КАФЕ ПАУЗА

Tag: освежување

  • Сорбет од лубеница и мохито

    Сорбет од лубеница и мохито

    Лудо освежителен десерт

    rnСорбет од лубеница и мохитоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 кг лубеница, исечена на парчиња и исчистена од семки
    • rn011

    • 2 супени лажици шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици бел рум
    • rn011

    • 4-5 ливчиња свежо нане
    • rn011

    • 60 мл сок од лимета
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете ги лубеницата, сокот од лимета и шеќерот. Миксајте додека да добиете еднолична смеса. Потоа, додадете ги нането и румот и повторно миксајте додека да добиете пире. Смесата ставете ја во замрзнувач да отстои околу 30 минути. По 30 минути пирето од лубеница префрлете го во машина за сладолед и продолжете со процесот на подготовка според упатството на уредот. Доколку немате ваква машина, извадете ја смесата од замрзнувач по 45 минути и потоа на секои 30 минути мешајте ја енергично, рачно или со миксер. За да го постигнете бараниот ефект, ова ќе треба да го правите 2-3 часа. На крај, смесата оставете ја во замрзнувач да се излади околу 3 до 4 часа. Сервирајте со алатка за сладолед и декорирајте со свежи ливчиња нане.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

    Кафето е убаво во секое годишно време и во секој дел од денот. Некои го пијат само наутро, други во текот на целиот ден. Сепак, ќе се сложите дека утринското кафе е некако највкусно, а особено на лето. Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #39
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Овошни сладоледи

    Овошни сладоледи

    Најздравите сладоледи се пред вас. Направете ги и лижете без да се грижите за килограмите…

    rnОвошни сладоледиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 г јагоди, исчистени
    • rn011

    • 100 г мед
    • rn011

    • 3 супени лажици сок од лимон
    • rn

    rnОвошни сладоледиrn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги јагодите во бледнер. Миксајте ги додека да се создаде еднолична смеса. Кога ќе бидат убаво измиксани, ставете ги медот и сокот од лимон и измешајте со лажица. Смесата распоредете ја во калапи за сладолед.rnrnОвошни сладоледиrnrnСтавете ги калапите да се замрзнат најмалку 4 часа.rnrnОвошни сладоледиrnrnДецата ги обожаваат, но има ли воопшто некој што не ги сака!?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Освежете го вашиот изглед и стил

    Освежете го вашиот изглед и стил

    Пролетта е најдоброто годишно време за промена на вашиот изглед и стил. Тоа не значи дека од корен треба да го промените вашиот целосен изглед. Едноставно, мали промени на секого би му биле добредојдени. Постојат многу интересни мали нешта кои можат да се променат, а со нив изненадувачки, многу да се освежите. Ова се неколку ситни совети кои можат да имаат големо влијание врз вас и вашиот стил.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Направете нова фризура

    rnДоколку подолго време се спремате да направите нешто со вашата коса, сега ви се пружа совршена прилика. Не мора да направите драстична, неочекувана промена, освен во случај ако сте спремни на таков чекор. Направете нешто едноставно, но сепак да биде впечатливо. Пробајте со промена на бојата, шатирање или пак осветлување. Исто така можете да појдете кај добар стилист и да му дадете одврзани раце, сè додека гарантира феноменален конечен резултат.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Купете едно тренди парче облека

    rnПовеќето жени се грижат и се плашат да потрошат пари на какво било парче облека или додаток кој е премногу тренди, бидејќи не се сигурни дали доволно е вредно за цената. Ова многу често се однесува на купувањето чевли. Па затоа, овој пат охрабрете се и купете нешто необично, но сепак да не отскокнува премногу од вашиот стил.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Купете нов градник

    rnМожеби не е дел од она видливото за сечии очи, но нов градник и тоа како може да ви го освежи изгледот. Доколку сте во можност, почестете се со малку полуксузен градник за да се чувствувате поелитно, но внимавајте тој да ви биде точен. Уште подобро би било да го искомбинирате и со гаќички во иста боја и дезен.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Не носете го она што го мразите

    rnДали во вашиот плакар, сè уште имате парчиња облека кои ги мразите, но едноставно не се осмелувате да ги фрлите? Уште полошо, дали понекогаш и ги носите? Оваа пролет можете да свртите нов лист и конечно да ги исфрлите сите непотребни алишта кои и онака прават само гужва во вашите преполни плакари.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Не носете ги парчињата кои не ви се точни

    rnСкоро секоја жена има по некое парче облека кое одамна не и стои исто како порано, но сепак емоционално е приврзана кон него и повремено го облака. Понекогаш, колку и тие да одговараат на нашиот стил, мораме да се ослободиме од нив.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Почесто шетајте и купувајте

    rnШто повеќе шетате, толку почесто и ќе наоѓате нови интересни продавници, ќе бидете во тек со новите трендови, а богами и ќе знаете кога има попусти. Постепено и без форсирање, по неколку излегувања на шопинг ќе си купите неколку нови парчиња облека, шминка и накит. На крајот, ќе се изненадите колку сте го освежиле вашиот изглед.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стилrn

    Пробувајте нови нешта

    rnБез разлика дали станува збор за нов парфем, фризура, шминка или што било од таков вид, секогаш пробувајте да експериментирате. Освежувањето на изгледот никогаш нема да биде целосно доколку се плашите смело да се впуштите во светот на промените. Пробувајте и експериментирајте, но не заборавајте да бидете свои и да уживате во промените.rnrnОсвежете го вашиот изглед и стил
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.