КАФЕ ПАУЗА

Tag: опседнатост

  • Кој ги прогонува богатите и славните?

    Кој ги прогонува богатите и славните?

    Не им е лесно ниту на познатите. Парите и огромното обезбедување околу нив, понекогаш не се доволни да ги заштитат од опседнатите фанови…Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    1. Марк Дејвид Чепмен

    rnToj е на врвот меѓу прогонувачите на познатите личности. Со убиството на популарниот „битлс“ Џон Ленон, до ден денес никој не може да го симне од неславниот врв. На 8 декември 1980 година, тој испукал четири куршуми во грбот на Ленон, пред влезот од неговиот стан во Њујорк, во кој живеел со сопругата, Јоко Оно. Тогаш 25-годишниот Марк, еден од милионите фанови на славниот „битлс“, одлучил на ваков начин да го привлече вниманието на јавноста кон себе. Чепмен е осуден на доживотен затвор. Барањето за условна слобода, судот му го одбил шест пати досега.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    2. Роберт Џон Бардо

    rnБардо е прогонувачот и убиецот на младата холивудска ѕвезда Ребека Шефер, која е позната по телевизиската серија „Мојата сестра Сем“. Ја прогонувал со години, а во 1989 година, конечно ја дознал нејзината адреса. Заѕвонил на вратата од апартманот во кој живеела и ја застрелал во моментот кога се појавила пред него. Адресата ја нашол преку нејзиното возачко досие во Одделот за моторни возила. Холивуд бил шокиран од начинот на кој била убиена. Ова било аларм и за властите. Тие во 1994 година, донеле Закон за заштита на возачите, во кој се забранува институциите да ги даваат домашните адреси и останатите информации за граѓаните.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    3. Ентони Гери Силвестри

    rn21-годишната Силвестри била опседната со телевизиската репортерка, Кетрин Детман. По неколку месечно следење, таа успеала да провали во нејзината куќа. Детман во тој момент се туширала, со што на Силвестри ù оставила доволно простор да го исценира нападот. Ја чекала во спалната соба, каде ù нанела 15 смртоносни убоди со нож и мртвото тело го оставила да лежи на подот. Силвестри во моментот издржува 40-годишна казна затвор за убиство.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    4. Џон Хинкли Џуниор

    rnТој станал опседнат со актерката Џоди Фостер, по нејзината улога во филмот „Таксист“. Одлучил да студира на престижниот универзитет „Јеил“ истата година кога и Фостер. Се преселил во нејзина близина и за кусо време почнал да ја прогонува, да ù пишува љубовни пораки и поеми, кои ги оставал под нејзината врата.rnrnНо, откако не успеал на овој начин да го привлече нејзиното внимание, тој одлучил да преземе драстично порадикален чекор. Започнал да крои планови за атентат на претседателот Џими Картер. Ова го споделил со Фостер. Актерката веднаш ја алармирала полицијата и Џон бил уапсен. Но, не се откажал од намерата и во 1981 година, повторно иснпириран од филмот „Таксист“, испукал 6 куршуми кон новоизбраниот претседател, Роналд Реган. За среќа, ниту еден од куршумите не завршил во Реган. Претседателот го преживеал обидот за атентат, исто како и останатите потенцијални жртви во моментот. Џон воопшто не се обидел да избега од местото на настанот и веднаш бил уапсен. За време на судењето во 1982 година, тој бил прогласен за луд. Сè уште се лекува во душевната болница „Сент Елизабет“ во Вашингтон.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    5. Маргарет Мери Реј

    rnТаа долго време го прогонувала Дејвид Летерман, домаќинот на познатото ноќно шоу. Мери Реј страдала од шизофренија. Летерман во неговите емисии знаел често да се пошегува на сметка на неговата обожавателка, но очигледно неговите шеги не ù биле смешни на Реј. Нејзината опседнатот и фантазии отишле дотаму што таа неколку пати провалила во неговата куќа, а најмалку еднаш му го украла и поршето. Таа исто така го прогонувала и пензионираниот астронаут Стори Мајгрејв. Во 1998 година, извршила самоубиство, фрлајќи се под воз.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    6. Џек Џордан

    rnЏордан е долгогодишен прогонувач на холивудската актерка Ума Турман. Тој ù испраќал картички со заканувачки пораки и цртежи. На една од нив нацртал отворен гроб, надгробна плоча и човек со жилет во рацете како стои над неа. По сведочењето на актерката дека ја прогонува и дека е исплашена за безбедноста на нејзиното семејство, тој бил осуден на три години условна казна.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    7. Кристин Келер

    rnУште еден прогонуван „битлс“. Кристин Келер го демнела поранешниот гитарист на „Битлси“, Џорџ Харисон. Таа на јавноста ù стана позната по провалувањето во неговата куќа во Мауи, во 1999 година. Ова не било единствениот пат, Харисон да биде предмет на нејзините мечти и копнежи. По провалувањето во куќата на рок ѕвездата, Келер четири месеци поминала во затвор. Таа во вестите повторно се појавува во 2006 година, но како жртва на убиец од Калифорнија, кој потоа се самоубил.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    8. Донет Најт

    rnТаа била опседната со актерот Мајкл Даглас и се разбира нејзин непријател број еден станала неговата сопруга и колешка, Кетрин Зета Џонс. Во 2003 и 2004 година, испраќала заканувачки пораки до холивудската двојка. Се заканувала дека ќе ја искасапи Зета Џонс и со неа ќе ги нахрани кучињата. За кусо време била уапсена. По тужбата и сведочењето на актерите, Најт признала дека е виновна. Судот ù одредил три години затвор.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    9. Пречесниот Дејвид Аџамјан

    rnТој е срам за католичката црква. Свештеникот од бостонската архиепископија испраќал заканувачки писма и дивидија до водителот на полноќното ток-шоу, Конан О`Брајан. По некое време бил уапсен, а на судското рочиште во 2007 година, се изјаснил како виновен за недолично однесување. Судот му наредил да се држи понастрана од водителот, а подоцна архиепископијата му ги одзела ингеренциите како свештеник.Кој ги прогонува богатите и славните?rn

    10. Вилијам Лепеска

    rn40-годишниот бездомник Лепеска препливал преку „Biscayne Bay“ за да стигне до неговата љубов од соништата, тенисерката Ана Курникова. Сакал да влезе во нејзината куќа на плажа во Мајами, но бил уапсен во дворот на соседот на Курникова, каде упаднал практично гол. После ова, судот му наредил да се држи понастрана од целото соседство.Кој ги прогонува богатите и славните?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    Колку пати досега сте биле шокирани од фотографијата која ја објавил некој ваш пријател на својот профил на Фејсбук? Како пак реагирате кога ќе видите дека истиот тој пријател, решил да ја означи таа ужасна фотографија како профил слика, која ќе може цел свет да ја види?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, која ја нарекол „Boyz and Girlz du net“ (Момчињата и девојките на нет). Неговите фотографии ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи. Тие се истовремено исто толку чудни колку што се и смешни, бидејќи се во суштина многу реални и иронично ја прикажуваат потребата на луѓето за внимание во современите општества.Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Оваа серија фотографии, сама по себе, го подбуцнува прашањето: Зарем сме толку многу опседнати сами со себе?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.target=”_blank”>нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

    Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

    Сексуалниот нагон кај мажите е доминантен над другите желби, па поради тоа поголемиот дел од времето кога се будни, тие го поминуваат мислејќи на секс. Ова го тврди професорот Шеридан Симов, чија книга со наслов „На што мисли секој маж освен на секс“, веднаш станала бестселер во Велика Британија, иако помеѓу кориците немало ниедна буква. Заклучокот од неговата 30-годишна работа е дека повеќето мажи примарно се мотивирани исклучиво од сексуалниот нагон.rnrnЗа да дознаете дали вашиот партнер поголемиот дел од времето мисли на секс, решете го овој тест.rnrnТест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?rn

    1. Планирате излет со шатор за викенд во природа. Што мисли вашиот партнер за тоа?

    rnа) Возбуден е поради авантуристичкиот секс на отворено.rnrnб) Не му се допаѓа викенд во вреќи за спиење и би сакал да останете дома и заедно да уживате во кревет.rnrnв) Се радува што ќе може да се одмори од градската врева за време на викендот.rn

    2. Во кино гледате секси филм:

    rnа) Неговиот поглед е фиксиран на згодните жени на екранот, но рацете му се движат по целото ваше тело.rnrnб) Постојано го врти погледот кон вас.rnrnв) Цело време гледа во часовникот, бидејќи не му се верува дека пропуштил спортски натпревар поради таков филм.rn

    3. Двајцата се враќате порано од работа:

    rnа) Ќе прославите со маратонски секс.rnrnб) После брзиот секс ќе се галите гледајќи телевизија.rnrnв) Ќе започнете заедничко чистење на станот.rn

    4. Дали вашиот партнер некогаш одглумил главоболка или ненадејно кажал дека не е расположен?

    rnа) Не никогаш, секогаш е за акција.rnrnб) Ретко, но се случува.rnrnв) Често, сексот не му е приоритет.rn

    5. Колку често би сакал вашиот партнер да водите љубов?

    rnа) Секој ден.rnrnб) Два до три пати неделно.rnrnв) Кога и двајцата сте расположени за тоа.rnrnТест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?rn

    Резултати:

    rn

    Најмногу одговори под а):

    rnВашиот партнер е жив доказ дека мажите засекогаш остануваат деца. Сексот многу често му е поважен од што било друго.rn

    Најмногу одговори под б):

    rnВашиот партнер го сака сексот, но е способен да размислува и за други нешта и да ужива во нив.rn

    Најмногу одговори под в):

    rnОва е тип на мажи со ниско либидо, што е ретка појава.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.