КАФЕ ПАУЗА

Tag: одмазда

  • Овие хороскопски знаци се најзлобни и не се плашат од кармата

    Овие хороскопски знаци се најзлобни и не се плашат од кармата

    Повеќето луѓе се придржуваат до златното правило „не правете му го на другите тоа што не сакате да ви го прават вам“. Меѓутоа, ако ги прашате луѓето родени во овие хороскопски знаци, тоа за нив не важи. Тие не се плашат да им наштетат на другите, особено ако тоа им оди во прилог, па прочитајте за кои хороскопски знаци станува збор.rnrnОвие хороскопски знаци се најзлобни и не се плашат од карматаrn

    Овен

    rnОвенот е кралот на одмаздата. Личностите родени во овој хороскопски знак едвај чекаат некој да ги навреди за да смислат совршен план за одмазда и ќе дадат сè од себе за сите што се во нивна близина да ја замразат таа личност. Освен тоа, овие личности се многу дволични и никогаш нема да знаете за што размислуваат и што смислуваат бидејќи тие имаат посебна приказна и објаснувања за секого.rn

    Рак

    rnРакот важи за најзлобниот знак во Зодијакот иако припадниците на овој хороскопски знак на прв поглед изгледаат како чувствителни и неверојатно љубезни личности. Овие личности не простуваат ништо, па дури и ако тоа значи дека до крајот на животот нема да зборуваат со некој близок член на семејството. Понекогаш тие дури и нема да ви објаснат каде сте погрешиле, туку едноставно ќе ве исфрлат од својот живот.rnrnПрочитајте кои се најарогантните хороскопски знаци што мислат дека светот се врти околу нив.

  • Со овие хороскопски знаци нема шега во 2020 година: Бидете внимателни со нив затоа што може да ви го претворат животот во пекол

    Со овие хороскопски знаци нема шега во 2020 година: Бидете внимателни со нив затоа што може да ви го претворат животот во пекол

    Некои луѓе не можат да ги заборават грешките на другите дури и кога навистина го сакаат тоа. Тие може да простат во некои ситуации, но никогаш нема да заборават.rnrnСо овие хороскопски знаци нема шега во 2020 година: Бидете внимателни со нив затоа што може да ви го претворат животот во пеколrn

    Скорпија

    rnСкорпијата не простува кога некој ќе ја изневери или ќе ѝ направи нешто лошо. Таа всушност може да стане доста опседната со нечие предавство и да има потреба од одмазда. Припадниците на овој знак може упорно да паметат нешто што ги повредило и да се вознемират скоро секогаш кога ќе се сетат на тоа. Велат дека времето лекува сè, но тоа не е случај со Скорпиите.rn

    Бик

    rnБиковите се внимателни и често забележуваат работи што другите не можат да ги видат. Тие се особено претпазливи со тоа на кој треба да му веруваат. Припадниците на овој знак се сеќаваат на своите грешки и најчесто не ги повторуваат. Ако на некој начин сте повредиле Бик, тој тоа ќе го памети долго време.rn

    Рак

    rnРаковите добро се сеќаваат како се чувствувале во текот на одреден временски период и тие емоции им помагаат да запомнат сè што се случило. Љубовта може да ги направи посесивни затоа што добро се сеќаваат на убавите работи и на тоа колку добро се чувствувале со личноста која ја сакаат. Затоа негативните нешта поврзани со поранешната љубов може да ги снема, но позитивните ќе бидат засекогаш запаметени.rn

    Девица

    rnДевиците никогаш не ги забораваат фактите и добро се сеќаваат на секој детаљ. Дури и ако заборават, тие повторно ќе се навратат на истото и ќе дадат сè од себе за да соберат што повеќе информации. Девиците се сеќаваат на случувањата подобро од другите хороскопски знаци. Ако сте ги омаловажиле, тие нема да ви простат, ниту ќе заборават, туку ќе ја искористат секоја наредна прилика да ве потсетат на она што сте го кажале за нив или сте им го направиле.rnrnМожеби сакате да дознаете и што треба секој хороскопски знак да прифати во новата 2020 година?

  • Немојте да се замерувате со овие хороскопски знаци затоа што ве чека ладна одмазда

    Немојте да се замерувате со овие хороскопски знаци затоа што ве чека ладна одмазда

    Дали познавате луѓе кои, кога се шегувате на нивна сметка, кисело се насмевнуваат, се лутат за најмала ситница и потоа се одмаздуваат кога најмалку очекувате? Тие луѓе најверојатно се родени во еден од овие три хороскопски знаци.rnrnНемојте да се замерувате со овие хороскопски знаци затоа што ве чека ладна одмаздаrn

    Овен

    rnОвенот е огнен знак и има многу краток фитил. Ако нешто за повеќето луѓе е речиси незабележителна ситница, личностите родени во овој хороскопски знак може да го сфатат тоа како напад врз своето его. Нивните бурни реакции понекогаш се толку непромислени и неоправдани што ќе останете без зборови. Ако се пошегувате на нивна сметка, а тие го сфатат тоа како навреда, овие личности се во состојба брзо да реагираат и демонстративно да ја напуштат забавата, кафулето, станот, теренот итн. Другата варијанта е да ве вовлечат во расправија што ќе трае со часови, сè додека тие не излезат како победници. Исто така, не заборавајте дека Овните се големи злопамтила. Сепак, и покрај сè, добро е да ги имате овие личности во својот живот.rn

    Лав

    rnЛавот има суета што го ограничува на секое поле во животот. Ако му ја повредите, очекувајте одмазда. Тој е саможив и знае да реагира бурно, особено ако смета дека на некој начин е оштетен или повреден. Кога знаат дека немаат аргументи за своите тврдења, личностите родени во овој хороскопски знак ќе ја напуштат расправијата со викање, со врева и со трескање на вратата. Дури и кога знаат дека погрешиле, тие нема да бидат првите што ќе се јават, па дури и ако цел свет изгори. Поради својата суета, тие ги жртвуваат врските и пријателствата што ги граделе со години. Според астрологијата, овие хороскопски знаци се најлошите пријатели.rn

    Скорпија

    rnНа личностите родени во овој хороскопски знак не им е потребно многу за да се налутат, а ако се разбеснат, тие се подготвени за ниски удари, за провоцирање и навредување, а понекогаш дури и физички да се пресметаат со тој што им го предизвикал бесот. Овие личности се многу нестабилни и невозможно да се предвидат нивните реакции, но тие ја доживуваат секоја расправија многу емотивно. Кога се повредени, нема да останат мирни сè додека не му се одмаздат на оној за кој сметаат дека им предизвикал болка. Бидејќи одмаздата се сервира ладна, Скорпиите лукаво ќе ја планираат и ќе го чекаат вистинскиот момент за да ја спроведат. Ако се најдете на мета на одмаздничкиот поход на овие личности, немојте да бидете изненадени што не знаете што сте им направиле. Можеби станува збор за непромислен коментар што сте го кажале пред неколку години на кој никој не се сеќава, освен Скорпијата.rnrnМожеби ве интересира и кои 3 хороскопски знаци се најголеми хејтери.

  • Наместо да каже „ДА“, на денот на свадбата таа прочитала пораки од аферата на нејзиниот вереник

    Наместо да каже „ДА“, на денот на свадбата таа прочитала пораки од аферата на нејзиниот вереник

    Кејси стоела на олтарот пред нејзините пријатели и семејство на она што требало да биде најсреќниот ден од нејзиниот живот. Но, настанот се претворил во крајот на 6-годишната врска.rnrnНеверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереникrnrnКејси мислела дека нејзиниот тогаш иден сопруг Алекс бил вистинскиот за неа. Но, ноќта пред свадбата добила порака што променила сè. Додека била на нејзината моминска забава, добила неколку слики од непознат број и едноставна порака: Јас не би се омажила за него. А ти?rnrnНа сликите се наоѓал разговор помеѓу Алекс и друга жена, а имало и неколку селфи фотографии од нив. Доказите за аферата почнувале од пред неколку месеци, и траеле сè до неколку денови пред свадбата.rnrnНеверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереникrnrnКејси била уништена и се прашувала како можел тој да ѝ направи нешто такво. Нејзините пријателки ја советувале веднаш да ја откаже свадбата, но Кејси била премногу шокирана за да одлучи.rn

    „Секој збор беше како нож во моето срце, а до свадбата имаше само неколку часа. Како можев да откажам кога сите веќе допатуваа за да бидат таму и сè беше платено?“

    rnСледниот ден Кејси донела одлука – венчавката ќе се одржи, но со мали промени.rnrnНеверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереникrn

    „Одев кон олтарот со тешки чекори, мојот фустан од соништата сега беше само костим. Кога ми го виде лицето знаеше дека тоа не е жена возбудена за нејзиниот голем ден, но не знаеше што следува.“

    rnНа олтарот Кејси изјавила:rn

    „Денес нема да има венчавка. Изгледа дека Алекс не е личноста којашто мислев дека е.“

    rnПотоа го извадила телефонот и почнала да ги чита пораките од сликите што ги добила:rn

    „Овој викенд. Ти и јас. Донеси го најдоброто од тебе.“rnrn„Твоето тело е неверојатно. И како знаеш да го користиш. Посакувам девојка ми да имаше барем половина од твоите вештини.“rnrn„Премногу ми недостасуваш. Не можам да престанам да мислам како те е**м. Никогаш не сум имал ваква поврзаност порано.“

    rnНеверојатна одмазда на девојка која била изневерена од нејзиниот вереникrnrnХрабрата девојка го погледнала безбојното лице на нејзиниот поранешен вереник. Без збор Алекс излегол од црквата. Тогаш Кејси им се обратила на гостите:rn

    „Ве сакам сите и колку и да е ужасно ова, мило ми е што сте овде. Нема да има свадба, туку ќе има прослава за искреноста, наоѓањето на вистинската љубов и следењето на вашето срце, дури и кога боли.“

    rnИако ништо од венчавката не се одвивало по планот, според Кејси, забавата била неверојатна.rnrnДоколку и вие сте преживеале тешко раскинување и сакате да се одмаздите, овие совети ќе ви помогнат да го направите тоа.

  • 5 причини зошто треба да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

    5 причини зошто треба да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

    Постојат 5 основни причини поради кои би требало да ѝ дозволите на кармата да се „одмазди“ наместо вас. Додека многумина сметаат дека ќе се чувствуваат подобро ако им се одмаздат на луѓето кои им згрешиле, силните луѓе се свесни дека е подобро таа работа да ѝ ја остават на кармата. Погледнете зошто.rnrn5 причини зошто да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздатаrn

    1. Поголемо задоволство причинува да гледате како кармата се погрижува за тоа

    rnЛуѓето кои се одмаздуваат и прават лоши работи, порано или подоцна се соочуваат со тоа. Кога кармата ги презема работите во свои раце, таа не промашува. Кога гледате дека некој го добива она што го заслужил, задоволството е многу поголемо отколку самите да се одмаздувате. Одмаздата ретко ќе направи да се чувствувате подобро, но кога ќе видите дека самиот универзум казнува некој што го заслужил тоа, задоволството е неизбежно.rn

    2. Останете со чисти раце

    rnВажно е вашите раце да останат чисти. Многу често одмаздата не се постигнува лесно или легално. Но кармата си има свој начин. Одмаздата е секогаш валкана работа, но благодарение на кармата вашата свест ќе остане чиста. Држете се на сигурно и дозволете ѝ на кармата да се одмазди за вас. Силните и моќни луѓе знаат колку е важно вашите раце да останат чисти.rn

    3. Мора да ги одбирате своите битки

    rnМудрите луѓе знаат дека не можат одеднаш да се борат со целиот свет. Важно е да запомните дека тоа е контрапродуктивно. Желбата за одмазда многу често се претвора во мразење, кое пак не е добро за вашата ментална енергија. Најдобро е да ја искористите енергијата за гледање напред, а не кон минатото.rn

    4. Постојаната одмазда носи страшни последици

    rnДури и ако со одмаздата вашите раце останат чисти, секогаш постои последица за вашите постапки. Една непредвидлива последица е самата карма. Дури и ако никој не знае што сте направиле, влијанието на кармата нема да се поништи. Вашата позитивна карма е повредна од која било одмазда.rn

    5. Која одмазда е најдобра?

    rnАнглискиот поет Џорџ Херберт рекол:rn

    „Добриот живот е најдобра одмазда.“

    rnХерберт бил во право. Најдобриот начин да им се одмаздите на оние кои ви згрешиле е да го живеете вашиот живот на најдобриот можен начин.rnrnВашиот успех е најважното нешто. Оние кои ви згрешиле во минатото ќе ви завидуваат и ќе им биде криво што немаат никаков удел во вашиот успех.rnrnАко ви е потребно посетување за моќта на кармата, прочитајте ги овие неверојатни вистински приказни.

  • Слатка љубовна тактика: 5 начини да му се одмаздите на бившиот партнер заради тоа што ве оставил

    Слатка љубовна тактика: 5 начини да му се одмаздите на бившиот партнер заради тоа што ве оставил

    Да бидеме искрени, повеќето оставени жени би сакале нивниот бивши партнер да зажали што раскинал со нив. За жал, поголемиот дел од жените „се одмаздуваат“ на сосема погрешен начин. Објавувањето лути статуси, песни кои ги потпишува Адел и цитати за тоа дека мажите се лоши нема да го натераат вашиот партнер да сфати дека погрешил. Од друга страна, овие тактики би можеле да го направат тоа.rnrn1-slatka-ljubovna-taktika-5-nachini-kako-da-mu-se-osvetite-na-bivshiot-partner-zaradi-toa-shto-ve-ostavil-www,kafepauza.mk_rn

    1. Изгледајте како милион долари

    rnМногу жени после раскинувањето паѓаат во депресија и престануваат да се грижат за себе. Наместо да станете клише, искористете го ова време и вложете малку труд во вашиот изглед. Кога ќе види дека без него изгледате подобро, неговото его сигурно ќе биде погодено.rn

    2. Останете неутрални

    rnНаместо класичното однесување при кое жените драматично реагираат на раскинувањето, едноставно останете неутрални, исто како ништо да не се случило. Тоа целосно ќе го изненади.rn

    3. Освојте ги неговите другари

    rnИ овде жените честопати грешат, па пријателите на својот бивши партнер ги опсипуваат со негативни зборови за него. Наместо тоа, бидете толку прекрасни кон нив што тие и самите ќе му кажат дека погрешил.rnrn2-slatka-ljubovna-taktika-5-nachini-kako-da-mu-se-osvetite-na-bivshiot-partner-zaradi-toa-shto-ve-ostavil-www,kafepauza.mk_rn

    4. Занимавајте се со себе

    rnТој ќе очекува да ги минувате деновите размислувајќи за него, а вие наместо тоа минувајте ги деновите размислувајќи за себе.rn

    5. Прекинете ја комуникацијата

    rnНе сосема, бидејќи тоа испраќа сигнал дека сте многу лути, само комуницирајте со него како што комуницирате со пријателка од основно со која ве мрзи да одите на кафе – пристојно и не претерано ангажирано.rnrnСекогаш сетете се дека има живот и после него, а овие мали потсетници ќе ви докажат дека се чувствувате одлично и по раскинувањето.

  • Одмаздата на оваа девојка за прекршеното ветување на нејзиниот дечко ќе ве насмее до солзи

    Одмаздата на оваа девојка за прекршеното ветување на нејзиниот дечко ќе ве насмее до солзи

    Натали Вивер, рецепционерка од Англија планирала да помине прекрасно неделно попладне со нејзиниот партнер Стивен Хол. Единствениот проблем бил во тоа што дечкото малку повеќе испил претходната вечер и не функционирал откако заспал во 6 часот наутро. Што може да направи една девојка во ваква ситуација? Слатко да се одмазди, се разбира!rnrn

    Одмаздата на оваа девојка за прекршеното ветување на нејзиниот дечко ќе ве насмее до солзи
    Трансформација на изгледот додека тој спие
    rn

    Натали решила дека ако нејзиното момче не може да ја изведе да се забавуваат, таа ќе се забавува самата со него

    rn

    Одмаздата на оваа девојка за прекршеното ветување на нејзиниот дечко ќе ве насмее до солзи
    Време е за хајлајтер
    rn

    Стивен бил толку комиран, што не почувствувал ништо кога Натали почнала да ја спроведува нејзината одмазда на дело и да објавува слики на Снепчет од сето тоа

    rn

    Одмаздата на оваа девојка за прекршеното ветување на нејзиниот дечко ќе ве насмее до солзи
    Какви трепки!
    rnrnПродолжете на следната страница за остатокот од текстот…rnrn

  • Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?

    Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?

    Постои една стара поговорка која вели: „Ако луѓето сакаат да ве поразат, тоа значи дека сте над нив“. Во денешно време кога сите се опседнати со успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, фер играта се претвора во апстрактна именка, а газењето преку лешови за да се стигне до целта – потреба. Суетата е дел од сечиј работен ден, а зависта и љубомората можат да се забележат од километар. Неправдата проаѓа неказнета, а добродушните луѓе не знаат што да прават и како да се однесуваат.rnrnИгнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?rnrnКога на чесен начин, со работа и труд ќе ги надминете оние амбициозните и бескрупулозните, тие ќе станат жедни за одмазда. Ќе се обидат преку разни сплетки и озборувања да ве спуштат на нивно ниво и постојано ќе ве напаѓаат со двосмислени реченици. Доколку ви се случи ова, треба да знаете само едно нешто: Игнорирањето е најдобрата одмазда.rn

    „Кога човек е игнориран, тој се прашува зошто е тоа така. Доколку ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледно лоша намера, нема да има мир“, изјавила психологот Елизабет Мајер.

    rnЌе се прашува што ви се врти во главата, кој ќе биде вашиот следен потег, зошто сте постапиле така, дали сте ја откриле нивната намера… На крајот целосно ќе се изгуби и ќе се одмазди самиот на себе. Одмаздата никогаш не е вистинскиот пат. Таа е како шума – лесно е човек да го изгуби правецот, да залута и да заборави од каде дошол.rnrnСпоред една стара поговорка „Сѐ што е потребно за да се победи злото е добриот човек да не преземе ништо“. Тоа се однесува на отсуството на реакција на туѓото зло. Кога воопшто не реагирате, туку се правите дека ништо не се случило или дека тие луѓе не постојат, злите личности нема да имаат никакво влијание. Ќе сфатат дека сѐ што направиле е залудно, а уште потешко ќе им падне тоа што не знаат ниту што знаете ниту што мислите и тоа ќе ги излуди. Токму поради тоа игнорирањето е најдобрата одмазда.rnrnИгнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните луѓе ги победуваат манипулаторите?rnrnИнтелигентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за сопствениот напредок, но тоа нема никаква врска со животот на другите луѓе и со сплетките. Тие се одмаздуваат на следниве начини:rnrn1. Говорат преку нивните дела. Не им дозволувајте на емоциите да управуваат со вашите постапки и не ја претворајте одмаздата во лична работа. Поради тоа само ќе се чувствувате лошо. Посветете се на она што знаете да го правите најдобро без озборувања, сплетки и непотребни разговори со оние кои не го заслужиле вашето внимание.rnrn2. Не молчат само за да ги смират страстите. Не треба да им се попушта на манипулаторите кои прават сплетки и да им се угодува за да се одржи мирот и наводната хармонија во околината. Напротив, мудрите луѓе со помош на двосмислени реченици им даваат до знаење на тие личности дека знаат какви се и на тој начин им докажуваат дека не се слепи и дека нема да можат да ја повторат истата грешка без последици.rnrn3. Не се изолираат. Повеќете луѓе откако ќе доживеат напад од страна на блиска личност, обично се повлекуваат во изолација. Но, манипулаторите токму тоа и го сакаат: Да се изолирате и повлечете како вие да сте виновни.rnrn4. Не возвраќаат веднаш со напад. За да ја одбегнете етикетата која гласи „Нападот е најдобра одбрана“, оставете ги работите да мируваат некое време. Освен тоа, кога ќе се изнервирате и покажете вашиот гнев, ќе ги откриете вашите слабости и на тој начин ќе ја нахраните потребата на оној кој токму тоа сакал да го постигне.rnrn5. Стануваат поуспешни. За лошиот човек нема ништо поболно од туѓата среќа. Тоа е уште една причина зошто интелигентните луѓе стануваат поуспешни кога некој ќе се обиде да ги повлече на дното.rnrnНајлошото што можете да го направите е да возвратите со иста мера. Во тој случај нема да испаднете ништо подобри од оној кој ви нанел зло. Злото не може да се поправи со зло. Немојте да се валкате во туѓата кал и слушајте ја вашата совест и разум.

  • Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?

    Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?

    Иако неверството во љубовната врска подеднакво ги погодува сите луѓе, сепак секоја личност различно реагира во моментите кога ќе дознае дека била изневерена од партнерот/партнерката. Дознајте како го доживуваат и како реагираат хороскопските знаци на неверството и кој од нив знае вистински да се одмазди за таквото предавство.rnrn(1) Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?rn

    Овен

    rnИскреноста и верноста се најважни за Овенот. Секој што ќе ги повреди тие темелни вредности, може да очекува тешки последици. Луѓето родени во знакот Овен, кога ќе дознаат дека се изневерени многу често знаат да се јават кај мајката на партнерот/партнерката, кај шефот или да објават на социјалните мрежи.rn

    Бик

    rnАко го повредите, Бикот задолжително ќе ви врати, но на негов својствен начин. Родените во овој знак, кога ќе дознаат дека се изневерени, некое време ќе смислуваат начин како да го повредат партнерот/партнерката, за тој/таа долго да пати. Биковите никогаш нема да заборават што сте им направиле. Тие не реагираат веднаш, туку својот настап ќе го подготвуваат подолго време.rn

    Близнаци

    rnДоколку Близнаците дознаат за вашето неверство, ставете ги на безбедно сите ваши значајни предмети. Со својот нескротлив темперамент, во неколку секунди ќе уништат сè што ви значи. Толку се разбеснуваат што во тие моменти не се свесни за своите реакции, а тој бес ќе потрае некое време.rn

    Рак

    rnДоколку се чувствувате лошо затоа што сте изневериле партнер/ка во знакот Рак, знајте дека кога ќе дознае ќе се чувствувате уште полошо. Од нив не очекувајте напади на бес и фрлање предмети, како кај Близнаците. Тие ќе ви предизвикуваат чувство на вина на најлош можен начин. Немојте да се изненадите доколку им кажат на вашите родители и најблиски што сте сториле и колку се разочарани од вас.rn

    Лав

    rnАко изневерите Лав, знајте дека од тој момент тој ја презема целата контрола во свои раце, секако доколку одлучи да ви прости. Ќе мора да му/ѝ поднесувате извештај за секој ваш чекор, затоа што нема да ви верува. Довербата можеби ќе ја вратите некогаш, но ќе мора долго време да се докажувате одново и одново.rn

    Девица

    rnРодените во овој знак најпрвин се збунети и одредено време размислуваат дали вината се наоѓа во нив. Но, кога ќе сфати што навистина се случило, Девицата ќе ве етикетира како „тотален глупак“ и ќе ви одземе нешто за што сте премногу приврзани во знак на одмазда.rnrn(2) Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?rn

    Вага

    rnОткако ќе заздрави од првичниот удар, Вагата ќе се обиде на секаков можен начин да ве понижи јавно. И, навистина ќе ужива во тоа.rn

    Скорпија

    rnНемојте да се залажувате. Скорпијата во првиот момент ќе се однесува како тоа воопшто да не ја погодува. Но, тоа е само затоа што си дава време да смисли како најефикасно да го искористи својот отров.rn

    Стрелец

    rnКога ќе дознае за неверството, тука е крајот. Стрелецот повеќе нема да комуницира со вас. Доколку живеете заедно ќе ги исфрли вашите работи на улица и преку семејството и пријателите ќе ви испрати непријатна порака. За него вашата приказна е завршена.rn

    Јарец

    rnШто сте имале сте имале. Родените во знакот Јарец кога ќе дознаат дека биле изневерени, едноставно, како и Стрелците, ќе ве исфрлат од нивниот живот. Ќе продолжат по својот пат, иако во себе тивко ќе патат и никогаш повеќе нема да ви проговорат ниту збор.rn

    Водолија

    rnМоже малку да полудат кога ќе дознаат што сте направиле, но Водолиите по кратко време се смируваат и едноставно ќе излезат од таа врска.rn

    Риби

    rnРодените во овој знак ќе плачат со денови и нема да можат да поверуваат што сте им сториле. Но, потоа тагата ќе се претвори во бес и немојте да се изненадите доколку ви дупне гума на автомобилот или нешто слично. Кога ќе ги задоволи таквите одмазднички пориви, ќе се прави дека ништо не се случило и ќе продолжи со својот живот. Сам/а секако!

  • Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!

    Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!

    Родените во овој хороскопски знак, иако изгледаат мирољубиво, кога се бесни подобро да се тргнете на страна од нив. Имаат големо трпение за сè, но и сопствен праг за толеранција, внимавајте да не го надминете.rnrn(1) Чувајте се: Ова е најопасниот знак во Зодијакот!rnrnНајмногу ќе ги разбесните доколку ги потценувате, додека поради недостаток на посветеност кон нив, тие можат целосно да ве игнорираат. Исклучително се темпераментни и не ги одбираат средствата со кои ќе го отстранат противникот од нивниот пат. Доколку сте имале несреќа да им покажете која е ваша најслаба точка, очекувајте да ве нападнат токму таму. За жал, не е исклучена можноста, нивната одмазда да ги опфати и вашите блиски луѓе, затоа што родените во овој знак, знаат дека на тој начин уште повеќе ќе ве повредат.rnrnРодените во овој хороскопски знак, често знаат толку многу да се внесат во планирање на некоја одмазда, притоа по пат да заборават зошто и воопшто почнале со таа работа. Но, тоа само дополнително ги разбеснува и по секоја цена го завршуваат веќе започнатото. Затоа, најдобро е воопшто да не се замерувате со нив.rnrnМожеби веќе препознавте некој свој пријател или член на семејството? Станува збор за хороскопскиот знак Овен.