Индонезискиот град Бањармасин кој се наоѓа на островот Борнео е познат како град на илјада реки. Се протега на источната страна на реката Барито, а реката со генерации е дел од општествениот, економскиот и културниот живот на градот.rnrnrnrnПодигнати куќи на столбови, водни рути наместо патишта претставуваат живописно сведоштво за живот покрај реката каде се врши и трговија. Овде се наоѓаат три познати пловечки пазари, Муара Куин, Серинг и најголемиот и најатрактивниот – Лок Баинтан.rnrnПловечкиот пазар Лок Баинтан кој постои уште од 18 век, денес е фасцинантна можност да се запознаете со локалната култура и да пробате дел од локалната гастрономија во исто време. Секое утро пред 6 часот традиционални чамци се упатуваат кон местото Лок Баинтан, од каде сите продолжуваат да се движат заедно неколку километри. Се тргува пловејќи сè до 9:30 часот.rnrnТрговците со нивните преполни чамци доаѓаат кај клиентите со празни чамци. Производите што ги нудат се зеленчук, риба, овошје, традиционални колачиња и грицки. Овде сè уште доминира размената на производи како начин на плаќање, а и ценкањето е неминовен дел.rnrnОсвен самата река, која има кафена боја, сè друго е неверојатно живописно. Шарените овошја и зеленчуци кои се менуваат со сезоната, чамците обоени во живи бои и шареноликата облека на трговците го претвораат овој пазар во пловечки спектакл.rnПокрај тргувањето, жителите готват на чамците, па затоа не смеете да го пропуштите појадокот на реката. Заедно со кафе или чај, ќе имате можност да пробате и вкусни традиционални закуски како што се свежо пржени банани или печива полни со различен зеленчук. До пловечкиот пазар Лок Баинтан можете да стигнете од центарот на градот со брод, што трае само околу половина час. Пазарот е позната туристичка атракција, омилена меѓу туристите и особено меѓу оние кои се занимаваат со фотографирање.rnrnОткако прочитавте за овој индонезиски пазар, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Најдобриот начин да го почувствувате етосот на една земја е да ги посетите нејзините енергични пазари за храна. Почувствувајте го мирисот на свежо печените производи и колачи, остварете контакт со очите со локалните продавачи и вкусете ги локалните специјалитети. Овие пет пазари за храна, распространети низ целиот свет, треба да бидат на вашата листа за 2020 година.rn
1. Пазарот „Цукиџи“ во Токио, Јапонија
rnrnrnТокио има стотици пазари на секој чекор во градот. Но, еден од најпопуларните е пазарот „Цукиџи“ кој започнал со работа околу 1935 година. Големопродажниот внатрешен пазар, добро познат по аукциите и по продажбата на риби со голема тежина, во 2018 година се преместил во Тојосу, но сепак, „Цукиџи“ сè уште е најпопуларниот пазар на отворено. Пристигнете гладни бидејќи има многу избор на места за јадење и посетете го пазарот рано наутро за да пробате свежо суши.rn
2. Пазарот „Ла Мерсед“ во Мексико Сити, Мексико
rnrnrn„Ла Мерсед“ е најголемиот народен пазар во Мексико Сити и се наоѓа во еден од најстарите историски делови на градот. Препорачливо е да ангажирате водич, не само за да се движите низ лавиринтот на улиците и низ илјадниците тезги, туку и за да ви посочи каде да ги пробате најдобрите традиционални мексикански јадења. Низ тезгите за месо ќе видите цели крави обесени и подготвени за купување, а разнобојните мексикански ќебиња се продаваат и во пазарот и околу него.rn
3. Пазарот „Бороу “ во Лондон, Англија
rnrnrn„Бороу“ го освои признанието за најстар пазар за храна во Лондон, а функционира веќе 1.000 години. Додека чекорите низ овој пазар кој се наоѓа во срцето на градот, запознајте ги земјоделците лице в лице, поставете прашања за нивните производи и научете од каде потекнува храната што ја купувате. Лондон е меѓународен град, а производите на пазарот се рефлексија на луѓето што живеат во тој град. За време на вашата посета на овој пазар, можете да пронајдете храна, зачини, пијалаци и предмети од различни страни на светот.rn
4. Пазарот „Махане Јехуда“ во Ерусалим, Израел
rnrnrnНа северната страна на Портата Јафа во Ерусалим се наоѓа еден од најголемите пазари во Израел. „Махане Јехуда“ е голем пазар за овошје и зеленчук (и за многу други производи) кој датира од османлискиот период. Таму ќе видите многу локални жители и туристи од најразлични вери и култури кои продаваат или купуваат производи. Додека ја истражувате трговската област, ќе откриете каков е животот во овој дел од светот и ќе добиете една слика за израелското општество.rnrnАко сте обожавател на алва, таму ќе најдете безброј видови. Не заминувајте од овој пазар без да вкусите израелско маслиново масло, солени колачи или фалафел. „Махане Јехуда“ е исто така забавно место за ноќен живот во Ерусалим, исполнет со музика во живо и со танцување.rn
5. Пазарот „Урубамба“ во Урубамба, Перу
rnrnrnУрубамба се наоѓа во висорамнините на Светата Долина на Перу, а во пазарот на овој град ќе најдете свежи производи, месо, зачини, грав, кафе, ореви и многу други производи. Тука ќе видите многу повеќе видови компири отколку што веројатно сте виделе досега во животот затоа што во пределите на Андите растат повеќе од 4.000 видови компири. Посетата на овој пазар е незаборавна авантура бидејќи не само што ќе ја доживеете динамичната култура, туку и ќе видите многу чудни и необични работи.rnrnПогледнете кои се десетте најубави места што треба да ги посетите во 2020 година.
Дали некогаш сте помислиле дека би било одлично да си започнете сопствен бизнис и да се занимавате со одредена професија којашто комплетно ве исполнува? Тоа би значело дека самите ќе си бидете шеф, ќе имате можност да остварите убава заработка, а притоа и да уживате во вашата најголема страст. Можеби сте отишле дотаму, па сте се замислиле себеси како исклучително успешни бизнисмени кои развиле одредена идеја и фирма, која големите корпорации потоа би ја откупиле од вас… Секако сето тоа е возможно, ако доволно силно верувате во вашите сништа и во вашите способности. Но, не заборавајте, да се биде успешен значи и многу да се работи, попатно да имате многу откажувања, а можностите за неуспех се на секој чекор, што значи дека треба и многу упорност. Сè повеќе жени се одлучуваат да започнат свој бизнис, да отворат своја фирма и да го остварат својот сон. Но, каде најдобро би поминала вашата идеја и каде има најдобри услови за развивање на бизниси на чие чело стојат жени?rnrnrnrnСпоред еден неодамна објавен извештај, постојат неколку градови во светот кои се најдобри за жените кои сакаат да започнат свој бизнис. Тоа се Њујорк, крајбрежјето на Сан Франциско, Лондон, Стокхолм, Сингапур, Торонто, Вашингтон, Сиднеј, Париз и Сиетл.rnrnГрадовите се оценувани во пет категории: Маркет, капитал, талент, култура и технологија. Потоа тие биле поделени во две групи: Работна околина, што би значело пристап до пазарите и пристапот до капитал.rnrnНо, тоа не значи дека ако не живеете во некои од овие градови треба да се откажете од вашиот претприемачки дух. Животот во тие неколку места на светот им го олеснува на жените пристапот до потребните ресурси. Но, глобализацијата и неверојатно брзото темпо на развој на технологијата, им овозможува на луѓето многу полесно да ги остварат зацртаните цели, само доколку имаат малку повеќе волја за тоа, без оглед каде живеат. Затоа, ако ги имате вистинските алатки до вас, позитивниот начин на размислување, развиена работна етика и малку среќа, можете да создадете чуда.
Ако се прашувате дали времето пред Нова година и Божиќ е најубавото време од годината, доволно е само да ги разгледате европските божиќни пазари. Сериозно, лицето ќе ви се осветли, срцето ќе ви се стопли, па можеби и веднаш ќе почнете да барате авионски летови.rnrnrnrnОд 445 години стариот маркет во Стразбур, Франција до шармантната земја на чудата во Базел, Швајцарија и Вал д’Аоста, Италија, низ Европа постои пазар за секого. Пробајте од најпрефинетите колачи додека пиете топло чоколадо, купете од локалните рачно изработени украси или возете се на карусел додека чекате средба со Дедо Мраз.rnrnПогледнете некои од европските божиќни пазари кои го заслужуваат вашето време. Некои се историски познати места кои одамна сте сакале да ги посетите, а другите можеби ќе ве изненадат, но се исто така прекрасни, иако помалку познати.rn
1. Франкфурт, Германија
rnrnrnЕден од најпознатите и најголемите пазари во Германија е Франкфуртскиот божиќен пазар, лоциран на плоштадот Сент Пол, кој ќе ве освои со својот шарм.rn
2. Виена, Австрија
rnrnrnБожиќните пазари се вообичаени за австрискиот главен град и се лоцирани на многу значајни места како пред Градското собрание или пред популарната палата Белведере. Маркетите се полни со штандови со костени и топло чоколадо, како и многу рачно изработени предмети кои претставуваат совршени подароци за празниците.rn
3. Салзбург, Австрија
rnrnrnРачно изработените декорации, вкусните колачи и прекрасното опкружување го прават божиќниот пазар во Салзбург еден од најпознатите во Европа.rn
4. Милано, Италија
rnrnrnВо текот на празниците се поставуваат божиќни пазари низ целиот град кои се преполни со локални прехранбени богатства и подароци за сите на вашата листа.rn
5. Вал д’Аоста, Италија
rnrnrnТрадиционалното божиќно село Аоста, наречено „Зелен божиќен пазар“ изгледа како магично место од бајките бидејќи организаторите го претвораат античкиот римски театар во алпско село. Тука ќе најдете рачно изработени украси и разни слатки колку што ви сака душата.rnrn
Ако сакате да ја пропатувате Европа за време на празниците, тогаш Амстердам треба да ви биде меѓу првите градови на листата. Иако некако потценет помеѓу великаните како Париз и Лондон, Амстердам сепак има што да понуди. Прекрасни канали, архитектура која го одзема здивот и неверојатна уметност се само дел од причините зошто треба да го посетите.rnrnСамо ако го посетите ќе сфатите дека тој не е воопшто како другите европски градови. Има повеќе велосипеди отколку луѓе, интересни кафулиња и уникатно место со тесни домови наредени во линија, но сепак клучот на шармот на Амстердам се состои во неговите корени од Златната ера на 17-тиот век и модерниот спој на културата и традицијата. Ако ве убедивме да заминете за Амстердам, еве што треба да посетите.rn
rnrnrnПознатиот цветен маркет се наоѓа помеѓу каналот Сингел и останатите внатрешни канали. Тој нуди огромен избор на најдобрите и најпознатите лалиња како и други цвеќиња кои ги има во Холандија. Цвеќињата се свежо набрани и тие им се достапни на посетителите кои сакаат да го помирисаат Амстердам.rn
rnrnrnАмстердам е град кој е направен на мрежа од канали, па затоа не треба да пропуштите да го истражите. Турите започнуваат од различни познати туристички атракции како дистриктот Ред Лајт или спомен-куќата на Ана Франк. Во зависност од времето, може да изберете отворен брод или некоја полуксузна варијанта која служи вечера и пијалаци. Без разлика што ќе изберете, пејзажите на зајдисонце се нешто што не би сакале да го пропуштите.rn
rnrnrnИако не е баш најинтересната активност што може да се прави во Амстердам, сепак милион луѓе се спремни да чекаат за да прошетаат низ празните соби кои порано биле дом на Ана Франк и нејзината фамилија, како и на црвениот дневник кој го криела од нацистите. Оваа прошетка ќе ви биде значајна затоа што ќе научите нешто повеќе за трагедијата на Втората светска војна и болното срцепарателно искуство на една млада дама со малку надеж дека вакво нешто никогаш нема да се повтори.rn
rnrnrnУште познат под името Златен предел, ова е најпрестижниот дел од Амстердам кој се наоѓа во близина на каналот Херенграхт. Додека голем дел од градот е познат по високите тесни домови, Златниот предел им дозволил на своите богати потстанари да изградат многу пошироки градби (а голем дел од нив имаат и градини во задниот дел). Ако сакате да го истражувате овој дел како локален жител, тогаш изнајмете велосипед и возете се по патеките наменети за велосипедисти.rn
rnrnrnНа крајот од Златниот предел се наоѓа каналот Рeгулирсграхт кој е една од главните туристички атракции на градот. Посетете го на квечерина за да имате можност да видите како се вклучуваат сијалиците на сите 7 мостови. Потоа можете да вечерате во некое од кафулињата или рестораните во близина. Исто, ние ви го препорачуваме и Брун кафе – традиционален холандски паб во кој се судираат вкусот на Амстердам и холандската култура.rn
rnrnrnИако многу помалку популарен отколку музејот Ријк и музејот Ван Гог, Ван Лун е неверојатно зачуван во куќата Гранд Канал. Сѐ уште во сопственост на фамилијата Ван Лун (кои повремено одржуваат забави во трпезаријата), секоја соба нуди уникатен увид во историјата и стилот на холандската аристократија.rn
rnrnrnОва е најпознатиот национален музеј во Холандија кој е дом на дела од Рембрант, Вермер и Ван Гог. Барем неколку часа дозволете си да заскитате по ходниците и да ја воспримите холандската уметност. Не ја пропуштајте библиотеката лоцирана во внатрешноста на музејот – една од најголемите библиотеки на уметничката историја скриена во едно ќоше.rn
rnrnrnХоландскиот Централ Парк, Вонделпарк, се наоѓа јужно од музејот Ријк и центарот на градот. Подгответе пикник и најдете тивко место помеѓу скапите градини, вирчиња и лединки за да уживате во погледот.
Кога луѓето од Југоисточна Азија сакаат да одат на Зелен или на Бит-пазар за да си купат свеж зеленчук, тоа го прават на пазари кои се малку поразлични од оние што ние ги познаваме. Тоа честопати се пловни пазари, каде што тезгите се сместени во чамецот на продавачот.rnrnПазарот Дамноен Садуак во Рачабури, ТајландrnrnОвој концепт потекнува од периодот кога во овој регион чамците биле главно превозно средство, а денеска е голема туристичка атракција која на посетителите им дава чувство дека се некаде далеку од дома. Пловните пазари се среќаваат главно во Тајланд, Виетнам, Мјанмар, Индија, Индонезија и околината, а помалку во други земји.rnrnПазарот на езерото Дал во Сринагар, Индијаrnrn
Оние кои барем малку се заинтересирани за маркетингот како моќен процес на комуницирање со купувачите веќе се запознаени со фактот дека Интернетот ги измени правилата неповратно. А оние кои работат во полето, веќе ги користат овие правила за да ги претркаат конкурентите. Дејвид Мирман Скот го нарекуваат стратег на онлајн-визионерството и е дефинитивно еден од најценетите маркетинг консултанти во светот, особено кога станува збор за пионерски стратегии кои им пркосат на традиционалните. Неговата книга „Новите правила на маркетингот и на односите со јавност“ е на некој начин збирка од сите совети и насоки кои ги споделува години наназад на неговиот добро прочуен блог и за многумина токму оваа книга преставува совршен водич за секој амбициозен маркетиншки професионалец.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnКнигата опфаќа сè од старите правила на маркетингот и причините зошто не се применливи во новите околности, па до новите правила кога станува збор за користење социјални медиуми, блогови, соопштенија за јавноста, онлајн соби за медиуми и многу повеќе. Покрај делот посветен на старите vs. новите правила, Скот посветува значаен дел на интернетските комуникации за директно обраќање на купувачите како и на развивање акционен план за искористување на моќта на новите правила. Низ точно 270 страници раскажување во лесен, блогерски стил, со свежи примери кои многу лесно ќе ги препознавате и подоцна кога ќе ги среќавате во пракса, Скот ви нуди книга која ќе ве натера да се почувствувате како вистински маркетинг гуру.rnrnrnrnБез разлика дали сте посветени следбеници на сите можни социјални мрежи или пак сте претприемач кој се бори за поголемо парче од пазарот сигурно ќе наидете на дел кој особено ве интересира и во кој се пронаоѓате. Одбрав некои од моите најомилени совети, чисто да ви измамам слатко-горко исчекување додека не се најде во вашите раце.rnrn
„Содржината е она што на организациите може да им ја обезбеди веродостојната и лојалноста на купувачите, па денес, умните маркетиншки експерти размислуваат и се однесуваат како издавачи со цел да создадат и да испорачаат содржина насочена директно кон нивната публика.“
rnrn
„Во веќе подостарениот интернетски свет на безброј телевизиски станици, на Јутјуб, Тиво и на блогови, трошењето многу пари на реклами е слично на нарачувањето портрет во деветнаесеттиот век – можеби ќе се чувствувате добро заради тоа, но дали сте заработиле нешто?“
rnrn
„Наместо да насочувате големи буџети кон поедноставени телевизиски реклами чија цел е да им кажат нешто на масите, па така, всушност, никому и не се обраќаат, мораме да размислиме кои се пораките што би сакала да ги слушне публиката од нашиот пазарен сектор.“
rnrn
„Кога имате ексклузивни вести, пласирајте ги вирално. Виралниот маркетинг – да се наведат другите наместо вас понатаму да ја шират приказната – е еден од највозбудливите и најмоќни начини за стигнување до целната публика.“
rnПокрај советите, живото раскажување и примерите кои навистина ќе ви се врежат во сеќавање, она што прво ми го привлече вниманието е што многу од оние „стари правила“ на маркетингот ги препознав во нашето медиумско опкружување и сигурна сум дека нема незабележано да се провлечат ниту кај вас. Книгата е напишана во 2011 година и за оние коишто мислат дека „новите правила“ се веќе застарени, според мене, во Македонија има уште многу простор за нивна примена.rnrnЗа крај, доколку не можете да се решите дали е оваа книга вистинското четиво за вас, Дејвид Мирман Скот има едноставна препорака:rnrn
„Доколку сте како милионите умни маркетиншки експерти чија цел е директната комуникација со купувачите, продолжете да читате. Доколку настојувате својата организација да ја направите повидлива на Интернет, продолжете со читањето. Доколку сакате да ги вовлечете луѓето во продажниот процес на вашата компанија за да купат навистина нешто, продолжете да читате.“
rnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 19 февруари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn
Доколку повторно почнеме да зборуваме за тоа колку е тешко во Македонија да се најде работа, како нема перспектива за младите во сопствената земја, муабетот ќе се сведе на тоа дека секој разумен граѓанин не сака да биде сведок на уште едно излевање на способни кадри надвор од нашата земја.Но, во воздухот сѐ уште стои прашањето како да се извлече нешто позитивно од ваквата ситуација? Па многу лесно: Постои проблем, потребно е решение!rnrnТака е родена идејата за „Elancer“. Тоа е веб-сајт кој служи како механизам за регулирање на понудата и побарувачката на работа. Многу едноставно, секое правно или физичко лице може да креира свој профил, како понудувач или како некој кој бара работа. Карактерот на работата може да е од каков било профил.rnrnНајновите трендови само уште повеќе го потврдуваат фактот дека работењето од дома станува сè подоминантно како принцип на функционирање на голем број работни односи. Секако дека на „Elancer“ може да се доставуваат услуги од секаков вид, не само компјутерски туку и физички.Денес сме сведоци како пред наши очи настануваат значајни трансформации на традиционалните работни места. Работните задачи во сѐ поголем волумен можат да бидат извршени од дома и да се доставуваат до работодавачот преку интернет-конекција.rnrnДоста интересна информација е тоа што од младите луѓе денес се очекува во текот на својата кариера да променат ни помалку ни повеќе туку од 10 до 14 работни места. Овие бројки доволно кажуваат за настанатите промени на пазарот на труд. До израз доаѓа флексибилната природа на работата која нуди голем број предизвици за луѓето. Ваквото движење било невозможно да се предвиди пред 20 години, а денес сме соочени со турбулентни промени кои работат на олеснување на сите аспекти од секојдневието.rnrnДали се вредни времето и непотребните напори при користење на застарениот модел за ангажирање луѓе? Дали се потребни сите тие часови минати во бесцелно листање огласи и долгите постапки на аплицирање?rnrnВеб-сајтот www.еlancer.mk е одлична можност за секоја амбициозна, способна личност или пак модерна компанија да бира од низа можности. Со Elancer веќе не е важно формалното образование, мама и тато и нивните пријатели, тука доаѓаат до израз вистинските способности. CV-то е композиција од лични достигнувања и способности кои треба да се покажат на дело во наредниот работен однос.rnrn
Без разлика дали пазарувате на Бит пазар или на одмор во Турција или Шпанија, продавачите секаде се ценкаат. Тие се обидуваат да извлечат максимум за она што го продаваат, понекогаш на штета на купувачот, па би било добро да знаете како да се поставите со таквиот продавач со цел да платите онолку колку што вреди нивниот производ.rnrnrnrnНе покажувајте голема желба да купите.Ако продавачот почувствува дека едвај чекате да го отворите паричникот за она што тој го нуди, тоа ќе ја зајакне неговата преговарачка позиција и ќе ви побара повеќе. Не прашувајте веднаш за цената. Воздржете се од покажување какви било знаци дека сте дојдени да купите по секоја цена.rnrnПоразговарајте со продавачот. Тие обожаваат да разговараат со купувачите, а вие ќе се изненадите колку тоа може да ја спушти цената. Дајте му некој комплимент, прашајте го од каде потекнува, а таквата комуникација може да ги спречи добро да се соживеат со улогата на највештиот продавач на светот и да ви извлече повеќе пари отколку што навистина треба.rnrnИстакнете ги недостатоците на производот. Продавачот секако ќе се обиде да ви го прикаже производот како создаден за вас, тоа всушност ја билда неговата цена. Сепак, вие знаете дека ниту еден производ не е совршен, па затоа посочете ги недостатоците кои сигурно ќе ја доведат цената поблиску до реалната.rnrnrnrnПоведете со вас некој кој ќе ве одвлекува од купување скапи работи.Кога итриот продавач ќе ги слушне сите негативни мислења на оној со вас, веднаш ќе стори сè за да не пропадне продажбата. Некои од нив веднаш драстично ќе ја намалат цената со цел што побрзо да се склучи зделката.rnrnПредложете разумна цена. Така ќе му дадете до знаење дека нема да платите онолку колку што ви бара. Впрочем, тие често почнуваат да преговараат со многу висока цена само да добијат добра стартна позиција пред вие да се обидете да ја снижите.rnrnОдете си од тезгата или продавницата. Во случај кога продавачот тврдоглаво ви бара сума која не сте подготвени да ја платите, најдобро е да си заминете. Ако тоа е реалната цена, тој ќе остане на неа. Но, ако блефира за квалитетите на неговиот продукт, тој ќе оди по вас предлагајќи ви сѐ пониска цена.rnrn rnrn
Ништо не ги најавува годишните времиња како плодовите на пазарските тезги. Изобилство од свежина, бои и вкусови… Имајте ги предвид следните совети кога ќе одите да пазарите:rn
1. Кој рано рани, две среќи граби
rnСите знаете дека продуките наутро се оние најсвежите. За време на викендите, обидете се да станете порано и да испазарите уште изутрина. Така ќе бидете сигурни дека сте го купиле најсвежото и најквалитетното на пазарот.rn
2. Пробајте пред да купите
rnСекој продавач треба да биде среќен кога купувачот сака да проба од неговиот производ. Ако тоа не е случај, не купувајте од таа тезга. rn
3. За квалитет/свежина и органски производи се плаќа повисока цена
rnИмате две опции: да испазарите во блискиот супермарект или да отидете на пазар. Пазарот е подобра опција, затоа што имате поголем и подобар избор на повеќе продукти. rn
4. Не се ценкајте
rn…или па ако баш морате или сакате, правете го тоа со усул. Невкусно е да барате премногу ниски цени, а да знаете дека добивате квалитет и свежи производи.rn
5. Работата на земјоделецот не е ни малку лесна
rnОва е уште едно дополнување на правилото погоре. Копање, орање, садење, наводнување… Сето ова бара физичка работа и многу труд. Имајте го тоа предвид кога ќе ги видите цените на продуктите на пазарите. rn
6. Поголемиот дел од продавачите се трговци на мало
rnТие се оние на кои треба да им се вреднува трудот повеќе. Има и такви кои купуваат на големо и препродаваат. Пазарот треба да постои за земјоделците.rn
7. Купувајте во зависност од сезоната
rnНема смисла да купувате домати во зима и тикви во лето.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.