КАФЕ ПАУЗА

Tag: очила за сонце

  • За безвремен изглед: 5 совети од жените со стил

    За безвремен изглед: 5 совети од жените со стил

    Сигурно се прашувате што прават жените со стил и како секогаш успеваат да изгледаат убаво и средено. Со кои трикови се служат? Дали постои тајна за добар стил или едноставно се раѓате со тоа? Не, таквата жена дефинитивно не се раѓа. Добриот стил не е талент, тој се учи. Исто како што додека растеме ги гледаме нашите мајки, баби, тетки, сосетки и учиме од нив како да се однесуваме, исто така, потсвесно, го копираме и нивниот стил. Стилот се гради со години и се менува со возраста. rnrn1-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rnrnПа така, кога сме млади, сакаме урбан изглед, како инаку ќе нè забележи момчето кое ни се допаѓа? Потоа, кога растеме, од нас се очекува некоја сериозност во нашето однесување, а исто и во нашето облекување. Со сигурност не сакате во вашите триесетти да ве карактеризираат како неуредна девојка, кога секогаш треба да се покажувате во најдобро светло. Тоа можете да го постигнете доколку ги следите советите од личностите кои постојано се изложени на јавен живот и кои секогаш мора да изгледаат средено. Имајте на ум дека овие работи морате да ги применувате во складност со приликата и можностите.rnrn

    1. Очилата за сонце секогаш треба да ви се при рака

    rnДефинитивно! Бидете внимателни во изборот на очила. Водете сметка тие секогаш да ви прилегаат совршено. А потоа, да се вклопуваат и со вашата гардероба. Добрите очила се секогаш забележани и секако, секогаш се во мода. Доколку имате проблем со изборот на оние вистинските, прашајте некого за совет. Образувајте се. Читајте. Одредете го вашето лице и одберете го својот модел за секоја прилика.rnrn2-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    2. Држете се до класиката

    rnТокму така! Залудна ви е добрата гардероба ако во вашиот гардеробер фалат оние најважните парчиња за модни комбинации. Жените со стил секогаш при рака имаат црни обични панталони и сако, мал црн фустан (кој е задолжителен), здолниште до колена, добра кожна голема чанта и црни салонки. Тоа се работи кои лесно се комбинираат, може да се носат во сите прилики и со нив никогаш нема да погрешите. Сакото делува работно, смело, стилизирано и модерно. Не двоумете се и овозможете си едно такво парче гардероба.rnrn3-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    3. Избирајте квалитет пред квантитет

    rnТоа треба да биде вашето мото кога купувате. Секогаш обидувајте се да одбирате квалитетен џемпер, фармерки, јакна и обувки отколку да одите на квантитет и да ја носите истата таа гардероба само неколку месеци. Секако, не треба да се оптоварувате со тие работи, но квалитетната роба прави да се чувствувате добро во неа, а тоа е и одлика на добриот стил.rnrn4-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Секогаш користете парфем

    rnДамите со стил секогаш мирисаат занесно. Пружете си себеси добар парфем кој ќе ве одбележи секаде каде што ќе се појавите. Испробувајте, тестирајте, играјте си и пронајдете некој кој ќе биде вашиот заштитен знак. На пример, ние ви предложуваме да имате 3 омилени парфеми кои ќе ги користите во зависност од годишното време. И секогаш ќе мирисате добро. Жената која добро мириса никогаш не се заборава, тоа е 100% точно. Прашајте ги мажите!rnrn5-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    5. Не се плашете да побарате совет

    rnКако што веќе напомнавме, прашајте за совет! Доколку не сте сигурни дали е вашиот изглед е во тренд, прашајте некого за мислење. Вашата мајка, момчето, другарката, сосетката. Жените со стил никогаш не се потпираат само на себе. Погледнете само колку дами од јавната сцена имаат свои стилисти. Со години се облекуваат, а сепак сакаат туѓо мислење. И не се срамат да прашаат, па дури и по неколку пати.rnrn6-5-raboti-koi-zhenite-so-stil-sekogash-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

  • 3 модели на машки очила за сонце кои се модерни оваа зима

    3 модели на машки очила за сонце кои се модерни оваа зима

    Кој вели дека очилата за сонце се носат само во лето? Негата на кожата околу очите, како и на самите очи во зимскиот период е многу важна, затоа што тие се почувствителни поради ветрот и ниските температури. Покрај тоа што тие ве заштитуваат за време на сончевите зимски денови, благодарение на нив ќе изгледате уште подобро. Од друга страна пак, очилата за сонце без сомнение претставуваат одличен моден додаток за која било комбинација што ја носите на вас.rnrn3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зимаrn

    За класичните мажи

    rn3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зимаrnrnДоколку најмногу се пронаоѓате во класичниот стил, тогаш одлучете се за ваков вид очила за сонце. Овој модел е комбинација од горен дел со изразена рамка и долен дел без рамка околу стаклата. Бојата секако можете да ја одберете според личните афинитети.rn

    За модерните мажи

    rn3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зимаrnrnАко преферирате модерен стил на облекување, тогаш овој модел на авијатичарски очила за сонце е вистинскиот избор за вас. Одбирајте темни бои кои повеќе одговараат на зимскиот амбиент, а сами одлучете дали ќе носите модел со изразена рамка или со помалку впечатлива рамка.rn

    За авантуристите

    rn3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зимаrnrnАко сакате да експериментирате и имате храброст да носите впечатливи модели, тогаш одлучете се за овој модел со голема правоаголна рамка или со впечатлива, матирана црна рамка. Што и да одберете, нема да зажалите.

  • 10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016

    10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016

    Иако стиловите кои нè инспирираа оваа година се сѐ уште тука, доаѓа и нова плејада модни трендови кои очекуваме да доминираат во новата 2016. За среќа, социјалните мрежи се тука да дадат неколку совети на што да обрнеме внимание во новата година. Започнувајќи од спортска и лесна облека, па сè до разнобојни инспирации, погледнете ги овие 10 трендови кои ќе сакате да ги пробате уште веднаш.rnrn1. Патиките кои ја вратија модата од „старото школо“ во 2015-та, ќе останат важен моден дел од изгледот и во 2016-та.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn2. Од претерани форми до стакла кои ја рефлектираат светлината, очилата за сонце ќе бидат омилен моден додаток во новата година.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn3. Патиките, хеланките и останатите спортски модни парчиња ќе доминираат на модното платно во новата 2016 година. Комбинирајте ги со забавни здолништа со реси и кожни јакни, за да го направите изгледот оригинален, уникатен и само ваш.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn4. Модните парчиња кои доаѓаат како комплети и оваа година ќе бидат голем моден тренд. Тејлор Свифт беше кралица на комплетите оваа година, но и покрај комбинациите од здолниште и кроп-топ, очекувајте ја и појавата на комплети со кратки и долги пантолони.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn5. Немојте да мислите дека практичните и софистицирани торби со ремен кои можете да ги носите околу половината се смешни. Тие ќе бидат еден од најголемите модни трендови во 2016-та година.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn6. Не плашете се да си играте со мешањето форми, текстури и дизајни. Сѐ е дозволено во новата година.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn7. Во машката мода очекувајте го подемот на неочекуваните бои во новата година, како бојата на виното.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn8. Очекувајте мантрата „позајмете од мажите“ да се издигне на уште повисоко ниво. Опуштени парчиња, тексас и скроени сакоа… Новата година ќе биде година на унисекс облека.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn9. Време е да се ослободите од нередот во вашиот шкаф и да се фокусирате на основите. Едноставните парчиња облека и комбинации на бои ќе бидат тренд и оваа година.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016rnrn10. Можеби летото делува како идеален период за свадби и венчавки, но младите невести бараат инспирација во текот на целата година. Зимските венчавки и модата која доаѓа со нив ќе бидат голем тренд во 2016-та.rnrn10-те модни трендови кои ќе ги преплавуваат социјалните мрежи во 2016

  • 6 аксесоари кои секоја дама мора да ги има

    6 аксесоари кои секоја дама мора да ги има

    Во светската мода аксесоарите се важни, исто колку и гардеробата што ја носите. Иако постои голема понуда на аксесоари кои може да ги изразат вашиот уникатен стил и карактер, постојат и стандардни модни додатоци кои секоја дама мора да ги поседува.rnrnЗа оние девојки кои сакаат класични модели, издвоивме неколку модни додатоци кои треба да се најдат во нивната колекција. Моделите се едноставни и лесно се вклопуваат во секој стил. Нивната предност е што може да ги носите во повеќе сезони, а сепак да изгледате модерно и убаво.rnrn1-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_rn

    1. Бисерен ѓердан

    rnБисерниот ѓердан е безвремен моден додаток кој никогаш нема да излезе од мода. Со него може да ја надополните која било дневна комбинација, особено кога не сте сигурни кој накит да го одберете. Ако ви се допаѓа овој класичен аксесоар, бидете подготвени да издвоите малку поголема сума пари, но затоа пак ќе можете да го носите со години.rnrn2-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_rn

    2. Каиш во кафеава или црна боја

    rnОвој моден додаток е задолжителен и кај жените, но и кај мажите. Може да го вклопите во елегантни парчиња, но одлично ќе изгледа и со најобичните фармерки. Без оглед каков е вашиот стил, каишите се одличен избор!rnrn3-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_rn

    3. Кожна чанта

    rnЕдноставната кожна чанта е додаток кој мора да го поседувате. Чантата во неутрална боја одлично ќе се вклопи во најразлични комбинации. Изберете класична боја како што се бежот, кафеавата или црната.rnrn4-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_rn

    4. Црни кожни ракавици

    rnДобриот пар кожни ракавици е уште едно безвремено парче без кое не можеме да ги замислиме есенската и зимската сезона. Изгледаат потполно кул во комбинација со капут или мантил, бидејќи даваат доза елегантност.rnrn5-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_rn

    5. Неутрален шал

    rnШалот во неутрална боја ќе ви стане омилен зимски моден додаток. Дури и ако ги следите најновите трендови, овој шал ќе се вклопи во секој од нив. Волнените и плетени шалови во кафеава, беж, сива или црна боја се исто така одлични аксесоари.rnrn6-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_rn

    6. Очила за сонце

    rnСпротивно на она што многумина го мислат, очилата за сонце се неопходен аксесоар во текот на целата година. Изберете неутрална нијанса, за да можете лесно да ги вклопите во секоја сезона. Имајте на ум дека вашиот облик на лицето е важен фактор во добриот избор на очила за сонце.rnrn7-6-aksesoari-koja-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-www.kafepauza.mk_

  • Интересни летни трендови за очила за сонце претставени преку цвеќиња

    Интересни летни трендови за очила за сонце претставени преку цвеќиња

    Вашите очила за сонце можат многу да кажат за вас и за вашиот карактер. Авијаторките се синоним за спортска класика, кружните рамки велат уметничка душа, а огромните пластични рамки велат дека малку прелудо сте се забавувале минатата ноќ. А како што сѐ повеќе навлегуваме во летото, нема подобар период за експериментирање со новите храбри трендови во светот на очилата за сонце.rnrn0-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk_rnrnЏастина Блекни е позната по „цртањето“ лица со помош на цветови. Овој пат таа одлучила да ги спои различните карактери со шест од најдобрите и најинтересните рамки за оваа сезона.rn

    „Навистина уживав да градам лица околу очилата. Морав добро да размислам каков тип жена кој пар би го носела, како би се чувствувала таа и како би ја средила косата. Процесот многу наликуваше на вежба за креирање ликови за претстава или филм.“

    rn1. Фестивалска девојка: Таа слуша инди музика, носи винтиџ кимона и e длабоко заљубена во смелите бои на кармини.rnrn1-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mkrnrn2. Само храбро: Оваа жена секогаш има што да каже. Таа е интересна, динамична и секогаш го кажува она што го мисли.rnrn2-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mkrnrn3. Префинета дама: Таа живее за модата, го користи зборот „божествено“ за да ја долови секоја нејзина страст и е секогаш подготвена за фотографирање.rnrn3-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mkrnrn4. Бохо – шик: Заштитен знак на оваа девојка се долгите, лелеави макси фустани и кратките топови.rnrn4-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mkrnrn5. Фламенко принцеза: Таа е џет сетер со одлично чувство за ритам и зборува на различни јазици со сите нејзини пријатели од различни делови на светот.rnrn5-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mkrnrn6. Софистицирана дама: Таа елегантна, но ќе ја препознаете по силните и живи бои како и по многубројните парчиња накит што секогаш го носи.rnrn6-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

  • 15 работи што ѝ се потребни на секоја девојка за на летен одмор

    15 работи што ѝ се потребни на секоја девојка за на летен одмор

    Се пакувате за на одмор? Нели чувството е возбудливо и прекрасно? Пред вас се сончеви денови погодни за убави спомени кои ќе ги „фатите“ на слика. Но не заборавајте со себе да ги понесете најнеопходните и најпрактичните работи, особено оние кои ви се потребни за на плажа.rn

    Голема торба за на плажа

    rnГолема торба е нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи собира сè што треба да понесете со вас на плажа. За да биде уште попрактична, одберете некоја со повеќе прегради, така што поважните работи веднаш ќе ви бидат на дофат. Ги има во многу дезени и модели, па најдете ја онаа која најмногу одговара на вашиот стил ова лето.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Костим за капење што ќе ви стои одлично

    rnДобриот и квалитетен костим за капење кој „се согласува“ со вашата форма на тело ќе придонесе да се чувствувате навистина самоуверено на плажа. Може да ви послужи за повеќе од една сезона, така што не треба да штедите и секако, одберете го внимателно.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Голем пешкир за на плажа

    rnОдберете голем и мек пешкир за на плажа со интересен дезен кој ќе го истакне вашиот стил.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Млеко за сончање со висок заштитен фактор

    rnБидете заштитени при сончањето и секогаш кога се пакувате за на одмор не заборавајте да понесете со себе млеко за сончање. Ќе ве заштити од штетните ултравиолетови зраци, од појава на брчки и изгореници од сонцето, и секако, ја хидрира кожата.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Разладувачки гел за после сончање

    rnГел од алое вера или слична состојка со разладувачки ефект навистина ќе ви помогне после многуте часови поминати под сонцето. Кога станува збор за разладување на кожата по сончање, наместо гел може да одберете и спреј. Сеедно, имајте го при рака на високите температури.rn

    Маст за потхранување на усните

    rnГрижата за усните во текот на летото не смее да се изостави. Со себе на одмор понесете го омиленото лабело или гроздова маст за да ги хидрирате усните и да го спречите оштетувањето од УВ зраците.rn

    Книги и списанија

    rnОдморот и излежувањето покрај вода се совршена прилика за читање. Понесете ги со себе омилените списанија и макар една книга.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Таблети против болки и мачнина

    rnНе, никој не го сака тоа на одмор, но имајте ги при рака чисто заради претпазливост. Ќе одите на нова територија, вашето тело ќе се соочи со различна клима и сосема поинаква храна. Консултирајте се со лекар или понесете ги со себе аналгетиците и таблетите кои обично ги консумирате кога ќе почувствувате мачнина.rn

    Очила за сонце кои ви стојат „убиствено“

    rnНе мора да бидат скапи, всушност пожелно е да не понесете со себе скапи очила за сонце кога одите на одмор бидејќи ризикувате да ги изгубите или скршите. Најважно е да ги носите со самодоверба и да ве заштитат од сонцето.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Пред плажа: спакувајте свежо овошје и зеленчук

    rnСвежото и сочно овошје, како и зеленчукот, ќе ве освежи и витаминизира додека сте изложени на сонце и ќе спречи дехидрација на организмот. Одбегнувајте тешка и брза храна на високи температури. Овошните и зеленчуковите салати се секогаш најдобри пријатели на вашето здравје. Уште една голема придобивка е тоа што многу овошја и зеленчуци содржат состојки кои ја хидрираат и заштитуваат кожата од сончевите зраци. На пример морковот ќе ви помогне да добиете подобар тен, грозјето има антиоксидантни дејства, а исто пожелно е да консумирате диња, ананас, лубеница, јагоди и сл.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Кокосово масло

    rnКокосовото масло може да го користите како продукт за коса и тело. Со нанесување на косата, особено на врвовите, ќе спречите појава на суви врвови и оштетена коса. Исто, може да го користите и како масло за тело бидејќи ја хидрира кожата и дава одличен мирис, а познато е и по антицелулитните својства. Со тоа заштедувате пари кои инаку би ги потрошиле на други продукти, како и место во вашиот куфер.rn

    Аксесоари за коса

    rnВисоки летни температури, плажа, сонце, слобода во вашиот стил на облекување. Аксесоарите за коса се секогаш добредојдени за време на летото. Одберете шарени и интересни додатоци за да не трошите време на правење фризури.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Заштитна маска за телефон

    rnПожелно е да потрошите некој денар за добра заштита на вашиот телефон со оглед на тоа што на песокот на плажите тој ќе биде изложен на оштетување.rn

    Шешир за заштита од сонце

    rnДали дамскиот шешир или спортското капче повеќе ја изразува вашата личност? Како и да е, понесете го со себе. Ќе ве заштити од силното сонце, а да не заборавиме дека е неизоставен моден додаток.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги понесе со себе на летен одморrn

    Удобни обувки

    rnОдберете лесни и удобни обувки, сандали и влечки за на плажа. Не потценувајте ја важноста на удобноста на вашето стапало.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото

    Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото

    Летото е веќе на прагот, а тоа значи дека е редно време да искулирате малце. Доколку успеете да се релаксирате барем половина во однос на овие животни, значи дека сте на добар пат. Најдобриот начин да го поминете летото е со добра наочара за сонце, базенче и свеж коктел со малку алкохол. Облекувајте се летно во сончевите денови, ставете ги очилата за сонце, чкрапнете неколку фотографии и ајде да го прославиме сите заедно доаѓањето на летото. :)rnrnЖивотни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото Животни кои се тотално подготвени за доаѓањето на летото (17) zhivotni koi se totalno podgotveni za doagjanjeto na letoto-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

    Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

    Оваа топла сезона дефинитивно е во знакот на украсните очила за сонце. Модните писти го пренесоа трендот на улиците, па веќе на лицата можеме да видиме впечатливи додатоци кои ги красат рамките, што ги прави очилата за сонце задолжителен и маркантен моден додаток.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиЕве неколку идеи за она што е хит и шик оваа сезона.rn
    rn

    Очила за сонце со украси на работ

    rnОвие очила ќе направат да изгледате гламурозно. Вниманието го привлекуваат пчеличките и цветните декорации на работ. Одат одлично со пролетен фустан со принтови во пастелни бои.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со украсни камчиња во форма на мачка

    rnДоколку цветовите и пчеличките не ви се вклопуваат во имиџот, можеби ќе можете да се навикнете на украсни камчиња, кои ги има во разни облици и големини, понекогаш наредени во низа по целата должина на рамката. Со камчиња во боја различна од онаа на рамката, дефинитивно покажувате дека имате храбар стил, додека за посуптилен изглед можете да изберете тие да бидат во иста боја.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Бисерни очила за сонце

    rnОвие очила се апсолутен хит. Ќе направат да изгледате тренди и забавно.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Кружни очила за сонце со светки

    rnВаквите рамки не се погодуваат лесно за да бидат во согласност со формата на лицето, но начелно нема да погрешите ако одите на поголема варијанта. Изберете кружни рамки со светкав финиш за погламурозен изглед на вашиот секојдневен стил.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со филигран

    rnУште еден тренд во модата со очилата за сонце, се рамките збогатени со елементи од филигран. Тие делуваат впечатливо и изразито декоративно. Комбинирајте ги со шик облека, на пример бела свилена блуза и тесни панталони.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со метални рамки

    rnЗа елегантен и минималистички изглед изберете метални рамки со отсечоци во необични форми. Почнете да ги комбинирате со едноставна облека, па ако ви легнат на стилот, одете кон похрабри комбинации.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Ретро украсени очила за сонце

    rnКлупските очила се повторно ин, со тоа што овој пат специфичната форма е надополнета со многу светкави камчиња. За да го доловите ретро изгледот, комбинирајте ги со обична црна маичка (рамбовка) и светкави фармерки.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со цветни декорации

    rnДекоративниот елемент и во овој модел е додаден на рабовите, овој пат во вид на впечатливи цветови. Флертувачки пролетен фустан е одличен избор за комбинирање со нив во топлите денови.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиОва се само некои идеи доколку сакате очила за сонце со впечатливи декорации, а ако имате лански модел погоден за обработка, некои од овие хит модели можете да ги направите и сами.rnrnПогледнете уште 12 стилски женски модели на очила за сонце кои се носат оваа година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 стилски женски очила за сонце

    12 стилски женски очила за сонце

    Дочекајте ги топлите сончеви денови со нов пар очила. Секако дека најважно е да ви прилегаат на лицето, но не занемарувајте го трендот. Очилата за сонце отсекогаш биле важен моден додаток, а последниве години изборот навистина станува интересен. 12 стилски женски очила за сонцеПогледнете ја оваа селекција од различни модели на очила за сонце и побарајте нешто вакво во нашите продавници. Одете на цветна варијанта, големи рамки, украсени рачки, со мат или со сјаен изглед. Што ви се носи оваа сезона?12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце12 стилски женски очила за сонце
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фанки огледало во облик на џиновски очила за сонце

    Фанки огледало во облик на џиновски очила за сонце

    Доколку сакате да додадете малку креативност и забава во вашиот ентериер, тогаш потребно ви е нешто токму вакво. Овој производ т.н. „The Looking Good mirror“ (Огледало во кое изгледате добро), е дизајнирано од компанијата Thabto. Ова е едно фанки и интересно парче дизајн, инспирирано од класичните очила за сонце.Фанки огледало во облик на џиновски очила за сонцеСигурно е многу кул да се има вакво огледало во дневната соба, во кое секој што ќе помине, неизбежно ќе подзастане да се огледа, да си ја намести косата, или да си ја поправи шминката. Гостите тотално би ви завидувале! 🙂Фанки огледало во облик на џиновски очила за сонце Интересното кај овие огромни очила, е тоа што можете да се огледувате во нив истовремено со вашиот партнер и да бидете секогаш двајцата спремни на време. Ова уникатно парче мебел е произведено во Англија, а неговата цена изнесува 200 британски фунти.Фанки огледало во облик на џиновски очила за сонце
    rnrnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rn