КАФЕ ПАУЗА

Tag: откритие

  • Бизарно откритие: Вашето проѕевање може да одреди дали сте психопат

    Бизарно откритие: Вашето проѕевање може да одреди дали сте психопат

    Според неодамнешните истражувања, дури и најмалите детали можат да ја откријат вистината за нечиј психолошки профил. Истражувачите откриле дека вашето проѕевање може да одреди дали сте психопат, така што можеби би било добро да обрнете повеќе внимание на ова несвесно дејство. Зачудувачки, но психопатските тенденции не се поврзани со тоа колку долго се проѕевате, каков звук правите притоа или дали ја покривате устата или не, туку најважно е времето кога се проѕевате.rnrnБизарно откритие: Начинот на кој се проѕевате може да одреди дали сте психопатrnrnПсихопатијата се дефинира како недостаток на чувство на емпатија, а тоа е една од главните причини зошто проѕевањето е толку заразно. Истражувачите од Универзитетот во Бејлор откриле дека колку човекот има помало чувство на емпатија, толку помали се шансите да се проѕева кога ќе види некој друг како го прави тоа. За целите на истражувањето, 135 студенти пополниле тест за личноста кој ги одредувал психопатски карактеристики на поединецот, меѓу кои спаѓаат себичност, рамнодушност, импулсивност и бестрашност. Потоа учесниците биле изложени на експеримент во кој гледале видеа од 10 секунди од различни човечки изрази на лицето, вклучувајќи ги и оние што се случуваат кога луѓето се проѕеваат, и притоа биле надгледувани нивните реакции со помош на електроди.rnrnРезултатите покажале дека колку повеќе поени имал испитаникот на тестот за личност, толку помала била веројатноста дека ќе се проѕева додека го гледал видеото. Со други зборови, оние кои немаат емоции, не чувствуваат вина и немаат обѕир кон туѓите чувства се имуни на заразното проѕевање.rnrnБизарно откритие: Начинот на кој се проѕевате може да одреди дали сте психопатrnrnЗа луѓето, приматите, па дури и кучињата, проѕевањето е заразно и тие имаат потреба да ги имитираат проѕевањата на оние што им се блиски. Иако се проѕеваме уште од самото раѓање, социјалното проѕевање започнува кај децата на возраст помеѓу 4 и 5 години, односно на истата возраст кога почнува развојот на емпатијата. Ова едноставно дејство им помага на луѓето да се зближат и да комуницираат преку имитирање на меѓусебното однесување.rnrnДоколку се прашувате дали во вас се кријат некои психопатски карактеристики, или, пак, се сомневате дека некој ваш близок можеби ги поседува истите, погледнете го ова видео од „Asap Science“ и видете колку долго можете да издржите без рефлексивно да вдишете длабоко заедно со останатите.rnrnrnrnДоколку успеавте цели 3 и пол минути да се изнагледате луѓе како се проѕеваат, а притоа вие ниту еднаш не проѕевнавте, не грижете се! Тоа не значи дека треба да се предадете на полиција пред да почнете да убивате сѐ што ќе ви се најде на патот. Авторот на истражувањето, Брајан Рандл, вели дека дијагностицирањето на психопатите е комплексен процес, а ова со заразното проѕевање е само корисен показател кој ја олеснува процедурата, но не е и одлучувачки фактор. Дури и да поседувате голем број психопатски карактеристики, тоа не значи дека сте злобна личност, туку човек кому му е малку потешко да се поврзе со останатите и да оствари стабилни односи и врски.

  • Археолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмуните

    Археолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмуните

    Изгледа човештвото не е единствениот вид кој успеал да влезе во камената доба. Познато е дека мајмуните како шимпанзо, капучин и макаки користеле камени алати за нивните потреби, но неодамнешните откритија ги натерале научниците да погледнат кон една важна страница од животинската историја од сосема друг аспект.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnБарајќи ги живеалиштата на мајмуните, научниците од Универзитетот Оксфорд нашле многу камени алати направени за работа. Извршена е проценка дека овие предмети пронајдени во Бразил се стари не помалку од 700 години и несомнено се изработени од страна на мајмуните капучин. Се чини дека овие мали мајмуни ја откриле употребата на чеканот и длетото многу порано отколку што можеме да си замислиме. Имено, бразилските капучин мајмуни ги користеле овие камени алати за да отвораат индиски ореви.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnОва е најраниот археолошки пример на употреба на алати од страна на мајмуните надвор од Африка. Постојат уште некои археолошки докази кои покажуваат дека дивите макаки мајмуни на брегот на Тајланд користеле камени алати со децении за да ги отвораат школките и оревите.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnМајкл Хаслам, автор на овој проект, кој се посветил на археологија на приматите, смета дека ова откритие може да го смени нашиот поглед на животинскиот развој и еволуција. Научникот дури и ја предложува теоријата дека нашите предци ги научиле нивните работни вештини од древните мајмуни.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnОва фасцинантно откритие го доведува до прашање досегашниот факт дека луѓето се првите создавачи на оваа планета. Во продолжение, погледнете го следново видео во кое ќе можете да видите дел од ова неверојатно истражување.rnrn

  • Неверојатно научно откритите: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!

    Неверојатно научно откритите: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!

    Новото откритие е од големо значење за лекарите кои се занимаваат со трансплантација на органи, но и за судската медицина, бидејќи времето кога настапува смртта сега би можело да се одредува со неверојатна прецизност и точност.rnrnИмено, научниците откриваат дека човечкото тело продолжува да живее уште 48 часа по официјалното прогласување на смртта. Кога човечкиот мозок престанува да работи и кога респираторниот и циркулаторниот систем престануваат да функционираат, лекарите службено прогласуваат дека настапила смртта. Но, едно ново американско истражување покажува дека таа дефиниција би можела да се промени. Барем во одредена смисла.rnrnНеверојатно научно откритие: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!rnrnСпоред научниот труд објавен на веб-сајтот Biorxiv, повеќе од стотици гени во телото продолжуваат да функционираат уште најмалку два дена по смртта. Освен тоа, во клетките се будат некои гени кои за време на животот не биле активни. Истражувањето кое било под водство на Питер Ноубл и Алекс Позитков од Универзитетите во Вашингтон и Сиетл, ги проучувало активностите на гените во органи на глувци и риби. Стотици гени се вклучиле веднаш по смртта. Меѓу нив била и групата гени за фетален развој, која обично се исклучува веднаш по раѓањето, но и групата гени која се поврзува со зголемениот ризик за заболување од рак. Нивната активност го достигнувала врвот 4 часа по смртта.rnrnАвторите претпоставуваат дека слични процеси се случуваат и во човечкиот организам. Досега има неколку истражувања кои покажале дека различни гени кај луѓето, меѓу кои и оние за контракции на срцевиот мускул и за заздравување на раните, се активни повеќе од 12 часа по смртта. Фактот дека по смртта се активираат некои гени поврзани со ракот е многу важен за трансплантацијата на органи. Научниците веќе имаат откриено дека ризикот за заболување од рак се зголемува кај луѓето со пресадени органи. Затоа во одредена мера можат да придонесат и лековите за намалување на реакцијата на имуниот систем кои ги земаат пациентите, со цел нивното тело да не го отфрли органот.rnrnНеверојатно научно откритие: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!rnrnМеѓутоа, американските експерти сметаат дека би требало да се истражи колкава улога би имале во тоа гените кои се будат по смртта. Се наметнува прашањето зошто толку многу гени се вклучуваат по смртта? Научните портали наведуваат дека постојат два можни одговора. Првиот е дека телото природно настојува да ги вклучи гените, кои инаку се вклучуваат при сериозни повреди. Другиот е дека исклучувањето на голем број гени им дава прилика за вклучување на оние гени кои за време на животот биле замолчени од активностите на останатите.rnrnОва истражување дефинитивно ги доведува до прашање дефинициите за смртта и отвора можности за голем напредок во медицината.

  • Дознајте која е најслабата крвна група

    Дознајте која е најслабата крвна група

    Постоењето на четирите крвни групи, А, В, АВ и 0 се јавило како последица на еволуцијата. Австрискиот доктор Карл Ландстајнер во 1900-тата година открил 3 крвни групи А, В и 0. Тоа било огромно откритие поради кое Ландстајнер освоил Нобелова награда за големо достигнување во медицината. Неколку години подоцна била откриена и крвната група АВ.rnrnДознајте која е најслабата крвна групаrnrnЕдна од крвните групи се разликува од останатите по тоа што содржи антигени, односно обвивка околу црвените крвни клетки кои му помагаат на телото да препознае кои крвни клетки се ваши. Тоа значи дека ако пациент со крвна група А прими трансфузија од донатор со крвна група В, антителата во организмот на пациентот ќе ја одбијат примената крв бидејќи не им одговара. Тогаш постои опасност од згрутчување на крвта што може да го загрози животот на пациентот.rnrnПостојат два главни антигена кои ги опкружуваат ертитроцитите, наречени А и В. Ако вашата крвна група е АВ, во вашето тело има А и В антитела. На крвната група 0, пак, ѝ недостасуваат антигените А и В поради што антителата на пациентот со крвна група 0 ќе ги нападнат антителата на крвните групи А и В при трансфузија. Токму поради ова луѓето со крвна група 0 можат да примаат крв само од истата крвна група.rnrnДознајте која е најслабата крвна групаrnrnКрвната група А е најстарата крвна група, а сите останати настанале како резултат на мутации кои биле неопходни за човекот да преживее, односно да се спротивстави на одредени болести. Така пред 5 милиони години настанала крвната група 0, а набрзо по неа и крвната група В.rnrnПостои верување дека тие мутации опстанале благодарение на нивната отпорност на одредени болести. Научниците заклучиле дека клетките заразени со маларија не се врзуваат лесно со крвната група В или 0, што значи дека луѓето со тие крвни групи се поотпорни на маларија отколку луѓето со крвна група А.rnrnОттука доаѓаме до заклучок дека крвната група А е „послаба“ од останатите.

  • Каде, кога и зошто настанал бројот 0?

    Каде, кога и зошто настанал бројот 0?

    Многу истражувачи со векови верувале дека нулата е изум на арапските математичари, а некои сметале дека за прв пат била употребена во Европа. Енигматичниот број 0 е специфичен по многу работи, а пред сѐ е познат како безграничниот број на филозофски и математички вредности. Но, кога всушност човештвото за прв пат го искористило бројот 0 и зошто?rnrnКаде и кога настанал бројот 0?rnrnПрвите системи ја користеле нулата како ознака, а не како број со сопствена вредност и својства. Францускиот археолог Жорж Кеде во 1931-та година објавил еден текст со наслов „За потеклото на арапските броеви“ каде еднаш засекогаш докажал дека нулата е источен изум. Кеде својата студија ја засновал врз една камена плоча, позната како К-127, која била откриена во Камбоџа.rnrnНо, бројот 0, забележан на оваа плоча, е најстарата откриена нула досега и потекнува од околу 683-тата година од новата ера, поточно околу два века пред првата арапска држава. Откритието ги поткрепило теориите дека индискиот математичар Брамагупта е првиот кој ја вовел нулата во математичките операции.rnrnТој под броевите пишувал точки за да ја означи нулата. Тие точки биле нарекувани сунија (празно) и ка (место). Големиот математичар ги поставил основните закони за добивањето нула со собирање и одземање, како и правилата за преостанатите математички операции каде нулата е неопходна. Со настанокот на нулата, овозможена е алгебарската дефиниција на негативните броеви и развојот на математичките системи.

  • Научниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНК

    Научниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНК

    Лекувањето на ХИВ вирусот доживеа многу промени и пресврти од 1980-тите години до денес и научниците сè уште се обидуваат да пронајдат соодветна терапија која не само што го контролира, туку и целосно го отстранува вирусот од 37-те милиони луѓе низ светот кои се инфицирани. Научниците и истражувачите направиле важен чекор кон безбедното отстранување на ХИВ вирусот од човечкиот имунолошки систем и запирањето на неговото повторно појавување.rnrnНаучниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНКrnrnКако што објаснуваат во научните забелешки, истражувачите требало да го нападнат вирусот онаму каде што се криел: Во човечката ДНК. ХИВ вирусот примарно цели на делот од белите крвни клетки, кој е витален во борењето на организмот со инфекциите, наречен ЦД4+ и се интегрира во клеточната ДНК. Напаѓањето на вирусот не е лесно, бидејќи неговото уништување може лесно да ги уништи и имунолошките клетки, што во никој случај не е добар резултат. За да го нападнат само вирусот, научниците користеле еден систем за уредување на гените наречен CRISPR/Cas9. Системот ја скенира клеточната ДНК додека не ја пронајде секвенцата на вирусната ДНК, а потоа ја дели таа секвенца, го отстранува вирусот и одново ги поврзува двата краја. Најдобриот дел е тоа што процесот не ѝ наштетува на клетката, не ја загрозува нејзината функција и ја прави отпорна на повторното појавување на вирусот.rn

    „Антиретровирусните лекови се многу добри во контролирањето на ХИВ инфекцијата, но пациентите изложени на ваквата терапија патат од забрзано повторно појавување на вирусот, доколку го запрат третманот“, вели главниот истражувач Камел Калили.

    rnКлучно е да се спомне дека иако клетките во оваа студија биле човечки, сепак не биле внатре во еден човек, што значи дека сè уште постојат многу пречки кои треба да се преминат пред генетското уредување да биде користено како терапија. Но, ова истражување сепак покажува дека лекувањето е теоретски и делумно практично возможно, што им ја дава и потребната самодоверба на научниците да продолжат напред.

  • Големо научно откритие ги открива можните причини за шизофренија

    Големо научно откритие ги открива можните причини за шизофренија

    Во неодамнешно пионерско истражување, научниците ги откриле можните биолошки причини за шизофренија. Откритијата објавени во списанието „Nature“ ни покажуваат врска помеѓу „синаптичкото кастрење“ и развојот на ова психолошко нарушување. Синаптичкото кастрење е процес при кој дополнителните неврони и синаптичките врски се елиминираат со цел да се зголеми ефикасноста на невронските трансмисии. Како што човечкиот мозок старее, природно ги раскинува непотребните или слабите врски помеѓу невроните.rnrnГолемо научно откритие ги открива можните причини за шизофренијаrnrnНормално ова кастрење се случува во текот на адолесценцијата во префронталниот кортекс, каде што се развиваат критичкото расудување и планирањето на вештините. Кога одредени гени го забрзуваат овој процес, истражувањето тврди дека личноста може да стане предиспонирана за зачеток на шизофренија.rnrnИстражувачите почнале да се сомневаат дека синаптичкото кастрење може да биде причина за шизофренија откако претходните истражувања им покажувале дека оние кои се погодени од овој процес имаат намален број невронски врски, во споредба со тие кои немаат вакво нарушување. Но, третманите базирани на овие откритија сепак нема да бидат достапни во скоро време. Овие резултати конечно им овозможија на научниците да се фокусираат на биолошките причини бидејќи станува збор за епохално откритие кое ги заобиколуваше со децении.rnrnСе верува дека постојат повеќе од 50 милиони шизофреници ширум светот, кои страдаат од нарушен поглед на реалноста и халуцинации, па овие откритија се ветувачки знак за прогрес во однос на клиничките испитувања, раната детекција и превенцијата.

  • Случајно откриена нова теорија за Стоунхенџ

    Случајно откриена нова теорија за Стоунхенџ

    Автор: Маја ЛинковаrnrnМногу археолози долго време тврдеа дека камењата Стоунехџ некогаш претставувале полн круг. Сега конечно се откриени докази кои се во прилог на оваа теорија.rnrnsluchajno-otkriena-nova-teorija-za-stounhendzh-kafepauza.mkrnrnМеѓутоа, до откривањето на вистината не дошле научниците, туку еден човек кој работи на одржувањето на Стоунхенџ и неговата околина.rnrnСпоменикот Стоунхенџ датира од неолитскиот период, се наоѓа во британскиот округ Вилтшир и се состои од огромни камења кои формираат нецелосен круг.rnrnРаботникот Тим Ду, пронашол траги на земјата каде што некогаш се наоѓалe огромни камења, со кои би бил комплетиран кругот.rnrnСекое лето работниците ја поливаат тревата околу споменикот, но претходното лето немале доволно долго црево, па поради тоа не можеле да ја навадат целата трева. Додека Ду ја гледал тревата околу камењата, забележал дека на делови на земјата има израснато многу малку трева, токму на местото каде што кругот е прекинат.rn
    rn

    „Стоев на патеката и ја гледав тревата во близина на камењата, размислував дека треба да набавиме долго црево за поливање за да можат овие делови одново да раззеленеат“, вели Ду.

    rnrnТогаш тој се сетил дека токму на тоа место претходно, археолозите барале и се обидувале да најдат траги од камења кои недостасувале.rn
    rn

    „Се сеќавам дека археолозите безуспешно бараа нешто што би им укажало на тоа дека камењата се наоѓале на ова место. Го повикав колегата да го види истото, па решивме да се обратиме кај професионалците“, изјави Ду.

    rnrnСувата земја, онаму каде што работниците не успеале да ја навадат поради краткото црево, открила делови со многу малку трева. Веројатно претходно трагите не биле видливи бидејќи имало многу врнежи.rnrnАрхеолозите направиле фотографии над Стоунхенџ и утврдиле дека многу од тие делови со соголена земја, се поклопуваат со местата на кои би се наоѓале камењата. Останатите делови се видливи на местата каде што уште во 1901 година биле направени ископувања, а тоа укажува на фактот дека не настанале сами по себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Откријте која е вашата страст

    Откријте која е вашата страст

    Исполнетоста во животот во голема мера зависи од секојдневни нешта кои со себе носат задоволство. Тоа доаѓа оттаму што тие работи ги правиме со голема страст. Страста е многу силна движечка сила, која доколку се внесе во извршувањето на одредена активност, неизмерно ќе го збогати животот. Доколку вие сè уште не сте пронашле нешто такво, кое секојдневно, или барем одвреме-навреме ќе ви ги полни батериите, следните чекори имаат за цел да ви помогнат да откриете што е тоа и да уживате во она што сакате да го правите.rnrnОткријте која е вашата страстrn

    Што знаете да правите добро?

    rnРазмислете за тоа во што сте навистина добри. Дали можеби има работи кои сакате да ги правите, но сметате дека не сте добри во тоа, па ги избегнувате? Можно е токму тука да се крие она нешто кое ќе додаде нешто убаво во вашиот живот. Не мора да бидете брилијантни во одредена активност за тоа да биде вашата страст. Нема секој талент за цртање, но ако вам ви причинува задоволство, само напред.rn

    Кои ограничувања ви пречат?

    rnКога постои нешто што страсно сакате да го правите, ќе ви пречи сето она што ќе ви оневозможува да му се препуштите на тоа. Ако од време-навреме сакате да направите по некоја фотографија, а брат ви постојано ви го зема фотоапаратот, што вам многу ви пречи, може да значи дека токму фотографијата е вашата страст.rn

    Што сакате да читате?

    rnКога некоја активност многу ве привлекува, ќе поминете часови читајќи нешто во врска со тоа. Во прв момент може и да не помислувате сериозно да се бавите со тоа. Сепак, секој не го троши времето на читање магазини за риболов или прегледување видеа со танци. Страста е таа која го поттикнува интересот за овие работи.rnrnОткријте која е вашата страстrn

    Што сте сакале да правите кога сте биле деца?

    rnОва е веројатно е наједноставниот начин да ја откриете вашата страст. Кога сте биле дете сте имале можност да покажете наклонетост кон што било без да бидете оптоварени со очекувањата според кои живеат возрасните.rn

    Кога губите чувство за време?

    rnКога страста ќе ве обземе, таа предизвикува губење на чувството за време. Ако работите работа која не ја сакате или ако не ви се седи на факултет, постојано ќе погледнувате на часовникот. Но, ако уживате играјќи фудбал или свирејќи гитара, ќе се прашувате кога поминало времето.rn

    Не откажувајте се

    rnБарањето на вашата скриена страст нека ви биде авантура, со која ќе навлезете во непознат дел на вашата личност и ќе го истражите. Дури и да не успеете брзо да најдете нешто кое ќе ви ги полни батериите, не откажувајте се. Уживајте во самиот процес на истражување, а резултатот кога-тогаш ќе стигне. Тогаш, задоволството ќе биде уште поголемо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пронајдени „изгубените“ фосили на Чарлс Дарвин

    Пронајдени „изгубените“ фосили на Чарлс Дарвин

    Британските научници откриле голем број фосили на најголемиот теоретичар за еволуцијата Чарлс Дарвин и неговите соработници, кои биле загубени повеќе од 150 години. Д-р Хауард Фалкон-Ланг, неодамна дал изјава за неговото ненадејно откритие на фосилни примероци кои се наоѓале во ќошот на дрвениот кабинет во Британскиот геолошки истражувачки центар.Пронајдени "изгубените" фосили на Чарлс ДарвинКористејќи мала ламбичка за да побара по фиоките, првиот примерок што го фатил д-р Ланг имал натпис обележан како ‘C. Darwin Esq”.rn
    rn

    „Ми беше потребно некое време за да сфатам дека тоа е оригиналниот натпис на Дарвин. Примерокот беше премногу важен за да би можел да се занемари. Бев возбуден. Срцето ми беше во петиците и единствено што си помислив беше: Господе, што открив?“

    rnПримерокот што го пронашол д-р Ланг припаѓа на збирка од околу 314 препарати со примероци кои биле колекционирани од Дарвин и неговите блиски соработници, меѓу кои и Џон Хукер – ботаничар и драг пријател на Дарвин и свештеникот Џон Хенслоу, кој му бил ментор на Дарвин во Кембриџ.rnrnПрвиот препарат извлечен од правливиот ќош бил примерок собран во тек на Дарвиновите патувања со бродот „Бигл“, кои му ја сменија кариерата на младиот научник во Кембриџ и се вградија во темелите на неговата работа поврзана со еволуцијата. Ланг изјавил дека од тие фосили, кои биле загубени 165 години, можат да се научат многу работи за историјата за кои досега се мислело дека се знае сè.Пронајдени "изгубените" фосили на Чарлс Дарвин
    rn

    Да се најде ризница од изгубените Дарвинови примероци од походот со Бигл е извонредно чувство. Можат да се научат многу работи. Постојат голем број примероци за кои не сме знаеле дека постојат,“ изјавил Ланг.

    rnЕден од најбизарните примероци, според него, е 400 милиони години старо дрво со големина на габа, кој потекнува од колекцијата на Хукер. Според Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон, тој ја правел својата колекција додека работел во Британскиот геолошки истражувачки центар во 1846 година. Препаратите се „уметничко дело“, изработени на стакло за да можат да се набљудуваат под микроскоп. Тие содржат материјали од растенија кои се големи 15 сантиметри. Д-р Ланг вели дека е голема мистерија како може овие извонредни примероци да не биле забележани години наназад. Можна причина за ова можеби е фактот што во тој период Дарвин не ù бил познат на широката јавност со својата работа, па затоа и овие препарати не ја добиле заштитата која им е потребна.Пронајдени "изгубените" фосили на Чарлс ДарвинОд Ројал Холовеј во Лондон пак, велат дека примероците биле изгубени бидејќи Хукер не успеал прецизно да ги избори и селектира пред неговото заминување на експедицијата на Хималаите. Во 1851 година нерегистрирани фосили биле пренесени во Геолошкиот музеј во Пикадили, па потоа во 1935 година во Геолошкиот музеј на Јужен Кенсингтон, за на крај, 50 години подоцна да завршат во Музејот на Британскиот геолошки истражувачки центар во Нотингем. Откритието било во април минатата година и сите примероци се фотографирани и изложени во музејот. Ланг се надева дека ќе се изработат многу научни трудови врз база на неговото ненадејно откритие.rn
    rn

    „Има премногу скапоцености во овие примероци кои ќе придонесат за тековната наука. После ова искуство, прашањето е: што сè се крие во нашите колекции?“ – изјавил д-р Ланг.

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.