КАФЕ ПАУЗА

Tag: пејач

  • 15 знаци дека имате душа на пејач

    15 знаци дека имате душа на пејач

    Музиката е храна за душата. Секој слуша музика, а голем број од луѓето знаат да пеат или да свират на некој инструмент. Но, нема секој душа на пејач. Не мора професионално да се занимавате со пеење или со свирење за да ја поседувате оваа карактеристика. Постојат 15 знаци кои укажуваат на тоа дека имате душа на пејач, без оглед каде живеете, која е вашата возраст и со што се занимавате.rnrn(1) 15 знаци дека имате душа на пејачrn

    Кои се тие знаци?

    rn1. Доколку уживате да пеете, без оглед на околината којашто ве опкружува. Многу често имате потреба да си потпевнете нешто, а се фрустрирате кога ја чувствувате таа потреба, а немате услови да ја исполните во дадена ситуација.rnrn2. Ви се допаѓа бојата на вашиот глас, повеќе отколку што им се допаѓа на другите.rnrn3. Доколку знаете да свирите на инструмент, уживате во одредени звуци кои ги произведувате.rnrn4. Сте помислиле да подарите некому песна. Не, тоа не значи буквално да му подарите албум или песна, туку да испеете некому песна, што не би ја пееле на ниту една друга личност.rnrn5. Имате душа на пејач доколку мислите дека пеењето е најдобриот талент што може да го поседува еден човек.rnrn6. Уживате кога некој друг пее или свири. Ги цените луѓето по тоа како пеат и многу често ве привлекуваат луѓе кои спонтано знаат да си запеат. Едноставно ви е пријатно кога гледате како некој друг ужива во своето пеење и како го прави тоа со сето срце. Без оглед дали е тоа на сцена или во градски автобус.rnrn7. Имате душа на пејач ако музиката може да ве однесе во некој друг свет и прави да заборавите на вашите грижи. Доколку музиката често завладува со вашите емоции и ве хипнотизира.rnrn8. Доколку слушањето музика не е само начин побрзо да поминете времето, туку во тоа гледате многу повеќе.rnrn9. Ако секој ден, одредено време поминувате свесно размислувајќи за музиката којашто ви се допаѓа. На пример, мислите на некој пејач, композитор или некоја песна.rnrn10. Имате душа на пејач ако многу сеќавања ви се поврзани со музика. Времето поминато со вашите пријатели, или одреден момент кога сте се вљубиле или некој настан на кој сте присуствувале.rnrn11. Ако музиката за вас претставува начин на изразување. Одредена песна или музика ви помага да ги искажете емоциите што ги чувствувате во даден момент.rnrn12. Доколку одредена песна ви е толку пријатна, поради што секој пат кога ќе ја слушнете ве обземаат емоции и ви навираат солзи во очите. Ви се мешаат чувствата на тага и среќа во исто време.rnrn13. Вие имате вистинска душа на пејач доколку обожувате да собирате музика и да правите разни компилации.rnrn14. Ако имате многу пријатели со кои можете да водите пријатни разговори за музика и тоа ви дава одредена сатисфакција.rnrn15. Кога вашето семејство и пријателите ви велат дека изгледате како да заборавате на сè околу себе кога слушате музика, пеете или свирите, а тоа вам ви годи да го слушнете.rn

    Што доколку се пронајдовте во наведените знаци?

    rn(2) 15 знаци дека имате душа на пејачrnrnТоа значи дека имате вистинска душа на пејач. Луѓето со ваква душа можеби не пеат баш најдобро, но се воодушевени од музиката. Доколку се занимавате професионално со музика, тоа секако како и со сите други професии, може да има и добри и лоши страни. Но, доколку сте вистински вљубеник во музиката, тогаш од неа можете да ги извлечете позитивните работи коишто таа ги носи со себе. rnrnЛуѓето со таква душа се премногу привлечни за околината, а и многу често се чувствуваат посреќни од останатите. Музиката секогаш буди позитивни емоции кај овие луѓе и тие често зрачат со топлина во своето семејство, друштво и на работа. Доколку во ваша близина имате човек со душа на пејач, знајте дека можете слободно да му верувате, никогаш нема да ве остави во тешките моменти, никогаш не бара, туку секогаш се нуди да даде и да помогне. Такви се луѓето со душа на пејачи.

  • Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“

    Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“

    Откако ќе ја слушнете оваа верзија на песната „I Will Always Love You“ на Доли Партон од 1974 година, а потоа препеана и од Витни Хјустон во 1992 година за филмот „The Bodyguard“, никогаш повеќе нема да се чувствувате исто во врска со неа. Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“Видеото со овој неверојатен пејач со име Џош Ветерс, стана вирално откако тој ја посвети оваа песна на неговата мајка за нејзиниот роденден и ја размрда и фрапира цела публика, откако го испеа првиот стих. Слушнете каков глас излегува од неговата уста и уверете се и сами во оваа фантастична изведба. Доколку сакате да го рипнете делот кога ѝ ја посветува песната на мајка му, одете на 1:30.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музика

    Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музика

    Џејмс Блант, роден на 22 февруари 1974, е британски пејач, текстописец и поранешен офицер на британската армија. Неговиот татко бил член на британската воздушна армија, така што Џејмс добива лиценца за пилот уште на 16-годишна воздраст. Неговото семејство е познато по долгата традиција на армиски службеници, која датира уште од 10-иот век.Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музикаМузиката на Блант е доказ дека само најхрабрите мажи умеат да ја соголат својата душа покажувајќи ги најсветите чувства во себе. Неговите стихови се пример за тоа како треба да се сака една жена, имаат една карактеристична длабочина во себе и умеат вистински да ја опишат љубовта и загубата, така реално што допираат длабоко во срцето и просто го разнежнуваат секој дел од телото и душата.Џејмс Блант – храбриот романтичар кој плени со својата музикаВо 1999, Блант служел како разузнавачки офицер на НАТО во Косово. Најпрво требало да дава изјави за случувањата на македонско-југословенската граница, за подоцна да биде изнесен на борбен терен. Заедно со 30.000 припадници на мировните сили го обезбедувал меѓународниот аеродром во Приштина, но руската единица веќе ја имала контролата над аеродромот, така што му било наредено да ги нападне русите, наредба која Блант одбил да ја изврши. Со тоа спречил многу голем инцидент, а според многумина тој на некој начин спречил нешто што можело да прерасне во Трета светска војна. За време на своите задолженија, Блант ја имал со себе својата гитара, забавувајќи ги другите припадници на мировните сили, како и локалните жители.

    rnПо 6-годишната служба во армијата, Блант активно се посветува на својата музичка кариера. Во својот прв студиски албум Back to Bedlam, ги претставува хитовите You’re beautiful и Goodbye my lover, кои му носат голема слава. Со продадени над 18 милиони копии, овој албум е прогласен за најпродаван во 2000 година во Британија. Има освоено многу музички награди, меѓу кои 2 британски награди, најдобар видео-запис на Ем-Ти-Ви музичките награди, а во 2006 е номиниран за 5 греми награди.rn

    rnВо 2007 го издава својот втор албум, насловен како All the Lost Souls, кој ги содржи хитовите Carry you home, 1973, Annie, Same mistake и други.rn

    rnSome kind of trouble е насловот на неговиот албум од 2010, од кој само во првата седмица беа продадени 100.000 копии. Некои од хитовите од овој албум се: Stay the night, So far gone, I’ll be your man.rnrnМислите дека не сте романтични? Ве предизвикувам да ја преслушате неговата музика, па самите на крај донесете свој заклучок.rn

    rn rn

    Ми го допре срцето, ми ја допре душатаrnrnМи го промени животот и сите мои плановиrnrnЉубовта е слепа и тоа го знаев кога,rnrnМоето срце беше заслепено од тебеrnrnТи ги бакнав усните и те држев за ракаrnrnГи делев твоите соништа и твојата постелаrnrnТе познавам добро, го знам твојот мирисrnrnБев зависен од тебе…

    rn rn

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Стивен Бубле (Michael Steven Bublé) е италијанско-канадски џез пејач и актер. Роден е на 9-ти септември, 1975 година, во Британска Колумбија, Канада. Пораснал со џез-плочите од колекцијата на дедо му. Токму тој го убедил да го направи првиот чекор во музичката индустрија. Го охрабрил да се пријави на телент-шоу во Ванкувер, каде го освоил првото место, но за жал бил дисквалификуван, бидејќи имал 18 години, а границата за учество била 19. Ова не го разочарало Бубле. Тој одлучил повторно да учествува на едно канадско шоу за млади таленти, на кое со неговиот „страшен“ вокал уште еднаш завршил на врвот.rnrnБезрезервната поддршка од дедо му продолжил да ја добива и понатаму. Тој бил водоводџија и поправал бесплатно по клубовите, само за да ги убеди нивните сопственици да му овозможат настап на неговиот внук, кој и во вакви околности успeал да издаде три независни албуми. Тие се: „First Dance“ (1996), „Babalu“ (2001) и „Dream“ (2002).Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк СинатраМладиот Бубле навистина тешко се снаоѓал во музичките лавиринти, сè до моментот кога за неговиот талент дознал поранешниот канадски премиер, Брајан Малруни. Тоа се случило кога уморен од 10-годишната борба на сцената, тој се подготвувал да се откаже од музичката кариера и среќата да ја побара на медиумскиот пазар.rnrnОваа грешка за влакно ја избегнал, бидејќи на еден од неговите настапи во 2000 година, го импресионирал Мајкл Мексвини, тогаш десната рака на премиерот. Бубле по настапот му подарил копија од неговиот прв независен албум, велејќи му дека ако не му се допаѓа музиката, може слободно да го искористи како подлога за вино. Мексвини одлучил цедето да му го даде на премиерот, кој пак, на инсистирање на својата сопруга го поканил талентираното момче да пее на свадбата на нивната ќерка.rnrnНа веселбата, Бубле се запознал со музичкиот продуцент Дејвид Фостер, кој веднаш го земал под негова закрила. Три години подоцна, во февруари, 2003-тата, се случува неговото големо деби. Тој го издава студискиот албум „Michael Bublé“, по кој следуваат бројните музички награди и неверојатниот светски успех во шоу-бизнисот.rn

    rnАлбумот долго време потоа се задржува на врвот на топ 10 листите во Канада и Велика Британија, а веќе наредната година, Бубле е прогласен за најдобар нов изведувач на канадските музички награди „Џуно“ (Juno). Во 2005-тата, пак, на „Светските музички награди“ (World Music Award), тој го збогатува професионалното CV и со признанието за најпродаван изведувач.rnrnБубле многу пати досега е прогласуван за најдобар машки вокал. Во 2007-та, тоа признание му беше оддадено на „NATIONAL JAZZ AWARDS“, а во 2008-та и на престижните „Canadian Smooth Jazz Awards“. Меѓу неговите најголеми успеси е и албумот „Crazy love“ (2009), кој во неколку наврати го вивна до врвот…rnrnДенеска, талентираниот музичар може да се пофали со над 30 милиони продадени копии од неговите 15 издадени албуми. Последниот, насловен како „Christmas“ го лансираше на 24 октомври, 2011 година.rn

    rnМултиплатинестиот издавач во преку 15 држави, покрај по моќниот глас, препознатлив е и по своjот „олд скул“ шарм и харизма. Најверојатно и за ова треба да му се заблагодари на сопствениот дедо. :)rnrnЗаради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За ваквото поистоветување со музичката легенда, Бубле вели:rn
    rn

    „Никогаш нема да има друг Френк Синатра. Јас никогаш не сум посакал да бидам другиот Синатра. Јас само сакам да бидам Мајкл Бубле. Ме навредува тоа што луѓето мислат дека го слушам само Синатра. Роден сум во 1975 година. Како дете мојот најголем идол беше Мајкл Џексон, а како тинејџер сакав да станам дел од ‘Beastie Boys’.“

    rnrnrn

    rnКарактеристично за интернационална музичка сензација е и тоа што концертите ги завршува пеејќи без микрофон. Тоа започнал да го практикува, откако на настап во Лос Анџелес, додека ја пеел „My Funny Valentine“ му се исклучил микрофонот. Но, Ален Чанг, пијанистот на Бубле продолжил да свири, а тој ја испеал песната до крај. Направиле фантастична акустична верзија, со која ја излуделе публиката.rnrnЗа канадската мегаѕвезда карактеристични се и интерактивните настапи и концерти. Бубле низ годините изградил специјален однос со публиката. Еве едно од видеата кои најдобро го потврдуваат тоа.rn

    rnВокалистот кој години наназад го носи епитетот најдобар интерпретатор во светот, во 2011-тата доби нова шанса и на полето на љубовта. Долгогодишната врска со младата аргентинска актерка и модел, Лусијана Лопилато (позната по улогата на Миа Колучи во мегапопуларната тинејџерска серија „Млади бунтовници“) ја крунисаа со брак.rnrnВо чест на својата сопруга, Мајкл го издаде синглот „Haven’t Met You Yet“ (Crazy Love, 2009). Во 2010-та, тој беше прогласен за сингл на годината, на наградите „Џуно“. Лусијана се појавува и во спотот за песната.rnrnНеговите претходни врски кои долго време ја брануваа јавноста беа оние со актерката Емили Блант и со танчерката и пејачка, Деби Тимус. И тие добија соодветно место во музиката на Бубле. Хит синглот „Home“ од албумот „It’s Time“ е посветен на Деби, а Емили била неговата инспирација за песната „Everything“ (Call Me Irresponsible)…rn

    rn

    rn

    rnБубле не заостанува ниту со актерството. Глуми во филмовите „Totally Blonde“ (2001), „The Snow Walker“, „Duets“ (2000), „Death Game“ (1997), „A Russell Peters Christmas Special“ (2011) и во голем број ТВ серии. Во преку 150 наслови се глуми себеси, а се јавува и како специјален гостин. Заслужен е и за музиката во 70-тина од нив.rnrnВо 2000 година, Бубле добива и две номинации за наградите „Genie Award“, за песните кои ги напишал за филмот „Here’s To Life!“, во кој главна улога е  Ерик Меккормак.rnrnЗа Бубле има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. Во продолжение, уживајте уште малку во нив…rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слика со дно од шолја извалкана во кафе

    Слика со дно од шолја извалкана во кафе

    Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, го привлече вниманието од целиот свет со нејзиниот портрет од кинескиот кошаркар Јао Минг, кој го нацрта само со баскет-топка. Таа исто така, знае да состави портрет и од сончогледови семки, а овој пат девојката која сака да слика без четка, повторно импресионира со нејзиниот иновативен проект со тајванската поп-ѕвезда Џеј Чу, кој го нацртала со крукчиња од дното на една шолја, потопена во кафе.rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnИнспирирана од музиката на Џеј Чу, 26-годишната неконвенционална сликарка се упатила кон едно „артистичко патување“ на Св. Валентин, со цел да ја преслика нарацијата во песната „Secret“. Во неа, првиот стих се однесува на метафоричноста на подигањето на шолјата со кафе од својата тацна, а потоа приказната се надоврзува со девојка која патува низ времето во иднината, каде се запознава и се вљубува во пејачот.rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnДо крајот на песната, девојката повторно се враќа во реалното време и црта негов портрет. Црпејќи инспирација од вметнувањето на кафето во првиот стих од песната, Ред создала неверојатно прецизен портрет од пејачот, кој има и малку старомоден сепиа-ефект, поради кафената боја на кафето.rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnЗа комплетирање на овој генијално смислен проект, прецизно насликан со прстените од дното на шолјата за кафе, на Ред ù биле потребни околу 12 часа работа. Откако го завршила големиот портрет, таа на шега му предложила брак на пејачот Џеј Чу на нејзината фан-страница на Фејсбук. Па зарем ќе може да одбие ваква креативна девојка? :)rnrnСлика со дно од шолја извалкана во кафеrnrnПогледнете како изгледал овој креативен процес на сликање портрет со шолја за кафе.rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде живееше Лени Кравиц?

    Каде живееше Лени Кравиц?

    Лоцирана во секогаш сончевата Флорида, оваа прекрасна вила опкружена со палми и преполна со луксузен мебел, до пред кусо време беше во сопственост на познатиот пејач Лени Кравиц.Каде живееше Лени КравицПрекрасната вила „Рокси“ нуди феноменален поглед кон секогаш убавиот град Мајами, а ентериерот е целосно направен според спецификите на Лени. Низ целата куќа доминира белата боја, освен во музичката соба која е тотално црвена. Куќата е уредена благодарение на „BNO Design“, компанија за ентериерно уредување од Њујорк.Каде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени КравицКаде живееше Лени Кравицrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најплатените музички ѕвезди за минатата година

    Најплатените музички ѕвезди за минатата година

    Музиката инспирира, опушта, охрабрува, расположува, но и им носи еден куп пари на тие што ја создаваат. Албуми, тури, пишување текстови, авторските права и слично, ги полнат џебовите на пејачите и бендовите, зависно од тоа кој колку се потрудил. Доколку сакате да знаете кои музичари заработија најмногу пари претходната година, погледнете ја следнава листа.Најплатените музички ѕвезди за минатата година1. Ју-ту – 195 милиони американски долариrn2. Бон Џови – 125 милиони американски долариrn3. Елтон Џон – 100 милиони американски долариrn4. Лејди Гага – 90 милиони американски долариrn5. Мајкл Бабл – 70 милиони американски долариrn6. Пол Макартни – 67 милиони американски долариrn7. Блек ајд пис – 61 милион американски долариrn8. Иглс – 60 милиони американски долариrn9. Џастин Бибер – 53 милиони американски долари.rn10. Дејв Метјус бенд – 51 милион американски долариrn11. Тоби Кит – 50 милиони американски долариrn12. Ашер – 46 милиони американски долариrn13. Тејлор Свифт – 45 милиони американски долариrn14. Кети Пери – 44 милиони американски долариrn15. Бред Пејсли – 40 милиони американски долариrn16. Том Пети и „Хартбрејкерс“– 40 милиони американски долариrn17. Џеј Зи – 37 милиони американски долариrn18. Бијонси – 35 милиони американски долариrn19. Ејси/Диси – 35 милиони американски долариrn20. Шон Диди Комбс (Пи Диди) – 35 милиони американски долариrn21. Тим Мекгро – 35 милиони американски долариrn22. Мјуз – 35 милиони американски долариrn23. Раскал Флетс – 34 милиони американски долариrn24. Кени Чесни – 30 милиони американски долариrn25. Ријана – 29 милиони американски долариrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
  • Како да изгледате како омилениот пејач?

    Како да изгледате како омилениот пејач?

    Имате идол кој е познат поп или рок пејач? Се воодушевувате на неговиот имиџ? Пронајдете го вашиот идол и облечете се во негов стил.Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?Како да изгледате како омилениот пејач?

  • Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Тејлор Момсен (Џени Хамфри), Ед Вествик (Чак Бес) и Лејтон Мистер (Блер Волдорф), не само што се прославија со своите улоги во мега-популарната ТВ серија „Gossip Girl“ (Озборувачка), туку тие градат и свои музички кариери. Заедничко за тројцата пејачи е тоа што музиката за нив претставува излез од реалноста и ослободување на душата. Повеќе или помалку успешни, тие се на почетоците од својата музичка кариера, а сега засега „дивата“ Тејлор Момсен изгледа најнадежна.rn.rn

    Тејлор Момсен

    rn17-годишната Тејлор Момсен, не само што се прослави со својата улога на Џени Хамфри, туку таа е и модел, текстописец и неверојатен музичар. Нејзините вокални способности се фантастични и таа веќе гради успешна музичка кариера со својот алтернативен рок бенд The Pretty Reckless. Таа е водечкиот вокал во бендот и ритам гитаристка, а останатите членови се Бен Филипс на гитара, Марк Дејмон на бас и Џејми Перкинс на тапани. Тејлор е текстописец на сите песни од нивниот демо албум „Light me up“, кој излезе на 30-ти август 2010-та.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Помалата сестричка на Ден Хамфри која сите ја знаме, е вушност многу дива и контраверзна на своите настапи со бендот, нашминкана секогаш со црна сенка за очи и црн креон, облечена во екстра кратки фустанчиња (или маички), при што ѝ се ѕирка сексапилниот долен веш. Таа уште на 5-годишна возраст била заљубена во The Beatles. „Бев опседната со нив“ – вели таа. „Ги сакав и Led Zeppelin, The Who, Pink Floyd, Audioslave, Soundgarden, Oasis и Nirvana. Тоа е сè што слушав. Сите мои рок идоли се мажи“.rnrnrnrnВо врска со своите 3 занимања таа вели: „Не ја одбрав глумата или манекенството. Се уфрлив во тие области. Ми се допаднаа, па не ми претставува никаков проблем да се занимавам и со тоа. Но, музиката и пишувањето песни, се нешто кое отсекогаш сум сакала да го правам. Имам одено во музички студиjа и работено со музички продуценти уште од 5-годишна возраст. Не можев да снимам албум на 8 години, но сега можам“ – објаснува таа низ смеа.rnrnrnrn„Албумот е за животот“ – вели таа. „Тој во себе содржи сè: љубов, смрт и музиката сама по себе. Тој е симбол на рок енд рол. Секс. Дрога. Религија. Политика. Секоја песна раскажува приказна за тешкотиите, страдањата и војувањето со емоциите кои јас сум ги искусила или сум ги набљудувала. Ова не е весел поп албум, но не е ниту симбол на ѓаволот. Идејата на текстовите не е тие да бидат сфатени буквално, туку се отворени за интерпретација.“rn.rn

    Ед Вествик

    rn23 годишниот актер Ед Вествик, кој ја глуми улогата на неодоливиот Чак Бес, беше фронтмен на британскиот петочлен бенд „The Filthy Youth“. Тој бил оформен во 2006-та година, а има елементи на инди, панк рок и алтернативна музика. Ед бил вокалот во бендот, а знае малку да свири и на гитара.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“„The Filthy Youth“ има сè што се очекува од еден рок енд рол бенд: фризурите, искулираното однесување на сцената, сексапилен водечки вокал и „валкани“ рефрени проследени со гитара. Влијание врз нивната музика имале: The Clash, Xtc, Weller, The Rakes, The Libertines, The Hives, The Rolling Stones и The Doors. За жал Ед не можел да продолжи паралелно да работи на својата музичка кариера и на ТВ серијата “Gossip Girl”, откако таа станала мега-популарна.rnrnТој во врска со музиката вели: „Отсекогаш сум бил поврзан со музиката. Животот не е она што го гледаш, туку она што ти се случува во главата. Музиката е нешто кое произлегува од твојата потсвест. Музиката за мене претставува ослободување.“Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Негова инспирација е филозофијата на Џим Морисон. „Не се само песните кои The Doors ги направија тоа што беа, туку и нивното шоу на сцената. Додека сум на сцената, јас сум шоумен. Не би рекол дека сум рок ѕвезда… Ок, во мојот свет на соништата сум.“ Тој планира и во иднина да се занимава со музика и вели дека работи на таен музички проект. Во меѓувреме ни останува да ја слушнеме музиката на The Filthy Youth, а во продолжение следуваат две песни кои се дел од саундтракот на Gossip Girl.rn.rn

    rn

    .rnЛејтон Мистер

    rn24-годишната Лејтон Мистер, која е најпопуларна со својата улога на сексапилната заводничка Блер Волдорф, се занимава и со музика од април, 2009-та година, кога потпиша договор со Universal Republic  продукција. Таа е поп пејачка, текстописец и модел, а нејзиниот деби албум насловен „Your Love’s a Drug“ зачинет со софистицирани, електро, денс елементи, ќе излезе наскоро.Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“Лејтон го цени модерниот звук, а инспирација црпи од Gwen Stefani, Black Eyed Peas, M.I.A и други. Таа, во врска со нејзините две професионални преокупации, музиката и глумата вели: „За да бидеш во филм, треба да успееш да ја доловиш визијата на сценаристот и режисерот и да правиш сè што тие сакаат. Треба да се вложиш себеси во улогата и токму тоа е убавината во глумата – да дадеш дел од себе. Но, мојата музика се подобри како резултат на мојата глума, на тој начин, што кога пеам правам перформанс“.rn

    Таа вели дека пишувањето текстови и создавањето музика е сосема нов свет, во кој можеш да започнеш од нула и да изградиш песна базирана на она што го посакува твоето срце. Токму затоа музиката ја исполнува.

    rn

    Музичката кариера на глумците од „Gossip Girl“„И за луѓето кои се занимаваат со глума и за музичарите, чувството е исто; ако навистина сакаш нешто, не ти е толку грижа за комерцијалниот успех на истото, сè додека е квалитетно. Така се чувствувам и за мојата музика. Сакам да биде добра, за да можат луѓето да ме почувствуваат преку неа“ – објаснува Лејтон.

    rnrnrnЧија музика вам најмногу ви се допаѓа ?