КАФЕ ПАУЗА

Tag: опседнатост

  • На кој начин можете да ѝ ставите крај на опседнатоста со совршенството?

    На кој начин можете да ѝ ставите крај на опседнатоста со совршенството?

    За многумина откажувањето од совршенството може да биде тешко и предизвикувачко патување, но дефинитивно не е невозможно. Доколку сте перфекционист, голема е веројатноста дека не само што се чувствувате преоптоварени од барањата што си ги поставувате сами на себе туку се чувствувате оптоварени и од сè поголемите очекувања на луѓето околу вас. Сепак, никогаш не им дозволувате на другите да ја видат вашата борба бидејќи се плашите да им ги покажете вашите слаби страни. Сигурно досега сте сфатиле дека желбата за перфекционизам може сериозно да го наруши вашето ментално здравје и да ви влијае и врз расположението… Еве на кој начин можете да му ставите крај на стравот од неуспех и на стравот од фактот дека не можете секогаш да бидете на врвот.rnrnНа кој начин можете да ѝ ставите крај на опседнатоста со совршенството? rn

    1. Станете свесни за вашата опседнатост со совршенството

    rnВеројатно уште во детството сте ја создале сликата за личност со совршен изглед која ви служела како штит од туѓите прекори и осудувања. Запомнете дека доколку не направите ништо за да го промените тоа и доколку не се обидете да се вратите на вашата вистинска природа ќе се чувствувате многу осамено.rn

    2. Посветете им се на промените, но со разумно темпо

    rnВашиот страв од промена може негативно да ви влијае врз начинот на кој носите одлуки, па затоа обидете се да не избрзувате со вашите одлуки. Не заборавајте дека промената треба да биде постепена.rn

    3. Соочете се со стриктните правила кои сè уште ги следите

    rnЗапрашајте се дали постојат правила кои на некој начин го спречуваат вашето автентично „јас“ да се истакне од типот „никогаш не можам да покажам лутина“ или „ не можам да дадам отказ додека не заврши работата“.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и дека треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Психолозите тврдат: Постои сè поголема опседнатост на девојчињата со физичкиот изглед

    Психолозите тврдат: Постои сè поголема опседнатост на девојчињата со физичкиот изглед

    Пред 20 години, психологот Стив Бидалф напишал книга за проблемите со кои се соочуваат родителите во воспитувањето на момчињата. Во тоа време, тој мислел дека одгледувањето девојчиња не е компромитирано од надворешните влијанија. Сепак, по толку години, неговиот став за разликите во родителскиот пристап е драматично променет. Бидалф е загрижен што дури и по 60 години феминизам, сè уште се поставува прашањето што ги вознемирува девојчињата – Како изгледам?rnrnПсихолозите тврдат: Постои сè поголема опседнатост на девојчињата со физичкиот изгледrnrnИ пред девојките да станат сексуално активни, нивната привлечност и атрактивност станува опсесија. Бидалф додава дека, како психолог, забележал одредено зголемување на бројот на девојчиња со проблеми со менталното здравје. Многу деца страдаат од разни форми на вознемиреност. Бројот на млади луѓе со нарушувања во исхраната, исто така, е во пораст. Бидалф, исто така, забележал блага форма на депресија, што претходно ја немало кај девојчињата. Севкупно, детството на девојчињата е сè пократкотрајно и сè помалку забавно.rnrnНовите генерации девојчиња се опкружени со слики што им кажуваат како треба да изгледаат. Некои девојчиња одбиваат да јадат, додека други имаат проблеми со дебелината и не размислуваат да држат диета. Сепак, диетите во детството може да доведат до сериозни долгорочни здравствени последици.rnrnСтив ги советува родителите да се фокусираат на здравјето на своите ќерки, а не на нивните проблеми со тежината. Многу е важно за време на семејните оброци, да се пие вода наместо сок, но исто така, неопходно е децата да се охрабрат да вежбаат.rnrnМодерните играчки, особено куклите, им даваат на девојчињата претстава како треба да изгледаат. Идеалот за убавина е претставен преку девојчиња во кратки здолништа, со долга коса и изразена шминка и деколте. Сепак, не е само индустријата за играчки таа која им наметнува на децата модел за појавност и однесување. На тоа влијаат и бројните рекламни кампањи, социјалните мрежи и телевизиската програма, тврди Бидалф.rn

    Истражувањата покажале дека телевизиската програма им ги испраќа следниве пораки на девојките:

    rn

      rn 011

    1. Вашиот изглед е најважен.
    2. rn 011

    3. Вашите физички карактеристики (облик на тело, тежина, кожа, коса, заби, тен, мирис) никогаш не се доволно добри.
    4. rn 011

    5. Сексот е средство со кое се добива љубов, внимание или моќ.
    6. rn 011

    7. Светот е застрашувачко, осамено и опасно место.
    8. rn 011

    9. Решение за сите проблеми е да си купите нешто.
    10. rn

    rnВо таков систем на вредности, Бидалф ги советува родителите своите деца да ги насочат на поинакви примери. Девојките треба да научат да се прифаќаат такви како што се, а разговорите со родителите тука се клучни, советува психологот Стив Бидалф.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?

  • 4 хороскопски знаци што се опседнати со Денот на вљубените

    4 хороскопски знаци што се опседнати со Денот на вљубените

    Ако сте романтичар што со нетрпение го очекува Денот на вљубените, причината можете да ја барате во астрологијата. Некои хороскопски знаци го користат секој момент за да ги искажат своите романтични чувства, а 14 февруари е уште една дополнителна можност за тоа.rnrn4 хороскопски знаци што се опседнати со Денот на вљубенитеrnrnХороскопските знаци што се опседнати со Денот на вљубените се авантуристи, сакаат изненадувања, имаат разгорени страсти и чувствуваат потреба за изразување. Иако сите хороскопски знаци ја ценат љубовта на свој начин, некои од нив се среќни што ќе можат да ги изразат своите емоции во јавност, а во продолжение прочитајте за кои хороскопски знаци станува збор.rn

    Бик

    rnМесечината ќе се движи низ вашиот сектор на врските и бракот, а тоа значи дека Бикови што се во врска ќе се зближат уште повеќе со својот партнер, а личностите што се слободни ќе имаат можност да пронајдат соодветен партнер за себе. Бидејќи Бикот е знак што ужива во работите што му причинуваат задоволство, припадниците на овој хороскопски знак ќе го направат Денот на вљубените да биде најстрасниот и најромантичниот ден и на сите можни начини ќе направат својот партнер да се чувствува сакано. Тоа што другите хороскопски знаци го сметаат за смешно, Бикот може навистина да го цени.rn

    Рак

    rnРакот не е знак што сака да ги искажува своите емоции, особено кога станува збор за романтичните чувства. Но, на 14 февруари, Месечината ќе го осветли нивниот романтичен сектор, така што овие личности ќе се чувствуваат инспирирани и мотивирани да бидат дел од Денот на вљубените. На овој ден ќе бидете исполнети со длабоки романтични чувства. Нема секогаш да се чувствувате инспирирани да ја изразите вашата љубов, но оваа година ќе имате храброст да го направите тоа, па затоа искористете ја можноста.rn

    Лав

    rnЛавот е еден од хороскопските знаци што сакаат да ги изразуваат своите емоции. Не е изненадување тоа што припадниците на овој хороскопски знак се опседнати со Денот на вљубените бидејќи тогаш имаат можност да бидат во центарот на вниманието. Овие личности најверојатно ќе ја купат најголемата мечка и ќе уживаат во романтичните гестови. Марс, планетата на страста и сексот, ќе го загрее вашиот сектор на романсата на Денот на вљубените. Ако сте во врска со Лав, подгответе се за најепскиот Ден да вљубените, но потрудете се и вие да го импресионирате вашиот партнер.rn

    Овен

    rnНа Овните не им се потребни љубовни изјави од страна на партнерот и тие немаат проблем да ги изразуваат своите чувства преку целата година. Овие личности ќе ви речат дека сакаат нешто поскромно бидејќи тие мислат дека Денот на вљубените е преценет, но ако им приредите изненадување можеби ќе ги натерате да го сменат мислењето. Ако направите нешто големо и смело за да го изненадите Овенот, со таа постапка навистина ќе го импресионирате. Неочекуваните подароци се најдобриот начин за да ги освоите овие личности.rnrnПрочитајте што ве очекува на Денот на вљубените според хороскопскиот знак.

  • Грижата за „вистинскиот“ изглед на нашите тела нѐ спречува вистински да живееме

    Грижата за „вистинскиот“ изглед на нашите тела нѐ спречува вистински да живееме

    Стравот од дебелината нѐ прави повлечени и контролирани. Но, што ако престанеме да се плашиме?rnrnГрижата за „вистинскиот“ изглед на нашите тела нѐ спречува вистински да живеемеrnrnКарл Маркс славно ја има наречено религијата: „опиум за луѓето“ бидејќи ги одржува масите покорни, исплашени и контролирани. Денес, имаме нов опиум: опседнување со дебелината.rnrnОна што ги прави луѓето, а особено жените да се чувствуваат контролирано и исплашено во денешно време е верувањето дека нашите тела не се доволно добри – дека имаме премногу сало, или премалку, или едноставно дека не се како што треба.rnrnПремногу сало? – „Мора да внимаваш со јадењето.“ Премалку сало? – „Јади чизбургери.“ Сало на „погрешни“ места? – „Облекувај се за да го сокриеш.“ Овие пораки доаѓаат од секаде, од кругот на нашето семејство, од докторите, колегите, луѓето кои непоканети го кажуваат своето мислење, непознати луѓе на улица и најмногу – од медиумите.rnrnВо нашата природа е да трагаме по прифаќање од страна на другите, и бидејќи опседнувањето со дебелината стана „нормално“, се држиме за тоа со години. Зборуваме со вина за слабеење и диети. Ѝ даваме повеќе значење на храната бидејќи калорискиот внес го детерминира нашиот карактер.rnrnГи напаѓаме нашите тела или пак си даваме изговори за нивниот изглед. Го проценуваме здравјето и вредноста на другите луѓе врз основа на тоа колку се тие дебели или слаби. Всушност, ако одбиете да зборувате за дебелината со други луѓе, тоа за нив ќе биде непријатно. Па, нека биде!rnrnНашата опсесија со дебелината не е веќе само во нашите глави – таа е културно санкционирана и социјално поддржана. Нашата култура смета дека секој има право да ги суди телата на другите 24/7. Па, тоа нѐ прави да се чувствуваме обезмоќено, несигурно и нестрпливо да го бараме брзото решение за да се промениме.rnrnПравењето на луѓето да се чувствуваат несоодветно е одличен начин да се привлече нивното внимание и да им се извлечат парите од џеб. Ги направивме диетите, апчињата и плановите за слабеење модерен акт за поправање на несовршености.rnrnНо, бидејќи „совршеното тело“ е цел по којашто никогаш нема да престанеме да трагаме, секогаш ќе има уште работа за да се постигне.rnrnАко не сопреме, може да изгубиме многу време обожавајќи го „совршеното тело“ што еден ден сакаме да го постигнеме, но и многу енергија казнувајќи се себеси дека сѐ уште не сме го постигнале. Тоа нѐ остава без време и енергија за да ги посветиме на нашите страсти, авантури, задоволства, развој и љубов.rnrnКолку време и енергија имате потрошено фокусирајќи се на дебелината на вашето тело? Колку време и енергија имате потрошено на дебелината на другите луѓе? Замислете што би се случило ако барем дел од нив тргнете настрана за нешто поважно.rnrnМоже да научите да танцувате салса. Или да испланирате и да отидете на некое забавно патување во светот. Или да поканете некое момче што ви се допаѓа на состанок и да се заљубите. Или да снимите песна. Да започнете свој бизнис…rnrnПрестанете да ѝ ја давате таа моќ на дебелината да биде сѐ она што сте. Не трошете си го целиот живот на безначаен и невозможен статусен симбол – тоа е како да го посветите целиот живот во гонење на еднорог елен и да бидете несреќни сѐ додека не го фатите.rnrnАјде да си ја вратиме назад моќта. Да престанеме да бидеме тивки и исплашени. Да одбиеме да ѝ дозволуваме на дебелината да нѐ спречува вистински да живееме. Да не им дозволуваме на грижите за дебелината да ни ги уништуваат нашите денови, недели, декади.rnrnНаместо тоа, најдете ги нештата што ви го осветлуваат патот, ви даваат смисла и ве прават среќни. Заменете ги сите муабети за дебелината со разговори за овие нешта. Давајте им комплименти на вашите пријатели за овие нешта. Читајте за овие нешта. Дајте си време, енергија, пари и моќ за овие нешта.rnrnНаучени сте да се опседнувате со дебелината, па ќе биде потребно време и напорна работа за да ги пренасочите времето и вниманието кон нешто друго. Ќе бидат потребни храброст и сила да се спротивставите на она коешто било толку силно што постанало дел од вас. Но, отпорот доаѓа од вас, отпорот почнува со вас.rnrnПогледнете како балерина со прекумерна тежина докажува дека секое тело е убаво на свој начин.

  • Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

    Најстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настани

    Колку хорор филмови сте гледале досега кои тврделе дека се базирани на вистинска приказна или инспирирани од вистински настани? Хорор приказните кои содржат барем малку вистина се многу пострашни од целосно измислените, а истото важи и за страшните книги базирани на вистински настани. Можеби бесмислените елементи од хорор приказните, како на пример опседнато девојче кое целото превиткано се движи по скалите, не се вистинити, но самата помисла дека некој навистина би можел да биде опседнат од ѓаволи е неверојатно морничава.rnrnБез разлика дали верувате или не, следниве книги тврдат дека се базирани на вистински ужасни настани. Веројатно ќе можете да спиете подобро ако се убедите дека се измислени, но ако сте похрабри ќе сакате да ги читате како факти, а не како фикција. Погледнете кои се тие и подгответе се за бессони ноќи исполнети со терор…rn

    1. „Егзорцист“ (The Exorcist) од Вилијам Питер Блети

    rnНајстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настаниrnrnИсто така позната како книгата или филмот поради кои вашите родители имале кошмари кога сте биле помлади. „Егзорцист“ важи за еден од најстрашните филмови некогаш направени. Но, пред да биде преточен на филмското платно, станувало збор за книга. Но, уште порано станувало збор за вистинска приказна за опседнатост со демони. Авторот тврдел дека се работи за вистинска опседнатост и егзорцизам за кои тој некогаш чул. Дали ќе верувате или не, останува на вас.rn

    2. „Хоророт во Амитивил“ (The Amityville Horror) од Џеј Ансон

    rnНајстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настаниrnrnВеројатно веќе ви е позната оваа приказна: Семејство се вселува во нова куќа каде се соочува со теророт на демонското присуство. Опседнатоста со демони во Амитивил е една од најпознатите приказни за опседнати куќи во Америка и послужила како инспирација за неколку филмови, но и книга. Многумина се сомневаат во вистинитоста на изјавите од страна на семејството. Но, да бидеме реални! Дури и само една четвртина од она што жртвите го изјавиле да е вистина, сепак станува збор за неверојатно застрашувачка приказна.rn

    3. „Одри Роуз“ (Audrey Rose) од Френк Де Фелита

    rnНајстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настаниrnrnДе Фелита се колнел дека бил инспириран да ја напише оваа приказна благодарение на неговиот роден син, за кој се сомневал дека е реинкарнација на талентиран пијанист откако забележал дека момчето покажува неверојатен талент уште од многу рана возраст. Тоа не се вклопува баш со приказната на книгата во која се работи за мало девојче по име Ајви со кое еден странец почнува да се опседнува. Мажот тврди дека Ајви е реинкарнација на неговата ќерка Одри која починала истиот момент кога Ајви се родила. Можете да претпоставите дека родителите на Ајви не биле баш воодушевени од неговата ситуација. Романот има многу помрачен крај од вистинската приказна за реинкарнација на Де Фелита, која завршува со тоа што неговиот син станал одличен пијанист.rn

    4. „Ѓаволот во Конектикат“ (The Devil in Connecticut) од Гералд Бритле

    rnНајстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настаниrnrnПоради оваа книга веројатно ќе престанете да ја користите изреката „Ѓаволот ме натера“. Главните ликови се демонолозите Ед и Лорејн Ворен и приказната започнува со едно момче кое е опседнато со ѓаволот откако семејството се преселило во нова куќа. Откако неговата состојба ќе се влоши, семејството бара помош од свештеници да извршат егзорцизам. Потоа, демоните кои наводно го опседнале момчето го преземаат телото на друг човек и го тераат да го убие сопственикот на земјиштето. Без разлика дали верувате во оваа демонска опседнатост или не, ќе ви откриеме дека судијата не падна на тој изговор.rn

    5. „Ѓаволот во белиот град“ (The Devil in the White City) од Ерик Ларсон

    rnНајстрашните книги некогаш напишани кои се базираат на вистински настаниrnrnЛарсон ги раскажува застрашувачките приказни на двајца мажи кои учествувале во Светскиот саем во Чикаго во 1893 година. Едниот од нив бил архитект кој имал задача да го дизајнира поголемиот дел од саемот и тој не бил поврзан со никакви убиства. А другиот бил шармантен психопат кој саемот го видел како можност да осуди што е можно повеќе жртви на пропаст. Х.Х. Холмс изградил хотел кој му служел како зандана за убивање, каде многу од неговите гости доживеале брутално безмилосен крај.rnrnПреминете на следната страница за останатите 5 хорор книги…rn

  • 7 знаци дека сте во врска со претерано чувствителна личност која премногу размислува

    7 знаци дека сте во врска со претерано чувствителна личност која премногу размислува

    Дали сте се заљубиле во личност која изгледа како постојано да се сомнева во сè и без престан да ги премислува сите работи кои ги прави? Дали тој или таа постојано одат напред назад, со цел подобро да ги анализираат оние нешта кои им се случиле? Ако одговоривте точно на овие прашања, тогаш можеби сте заљубени во личност која премногу размислува и е пречувствителна. Погледнете како функционираат овие комплексни суштества…rnrn7 знаци дека сте во врска со претерано чувствителна личноста која премногу размислуваrn

    1. Тие имаат повеќе резервни планови

    rnОвие личности имаат аналитичен ум, за добро и за лошо. Токму затоа и очекувајте дека тие ќе имаат многу резервни планови за сите ситуации во кои се впуштаат. Ова може да биде од голема корист кога планирате комплицирани планови или се соочувате со проблеми, но може да биде и недостаток ако вашиот партнер почне да прави нереални планови за „криза која чека да се случи“.rnrnКога тие ќе почнат да се однесуваат деструктивно кон себе и своите планови, вие треба да ги вратите назад во реалноста. Објаснете им дека нивниот ум малку скршнал од патот и потсетете ги да дишат длабоко со цел да смират и да можат појасно да ја видат ситуацијата. Токму во тој момент можете да им го одвлечете вниманието со интересна активност, како масажата.rn

    2. Тие ги помнат дури и најмалите ситници кои сте им ги кажале

    rnБез разлика дали станува збор за тивок коментар кој сте го кажале на поминување или пак, за поголема забелешка, тие веќе нашле 50 милиони причини зошто вие би кажале нешто такво. Бидете внимателни со вашите зборови и не им давајте непотребни информации бидејќи ќе ги натерате да се опседнат со ништо.rnrnДоколку забележите дека нивниот „лик за размислување“ се појавил, тогаш објаснете им дека овие за нив големи зборови се всушност многу мали и дека не треба да се нервираат, па потоа прашајте ги зошто се појавила оваа реакција кај нив. За крај, потсетете ги дека одвреме-навреме претерано размислуваат и дека токму оваа тема не вреди за нивните мисли.rn

    3. Тие не се менуваат преку ноќ

    rnНе постои начин на кој можете да ги „поправите“ овие личности. Оние кои претерано размислуваат треба да сакаат да се сменат со цел да се справат со своите претерани мисли. Токму затоа и треба да бидете нивната поддршка доколку одлучат да се консултираат со психотерапевт. Од друга страна, вие исто така можете да им предложите неколку начини на смирување:rn

      rn011

    • Вежбање, во домот или во теретана
    • rn011

    • Трчање или јога
    • rn011

    • Медитација
    • rn011

    • Онлајн групи или сајтови за поддршка за анксиозност
    • rn011

    • Исклучување од социјалните мрежи и медиуми, барем еден час дневно
    • rn011

    • Посветување време на себе
    • rn

    rn

    4. Тие се одлични за планирање

    rnДоколку соодветно ги насочат нивните мисли, овие личности можат да бидат корисни кога станува збор за аналитичко размислување. Доколку ви е потребен одговор на одреден проблем или сакате да планирате патување или настан, вашата љубов е совршената личност од која можете да побарате помош.rn

    5. Тие имаат потреба да се повлечат по караница

    rnОвие личности имаат потреба од повеќе време за да си ги средат своите мисли по караница помеѓу вас. Тоа е исцрпувачка ситуација за нив, која им одзема многу енергија, па токму затоа дозволете им доволно време за да се опуштат. Исто така може и да им треба повеќе време да ви пристапат повторно, дури и откако ќе ги средат сите свои мисли.rn

    6. Тие можат да бидат и претерано чувствителни

    rnОдвреме-навреме тие морат да бидат потсетени дека се опседнати со нешто кое го нарушува нивното расположение. Ова потсетување ќе ги врати назад во реалноста, но треба да внимавате да не бидете премногу строги со нив. Претераното размислување е еден вид анксиозност, состојба која не може магично да се исклучи доколку го побарате тоа од нив.rn

    7. Тие создаваат свои сопствени вентили за исфрлање на анксиозноста

    rnНе бидете изненадени ако оваа личност има креативно или чудно место каде што оди со цел да ја исфрли својата анксиозност и фанатична енергија. Вашата цел е да уживате и да го поддржувате овој вентил, сè додека не влијае негативно на вашата врска. Колку и да ја сакате оваа личност, не заборавајте дека вашата љубов нема да ги смени. Но, може многу да му/ѝ помогне да расте…

  • 17 знаци дека сте опседнати и премногу приврзани за вашето домашно милениче

    17 знаци дека сте опседнати и премногу приврзани за вашето домашно милениче

    Факт е дека луѓето кои поседуваат домашни миленичиња се многу посреќни за разлика од оние кои не поседуваат. Но, сѐ си има граница, дури и кога станува збор за љубовта кон животните. Откако ќе ги прочитате овие знаци, ако се пронаоѓате во барем половина од нив, тогаш најљубезно ве молиме да го олабавите кутрото животно. Јасно ни е дека го сакате, но и нему му треба простор.rnrn0-17-znaci-deka-ste-premnogu-opsednati-i-premnogu-privrzani-za-vasheto-domashno mileniche-kafepauza.mkrnrn1. Храната што му ја давате како награда е многу повеќе мито за повеќе да ве сака.rnrn2. Го имате затворено во соба заедно со вас за да го натерате да поминува повеќе време со вас. Но, овој план не ви успева затоа што тоа трпеливо чека да му отворите врата.rnrn3. Постојано гo гледате како спие….rnrn4. И го фотографирате додека спие…rnrn5. Па добро, снимате и по некое видео одвреме-навреме.rnrn6. Станувате неверојатно љубоморни кога имате гости и вашето милениче многу повеќе си игра со нив отколку со вас, а вие само сакате да се развикате: ЈАС ТЕ ХРАНАМ НЕБЛАГОДАРНИКУ!rnrn7. Обично галењето завршува така што на крајот тоа се обидува да се оттргне од вашите „канџи“, а вие го држите толку силно, како животот да ви зависи од тоа и му викате САКАЈ МЕ!rnrn8. Сигурни сте дека го имате фатено како превртува со очите кога ќе направите нешто глупаво за да му го привлечете вниманието.rnrn9. Го имате разбудено од мирната дремка само затоа што ИЗГЛЕДАЛО ПРЕМНОГУ СЛАТКО!rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrn10. Постојано покажувате слики од вашето милениче на сите што ги познавате затоа што сметате дека не е фер таква убавина да остане незабележана…rnrn11. Како резултат на претходново, голем дел од вашите профили на Инстаграм, Снепчет и сите други форми на социјални мрежи се посветени на вашето животинче и вие воопшто не се каете за тоа.rnrn12. Потајно го сакате тоа кога ќе дојдете дома откако сте го поминале денот со други животни, а вашето милениче ве душка и се прашува каде сте биле, затоа што сакате да го потсетите дека имате и други опции, за секој случај…rnrn13. Но, секогаш му давате екстра внимание за да го потсетите дека тоа ви е најважно и најсакано.rnrn14. Не сакате да го оставате само дома многу долго затоа што се плашите дека нема да бидете таму кога ќе му бидете потребни.rnrn15. Па затоа вашите пријатели се навикнати да ги прашувате дали во новиот ресторан дозволуваат домашни миленици. Вака не морате да се грижите што прави тоа само дома затоа што вашето домашно милениче седи до вас.rnrn16. Кога ќе го видите како се забавува без вас чувствувате потреба да одите таму и да го убедите да си игра со вас. А кога тоа ќе ве погледне, како да ви вели: „Уморен/а сум од твоите глупости. Остави ме да живеам.“ И тогаш, вие двојно ја покажувате вашата љубов кон него.rnrn17. Не можете да замислите да поминете еден ден без вашето крзнено пријателче затоа што тоа е вашиот свет и ако некој се обиде да ве раздвои, тогаш ќе настанат големи проблеми.

  • Никогаш нема да признаете дека сте опседнати со вашиот телефон, но овие знаци го докажуваат спротивното

    Никогаш нема да признаете дека сте опседнати со вашиот телефон, но овие знаци го докажуваат спротивното

    Во денешно време, со целата таа напредна технологија и достапноста на мобилни телефони, неизбежно сите стануваме премногу опседнати со нив. Започнавме сите секојдневни работи да ги завршуваме преку нив, проверувањето на банкарската сметка, купувањето од интернет, па дури и одењето во тоалет е незамисливо без мобилниот. Можеби вие мислите дека не сте опседнати со вашиот смартфон, но овие знаци го покажуваат спротивното.rnrn1-nikogash-nema-da-priznaete-deka-ste-opsednati-so-vashiot-telefon-no-ovie-znaci-go-dokazhuvaat-sprotivnoto-www.kafepauza.mk_rnrn1. Одењето во тоалет без него е незамисливо. Кенди краш нема да се игра сама. Па, поради тоа поминувате додатни 15 минути во тоалетот и кршите слатки. Па што?rnrn2. Се карате со своите пријатели во автомобилот за тоа кој прв да го користи полначот. Разговорот не е многу долг. – „Еј мојот телефон има 15% батерија.“ – „Аха, но мојот има 12%, така што мојот оди прв на полнење.“rnrn3. Почнувате да чувствувате фантомски вибрации. Дали мојот телефон штотуку завибрира? Сигурна сум дека почувствував вибрации во мојот џеб!rnrn4. Вашиот албум е полн со скриншоти и интересни слики кои луѓето ги објавиле по социјалните мрежи. Ооо, па Кате мора да знае што пиша Славе за неа откако раскинаа (и го прекинаа своето пријателство на Фејсбук). Но што ако го избрише коментарот? Најдобро е да направам скриншот за секој случај.rnrn5. Имате стотици непостирани селфи фотографии. Да, го разбираме ова. Потребно е да сликате 15 селфи фотографии за да изберете само една на која изгледате прекрасно. Другите ги чувате за секој случај, но признајте вие изгледате одлично и на останатите.rnrn2-nikogash-nema-da-priznaete-deka-ste-opsednati-so-vashiot-telefon-no-ovie-znaci-go-dokazhuvaat-sprotivnoto-www.kafepauza.mk_rnrn6. Го користите Тајмхоп за да ги постирате работите што веќе еднаш сте ги објавиле. Тоа беше смешно пред 5 години, но за вас сè уште е така.rnrn7. Вашиот телефон константно ве известува дека немате повеќе меморија. Најверојатно тоа е поради 43-те апликации кои ви се потребни и 1.500-те слики во вашиот албум.rnrn8. Потребно ви е да го ставате телефонот на нечујно или во друга соба за да можете да се сконцентрирате на проектот на кој работите. Во кризни ситуации, не може а да не знаете дека Кети ви напишала за нејзиниот состанок со Мартин. Вие сте сигурни дека тоа е многу поинтересно отколку досадниот проект кој треба да го завршите. Но, ако не се дистанцирате од телефонот никогаш нема да го завршите проектот.rnrn9. Сакате да го забележите секој момент. Отидовте во маркетот да купите тоалетна хартија, па го оставивте Снапчет отворен за секој случај ако се случи некоја интересна работа.rnrnStudent connecting with technologyrnrn10. Го поткрепувате секој аргумент со резултат од Гугл. Потоа, проверувате што вели и Википедија за тоа.rnrn11. Дури и кога ги гледате темните облаци, ја отворате апликацијата за временска прогноза. Вие сакате да знаете колку точно време ќе трае дождот, колку ќе биде силен, колку ќе падне температурата…rnrn12. Ги знаете најновите вести пред да ги дознаат вашите пријатели. „Дали слушна за но…“ – „Новиот албум на Тејлор Свифт? – „Да, прочитав на Твитер пред 10 минути. Веќе го споделив.“rnrn13. Се чувствувате како да сте голи ако го заборавите вашиот телефон дома. Што ќе правите сега со вашите раце?

  • 6 работи со кои жените се опседнати, за кои на мажите не им е гајле

    6 работи со кои жените се опседнати, за кои на мажите не им е гајле

    Жените постојано покажуваат опседнатост околу овие неколку работи затоа што сметаат дека тие им се многу важни и на мажите, но тие имаат малку поинакво мислење за нив…rnrn6 машко - женски работи со кои жените се опседнати, а на мажите не им е гајлеrn

    1. Прекумерна тежина

    rnАко некое момче решило да се гледа со вас тоа е така затоа што сте му убава. Тоа дали вашата телесна тежина според медицинските или манекенските стандарди е прекумерна или не, не е воопшто важно. Или сте му убава таква каква што сте или не.rn

    2. Шминка

    rnАко не носите маска од шминка која сосема ви ја менува бојата на кожата, повеќето мажи нема ни да забележат дали сте нашминкана или не. И сите го преферираат природниот изглед пред вештачкиот. Ако некој повеќе ве сака кога лицето ви е многу обоено, тогаш сигурно не сте со вистинскиот партнер.rn

    3. Кој на кого се пушта

    rnДевојките се плашат да им пријдат на момците затоа што се плашат што потоа тие ќе помислат за нив. Не треба да се грижите за тоа затоа што на повеќето мажи може да им биде многу симпатично ако некоја девојка се труди да допре до нивното срце. Ако случајно налетате на некого кој поради тоа ќе има лошо мислење за вас, таквото искуство сметајте го како природна селекција со која ќе ги елиминирате оние кои не ви одговараат.rn

    4. Кој на кого прв му се јавува

    rnПравилата во врска со тоа кој на кого прв и кога му се јавува се само за во филмовите за да бидат поинтересни или помалку интересни. На момците не им е гајле дали вие ќе бидете таа што ќе се јави прва после состанокот или ќе чекате тој да го стори тоа. Ако е паметен и ако му е дојдено до вас, тоа нема да биде проблем и затоа не треба да се опседнувате со тоа.rn

    5. Што јадете кога излегувате заедно

    rnВажно му е да не нарачате некое супер скапо јадење кое тој нема да може да го плати, но чувствувајте се слободно да јадете што било и вo која било количина. Не мора да јадете само салата за да покажете дека се грижите за себе.rn

    6. Кога тој прави нешто без вас

    rnСекој маж со нормален живот сака да прави одредени работи сам или со своите другари и нема потреба да се опседнувате со тоа што тие прават или разговараат кога не сте таму. Тоа не значи дека сака да се оддалечи од вас, туку само сака да ужива во работите кои му причинуваат задоволство.

  • Господин Селфи – Kраток филм кој ја прикажува реалноста на нашата опседнатост со смартфоните

    Господин Селфи – Kраток филм кој ја прикажува реалноста на нашата опседнатост со смартфоните

    „Г-дин Селфи“ е краток филм на „ We Are Seventeen“, студио за графички дизајн и анимација од Лондон. Тој во само две минути има сумирано еден цел ден од животот на млад човек кој е опседнат со својот смартфон и притоа го пропушта животот и убавините што се случуваат околу него, правејќи го неговиот ден здодевен.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn