КАФЕ ПАУЗА

Tag: освежување

  • Совршени смуди рецепти за хранлив појадок

    Совршени смуди рецепти за хранлив појадок

    Доколку забележувате дека овие денови јадете помалку од вообичаено, немојте да се грижите бидејќи со доаѓањето на летната сезона со овој проблем почнуваат да се соочуваат сè повеќе луѓе. Иако ова има неколку предности, сепак со себе носи и неколку недостатоци како тоа дека со намалувањето на внесувањето на храна се намалува и внесувањето на витамини. За да не дојде до тој проблем, ние одлучивме да споделиме со вас неколку супер лесни смуди рецепти кои со сигурност ќе ви пружат здрав и хранлив појадок.

    rnrn1-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    Смуди со нане и брусница

    rn

    Изблендирајте две банани, една чаша замрзнати брусници, 4 ливчиња нане, ¼ авокадо и чаша бадемово млеко. Откако ќе завршите, оваа смеса сипете ја во чаша или во чинија. Вашиот оброк украсете го со брусници, листови нане, семки од тиква и какао.

    rnrn2-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    Смуди со манго, банана и лимон

    rn

    Изблендирајте една чаша сечкано манго, една банана, шолја бадемово млеко и една лажичка сок од лимон. Додадете листови нане и малку ленeно семе.

    rnrn3-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_rnrnrnrnrnrnrnrn

    „Сирена“ смуди

    rn

    Изблендирајте една замрзната банана, едно јаболко, половина круша, едно киви и три лажици јогурт. Украсете со свежо овошје.

    rnrn4-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    Кремасто зелено смуди

    rn

    Излупете и исечкајте две зелени јаболка и оставете ги неколку часа во фрижидер. После тоа, изблендирајте ги јаболката заедно со една голема банана, половина авокадо и 100 мл органски јогурт.

    rnrn5-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    „Бјути“ смуди со боровинки

    rn

    Изблендирајте две банани, половина шолја замрзнати боровинки, една лажица чиа семе, две лажици кокосово брашно, сок од половина лимон и една чаша овесно млеко. Декорирајте со боровинки и вашиот здрав појадок е спремен.

    rnrn6-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_rn

    Смуди со банана и бадеми

    rn

    Изблендирајте една шолја сечкано манго, јагоди, една замрзната банана, незасладено бадемово млеко со малку ванила, малку кокосов сок и две лажици семе од коноп. Украсете со парчиња киви, малини, боровинки и манго.

    rnrn7-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

  • Вегански чоколатца кои ќе ве освежат во жешките летни денови

    Вегански чоколатца кои ќе ве освежат во жешките летни денови

    Одлична замена за сладолед во жешките летни денови

    rn0-veganski-cokolatcinja-koi-ke-ve-osvezat-vo-zeskite-letni-denovi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

    За тестото:

    rn

      rn011

    • 250 г цели бадеми
    • rn011

    • 2 лажици кокосово масло
    • rn011

    • 2 лажици кокосов сируп (може и јаворов сируп или мед како замена)
    • rn011

    • 1 лажица путер од бадем или путер од кикиритки
    • rn011

    • ½ лажиче цимет
    • rn011

    • Прстофат морска сол
    • rn

    rn

    За средниот слој:

    rn

      rn011

    • 2 средно зрели излупени банани
    • rn011

    • 60 мл кокосово масло, омекнато
    • rn011

    • 2 лажици путер од бадем или путер од кикиритки
    • rn011

    • 1 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • Прстофат морска сол
    • rn

    rn

    За чоколадниот прелив:

    rn

      rn011

    • 3 лажици чоколадни трошки
    • rn011

    • ½ лажица кокосово масло
    • rn

    rn1-veganski-cokolatcinja-koi-ke-ve-osvezat-vo-zeskite-letni-denovi-kafepauza.mkrn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Поставете хартија за печење на четириаголен плех. За да го подготвите тестото, ставете ги бадемите во блендер и мелете додека не добиете ситни трошки, малку покрупни од песок. Додадете ги и останатите продукти за тестото и мешајте додека не се соедини смесата. Смесата треба малку да се лепи и да ви останува на прстите кога благо ќе ја притиснете. Ако не се случува ова, додадете малку вода и мешајте уште неколку минути.
    2. rn011

    3. Откако смесата добро ќе се измеша, турете ја во плехот. Потрудете се да биде еднакво распоредена и потоа нежно притиснете. Ако смесата ви се лепи за рацете, можете да ги наводените. Додека го подготвувате средниот слој, плехот нека стои во замрзнувач.
    4. rn011

    5. За подготовка на следниот слој повторно ви е потребен блендерот. Измешајте ги сите продукти кои ви се потребни за средниот слој и миксирајте ги додека целосно не се соединат. Потоа извадете го плехот од замрзнувач и турете ја смесата врз првиот слој. Откако повторно ќе ја изедначите смесата, вратете го плехот во замрзнувач каде треба да стои 1 до 1 и пол час, додека средниот слој целосно не замрзне.
    6. rn011

    7. Кога средниот слој е веќе цврст, време е да го подготвите чоколадниот прелив. Во мало тенџере загрејте ги чоколадните трошки и кокосовото масло на најниска температура и мешајте додека целосно не се растопат. Кога веќе половина од чоколадните трошки се стопени, тргнете го тенџерето од оган и мешајте додека целата смеса не се стопи. Потоа, извадете го плехот од замрзнувачот и исечете го тестото на четириаголни парчиња. Потурете ги со чоколадниот прелив и вратете ги во замрзнувачот сѐ додека не се стврдне чоколадото. Уживајте во нив штом ги извадите од фрижидер затоа што многу брзо се топат.
    8. rn

    rn2-veganski-cokolatcinja-koi-ke-ve-osvezat-vo-zeskite-letni-denovi-kafepauza.mk

  • 5 неверојатни употреби на сода бикарбоната

    5 неверојатни употреби на сода бикарбоната

    Сте знаеле ли дека сода бикарбоната може да има безброј придобивки во вашиот живот? Погледнете го ова одлично видео кое ќе ви покаже 5 одлични начини на кои таа може да ви помогне во вашето секојдневие…rnrnrnrn1. Храна за вашите растенија – Освежете ги вашите цвеќиња така што одвреме-навреме ќе ги полевате со 1 лажичка сода бикарбона, растворена во 2 литри вода. Вашите цвеќиња ќе ви бидат благодарни!rnrn2. Помош при изгореници – Следниот пат кога ќе се изгорите на шпоретот, брзо турете малку сода бикарбона во сад со вода со мраз, потопете крпа или газа во неа и потоа поставете ја на изгореницата. Нанесувајте сè додека изгореницата не престане да ви предизвикува чувство на топлина.rnrn3. Одржување на хигиената – Последниот оброк ви содржел премногу лук или кромид? Нема проблем. Во половина чаша со вода турете една лажица сода бикарбона и потоа прочистете го вашето грло со помош на оваа мешавина која веднаш ќе ја неутрализира непријатната миризба. Таа исто така е и природен дезодоранс, па и покрај тоа што нема да мирисате на цвеќиња по нанесувањето на една лажичка сода бикарбона под вашите пазуви, сепак нема да мирисате ни на спротивните екстреми.rnrn4. Омекнување на месото – Нанесете малку сода бикарбона на сировото месо, оставете го во фрижидер од 3 до 5 часа и потоа добро исплакнете го пред готвење. Местото ќе биде толку меко, што ќе се топи во вашата уста.rnrn5. Освежувач на простории – Доколку сакате да ги неутрализирате непријатните миризби во просторијата, шкафот или фиоките, тогаш турете 3 до 5 супени лажици сода бикарбона во чист чорап и заврзете го на врвот и сместете го некаде каде што нема да се забележува. Во текот на месецот вашата просторија ќе биде многу посвежа од претходно…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едноставна домашна маска од мед за освежување и чистење на вашето лице

    Едноставна домашна маска од мед за освежување и чистење на вашето лице

    Во сировиот мед не постојат никакви штетни хемикалии и токму затоа тој е одличен за вашата кожа. Огромен број истражувања секојдневно ни покажуваат нови придобивки од медот, вклучувајќи ги и неговите неверојатни способности за чистење на вашата кожа, чистење на порите, заштита на кожата со помош на антиоксидансите кои ги содржи како и освежување и хидратација.rnrnЕдноставна домашна маска од мед за освежување и чистење на вашето лицеrn

    За овој едноставен рецепт потребни ви се:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка пире од авокадо
    • rn011

    • 1 лажичка полномасен јогурт
    • rn011

    • 1 лажичка сиров мед
    • rn

    rnПред да ја нанесете маската, измијте го вашето лице со топла вода и избришете го со чист пешкир. Потоа измешајте ги сите состојки во мал сад и нанесете ја мешавината врз вашето лице. Оставете ја да стои од 20 до 30 минути и потоа исплакнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смуди за детоксикација и против стареење

    Смуди за детоксикација и против стареење

    Освежителен летен пијалак кој изобилува со антиоксиданси

    rnСмуди за детоксикација и против стареењеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 грама замрзнати боровинки
    • rn011

    • 230 грама цвекло, исецкано на коцки
    • rn011

    • 230 грама лубеница, исецкана на коцки
    • rn011

    • 225 милилитри кокосова вода
    • rn011

    • 1 лажичка семки од чиа
    • rn011

    • 1 рака нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки, освен нането, во блендер и мешајте. Откако ќе се соединат сите состојки, додадете ги и листовите од нане како декорација. Сервирајте. По само неколку голтки веднаш ќе почувствувате зголемување на енергијата како и подмладување.rnrnСовет: За најголем ефект, џвакајте го вашето смуди. Тоа помага при варењето, а со тоа ја зголемува и апсорпцијата на хранливите материи.

  • Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

    Освежителни летни пијалаци за хороскопските знаци

    Летните забави не би биле тоа што се без освежителните ледени напитоци. Без разлика дали се работи за здрави сокчиња покрај море или за алкохолни коктели во вечерите, различните хороскопски знаци имаат различен вкус. Овие напитоци се на база на овошје, зеленчук, билки и зачини, а во секој од нив можете да додадете малку алкохол ако сакате дополнително да се опуштите.rnrn0-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОвенот најдобро ќе се освежи со цитрусни сокови, па сокот од грејпфрут е идеален избор. Направете вистинска витаминска бомба, додајте лимон и портокал, и на крајот „зачинете“ со мраз. А ако сакате од ова да направите коктел, едноставно додајте малку вотка. Овните исто така може да уживаат во сок од лубеница, кој е совршен за нивниот активен животен стил.rnrn1-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Бик

    rnЈагодите се идеален избор за припадниците на овој знак, бидејќи тие воглавно сакаат комбинација од кисело и слатко. Затоа обидете се да направите летно смуди од јагоди и банана, со додаток малку мраз и вода. А што се однесува до алкохолните коктели, за Биковите најдобар избор е сѐ што е на база на сок од домат. Ако сѐ уште не сте пробале Блади мери, тоа би требало да го сторите ова лето.rnrn2-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат авантура, па затоа ги привлекува секој егзотичен вкус со кој не се сретнуваат секојдневно. Егзотичното овошје е идеален избор, а за почеток пробајте да направите коктел од калинка и вотка. Тие исто така го сакаат вкусот и мирисот на ванила, па секој коктел со таа арома ќе им се допадне, особено ако е збогатен со нане и рум.rnrn3-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Рак

    rnАко сте припадник на овој знак, летово обидете се да експериментирате со сок од грозје. Тоа значи дека тешко ќе погрешите ако се одлучите за сангрија, a најмногу ќе ви се допадне ако има доста лимон и цитруси.rnrn4-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Лав

    rnОвој знак просто го обожава летниот вкус на сокот од ананас. Идеален коктел можете да направите многу едноставно, така што во скокот од ананас ќе додадете малку рум или вотка. Покрај тоа, Лавовите сакаат и цитрусни овошја, особено лимон и мандарина. Направете сок од мандарина и нема да се разочарате.rnrn5-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Девица

    rnСокот од кајсија е одличен избор за сите припадници на овој знак. Пробајте ја интересната комбинација од природен сок од кајсии со здрав чај од женшен, секако разладен, па завршете со малку цимет. Интересно е дека девиците сакаат и сокови кои се базираат на зеленчук кои се многу здрави. Затоа само напред. Употребете го блендерот, но избегнувајте ги јаките зачини.rnrn6-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Вага

    rnВагите сакаат сокови од шумски плодови, а скоро и да не е важно за кое од овие овошја ќе се одлучите. Цреши, боровинки и малини се најдобриот избор, но слободно експериментирајте и со други. Висока чаша полна со мраз и ваков сок ќе ја избрка жештината од вашето тело. Секако, секогаш можете да додадете малку вотка.rnrn7-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Скорпија

    rnСкорпиите најмногу водат сметка за себе, и воглавно им годи портокалов сок од моркови, а посебно им се допаѓа бидејќи го подигнува либидото. Можете да направите комбинација со јаболко или цитрусни овошја и со мраз. Инаку не постои ништо во што вистинската Скорпија би уживала повеќе од чаша студено пиво.rnrn8-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Стрелец

    rnСтрелците уживаат во егзотични вкусови, па ако сте припадник на овој знак пробајте сок од манго ова лето. Исто така испробајте ја оваа особено интересна мешавина – во чаша шампањско додајте малку сок од манго. Ова освежувачко и пенливо задоволство ќе ве разлади, а ако сепак сакате нешто „појако“, испробајте домашен леден чај од нане.rnrn9-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Јарец

    rnЗа Јарците е совршен здравиот напиток кој се прави од цвекло, зелка и блага пиперка. Тоа може да го зачините со малку буковец и ќе добиете совршен солен коктел кој ќе ве засити и освежи истовремено. За нешто малку послатко, пробајте ја комбинацијата од сок од лубеница и диња.rnrn10-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk_1rn

    Водолија

    rnВодолијата воглавно сака тикви, кои се одлични за комбинирање, а нивниот вкус најдобро одговара со цимет и морско оревче. Направете здрав леден милк шејк од замрзната тиква, малку млеко и зачини. Кога се работи за коктел варијантата, нема да погрешите ако се одлучите за некој кој содржи ликер од лубеница.rnrn11-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Риби

    rnУште еден знак кој обожава да експериментира со егзотични вкусови, па слободно следниот пат кога ќе појдете да купувате, набавете папаја и манго. Овие две овошки ставете ги во блендер, додајте неколку коцки мраз и сипете јогурт. Овој пијалак е многу здрав и неверојатно освежува. Што се однесува до алкохолот, рибите сакаат вермут и коктелите што го содржат.rnrn12-osvezhitelni-letni-pijalaci-za-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

  • Ледено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летото

    Ледено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летото

    Совршен летен напиток

    rnЛедено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 225 милилитри свежо подготвено филтер кафе
    • rn011

    • 1/2 банана
    • rn011

    • 180 милилитри кокосово млеко, без шеќер
    • rn011

    • 1 супена лажица путер од лешници
    • rn011

    • Мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСместете ги сите состојки во блендер и мешајте. Потоа сипете во чаша со мраз и уживајте.

  • Вкусен шејк од шумско овошје

    Вкусен шејк од шумско овошје

    Летно освежување за само 10 минути!

    rnВкусен шејк од шумско овошјеrn

    Состојки за 6 послужувања:

    rn

      rn011

    • 950 мл сладолед од ванила
    • rn011

    • 170 г замрзнато шумско овошје
    • rn011

    • 480 мл полномасно млеко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер, најпрвин ставете половина од количеството на сладоледот, шумското овошје и млекото. Мешајте додека смесата не стане глатка и компактна. Доколку има потреба, повремено застанувајте и промешувајте со лажица. Истата постапка, повторете ја и со остатокот од состојките. Послужете во чаши и уживајте во убавиот вкус!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрав напиток од нане за освежување во топлите денови

    Здрав напиток од нане за освежување во топлите денови

    Подготовките за летото веќе започнаа, барем што се однесува до оние кои треба да го доведат вашето тело во топ форма. Заедно со вежбањето и здравата исхрана, секако мора да водите сметка и за тоа што пиете. Еве идеја за еден вкусен и здрав напиток, кој секако, ако го комбинирате со скара, ништо не правите.rnrnzdrav-napitok-od-nane-za-osvezhuvanje-vo-toplite-denovi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Сезонско овошје по желба
    • rn011

    • Смрзнати праски
    • rn011

    • Сечкан ананас
    • rn011

    • Една банана
    • rn011

    • Свежо нане
    • rn011

    • Сок од јаболко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете го овошјето што го имате во моментот, замрзнатите праски и ананасот. Се препорачува праските претходно да ги ставите во ладилникот за да се добие ладна густа смеса. Но, не мора, може и само да додадете неколку коцки мраз. Додајте ја и бананата и ливчињата нане. Налејте и сок од јаболко и блендајте додека не добиете мазна смеса.rnrnНека ви е на здравје!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астро-совет: Како да ја освежите вашата врска?

    Астро-совет: Како да ја освежите вашата врска?

    На секоја врска одвреме-навреме ѝ е потребно освежување. Во недостаток од идеи како тоа да го направите, хороскопот ви нуди решение.rnrnАстро совет: како да ја освежите вашата врска?rn

    Воздушни знаци

    rnБлизнакот, Вагата и Водолијата се личности кои сакаат да комуницираат, па ритуалите кои подразбираат разговарање, пишување и сето она што е поврзано со употреба на зборови, ги исполнува. Воздушните знаци секогаш мораат да се чувствуваат стимулирано, бидејќи во спротивно ќе западнат во досада, па затоа нонстоп планираат некакви активности кои ќе ги одржуваат активни.rnrnАстро-идеи: Одвојте една вечер само за вас двајца, посветена на некоја игра со зборови. Еднаш месечно организирајте „мегдан“, на кој еден со друг ќе си читате ваша хаику поезија, во која сте напишале за она што го чувствувате еден за друг. Исто така, можете и да си испланирате вечер во која заедно ќе си читате книга од омилениот автор.rn

    Огнени знаци

    rnОвенот, Лавот и Стрелецот сакаат акција и движење и им паѓа тешко да седат мирни во едно место. Бидејќи не сакаат да прават иста работа цело време, треба една вечер неделно да си ја определат за забавни активности, кои ќе им ја покренат возбудата и ќе ги стимулираат.rnrnАстро-идеи: Активирајте се со партнерот, искачувајќи се на вештачка карпа или на планина. Запишете се на часови по танцување кои ниеден од вас никогаш не ги посетувал. Исто така, еднаш неделно испланирајте заедничко излегување, на кое нема да го правите истото коешто сте го правеле на претходниот состанок.rn

    Водени знаци

    rnРаковите, Скорпиите и Рибите мораат да воспостават емотивна конекција, па затоа, ако сте родени во некој од овие знаци, важно е да најдете некоја активност која ќе ви овозможи да се поврзете уште подобро со партнерот.rnrnПовторното откривање на емотивната длабочина на партнерот, прави водените знаци да се чувствуваат попријатно во врската. Водените знаци мораат да ја истражат својата имагинација, па уметничките активности се одлични за нив.rnrnАстро-идеи: Гледајте заедно филмови кои се исполнети со емотивен набој. Одете на предавања или курсеви поврзани со уметност во каков било облик за да ги споделите вашите уметнички способности.rn

    Земјени знаци

    rnБикот, Девицата и Јарецот се практичари и сакаат да го видат резултатот од својот труд. Ритуалите и рутините со кои се постигнуваат некакви резултати се идеални за овие знаци. Тие попрво би правеле нешто корисно со партнерот, отколку забавно. Најдете некоја заедничка активност која е занимлива, но истовремено практична.rnrnАстро-идеи: Пуштете музика, средувајте го домот и повремено танцувајте заедно. На овој начин ќе бидете истовремено корисни и креативни.