КАФЕ ПАУЗА

Tag: Париз

  • 5 интересни факти за Триумфалната порта во Париз

    5 интересни факти за Триумфалната порта во Париз

    Уште од 1836-та година, Триумфалната порта стои како симбол за цврстината на Париз. Направена во чест на армиите кои се бореле во Револуцијата и Наполеоновите војни, оваа масивна камена структура е еден од најпознатите воени споменици во светот.rnrnИако веројатно сте слушнале за Триумфалната порта, веројатно не ја знаете нејзината целосна приказна – од долгата изградба, до нејзината близначка од 20-тиот век.rn

    1. Изградбата била овластена од Наполеон, но тој никогаш не ја видел изградена

    rn5 интересни факти за Триумфалната порта во ПаризrnrnНаполеон ја одобрил изградбата на споменикот во 1806-та година, две години откако се прогласил за „Император на Французите“. Пред неговото крунисување, тој бил активен во француските политички и воени афери. По успехот од Француската револуција во 1799-та година, тој презел контрола над Франција и започнал голем број војни кои станале познати како Наполеонови војни.rnrnЗа да ги почести оние кои се бореле и умреле во овие битки, тој ја предложил изградбата на портата. Како што било очекувано, овој проект одзел многу време. Портата била завршена во 1836-та година, 15 години по смртта на Наполеон.rn

    2. Направена е според римската порта на Тит

    rn5 интересни факти за Триумфалната порта во ПаризrnrnКога го замислувал споменикот, Наполеон барал инспирација во древен Рим. Архитектот на портата, Жан Франсоа Шалгрин бил инспириран од Портата на Тит, структура од 1-виот век изградена во чест на римскиот император Тит.rnrnСо висина од 50 метри, Триумфалната порта е многу повисока од онаа на Тит. Покрај тоа, нејзиниот дизајн е покомплициран од древната инспирација. На основата има четири скулптурни групи – Влегувањето на Наполеон, Заминувањето на волонтерите, Освојувањето на Александрија и Битката кај Аустерлиц. На врвот на споменикот има 30 штитови изгравирани со листа од големите француски победи, додека во внатрешните ѕидови има имиња на 660 луѓе, вклучувајќи и 558 генерали.rn

    3. Под портата е закопан анонимен војник

    rn5 интересни факти за Триумфалната порта во ПаризrnrnТриумфалната порта му дава почит и на еден маж кој се борел во Првата светска војна. За разлика од останатите луѓе, неговото име го нема на споменикот. Имено, неговиот идентитет е целосно непознат.rnrnПод портата се наоѓа Гробницата на неименуваниот војник. Тој бил погребан во 1920-та година. Со цел да се симболизира француската почит кон непознатиот војник и сите кои се бореле и умреле во двете светски војни, на врвот од гробот има вечен пламен. Горејќи од 1923-та година, овој оган ја осветлува важноста од почитувањето на анонимните борци.rn

    4. Се наоѓа во центарот на Ètoile или „ѕвезда“

    rn5 интересни факти за Триумфалната порта во ПаризrnrnКога Наполеон ја замислувал градбата, имал идеја и за локацијата – западниот крај на познатата улица Шанзелизе. Овде се среќаваат неколку асфалтирани патишта, кои формираат ѕвезда. Поради ова, местото по некое време било наречено Place de l’Ètoile (Плоштад на ѕвездата).rnrnВо средината на 19-тиот век, оваа ѕвезда била одново дизајнирана од Наполеон III, како дел од неговиот проект за реконструкција на Париз. Новото место ја задржало историската форма, но наместо мали патишта, од плоштадот „излегуваат“ 12 нови авении. Во 1970-та година, плоштадот бил преименуван во Шарл де Гол во чест на починатиот претседател на Франција.rn

    5. На другиот крај од Шанзелизе се наоѓа друга порта

    rn5 интересни факти за Триумфалната порта во ПаризrnrnВо 1989-та година била изградена уште една порта на Шанзелизе. Овој споменик е модерен осврт на традиционалната порта – и со дизајнот и си симболиката.rnrnСо висина од 109 метри, оваа структура во форма на коцка на некој начин ја рефлектира Триумфалната порта. Она што го разликува споменикот од неокласичниот „близнак“ е намерата зад неговата изградба. Наместо да се фокусира на француските воени победи, оваа модерна порта ја слави разновидноста на Франција и претставува „прозорец кон светот“ и е „место каде што луѓето од разни позадини и култури можат да се среќаваат“ – идеален модел за модерна Франција.rnrnПрочитајте ја и кратката историја на Богородичната црква во Париз.

  • Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

    Погледнете ја најстарата слаткарница во Париз

    Како главен град на слатките во светот, во Париз никогаш нема недостаток од слаткарници. За да успеат во морето со неверојатни десерти, тамошните слаткари мораат да докажат дека навистина се добри, а сопствениците на продавницата за слатки À La Mère de Famille веќе два и пол века го прават тоа.rnrnПогледнете ја најстарата слаткарница во ПаризrnrnÀ La Mère de Famille била основана во 1761-ва година, од страна на младиот продавач Пјер-Жан Бернард. Откако се преселил во срцето на Париз, Бернард отворил продавница на улицата Faubourg Montmartre. Овде, тој ги привлекувал парижаните со неговите слатки специјалитети – од колачи, па сè до тегли мед.rnrnДенес нов тим производители на слатки продолжуваат да го одржуваат духот на продавницата. Во 2000-та година, Етиен Долфи кој во тој период работел како слаткар во продавницата, го презел бизнисот со неговите деца. Оттогаш, низ Париз се отвориле уште 10 вакви слаткарници, кои нуделе старомодни десерти како кандирано овошје и бисквити кои се нивен специјалитет.rnrnПогледнете ја најстарата слаткарница во ПаризrnrnСепак, и покрај новите локации, продавницата на Faubourg Montmartre останува омилена. Како најстарата слаткарница во градот, овој објект секогаш ќе има посебно место во богатата историја на Париз.rn

    „После продавање на најдобрите производи цели два и пол века, историската продавница сега е легендарна адреса чија фасада не е променета од крајот на 19-тиот век. Ова не е само продавница, ова е извонредно наследство кое секогаш ќе може да понуди нешто ново“, изјавиле сопствениците.

    rnПогледнете ја најстарата слаткарница во ПаризrnrnПогледнете ја најстарата слаткарница во ПаризrnrnПогледнете ја најстарата слаткарница во ПаризrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

    Магичната историја на гарголите на Богородичната црква во Париз

    Богородичната црква во Париз е една од најневеројатните примери за готска архитектура. Изградена во Средниот век, со векови ги привлекува верниците и туристите воодушевувајќи ги со своите кули, прозорци и скулптури.rnrnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnПокрај скулптурите од свети ликови како пророци и светци, екстериерот на катедралата има и неколку гротескни камени суштества чија цел е да ја штитат црквата од зли духови. Кога овие скулптури служат и како одвод, тие се наречени гарголи, иако овој термин погрешно се користи за сите суштества од оваа фамилија.rnrnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnБогородичната црква има функционални гарголи, но и неколку декоративни скулптури наречени химера. Иако вторите не служат како одвод, и тие станале познати како гарголи и се можеби најпознатата карактеристика на катедралата.rn

    Потеклото на гарголите

    rnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnПод водство на бискупот Морис де Сили, изградбата на Богородичната црква започнала во 1160-тите и траела речиси 200 години. На почетокот на овој подвиг, гарголите не биле одлика на француската архитектура. Но, до средината на 13-тиот век готскиот стил се прославувал со гароглите на чело.rnrnИнспирирани од старите модели најдени во храмови во Египет, Рим и Грција, архитектите од Средниот век почнале да ги вметнуваат гарголите во нивните дизајни. За наново да го осмислат овој древен концепт, тие се свртеле кон францускиот фолклор, односно кон приказна од 7-иот век. Приказната била за Свети Роман и гарголата (la gargouille), чудовиште кое блуело оган и чија глава била закована за црква и служела како одвод.rnrnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnКако што готските цркви станувале поголеми, се зголемувал и нивниот одвод. Во комбинација со суеверието на католичката црква, гарголите станале совршени за оваа намена.rnrnДо крајот на изградбата на Нотр Дам во 1345-та година, на надворешните ѕидови имало дузина гарголи од варовник. Имајќи улога на заштитници и одвод, овие суштества имаат шупливо тело, долг врат и глава на животно. Често имаат крилја со пердуви, зашилени уши и канџи припиени до телото.rnrnСпоред историчарот на уметност Мајкл Камил, гарголите на катедралата се слични едни на други поради нивната краткотрајност.rnrnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во Паризrn

    „Гарголите на средновековните цркви брзо се распаѓале. Ако правилно си ја вршеле работата како одводи, требало да се менуваат по околу еден век. Бидејќи не се издржливи како скулптурите на светците направени од камен, гарголите направени од варовник често биле заменувани.“

    rnЗа разлика од гарголите, скулптурите познати како химера, кои се навидум незаменливи, не се оригинален дел од Богородичната црква. Тие не датираат од Средниот век, туку биле изградени во 19-тиот век.rn

    Познатата химера

    rnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnВо 1800-тите, Богородичната црква била во криза. Бидејќи им здодеала готиката и го прифатиле барокот, Парижаните направиле петиција за уривање на катедралата. За среќа, францускиот писател Виктор Иго решил да ја спаси. Со цел да ја потсети јавноста за историската важност на црквата, тој ја напишал „Ѕвонарот на Богородичната црква“ (The Hunchback of Notre-Dame), новела што ја слави мистеријата и неверојатноста на Средновековната катедрала. Благодарение на успехот на книгата, интересот за црквата се зголемил, а кралот побарал и нејзино реновирање.rnrnВо 1844-та година архитектите Жан Батист Антоан Ласу и Јуџин Виолет ле Дук добиле задача да ја реставрираат старата катедрала. Тие ги поправиле оштетените делови и додале нови елементи вклучувајќи ги познатите 56 химери.rnrnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnЗа разлика од гарголите, овие статуи не се подаваат од надворешните ѕидови, туку се наоѓаат на балконот што ги поврзува двете камбанарии.rnrnКолекцијата од химери на Богородичната црква вклучува застрашувачки животни, фантастични хибриди и митски суштества. Некои од попознатите се демонот со еден рог, хибрид од човек и коза и не толку страшен слон.rn

    Гротескните суштества денес

    rnМагичната историја на гарголите на Богородичната црква во ПаризrnrnДенес посетителите можат да ги забележат и подадените гарголи и химерите. Љубопитните посетители можат дури и да се искачат во кулите и да прошетаат на балконот. Иако ќе треба да искачите 387 кружни скалила, кога ќе се соочите со овие суштества ќе сфатите дека вредело.rnrnДали знаете како навистина требало да изгледаат најпознатите градби ширум светот?

  • Неверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите во Париз

    Неверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите во Париз

    Рускиот уметник Евгениј Лушпин е познат по „моќта и светлината“ на неговите неверојатни слики. Неговите дела ги сочинуваат познати, како и мали градови и ја прикажуваат разната убавина на локации од целиот свет. Во една колекција, Евгениј го претставил неверојатниот поглед на Париз совршено доловувајќи ја магијата на „градот на светлината“.rnrnНеверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите на ПаризrnrnТој истражува неколку аспекти во неговите слики – од романтичните покриви, до тивките улици. Покрај неговото прецизно сликање и фотографскиот реализам, овие дела ја прикажуваат неверојатната способност на уметникот да ја претстави светлината.rnrnНеверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите на ПаризrnrnПрисутна во сè, од осветлените прозорци на зградите до уличните светилки, неговиот начин на сликање на секоја слика ѝ дава чувство на посветеност со малку мистериозност.rnrnНеверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите на ПаризrnrnПокрај главниот град на Франција, Евгениј ги слика и удобните европски села, како и американските градови.rnrnНеверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите на ПаризrnrnБез разлика дали гледаат во некој канал или сонуваат за некој познат мост, оние кои уживаат во делата на Евгениј речиси сигурно ќе бидат транспортирани на местото на сликата.rnrnНеверојатни илустрации што ја доловуваат магијата на покривите на ПаризrnrnПогледнете и како изгледаат менталните заболувања и нарушувања претставени со помош на архитектура.

  • Погледнете ги неверојатните фотографии од кинескиот Париз

    Погледнете ги неверојатните фотографии од кинескиот Париз

    На источниот брег на Кина, што е илјадници километри оддалечен од Париз, се наоѓа реплика на Ајфеловата кула висока околу 108 метри, сместена во градот Тиандученг. Интересно, но тука не запираат сличностите со градот на светлината. Овој град го нарекуваат уште и „Париз од истокот“.rnrn

    Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
    Лево: Париз / Десно: Тиандученг
    rnrnСамата идеја била да се направи град кој во себе го содржи класичниот европски шарм. Па така, освен Ајфелова кула, жителите на Тиандученг имаат и Триумфална порта и Елисејски полиња, Версајска палата и згради изградени во француски неокласичен стил.rnrnПред 10-тина години за Тиандученг се велело дека е град на духови, а денеска е вистинска туристичка атракција. Доаѓаат и туристи од Кина, но и од други делови на светот, особено млади парови кои сакаат совршена позадина на нивните свадбени фотографии.rnrn
    Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
    Лево: Париз / Десно: Тиандученг
    rnrnОва не е единствен случај на копирана архитектура на територијата на Кина. На пример, во еден дел од Пекинг се наоѓа областа Џексон Хол, Вајоминг, додека градот Фужу гради копија на Стратфорд, Авон, во чест на Шекспир.rnrnСпоред Бјанка Боскер, која е автор на книгата „Оригинални копии: Архитектската мимикрија во Модерна Кина“ (Original Copies: Architectural Mimicry in Contemporary China), Кинезите не се задоволуваат со кич-имитации, туку целат кон копирање на најголемите архитектонски дела, за да покажат колку се вешти и напредни во технологијата.rnrn
    Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз
    Лево: Париз / Десно: Тиандученг
    rn

    „Еднаш тие се нарекуваа центар на светот, но сега Кина се претвора во центар што го содржи светот“, напишала Боскер.

    rnСепак, Тиандученг може да биде целосна копија на Париз, но според кинеското министерство за надворешни работи, не смее да се именуваат местата како оригиналите, за да не се доведе во прашање националниот идентитет. Па така, ако некогаш се најдете во овој град што личи на европскиот град на светлината, воздржете се да го нарекувате Париз.rnrnВо продолжение погледнете уште неколку споредбени фотографии од двете локации (Париз се наоѓа на левата, а Тиандученг на десната страна):rnrnПогледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз Погледнете ги овие фотографии од кинескиот град што го копира Париз

  • Како изгледа сместувањето во најдобриот хотел на светот?

    Како изгледа сместувањето во најдобриот хотел на светот?

    La Réserve Hotel & Spa во Париз е прогласен за број 1 во светот од страна на списанието Condé Nast Traveler. Во текот на последниве 3 декади, секоја година списанието ги замолувало читателите да гласаат за најдобриот хотел. Оваа година повеќе од 300.000 читатели гласале за дури 7.320 хотели. Читателите ги оценувале собите, послугата, храната, дизајнот и вредноста. Овој хотел добил највисоки оценки во секоја категорија.rnrnШто ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?rnrnХотелот бил отворен во 2015-та година и брзо се прославил во индустријата. Според списанието, градбата на почетокот била наменета за полубратот на Наполеон II. Подоцна градбата била станбена зграда. Гостите може да уживаат во декор од 19-тиот век со мермерни камини и неверојатен мебел. Па што добивате кога сте сместени во овој хотел?rn

    Ваш батлер

    rnШто ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?rnrnХотелот има 26 апартмани и 14 соби, со сопствени батлери. Нивната цел е да ви помогнат со сè – од пакување до полнење на кадата. Гостите ги контактираат батлерите со ајпед кој им го дава хотелот за време на престојот.rn

    Храна во кое било време

    rnШто ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?rnrnОд хотелот веруваат дека гостите треба да добијат сè што ќе посакаат за време на престојот. Кога станува збор за храна, тие немаат мени, па можете да порачате што сакате за јадење.rn

    Храна од најдобрите готвачи

    rnШто ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?rnrnРесторанот во хотелот добил 2 Мишелин ѕвезди само една година по отворањето. Тој нуди француска и јапонска кујна. Вториот ресторан на хотелот нуди оброци приготвени од сезонска храна. Гостите трошат најмалку по 70 евра од оброк.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Сон на сите љубители на физичката активност: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

    Сон на сите љубители на физичката активност: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Париз

    Италијанските архитекти од фирмата од „Carlo Ratti Associati“ дошле до многу иновативна идеја да направат сала за вежбање што ќе плови по реката Сена во Париз, наречена „Paris Navigating Gym“. Освен што е креативна, оваа идеја е извонредна бидејќи салата за вежбање плови благодарение на човечката енергија што ја добива додека луѓето вежбаат. Генијално!rnrnСон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во ПаризrnrnСтаклениот покрив им овозможува на луѓето да гледаат во Ајфеловата кула додека вежбаат, што го прави целото искуство уште поневеројатно и понезаборавно. Овој брод за вежбање е 20 метри долг и може да собере најмногу 45 луѓе. Во него има велосипеди за вежбање, спортски патики и екрани кои известуваат за моменталните временски услови на реката Сена.rnrnВака е составен бродот:rnrnСон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во ПаризrnrnНаправите за вежбање се поврзани со инвертор (струјно коло што ја претвора еднонасочната струја во наизменична) кој ја претвора енергијата од вртењето на педалите во електрична енергија. Така енергијата добиена од направата и корисникот му дава енергија на бродот.rnrnСон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во Паризrn

    „Овој проект ја истражува можноста да се зачувува човечката енергија. Фасцинантно е тоа што енергијата добиена од вежбањето може да се искористи за да се придвижи еден брод! На овој начин може директно да се согледа што подразбира апстрактниот концепт за ’електрична енергија’“, изјавил Карло Рати, основачот на фирмата.

    rnСон на сите љубители на вежбањето: Сала за вежбање што плови по реката Сена во ПаризrnrnНајдобрата вест е тоа што во текот на летото салата за вежбање ќе биде со отворен покрив. Зар не би сакале и вие да имате можност да вежбате во ваква сала?

  • Уникатни производи за оние што се вљубени во Париз

    Уникатни производи за оние што се вљубени во Париз

    Ретко кој може да одолее на прекрасниот град на светлината – Париз! Ајфеловата кула, Триумфалната порта, музејот Лувр, Дизниленд, неодоливите мали кафулиња покрај реката Сена, француските шансони…rnrnУникатни производи за оние што се вљубени во ПаризrnrnВеќе посакавте да бидете дел од таа магична атмосфера, нели? Доколку и вие сте вљубени во овој незаменлив град, погледнете ги овие уникатни производи кои веднаш ќе посакате да ги имате.rnrn

    rn

  • Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

    Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

    Која е вашата дестинација од соништата? Кога би можеле да избирате, каде би отпатувале? Се вели дека човекот се богати само со искуствата. Секоја нова дестинација која ја посетуваме во нас остава неизбришлива трага и впечаток кој не може да се опише со зборови. Од ниедно патување никој не се враќа ист – нашите погледи кон животот и светот се со секој нов поминат километар малку поопширни. Всушност, во тоа се состои и суштината на патувањето – запознавање со новото.rn

    Париз, Франција

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnНа прво место, сосема оправдано, се наоѓа француската престолнина која важи за една од најромантичните градови во светот и ретки се луѓето кои немаат желба да го посетат ова место. За љубителите на француската култура, историја, уметност и фотографија, Париз е една непресушна инспирација. Конкретно, ако сте во Париз, тогаш мора да ја посетите и познатата Ајфелова кула која е и една од најпознатите знаменитости која градот може да ја понуди.rn

    Лондон, Велика Британија

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnЛондон е еден од најголемите европски градови кој вреди да го посетите поради неговата фантастична и специфична архитектура која е синоним за европската уметност, но и поради оние објекти кои го карактеризираат градот во поп културата како што се црвените говорници, нивниот јавен транспорт или познатите улици и места од историјата.rn

    Њујорк и Централниот парк, САД

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnНезависно колку ја сакате или не ја сакате Америка, сепак вреди да се истражат сите географски богатства кои ги нуди оваа земја на соништата. Прв на листата се разбира е Њујорк – големото јаболко кое денес стои како симбол за урбаната култура и модерниот живот во кој сѐ е дозволено. Природата и зеленилото се секогаш достапни кога на њујоршкото население ќе му здодее од модернизмот и брзото работно темпо и тие доаѓаат во форма на најпознатиот парк во светот. Централниот парк е едно естетски и визуелно привлечно место со неверојатна хортикултура кое секогаш изобилува со туристи.rn

    Езерото Абрахам, Канада

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnКанада сама по себе е неверојатна земја, посебно ако ја сакате зимата и снегот. Тука задолжително мора да го посетите и замрзнатото езеро Абрахам кое крие мноштво сино-бели балончиња, замрзнати под неговата површина. Оваа појава всушност е резултат на „работата“ на бактериите кои живеат во езерото, кога се хранат со алги, а потоа испуштаат гасови на метан кои во зимските периоди замрзнуваат и ја чинат оваа интересна глетка.rn

    Сината Лагуна, Исланд

    rnАко сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие местаrnrnСтанува збор за најпосетената и најпопуларната туристичка атракција на Исланд, која всушност настанала сосем случајно. Локалното населените забележало дека отпадната вода од геотермалната електрана која ги наводнува полињата што со години биле обликувани од лава, има лековити својства за нивната кожа, па така со тек на време таа вода ја претвориле во светски позната бања.rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 неверојатни градови на оваа листа.rn

  • Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

    Што треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?

    Вистинскиот и најдобриот водич за патување најчесто доаѓа од непрофесионалните извори како што се пријателите или познаниците кои ги посетиле местата пред вие да го направите тоа. Искуството е секогаш гаранција за подобра реприза и може многу да помогне за оние кои за прв пат патуваат на некоја дестинација, доколку претходно се информираат пред да тргнат во својата авантура. Во продолжение прочитајте ги најважните работи кои треба да ги знаете за најголемите европски градови кои важат за едни од најдобрите туристички атракции, според искуствата на редовните туристи и посетители кои сигурно ќе ви помогнат многу повеќе од кој било водич.rn

    1. Виена

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnВистинските Виенчани се воздржани, културни и конзервативни луѓе, па препорачливо е да не се флертува со секоја дама, ниту пак да се започнува разговор со мажите во костуми. Во Виена само туристите носат хеланки, шорцеви и патики. Тука, кафето и утринските весници се дневен ритуал, a водата не се купува, туку се пие од чешма. Доколку сакате да го користите градскиот превоз, тогаш добро би било ако платите за билет, бидејќи виенските контролори се немилосрдни.rn

    2. Рим

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnПрво правило е дека не треба да се фрла паричка во секоја фонтана. Исто така, не треба да се чека ред за Колосеумот, бидејќи се влегува со истата карта која се купува на влезот на Форумот или во Музејот. Влезот во Ватикан е бесплатен во последната недела од месецот, а Пантеон е секогаш џабе. На улиците треба да се избегнуваат средбите со „трговците“ кои нудат по некој ситен подарок, а потоа трчаат по вас за да им дадете пари.rn

    3. Барселона

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnКатедралата Саграда фамилија навистина вреди да се посети. Колку и да е гладен, туристот не треба да јаде на Ла Рамбла, туку во Готскиот кварт. Локалното население добро го владее англискиот јазик, така што ќе можете да очекувате помош за насоки во секое време. Во Барселона, иако шаренилото, разиграноста и разнобојноста се присутни насекаде, сепак не треба да се очекува фламенко и весела, распеана атмосфера, бидејќи Каталонија не е Шпанија.rn

    4. Париз

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnВо Париз е невозможно да се види сѐ, а максимумот може да се постигне само со прецизно планирање и користење на метрото. Париз е скап град, па доколку сакате да заштедите тогаш треба да избегнувате да јадете на познатите авении или на Монмартр. Најдобрата и најевтината алтернатива се рестораните на железничките станици, кои се вистински уметнички дела. Да се чека ред за Ајфеловата кула е „фрлен“ ден, а доколку навистина сакате да се искачите, тогаш поминете ги 328-те скали до првото ниво, бидејќи погледот е прекрасен и оттука, а надолу можете да слезете со лифт. Мудрите туристи не влегуваат во големите продавници и шопинг центри, колку и да се привлечни, бидејќи тука се губат минимум 3 часа. Елисејските полиња најдобро е само да се поминат, бидејќи постојат само за Американците.rn

    5. Прага

    rnШто треба да знаете за 5-те најголеми европски градови пред да ги посетите?rnrnБез размислување треба да се доплати за хотел во центарот. Не е пожелно да се оди на шопинг на Венцеславскиот плоштад, бидејќи може да се најдат идентични работи во околните места кои се многу поевтини. Не мора да пиете кафе во Старбакс или да јадете брза храна, бидејќи чешките ресторани имаат многу достапни и разумни цени на своите деликатеси. Доколку сакате да го посетите Карловиот мост, тогаш тоа треба да го строите наутро или во квечерините. Не треба да се нервира гардата на Дворецот Храдчани, бидејќи имаат силен темперамент и брзо го губат трпението. Во Прага секогаш треба со себе да понесете јакна, во кое било годишно време.