче покрај прозорецот

    Удобно катче покрај прозорецот

    Ако имате голем и убав прозорец со прекрасен поглед и длабока полица покрај него, тогаш најубаво нешто што можете да направите е да создадете пријатна атмосфера покрај него. Длабоките полици се одлични затоа што можат целосно да ја сменат динамиката на просторот. Во тој случај, тие ја губат главната функција и обезбедуваат удобно засолниште, со што просторот станува разновиден. Седиштето е покриено со јастук изработен по мерка, декориран со неколку перничиња, а понекогаш и со ќебе, за поголема удобност. Тука можете да го пиете вашето кафе, можете да ја читате омилената книга, да уживате во погледот или да сонувате со отворени очи.rnrnУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    643832