Вашето работно место би требало да биде простор кој ќе ве исполнува со инспирација и каде што ќе бидете најпродуктивни. Многу често, луѓето работат во неинспиративна и безживотна околина која само ја замаглува нивната креативност. Прочитајте ги наредниве совети кои ќе ви покажат како да го смените вашиот работен простор со цел да извлечете колку што е можно повеќе креативност од него во вашата работа.rnrn
Дознајте како најдобро работите
rn
Еден од наједноставните и најлесните начини да создадете креативен работен простор е ако се познавате себе. На пример, дали подобро работите во гласна или во тивка атмосфера? Дали преферирате да работите во поладна или во потопла просторија? Ова е многу важно да се запомни, бидејќи кога ќе го организирате вашиот работен простор, тој треба да биде дизајниран според вас и вашите потреби. Токму поради тоа, пред да започнете составете една листа со оние нешта кои ги сакате и кои не ги сакате и употребете ја како основа при организацијата на вашиот работен простор.rnrn
Обезбедете доволно светлина
rn
Доколку поминувате 8 или повеќе часа дневно работејќи во темна и неинспирирачка канцеларија, на крајот од денот може да се почувствувате токму така – темно и без инспирација. Светлите и проветрени работни простории се најдобар начин да се инспирирате и токму поради тоа обидете се да внесете што е можно повеќе природна светлина во вашата канцеларија. rnrnПоставете го вашето работно биро покрај прозорот за да се осигурате дека ќе добиете онолку светлина колку што ви е потребно. Но, кога ќе го правите тоа, имајте го предвид и компјутерот бидејќи ако не го поставите добро ќе завршите со здодевна и иритирачка светлина која удира директно во мониторот.rnrn
Организирајте се
rn
Постои една изрека која вели: „Средено биро значи среден ум“. Одржувајте ја вашата работна маса средена така што ќе инвестирате во различни видови прегради во кои ќе ги наместите сите оние нешта кои ви стојат расфрлани насекаде. Вашата канцеларија веднаш ќе почне да изгледа поорганизирано и попривлечно. Употребете и различни видови полици и фиоки во кои ќе ги сместите сите ваши документи и со тоа направете вашиот работен простор да изгледа поструктурирано.rnrn
Создадете ѕид за идеи
rn
Со толку многу идеи кои ви „претрчуваат“ низ мислите додека сте на работа, добро е да имате место на кое ќе ги складирате. Поставете табла со пинови која ќе биде на дофат од вашата работна маса и употребувајте ја како место на кое ќе ги закачувате вашите идеи како што ќе ви доаѓаат. Овој трик ќе ви помогне ниту една идеја повторно да не ви избега, а истовремено ќе ви го подобри и процесот на вашето креативно размислување.rnrn
Избегнувајте часовници
rn
Не само што гласниот звук од секундарката на часовникот може да ви го одвлекува вниманието од вашата работа, туку истовремено може и да ве полудува. Избегнувајте да поставувате часовник пред вашето биро бидејќи, така постојано ќе ги броите секундите до крајот на работното време, а со тоа целосно ќе ја намалите вашата креативност. Токму затоа наместете го часовникот на некое место каде што нема да ви биде лесно достапен за гледање. На овој начин ќе се осигурате дека нема да бидете деконцентрирани.rnrn
Не губете време
rn
Неодамна „Adobe“ пуштија одлична нова декстоп апликација наречена Creative Cloud која ќе ви помогне да ја подобрите вашата креативност во работниот простор. Оваа апликација ги помни вашите параметри и подесувања за сите програми од „Adobe“. Кога работите на друг компјутер или пак од дома, едноставно логирајте се на вашиот профил и направете синхронизација. Никогаш повеќе не мора да губите време во подесувања, а со тоа ќе си дозволите и повеќе време да бидете креативни и продуктивни.rnrn
Одберете ја вистинската боја
rn
Верувале или не, бојата на вашата работна просторија може многу да влијае на вашата креативност. Сината се смета за најдобар избор на боја за канцеларија бидејќи инспирира јасност и креативност. Исто така, се верува дека има смирувачки ефект кој може да ви биде од корист доколку сте склони на стрес. Жолтата е исто така добра боја за канцеларија. Одберете бледа жолта боја бидејќи се верува дека таа е поврзана со среќа и живост, додека истовремено изгледа дискретно и суптилно.rnrnПостојат одредени бои кои можат и негативно да ви влијаат на работното место. Избегнувајте ја црвената бидејќи знае да биде многу наметлива и често се поврзува со иритација. Белата исто така треба да се избегнува бидејќи често предизвикува чувство на стерилност и изолација.rnrn
Слушајте музика
rn
Некои луѓе откриваат дека се најдобри и најкреативни во својата работа додека слушаат музика. Но, бидете внимателни при изборот на жанрот. Одберете музика во која ќе уживате, но и која ќе биде добра за во позадина (нешто без вокали). Гласната и наметлива музика како на пример хеви металот, многу повеќе ќе ве деконцентрира, па затоа обидете се да не ја додадете во вашата плејлиста.rnrn
Декорирајте со уметнички дела
rn
Работата во просторија со 4 бели ѕида често знае да биде неинспиративна. Одберете внимателно неколку уметнички дела со кои ќе ја разбиете монотонијата. Нека биде тоа некој идиличен пејсаж или направете колаж со фотографии од вашите најблиски. Ова е одличен начин да се инспирирате и да си го одржувате вашето расположение позитивно. Исто така можете да одберете и некое апстрактно дело, бидејќи секој пат кога ќе го погледнете ќе забележите нешто сосема ново. Но, сепак бидете внимателни да не ја натрупате канцеларијата со многу слики бидејќи на тој начин ризикувате повеќе време да гледате во нив отколку што ќе работите.rnrn
Облечете се соодветно
rn
Начинот на кој се облекувате е исто толку важен колку и организирањето и дизајнирањето на вашиот работен простор. Ова е особено од важност за оние личности кои работат од дома. И покрај тоа што треба да ви биде удобно, работата во пижами може да направи да се чувствувате незаинтересирано и немотивирано, додека пак претставителната облека ќе направи да се чувствувате подготвени за работа.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnДостапни се три модели „
rnrn rnrn
Овој календар функционира на тој начин што врз основа на темпирање на времето на ширење мастилото се обележуваат деновите во месецот. Мастилото се апсорбира бавно во хартијата па на тој начин секојдневно се „печати“ нов ден во календарот. По еден дневно, броевите се исполнуваат со мастило сè до крајот на месецот, па така календарот укажува и на истекувањето на времето што го имаме, а не само на обележување на нов ден. Боите варираат во зависност од тоа за кој месец станува збор, од темно сина во декември, па сè до три нијанси на зелено во пролет.
Чувајте си паричка при рака и изгребете го секој ден од календарот! Откријте нова шега, мудра мисла или интересна идеја под секој датум.
Овој календар ќе ви помогне да се држите до старото добро правило „едно јаболко на ден, доктор надвор од дома“. Откако ќе го отстраните јаболкото на дното од цевката, останатите се спуштаат надолу и на тој начин се открива датумот.
Спирална форма на календар којашто навистина добро изгледа, а и ќе ви биде интересна многу подолго отколку обичните календари. Деновите се обележани со посебна легенда за бои.
Заштитните кеси со меурчиња се навистина добра занимација, па зошто да не си го пружиме задоволството да „испукаме“ по некое секој ден?rnrnВо продолжение следуваат уште неколку иновативни календари.



rnrn
Да, испишаното на тортата е оставката на 
rn
rn
rn
rn
rn









rnrn


Имајте ги на ум овие неколку совети. Не мора веднаш да започнете со овој голем чекор во вашиот живот. Одморете се некое време, разговарајте со најблиските и размислете добро што очекувате од себе и каде се гледате за неколку години од денес…rnrnСекако не заборавајте дека неуспехот е дел од животот – а вашата работа е никогаш да не се откажувате. Анализирајте го секој ваш потег и бидете отворени да ги согледате грешките кои ги правите, бидејќи само на тој начин можете да ги надминете. Исто така идејата да имате резервен план никако не може да ви наштети. Баш напротив, во одредени моменти може да биде совршен излез од лоша ситуација.rnrnИ за крај не заборавајте да уживате во животот. Хенри Дејвид Торо еднаш рекол: 











rn
rn
rn