Дали во последно време се соочувате со песимистичка визија за вашиот живот? Дали наутро се будите депресивни и тажни без никаква возбуда за новиот ден пред вас? Дали се борите да почувствувате макар и ронка надеж во вашата иднина и сето она што е неизвесно? Не сте сами! Чувството на песимизам е нешто што многумина го чувствуваат во моментот, а еве кои се причините за тоа.rnrn
rn
1. Надворешниот свет
rnПостојано слушате вести за насилство, катастрофи и несреќи во светот. Така, нормално е да се чувствувате песимистички кога сето она што се случува околу вас е толку збунувачко и неизвесно! Сепак, имајте на ум дека не можете да го контролирате она што се случува во светот, но можете да го контролирате вашиот внатрешен свет.rn
2. Вашите мисли
rnВашите мисли понекогаш можат да бидат вашите најголеми непријатели. Така, тие постојано ве бомбардираат со негативна претстава за вас самите. Ви велат дека сте премногу дебели или премногу слаби, недоволно паметни, недоволно успешни, несакани, без пријатели, безнадежни, без никаква цел во животот. Важно е да ги отфрлите навреме овие мисли пред тие да направат штета што само ќе ги влоши работите.rn
3. Недостиг од грижа за себе
rnБидете искрени. Дали вистински се грижите за себе? Дали се дружите со пријателите? Дали се храните здраво и спиете добро? Дали ги правите нештата што ги сакате? Сите овие работи се многу важни за да имате позитивен поглед кон светот околу вас, особено доколку станува збор за нешта кои редовно сте ги правеле во минатото.rn
4. Немате визија за иднината
rnКога се чувствувате лошо тешко е да гледате со надеж во иднината. Кога едноставно, се чувствувате „заглавени“ во минатото, кога не се грижите за себе и не гледате никаков излез, нормално е да бидете безнадежни во поглед на она што допрва треба да дојде. Сепак, кога ќе се најдете во таква ситуација, обидете се да се потсетите на искуствата од минатото. Сигурно постоеле и други моменти кога сè се чинело безнадежно, но, сепак вие сте продолжиле со вашиот живот. Не заборавајте дека животот се состои од подеми и падови и дека секој нов обид по поразот е, всушност, најголемиот успех.rnrnОткако прочитавте за причините поради кои ве мачат песимистички мисли, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист.rnrnИзвор: themindsjournal.com


rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПрочитајте ги и овие 
rn



rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn rnrn
Како прво, според мене не постојат реалисти. Секој оној кој е убеден дека гледа реално на работите, се обложувам дека не е во право, туку само си мисли дека е. Веќе никој не знае што е реално, што е правилно, а и тие што се декларираат како реалисти знаат да си фантазираат. Потоа, не постојат само позитивни и негативни, зашто од негативен до друг уште понегативен човек има голема разлика. Едно е да си свесен дека не е сè така розово, а сосема друго е секогаш да помислуваш на најлошото.rnrnДа бидам искрена, и мене ме нервираат оние „хронични“ оптимисти, напорни ми се, толку лебдат, што кога ќе сфатат дека реалноста не е таква, ќе им биде многу тешко да се приберат. Знаете, некои ставови од типот „сè е толку прекрасно“, знаат да бидат навистина иритирачки.rnrnНо, од друга страна, на што личи ставот „кога-тогаш на сите ќе ни дојде крајот“? Па ако постојано размислуваш за крајот и за смртта, зошто живееш? Зошто се трудиш да работиш, да направиш, да успееш во нешто? Чекај си го крајот, кога веќе постојано мислиш на тоа! Ајде да не излегуваме на прошетка, можеби сега времето е убаво, ама кај и да е ќе се расипе, така што, ајде да си седиме дома!rnrnМожеби е вистина дека ако очекуваш и се надеваш премногу, поголема е веројатноста да бидеш разочаран, но ако немаш апсолутно никаква амбиција или план? Треба да живеам, колку онака да ми помине времето за да не бидам разочарана? ОК, во 3 од 5 случаеви можеби ќе ми се трефне да не ми се оствари очекуваното, но животот е борба, ако не тоа, нешто друго добро ќе исплива на површина. Како да не е повеќе во мода да бидеш оптимист.rnrnМожеби не обрнуваме доволно внимание, но сите ние сме опкружени со мрчала и среќни луѓе. Оние на кои ништо не им одговара и оние кои знаат да уживаат во животот. Тоа е случајот кога на едната страна од улицата го слушате муабетот на двајца пензионери, кои зборуваат како сè било подобро во нивно време, а од спротивната страна се движи среќно детенце кое ужива во сладоледот како да е вистинско богатство и ти се насмевнува како да сака да ти каже: „Погледни колку сум среќен“. Не станува збор за генерации, незадоволството не познава години. И мрчалата и среќните луѓе, ги има од сите возрасти.rnrnКога сосетките се собираат наутро за кафе-муабет, како да се натпреваруваат која повеќе ќе „мрчи“. Децата не биле послушни, мажот не ги почитувал, на работното место не биле ценети… Абе ако треба и ќе измислат нешто или ќе го преувеличат, само за нивното да звучи пострашно. Бог да чува! Наместо тоа, да кажевте за нешто добро што ви се случило? Како црна хроника во движење се луѓево! „Добро утро, слушна дека комшијата го ограбиле, а некој во тоа и тоа село се обесил?“. ОК, сериозно? Со сиот памет ми посака добро утро на почеток од твојата реченица?rnrnМожеби, кога станува збор за оптимизам и песимизам, постојат повеќе нивоа и видови оптимисти и песимисти, но кога зборуваме за среќата и задоволството, постојат само две страни. Негативните, кои константно „мрчат“ за сè и сешто, и среќните луѓе кои го впиваат секое задоволство што им го нуди животот. Од вас зависи во која група ќе бидете.rnrn
rnrnИзгледа како секогаш да се подготвени за одредени работи по кои тие многу брзо стануваат препознатливи. Сигурно имате барем еден пријател кој:rn
rn
rn