На почетокот на овој месец Кина направи нешто неверојатно со првото успешно глатко слетување на темната страна на месечината. Благодарение на ова, денес имаме можност да видиме неверојатна панорама од овој за нас невидлив дел на нашиот сателит.rnrnrnrnМисијата се состои од два роботa – приземјувачот Chang’e 4 и роверот Yutu 2. Од нивното пристигнување на 2-ри јануари, двата робота ја истражуваа месечевата површина во кратерот Вон Караман, кој е широк неверојатни 186 километри.rnrnПанорамата е направена од страна на Chang’e 4 и на левата страна можете да го забележите роверот заедно со трагите што ги оставил, а можете да ја погледнете со полна резолуција овде. Иако роверот има слобода да истражува, набрзо по пристигнувањето бил исклучен со цел да се избегне загревањето поради долгиот месечев ден. Според Кинеската академија за наука, температурата овде може да достигне и 100 степени Целзиусови.rnrnrnrnНа површината на месечината деновите и ноќите траат приближно колку 14 денови на Земјата, а роботите слетаа на нејзината површина веднаш по зајдисонцето кај кратерот. Кинеските медиуми известиле дека на 10-ти јануари роверот бил успешно вклучен, за разлика од неговиот претходник, роверот Yutu кој беше испратен во 2013-та година.rnrnНа панорамата исто така се гледаат рабовите од неколку научни инструменти кои се наоѓаат на приземјувачот. Според Кинеската вселенска администрација, некои од инструментите се веќе пуштени во употреба. Тие почнуваат да собираат податоци за темната страна на месечината и во текот на наредните неколку недели би требало да го испратат нивниот извештај.rnrnИнформациите од оваа страна на месечината не можат да бидат директно испратени на Земјата. Наместо тоа тие се испраќаат до сателитот наречен Queqiao кој е сместен на локација од која може да комуницира со Земјата.rnrnПогледнете ги и неверојатните фотографии од Марс објавени од НАСА.
Луѓето отсекогаш се обидувале да градат што е можно повисоки градби. Понекогаш причината е ограничениот хоризонтален простор, но најчесто мотивацијата е егото. Во текот на минатиот век највисоките згради во светот се менуваа неколку пати, а градовите постојано се обидуваат да се надминат едни со други. Па, погледнете кои се најубавите панорами во светот.rn
1. Дубаи, Обединети арапски емирати
rnrnrnЌе помислите дека станува збор за илузија кога ќе ја здогледате модерната архитектура што никнува од пустината. Панорамата на Дубаи е една од најмладите и најуникатните.rn
2. Шангај, Кина
rnrnrnЗаедно со кинеската економија се развива и најголемиот кинески град, а неговата панорама го докажува тоа.rn
3. Куала Лумпур, Малезија
rnrnrnМожеби не е најгустата панорама, но има неколку рекорди, вклучувајќи ги највисоките згради близначки.rn
4. Франкфурт, Германија
rnrnrnЗа разлика од другите европски градови, Франкфурт умешно ја комбинира старата и модерната архитектура.rn
5. Тајпеј, Тајван
rnrnrnОвде ќе ја видите втората највисока зграда во светот, Тајпеј 101.rn
6. Бостон, САД
rnrnrnОддалеку луѓето често ја игнорираат панорамата на Бостон бидејќи нема високи облакодери. Но, ова е еден од најстарите градови во Америка и вреди да се најде на листата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Некои градови изобилуваат со модерни облакодери, а тие потоа овозможуваат спектакуларни урбани панорамски глетки. Овде издвоивме дел од најубавите такви глетки во светот.rnrnШангајrnrn
Што ако можевте да патувате низ светот од удобноста на вашиот дом? „AirPano“, проект кој е посветен на правење панорами со висока резолуција, ви го овозможува токму тоа. Нивната огромна галерија вклучува прекрасни локации од целиот свет. Тимот се состои од руски фото-ентузијасти кои патуваат насекаде и прават фотографии од хеликоптери, авиони и воздушни балони.rnrnЊујорк, АмерикаrnrnЗа разлика од традиционалните фотографии, овие сферични панорами им овозможуваат слобода на гледачите да ја истражуваат сами областа, со можност да ја вртат самата фотографија за 360 степени и да се доближуваат гледајќи во сите детали. Оваа неверојатна технологија создава илузија како да сте навистина физички присутни на овие прекрасни локации. Погледнете…rnrn
Ова е најверојатно најголемата фотографија во светот и истата едноставно ќе ве натера да заплачете што не сте таму, токму сега, во истиов момент! Таа нуди луксузен панорамски поглед од највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, овозможувајќи ви да „бидете“ во Дубаи, бар за момент.rnrnrnrnОваа фотографија е дело на Гералд Донован, на кој што му било дозволено да се искачи на највисоката точка на облакодерот Бурџ Халифа, на 828 метри надморска височина. Благодарение на него, можете да погледнете многу убави пејзажи од Дубаи, да го „посетите“ хотелот „Burj Al Arab”, најголемиот трговски центар во светот „Dubai Mall“, стазата за трки „Meydan”…rnrnrnrnСоставена е од 48 посебни панорамски фотографии, кои ги фотографирал со резолуција од 80 мегапиксели, кои потоа ги составил во една. Резултатот е неверојатен: фотографијата е огромна и со неа можете да си играте, зумирајќи ја и ротирајќи ја, при што ви дава шанса да помислите како би се чувствувале, кога би седнале на врвот од највисоката зграда во светот. Тоа е глетката, која Том Круз ја популаризираше, седејќи на врвот од зградата, за потребите на снимањето на 4-тото продолжение од филмот „Невозможна Мисија“.rnrnТом Круз се качува по зградата во филмот „Невозможна Мисија 4“rnrnОваа фотографија е објавена во пресрет на свечената церемонија за доделување на наградите „HIPA“, која што ќе биде одржана во Дубаи, во март. Овој натпревар во фотографии има најголем паричен фонд за награди во светот. На фотографите ќе им бидат поделени 389.000 долари, а во целиот настан ќе учествуваат претставници од 99 земји. Победникот на „HIPA“, како главна награда ќе добие 120.000 долари.rnrnrnrn
„Ова е неверојатна фотографија направена од неверојатна локација. Таа ги рефлектира целите на HIPA, а тоа е проширување на границите на фотографирањето и прославување на фотографиите кои што имаат исклучителна убавина и квалитет и коишто навистина отскокнуваат“, вели Али Бин Талит, генералниот секретар за доделувањето на наградите.
Кога некој би можел да бира во која куќа во Лос Анџелес сака да живее, Blue Jay Way Residence сигурно би била при врвот на листата на желби. Оваа луксузна куќа се наоѓа на ридските падини над Градот на ангелите, нудејќи панорамски поглед над метрополата кој делува магично.Овој дом е дизајниран во студиото McClean Design, а изграден од страна на Corr Contemporary Homes во 2008 година. Се простира на 630 метри квадратни во кои се сместени бројни луксузни детали, како базен, гаража за четири автомобили и многу гостински соби за да собере доволно голем број пријатели на гости.rnrn
Доколку сакате да создадете вакви панорамски фотографии од 360 степени, нема да ви биде потребна скапа опрема, туку само малку вештина и добар дигитален фотоапарат со основни опции.rnИсто така ќе ви биде потребна и триногалка, затоа што креирањето вакви фотографии подразбира правење серии слики од едно фиксно место, притоа вртејќи се во круг. Уште една важна работа е тоа што ќе ви треба софтвер за склопување панорамски фотографии од 360 степени. Кога ќе го поставите фотоапаратот на триногалката, можете да започнете со фотографирање. При привршувањето на сетот фотографии, панорамата пополека ќе се комплетира и ќе го добива својот лик. Вртете се во со насока во која се движат стрелките на часовникот и внимавајте кадрите кои ги сликате да се поклопуваат еден со друг за отприлика 30%. Ова е потребно за подоцна да немате проблем при склопувањето.rnДоколку ги фаќате фотографиите надвор, најубаво би било да одберете сончево и ведро време, но ако фотографирате во затворен простор, осигурете се дека ќе имате доволно светлина. Откако ќе ги направите фотографиите префрлете ги на вашиот компјутер и пробајте да ги склопите во вашиот софтвер.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кршејќи го хоризонтот и сите правила, 360 World спонзорирани од Epson, Sony и Microsoft, направија да може да патуваме до саканата дестинација преку монитор со само еден клик. Убавините на Будимпешта и целиот овој убав град кој се наоѓа во срцето на Унгарија, може да видите како изгледа дење и ноќе.rnrnrnrnПанорамското фотографирање траело два дена, а се користеле два 25-мегапикселни Sony A900s фотоапарати и 400мм Minolta леќи.rnrnПогледенте го градот и сите негови познати знаменитости на дневна светлина, а потоа видете ја и магијата на градот Будимпешта ноќе.