КАФЕ ПАУЗА

Tag: овошје

  • Кое овошје содржи најмалку шеќер?

    Кое овошје содржи најмалку шеќер?

    Исхраната без шеќер е актуелен тренд, но ако размислувате да го елиминирате овошјето поради природните шеќери што ги содржи, можеби ќе сакате да размислите двапати.rnrnКое овошје содржи најмалку шеќер?rnrnОвошјето ни обезбедува многу работи што ни се потребни како витамини, минерали и антиоксиданси. Недостатокот на овие важни хранливи материи, пак, може да доведе до хронични болести како што се дијабетес и срцеви заболувања.rnrnМеѓутоа, ако сакате да ги намалите јаглехидратите на здрав начин и не сакате да претерате со овошјето со многу шеќер како бананите, има многу хранливи опции со малку јаглехидрати:rn

    Јагоди

    rnЈагодите се одлична опција кога станува збор за овошје со низок шеќер. Една чаша јагоди содржи само седум грама шеќер и обезбедува речиси, ако не и повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц.rn

    Грејпфрут

    rnГрејпфрутот е одлична опција како замена за слатки закуски, а половина порција содржи осум грама шеќер.rn

    Авокадо

    rnДа, авокадото е овошје. Големата јама во средината се смета за семе, што е една од клучните карактеристики на плодот. Авокадото е полно со здрави масти кои го штитат вашето срце и го намалуваат „лошиот“ холестерол како и фитохемикалии кои го намалуваат оксидативниот стрес. Едно авокадо содржи малку повеќе од еден грам шеќер.rn

    Сливи

    rnОна што е интересно за сливите е што можете да бидете креативни со нив и да направите работи како џемови и мармалади без шеќер.rn

    Капини

    rnЕдна шолја капини содржи седум грама шеќер, осум грама влакна и два грама протеини, што ја прави совршена хранлива закуска.rn

    Јаболка

    rnАко имате дијабетес или сте загрижени за тоа како овошјето влијае на вашиот шеќер во крвта, размислете за начинот на кој го консумирате. Целото јаболко има понизок гликемиски индекс (ГИ) од сокот од јаболко. Ова значи дека сокот од јаболко има потенцијал да го подигне нивото на шеќер во крвта повеќе од консумирањето на редовно овошје. Едно јаболко со средна големина содржи само 19 грама шеќер, додека една чаша незасладен сок од јаболко има околу 24 грама.rn

    Портокал

    rnКако и со јаболката, подобро е да се јаде целото овошје отколку да се пие сок од портокал. Обичен портокал содржи 12 грама шеќер и повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц.rnrnОткако прочитавте кое овошје содржи најмалку шеќер, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја контролирате потребата за шеќер.rnrnИзвор: n1info.rs

  • Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

    Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

    На сите нам ни е добро познато дека појадокот е најважниот оброк во денот. Сепак, важно е и што ќе избереме за првиот оброк бидејќи добро урамнотежениот појадок овозможува правилно функционирање на целото тело во текот на денот.rnrnКое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот? rn

    Овошје за појадок – да или не?

    rnПолно со влакна и важни хранливи материи, овошјето е одличен додаток за време на појадокот. Без разлика дали ќе ги комбинирате со смуди или со овесна каша, одредени овошја ќе ви ја зголемат продуктивноста во остатокот од денот.rn

    Агруми

    rnПортокалите, лимоните, грејпфрутите и лиметите се одличен извор на витамин Ц, калиум и фитонутриенти кои имаат антиинфламаторно дејство.rn

    Јаболко

    rnОва овошје е богато со влакна, витамин Ц и антиоксиданси. Јаболката имаат антивирусно и антибактериско дејство и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие им помагаат и на луѓето со сезонски алергии.rn

    Малини

    rnМалините се идеален додаток на смуди, каши и јогурт. Тие содржат фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки, а полни се со влакна и витамин Ц.rn

    Калинка

    rnОва овошје е одличен извор на антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали. Покрај тоа, содржи витамини Ц и К, како и калиум, влакна и фолна киселина.rn

    Боровинки

    rnОсвен влакна, боровинките содржат витамин Ц, манган, фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки кои го штитат срцето и го намалуваат ризикот од хронични заболувања.rn

    Диња

    rnДињите се богати со витамини А и Ц, калиум и влакна, а бидејќи содржат многу вода, тие се одличен начин за хидратација веднаш по будењето. Покрај тоа, тие содржат многу малку калории.rn

    Банана

    rnМногу популарно овошје за појадок, бананите содржат влакна, витамини од Б-комплексот и минерали како што се калиум и магнезиум. Покрај тоа, бананата заситува и може да ви обезбеди енергија со часови.rn

    Авокадо

    rnОва овошје е добар избор за појадок, пред сè поради влакната кои го поддржуваат варењето и ве одржуваат сити долго време. Можете да го намачкате на тост или да го додадете во вашиот омилен рецепт за смуди.rnrnОткако прочитавте кое овошје е најдобро за консумирање за време на појадокот, можеби ќе сакате да прочитате и кое овошје содржи висок процент на протеини.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот?

    Кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот?

    Во зима, неопходно е да го снабдите организмот со сите витамини, минерали и хранливи материи што му се потребни за да може нормално да функционира. На тој начин ќе се одбрани и од вируси и бактерии.rnrnКои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот?rnrnВо продолжение прочитајте кои намирници содржат повеќе витамин Ц од портокалот.rn

    Ананас

    rnКолку често е застапен ананасот во вашата исхрана? Покрај витаминот Ц, ананасот е богат со бромелаин кој помага при варењето. Еве зошто е совршено овошје за празниците со оглед на тоа дека трпезата ќе биде богата со храна.rn

    Манго

    rnСо оглед на тоа што изобилува со природен шеќер, ќе ја задоволи вашата потреба за слатки работи. Освен тоа, антиоксидансите од мангото можат значително да го подобрат здравјето на очите.rn

    Киви

    rnКивите содржат многу витамин Ц, а можат да ви помогнат и полесно да заспиете благодарение на хормонот серотонин.rn

    Пиперка

    rnНе е важно каква боја е, секоја пиперка има повеќе витамин Ц од портокалот и има малку калории. Идеален избор за празниците.rn

    Брокула

    rnСодржи и витамин К, кој е „виновникот“ за силни и здрави коски и правилно згрутчување на крвта (на пример, кога ќе се повредите).rn

    Карфиол

    rnИдеална храна за оние кои имаат проблем со холестеролот, бидејќи е богата со витамин Ц и не содржи масти и сол.rnrnОткако прочитавте за тоа кои видови овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц од портокалот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Зошто треба секојдневно да консумирате калинка?

    Зошто треба секојдневно да консумирате калинка?

    Ако сакате да се ослободите од холестеролот и од вишокот килограми, како и да воспоставите хормонален баланс во организмот, јадете… калинка секој ден!rnrnЗошто треба секојдневно да консумирате калинка?rnrnКалинката се смета за едно од најздравите овошја поради уникатниот состав и огромниот број корисни својства за организмот. Истражувањата покажале дека сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини од кои 6, освен во калинката, ги има само во месото. Затоа калинката може да биде одлична замена за месото доколку се одлучите да се откажете од месните производи. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка.rn

    1. Ја подобрува хормоналната рамнотежа

    rnСемките од калинка содржат масла кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа во организмот. Ова овошје е особено важно кога станува збор за женското здравје бидејќи ги ублажува болките за време на менструација, ја смирува главоболката и помага при менопауза.rn

    2. Делува како природен инсулин

    rnКалинката е корисно овошје особено во случаите на дијабетес. Половина лажичка сок од калинка 4 пати на ден го намалува нивото на шеќер во крвта.rn

    3. Го зголемува хемоглобинот

    rnНа лицата со анемија им се препорачува да пијат половина чаша разреден сок од калинка 3 пати дневно 30 минути пред оброкот.rn

    4. Ја дезинфицира усната шуплина

    rnКората од калинка ја ублажува болката во грлото и ја дезинфицира устата при стоматитис и фарингитис.rn

    5. Го намалува крвниот притисок

    rnКалинката може да го намали крвниот притисок без негативни последици врз организмот. Покрај тоа, ова овошје има и смирувачки својства. Во случај на несоница и анксиозност, се препорачува пиење чај од калинка.rn

    6. Ја подобрува меморијата

    rnСтудиите покажале дека консумирањето 8 мл сок од калинка во текот на четири недели значително ги подобрува индикаторите на вербалната и визуелната меморија.rn

    7. Го намалува гладот

    rnСамо 1 чаша сок од калинка дневно ви помага да останете сити. Според научниците, за овој ефект се одговорни полифенолите кои се содржат во сокот од калинка.rn

    8. Штити од болести на кардиоваскуларниот систем

    rnРедовното консумирање калинка значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Според некои истражувања, сокот од калинка штити од инфаркт и од мозочен удар.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка, можеби ќе сакате да дознаете и кои 10 видови храна се одлични за здравјето во студените месеци.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Неколку одлични начини како да го искористите презреаното овошје

    Неколку одлични начини како да го искористите презреаното овошје

    Колку пати ви се случило да купувате намирници кога сте гладни и да купите повеќе отколку што можете да изедете? Меѓутоа, проблемот не е во производите што може да се чуваат во фрижидер, туку во овошјето и зеленчукот што зреат многу брзо. Во продолжение ќе прочитате што да правите со овошјето што е презреано за јадење.rnrnНеколку одлични начини како да го искористите презреаното овошјеrnrnИсечете ги кафените круши и банани во стаклен сад, посипете цимет и ставете ги во микробранова печка пет минути. Овошјето подготвено на овој начин е идеално за брз оброк. Ако имате малку повеќе време и јаболка што стојат подолго време во фрижидер, можете да го пробате следново: исечете ги на колку што е можно помали парчиња и варете ги во малку вода додека да испари, а јаболката речиси да се распаднат. Измешајте лажичка мед и малку цимет. Совршено одат со овесна каша.rnrnМожете да направите коцки мраз од овошјето. Измешајте го во соковник или блендер и замрзнете го во калап за коцки мраз. Тоа ќе биде совршен додаток на коктели, смуди или вода. Секој вид овошје можете да го замрзнете одделно или да ги комбинирате по желба.rnrnПрезреаното киви може да послужи како маринада зад месо. Содржи ензим актинидин, кој ги разградува протеините. Испасирајте две кивија, додајте две лажици маслиново масло, лажичка јаболков оцет и скратете го времето за маринирање за половина.rnrnНаместо шеќер, додајте банани или боровинки во смесата за американски палачинки. Ако додавате јаворов сируп, обрнете внимание и на количината за палачинките да не бидат премногу благи.rnrnНикогаш не фрлајте го авокадото. Без оглед на изгледот, тоа секогаш може да се користи за чоколаден прелив. Измешајте го со растопено темно чоколадо и ќе добиете здрав намаз од чоколадо. Во него можете да го исечете омиленото овошје, а ќе има совршен вкус во комбинација со свеж грејпфрут. Десертот ќе биде полн со витамини К и Е.rnrnПрезреаното овошје е одлична замена за масло и јајца во рецептите за брауни и мафини. Покрај тоа што е поздраво, на тортата ќе ѝ даде сладост и густина.rnrnАко имате смачкани домати во фрижидер, ставете ги на хартија за печење и сушете ги во рерна на тивок оган околу 12 часа. Чувајте ги во затворена кутија. Можете да ги додадете во разни сендвичи и салати, а можете да додадете и презреана диња, ананас или шумско овошје.rnrnАко имате премногу меки круши и не многу свежо грозје, најдобро е да ги печете во рерна. Така се подобрува нивната природна сладост, па затоа одлично се комбинираат со житарки или крцкава брокула.rnrnАко сакате да му додадете свежа арома на коктелот, направете пире од презреаното овошје и потоа исцедете го во чаша.rnrnКафеавите и ароматични банани можете да ги додадете во јајцата или само во белките за да направите омлет со побогата текстура и побогат вкус. Одлични се и како една од состојките на овесните колачиња.rnrnПрочитајте кои 5 работи можете да ги направите со презреано авокадо.

  • Наместо цвеќе, оваа сезона засадете овошје и зеленчук на балконот

    Наместо цвеќе, оваа сезона засадете овошје и зеленчук на балконот

    Наместо да купувате неколку цветни садници што најверојатно ќе треба да ги фрлите по завршувањето на сезоната, зошто да не го „украсите“ вашиот балкон со овошје и зеленчук?rnrnНаместо цвеќе, оваа сезона засадете овошје и зеленчук на балконотrnrnСе разбира, начинот на садење ќе биде во посебни услови, но ако имате балкон свртен кон југ или југозапад, можете да засадите голем број намирници. На овие балкони има сонце во поголем дел од денот, па затоа е погодно да се засадат култури за кои е потребно повеќе сонце, односно зачини како рузмарин, магдонос, босилек и мајчина душица. Кога станува збор за зеленчукот, можете да насадите домати, пиперки, боранија, моркови, ротквици. За успешно одгледување на повеќето зеленчукови култури, потребно е растенијата да бидат изложени на сонце најмалку шест часа на ден. На балконите кои се во сенка, успешно ќе растат лиснат зеленчук, како зелена салата, блитва, рукола и други растенија што се чувствителни на високи температури и летни горештини.rnrnИсто така, многу е важно да не ги преоптоварувате саксиите со семиња или со садници, бидејќи на секој зеленчук и овошје му треба простор. На пример, оставете го босилекот да расте во саксија со дијаметар од најмалку 15 см, а гравот, чери доматите и пиперките во саксија со дијаметар од најмалку 25 см, но имајте предвид дека колку е подлабока саксијата, толку поуспешно ќе расте зеленчукот. Покрај пластичните и керамички саксии, може да користите и стари буриња и дрвени кутии. Обезбедете им дренажа на растенијата со поставување камчиња или парчиња тула на дното од садот и земја над нив. Камчињата ќе обезбедат подобра дренажа на водата.rn

    Што да засадите?

    rnОткако ќе прочитате кое растение какви услови бара и што можете да понудите, време е да започнете со садење. Ако не сте искусен градинар, можеби ќе сакате да започнете со садници оваа година, а со семе следната година, со оглед на тоа што одгледувањето од семе е малку потешко.rnrnЧери доматите се исклучително погодни за одгледување во саксии на балконот, потребно е само да им обезбедите поддршка во форма на стап кога ќе пораснат. Исто е и со пиперките и со боранијата. Доматите сакаат ѓубриво, па затоа треба да им додадете органско ѓубриво кога ќе се развијат плодовите и кога ќе почнат да созреваат. Ако сте ограничени со просторот, засадете лути пиперки. Ако одлучите да садите и благи пиперки, имајте на ум дека може да дојде до вкрстување, така што сите пиперки може да бидат лути следната година. Ако на балконот има најмалку шест часа сонце на ден, тогаш можете да засадите босилек, рузмарин, магдонос, копар и мајчина душица кон крајот на април до почетокот на мај. Ако вашиот балкон е во сенка, одгледувајте пиперчиња и нане. Исто така, можете да засадите неколку зачини во иста саксија, само проверете дали има доволно простор за сите.rnrnПрочитајте како да ги подготвите сукулентите за пролетта.

  • Кое овошје содржи висок процент на протеини?

    Кое овошје содржи висок процент на протеини?

    Кога помислувате на протеини, веројатно мислите дека ги има само во месото, морските плодови, мешунките, млечните производи и оревите. Сепак, списокот не завршува тука бидејќи има добар процент на протеини во овошјето. Иако овие намирници содржат најмногу протеини, во случај да сте на диета или сте алергични на некоја од нив, добро е да знаете дека и во овошјето може да најдете протеини.rnrnКое овошје содржи висок процент на протеини?rnrnСпоред истражувањето, жените треба да консумираат 46 грама протеини дневно, а мажите околу 56 грама. За да го постигнете ова, порцијата овошје што ja јадете за ужина нема да ви биде доволна. Во продолжение прочитајте кое овошје има висок процент на протеини за да го додадете во вашата исхрана.rn

    Гуава

    rnГуавата содржи околу 4 грама протеини во себе, многу е слатка за јадење и содржи многу витамин Ц, растителни влакна, а се препорачува да се јадат и кората и семките.rn

    Авокадо

    rnВеројатно знаете дека авокадото е одличен извор на здрави масти. Сепак, дали знаевте дека содржи и 3 грама протеини во него? Авокадото е богато со растителни влакна, магнезиум, ниацин и витамини Ц, Е и К и е одлична комбинација на масти и растителни влакна што ќе ве држат сити со часови.rn

    Кајсија

    rnСвежите кајсии содржат до 2 грама протеини. Ова овошје е добар извор на калиум и витамини А, Ц и Е, а особено е добро за здравјето на очите и кожата. Исто така, влакната што се наоѓаат во лушпата на кајсијата и во средината го подобруваат варењето на храната.rn

    Капини

    rnЕдна рака свежи капини содржат околу 2 грама протеини. Во нив ќе најдете речиси 50% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, како и високо ниво на антиоксиданти кои се борат против слободните радикали. Исто така, тие содржат дури 8 грама влакна и ќе се чувствувате прилично сити откако ќе изедете мала количина капини.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук.

  • Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?

    Што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?

    Депресија, лош мирис на телото, оштетен вид – ова се само неколку работи што може да му се случат на вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук. Постојат многу состојки во зеленчукот и овошјето што не можат да се најдат во која било друга храна и ако ги исфрлите од исхраната, може да имате разни проблеми со вашето здравје.rn

    Може да имате оштетен ноќен вид

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnАко вашиот вид се влошува ноќе, тоа може да резултира со зголемен ризик од паѓање во темница. Освен тоа, видот е клучен за безбедно возење навечер. За да можете да ги гледате предметите во темница, на вашите очи им е потребен витамин А, кој може да се најде во 2 форми: ретинол и бета-каротен. Ретинолот го има во рибиното масло и во јајцата, но тој е многу токсичен ако се внесува во големи количини. Додека јадете зеленчук и овошје, невозможно е да се предозирате со бета-каротен.rn

    Вашето тело може да почне да мириса лошо

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnПостојат неколку фактори што придонесуваат за мирисот што го испуштате од вашето тело. Исто како бојата на очите и косата, генетиката го одредува и природниот мирис што доаѓа од вашето масло и од потните жлезди. Покрај тоа, храната што ја јадете влијае многу на мирисот на вашето тело. Едно истражување откри дека луѓето кои јадат зеленчук и овошје имаат попријатен мирис на телото, дури и ако некое време не користеле сапун или дезодоранс.rn

    Откажувањето од зеленчукот и овошјето може да предизвика депресија

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnНаучниците тврдат дека цревата и мозокот се многу тесно поврзани. Балансираната исхрана не само што може да влијае на обликот на вашето тело, туку е неопходна и за вашето ментално здравје. Кога одбивате да јадете зеленчук и овошје, се зголемува ризикот од депресија. Се верува дека депресивноста ве тера да јадете нездрава храна, но нездравата исхрана не е резултат на депресија.rn

    Се покачува крвниот притисок

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnСпоред едно истражување, луѓето кои јадат помалку овошје и зеленчук, имаат поголем ризик од висок крвен притисок во споредба со оние кои ги јадат како главен дел од својата секојдневна исхрана. Лекарите им препорачуваат на оние кои имаат висок притисок да се држат до исхрана која содржи многу овошје и зеленчук.rn

    Може да развиете дигестивни проблеми

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnЗеленчукот и овошјето се познати по тоа што се значаен извор влакна што не се раствораат во вода и варењето на храната ќе се одвива полесно. Консумирањето мала количина растителни влакна се смета за една од главните причини зошто луѓето имаат запек. Диететичарите ја започнуваат листата на намирници за луѓе кои имаат слаба столица со препорака да почнат да јадат зеленчук и овошје.rn

    Може да добиете тромби во вените

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnГрозјето, зелениот лиснат зеленчук и лукот се неопходни за спречување да се формираат опасни тромби. Покрај тоа, витаминот Ц кој се наоѓа во овошјето значително помага да се намали ризикот од задебелување и згрутчување на крвта и затоа е од витално значење за крвта и срцето.rn

    Може да имате нерамномерен тен на кожата и темни кругови

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnТемните кругови под очите можат да бидат предизвикани од многу фактори, а меѓу нив е и намалениот проток на крв, што може да доведе до боја на кожата како модринки. Витаминот К, кој се наоѓа во брокулата, спанаќот, зелката и зелената салата, му помага на вашето срце слободно да испумпува крв низ телото и спречува појава на модринки на вашето тело. Дефицитот на овој витамин може да доведе до нерамномерен тен, оштетување и синкава боја на кожата.rn

    Ќе почнете да одите на стоматолог почесто

    rnШто ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?rnrnЈадењето јаболко или друго овошје и зеленчук богати со влакна, ги чистат вашите заби на природен начин и го зголемуваат лачењето на плунката. Кога вашата уста е доволно влажна, штетните киселини и бактериите се отстрануваат. Овошјето и зеленчукот содржат витамини А и Ц, како и калциум, а тие ги прават вашите заби посилни и спречуваат паѓање на забите.rnrnПрочитајте како да ја победите главоболката со помош на масажа со крпа.

  • Расте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“

    Расте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“

    Грејпфрутот може да има дијаметар до 15 сантиметри и да тежи до 1,5 килограми, а во Барбадос го нарекуваат и едно од седумте чуда.rnrnРасте во гроздови, го спречува дејството на лековите: 10 работи што не сте ги знаеле за „забранетото овошје“rnrnМожете да направите брз десерт од грејпфрут со само неколку состојки. Измешајте 2 лажици шеќер и 3 лажици бел рум и варете додека количината не се намали на 2 лажици. Потоа, прелијте ги парчињата грејпфрут, оставете ги 10 минути и послужете со шлаг, морско оревче и јагоди.rnrnВо продолжение прочитајте 10 интересни факти за ова необично агрумово овошје.rnrn1. Грејпфрутот настанал како природен хибрид на Барбадос, поради што е еден од симболите на островот, каде што е познат и како „забрането овошје“. Исто така, се нарекува едно од седумте чуда на Барбадос.rnrn2. Грејфрутот го добил своето име од англискиот збор за грозје (grape) затоа што расте во гроздови исто како грозјето.rnrn3. Џејмс Мекфадиен во 1837 година погрешно го опишал грејпфрутот како „мутација на помело“, за подоцна да се потврди дека станува збор за хибрид од портокал и помело.rnrn4. Ова цитрусно овошје не било популарно поради горчливо-киселиот вкус и затоа првично се користело само како украс, особено поради убавите лисја.rnrn5. Грејпфрутот содржи соединенија што можат да влијаат на апсорпцијата на лековите. Тие или го подобруваат дејството на лекот или го намалуваат. Ова особено се однесува на лековите за висок крвен притисок, срцева аритмија, алергии и лекови против анксиозност и нервоза.rnrn6. Големиот грејпфрут може да има дијаметар до 15 центиметри и да тежи до 1,5 килограми. Месото е поделено на 8-11 парчиња, а вкусот варира од сладок до кисел и горчлив.rnrn7. Сокот од грејпфрут и мрсната, пржена храна е идеална комбинација. Активните состојки на грејпфрутот ја намалуваат апсорпцијата на мрснотиите, па затоа нема да се здебелите.rnrn8. На едно дрво грејпфрут може да има до 680 килограми од ова овошје.rnrn9. Дури 92% од грејпфрутот е вода, што е меѓу највисоките проценти во споредба со другите овошја.rnrn10. Само половина грејпфрут содржи повеќе од половина од препорачаната дневна доза на витамин Ц, па затоа е добро да го јадете секојдневно.rnrnПрочитајте како да ги искористите лековитите својства на босилекот.

  • Зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?

    Зошто смоквата е најлековитото овошје на светот?

    Смоквата со право се нарекува рајско овошје на Медитеранот. Нејзините лековити делови се плодот, млечниот сок, листот и кората од дрвото. Смоквите содржат до 80% вода, а бидејќи ја стимулираат енергијата, најдобро е да ги јадете наутро.rnrnЗошто смоквата е најлековитото овошје на светот?rn

    1. Смоквата го намалува крвниот притисок

    rnСмоквите се одличен извор на калиум, кој помага во намалување и во регулирање на крвниот притисок. Калиумот ретко се наоѓа во храната, а е неопходен за функционирање на организмот. Многу луѓе страдаат од недостаток на калиум заради зголемено внесување сол во организмот.rn

    2. Помага при слабеење

    rnСмоквата е добар извор на диетални влакна кои го подобруваат варењето на храната и ви даваат чувство на ситост, а тоа помага при губење на вишокот килограми. Смоквите содржат многу поголема количина растворливи и нерастворливи влакна од другите овошја. Растворливите влакна го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Во 100 грама смокви има само 74 калории.rn

    3. Го намалува шеќерот во крвта

    rnЛистовите од смоква го намалуваат шеќерот во крвта. Тие може да се користат не само во подготовката на разни јадења, туку и во подготовката на чаеви. Некои истражувања покажаа дека смоквите помагаат во регулирање на шеќерот кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1.rn

    4. Го подобрува расположението

    rnСмоквите содржат голема количина витамин Б-комплекс, кој му дава енергија на вашето тело, ја прави кожата поеластична и ги зајакнува мускулите. Друга придобивка од витаминот Б-комплекс е тоа што ја подобрува работата на мозокот, а со тоа и концентрацијата и меморијата и го подобрува целокупното расположение. Ако вашето незадоволство е резултат на несоница или на ПМС, смоквите може да ви помогнат затоа што содржат магнезиум.rn

    5. Помага при брадавици

    rnВо народната медицина се смета дека смоквите помагаат при проблеми со израстоци на кожата, како што се брадавиците. Ставете половина свежа смоква на местото каде што е израстокот, оставете го преку ноќ и наутро исплакнете го со топла вода. Ако е потребно, можете да ја повторите постапката до 5 пати.rn

    6. Смоквите содржат многу витамини и минерали

    rnГлукозата и фруктозата претставуваат здрава замена за белиот, индустрискиот шеќер. Смоквите содржат многу железо, фосфор, калциум, калиум, магнезиум и витамини Б6, Е, Ц и А. Тие се богати и со бета-каротен, па затоа се препорачува да јадете смокви неколку дена пред сончање. Содржат голема количина вода и природни шеќери, така што се корисни за заздравување од исцрпеност и за детоксикација.rnrnПрочитајте кои 4 видови овошје и зеленчук содржат токсични материи.