КАФЕ ПАУЗА

Tag: Пепелашка

  • Оваа жена ја добила својата „Пепелашка“ приказна, но со неочекуван пресврт!

    Оваа жена ја добила својата „Пепелашка“ приказна, но со неочекуван пресврт!

    Многумина од нас се несигурни за своите тела, барем во одреден период од животот. Некои не ја сакаат формата на носот, некои се многу чувствителни за акните што им го декорираат лицето, додека пак, трети не го сакаат изгледот на своите нозе… Оваа листа е бескрајна. И кога станува збор за прифаќање на одредени недостатоци на телото, некои имаат поголем проблем од други бидејќи се соочуваат со здравствени проблеми кои им отежнуваат да се прифатат онакви какви што навистина се. Токму тоа и бил случајот со Менди Прсли, која успеала да го пронајде најубавиот начин да си помогне да се прифати себеси и да го прослави својот хендикеп.rnrnrnrnВо денешно време, многу е лесно да најдеме луѓе како нас и да се поврземе со нив преку социјалните мрежи. Ова ни помага полесно да се справиме и да се прифатиме себеси. Но, тоа не бил случајот со Менди бидејќи додека растела не гледала луѓе како неа во медиумите. Таа дури не ни познавала некој со истата или слична состојба. Ова направило да ѝ биде многу тешко да ги прифати своите физички разлики.rnrnrnrnСепак, со тек на време таа успеала. Затоа и со поддршката на својот сопруг Рајан, кој се претворил во шармантниот принц, таа ја создала оваа прекрасна фотосесија каде што се трансформирала во Пепелашка. Но, наместо стаклена чевличка, таа добила стаклена рака! Погледнете ги фотографиите и потсетете се дека ништо не е невозможно кога станува збор за нашето тело и дека ние сме најсреќни кога се сакаме во целост, токму такви какви што сме.rnrn

  • 5 начини да препознаете дали страдате од комплексот „Пепелашка“

    5 начини да препознаете дали страдате од комплексот „Пепелашка“

    Комплексот наречен „Пепелашка“, по популарниот лик од детските приказни, ги опишува жените и девојките кои живеат во соништа, во замислен свет од бајките и одбиваат да ја прифатат реалноста. Овој термин првпат го претставила писателката Колет Довлинг во книгата „Комплексот Пепелашка“ од 1981 година. Таа го дефинира како страв од независноста.rnrn5 начини да препознаете дали страдате од комплексот „Пепелашка“rnrnПрва карактеристика е што жените кои го имаат овој комплекс, потсвесно сакаат да ја пренесат одговорноста за својот живот на другите луѓе. Овие Пепелашки не живеат во сегашноста, туку во некој свој замислен подобар живот кој ги чека некаде далеку. Големо влијание врз оваа појава има и популарната култура, односно она што се случува во книгите, филмовите и сериите.rnrnАко препознаете некоја од следниве форми на однесување кај себе, тогаш внимавајте, можно е и вие да се претворате во Пепелашка:rn

    1. Мислите дека не сте доволно добра ако немате партнер

    rnБез разлика на тоа што сте убава, паметна и многу успешна, се чувствувате нецелосно поради тоа што немате партнер покрај себе.rn

    2. Не знаете како да се однесувате кога ќе добиете комплимент

    rnСекој комплимент или пофалба за вас ги дочекувате со одбивање, но, исто така, немате проблем да прифатите вина за нешто што не е ваша грешка.rnrn5 начини да препознаете дали страдате од комплексот „Пепелашка“rn

    3. Очекувате дека ќе ве спаси некој принц

    rnНаместо да се борите за својата среќа, очекувате да дојде принцот на белиот коњ и да ви ги реши сите проблеми. На овој начин можете само да влезете во врска во која ќе имате нереални очекувања за решавање на проблемите, кои многу често се само во вашата глава.rn

    4. Се плашите од неизвесноста

    rnВлегувате од врска во врска бидејќи ви е страв да останете сами. Некогаш го правите тоа дури и со личност која не ви се допаѓа доволно, бидејќи поважно ви е да бидете во каква било врска, отколку во никаква.rn

    5. Не знаете што би правеле ако раскинете со партнерот

    rnПомислата на раскинување на врската кај вас создава страв и сметате дека животот ќе ви биде потполно уништен. Иако до одреден степен ваквото размислување е романтично, во основа вие верувате дека вашиот свет ќе биде целосно срушен и тоа е знак на премала самодоверба.rnrnЗа да се надмине овој комплекс, потребно е да поработите на своите вистински чувства и желби, да се посветите на реалноста и да го прифатите светот таков каков што навистина е, а не онаков каков што вие го замислувате.rnrnПрочитајте ги и овие 20 работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и за своето тело.

  • Маникир инспириран од стаклените чевлички на Пепелашка

    Маникир инспириран од стаклените чевлички на Пепелашка

    Најновиот маникир кој се појави на сцената го освои целиот свет. Приказната за стаклените чевлички на Пепелашка ја знаат сите, а сега таа го доби своето место и на овој блескав маникир. Изгледа неодоливо и навистина потсетува на проѕирните, стаклени чевлички.rnrn1-manikir-inspiriran-od-staklenite-chevlichki-na-pepelashka-www.kafepazua.mk_rnrnНајдобрата работа кај овој маникир е тоа што изгледа супер драматично, спротивно од маникирите кои до сега владееја со модната сцена. Доколку ве привлекува овој бајковит маникир, тогаш испробајте го веднаш!rnrn2-manikir-inspiriran-od-staklenite-chevlichki-na-pepelashka-www.kafepauza.mk_ 4-manikir-inspiriran-od-staklenite-chevlichki-na-pepelashka-www.kafepauza.mk_ 5-manikir-inspiriran-od-staklenite-chevlichki-na-pepelashka-www.kafepauza.mk_ 6-manikir-inspiriran-od-staklenite-chevlichki-na-pepelashka-www.kafepauza.mk_ 7-manikir-inspiriran-od-staklenite-chevlichki-na-pepelashka-www.kafepauza.mk_rnrnПреминете на следната страница за повеќе слики…rn

  • Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!

    Никогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!

    Од овој викенд па натаму секој ќе може да ја почувствува магијата на приказната за Пепелашка со тоа што ќе може да се венча токму пред нејзиниот замок во Светот на Дизни. Кој не би сакал неговите соништа да станат реалност и да има венчавка како од бајките? Меѓутоа, изгледа соништата се доста скапи, бидејќи овој настан би ве чинел најмалку 75.000 долари.rnrnНикогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!rnrnПонудата е следнава: За да ја одржите церемонијата пред замокот, каде што може да собере 100 луѓе, и таа да започне во точно 9:30 часот наутро, треба да платите најмалку 25.000 долари. Во цената не се вклучени храната, пијалаците и другите трошоци, кои сè заедно би ве чинеле 75.000 долари. Ова се однесува само за церемонијата. Не може да имате и прием на истата локација.rnrnУште една важна работа: Може да ги додадете сите елементи вклучени во една венчавка од бајките, како што се влез на церемонијата во стаклената кочија на Пепелашка (2.950 долари за два часа), огномет за да го осветли кралството и сите Дизни ликови како придружба, но тоа не е воопшто евтино. Цените се однесуваат на еден час, и не го вклучуваат и бакшишот што ќе мора да го оставите.rnrnНикогаш нема да погодите колку чини венчавка пред замокот на Пепелашка!rnrnПретходно во Светот на Дизни се одржувале венчавки и за 2.500 долари на различни локации во паркот, но оние коишто сакаат да се венчаат пред замокот ќе мора да располагаат со буџет кој ќе може им го дозволи тоа. Сè додека знаете што сакате, самовилите ќе ве придружат и ќе ви го овозможат тоа. Препорачливо е да закажете најрано 16 месеци однапред, за да можете без проблем да си одберете датум.rnrnКој не би сакал да биде Пепелашка, макар на еден ден?rnrn

  • Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка

    Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашка

    Џеси Нејги има 4-годишна внука, Изи, која навистина сакала да се облече како принцеза кога ќе оди во кино да го гледа новиот филм за Пепелашка, но се плашела дека никој друг нема да биде така облечен и дека таа ќе се издвојува. Токму тогаш 26-годишниот актер (кој има тетоважи и мускули) решил да се облече како принцеза за Изи да не се чувствува сама во тоа.rnrn(1) Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за ПепелашкаrnrnНејги го позајмил матурскиот фустан од една негова пријателка, ставил тијара, земал мала ташничка и… па, добро не облекол штикли, ама мислиме дека тоа е сосема во ред со оглед на фактот што излегол во јавност облечен како принцеза.rnrn(2) Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за ПепелашкаrnrnАко тоа ја прави среќна, јас ќе го направам. За ништо друго не се грижам, вели тој. И ние целосно се согласуваме. Секој би требало да прави сè што е во неговата моќ за да измами насмевка на лицата на малите дечиња. Браво Нејги, ти си одличен модел за однесување!rnrn(3) Погледнете што направил овој човек за својата внука која се плашела да носи фустан во кино на новиот филм за Пепелашкаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?

    Која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?

    Во анимираните приказни на Дизни сме сретнале многу принцези и главни јунакињи кои нè воодушевувале и од кои сме се инспирирале како мали, а нови возбудливи карактери се појавуваат и ден-денес. Оваа астрологија нема цел да „ви го пробие“ карактерот ниту пак да ви ја предвиди иднината, туку само да ве забавува. Според карактеристиките на секој хороскопски знак, ова се принцезите на Дизни кои ги претставуваат 12-те знаци во зодијакот.rn

    Овен – Мерида (Храбра)

    rnИсто како Мерида, овните се независни, динамични, избувливи и по малку авторитарни. Сигурно и вие повеќе би сакале да ви дува ветер во косата додека стрелате кон зајдисонцето, отколку да стапите во брак со некој кого не го познавате.rnrnКоја Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?rn

    Бик – Снежана (Снежана и седумте џуџиња)

    rnБиковите се стрпливи, практични и поверени личности. И би морале да бидат доколку треба да се грижат за седум мали џуџиња како Снежана. Мистерија е како тоа ѝ успева на нејзина возраст. Таа има само 14 години.rnrnКоја Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?rn

    Близнаци – Ариел (Малата сирена)

    rnАриел, сирената која толку многу посакуваше да постане човек, има многу слични карактеристики со близнаците, како на пример, со нивната неуморна, итра и љубопитна природа. За жал нејзиното однесување предизвика таа скоро да биде проголтана од ајкула, затоа, пазете се.rnrnКоја Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак?rnrn

  • Биди ми Тарзан, ќе бидам твојата Џејн

    Биди ми Тарзан, ќе бидам твојата Џејн

    Кафето црно како ѓавол, само испушта чад, самиот мирис ти го трезни мозокот. Ова ќе биде долга ноќ. Уште еднаш го преживеав денот на оние со збрлавени хормони, декларирајќи се себеси како пијани од љубов. Други пак, се пијани… од вино, едноставно за нив секој ден е ден за пиење. За најголемиот дел беше ден за мрчење, а за некои пак… обичен ден.rnrnУште од утрото одма ми светна дека не би требало да правам некои планови со друштво, зашто најверојатно сите ќе се пијанат или љубат, па така решив и јас да кренам некоја чашка. Денот е таков. „И каков е планот, што ќе правите денес, што му купи?“ Чекај, колку што знам не ни е годишнина, што пропуштам… секако, средина на февруари… да измислам нешто или едноставно да речам „Вие сите сте ненормали“? Одбирам да бидам блага, „Сè уште не знам“. Никогаш не сум подлегнала на предизвикот на полнам нечиј џеб поради обична пропаганда. За мене љубовта е премногу света и посебна, а целата таа прашина околу овој ден, едноставно те тера уште повеќе да се нафрлиш врз виното, така помалку ќе мислиш на човековата глупост.rnrnБиди ми Тарзан, ќе бидам твојата ЏејнrnrnФевруари извини, ама тапа си. Ладно ми е, морам да учам, немам пари после сите прослави минатиот месец, желбата за лето никогаш не била поголема… Сите ние кои сме роденденци во овој месец сме некако… благо да се изразам, оригинални. Па тргнете од самиот месец. Сите останати имаат или по 30 или по 31 ден, а на овој кога ќе му текне има 28, а некогаш и 29. Па исто и ние, февруарците. Верувајте, некогаш и самите не можеме да се поднесеме, со сите наши фикс идеи и креативни начини на „тепање време“.rnrnНи на крај памет не ми беше да пишувам за Денот на вљубените, ама се стори. Всушност, на некој начин ме инспирираше. Се прашувам какви се совршените вљубени? Си ги довршуваат речениците, си објавуваат песни на ФБ и редовно постираат слики каде еден со друг си се хранат со торта или сладолед? Постои некаков критериум како треба да изгледа една совршена љубовна врска? Како новото време влијае врз човековата перцепција за совршена љубов?rnrnПрво, не постои совршена љубов, а и да постои не би сакала да бидам во таква врска, едноставно би пукнала од здодевност. Секој си има своја претстава за тоа како би требало да изгледа љубовната врска, впрочем сите луѓе се различни. Затоа ќе се најдат двајца кои ќе сакаат приближно исти работи и ќе си оформат некој вид нивна совршена врска. Ако не си велат секој ден дека неизмерно се сакаат, ако тоа редовно не го докажуваат на социјалните мрежи, ако не си разменуваат нежности во јавност, значи ли тоа дека не се сакаат доволно или дека не уживаат во врската? Но, од друга страна, ако го прават сосема спротивното, значи ли тоа дека во суштина не се сакаат доволно, туку дека пробуваат себеси, а и на другите да им докажат нешто? Мислам дека никој не може да знае како и колку вистински уживаат партнерите во нивната врска. А според мене, секогаш било подобро тие слатки љубовни моменти да си ги чуваме за себе или за мал круг луѓе околу нас.rnrnКога сме кај љубовта и совршенството, мислам дека веќе во неколку наврати сум го спомнувала принцот на бел коњ. Но, овој пат го погледнав од друга перспектива. Што ако може да постои, само што нема универзални карактеристики, туку сè зависи од тоа како девојката си го замислува својот принц на бел коњ? Впрочем, зошто никогаш, ама баш ниеднаш во сказните принцезата или девојката не тргнала по својот принц? Со исклучок кога Пепелашка замина на балот, ама околу полноќ се претвори во кралица на драмата и „фати магла“, па си замина дома и си ја чекаше чевличката. Зошто девојката да не тргне по принцот кој ѝ се допаѓа? Што ако тргнал кон нас, ама се изгубил по пат, се заглавил во трње или паднал и си ја скршил ногата? Не сум во делузија, поентата ми е, ако го посакувате вашиот принц, тргнете и најдете го, не чекајте да дојде до вас. Тој дел од сказните воопшто не се совпаѓа со реалноста.rnrnА знаете што? Со сета таа прашина околу тој фамозен принц, помислувам, зошто мора да е принцот? Зошто девојчињата уште како мали не сонуваат дека Тарзан, на пример, е нивниот иден совршен маж? Само затоа што се шетка гол низ џунглата? Како предвреме да сме го осудиле дека не чини само затоа што не живее во палата. Па всушност јас би го посакала баш Тарзан. Силен, храбар, израснат во дивината кој ќе ме заведе јазејќи се по дрва. Поентата ми е, не ги оценувајте луѓето пред да ги запознаете вистински. Можеби баш Тарзан, би бил совршениот маж од сказните и приказните. Биди ми Тарзан, а јас ќе бидам твојата Џејн. :)rnrnТоа би било сè за денес, веќе нема кафе во шолјата, а тоа би значело дека во овој момент завршувам со пишување.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

    12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

    И по 80 години, анимираните генијални дела на Волт Дизни се уште се едни од најгледаните во светот. Почнувајќи од 1937 година, па сè до денес снимени се околу 50 неверојатни филмови, секој на свој начин посебен и забавен. И покрај големиот избор на анимирани Дизни филмови, има неколку од детството на многу генерации кои едноставно не можат да се заборават. Кога случајно ќе налетаме на нив, без разлика на годините, се потсетуваме на времето кога сме ги гледале и веднаш се појавува насмевка на нашето лице.rnrn12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавимеrn

    Снежана и седумте џуџиња – Snow White and the Seven Dwarfs (1937)

    rnСнежана и седумте џуџиња е првиот анимиран долгометражен филм во историјата, првиот кој бил целосно во боја и првиот филм на продукцијата на Волт Дизни. Базиран е според германската бајка на браќата Грим. Незаборавни песни од овој филм е „Heigh Ho“, „Whistle while you work“ и „Some day my prince will come“.rnrnrnrn

    Пинокио – Pinocchio (1940)

    rnПинокио е вториот анимиран филм на Дизни. Базиран е според „Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди. Најпознатите песни од Пинокио се „When you wish upon a star“, „Give a little whistle“ и „Hi-Diddle-Dee-Dee (An Actor’s Life for Me )“.rnrnrnrn

    Пепелашка – Cinderella (1950)

    rnПепелашка е 12от Дизни филм и е базиран според бајката „Cendrillon“ од Чарлс Перолт. Песните кои се издвојуваат од овој филм се „Тhe Work Song“ и „Bibbidi-Bobbidi-Boo“.rnrnrnrn

    Петар Пан – Peter Pan (1953)

    rnБазиран според драмата Петар Пан, момчето кое никогаш нема да порасне од Џ. М. Бери е 14от анимиран филм на Дизни. Петар Пан бил дел и од Филмскиот Фестивал на Кан во 1953 година. Најпознатите песни од филмот се „A Pirate’s Life“, „Following the Leader“ и „You can fly“.rnrnrnrn

    Сто и еден далматинец – One hundred and one dalmatians (1961)

    rnОвој анимиран филм е базиран според новелата на Дуди Смит. Сто и еден далматинец е 17от на листата на Дизни. Песната која посебно се издвојува во овој филм е „Cruella De Vil“.rnrnrnrn

    Мечот во каменот – The sword in the stone (1963)

    rnОвој анимиран фантазија-комедија филм е 18от на листата од Дизни. Базиран е според книгата „The sword in the stone“ на Т. Х. Вајт. Незаборавни песни од овој филм се „Higitus Figitus“, „That’s What Makes the World Go Round“ и „Mad Madame Mim“.rnrnrnrn

    Книгата на џунглата – The jungle book (1967)

    rnОвој анимиран филм е 19от по ред на Дизни. Инспириран е од приказните за дивото дете Могли од  Рудјард Киплинг. Песни кои се издвојуваат во овој филм се „The Bare Necessities“ и „I wanna be like you“.rnrnrnrn

    Малата сирена – The little mermaid (1989)

    rnДизни за време на 70те и 80те има неколку анимирани филмови кои добиле строги критики и со појавата на Малата сирена тие повторно се вратиле на добар пат. Овој анимиран филм е базиран според бајката со исто име и го одбележал почетокот на нова ера, наречена Дизни Ренесанса. „Under the Sea“ и „Kiss the Girl“ се песни од овој филм кои нема никогаш да бидат заборавени.rnrnrnrn

    Убавицата и ѕверот – Beauty and the Beast (1991)

    rnБазиран според бајката „La Belle et la Bête“ од Жон-Мари, ова е 30от анимиран филм на Дизни. Песните кои долго ќе се паметат од овој филм се „Be our guest“, „Something there“ и „Beauty and the Beast“.rnrnrnrn

    Аладин – Aladdin (1992)

    rnАладин е 31от анимиран филм на Дизни. Базиран е според Арапската фолк-приказна „Аладин и магичната ламба“ од 1001 Ноќ. Незаборавни песни од Аладин се „A friend like me“, „Prince Ali“ и „A whole new world“.rnrnrnrn

    Кралот лав – The Lion King (1994)

    rnКралот лав е анимиран музички-авантуристички филм кој се наоѓа на 32то место на листата од Дизни. Дејството се одвива во Африка и била инспирирана од библиските приказни за Јосиф и Мојсеј, како и од Хамлет на Шекспир. Овој филм е еден од најуспешните на Дизни. Најпознатите песни се „Hakuna Matata“, „Circle of Life“, „I can’t wait to be king“ и „Can you feel the love tonight“.rnrnrn

    Покахонтас – Pocahontas (1995)

    rnПокахонтас е 33от по ред анимиран филм на Дизни. Овој анимиран филм е првиот кој е базиран според реален историски лик. „Colors of the wind“ е песната по која ќе се памети овој анимиран филм.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дизни за возрасни

    Дизни за возрасни

    Џефри Скот Кембел е американски стрип уметник, кој ја стекнал својата слава работејќи за Wild Storm Comics. Негови дела можат да се најдат и во најпозната компанија за стрипови Marvel Comics, а воедно има работено и во индустријата за видеоигри.rnrnВо оваа колекција можат да се видат принцезите на Дизни во малку поинакво издание. Во очите на Кембел, тие се секси, провокативни и предизвикувачки девојки. Тој им даде шанса и на повозрасните да уживаат во убавите принцези како малата сирена, Пепелашка, Ѕвончица и да ги пленат со своите разиграни и убави тела. Колку убаво од него!rnrn

    Disney за возрасни
    Црвенкапа
    rnrn
    Disney за возрасни
    малата сирена
    rnrn
    Disney за возрасни
    заспаната убавица
    rnrn
    Disney за возрасни
    убавицата и ѕверот
    rnrn
    Disney за возрасни
    Пепелашка
    rnrn
    Disney за возрасни
    Снежана
    rnrn
    Disney за возрасни
    Алиса во земјата на чудата
    rnrn
    Disney за возрасни
    Златокоса и трите мечки
    rnrn
    Disney за возрасни
    Ѕвончица
    rnrn
    Disney за возрасни
    лошата вештерка (од Снежана и седумте џуџиња)