Во светот постојат повеќе од 30.000 видови орхидеи и скоро 7 пати повеќе хибриди, а без разлика кој вид од оваа егзотична билка е во прашање, сигурно е дека ќе му овозможи голема доза префинетост на просторот во кој се наоѓа. Па, ако сакате вашите орхидеи да бидат незаборавни, овие мали тајни ќе ви бидат од голема корист.rnrn
rnrn1. Ако планирате да купите орхидеја, тогаш изберете ја онаа што веќе има цветови. Без посебна причина, едноставно за да уживате во нејзината убавина.rnrn2. Пред да се одлучите да купите орхидеја, уверете се дека ги имате сите потребни услови за неа. На разни видови им одговараат различни температури, па ако на пример, вашиот дом е доста тежок за згревање во текот на зимата, заборавете на тие видови кои бараат скоро тропски услови. Орхидеите ја сакаат светлината, но не и директната изложеност на сонце, па водете сметка и за тоа колку светлина воопшто имате во вашиот дом и како ви се ориентирани прозорците. Најдобро ќе успеат на јужно и источно ориентирани прозорци.rnrn3. Колку треба да се наводнуваат зависи од нивниот вид, но најчесто може да се поделат на 2 категории – оние на кои не им е потребно многу влага и на кои им е важно земјата да не им биде премногу влажна, и оние кои треба постојано да се наводнуваат и да се одржува големо ниво на влажност додека се во сезоната на растење, а во сезоната на мирување помеѓу двете наводнувања е потребно да чекате водата потполно да се исуши.rnrn
rnrn4. Орхидејата треба да биде пресадена во супстрат што брзо ја пропушта водата, но сепак ја задржува. Орхидеите исто така треба редовно да се пресадуваат, а кога ќе го правите тоа, секогаш користете свежи супстрати.rnrn5. Пожелно е орхидејата да ја дохранувате отприлика два пати месечно. Ако не водите сметка за дохранувањето, подобро е да не го правите тоа воопшто, отколку да претерате.rnrn6. Кога еднаш ќе процветаат, цветовите може да се задржат и неколку месеци, иако постојат видови кои ги губат за само неколку дена. Кога билката ќе ги исфрли цветовите, можете да очекувате дека повторно ќе процвета неколкупати или барем уште еднаш во текот на таа година. Доколку не доаѓа до тоа, можеби на вашата орхидеја ѝ недостасува светлина.rnrn
Tag: одржување
-

Орхидеи: 6 правила со кои чувствителните убавици (конечно) ќе процветаат
-

5 совети за отстранување на „топчињата“ од волнената облека
Најверојатно сите ние сме доживеале некоја „незгода“ со облеката, како што се „топчињата“ кои се создаваат на волнената облека и со тоа се создава впечаток дека таа е стара и износена. Но, и за овој мал естетски проблем постојат брзи решенија, а со нашиот мал моден СОС совет вашиот стар џемпер би требало да изгледа како нов.rnrn
rn1. Ножици
rn„Топчињата“ најчесто ќе ги отстраните со ножици, но мора да бидете внимателни да не го исечете џемперот. Ставете го на рамна површина, а потоа „топченцата“ фатете ги со прсти и внимателно исечете ги.rn
2. Чешел или камен за џемпери
rnОвие два производи се наменети за отстранување на остатокот од волната и можете да ги купите во поголемите маркети или пак да ги порачате од Интернет.rn
3. Камен за пети
rnДоколку морате брзо да ги отстраните „топчињата“, а немате при рака камен за волна или чешел, тогаш употребете камен за пети. Неговата груба текстура е одлична јадица на која ќе се закачат овие мали волнени топчиња. Со нежни движења преминете преку облеката која сакате да ја исчистите, а „топчињата“ поради нивната текстура ќе се фатат за грубиот камен. Ова е брзо и едноставно решение, но треба да запомните дека мора да бидете екстра внимателни за да не ја оштетите облеката.rnrn
rn4. Жилет
rnЗа трикот со жилетот да биде успешен, облеката која планирате да ја „третирате“ прво свртете ја наопаку и исперете ја на соодветната температура. Кога облеката ќе се исуши вратете ја на вистинската страна и раширете ја. Потоа со рака затегнете го делот преку кој ќе поминете со жилетот. Со лесни движења отстранете ги „топчињата“, но држете го жилетот доволно далеку за да не ја оштетите ткаенината. После оваа мала „естетска операција“ облеката треба да изгледа како нова.rn
5. Сунѓер
rnИако мекиот сунѓер и мекиот џемпер не се поими кои се врзуваат еден за друг, сепак во овој случај токму сунѓерот може на вашиот џемпер да му даде нов сјај. Лесно и на мала оддалеченост со грубата страна од сунѓерот поминувајте преку „топчињата“ кои би требало да се фатат на грубата текстура на ова кујнско помагало.rnrnСовет плус: Никогаш не ги отстранувајте „топчињата“ со помош на прстите, односно не ги кинете, бидејќи на тој начин ќе ја оштетите волната.
-

Тајни за одржување на долгата коса што секоја модерна жена треба да ги знае
Одржувањето на долгата коса не е едноставно. Кога имате време и енергија за нејзиното средување, можете да ја направите да изгледа прекрасно, но во спротивно, таа може да ви претставува голем проблем. Па, ако сакате што помалку време да посветите на вашата долга коса, а притоа таа да изгледа убаво, тогаш искористете ги следниве трикови што ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно со малку труд.rnrn
rn1. Потстрижувајте ја често
rnАко сакате да ја одржувате здрава вашата долга коса, од особено значење е да ја потстрижувате што е можно почесто. Дури и неколку сантиметри кои само ќе ги отсечат оштетените краеви се значајни за таа да расте побрзо. Имајте навика да го посетувате вашиот фризерски салон најмалку еднаш на секои шест месеци и настојувајте да изберете постојан фризер кој ќе ја познава вашата коса и ќе знае што точно сакате. Потстрижувањето е најдобар начин за одржување затоа што е едноставен, а и не одзема многу време.rn
2. Избегнете секојдневно миење
rnБез разлика дали сакате да ја соберете косата или пак да ја направите брановидна, природните масла кои ги има таа кога не е свежо измиена, ќе ви помогнат подолго да го задржите посакуваниот изглед. Ако пак се чувствувате непријатно поради ова, тогаш сувиот шампон може да биде вашето вистинско решение. Одберете шампон за сува коса кој ќе ви даде волумен и ќе ја направи косата посјајна, па можете да поминете и неколку дена без да ја измиете.rn
3. Витлерите нека ви бидат најдобри пријатели
rnОваа тајна за одржување на долгата коса е одлична за оние кои сакаат да додадат екстра сексапил на нивниот изглед, без премногу работа. Витлерите заштедуваат време и лесно може да се користат, само навиткајте ја косата и слободно можете да ги извршувате домашните работи. Убавината на витканата коса е што кога локните се премногу долги, тие секогаш изгледаат одлично.rnrn
rn4. Пунџата е секогаш одлична идеја
rnПунџата направена со помош на чорап е одличен и лесен начин да ја средите вашата коса, без притоа да потрошите повеќе часови. Постојат многу упатства на Интернет кои ќе ви покажат како да го изведете ова, а во зависниот од тоа за каде се подготвувате, пунџата може да биде целосно затегната или пак, лабава и опуштена. Пробајте еднаш и ова брзо ќе стане вашата омилена фризура.rn
5. Не заборавајте да го посетите фризерскиот салон
rnОгромна грешка е да ја прескокнете посетата на фризерскиот салон. Секогаш постојат различни начини на стрижење, стилови и бои кои може да ги користите за да ѝ дадете дополнителна свежина на вашата коса. На пример, можете да направите фризура со степени и со тоа да ѝ дадете една сосема нова димензија. Истото би го постигнале и со додавање боја, при што не би требало да ја жртвувате должината на косата за да изгледате подобро. Зборувајте со вашиот стилист околу тоа кои производи најмногу би ви одговарале и како истите да ги користите.rn
6. Фенирајте ја
rnБез разлика дали вие самите сте ја совладале оваа вештина или пак ќе го посетите фризерскиот салон, фенирањето е одличен начин за да ја средите вашата коса. Убавината е во тоа што таа може да ви трае и до една недела, ако знаете како да ја одржувате.rnrn
rn7. Овозможете ѝ редовен третман
rnСекојдневните навики ѝ штетат на вашата коса, па затоа многу е важно да ѝ обезбедите редовен третман што ќе го задржи нејзиниот сјај и ќе ѝ овозможи да остане здрава и неоштетена.rn
8. Испробувајте нови стилови
rnНа Интернет постојат многу начини што ќе ви покажат разни трикови како можете да ја носите долгата коса. Неуредна пунџа, коњско опавче или плетенка на страна се само дел од можностите што ви стојат на располагање.rn
9. Никогаш не потценувајте ги додатоците за коса
rnМодните додатоци изгледаат неодоливо во долгата коса. Имате многу опции: Од едноставна лента, па сѐ до светли и живописни детали. Сепак, внимавајте да изберете модели коишто ќе одговараат на вашата облека.rnrn
rn10. Здравата коса е убава коса
rnКако што споменавме и претходно, редовниот третман на вашата коса, потстрижувањето и пореткото миење ќе ја одржуваат вашата коса здрава и убава. Секако, полесно е да се средува здравата коса, отколку онаа со оштетени краеви, затоа, настојувајте да го одржувате вашиот природен сјај.rnrnБидејќи долгата коса најчесто бара и повеќе внимание, време и нега, можеби ќе паднете во искушение да ја скратите. Но, доколку научите како да ги користите овие неколку трикови, ќе бидете во можност да ја задржите нејзината должина и притоа да изгледате прекрасно.
-

Што може да се случи ако престанете да ја бојадисувате косата?
Бојадисување на коренот, осветлување, затемнување… Има различни начини на кои можеме да ја смениме природната боја на косата. Но, зарем досега не ви здодеа посетата на фризерските салони? Голем дел од жените дури не ја паметат природната боја на својата коса, но дали некогаш сте се прашале што би се случило доколку престанете да нанесувате разни тонови и ја оставите косата природна, онаква каква што ви била кога сте биле мало девојче?rnrn
rn1. Можете да заштедите пари
rnБез оглед дали чинот на бојадисување го правите сами во домашната бања пред огледало или редовно го посетувате луксузниот салон на вашиот стилист, бојадисувањето помалку или повеќе, чини пари. Доколку одлучите да се вратите на вашата природна боја на косата, секако ќе заштедите некој денар.rn
2. Вашата коса ќе изгледа поздрава
rnИако бојадисувањето на косата и сите различни техники се усовршени и секојдневно одат нанапред, сепак оставаат одредена трага. Паузата од редовното нанесување различни хемикалии, ќе ја релаксира косата и ќе ја врати во првобитната состојба, а ефектот ќе биде уште поголем доколку ги отстраните и оштетените врвови.rnrn
rn3. Но, можеби ќе биде потешка за обликување
rnОва особено е проблем за оние кои имаат природно права коса. Здравите, нетретирани прамени се помазни и посвиленкасти, што е добра работа, додека не дојде момент да ја уредите во некаква лежерна фризура, која бара да се направи плетенка или лесни брановидни форми.rn
4. Влакното на косата може да изгледа потенко
rnГолем број девојки и жени доаѓаат до ефект на погуста коса токму преку бојадисувањето. Добри стилисти умеат преку комбинација на различни бои да направат вашата коса да изгледа многу поквалитетна и погуста од нејзиното природно издание. Со бојадисувањето многу често се добива волумен и цврстина на влакното.rnrn
rn5. Ќе треба да воведете нов начин на одржување на косата
rnМожеби мислите дека ќе ви требаат помалку производи за одржување на вашата коса која има природен пигмент, но немојте да се изненадите доколку одеднаш се соочите со потребата од различни спрејови, восоци и пени за да ја наместите косата и да ја постигнете фризурата што сте ја носеле претходно.rn
6. И, можно е да ви стане здодевно
rnПовеќето девојки и жени, освен за да изгледаат убаво, косата ја бојадисуваат и за да ја искажат својата индивидуалност и стил. Иако, враќањето на природната боја има свои предности, секако можете да се соочите и со здодевност. Едноставно кога ќе се погледнете во огледало ќе ви недостасува нешто поинакво. Секако, во тој случај не мора веднаш да се фатите за кутиите со бои, може да размислите и за ново потстрижување, но сепак одлуката е ваша.
-

Како да ги одржувате чантите за да ви траат со години?
Без разлика колку сте ја платиле вашата чанта, би требало да ја третирате како нешто драгоцено, бидејќи кој денес има пари за фрлање? Чантите се аксесоари кои можат да траат со години, а трикот се крие во тоа што мора да ги чувате на вистинскиот начин. Токму поради тоа, со вас споделуваме 6 сјајни совети кои многу ќе ви помогнат во вашата мисија.rnrn
rn1. Заштитете ги
rnТреба да водите сметка каде ги оставате чантите кога сте надвор од домот, односно да се обидувате да не ги извалкате и изгребете, но и да водите сметка и кога сте дома. Доколку при купувањето на чантата не сте добиле платнена кеса за неа, подредете ги оние помалите во кутии за чевли и одвојте ги со најлон или хартија. Оние поголемите подредете ги една до друга, никако една под друга.rn
2. Спреј за кожа
rnСпрејот со кој ги чувате омилените чевли употребете го и за чантата, но најпрво испробајте на делот кој не се гледа за да ја испитате реакцијата. Постојат и заштитни спреови за разни материјали кои се одлични за излегување надвор од домот.rn
3. Сезонските чанти спакувајте ги одделно
rnЛетните сламени или пак крзнените чанти, односно оние кои се специфични и „врзани“ за одредена сезона, најдобро би било да ги чувате спакувани и одвоени кога не им е време за носење.rnrn
rn4. Чантите од вештачка кожа третирајте ги на посебен начин
rnКрпата од микрофибер сјајно ќе ја исчисти вашата чанта, посебно онаа од акрил. Исто така, со малку вода и детергент можете да ги отстраните поголемите дамки или флеки.rn
5. Чантите од антилоп чувајте ги од дожд, но и кога сте дома
rnЧувствителната превртена кожа бара навистина специјална нега и доколку надвор врне, одлучете се за чанта од друг материјал. Исто така, не заборавајте дека спрејот за чевлите од антилоп може да послужи и за вашата чанта. Кога чантата е дома, наполнете ја со весници и обложете ја со најлон.rn
6. Редовно чистете ги спортските чанти
rnЗнаете и самите дека тие може да бидат легло за бактерии, па задолжително перете ги според упатството на етикетата. Доколку не можете да ја перете во машина за перење, тогаш можете да се послужите со антибактериски спреј. Доколку пакувате работи во неа, водете сметка сите тие да бидат спакувани во посебни кеси.rnrn

-

Како правилно да ги користите сунѓерчињата за шминка?
Во последно време премногу се зборува за сунѓерчињата за лице и тоа не е случајно. Постои причина зошто ги гледате во секое мејкап видео на Јутјуб, но зошто и сите мејкап артисти ги користат. За некои од нас, тие можат да делува комплицирано, во што има вистина, па затоа и се придржуваме до веќе познатите четки кои доаѓаат во различни големини и облици. Навистина, четките се незаменливи и никогаш нема да престанеме да ги сакаме и користиме. Но, сунѓерчињата имаат своја цел, која на некој начин е незаменлива. Ако веќе се одлучивте да купите сунѓерче за шминка, еве како да го одржувате и да се грижите за него, за тоа да ви трае што подолго.rnrn
rn1. Користете го вашето сунѓерче мокро
rnПред секое употребување задолжително намокрете го вашето сунѓерче! Ставете го под млаз вода и оставете го да се натопи. Потоа исцедете го за да биде влажно. На тој начин, подеднакво ќе ја нанесете течната пудра и со тоа ќе ги избегнете трагите кои би останале доколку е суво. Исто така, завршницата на пудрата ќе биде полесна и повеќе хидрирана.rn
2. Измијте го сунѓерчето после секое користење
rnПознатите шминкери предлагаат благо перење на сунѓерчето после секое користење, а еднаш неделно е потребно длабинско перење. Немојте премногу да размислувате како треба, бидејќи обичниот сапун за раце е одличен за тоа! Доколку е премногу валкано, можете да го оставите да отстои преку ноќ во вода со сапун. Немојте премногу да го стискате додека го перете, особено ако имате нокти, бидејќи можете да го оштетите. Затоа, стискајте го само помеѓу дланките.rn
3. Внимавајте да се исуши убаво
rnДоколку планирате вашето сунѓерче да го спакувате во несесер и да го носите со себе, морате да бидете сигурни дека е потполно исушено. Ако се случи да остане подолго време затворено и влажно, може да фати мувла, а тоа не е добро за вас и вашата кожа.rnrn
rn4. Немојте да го ставате во микробранова печка
rnАко сте читале малку повеќе за одржувањето на сунѓерчињата, сигурно сте виделе дека некои предлагаат да го ставате во микробранова печка, за да го исчистите од бактериите. Тоа немојте воопшто да го правите. Вистина е дека топлината ги убива микроорганизмите, но овие сунѓерчиња се чувствителни на топлина и можете да предизвикате контра ефект.rn
5. Го имате сунѓерчето премногу долго?
rnПо некое непишано правило, сунѓерчето треба да се менува на секои 3 месеци. Доколку го чувате подолго од тоа време, ќе започне да ги губи своите својства и ќе започне да се кине. Затоа, настојувајте да го менувате почесто.rnrnКога зборуваме за цената на сунѓерчињата, тие варираат од доста евтини до премногу скапи. Избирајте ги спрема вашиот буџет, но во секој ранг може да се најдат добри и лоши. Среќно со користењето и се надеваме дека дознавте нешто повеќе.
-

Нештата за кои внимателно се грижиме траат подолго. Еве како да го сочувате вашиот омилен костим за капење
Конечно го пронајдовте вашиот идеален костим за капење и сакате тој да ви трае што подолго? На чувствителната ткаенина на костимот за капење штета ѝ нанесуваат сонцето, жештината, средствата за сончање, морската вода или пак онаа од базен. Додатна штета ѝ нанесува и неправилното одржување. Затоа придржувајте се до овие правила ако сакате да го носите вашиот омилен костим за капење и следното лето.rnrn
rn1. Перете го рачно
rnИако ова одзема малку повеќе време и труд, сепак на крајот ќе се исплати бидејќи на овој начин тој нема да се оштети. Најпрво е потребно да го исперете костимот за капење во млака вода за да ги отстраните трагите од сол или хлор. Потоа исперете го со благо средство, најдобро е со шампон или со течен сапун. На крај, исплакнете го добро. Немојте да го цедите со раце, туку завиткајте го нежно во пешкир.rn
2. Што е со перењето во машина за алишта?
rnАко веќе мора да го перете во машина за алишта, тогаш немојте да го ставате заедно со другите алишта, бидејќи на тој начин тој ќе се замота околу нив и ќе се развлече. Најдобро би било да го ставите во мрежа за перење алишта и да го перете на програма која е наменета за чувствителни алишта, најмногу на 30 степени.rn
3. Не сушете го директно на сонце
rnНемојте да го сушите костимот за капење директно на сончева светлина ниту пак на жица за алишта. Ако е можно сушете го на рамна површина во сенка. Ако го оставите да се исуши директно на сонце, неговата боја ќе избели уште пред да заврши вашиот одмор. И без разлика колку ви се брза, никогаш немојте да го сушите во машина за сушење алишта.rnrn
rn4. Како да ги отстраните дамките?
rnАко дамката на костимот за капење е мокра, лесно отстранете ја со тапкање со марамче или памук, а потоа исперете го рачно кога ќе пристигнете дома. Сувата дамка немојте да ја стругате, бидејќи на тој начин ќе го оштетите костимот за капење, а нема ниту да ја отстраните дамката.rn
5. Како да го отстраните ситниот песок од костимот за капење?
rnПесочните плажи се прекрасни, но што е со оние ситни зрнца песок кои навлегуваат во ткаенината и не можете да ги отстраните? За почеток, намокрете го костимот за капење во млака вода и оставете го така неколку часа, а потоа исперете го рачно. Ако ова не ви помогне, почекајте костимот за капење потполно да се исуши и со помош на фен издувајте ги ситните зрнца песок. Секако водете сметка за тоа дека фенот треба да ви биде вклучен на ладен воздух.
-

5 закони за користење клима уреди кои никако не смеете да ги прекршите
Целта на вградувањето клима уред во просторијата е да создаде пријатни услови за живеење и работа, особено во топлите летни денови. Но, нивното користење може да има и негативни последици кои лесно можат да се избегнат доколку се придржувате до основните правила. Во спротивно, би можеле да завршите на лекар со некои од симптомите кои се манифестираат како хронично воспаление на синусите, силна главоболка или вкочанети мускули. Овие здравствени тежини ги погодуваат личностите од сите возрасти, па токму затоа погледнете како да се заштитите…rnrn
rnrn1. Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде преголема, односно не повеќе од 7 до 10 степени. Во спротивно организмот не би можел да се прилагоди на промената кога ќе излезете од просторијата и ќе му делува како шок кој негативно влијае врз здравјето. Долготрајното изложување на студ влијае и врз работата на метаболизмот. Циркулацијата е забавена, па токму затоа и сите други активности во мускулите, крвните жили и живците се одвиваат побавно.rnrn2. Најдобро е прво да ја оладите просторијата, а потоа да го исклучите клима уредот и да влезете внатре. Исто така пред да излегувате на надворешната температура, прво дозволете му на организмот да се навикне така што климата ќе ви биде исклучена. Особено внимание обрнете на најмладите бидејќи кај нив климатизираните простории можат да доведат и до воспаление на ушите.rnrn3. Одржувањето и чистењето на клима уредите е од голема важност. Филтерот низ кој излегува оладениот воздух треба да се чисти барем еднаш годишно, бидејќи влажната и нечиста подлога е идеална област за развој на штетни микроорганизми од кои дел можат да предизвикаат и воспаление на белите дробови. Во сезоната на користење клима уреди, препорачливо е и да се дезинфицираат со соодветно средство.rnrn4. Клима уредите никогаш не треба да дуваат директно во вас. Исто така, мора да бидат поставени онаму каде што нема да му сметаат на протокот на воздухот. Врз правилната работа на вентилите може да смета мебелот, па токму затоа направете го оптималниот распоред во просторијата со цел да го овозможите тоа.rnrn5. Обрнете внимание врз тоа колку топлина влегува низ прозорот во текот на денот со цел поекономично да трошите струја. Ова е многу важно бидејќи климата се „бори“ со топлиот воздух така што троши повеќе струја, па во зависност од силината на сонцето, отворајте ги и затварајте ги прозорите со цел што помалку топлина да влезе во просторијата. На овој начин ќе ѝ ја олесните работата на климата и ќе го продолжите нејзиниот рок на траење, додека истовремено и ќе заштедите пари за струја. -

Машки пријателства: Нивната вредност и како да ги одржувате
Пријателството помеѓу мажите е малку поразлично од пријателството помеѓу жените и можеби токму тоа е една од причините зошто на мажите им е потешко да го одржуваат. Особено на постарите мажи.rnrn
rnЖенски наспроти машки пријателства
rnЖените се многу блиски со нивните пријателки и тие немаат проблем да ги споделат со нив дури и најмалите детали од нивниот живот. Тие не се плашат дека ќе изгледаат пречувствително или премногу слабо во нивните очи и се секогаш подготвени да дадат или примат совет. Всушност со самото знаење дека тие се покрај нив, жените се чувствуваат безбедно, среќно и сигурно.rnrnКај мажите, работите се одвиваат малку поразлично. Тие често имаат потреба да ја одржуваат својата мажественост во очите на нивните пријатели и се плашат да покажат дури и најмало чувство од страв да не бидат осудени. Дури и кога имаат проблем, доколку ги прашаат дали е сè во ред, тие одговараат потврдно со цел да покажат дека се силни.rnrnТие не само што се плашат од осуда од нивните пријатели, туку често и имаат потреба да се натпреваруваат со нив. Оваа желба да се победи и да се биде подобар од другата личност значи и дека тие многу поретко би сакале да дадат или примат поддршка. Во нивниот свет прегратката лесно може да биде заменета и со тепачка.rn
Моќта на пријателствата
rnПостојат илјадници истражувања кои покажуваат дека колку подлабоки социјални врски имате, толку подолго и посреќно ќе живеете. Интимните социјални врски го намалуваат ризикот од голем број заболувања така што го намалуваат шеќерот во крвта, отчукувањето на срцето и холестеролот. Во една студија, на пример, истражувачите во период од 6 месеци откриле дека оние кои немаат блиски пријатели имаат и поголема шанса за смрт. Во друга студија пак, се открило дека оние кои имале најсилни пријателски врски, во рок од 9 години, имаат повеќе од 60% помал ризик за смрт.rnrnВистинските пријателства се и една од најголемите причини зошто луѓето кои живеат во сиромашни услови се и едни од најсреќни личности на планетата. Тие можеби немаат пари да си дозволат Прада, но без сомнение имаат огромна низа пријатели.rn
Како да градите и одржувате значајни пријателства?
rnБидејќи пријателствата се исклучително важни за нашиот живот, погледнете дел од најдобрите совети за како да ги изградите и одржувате…rnrn1. Пријателството треба да ви биде приоритет – Многу често луѓето се заглавуваат во нивните обврски и забораваат да издвојат време за нивните пријатели.rnrn2. Правете разлика помеѓу „покер“ пријатели и вистински пријатели – Покер пријателите се забавни, но тие нема да ви помогнат да го спуштите нивото на холестерол во вашата крв. Низа студии кои биле спроведени во период од три декади откриле дека женските пријателства го покриваат целиот спектар на емоционални потреби, за разлика од машките кои се фокусирани на поповршните пријателства.rnrn3. Не очекувајте вашата партнерка да ги оствари сите ваши емоционални потреби – Голем број студии откриле дека многу мажи во бракот прават нешто многу интересно. Тие ја „унапредуваат“ својата сопруга во улога на личност која има задача да се грижи за сите нивни емоционални потреби. Можеби ова ќе ви звучи контрадикторно, но психолозите постојано велат дека силните бракови вклучуваат мажи кои бараат совети и поддршка од нивните машки пријатели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
