КАФЕ ПАУЗА

Tag: откритие

  • Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

    Страв и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!

    Во Мароко, недалеку од Казабланка, е откриен нов вид мозасаур, џиновски морски рептил од ерата на диносаурусите што на научниците им овозможило да дојдат до нови сознанија за живиот свет од периодот на Креда. Остатоците кои се пронајдени во провинцијата Курибга покажуваат дека станува збор за вид кој може да порасне и до 12 метри.rnrnСтрав и трепет за сите живи суштества: Пронајден рептил кој бил поопасен дури и од Тираносауросот!rnrnСпоред палеонтолозите, станува збор за предатор кој живеел непосредно пред ударот на астероидот и за кој се верува дека ги уништил диносаурусите и многу други живи суштества на планетата.rnrnЏиновскиот рептил наречен Таласотитан атрокс е далечен роднина на игуаните и гуштерите. Со огромни вилици и заби слични на китовите убијци, перки наместо нозе и опашка налик на ајкула, Таласотитан бил страв и трепет за другите морски рептили како што се морските желки и плезиосарусите.rnrnФосилите пронајдени во Мароко нудат увид во палеобиолошката разновидност кон крајот на периодот Креда, а новооткриениот рептил кој владеел со океаните пред околу 66 милиони години, е само едно делче од еволутивната загатка.rnrnОткако прочитавте за ова откритие, можеби ќе сакате да ги прочитате и 13-те митови за диносаурусите кои не се точни.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Научниците откриле зошто потешко ги помниме имињата на луѓето кои штотуку сме ги запознале

    Научниците откриле зошто потешко ги помниме имињата на луѓето кои штотуку сме ги запознале

    Сите сме се нашле во ситуација при запознавање со некого да не можеме да го запомниме името кое ни го кажале. Нели е малку непријатна ситуацијата кога сакате да му се обратите некому, а не можете бидејќи заборавивте како се вика? Научниците откриле зошто ни се случува ова.rnrnrnrnАко мислевте дека поради лошо помнење не ги помните имињата, грешите. Науката тврди дека проблемот не се крие во „квалитетот“ на вашата меморија, туку во вашиот недостаток на внимание односно незаинтересираност. Научниците од Универзитет во Канзас тврдат дека вашата вештина за помнење имиња зависи исклучиво од нивото на вашата заинтересираност. Кај секоја личност изразен е одреден вид помнење. Некој подобро помни броеви, друг датуми, во зависност од интересирањата. Луѓето кои се социјални полесно помнат имиња бидејќи навистина ги интересираат.rnrnЛуѓето што се занимаваат со политика, продажба или работат како професори и предавачи подобро помнат имиња бидејќи се свесни дека таквата способност е предност во нивната професија. Професор по психологија од Универзитетот во Канзас открива и кои се најдобри трикови за помнење имиња. Тој вели дека треба да обрнете внимание дали личноста со која се запознавате го кажува нејзиното име во истиот момент кога вие го кажувате вашето. Ако некого не сте го слушнале убаво, замолете го да го повтори името. Може и да дадете коментар како на пример: „Така се вика и мојот син“ или „Тоа е баш убаво име“.rnrnОбраќајте ѝ се со име на личноста со која разговарате. Со помош на малку вежбање полесно ќе го запомните името на вашиот нов познаник. Исто така, луѓето сакаат кога другите им се обраќаат по име бидејќи тогаш чувствуваат дека соговорникот е заинтересиран за нив и за она што ќе го кажат.rnrnДознајте и кои се 15-те креативни начини за запознавање нови пријатели во возрасните години.

  • Интересно откритие покажува дека жените во средниот век биле многу пописмени одошто се верувало

    Интересно откритие покажува дека жените во средниот век биле многу пописмени одошто се верувало

    Траги од синиот пигмент што во средниот век се користел за сликање, биле откриени на забните наслаги на женa што починалa некаде помеѓу 1000-тите и 1200-тите години. Нeјзините остатоци биле пронајдени во Западна Германија.rnrnrnrnНаучниците успеале да го побијат општо прифатеното мислење дека жените во средниот век немале скоро никаков придонес за литературата, што во тој период најчесто се одвивала во религиски институции. Историчарката Кристина Варинер тврди дека ова откритие докажува дека жените биле многу пообразовани и пописмени во минатото.rn

    „Возбудена сум што нашата студија покажува дека со помош на археологијата можеме да откриеме некои изгубени информации за улогата на жените во историјата“, изјавила Варинер.

    rnНаучниците што ги проучувале остатоците заклучиле дека станува збор за жена, на возраст помеѓу 45 и 60 години која најверојатно била уметница што често го грицкала врвот на четката со која сликала. Се верува дека таа била една од 14-те жени што живееле во таа област, и најверојатно припаѓала на богато семејство, односно била дел од образованата класа.rn

    „Ова е директен доказ дека жената сликала користејќи редок и скап пигмент. Тоа ме води кон прашањето уште колку уметници би нашле во гробниците, ако само почнеме да ги бараме“, заклучува Варинер.

  • Се сеќавате на масивниот саркофаг што бил затворен 2.000 години? Само што го отворија!

    Се сеќавате на масивниот саркофаг што бил затворен 2.000 години? Само што го отворија!

    Пред една недела пишувавме за масивен саркофаг што бил пронајден во Александрија, Египет. Големиот црн ковчег, кој не бил отворен повеќе од 2.000 години, го привлече вниманието на целиот Интернет каде што луѓето се поделија во две категории – оние што сакаат по секоја цена да дознаат што има внатре и оние што се плашат дека со отворањето на саркофагот ќе се ослободи темна сила над нашата контрола, нешто како приказната во филмот „Мумија“ (Mummy).rnrnrnrnИзгледа дека желбата на првата група надвладеа, бидејќи научниците го отворија саркофагот. Исто така имаме и добри вести за втората група – Врховниот совет за антиквитети ги поби сите урнебесни гласини за можни клетви (што настанаа најмногу од хистерични таблоиди во Велика Британија, а од таму се проширија низ целиот свет). Во името на науката, саркофагот се отвори и планетата продолжи да си живее на истиот начин како и претходно.rnrnrn

    „Саркофагот е отворен, но сè уште не сме удрени од клетва“, шеговито изјавил генералниот секретар на Советот, Мостафа Вазири. „Во него пронајдовме три распаднати мумии, за кои веруваме дека биле воини. Еден од черепите има знаци за фрактура од остар објект. Исто така, саркофагот беше полн со црвена вода од канализација, што навлегла внатре од пукнатина, па тоа и предизвикало мумиите да се распаднат.“

    rnrnrnСоветот за антиквитети е во процес на тестирање на мумиите со цел да откријат во која ера припаѓале. Тие не веруваат дека биле дел од кралско семејство, бидејќи немало злато или сребрени маски, ниту пак амајлии или статуи кои би укажувале на ова. Исто така нема ни запис на саркофагот на кои стојат нивните имиња.rnrnrnrnДодека чекаме да се заврши ова тестирање, погледнете ги и останатите фотографии од пронајдоците.rnrn

  • Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?

    Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?

    Во гробница во Александрија, Египет е откриен масивен црн саркофаг од гранит и скулптура од маж кој можеби бил закопан таму. Саркофагот изгледа навистина неверојатно. Долг е речиси 2,7 метри, широк 1,5 метри и длабок 1,8 метри. Според Мустафа Вазири, генерален секретар на Египетскиот врховен совет за антиквитети, ова е можеби најголемиот саркофаг откриен во Александрија.rnrnШто се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?rnrnПоголемиот дел од саркофагот е покриен со дебел слој малтер, а ова укажува дека не е отворен откога е закопан. Поради ова личноста што е закопана внатре, заедно со облеката, накитот и артефактите, можеби е во одлична состојба и чека да биде откриена.rnrnДо саркофагот е пронајдена и глава на маж направена од алабастер. Главата најверојатно го претставува човекот закопан во саркофагот.rnrnШто се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?rnrnТим од Египетското министерство за антиквитети ја истражувал околината пред да започне изградба на зграда кога го откриле мистериозниот ковчег.rnrnСаркофагот датира помеѓу 304-та и 30-та година п.н.е., период по смртта на Александар Велики кога наследниците на Птоломеј Први владееле со Египет. Во овој период, Александрија била главен град на Египет.rnrnОва откритие ги остава археолозите со неколку неодговорени прашања. Кој е закопан во саркофагот? Кои артефакти се кријат внатре? Зошто саркофагот е толку голем?rnrnИако древните гробници скоро секојдневно се откриваат во Египет, најчесто тие се ограбени, или во древниот или во модерниот период. Повеќето саркофази што се откриваат се веќе отворени, артефактите се украдени, а често коските од мумиите се расфрлани од крадците.rnrnВо овој случај саркофагот не е отворен, а ова е одлична можност за археолозите да ја проучат неговата содржина. Саркофагот уште не е отворен. Со цел да се избегне оштетување, археолозите најверојатно ќе користат рендгенски зраци, компјутерски томографски скенер и други тестови за да дознаат што се крие во неговата внатрешност без да го отвораат.rnrnДознајте нешто повеќе за најпознатите нерешени мистерии од древен Египет.

  • Целиот Интернет се смее на оваа 23-годишна скриена порака во тоалетот на еден пар

    Целиот Интернет се смее на оваа 23-годишна скриена порака во тоалетот на еден пар

    Алекс и Џес Монеј, пар од Калифорнија, го реновирале својот тоалет кога откриле нешто неверојатно. И покрај тоа што сите ние си ги сметаме местата каде што живееме за домови, и тие ни делуваат како да се наши, понекогаш добиваме потсетници дека и други луѓе на времето го нарекувале овој простор дом и имале силна поврзаност со него.rnrnrnrnТокму ова се докажало и преку откритието на парот. Имено, тие пронашле скриена порака на ѕидот во тоалетот од господин и госпоѓа Шинсеки, претходните сопственици на куќата. Заедно со слатка слика од нив двајца, тие едноставно сакале да знаат што било толку лошо со начинот на кој тие го средиле тоалетот?rnrn

    Здраво! Ние сме семејството Шинсеки! Ние го реновиравме овој тоалет летото во 1995 година. Ако го читате ова, тоа значи дека вие повторно го реновирате тоалетот. Што е лошо со начинот на кој ние го направивме тоа???
    rnrnНивната порака вклучувала и слика од зајчето што тие го чувале, заедно со коментар од него дека бил добро истрениран.rnrn
    Здраво! Јас сум Кејси, зајчето. И јас живеев тука! (истренирано сум за вршење нужда!) Ќе станам следното кадбери зајче!
    rnrnОткако го споделиле своето откритие на Твитер, приказната на Алекс и Џес брзо станала вирална и ги инспирирала луѓето ширум целиот свет да ги споделат своите бизарни остатоци од претходните сопственици на нивните домови. Но, најважното прашање во целата оваа приказна е кои се Шинсеки и каде живеат сега? Како и дали нивниот зајак е сè уште жив?rnrnrnrnИнтернетот веќе е во масивна потрага на ова семејство, па се надеваме дека ќе успеат да ги пронајдат овие забавни луѓе затоа што Алекс и Џес имаат уште една порака за нив:rnrn
    Вашиот тоалет, како и домот, е прекрасен. Ни даде многу убави сеќавања и едвај чекаме да го растеме нашето мало девојче тука. Се извинуваме што го менуваме тоалетот, но тушот е премногу мал за мене и не ме собира (јас сум висок 1,82 а сопругата е 1,52). Ви благодариме за прекрасното изненадување.
    rnrnВо секој случај, реновирањето на тоалетот изгледа навистина одлично!rnrnrnrnПрочитајте и за оваа девојка која била сексуално нападната на улица, но нејзиниот напаѓач не знаел важен детаљ за неа!

  • Слушнете ја најстарата песна на светот што била напишана пред 3.400 години!

    Слушнете ја најстарата песна на светот што била напишана пред 3.400 години!

    Населбата во северна Сирија, позната како Угарит, е населена уште од Неолитот (6000 година п.н.е.). До 15-тиот век п.н.е. таа се претворила во стратешки пристанишен град кој бил поврзан со Империјата на Хититите, Египет, па дури и Кипар. Поради оваа мрежа, градот го достигнал својот врв во периодот од 1450 до 1200 година п.н.е. Неговата слава може да се забележи од многу археолошки откритија кои вклучуваат храмови, библиотеки и палати кои биле уникатни во тој период од историјата.rnrnslushnete-ja-najstarata-pesna-na-svetot-kafepauza.mkrnrnНо покрај реликвиите на минатото, во 1950-тите, археолозите успеале да откријат нешто навистина интересно. Тие го откриле најстарото музичко дело, односно химна која е стара 3.400 години, и е запишана со знаците од хурискиот јазик. Оваа музичка компилација е пронајдена во глинени плочи и е позната како „Хуриски песни“. Песните најверојатно биле отсвирени на лира, а „најцелосната“ песна е „Хуриската песна за Никал“, божица на градините и овоштарниците.rnrnЕкспертите успеале да ја рекреираат мелодијата на оваа песна. На видеото во продолжение можете да слушните „модерна“ верзија на оваа древна композиција која е отсвирена според интерпретацијата од 1972-та година, на Ан Драфкон Килмер, професор на Универзитетот во Калифорнија.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Brvy4BbK2ZQrnrnАко не ви се допаѓа оваа верзија, некои професори, вклучувајќи ја и Ан, успеале да ја преработат песната за лира, инструментот кој наводно се користел во тој период. Музичарот Мајкл Леви направил и своја верзија која можете да ја слушнете во продолжение.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=9c-hmFN610g

  • Научниците ја пронашле митската река што врие во Амазон

    Научниците ја пронашле митската река што врие во Амазон

    Понекогаш легендите се покажуваат како вистинити. Длабоко во амазонската џунгла, далеку од општеството, постои древна легенда за реката која врие и која може да го „испржи“ секое живо суштество кое ќе се обиде да плива во неа.rnrnnauchnicite-ja-pronashle-legendarnata-vrela-reka-vo-amazon-kafepauza.mkrnrnИмето на реката, Shanay-timipshka, во буквален превод значи „зовриено од топлината на сонцето“. И конечно, научниците ја откриле реката која многумина ја сметале само за мит. Легендарната река чија вода буквално врие е скриена во срцето на перуанскиот Амазон. Откриена е од геофизичарот Андре Рузо.rn

    „Кога бев мал, татко ми ми кажуваше приказни за митскиот златен град скриен во перуанската џунгла.“, изјавил научникот кој го поминал своето детство патувајќи помеѓу Никарагва, Перу и Тексас.

    rn

    „Кога го забележав ова, веднаш го земав мојот термометар. Просечната температура на реката беше 86 степени Целзиусови. Тоа не е точка на вриење, но е доволно блиску. Не е легенда.“

    rnРеката е долга околу 6,5 километри, а нејзината најширока точка е 25 метри. Најдлабоката точка на реката е 6 метри. И покрај тоа што е далеку од најблискиот вулкански центар, таа се „храни“ со термалните води од околината, а ова ја објаснува нејзината температура.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yRNwHoc7bq0rnrnСпоред мерењето, температурата на водата достигнува и до 100 степени. Воздухот над реката е толку жежок што можете да почувствувате „горење“ во носот и белите дробови.rn

    „Физички е невозможно да замислите толку многу жешка вода. Ако ја ставите раката во реката можете да добиете изгореници од втор или трет степен“, изјавил научникот.

    rn

    „Видов многу животни кои паднаа во водата, од птици до влекачи. Комплексните организми, како што сме ние, не би ја поднеле високата температура и буквално би се свариле во реката.“

    rnСо хемиска анализа, научниците откриле дека водата од реката на почетокот паднала како дожд, најверојатно некаде во Андите. Како што патувала надолу, водата се загревала од геотермалната енергија на планетата, за на крај да заврши како реката која врие во Амазон.

  • Хороскопските знаци се поместија: НАСА инспирира промени во астрологијата за прв пат во 2.000 години!

    Хороскопските знаци се поместија: НАСА инспирира промени во астрологијата за прв пат во 2.000 години!

    Ѕвездите се извор на информации, почнувајќи од начините за надминување на проблемите и формирање здрава љубовна врска, сè до подобрување на вашиот карактер, па и многу повеќе. Ова се користело уште од антички времиња во различни култури, а денес го користиме и ние. Астрологијата може да се дефинира како верување дека комбинацијата на сонцето и различни соѕвездија може да влијаат на нашите животи. Ова верување потекнува од околу 2.000 години пред нашата ера.rnrnВашиот хороскопски знак се промени: НАСА ги надополнува хороскопските знаци!rn

    Студиите спроведени од НАСА покажуваат промени во положбата на соѕвездијата

    rnНоќното небо е поразлично од тоа како го гледале античките астролози. Според студиите спроведени од страна на НАСА, сега соѕвездијата се изместени за околу еден месец, па 86% од луѓето живеат сметајќи се себеси за погрешен хороскопски знак. Доколку верувате во астрологијата, тогаш знаете дека хороскопските знаци се одредуваат според соодветните соѕвездија на небото. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги вистинските дати за хороскопските знаци што важат за денешниот модерен свет.rn

      rn011

    • Јарец: 9 јануари – 15 февруари
    • rn011

    • Водолија: 16 февруари – 11 март
    • rn011

    • Риби: 12 март – 18 април
    • rn011

    • Овен: 19 април – 13 мај
    • rn011

    • Бик: 14 мај – 19 јуни
    • rn011

    • Близнаци: 20 јуни – 20 јули
    • rn011

    • Рак: 21 јули – 9 август
    • rn011

    • Лав: 10 август – 15 септември
    • rn011

    • Девица: 16 септември – 30 октомври
    • rn011

    • Вага: 31 октомври – 22 ноември
    • rn011

    • Скорпија: 23 ноември – 29 ноември
    • rn011

    • Змијоносец: 30 ноември – 17 декември
    • rn011

    • Стрелец: 18 декември – 8 јануари
    • rn

    rnМожеби ќе се зачудите дека постојат тринаесет хороскопски знаци. Всушност, ова и не е ново откритие. Античките вавилонски астролози уште одамна ги откриле овие тринаесет соѕвездија, но го исфрлиле Змијоносецот за знаците да бидат подеднакво поделени. Но, сега тој повторно влегува на листата. Па, ако сте родени од 29-ти ноември до 17 декември, тогаш следниве карактеристики се однесуваат на вас…rn

    Змијоносец: Тринаесеттиот знак

    rnВо грчката митологија, Змијоносецот е идентификуван како Асклепиј, исцелител и син на Аполо. Асклепиј имал моќ да ги воскресне мртвите. Разбеснетиот бог Хад го убедил Зевс да го убие Асклепиј со гром. Мртов, Асклепиј бил ставен како ѕвезда. За Сумерите, тој е познат како богот Енки, додека пак за Египќаните, како Имхотеп кој живеел во Египет околу 27-от век пред нашата ера. Во Библијата, овие карактеристики припаѓаат на Јосиф. Всушност, Имхотеп е египетското име за Јосиф.rn

    Карактеристики на Змијоносецот

    rnАко сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември, тогаш вие сте родени во знакот на Змијоносецот. Овие карактеристики може да ве дефинираат подобро од Скорпијата или Стрелецот.rn

      rn011

    • Барате мир и хармонија
    • rn011

    • Поетски сте настроени и инвентивни
    • rn011

    • Барате поголема едукација и мудрост
    • rn011

    • Интуитивни сте
    • rn011

    • Имате потајни непријатели во фамилијата
    • rn011

    • Сакате високи достигнувања
    • rn011

    • Сакате да носат живописни бои и карирани дезени
    • rn011

    • Сакате да имате авторитет
    • rn011

    • Привлекувате среќа за себе и за другите
    • rn

  • Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

    Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!

    Општото мислење е дека жените ги привлекуваат мажи со силни мускули и добра смисла за хумор. Меѓутоа, според неодамнешните научни откритија, големината на мускулите и способноста за кажување добри шеги воопшто не се важни кога станува збор за привлекување на женското внимание. Напротив, главниот фактор кој придонесува за тоа еден маж да стане популарен кај спротивниот пол е алтруизмот, односно волјата да прави добри и хумани дела.rnrnНауката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!rnrnИмено, неколку тима од научници од различни делови во светот решиле да спроведат истражување кое би им ги дало потребните одговори. Најинтересни се откритијата на научниците од Канада кои дошле до фасцинантен факт. Наводно, мажите кои се алтруисти почесто водат љубов од останатите.rnrnИстражувачите ги прашале неженетите Канаѓани колку често правеле добри дела како што се донирање пари во хуманитарни цели или помагање некому да го поправи автомобилот кој се расипал на улица. Потоа, им поставиле прашања за приватниот живот. По извршените анализи на добиените информации, научниците дошле до заклучок дека добродушните мажи навистина се попопуларни кај понежниот пол. Тие мажи имаат многу врски во текот на нивниот живот и на нивните партнерки никогаш не им недостасува интимност.rnrn

    Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!
    За време на снимањето на филмот „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) актерот Бредли Купер набавил стотици зимски јакни за луѓето бездомниците и нашол време самиот да им ги даде.
    rnrnВо едно друго истражување, научниците побарале од жените да одберат по двајца мажи, од кои едниот би бил за сериозна врска, а другиот за една вечер. На секоја жена ѝ биле дадени повеќе фотографии од различни можни кандидати кои варирале од згодни до просечни. Половина од тие мажи учествувале во некои хуманитарни проекти или имале некои други видови алтруистички активности, а оваа информација била вклучена во описот на фотографиите. За една вечер, поголемиот дел од жените одбрале егоистични, но згодни кандидати. Меѓутоа, кога требале да одберат потенцијален партнер за сериозна врска, мнозинството од учесниците одбрале мажи со добра и дарежлива личност, наместо мажи со привлечен надворешен изглед.rnrnРезултатите докажуваат дека жените го сметаат алтруизмот кај мажите за показател дека станува збор за човек кој ќе биде добар татко и сопруг, човек кој одговара за долга и стабилна врска.rnrn
    Науката открива која е главната тајна на машката привлечност: Нема никаква врска со изгледот и смислата за хумор!
    Бред Пит ја финансирал изградбата на стотици куѓи за семејствата кои настрадале од поплавите во Њу Орлеанс. Тој самиот лично го надгледувал процесот на градење и реновирање во текот на сите фази.
    rnrnСлично истражување било спроведено и кај мажите. Кога требало да одговорат каква жена би сакале за сериозна врска, тие исто така одбрале добродушни кандидатки бидејќи сметале дека тие би им биле добри мајки на нивните идни деца.rnrnСекако дека физичката привлечност и добрата смисла за хумор не се целосно безначајни. На пример, жените сметаат дека способноста да се каже добра шега е знак на интелигенција. Што се однесува до надворешната убавина, таа не е толку значајна ако мажот има добро срце и благ нарав.