Ако барем еднаш во животот некој ви го скршил срцето, знаете колку може да биде болно тоа искуство. Тоа влијае така што се чувствувате понижени, напуштени, заборавени, па дури и виновни. Дури и кога ќе помине времето, раните и лузните можат долго време да останат по раскинувањето. Токму тие рани често ги спречуваат луѓето да одат напред и да го живеат својот живот.rnrnrnrnЗапомнете, што и да се случило, не сте заслужиле никој да ве третира лошо. Вие сте личност која заслужува да биде сакана и почитувана. Тоа што се случило е дел од минатото, негативно искуство кое ве повредило, но време е да сфатите дека вашиот живот се одвива овде и сега и затоа со сите сили треба да продолжите понатаму.rnrnНа патот може да се појават пречки, сенки од минатото кои ќе ви кажат дека ништо повеќе нема да биде исто, но вие сте посилни од нив. Може да се појави и страв од непознатото затоа што долго време сте заробени во вашата удобна зона, но запомнете дека вие сте поголеми од сопствените стравови.rnrnЗа да можете да продолжите понатаму и конечно да отворите нова страница во вашиот живот, прво мора да се соочите со негативните слики во себе. Мора да го прифатите минатото за да можете да го започнете процесот на исцелување. Обидете се да ја прифатите болката, погледнете се во огледало и кажете си: „Ова сум јас, несигурен/а и скршен/а, но ќе најдам внатрешна сила да се извлечам од овој хаос!“rnrnБолката низ која сте поминале можеби не е ваша вина, но процесот на заздравување е ваша одговорност. Тоа е најмалку што можете да направите за себе после негативно искуство во љубовта. Соочете се лице в лице со работите кои ве плашат. Само на тој начин ќе внесете нова, возбудлива светлина во вашиот живот.rnrnЗапомнете дека животот е неизвесно патување, но вие имате право да изберете како ќе се вклопите во неговите текови. Животните искуства ве менуваат, понекогаш болат, понекогаш ве прават среќни, ве инспирираат и мотивираат. Но, пред сè, се работи за тоа како вие ќе одберете да реагирате на нив.rnrnЗатоа, наместо да бидете жртва, бидете херој на сопствената приказна!rnrnОткако прочитавте за процесот на заздравување по неуспешната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Според дефиницијата за вистинско и неразделно пријателство, најдобрите пријатели секогаш треба да се искрени и да си ги кажуваат сите свои тајни. Сѐ она што нема да биде веднаш пренесено се смета за предавство. Но, ова барање не е баш реалистично. Добрината, дарежливоста и лојалноста би требало да доминираат во однос на откривањето на секој можен детаљ од животот. Споделувањето интимни информации со пријател треба да биде избор, а не обврска и ниту пак вие треба да очекувате од нив да ви кажуваат сѐ што им се случува. Со други зборови, постојат работи кои навистина не морате да им ги кажувате на вашите најдобри пријатели. Ова се 5 од нив…rnrnrn
1. Трауматични епизоди од минатото
rnДоколку сте ја имале таа трагична судбина да се соочите со нешто трауматично во минатото, без разлика дали се работи за насилство, тешка болест или нешто друго, сигурно ве советувале дека тој несреќен настан треба да го споделите за да можете да продолжите понатаму. Но, тука се заборава нешто многу важно за процесот на откривање траума – некои луѓе нема да дадат корисни совети. Колку и да го сакате вашиот најдобар пријател, доколку знаете дека нема да ви биде баш од помош, подобро е да не му ја откривате таа информација.rnrnСпоред доктор Дори Лауб, која работела со оние кои ги слушале искуствата на преживеаните од холокаустот, луѓето на кои им се доверени некои трауматични настани можат да се поделат во неколку категории. Тие можат да реагираат така што ќе останат парализирани и рамнодушни, ќе одговорат со лутина, премногу ќе ја тешат жртвата, ќе почнат да се распрашуваат што се случило или ќе бидат преплавени со емоции и ќе станат премногу емпатични. Ова се стратегии за справување со таквата ситуација, но ниедна од овие реакции не е добра за луѓето кои ги споделуваат нивните најинтимни доживувања. Понекогаш доволно е само да бидете слушнати, подобро е да не добиете повратен одговор.rn
2. Цели кои нема да ги разберат
rnДоброто пријателство подразбира реалистичен поглед на способностите и можностите на пријателот. Никој не е совршен, а кога некого добро ќе го запознаете, ги запознавате и сите негови недостатоци. Според едно истражување, опростувањето е најважниот елемент за кое било пријателство или врска да останат здрави и долготрајни. Доколку ги знаете мааните на вашите пријатели, добро знаете што тие можат и не можат да направат за вас. Ако имате некои животни планови и цели што знаете дека тие нема да ги поддржат, не морате да ги споделите со нив.rnrnrnrnТие можеби не можат да разберат одредени работи како што се вашата одлука да имате деца, да се преселите во Индија или да основате своја фирма чиј бизнис тие не го одобруваат. Не станува збор за одбегнување на конфликти, туку за прашањето дали вие можете да ги остварите овие работи без нивна поддршка и дали морате прво да добиете нивно одобрување. Ако решите да не ги слушате нивните негативни коментари за вашиот план да станете уметник, тоа не значи дека не ги сакате како пријатели.rn
3. Интимни детали за вашето здравје или здравјето на членови од вашето семејството
rnНекои луѓе не сакаат да споделуваат работи за здравствените проблеми или не се подготвени да слушаат милион погрешни дијагнози за нивното здравје. И тоа е сосема во ред. Најдобрите пријатели не мораат да знаат што се случува помеѓу вас и вашиот доктор, тоа е ваша информација а не нивна. Ова уште повеќе важи за здравјето на членовите од вашето семејство. Пристапот кон здравствената состојба на вашиот семеен круг е привилегија, а не право. Можеби нема ни да размислите два пати пред да му се јавите на вашиот најдобар пријател доколку се јави некоја сериозна болест, но не сте лоша личност и ако не сакате да го направите тоа. Споделувањето на проблемите е добра идеја, затоа што на тој начин можете да добиете поддршка и нема да морате да поминувате низ сето тоа сами. Но, не мора да биде неизбежен дел од пријателството, доколку не сакате.rn
4. Тајни на други луѓе
rnИмате повеќе најдобри пријатели? Се чувствувате лошо ако еден од нив ви каже нешто и ве замоли да не кажувате на никој? Или имате чувство на вина доколку вашиот најдобар пријател ве праша што ви се случува во животот, а вие само што сте ветиле дека нема да откриете некоја голема тајна? Пријателството не значи дека автоматски морате да ја прегазите вашата лојалност и ветувања кон другите луѓе. Не сте обврзани на пријателите да им ги кажете тајните на вашиот партнер, на колегите или на вашите родители. Доколку тие ве притискаат да им кажете нешто што не сакате, треба сериозно да разговарате со нив и да поставите граници. Тоа е класичен знак на токсично пријателство со пријател кој бара да биде приоритет и да знае сѐ за луѓето што ве опкружуваат, вклучувајќи ги вашиот партнер и семејство.rnrnrn
5. Вашето вистинско мислење за нивниот партнер или избор
rnТреба да се внимава малку со искреноста кон пријателите. Нема да се согласат сите, но не е секогаш потребно да бидете целосно искрени кога станува збор за изборот на вашите пријатели и вашето мислење за истиот. Доколку сметате дека се во опасност и дека можат да бидат повредени, во ред е да кажете нешто. Но, сосема друг случај е ако се работи за различен животен пат или активности кои вие никогаш не би ги направиле. Тогаш подобро е мислењето да си го задржите за себе. Најважно е да бидете внимателни кога го кажувате вашето мислење, да покажете разбирање и добро да го слушате вашиот пријател. Познато е дека најдобрите пријателства можат да бидат поинтимни од многу романтични врски. Дури и да мислите дека нивниот избор на професија е идиотски или дека нивниот партнер ги манипулира, важно е да бидете чувствителни и да го кажете тоа на убав начин.
Работниот ден знае да биде многу напорен, дури и за овие кучиња. :)rnrn7.00 часот:Станавте порано за да имате лежерен појадок. Си помислувате: ова ќе биде убав ден!rnrnrnrn9.00 часот: Пристигате на работа и утринското кафе веќе го изгубило своето дејство.rnrnrnrn9.15 часот: Ги полните батериите со уште малку кофеин.rnrnrnrnВо 9.30 часот: Веќе не знаете како се чувствувате.rnrnrnrn9.45 часот: Подготвени сте да се справите со секоја работна задача што ве чека.rnrnrnrn11.00 часот: Не ви се верува колку брзо времето лета, вие навистина сте во форма!rnrnrnrn11.45 часот: Ве повикуваат на состанок, ТОКМУ кога го достигнувате маскимумот од вашата ефикасност.rnrnrnrnПладне: На сите им се допадна вашата презентација, но вие едноставно сакате само да ручате.rnrnrnrn13.00 часот: Време е за ручек. Јупиии…rnrnrnrn14.00 часот: Се вративте од ручек и подготвени сте за уште повеќе работа!rnrnrnrn14.15 часот: Храната почнува да ви се вари…rnrnrnrn14.30 часот: Ве фаќа опасна дремка и ви годи излежувањето.rnrnrnrn14.45 часот: Се одржувате будни со слатки видеа со животни.rnrnrnrn15.00 часот: Тепате време додека ве повикаат на следниот состанок.rnrnrnrn15.30 часот: На состанокот се смешкате за да изгледате свежо и заинтересирано.rnrnrnrn16.00 часот: Се чувствувате некако инспирирани и сфаќате дека треба сериозно да се фатите за работа.rnrnrnrn17.30 часот: Сфаќате колку е часот!rnrnrnrnВо 17.45 часот…rnrnrnrn rnrn
Се чини во последно време сите се воодушевени од time management и магичните резултати кои ги носи. Посетуваме курсеви, водиме дневници, ги симнуваме последните апликации, но времето секогаш успева да нè погази.rnrnВистината е, триковите и советите кои ги читаме поврзани со ефикасно управување со времето во најголем дел не функционираат. Тоа е затоа што се трудиме да се натпреваруваме со „часовното време“ а во суштина живееме во „реално време“. Часовното време има 60 секунди во минута, 60 минути во час, 24 часа во ден и 365 дена во годината. Времето поминува подеднакво, секоја секунда трае – секунда! Но, кога станува збор за реалното време, сè е релативно. Самиот Ајнштајн рекол:rnrn
„Кога човек седи до убава девојка еден час, му изгледа како да поминала една минута. Но ако го седнете на жежок шпорет една минута, ќе му изгледа како еден час. Тоа е релативност.“
rnrnrnПричината зошто направите и апликациите за мерење и управување со времето не функционираат е фактот што тие се направени да го мерат часовното време, а не времето во кое навистина живееме. Всушност, часовниците се неважни. Ние немаме пристап ниту влијание врз тоа време, ние живееме во простор и во време каде секундите летаат кога уживаме, а стрелките не се помрднуваат кога чекаме.rnrnДобрата вест е тоа што можеме да го контролираме реалното време. Ние го креираме, а сè што креираме можеме и да го контролираме. И сега навистина е моментот конечно да се ослободиме од вечниот изговор „Немам време!“.rnrn„Би сакала да си забележам во календарот учество на семинар за управување со времето… само штом ќе најдам време да си купам календар!“rnrnПостојат само 3 начини на кои го трошиме времето: мисли, разговор и активности. Без разлика на она што го правиме сè се врти околу овие три нешта. Ние сме ученици, студенти, бизнисмени, родители, работници и постојано сме растргнати помеѓу мал милион активности, но, ние одлучуваме колку мисли ќе посветиме на секоја обврска, битна или небитна, а колку на патот кон успехот.rnrn„Пред да започнеме со семинарот за управување со времето, дали секој од вас доби рачен часовник со 36 часа?“rnrn1. Носете роковник или дневник, но не само за обично бележење на обврските. Запишувајте ги и вашите мисли, разговори и активности во текот на една недела. Многу брзо ќе сфатите на што го трошите драгоценото време и колку од она што го извршувате во текот на денот е всушност продуктивно. Кога ќе откриете што е она што најмногу ви одзема од денот, а не ви носи никакви резултати ќе знаете многу подобро да го искористите тоа време.rnrn2. Секоја активност или обврска која е важна за вас и мора да ја извршите треба да си има закажано време. Списоците и to-do листите се ефективни сè додека не се предолги и на крајот се губиме во сите важни и помалку важни обврски. Затоа, за најважната во текот на денот закажете време и место и со сигурност ќе ја завршите.rnrn3. Обврзете се барем 50% од времето кое го трошите во текот на денот да биде продуктивно и да ви носи видливи резултати.rnrn4. Закажете си време за прекини. Да можевме обврските и работата да си ја вршиме непрекинато, сè ќе беше многу полесно и побрзо ќе завршувавме. Но, постојано функционираме и комуницираме со луѓето околу нас, па мора да сметаме и на тоа дека ќе треба дел од времето да им го посветиме и нив. Секогаш одвојте барем час време од работниот ден за непланирани обврски.rnrn5. Одвојте 30 минути од утрото за да го испланирате денот пред вас. Не започнувајте со работа сè додека не знаете точно што и кога треба да направите во текот на денот.rnrn6. Одвојте 5 минути пред секој разговор или состанок за да одлучите што точно сакате да постигнете. Ќе знаете многу подобро и побрзо да пристапите кон целта и секако, многу полесно ќе го добиете она што го сакате, а времето ќе оди во ваш прилог. После разговорот размислете дали ја постигнавте целта и како можете да се подобрите нареден пат.rnrn7. Исклучете го телефонот, одлогирајте се од социјалните мрежи и кажете им на другите да не ве вознемируваат кога имате обврска што мора да биде завршена во најкраток можен рок. Ќе го намалите стресот и побрзо ќе функционирате.rnrn8. Вежбајте да не се јавувате на телефонот само затоа што ѕвони или веднаш да одговорите на мејлот кој само што пристигнал. Имајте определено време во денот кога ќе одговарате на сите повици и пораки. Не давајте им го драгоценото време на луѓето во текот на целиот ден, освен ако вашата работа или бизнис не бара постојано да бидете во контакт.rnrn9. За крај, запомнете дека е едноставно невозможно да завршите сè во еден ден. И дека шансите се огромни 20% од вашите мисли, разговори и активности да креираат 80% од вашите резултати.rnrn„Секогаш давам 110% во мојата работа: 40% во понеделник, 30% во вторник, 20% во среда, 15% во четврток и 5% во петок.rnrn rnrn
Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnrnЗагубата на само еден заб во усната празнина незабележливо почнува да влијае на состојбата на останатите заби. Иако во прво време се чини неверојатно, треба да знаете дека промените што ќе ги претрпат останатите заби и коската низ годините, може да доведат до загуба на други заби. Со тоа се намалува способноста за џвакање, и како што се зголемува бројот на загубени заби, имате проблеми со изговорот, ги губите естетиката и самодовербата. Погледнете на анимацијата како се случува тоа:rn
rnЗатоа, реставрирањето на изгубените заби претставува обврска кон вашето здравје. Она што треба да го знаете за начините на надоместување на забите е следново:rnrn1. Сите досегашни студии покажале дека денталните импланти се најсигурниот и најпредвидливиот начин да се третира губењето на забите. Светот веќе го одбележа 30-годишното искуство во поставувањето на дентални импланти, а стручњаците ја оценуваат успешноста на процедурата со над 97% во рамки од 10 години.rnrn2.За разлика од денталните мостови, за кои е потребно состружување на најчесто здрави заби, денталните импланти се фиксирани за коската во која претходно бил сместен извадениот заб. Со тоа најреално се имитира природната всаденост на забите внатре во виличните коски.rnrn3.Идеалнатазамена за забот кој се вади, со некои исклучоци, се прави при истата посета, со тоа што веднаш по вадењето се поставува имплантот заедно со привремен заб. На тој начин се постигнува максимално зачувување на естетиката и воопшто нема да ги почувствувате последиците од вадењето на забот.rn
rnИнформирајте се! Со соодветна нега, денталниот имплант ќе Ве служи доживотно.rnrnАвторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrnrn
Ако им дадете шанса на луѓето, тие ќе се обидат да ве изманипулираат на еден или на друг начин. Тоа е тажна реалност, но сепак е дел од нашите животи. Бидејќи знаењето е најдобрата одбрана, прочитајте ги овие 12 техники, кои луѓето ќе се обидат да ги употребат на вас, за да го добијат тоа што го сакаат. Ако ги знаете триковите, нивната цел ќе биде безуспешна, а вашите чувства неповредени.rnrnrn
1. Некој ви наметнува тешка обврска без да забележите
rnНекој намерно ве убедува да се обврзете на нешто во конкретно определено време, кога вие преферирате да кажете „не“. Ова најчесто се случува кога некаде брзате или кога сте многу уморни.rnrnПример: Во 17 часот во петок, додека излегувате од вашата канцеларија тргнати накај дома, ваш колега ве замолува да завршите неколку работни задачи место него, додека е тој на годишен одмор. Вие му одговарате: „ОК, нема проблем, испрати ми имејл со деталите“. Во понеделник наутро, сфаќате дека задачите кои колегата ви ги подметнал, биле всушност многу обилни и ќе ви одземат доста од вашето работно време.rn
2. Погрешно тврдење дека нешто е факт, а всушност е популарно верување
rnСтанува збор за оној тип ситуации кога некој ви тврди за нешто дека е неприкосновен факт, само бидејќи така се зборува низ чаршија.rnrnПример: Не ти го зборам ова само врз основа на мое мислење. Девет од десет доктори велат дека тие таблети за слабеење, не можат никако да му наштетат на здравјето.rn
3. Употреба на сложени зборови, за да се објасни нешто многу просто
rnНекои луѓе честопати користат некои зборови, чие значење ни самите не го знаат или го научиле од Вујаклија за да звучат попаметно. Ваквата манипулација особено се случува во бизнис-светот на високата технологија, преку употреба на некои комплексни жаргони и термини, кои се користат како тактики, со кои ќе ве натераат да се сложите на нешто, кое не го разбирате целосно.rnrnПример: AMD вадат нов Catalyst драјвер секој месец и доколку промовираат нов графички чип, во меѓувреме вадат и додатни бета драјвери кои интензивно ги промовираат преку медиумите. -Молам??rn
4. Злоупотреба од некој кој има авторитет над вас
rnНа некој ќе му биде многу полесно да ве убеди, доколку вам таа личност ви се допаѓа или доколку има авторитетна позиција над вас.rnrnПример: Полицаец ви доаѓа дома на врата и ви вели дека е легално за него, да влезе и да ви го претресе домот. Бидејќи тој е сепак полицаец на службена должност, вие верувате дека ви ја кажува вистината и покрај тоа што тој не ви покажал налог за претрес.rn
5. Кога некој бара од вас нешто неразумно, а потоа глуми разочаран
rnОва се оние ситуации кога некој од вас бара нешто прекумерно, кое вие (а и секој друг) најверојатно би го одбиле. Потоа тој делува разочарано и после 5 секунди повторно ви бара нешто помалку амбициозно, кое е поверојатно дека ќе се сложите да му го дадете.rnrnПример: „Ќе донирате ли 6.000 денари за нашата кауза? -Не можам да си го дозволам тоа. Ох. Во ред. А можете ли да донирате 300 денари, тогаш?“rn
6. Донесување заклучоци базирани на нешто што е сосема неповрзано со темата на разговор
rnОва се оној тип ситуации кога некој се обидува да ве убеди дека тоа што го зборува е вистина, на начин што ви изнесува некаков заклучок, кој никако не е поврзан со информацијата која се обидува да ви ја наметне.rnrnПример. „Оваа бебешка храна е збогатена со витамини и минерали. Екстремно е здрава. Ако и понатаму продолжиш да купуваш бебешка храна од други производители, го занемаруваш здравјето на твоето бебе.“rn
7. Создавање илузија дека некој производ го има во ограничени количини
rnАко некој производ го има во ограничени количини, најчесто има огромен интерес од страна на потрошувачите за негово купување. Тоа е маркетиншки трик, кој производителот ви го прави, бидејќи производите (и воопшто можностите) кои се ограничени, се попримамливи и е поверојатно дека ќе ги купите, па него добро ќе му „тргне“ бизнисот.rnrnПример: „Продажбата на овој производ трае само еден ден. Понудата е ограничена. Купете си го, пред да го распродадеме.“rn
8. Благо искривување на реалноста
rnОва е ситуација кога некој успева да ве натера да се сложите на нешто, кое според вас не е идеално, на начин што ви го претставува малку подобро одошто е.rnrnПример: „Масата ќе биде подготвена за 5 минути.“ 5 минути ќе звучат многу подобро во вашиот мозок, отколку 15, доколку сте многу гладни нели?rn
9. Менување на темата, со цел да ве наговорат на нешто
rnОва се случува кога некој намерно се обидува да го пренасочи вашето внимание од една на друга тотално неповрзана тема, со цел да ве убеди во некој свој став.rnrnПример: „Ти се допаѓа онаа песната од Ејми Вајнхаус „Валери“? Мене многу ми е интересна, а и пејачката убаво пее. -Вајнхаус е тежок алкохоличар. Виде што се случи на нејзиниот концерт во Белград? Толку беше пијана, што не можеше еден стих да отпее. Луѓено за џабе си фрлија толку пари за карта. Сакаш и тебе да ти се случеше тоа, како на кутрата српска публика??“rn
10. Претпоставка за вина
rnОва се ситуации, кога некој без да ве праша, претпоставува дека сте виновни и веднаш почнува да ве напаѓа.rnrnПример: „Ги видов модриците на грбот на твојата девојка. Па ме интересира, кога реши дека тепањето е најдоброто можно решение за надминување на вашите љубовни проблеми??“rn
11. Создавање чувство на страв и нудење решение за него
rnНекој си поигрува со вашите емоции, така што на суптилен начин создава во вас чувство на страв и во моментот кога ќе забележи дека вие се трудите да смислите решение за проблемот, самиот ви го нуди решението.rnrnПример: „Начинот на кој ти ги извршуваш твоите работни обврски, не се покажа како доволно успешен. Директорот ме советуваше, вработените кои не се снаоѓаат добро во оваа фирма, да ги ставам на пробен период. Но, јас сакам да ти дадам уште една шанса, да ми ги покажеш твоите способности. Ќе ти пречи да работиш оваа сабота, така што ќе си помогнеш во градењето добра репутација во оваа компанија?“rn
12. Барање нешто ситно, а потоа добивање нешто поголемо
rnОва се ситуации кога некој бара од вас некоја мала услуга и откако ќе се сложите, бара нешто поголемо, кое е наводно неопходно за остварување на првата услуга.rnrnПример:rnrnСинот:Мамо, може да излезам надвор на еден час, да се видам со другар ми Антонио?rnrnМајката:Може.rnrnСинот:Мамо, штотуку зборев со Антонио на телефон и тој ми рече дека ќе одел во кино. Може да одам и јас со него?rnrnМајката:Оди.rnrnСинот:Имам само 100 денари. Ќе ми дадеш уште 200, за да си платам карта за влез и превоз?rnrnВи се случило ли некогаш некој да ве изманипулира со вакви или слични трикови? Споделете го вашето искуство со нас.rnrn rnrn
После еден мрзливо поминат викенд, со чипсот во рака, пружени на каучот пред телевизор, на повеќето од нас ни е депресивна мислата дека треба да почне уште една напорна работна седмица. Но, ако и дозволиме на понеделничката меланхолија да не обземе, постои опасност таа да ни ја уништи целата седмица. За да не се случи тоа, треба да излеземе од рутинското секојдневие и да ги прегрнуваме понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Прочитајте ги следниве 7 начини да ги победите понеделничките депресии. rn
1. Дотерајте се
rnОдличен начин да ги победите негативните чувства, кои се обидуваат да ви ја исцицаат енергија на почетокот од седмицата, е да се погрижите за вашиот изглед. Облечете нешто во кое се чувствувате секси, средете си ја косата, ставете ја вашата омилена алка и прснете на себе од скапиот парфем кој го чувате за „посебни пригоди“. Со што и да решите да се почестите, гледајте тоа да биде нешто кое прави да изгледате и да се чувствувате волшебно. Маката која претходно ја чувствувате ќе исчезне за миг.rn
2. Разгалете се
rnПронајдете начин да направите понеделник да ви биде ден наменет за нешто специјално. На пример, подгответе си го вашиот омилен појадок пред да излезете од дома или купете си го на работа/факултет вашиот највкусен оброк. Нема потреба да чекате да дојде викенд за да го направите тоа, бидејќи тие два дена и без тоа ви причинуваат задоволство сами по себе.rn
3. „Рокнете“ го радиото
rnМузиката може значително да го подобри вашето расположение. Попуштете го звукот додека ја слушате вашата омилена радио станица и дозволете му вашето тело и ум да се препуштат на ритамот. Честопати занимливите вести и шегите кои ќе ги чуете од радио водителот, во себе кријат интересна тема за разговор или смешка која ќе можете да ја раскажувате за да ги разведрите вашите колеги и другари. Преку веселата комуникација со вашите колеги, ќе ги заборавите сите причини зошто претходно се чувствувавте мизерно.rn
4. Филмска вечер
rnЗошто треба гледањето филмови да биде резервирано само за во викендите? Ако сте филмски ентузијаст, викнете го вашиот партнер или некој другар/ка на пуканки и добро филмче. На овој начин, ќе ви се случува нешто интересно уште на почетокот од седмицата, поради што можеби ќе го засакате токму овој ден од седмицата.rn
5. Прегледајте ја вашата имејл пошта во недела навечер
rnИ покрај тоа што во недела навечер сакате уште малку да поуживате во преостанатите слободни часови, попаметно е да ја победите мрзата и да завршите неколку ситни обврски, кои доколку се насоберат можат многу да ви ја преоптоварат работната седмица. Така, доколку во вашето имејл сандаче сè уште ви стојат неотворени неколку мејлови на кои морате да одговорите, зошто да не ја тргнете таа мисла од глава?! Плус со таквата постапка, веќе сте завршиле пола од работата која ве очекува во понеделник, со што го правите овој ден помалку меланхоличен.rn
6. Купете си нешто ново во понеделник
rnКупувањето нешто што ви треба или ви се допаѓа доволно за да ве развесели понеделнички, е одличен начин да го победите меланхоличното расположение. Не мора да биде нешто скапо, туку нешто во кое ќе уживате додека го употребувате во овој депресивен ден, како на пример убаво пенкало, паричник, лабело…rn
7. Одете со пријател на ручек
rnПред да заврши викендот, јавете се на некој пријател кој е исто толку очаен како вас зашто почнува нова работна недела и закажете за утредента ручек во ресторан. Ништо не може повеќе да го покрене расположението од добра храна и уште подобар муабет со вашиот другар/ка. Па, договорете средба и којзнае можеби понеделничкиот ручек ќе ви стане редовна пракса.