Одмаздата се сервира ладна, велат мислителите. Тоа значи дека треба да бидете многу талентирано злопамтило и да чекате доволно долго за да се појави прилика во која ќе ја фатите личноста на која сакате да ѝ се одмаздите. Или пак да ја планирате таа прилика. Но, добро размислете за приодот во животот каде моментално се наоѓате, како и колкави се шансите на личноста која ве повредила и на која сакате да ѝ се одмаздите мило за драго, да ѝ оди сè мазно и подмачкано. Од друга страна пак, доколку вие не ѝ вратите, дали некој друг можеби би го направил тоа? На пример, кармата? Во реалниот живот, има многу прилики и тоа токму онаму каде што не очекувате. Дали навистина е потребна вашата интервенција за да ја забрзате кармата? Освен тоа, одмаздата е лоша карма, а тоа секако не ви треба!rnrn
rnrnРазмислете добро за следниве нешта пред конечно да одлучите дали сакате по секоја цена да се одмаздите или не…rn
1. Чувство на вина
rnАко некој ве повредил, тогаш вие сигурно нема да чувствувате вина поради тоа. Знаете дека тоа е негова или нејзина одговорност, но слободно можете да претпоставите дека тој или таа барем малку се грижи за направеното. Или малку повеќе. Сигурни сме дека нема да сакате да се впуштите во некоја радикална акција на одмазда, па потоа вие да се чувствувате виновни. Нема да се чувствувате добро понатаму, дури иако на таа личност, во моментот на бес, разочарување и чувствителност ѝ посакувате се најлошо. Чувајте ги своите емоции и својата стабилност.rn
2. Задоволство поради давањето
rnТоа приземно чувство дека некому сте му дале сè, а тој или таа ви возвраќа со нож во грбот и затоа заслужил/а да се најде во истата позиција, ќе ве напушти после некое време, откако ќе се „оладите“. Бесот не е добар советник. Тој ве тера да заборавите колку добро се чувствувате поради својата способност за давање. Ако таа во некого ги предизвикала неговите најголеми слабости и го навела да ја злоупотреби вашата доверба, да ве издаде и повреди, тоа е работа на неговиот капацитет за давање. И ваша лекција, секако. Не ви е потребен некој кој не ја возвраќа благодарноста и давањето, или пак доколку ви е потребен, тогаш тоа е ваша работа, да давате сè од себе, а воопшто да не се запрашате зошто и за кој.rnrn
rn
3. Животот не е фер, но кармата е
rnНе е ваше да судите, пресудувате и да одредувате некому казна. Можеби со лошото искуство сте отплатиле некоја лоша карма што досега сте ја влечеле со себе. Можеби личноста која ве повредила само што се задолжила, а отплатата е сигурна како двете најсигурни работи во космосот – смртта и данокот. Гледано од аголот на нашето его, од центарот на нашиот свет, животот не е фер. Но од друга страна пак, кармата е секогаш фер, единствено нешто што не ја интересира е времето и местото, па не можете да ја воочите нејзината делотворност.rn
4. Одмаздата нема да помогне, но опростувањето може
rnОко за око, односно единицата за одмазда како резултат има само насилство. Додека, за разлика од тоа, опростувањето резултира со мир и љубов. Некои луѓе решаваат да се одмаздат по секоја цена, па дури и да ја „продадат душата на ѓаволот“ ако е потребно за да се смират. Вистината е дека одмаздата носи само моментално чувство на победа, но не и мир. За мир е потребно малку повеќе време и напор, бидејќи опростувањето е процес. Еднакво како што треба да ѝ опростите на личноста која ве повредила, така треба да си простите и себеси што сте избрале некој кој ќе ве повреди, да го отпуштите целиот механизам кој довел до тоа за да бидете повредени. Но, кога конечно ќе успеете во тоа ќе се радувате, ќе се развиете, ќе го збогатите вашиот внатрешен живот, ќе ги зајакнете своите добри страни и многу подобро ќе се разбирате себеси и останатите. Само разбирањето носи мир, а тоа е поврзано со опростувањето. Понекогаш може да простите нешто што воопшто не го сфаќате. Така се учите на скромност. Не мора да разбирате нечии мотиви, ниту законите на кармата, доволно е само да сакате да си олесните, да го оставите она што ве мачи и да продолжете понатаму. А, доколку вашата желба за разбирање останала незадоволена, тоа ќе дојде во некој момент, кога ќе бидете позрели, поискусни, спремни да сфатите нечии мотиви, колку неприфатливи и да се.rnrn

rnrnВо аферите и скандалите со изневерување секогаш се обвинува „другата жена“ (особено ако изгледа како Кејт Аптон). Ги обвинуваме дадилките кои застануваат помеѓу славните двојки како Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Гвен Стефани и Гавин, Џуд и Сиена Милер, и да бидеме искрени: 6 деца подоцна, многу жени сѐ уште не ја сакаат Анџелина Џоли и покрај сѐ што таа прави за светов (но Бред, Бред е супер). Длабоко во нас знаеме дека потребни се двајца за да се игра танго (со други зборови да се има секс надвор од моногамијата), па зошто тогаш жените се сѐ уште главните виновници? Да ја разгледаме психологијата зад ова размислување:rn

rn
rnrnБи очекувале дека одговорот на неговата поранешна жена ќе биде полн со жалење и патетики, но напротив. Еве што му пишала таа:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn„Драг бивши мажу,rnrnОдамна ништо не ме израдувало така како што ме израдува твоето писмо. Во право си, во брак сме 7 години. Што велиш – добар сопруг? Ха-ха, далеку од тоа, далеку… Серијата ја гледам бидејќи ми се смачи од твоето постојано кукање. Всушност, во последно време ни тоа не помагаше. Ја забележав твојата нова фризура минатата недела, и сè што сакав да ти кажам беше: ‘Изгледаш како некоја баба!’ Бидејќи мајка ми ме учеше да кажувам добри работи или да молчам, се определив за второто. А кога го подготви моето омилено јадење, ти сигурно си ме помешал со сестра ми, јас не јадам свинско месо веќе 7 години. Потоа, за твоите нови свилени гаќи… Ги забележав, ама немав никаков коментар кога видов дека на нив сè уште виси етикетата со цена од 49.99 долари. Веројатно е случајност, ама баш тоа утро сестра ми од мене позајми 50 долари… Без разлика на сè, јас уште те сакав и мислев дека ќе ги решиме сите наши несогласувања. Затоа, кога добив на лото 10 милиони долари, дадов отказ од работа и купив две кати за Јамајка. Но, кога се вратив дома го пронајдов твоето писмо. Па, што да кажам, ништо не се случува без причина… Се надевам дека ќе бидеш среќен во својот живот. Мојот адвокат ми кажа дека благодарејќи на твоето писмо, нема да извлечеш ни денар од мене. Така што… Чао!rnrnТвојата поранешна жена, богата и слободна!“rnrn[/message_box]

Овој лик е толку комплексен, што речиси секој кој ја чита драмата ќе си оформи своја верзија за Хамлет. Можеби тоа е резултат на тоа што оваа драма е напишана во период од Шекспировиот живот кога тој е многу зрел писател со силно познавање на човековата природа. Врз оформувањето на ликот на Хамлет, влијае култот на меланхолијата, кој се издигнува во Англија во раниот 17-ти век. Имено, тогаш се верувало дека доколку се наруши
Хамлет чувствува дека Клавдиј го презема неговото место до Гертруда. Тој сака да биде единствениот кон кого неговата мајка ќе чувствува љубов. Бракот меѓу Клавдиј и Гертруда, Хамлет го гледа како одвратна игра, го смета за инцест и за акт со кој се понижува кралството. Хамлет го мрази чичко си толку многу, што одбива да го убие за време на молитва, верувајќи дека на тој начин Клавдиј би одел во рајот.rnrnХамлетовите извртени зборови придонесуваат ликот никогаш да не е потполно јасен за своите чувства, а токму тоа му дава слобода на секој читател да оформи своја теорија за емоционалната состојба на Хамлет и причината за неговото однесување. Комплексноста на овој лик е што од една страна толку ја вреднува мајка си, а од друга страна во многу наврати со неговите зборови остава впечаток дека не ги почитува жените. Исто така, Хамлет постојано го одлага своето дејствување и премногу размислува за секоја своја постапка, но во еден момент без да размислува го следи својот инстинкт и го убива Полониј.
Јасно е дека Хамлет го режира своето лудило, шетајќи и зборувајќи сам со себе, но која е неговата вистинска цел? Неговото божемско лудило е мотив за неговата љубена Офелија навистина да го загуби разумот, посегнувајќи по својот живот, што меѓу другото, ја прави оваа драма и љубовна трагедија.rnrnОваа Шекспирова трагедија е вистински сплет на убиство, одмазда и сексуална желба. Како и другите дела на Шекспир, и оваа драма е одраз на тогашната состојба во Англија, само што Шекспир секогаш поставува други земји како место на случување (во случајов се работи за Данска). Со „Хамлет“, Шекспир дава одраз на негативностите во општеството, како братоубиството, лицемерието и желбата за власт.rn
rn
Режија:
rnrnДејството започнува две години пред почетокот на Граѓанската војна во САД и конечното укинување на ропството. Д-р Кинг Шулц (Криштоф Валц), ловец на глави и поранешен забар од Германија, ќе го откупи робот Џанго (Џејми Фокс) од своите сопственици. Потребен му е, затоа што знае како изгледаат криминалците кои тој треба да ги изведе пред правдата, живи или мртви. За возврат, откако ќе ја исполни својата цел, Шулц ќе му ја даде слободата и ќе му плати за секој од убиените. Џанго, сакајќи со парите да ја откупи слободата на својата жена (Кери Вашингтон), веднаш се согласува. Но, во текот на операцијата Шулц во него ќе препознае стрелачки талент и понудата ќе ја прошири на третина од својата заработка и голема помош во потрагата по жена му, ако му помага уште оваа зима. Разузданиот поранешен роб ќе прифати и со својот нов пријател ќе тргне низ Америка во поход кон својата слобода, слободата на својата сакана и одмазда кон оние што нему и нејзе им нанеле зло.rnrn
rn
rnrnДодека ги следите на нивниот пат, многу пати ќе помислите дека знаете што ќе се случи следно, но токму тогаш следува изненадувачки пресврт кој ќе ве држи силно заинтересирани до самиот крај. Патувањето е исполнето и со неверојатно многу насилство. Тарантино е многу критикуван поради неговото сликовито прикажување, но тој со право се вади со фактот дека периодот во кој се одвива дејството, бруталноста била секојдневна работа и одбива да се преправа дека луѓето од типот на Келвин Кенди (Леонардо ДиКаприо) биле фини.rnrn
rnrnНеговите ликови многу придонесуваат за бруталниот амбиент кој тој одлично го гради.rnrn
rnrnШтом седнете да ја гледате потрагата по слобода на Џанго, веднаш ќе влезете во неговиот свет. Без оглед на тоа дали сте фан на филмовите на Тарантино или не, приказната за разузданиот роб може толку лесно да ве обземе, што кога ќе заврши ќе се чудите кога поминале речиси три часа. Ако сакате толку долга филмска забава, тогаш „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) е филм кој не смеете да го пропуштите.rnrn
rnrn
Ама не е така сложено. Ако добро размислиш си има причина. Си го навраќам филмот. Многу разговори, дискусии за љубовните врски, со пријателки, познаници, раскажани случки… Чекај малку, па тоа е