КАФЕ ПАУЗА

Tag: подуеност

  • Чувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!

    Чувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!

    Ако се чувствувате подуени дури и кога не сте јаделе, можно е вашиот организам да се соочува со недостаток на важен минерал… Често се случува надуеноста да се појави после оброк. Тоа обично значи дека сте консумирале одредени намирници кои не се најдобри за вашето тело.rnrnЧувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!rnrnПонекогаш надуеноста може да укаже на одредени медицински состојби. Така, дури и ако сте подуени и кога не сте јаделе, најверојатно вашиот организам се соочува со недостаток на калиум.rnrnБидејќи калиумот е многу важен минерал, добро е да се внимава на знаците за неговиот недостаток во организмот:rn

      rn 011

    • Необјаснив замор и покрај доволно спиење
    • rn 011

    • Мускулни грчеви после движење, по ден поминат на нозе, па дури и кога не сте активни
    • rn 011

    • Чувство на слабост или вртоглавица
    • rn 011

    • Висок крвен притисок
    • rn 011

    • Надуеност дури и кога не јадете никаква храна
    • rn

    rnНајпрвин, неопходно е да направите анализа за да откриете дали станува збор за недостаток на калиум или не. Разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви ги даде потребните насоки. Ако откриете дека не внесувате доволно калиум, вклучете ја следната храна во вашите оброци:rn

      rn 011

    • Авокадо
    • rn 011

    • Банана
    • rn 011

    • Калинка
    • rn 011

    • Лубеница
    • rn 011

    • Спанаќ
    • rn 011

    • Блитва
    • rn 011

    • Сладок компир
    • rn 011

    • Грав
    • rn

    rnКалиумот можете да го внесете и од одредени додатоци во исхраната, но пред употреба консултирајте се со експерт.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу калиумот и подуеноста, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за овој напиток кој ќе ви ја реши подуеноста на стомакот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Што е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнете

    Што е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнете

    Ако некогаш сте уживале во омиленото јапонско јадење и сте се разбудиле следното утро со отечено лице, можеби ќе ви биде познато она што Џулиен Мур го нарекува „суши лице“. Актерката вели дека никогаш не јаде суши претходната вечер пред големи настани бидејќи знае дека нејзиното лице ќе биде отечено. Сигурно знаете дека одредена храна предизвикува подуеност на стомакот, но постои храна што предизвикува и подуеност на лицето.rn

    1. Избегнувајте солена храна

    rnШто е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнетеrnrnЈадењето премногу сол предизвикува вашето тело да ја задржува водата, што резултира со подуеност и имате отечен изглед наутро. Иако може да има многу фактори што предизвикуваат подуеност, вклучувајќи лошо варење на храната, стрес и алергии, медицинските експерти препорачуваат да го намалите внесот на сол ако сакате да се разбудите подготвени за сликање.rn

    2. Намалете го внесот на јаглехидрати

    rnШто е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнетеrnrnАко се чувствувате како да сте се здебелиле откако сте изеле многу јаглехидрати, тоа не е точно. Не можете да се здебелите веднаш, но за секој грам јаглехидрати што ги јадете, вашето тело задржува 3-4 грама вода, што пак, предизвикува подуеност. Изберете леб од цело зрно и ориз наместо бел леб и тестенини. Оваа храна е богата со растителни влакна, кои помагаат во борбата против воспаленијата и подуеноста на лицето.rn

    3. Бидете хидрирани

    rnШто е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнетеrnrnПиењето доволно вода во текот на денот помага да се намали задржувањето на течности и подуеноста. Пиењето чаша вода по оброкот му помага на вашето тело да се ослободи од натриумот и го поттикнува да се ослободи од вишокот течности. Пиењето вода пред оброк не само што ќе ви помогне да ја спречите подуеноста на лицето, туку може да ве спречи и од прејадување.rn

    4. Заменете го сладоледот со јогурт

    rnШто е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнетеrnrnИ покрај тоа што многу млечни производи, како што се млекото и сирењето, може да предизвикаат подуеност, јогуртот всушност може да помогне. Чаша јогурт без шеќер содржи активни култури и пробиотици што ги намалуваат гасовите во вашето тело и може да помогнат при оток на лицето.rn

    5. Измијте го лицето со ладна вода

    rnШто е „суши лице“ и 5 начини како да го избегнетеrnrnМиењето на лицето со ладна вода наутро може брзо да ја намали подуеноста. Ладната вода ги стеснува крвните садови и помага да се намали отокот. Ладните облоги се едно од најлесните и најбрзите решенија за подочниците и подуеноста на лицето. Нежно држете чиста влажна крпа над очите неколку минути за да го отстраните отокот под очите.rnrnПогледнете ги овие мали тајни за убава кожа.

  • Намирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна

    Намирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна

    Подуеноста, бавното варење и другите проблеми со варењето на храната се јавуваат како резултат на лоша исхрана, но постојат намирници што може да ја поправат штетата. Брзиот начин на живот придонесува да немате време за здрави оброци, но овие неколку намирници може да ги поништат ефектите од нездравите намирници.rnrnНамирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна rn

    Чиа семе

    rnСо само две лажички чиа семе, ќе му обезбедите на вашето тело доволно растителни влакна што ќе влијаат на варењето на храната, а поради антиоксидантите што ги содржи, чиа семето ќе ги отстрани токсините од телото.rn

    Супа од месо

    rnБез разлика дали готвите пилешко, телешко или риба во вода, таа ќе биде богата со хранливи материи, а бидејќи е лесно сварлива, веднаш ќе му ги обезбеди потребните хранливи материи на организмот.rn

    Морски алги

    rnМорските алги се богати со витамин Б12 и ќе ја отстранат подуеноста. Покрај тоа, тие се богати со калциум, фосфор, магнезиум, железо и калиум и се добри за целокупното здравје.rn

    Сок од алое вера

    rnСокот од алое вера е одличен за чистење на цревата, а исто така го намалува воспалението и ги штити цревата. Овој сок ја зголемува количината на добри бактерии во цревата и со тоа помага при варењето на храната.rn

    Чај од глуварче

    rnСо пиење чај од глуварче ќе ги елиминирате подуеноста и насобраната вода во телото, а со подготовка на чај од корен од глуварче, ќе го зачувате здравјето на желудникот, но може и да изгубите тежина.rn

    Ореви

    rnКонсумирањето ореви ќе ги реши проблемите поврзани со чувствителниот стомак, но и со подуеноста.rnrnПрочитајте кои намирници го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисок.

  • 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето тело

    3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето тело

    Лицето е прв показател на промени кои откриваат што се случува во вашиот организам, но исто така може да укажува и на лоши животни навики. Ако сте забележале дека кожата ви е безживотна или дека на лицето ви се појавиле акни, време е за промена. Во продолжение прочитајте за 3-те типови на проблематично лице кои откриваат одредени здравствени тегоби.rn

    1. „Зимско“ лице

    rn(1) 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето телоrn

    Симптоми:

    rn

      rn011

    • Постојано сте уморни
    • rn011

    • Кожата на лицето изгледа опуштена
    • rn011

    • Наутро се будите бледи и со нагласени подочници
    • rn

    rn

    Причинители:

    rn

      rn011

    • Премалку движење
    • rn011

    • Лоша циркулација, сув воздух
    • rn011

    • Неспиење
    • rn

    rn

    Решение:

    rn

      rn011

    • Два пати неделно направете детален пилинг на лицето со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата. Редовно користете хидратантна крема.
    • rn011

    • Кога ја нанесувате кремата, ставете подебел слој и со прстите полека масирајте го лицето, со кружни движења. Постапката повторете ја и на вратот, посебно на делот под брадата.
    • rn011

    • Во исхраната внесете храна која е богата со бета каротин и витамин Ц.
    • rn

    rn

    2. „Слатко“ лице

    rn(2) 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето телоrn

    Симптоми:

    rn

      rn011

    • Се будите подуени
    • rn011

    • Порите на кожата ви се нагласени
    • rn011

    • Кожата ви изгледа безживотно
    • rn011

    • Имате акни
    • rn011

    • Лицето ви е постојано мрсно
    • rn

    rn

    Причинители:

    rn

      rn011

    • Пиење поголеми количини алкохол
    • rn011

    • Исхрана богата со шеќер и маснотии
    • rn

    rn

    Решение:

    rn

      rn011

    • Шеќерот е најголемиот непријател на вашата кожа и затоа треба да го исфрлите од исхраната или да го сведете на минимум.
    • rn011

    • Од дневното мени, исфрлете ги алкохолните пијалаци (барем додека тенот не ви се поправи).
    • rn011

    • Консумирајте зелен чај кој делува како „чистач“ на телото од токсини, кои пак делуваат позитивно на изгледот на вашето лице.
    • rn

    rn

    3. „Дебело“ лице:

    rn(3) 3 типови лице: Мали промени кои откриваат што се случува со вашето телоrn

    Симптоми:

    rn

      rn011

    • Лицето и очите постојано ви изгледаат потечено
    • rn011

    • Делот под брадата е понагласен
    • rn011

    • Затегнати, румени образи
    • rn

    rn

    Причинители:

    rn

      rn011

    • Прејадување кое предизвикува подуеност
    • rn011

    • Пиење премалку вода
    • rn011

    • Масна и слатка, нездрава храна
    • rn

    rn

    Решение:

    rn

      rn011

    • Пијте многу вода во која може да ставите и неколку лажички лимон или краставички.
    • rn011

    • Исфрлете ја пресолената и масната храна од исхраната.
    • rn011

    • Консумирајте готвена храна која лесно се вари.
    • rn

  • 24 совети: Израмнете го стомакот во рок од 24 часа

    24 совети: Израмнете го стомакот во рок од 24 часа

    Подуениот стомак е проблем со кој секоја жена се соочува, особено при крајот на денот. Ако сакате брзо да го решите овој проблем, како и да изгледате и да се чувствувате најдобро за време на празниците, следете ги овие 24 совети кои ќе ви помогнат да го израмните стомакот за само 24 часа.rnrn24 совети: Израмнете го стомакот во 24 часаrnrn1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој ќе го забрза варењето на храната и ќе ја намали подуеноста.rnrn2. Наместо стандардниот појадок, направете омлет од белки од јајца.rnrn3. Изедете една банана. Бананите се преполни со калиум кој го регулира задржувањето на течностите во телото.rnrn4. За одреден период исфрлете ги кромидот, блитвата, пченката, зелката, спанаќот и карфиолот од исхраната. Тие се многу здрави, но и предизвикуваат подуеност.rnrn5. Заборавете на гумите за џвакање. Со џвакањето внесувате воздух кој непотребно го дуе стомакот.rnrn6. Избегнувајте слатки и енергетски чоколади кои содржат житарици и вештачки засладувачи.rnrn7. Уживајте во јадењата кои содржат магдонос, бидејќи тој е силен диуретик и одличен регулатор на варењето на храната.rnrn8. Уживајте во темните чоколади кои содржат над 70% какао.rnrn9. Од утрото, па во текот на целиот ден, јадете повеќе мали оброци на секои 3 до 4 часа. Тоа ќе го поттикне варењето на храната.rnrn10. Јадете полека. Така ќе внесете помалку воздух, а добро изџваканата храна побрзо ќе се свари.rnrn11. Соковите заменете ги со лимонова вода. Пијте многу вода бидејќи лимонот е силен диуретик, а хидратацијата го забрзува метаболизмот.rnrn12. Избегнувајте да пиете од сламка, бидејќи така внесувате повеќе воздух.rnrn13. Избегнувајте газирани и слатки пијалаци. Меурчињата и шеќерот се најлоша комбинација за вашиот стомак.rnrn14. Белиот леб и тестенините заменете ги со леб и тестенини од цели житарици, бидејќи тие се богати со влакна кои се клучни за варењето на храната.rnrn15. Избегнувајте мрсна храна, бидејќи таа потешко се вари.rnrn16. Избегнувајте алкохол, барем до забавата, бидејќи тој може да ја вознемири цревната флора и да предизвика подуеност.rnrn17. Одвојувајте 15 минути од денот за пешачење. Тоа ќе го забрза вашиот метаболизам.rnrn18. Во текот на денот напијте се уште еден чај од ѓумбир и цимет.rnrn19. Прескокнете ги млекото и сирењето бидејќи тие можат да предизвикаат подуеност, особено кај повозрасните.rnrn20. Напијте се пробиотик кој е преполн со добри бактерии кои го регулираат варењето.rnrn21. Ден претходно, прескокнете ја вечерата или таа нека биде порано и многу лесна.rnrn22. Направете си купка од 270 грама горка сол. Магнезиумот од горката сол го поттикнува потењето преку кое ги исфрлате вишокот течности од телото.rnrn23. Избегнувајте пресолена храна. Солта ја задржува водата во телото.rnrn24. Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие не предизвикуваат подуеност и ќе ве заситат.

  • Пријатели и непријатели на рамниот стомак

    Пријатели и непријатели на рамниот стомак

    Дури и најслабите луѓе ги нервира нагласениот стомак, поради што некои денови се чувствуваат непријатно во облеката која ја носат. Во овој случај, стомакот не е резултат на вишок килограми, туку станува збор за проблеми со подуеноста. Редовното вежбање и правилната исхрана можат да ви помогнат да го решите овој проблем.rnrnПријатели и непријатели на рамниот стомакrnrnЗа да успеете да се ослободите од овој проблем, задолжително прво морате да исфрлите некои намирници од менито и да ги замените со оние кои нема да ви прават проблеми. Ова се пет пријатели и пет непријатели за изгледот на вашиот стомак.rn[column col=”1/2″]rn

    Добри намирници

    rn

      rn011

    • јогурт
    • rn011

    • брокула
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • оцет
    • rn011

    • целосни житарки
    • rn

    rn[/column]rn[column col=”1/2″]rn

    Лоши намирници

    rn

      rn011

    • газирани пијалаци
    • rn011

    • гуми за џвакање
    • rn011

    • солена храна
    • rn011

    • пржена храна
    • rn011

    • обработени јаглехидрати
    • rn

    rn[/column]rnrnИсто така, не заборавајте секое утро да ги правите и овие вежби кои ќе ви помогнат да ги топите масните наслаги околу стомакот.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

    Храна поради која може да изгледате подебели одошто сте

    Иако дневната варијација во тежината е сосема нормално нешто, понекогаш подуениот стомак поради кој можете да изгледате подебели отколку што сте, не е настанат заради вашите килограми, туку од намирниците кои сте ги јаделе дента. Ова се четири главни предизвикувачи на подуеноста, кои секојдневно ви прават проблеми.rnrnХрана поради која може да изгледате подебели одошто стеrn

    Млеко

    rnПрекумерното пиење млеко не е добро за здравјето на човекот. Доколку млекото ви предизвикува подуеност и проблеми со варењето, тогаш најверојатно вашиот организам не поднесува лактоза, па затоа одбегнувајте често да го консумирате.rn

    Скроб

    rnДоколку намирниците кои се богати со скроб ви ја предизвикуваат подуеноста во стомакот, вие не треба целосно да ги исфрлите од исхраната, туку да ги најдете оние кои немаат таков ефект врз вас.rnrnПченицата, јачменот и ’ржот содржат големо количество фруктан, полимер на фруктозата кој ја предизвикува подуеноста. На вашата чинија почесто нека има компир, ориз, пченка и овес кои содржат значително помала количина на фруктани.rn

    Овошје

    rnИако овошјето изобилува со многу здрави состојки, како минералите и витамините, сепак може да предизвика подуеност. Причината се крие во количеството на фруктоза и гликоза кои ги содржи. Одберете зрнесто овошје, грејпфрут и цитрони, бидејќи тие за разлика од крушките и јаболката содржат многу помали количини на фрутоза и гликоза.rn

    Вештачки шеќер

    rnСорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи кои се наоѓаат во диететските пијалаци и во гумите за џвакање.  Доколку чувствувате подуеност после консумацијата на диеталните пијалаци и храна, почнете да ги избегнувате.

  • Напиток кој ќе ви ја реши подуеноста на стомакот

    Напиток кој ќе ви ја реши подуеноста на стомакот

    Најчест предизвикувач на подуеност и гасови е комбинацијата од недоволно изџвакана храна, поради што се голта повеќе воздух отколку што е потребно, бактериите во цревата, како и храната која се јаде (млеко, одредени врсти житарки, зелка и слично).rnrnНапиток кој ќе ви ја реши подуеноста на стомакотrnrnГолем број билки и зачини го олеснуваат варењето, па луѓето кои имаат проблеми со подуеност е препорачливо редовно да ги консумираат. Најголемо влијание за намалување на овие проблеми имаат билките кои се богати со етерични масла, кои благотворно делуваат на варењето. Помеѓу нив се наоѓаат ѓумбирот, нането, мајчината душица и анасонот.rnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 мл оладен чај од камилица или глуварче
    • rn011

    • 150 г јагоди
    • rn011

    • 150 г ананас
    • rn011

    • 250 мл пробиотски јогурт
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • 10 коцки мраз
    • rn

    rnНачин на подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги додека не постигнете убава хомогена смеса. Напитокот пијте го во текот на целиот ден.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни пијалаци за рамен стомак

    Летни пијалаци за рамен стомак

    Летните неиздржливи горештини се период кога особено мораме да внимаваме дали пиеме доволно течности. Сепак покрај тоа што тие треба да не освежат, треба да се внимава да немаат голем број на калории. Токму затоа слатките лимонади, тетрапак соковите и овошните коктели не се правиот избор. Ова се пет прелога за пијалаци кои ќе можете да ги пиете без грижа, бидејќи не предизвикуваат надуеност и помагаат да ги загубите килограмите.rn

    Домашна вода со вкус

    rnОбичната вода помага да слабеете бидејќи го прочистува организмот, спречува задржување на течностите кое предизвикува надуеност и го задржува чувството на ситост. Доколку не ви одговара вкусот на обичната вода, во неа исечкајте неколку резанки свежа краставица, лимон, портокал или зелен лимон.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

    Фрапе од лубеница или ананас

    rnЛубеницата е нискокалорично овошје кое е одлична состојка за здрав шејк. Содржи голема количина вода, ликопен (природен заштитник од рак) и аминокиселина Аргинин која ја смалува телесната маст и ја зголемува мускулната маса. Ананасот содржи ензим кој го подобрува варењето на храната, топењето на мастите и ја спречува надуеноста.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

    Леден чај од нане и зелен чај

    rnВо жешките денови, ледениот чај е идеален пијалак. Нането помага во согорувањето на мастите и ја спречува надуеноста на стомакот. Зелениот чај помага во согорувањето на масните наслаги, посебно кога се пие пред вежбање, а богат е со антиоксиданси кои помагаат за смалување на салото од стомакот.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrn

    Фрапе од црно чоколадо

    rnЦрното чоколадо помага во слабеењето бидејќи го намалува апетитот и го задржува чувството на ситост. Со оглед на тоа што овој пијалак содржи доволно калории, идеален е за појадок.rnrnЛетни пијалаци за рамен стомакrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која предизвикува надуеност

    Храна која предизвикува надуеност

    Внимавате на исхраната, вежбате во теретана, сакате да постигнете идеална телесна тежина… Не уништувајте го целиот ваш труд и напор, заборавајќи ги оние нешта кои за миг ќе предизвикаат надуеност во пределот на стомакот.Храна која предизвикува надуеностrn

    1. Рафиноза (храна со галактоза, фруктоза и глукоза)

    rnТука спаѓаат следниве производи: зелка, проќељ, брокула, аспарагус и други зеленчуци и продукти со цели зрна. Овие предизвикуваат надуеност во стомакот само ако се јадат свежи, затоа прво згответе ги па потоа конзумирајте ги.rn

    2. Лактоза

    rnТука станува збор за продукти во кои има природни шеќери како млекото и млечните производи (павлака, јогурт, сладолед, сирење, кашкавал). Имајте на ум дека во млекото има поголемо количество лактоза отколку во сирењето, кашкавалот и јогуртот.rn

    3. Сорбитол (шеќерен алкохол кој бавно се раствора во метаболизмот на човекот)

    rnГо има во овошјата, вклучувајќи ги и јаболката, крушите, праските и сувите сливи.rn

    4. Скроб

    rnКомпир, пченка, ориз, леб, тестенини и храна направена од брашно. Освен што предизвикуваат подуеност, овие продукти предизивкуваат и гасови.rn

    5. Продукти со комплексен состав од скроб и протеини (зрнеста храна)

    rnПред употреба на продукти од овој тип, најдобро е да се потопат во вода неколку минути пред да почнат да се готват.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.