КАФЕ ПАУЗА

Tag: организација

  • Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутер

    Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутер

    Без разлика дали имате купишта облека и модни додатоци во вашиот плакар, па често заборавате што сè поседувате кога треба да направите комбинација или пак не се грижите премногу за вашиот изглед, па би ви била добредојдена секаква помош на овој план, виртуелните организери на вашиот плакар ќе бидат супер алатка во вашето секојдневие. Овде ви нудиме 3 алатки со различни можности и ограничувања.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерrn

    HomyFads Wardrobe Manager

    rnЌе почнеме од наједноставната алатка за организирање на вашата гардероба. Најдоброто од сè е тоа што е бесплатна, мала и едноставна и не бара пополнување на некаква онлајн форма за регистрација за да може да се користи.rnrnШтом ќе ја инсталирате HomyFads, веднаш можете да почнете да го креирате вашиот виртуелен гардеробер. Секако, првиот чекор е фотографирање на вашите парчиња облека, за што треба да си одвоите неколку часа од вашето слободно време, но ова е скоро еднократна инвестиција во вашиот подобар имиџ. Не постои ограничување во однос на бројот на парчиња што можете да ги додавате, а бидејќи програмата работи само локално, на вашиот компјутер, разгледувањето низ парчињата облека ќе биде брзо и беспрекорно, дури и ако внесете фотографии со висока резолуција.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерРезултатот од вашата работа, ќе произведе гардеробер кој физички ќе биде поделен на три „полици“. Од левата страна ќе можете да ги прегледувате различните категории со облеки кои сте ги креирале: панталони, капи, накит, чевли… Во средната колона ќе можете да гледате смален приказ од фотографиите со вашата облека, додека десно ќе имате можност за прегледување и за додавање детали за секое парче облека кое го поседувате.rn

    Fashion Finder

    rnВтората алатка, која делува како да им е повеќе наменета на жените, е целосно базирана онлајн, со нагласени можности за споделување преку социјалните медиуми. Можете да ја користите во нејзината основа форма, за да качувате фотографии од вашата облека и да ги систематизирате во категории за да ви биде поорганизирана.rnrnНо, фокусот овде е повеќе на креирање комбинации. Можете, едноставно да направите комбинација со влечење на кое било парче облека кое вие го поседувате или пак некое од фотографиите кои се достапни на сајтот. Штом направите перфектен микс, можете да го споделите вашиот креативен производ со пријателите, преку Фејсбук и Твитер. Исто така, комбинациите се споделуваат автоматски преку мрежата на Fashion Finder, што значи дека секој ќе може да види што сте склопиле и да му даде оценка. Најдобро рангираните комбинации се прикажуваат и на почетната страница.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерРегистрирањето на Fashion Finder е бесплатно и е потребно само за креирање и организирање на вашиот онлајн гардеробер, додека за брзо креирање комбинации, нема потреба од тоа.rn

    ClosetBank

    rnClosetBank е алатка која има доста сличности со Fashion Finder, но и неколку разлики. Кога би зборувале само за организација на облеката, ClosetBank би била подобрата алатка, со оглед на едноставниот преглед и можноста за додавање детали на секое парче облека. Интерфејсот на ClosetBank е малку подобар во однос на пренатрупаниот изглед на Fashion Finder, но сепак далеку од прецизниот на HomyFads.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерОд друга страна пак, опцијата за креирање комбинации „Dress up“ е многу послаба од онаа на Fashion Finder. Облеките се додаваат преку мени, што е некако ограничувачки и може да прави проблем доколку апликацијата се користи во Google Chrome. Бидејќи ClosetBank нема линкови до други веб-сајтови во улога на нивни партнери, не можете да додавате облека автоматски од оние кои ја продаваат, туку мора прво да најдете слика, да ја симнете на вашиот компјутер и потоа да ја качите на сајтот.rnrnМоментално се работи на нова верзија од сајтот, така што на ClosetBank подобро да е му се вратите и да му дадете шанса за некое време. Во меѓувреме можете да се регистрирате и да чекате да добиете известување кога ќе биде готов. Ветуваат многу нови можности, па можеби вреди да си ги подгреваме очекувањата.Организирајте си го плакарот со помош на вашиот компјутерrn

    Заклучок

    rnВеројатно, за оние кои едноставно сакаат помош од некоја софтверска апликација која ќе има улога на потсетник за сè што тие поседуваат во својот плакар, HomyFads ќе биде најдобриот избор. Доколку пак, повеќе сакате да споделувате сè што ќе направите, комбинирајќи ваша облека и онаа која би сакале да ја имате, тогаш ви препорачуваме да изберете некоја од останатите две апликации на оваа листа. Секако, не заборавајте да ги земете предвид нивните предности и недостатоци. А со оглед на моменталната нецелосна функционалност на ClosetBank, доколку ви се брза, изборот станува доста потесен, па и поедноставен.rn

  • Поедноставете си го вашиот живот

    Поедноставете си го вашиот живот

    „Всадете“ си во глава дека животот е убав и најверојатно таков и ќе ви биде. Се прашувате зошто? Затоа што со таа мисла на ум ќе имате доволно мотив и волја да станете подобра личност, што дополнително ќе ви даде мотив да се борите за успех, а тоа од своја страна е еднакво на хармоничен живот. Ослободете го вашиот ум и почнете да размислувате едноставно. Советите кои следуваат можеби ќе ви помогнат во тоа.rn

      rn011

    • Не обидувајте се да ги прочитате мислите на другите луѓе. Не очекувајте ниту тие да ги прочитаат вашите. Комуницирајте!
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете љубезни, но не обидувајте се да се спријателувате со сите луѓе околу вас.
    • rn

    rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Вашето здравје е вашиот живот. Одете барем еднаш годишно на лекарски преглед, да проверите дали сè е во ред со вашето здравје.
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Станувајте секое сабајле 30 минути порано одошто сте планирале, за да не мора налудничаво да трчате низ дома брзајќи да стигнете до саканото место. На тој начин ќе избегнете казни за брзо возење, доцнење и други непотребни главоболки.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Не губете си го времето со чувства на љубомора. Единствената личност со која треба да се натпреварувате сте вие.
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Немојте да бидете премногу горди и самоуверени. Разговарајте за проблемот, ракувајте се или прегрнете се и продолжете понатаму.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Организирајте го вашиот дом, како и просторот во кој работите. Прочитајте ја книгата на Дејвид Ален „Завршете ги работите“ (Getting Things Done) од која можете да усвоите доста практични совети за добра организација.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ослободете се од работи кои не ги користите и кои нема никогаш да ви затребаат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Побарајте второ мислење, ако не сте сигурни околу нешто.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Потрошете малку време за да научите некој скратен пат за завршување на задачите, кој ќе можете постојано да го користите во иднина.
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Немојте да пиете алкохол или да користите наркотици кога сте лути, разочарани или тажни. Наместо тоа – џогирајте. Ќе се чувствувате многу подобро.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Не одложувајте ги оние задачи за кои ви се потребни две минути да ги завршите. Сторете го тоа веднаш.
    • rn

    rn

      rn011

    • Секогаш бидете искрени пред себе и пред другите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Не земајте и не посакувајте нешто што не ви припаѓа вам.
    • rn

    rn

      rn011

    • Правете една работа во еден временски период и притоа дадете сè од себе.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кажувајте им „те сакам“  на оние луѓе што ги сакате што е можно почесто и покажувајте го тоа на разни начини.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Бидете свои, не копирајте го однесувањето на некој друг.
    • rn

    rn

      rn011

    • Држете се настрана од драмата на другите луѓе. Ни самите немојте непотребно да создавате своја.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако нешто мразите да правите, тогаш престанете.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Третирајте ги сите со исто ниво на почит каква што би покажале кон вашиот дедо и бидете исто толку внимателни, колку што би биле со вашето тримесечно братче или сестриче.
    • rn

    rn

      rn011

    • Извинете се секогаш кога знаете дека сте погрешиле.
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете љубопитни. Не плашете се да научите нешто ново. Почесто анализирајте ги вашите идеи и можности.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Не бидете срамежливи. Поврзувајте се со луѓето. Запознавајте нови.
    • rn

    rn

      rn011

    • Немојте премногу да се грижите за тоа што другите мислат за вас.
    • rn

    rn

      rn011

    • Немојте да јадете кога ви е досадно. Јадете само кога сте гладни.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Оставете ги оние нешта кои не можете да ги промените. Фокусирајте се на оние кои можете да ги промените.
    • rn

    rn

      rn011

    • Следете го вашето срце. Не трошете си го вашето време, исполнувајќи ги соништата и желбите на некој друг.
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете трпеливи и радувајте се на малите победи.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Прифатете го фактот дека колку и да е лоша или добра некоја ситуација во моментов, таа состојба ќе се промени во иднина.
    • rn

    rn

      rn011

    • Созревајте со текот на годините, но немојте пребрзо да пораснете.
    • rn

    rn

      rn011

    • Сфатете дека не сте секогаш толку многу во право колку што мислите дека сте.
    • rn

    rn

      rn011

    • Пронајдете некоја тешка работа, во која ќе уживате додека ја извршувате. Колку повеќе се трудите, толку посреќни ќе бидете.
    • rn

    rn

      rn011

    • Правете го она во што сте добри. Во спротивно само ќе се фрустрирате.
    • rn

    rn

      rn011

    • Правете грешки, научете нешто од нив, насмевнете се за тоа искуство и продолжете понатаму со вашиот живот.
    • rn

    rnЗвучи мошне едноставно нели? :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не ви е доволно работното време?

    Не ви е доволно работното време?

    Дали често ви се случува да се пожалите дека денот нема доволно часови за да си ги завршите обврските? Додека другите околу вас, во истиот рок завршуваат дузина работи повеќе, не дозволувајте вашето време да помине запрашувајќи се како тие го изведуваат тоа. Почнете да ги согледувате и поправате своите грешки, а сето тоа ќе резултира со многу поголем слободен период за социјализација и забава. Одлуката како ќе го потрошите работното време е ваша, но сепак еве неколку работи кои треба да ги земете предвид за подобра организација на денот.rnrnНе ви е доволно работното време?rn

    Научете да кажувате не

    rnЕдна од најчестите грешки, е да прифатите задача која првично не ви била доделена вам. Научете се да кажувате не, во спротивно ќе го носите товарот кој не ви припаѓа, а вашата задача ќе тапка во место.rn

    Дознајте ги вашите обврски

    rnКако би можеле добро да се организирате, ако воопшто и не сте свесни колку и какви задачи треба да завршите. Направете список на се што е побарано од вас и дополнете го со вашите лични обврски. Само на овој начин секогаш ќе знаете до каде е полна чашата.rnrnНе ви е доволно работното време?rn

    Не дозволувајте мешање на приватниот со професионалниот живот

    rnОбидете се чувствата од приватните работи да ги тргнете на страна. Секоја криза на персонален план доведува до дезорганизација и хаос на работното место, што се одразува на вашата ефикасност и концентрација. Тоа со сигурност нема да му се допадне на вашиот шеф.rn

    Не се заседнувајте

    rnНикој не вели дека секоја секунда од работното време треба да ви е перфектно испланирана и концентрирана само на работата. Но, во никој случај не си дозволувајте да се заборавите сурфајќи на интернет или муабетејќи со колегите.rnrnНе ви е доволно работното време?rn

    Имајте приоритети

    rnДали ви се случило откако ќе ви заврши работното време да сфатите дека денеска не сте завршиле ништо важно? Без разлика колку сте брзи и ефикасни, не треба да мислите дека ќе успеете да завршите сѐ на време. Секогаш акцентот на денот ставајте го на најважните и приоритетни нешта.rn

    Довршувајте ги работите

    rnНедовршената задача претставува дупла работа. Секогаш кога ќе започнете се нешто, завршете го пред да поминете на наредното. Не се обидувајте паралелно да вршите неколку работи, бидејќи доколку мислите дека така ќе завршите побрзо, се лажете себеси. Резултатот никогаш не е позитивен, а навраќањето и потсетувањето на претходното ќе ви одземе многу повеќе време.rnrnНе ви е доволно работното време?

  • 10 совети како подобро да си го организирате животот

    10 совети како подобро да си го организирате животот

    Нема ништо лошо доколку имате малку хаос во вашето секојдневие.rnrn10 совети како подобро да си го организирате живототrnrnКако што Алберт Ајнштајн еднаш рекол:rn
    rn

    „Има три правила за секоја работа: Во нередот пронајдете едноставност, во раздорот пронајдете хармонија, на средината на секоја тешкотија лежи можност.“

    rnНеочекуваните предизвици се тие кои не прават посилни, па затоа не треба да ги избегнуваме.rnrnСекогаш имајте ги на ум следниве совети, кои ќе ви помогнат или ќе ве вратат на вистинскиот пат.rn

    1. Психички припремете се за промени, замислувајќи се себеси како изгледате идеално

    rnНа кого најмногу му се восхитувате? Каква ви е замислата за себеси во иднина? Какви сакате да бидете? Визуелизирајте се и целете кон таа замисла.rn

    2. Сфатете дека неочекуваните работи во животот можат да бидат убаво нешто

    rnДалај Лама еднаш рекол:rn
    rn

    „Запаметете дека, недобивањето на нешто што го посакувате понекогаш е прекрасен удар на среќа.“

    rn

    3. Намалете со алкохолот, цигарите и другите пороци

    rnВо здраво тело, здрав дух. Ќе се чувствувате подобро и поудобно во своето тело, а зачуваните пари ќе можете да ги инвестирате во нешто што одамна го посакувате.rnrn2-10-soveti-kako-da-si-go-organizirate-zhivotot-kafepauzarn

    4. Оттргнете ги сите негативности од вашиот живот

    rnДоколку имате пријатели кои навистина знаат како да ви го расипат расположението или пак работите работа која навистина не ве исполнува и ве прави нервозни, тогаш навистина е време за промена.rn

    5. Пазарењето правете го наеднаш, во денот од неделата кој сметате дека е најпогоден

    rnНаправете листа, одредете го буџетот и изберете го денот. Сето ова преточете го во навика, која редовно ќе ја спроведувате.rnrn10 совети како да си го организирате живототrn

    6. Започнувајте го денот со шолја утринско кафе и правете листа на обврски за текот на денот

    rnПланирањето на денот, навистина може да ви ја олесни контролата над времето.rn

    7. Секој ден одвојувајте време кое ќе го посветите на самите себеrn

    rnПоминувајќи дел од денот во тишина, ќе му даде можност на вашиот ум да се одмори и да воспостави ред на нештата.rnrn3-10-soveti-kako-da-si-go-organizirate-zhivotot-kafepauzarn

    8. Учете од грешките во минатото

    rnСекој во животот прави грешки. Сепак, од нив треба да го извлечеме најдоброто, бидејќи од нив можат да излезат многу добри и поучни работи.rn

    9. Не ги избегнувајте тешките разговори

    rnСправувајте се со проблемите директно и не дозволувајте да пројде подолг период. Ваквиот метод со сигурност ќе ги намали напнатоста и грижата на сите инволвирани.rn

    10. Договарајте средби со професионален советник околу проблемите на кои наидувате

    rnМногу луѓе се борат со проблемите кои ги потиснуваат и секаде со себе носат непотребен багаж полн со негативни емоции. Професионалниот советник ќе ви помогне правилно и јасно да ги надминете проблемите и ќе ве упати кон правиот пат.rnrn10 совети како подобро да си го организирате животот #1rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.