КАФЕ ПАУЗА

Tag: облини

  • Облините веќе не се во мода: Еве кон каков изглед тежнеат сè повеќе жени

    Облините веќе не се во мода: Еве кон каков изглед тежнеат сè повеќе жени

    По толку години во кои владееше трендот на изразени облини и фигури слични на тие што ги има Ким Кардашијан, работите добиваат целосен пресврт. Новиот тренд диктира малку поразлични пропорции.rnrnОблините веќе не се во мода: Еве кон каков изглед тежнеат сè повеќе жениrnrnЗаоблените тела со неколку килограми повеќе не се веќе во мода. Податоците покажуваат дека сè повеќе жени сакаат помали гради.rnrnИстражувањето за најчесто пребаруваните операции на Интернет дојде до следните податоци. За еден месец, за намалување на градите е пребарувано 22.000 пати, а за зголемување на градите само 8.100 пати што ја става оваа постапка на третото место на сите естетски операции.rnrnСпоред ова истражување, ова се петте најбарани интервенции:rn

      rn 011

    • Трансплантација на коса
    • rn 011

    • Липосукција
    • rn 011

    • Намалување на градите
    • rn 011

    • Ринопластика
    • rn 011

    • Зголемување на градите
    • rn

    rnСепак, не може сите да изгледаме исто и треба да тежнееме кон тоа да се сакаме такви какви што сме. Еве 10 причини зошто треба да ги обожавате вашите облини!

  • 10 причини зошто треба да ги обожавате вашите облини!

    10 причини зошто треба да ги обожавате вашите облини!

    Жените ширум светот не можат да го поднесат вишокот килограми, па поминуваат часови пред огледалото барајќи недостатоци кај себе. Најголемиот проблем на сите жени е борбата со својот изглед, а кога ќе се создаде килограм или два повеќе, веднаш се појавува нерасположение. Меѓутоа, постојат 10 причини поради кои мора да ги засакате вашите облини и да станете посигурни во себе.rnrn2-zhenite-gi-smetaat-za-najgolem-problem-postojat-10-prichini-zaradi-koi-treba-da-gi-obozhavate-vashite-oblini-www.kafepauza.mk_rnrn1. Не треба да трошите пари за додатоци за градник. А, ниту за додатоци за задникот. Вие имате со што да ја наполните вашата долна облека.rnrn2. Честопати ве споредуваат со Џенифер Лопез, Ким Кардашијан и Бијонсе. Без разлика кое е вашето мислење за нив, не можете да ја одречете нивната физичка привлечност.rnrn3. Голем број жени се мачат целиот свој живот да добијат облини, а вие сте среќници затоа што ги имате природно.rnrn4. Фустаните одлично ви стојат, токму заради вашите облини.rnrn5. Голема е веројатноста дека имате свој единствен стил бидејќи не мора да се мачите околу пронаоѓањето идеална облека и не мора да се одлучувате за разни креативни решенија.rnrn6. Вашите облини на поголем дел од мажите делуваат како дрога – невозможно е да им одолеат.rnrn7. Ако им верувате на истражувањата кои покажале дека жените со големи задници имаат зголемено ниво на омега-3 масни киселини, кои се најважни за развојот на мозокот и мозочните ќелии, тоа значи дека сте поинтелигентни од просекот.rnrn8. Имате добри шанси за долг живот бидејќи истражувањата покажале дека маснотијата во колковите делува превентивно на здравјето на артериите.rnrn9. Вашето тело е како создадено за танцување, особено за занесните латино ритами.rnrn10. Вие сте идеални партнерки за галење. Кој би одолеал на меката кожа на вашиот задник, колкови, стомак и гради?rnrnБидете горди на вашите облини и одберете некоја од овие сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини.

  • Погледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облини

    Погледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облини

    Жените со прекумерна тежина постојано се соочуваат со одредени стереотипи. Но, еден од тие стереотипи најверојатно нема да потрае уште долго. Натали Нутенбум е 16-годишна моделка и внука на познатиот диџеј Стив Аоки. Таа го гледа него како пример, бидејќи тој ги прекршил азиските правила со неговата музика.rnrnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrnrnИ Натали исто така сака да ги прекрши азиските норми во нејзината блескава моделска кариера. Нутенбум благодарение на нејзините облини спаѓа во категоријата на модели со прекумерна тежина и потпишала договор со ексклузивната агенција Muse. Таа се надева дека ќе ја уништи идејата според која се верува дека сите Азијки се мали, слатки и слаби.rnrnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrn

    „За Азијките важи правилото дека мора да се мали, слатки и слаби. Но, додека растев, јас бев некако повисока, покрупна и почудна. Спротивно од тоа што луѓето очекуваа да бидам, јас навистина сакам да ја искористам мојата сегашна позиција за да кажам, знаете што? Сите сме различни. Не можеме да создадеме калап и да очекуваме дека сите луѓе ќе се совпаднат во тој калап“, изјавила таа.

    rnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrnrnСпоред неа, кога станува збор за создавања поразновидна модна индустрија, не треба фокусот да се задржи само на една работа.rnrnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrn

    „Не може да зборувате за разновидност без да вклучите разновидни типови. Разновидноста не познава етничка група и големина. Ќе се обидам да го покажам тоа во оваа индустрија колку што можам повеќе“, открила Натали

    rnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrnrnЗаслугата за нејзиниот успех ја припишува на сестра ѝ Јуми која е исто така модел со прекумерна тежина, бидејќи ја научила како да биде самоуверена и како да се сака себеси и сопственото тело. Натали наоѓа инспирација и од Кејти Вилкокс, модел со прекумерна тежина и автор на книгата „Healthy is the New Skinny“.rnrnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrn

    „Ако се обидувате да бидете најдобри што можете и сакате да бидете здрави, вашето тело е само ваше и ако изгледа поразлично, нема причина да го мразите или да се обидувате да го прилагодите на лажниот идеал за убавина“, објаснила Натали.

    rnПогледнете ја оваа моделка од Азија која ги руши сите стереотипи со нејзините облиниrnrnНутенбум досега има работено со неколку познати модни дизајнери и нејзината кариера продолжува да се движи во нагорна линија. Не постои сомнеж дека наскоро ќе ги сруши сите стереотипи што владеат во модната индустрија и светот!rnrnПогледнете ја и оваа девојка која ги руши стереотипите во модната индустрија со нејзината прекрасна фигура.

  • Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

    Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

    Кога ги гледаме тесните фармерки на моделите во списанијата, што изгледаат толку самоуверено додека ни ги покажуваат најновите трендови, едноставно не може да не ни се појави желба и ние да посакаме да ја направиме истата комбинација. Но, кога ќе се соочиме со реалноста, почнуваме да размислуваме дека само оние девојки со „совршени пропорции“ можат да изгледаат добро со тесни фармерки. За среќа, тоа е далеку од вистината. Ние денес ќе се обидеме да ве убедиме дека и вие би можеле да изгледате одлично и прекрасно со овој модел фармерки, без разлика на вашите облини.rn

    1. Побарајте ја вистинската големина

    rn(1) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (2) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?rnrnОдбирањето облека со погрешна големина е најлошото нешто што можете да го направите, бидејќи на тој начин ќе ги истакнете оние делови од телото што всушност сакате да ги прикриете. Ова најчесто се случува со фармерките. Не купувајте помал број, бидејќи стегањето нема да направи да изгледате послаби. Никој не може да ја види големината на фармерките однадвор, а ако купите премал број за вас, тие ќе ги нагласат вашите бутини и ќе предизвикаат стомакот да ви изгледа непривлечно.rn

    2. Обидете се со среден и висок струк

    rn(3) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (4) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?rnrnЗа наша среќа, фармерките, панталоните и здолништата со низок струк веќе не се во мода и нивното место на врвот на модната листа го заземаа оние со среден и висок струк. Овие модели на фармерки совршено ќе ги нагласат најдобрите делови од вашата фигура и ќе ги скријат сите недостатоци околу половината.rn

    3. Бојата има големо значење

    rn(5) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (6) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?rnrnФармерките во класична темна сина боја што немаат други нијанси на бои ќе направат вашата фигура да изгледа визуелно потесна. Од друга страна пак, овие фармерки не само што се есенцијален дел од секој гардеробер бидејќи одлично се совпаѓаат со најголем дел од вашата гардероба, туку се и многу женствени и елегантни.rn

    4. Бидете креативни со слоевите и текстурите

    rn(7) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (8) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?rnrnОдбирајте кошули, џемпери, блејзери и јакни што ќе завршуваат над средината од вашите колкови. Ова ќе ви помогне да ја балансирате вашата силуета. Исто така не се плашете да користите модни додатоци и секогаш играјте си со различни текстури. Ова може да ви биде од огромна корист затоа што ќе ги скрие сите несакани делови за кои се грижите. Кардиганите, наметките и кимоната се многу стилски избор и ќе направат да се чувствувате и изгледате најдобро досега.rn

    5. Нагласете го струкот

    rn(9) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (10) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?rnrnВоопшто не е чудно што фигурата на песочен часовник се смета за најженствена и најатрактивна фигура. За да ги добиете потребните пропорции на долниот и горниот дел од вашето тело, обидете се да го нагласите струкот. За оние што преферираат класичен стил, каишот е најдоброто решение. Ако повеќе сте заинтересирани за спортска облека, кошулите и џемперите коишто се врзуваат кај половината се совршени за вас.rn

    6. Одберете ги соодветните обувки

    rn(11) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (12) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?rnrnВисоки и полни потпетици, мажествени чизми или високи чизми ќе ви создадат „тежок изглед“. Одберете елегантни обувки во неутрални бои или изберете боја што е иста како онаа на вашите фармерки. Избегнувајте ги обувките што изгледаат масивно и со многу ленти бидејќи визуелно ќе ја „скршат“ вашата фигура.

  • Мали трикови кои ќе ви помогнат да ги истакнете вашите облини со помош на облеката

    Мали трикови кои ќе ви помогнат да ги истакнете вашите облини со помош на облеката

    Секоја жена, без оглед на нејзиното тело, години, висина или тежина, во некој одреден период од својот живот ќе посака да промени нешто во стилот кој го негува. Сепак, на жените на кои природата не им подарила извонредни облини, постојат неколку модни трикови кои можат да го поправат тоа. Секако дека вежбањето и редовната нега на телото ќе ви помогнат во вашата цел, но понекогаш сме толку многу нестрпливи, што едноставно не можеме да ги дочекаме резултатите. Затоа, со вас споделуваме 6 одлични трикови кои ќе ви помогнат да го нагласите вашето тело и тоа со правилниот избор на гардероба.rn

    1. Нагласете го струкот

    rn2-mali-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-istaknete-vashite-oblini-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_rnrnЗа задникот да ви изгледа визуелно поголем, морате да изберете облека која ќе го нагласи вашиот струк. Колку повеќе вашиот струк изгледа потесен, толку вашиот задник ќе изгледа поголем. Значи, избегнувајте ги блузите и фустаните кои слободно паѓаат и го сокриваат вашиот струк.rn

    2. Нагласете ги нозете

    rn3-mali-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-istaknete-vashite-oblini-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_rnrnЕден од главните модни закони гласи: „Доколку сакате вашиот задник да изгледа поголем, не срамете се да ги покажете нозете.“rn

    3. Избирајте молив здолниште или пак здолништа кои се богати со многу тул

    rn4-mali-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-istaknete-vashite-oblini-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_rnrnОткако Кристијан Диор го создаде првото здолниште со молив крој, тоа стана задолжително парче облека во гардероберот на секоја жена. Таквото здолниште ги нагласува сите совршености на телото, а воедно нозете ќе изгледаат доста атрактивно. Додека пак, предноста на здолништата богати со тул може да се забележат и со голо око.rn

    4. Поиграјте си со хоризонталните линии

    rn5-mali-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-istaknete-vashite-oblini-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_rnrnФустаните и здолништата со контрастни хоризонтални линии се создадени за вашето тело да изгледа женствено и елегантно. Овој дезен визуелно го зголемува обемот на колковите и го прави вашиот задник заоблен.rn

    5. Кроп топовите во комбинација со здолниште или куси панталони изгледаат одлично

    rn6-mali-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-istaknete-vashite-oblini-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_rnrnКроп топот совршено го нагласува струкот, а тексас шорцевите неверојатно ги дефинираат сите посакувани места. Краткото здолниште за тенис или пак за лизгање, благодарение на својата должина и облик, малку ќе го прошири вашиот долен дел. Плус, ова здолниште е доста популарно за оваа сезона. Како што кажавме, тоа ќе го направи вашиот долен дел визуелно поголем, а вашето тело ќе го добие најпосакуваниот облик на песочен часовник.rn

    6. Изберете материјали кои се препиваат за телото

    rn7-mali-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-istaknete-vashite-oblini-so-pomosh-na-oblekata-www.kafepauza.mk_rnrnФустани, здолништа и панталони кои се изработени од растегливи материјали, ќе можат многу добро да ги истакнат вашите атрибути. Овие материјали го затегнуваат задникот и го прават заоблен. Како надополнување, облечете високи потпетици и нема да останете незабележани.

  • 8 сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини

    8 сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини

    Драги дами со облини, на вас со сигурност ви завидуваат голем број жени, бидејќи сте женствени во вистинската смисла на зборот. Сè е на своето место, а гардеробата која ја носите треба да ви ласка. Доколку не сте сигурни кои комбинации би требало да ги носите оваа сезона, за да ја истакнете вашата женственост во вистинско светло, тогаш ние ви ги предложуваме следниве 8 модерни идеи.rnrn5-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_rnrnБоди во комбинација со тесни фармерки ќе ги истакне вашите облини на вистинскиот начин. За да ја надополните оваа комбинација, изберете сандали со еден ремен кои ќе ја издолжат вашата фигура. Освен тоа, бодито е доста популарно парче за оваа сезона, а бидејќи вие имате извонредни облини и рамен стомак, воопшто не треба да ве загрижува тоа како ќе изгледа заедно со фармерките.rnrnФустанот кој се стеснува во струкот е идеален за вас, бидејќи вие веќе имате тесен струк. Овој модел на фустан е идеален за формални прилики, но и за на работа, па затоа ќе можете да си поиграте со неговата должина која најдобро би било да биде до под колената. Освен тоа, дизајните и боите не се ваши непријатели, па добро размислете во врска со нив.rnrn1-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_rnrnКратките фустанчиња може да ви прилегаат одлично, но тие мора да бидат токму по ваша мерка. Доколку не можете да го пронајдете идеалното парче за вас, обратете се кај некоја кројачка, која не само што може да ви создаде ново парче, туку може да го преправи и она што сте го купиле, а има некои недостатоци.rnrnБелата боја не шири, а како идеална комбинација е изборот на бели панталони до зглобовите, салонки, боди блуза и секако, сако со рамно сечени линии. Сакото можете да го ставите преку рамената и ви гарантираме дека сите погледи ќе бидат свртени кон вас.rnrn2-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_rnrnИсечокот на здолништето делува доста секси, а и самиот преклоп ѝ ласка на вашата фигура. Бојата на кајсија е идеална за летните денови, а немојте да заборавите и на високите потпетици кои ќе го надополнат вашиот изглед и ќе направат да изгледате прекрасно.rnrnЦелосно тесниот фустан, од друга страна пак, може да изгледа уште посекси доколку нема шлиц, деколте, а должината до е под колена. Можеби на прв поглед ви звучи доста сведено, но со вистинската боја на фустан кој ќе биде припиен за вашето тело и облини ќе привлечете повеќе внимание отколку што можете да замислите. Високите потпетици во беж боја и подигнатото опавче ќе ја издолжат вашата фигура.rnrn3-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_rnrnКроп топовите може прекрасно да ви прилегаат доколку не покажувате премногу стомак. Не поради облините, туку поради тоа што изгледа префинето. Поиграјте си со начинот на врзување на кошулата и дизајните кога е истата во прашање. Заедно со здолништето со висок струк и соодветните сандали ќе добиете сјаен изглед.rnrnТуниката може да ве прелаже. Доколку ја носите без каиш, може да делувате доста крупно, додека со каиш, кој го истакнува вашиот струк, ќе изгледа сјајно. Не заборавајте, широката облека нема да направи да изгледате крупно доколку се послужите со соодветните детали.rnrn4-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_

  • Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

    Кои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?

    Секоја жена, без оглед на нејзиното тело, возраст и националност, сака да внесе промена во нејзиниот изглед. Жените на кои природата не им дала облини какви што посакуваат не се исклучок од тоа правило. Јасно е дека со редовно вежбање посакуваните облини можат да станат реалност, но понекогаш не ни се чека толку долго. Следниве неколку трикови ќе ви помогнат да ги нагласите совршените делови од вашето тело и да ги направите уште попривлечни…rn

    Нагласете ја линијата на струкот

    rnКои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?rnrnЗа да направите вашето тело да изгледа величенствено, одберете облека која ќе го нагласи вашиот струк. Колку потенок изгледа струкот, толку поубаво изгледа задникот. Најдобро е да одбегнувате облека без форма која го крие вашиот струк.rn

    Ставете акцент на нозете

    rnКои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?rnrnЕден од основните модни закони гласи: Ако сакате вашиот задник да изгледа позаоблено, не двоумете се да ги покажете вашите прекрасни нозе.rn

    Одберете пенсил здолниште или здолниште со полн тул

    rnКои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?rnrnОткако Кристијан Диор го креираше првото пенсил здолниште, тоа стана едно од основните парчиња облека кои секоја жена треба да ги поседува. Успешно ги нагласува сите совршени делови на телото и може да направи вашиот задник да изгледа навистина привлечно. Предностите на здолништето со полн тул се видливи со голо око, и нема потреба од понатамошни објаснувања.rn

    Хоризонталните линии нека станат вашиот најдобар пријател

    rnКои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?rnrnФустаните и здолништата со хоризонтални линии во контрасни бои се создадени за да го направат телото поженствено и елегантно. Овој модел визуелно ги зголемува колковите и на тој начин го прави вашите задник позаоблен.rn

    Маичките со гол стомак во комбинација со здолништа или шорцеви се едноставно прекрасни

    rnКои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?rnrnМаичките со гол стомак одлично го нагласува струкот, а тексас шорцевите убаво ги дефинираат сите посакувани делови. Скејтерските здолништа и здолништата кои стануваат пошироки на крајот се многу модерни денес и несомнено ќе ги привлечат туѓите погледи, благодарение на нивната должина и форма. Тие визуелно го зголемуваат задникот и помагаат да се постигне најпосакуваната форма на телото на песочен часовник.rn

    Материјали кои ги изразуваат контурите на телото

    rnКои парчиња облека да ги одберете за правилно да ги нагласите вашите облини?rnrnФустаните, здолништата и фармерките направени од растегливи материјали можат да ги нагласат сите ваши привлечни делови на телото. Ваквите материјали го зацврстуваат задникот и прават да изгледа позаоблено. Дополнете го изгледот со високи потпетици или сандали и никој нема да може да го тргне погледот од вас.

  • За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитети

    За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитети

    Ако имате облини, тогаш сега е совршеното време да престанете да го криете вашето тело во облека без никаква форма. Сосема е нормално да се чувствувате воздржано кога пробувате изглед што не сте сигурни дека би успеал, но зошто да се откажувате пред време? Тргнете ги настрана несигурностите и обидете се да го најдете стилот кој најмногу одговара на вашата градба на тело. Почнете од следниве 6 модни комбинации.rn

    1. Слоеви

    rn(1) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnКога се облекувате во слоеви, одбирајте меки парчиња кои ќе ги намалат вашите облини. Обидете се да не претерувате со груб материјал и секогаш запомнете да покажете малку кожа.rn

    2. Сложени дизајни

    rn(2) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnНе размислувајте два пати пред да одлучите да носите весели дизајни. Започнете побавно, со шарена маичка и еднобојни пантолони, или обратно, а кога ќе се чувствувате подготвено можете да носите колоритни дизајни од глава до петици.rn

    3. Тексас во комбинација со тексас

    rn(3) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnКанадскиот смокинг е всушност одличен изглед за вас бидејќи можете да си поиграте со монохроматските модни комбинации. Доколку одржувате стил во една боја, вие ќе создадете илузија дека имате многу повитко тело.rn

    4. Светли бои

    rn(4) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnКој вели дека треба да се облекувате само во темни бои? Кога експериментирате со бела, кожа боја и други светли нијанси, вие ќе изгледате многу поведро и ќе ја истакнете вашата одлична фигура како песочен часовник.rn

    5. Тесни фустани

    rn(5) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnАко имате што да покажете, зошто би го криеле тоа? Кога носите модели кои ги нагласуваат вашите облини, обрнете внимание на деталите кои ќе ве направат да се чувствувате посамоуверено. На пример, поцврст материјал кој држи сè на своето место.rn

    6. Линии

    rn(6) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnЛиниите можеби ви изгледаат како изглед кој е тежок за совладување, но постои еден совет кој ќе ви помогне секогаш да изгледате совршено во нив: Одбирајте вертикални линии кои ги мамат очите да мислат дека сте повисоки и послаби.rn

    7. Бикини

    rn(7) За девојките со облини: 6 модни комбинации кои ќе ви ги истакнат најдобрите квалитетиrnrnЗа крај, нема потреба да се криете од сонцето само поради облините. Да, вие слободно можете да носите бикини на плажа! На крајот од денот, вашата самодоверба е тоа што другите луѓе го забележуваат, а не вашата големина или форма.

  • 10 нешта кои секоја девојка со облини треба да ги чуе

    10 нешта кои секоја девојка со облини треба да ги чуе

    Високи, ниски, дебели, слаби, витки или со облини – сите ние сме различни. Но, поради некоја причина, луѓето си дозволуваат да коментираат за вашиот изглед, особено ако сте со прекумерна тежина. И покрај тоа што поголемиот дел од девојките најчесто не дозволуваат овие забелешки да допрат до нив, сепак постојат дел кои можат да станат депресивни како резултат на критиките. Токму затоа сметавме дека ви е навистина потребно да ги слушнете и следниве 10 нешта…rnrn10 нешта кои секоја девојка со облини треба да ги чуеrn

    1. Кога луѓето ве нарекуваат прекрасни, верувајте им

    rnВие можеби не се чувствувате како да припаѓате во категоријата на убави и прекрасни личности, но моментот кога ќе престанете да им се восхитувате на преслабите модели од насловните и ќе почнете искрено да се гледате себеси, ќе сфатите дека вие сте навистина прекрасна личност. Престанете да барате маани во себе, фокусирајте се на позитивните нешта.rn

    2. Вие сте неверојатни поради вашето тело

    rnМора да почнете да го прифаќате фактот дека убавината доаѓа и од внатре, и однадвор. Секоја личност е прекрасна на свој начин и сите ние сме многу повеќе од нашето тело.rn

    3. Не мора да вежбате редовно само за да се чувствувате подобро

    rnМногу луѓе веруваат дека се оправдуваат за својата тежина со тоа што почнуваат да вежбаат. Но, ова не е вистина. Не е грев да се прифатите онакви какви што навистина сте. Да, редовното вежбање води кон физички и ментални здравствени придобивки, но не мора да го правите тоа со цел да докажете нешто некому. Правете го за вас и вашето здравје.rn

    4. Вашето момче може да ве крене во раце без да си го скрши грбот

    rnКолку и да не ви звучи неверојатно, тоа е вистина. Дури и да сте многу потешки од него, не ја потценувајте неговата сила. Тој може да ве издржи, без притоа да страда од болки во грбот. Не се ограничувајте за ништо поради вашата тежина.rn

    5. Сосема е во ред да се заљубите во себе

    rnБез разлика на начинот на кој изгледате, вие треба да бидете заљубени во себе. Не постои ништо чудно во тоа, ниту пак на тој начин станувате нарциси. Всушност, вие ќе се чувствувате многу послободно доколку вистински и во целост се сакате.rn

    6. Постојат мажи кои ги преферираат поголемите девојките

    rnПостојат многу мажи на оваа планета кои попрво би одбрале девојка со облини отколку претерано слаба девојка. Вие не треба да се помирите со партнер кој едвај го прифаќа вашето тело, туку треба да најдете некој кој ќе ве сака во целост, заедно со вашето тело.rn

    7. Има вистина во изреката дека дебелите девојки имаат згодни момци

    rnСпоред едно истражување, момците кои се над просекот, поточно, кои се во добра форма и мускулести, најчесто се во врска со девојки кои имаат прекумерна тежина.rn

    8. Можете да носите сè што ќе посакате

    rnФрлете ги правилата за стил низ прозорецот и носете го тоа што го сакате и во кое се чувствувате удобно. Носете бикини, тесни фармерки, па дури и хеланки. Правете го она кое ве прави среќни.rn

    9. Градите со различна големина се сосема нормална појава

    rnСкоро секоја девојка на оваа планета има една града која ѝ е поголема од другата. Тоа е сосема нормална појава, бидејќи двете половини од вашето тело не се идентични, а тоа ги вклучува и градите.rn

    10. Можете слободно вие да бидете одозгора за време на сексот

    rnСтравот дека ќе го повредите ако сте од горе за време на сексот, особено ако тој е многу послаб од вас, не само што е нелогичен, туку е и сосема неточен. Тоа е исто како да кажете дека тој би ве повредил вас доколку е обратна ситуацијата. Размислете…

  • Есенски трендови кои одговараат на секоја градба на телото

    Есенски трендови кои одговараат на секоја градба на телото

    Без разлика дали сте слаба или пак девојка со облини, сигурни сме дека понекогаш имате проблем со пронаоѓањето на совршени дневни парчиња за вашата градба, особено во есенскиот период. Затоа денес решивме да им помогнеме на сите девојки, без оглед на нивната градба, и да им ги претставиме водечките трендови за оваа есен кои одговараат на сечија градба.rnrn1-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Блузи со бочни изрези

    rnБез разлика дали ќе се одлучите за кратка или за долга варијанта, блузите со бочни изрези се нешто без кое не можете да ја замислите оваа есен. Доколку имате ситна градба, изберете ги пократките модели на овие блузи, а доколку сте покрупни, за вас најдобра варијанта се подолгите блузи, кои на вистински начин ќе го истакнат вашето тело и ќе ги сокријат сите недостатоци.rnrn4-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 2-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 3-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_rn

    2. Шик мал црн фустан

    rnДневното парче со кое ниту една девојка не може да згреши е малиот црн фустан, не само затоа што станува збор за парче кое никогаш нема да излезе од мода, туку и поради тоа што одговара на сечија фигура. Пронајдете го оној модел кој одговара на вашата градба и заблескајте во полно светло.rnrn5-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 6-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 7-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_rn

    3. Комбинации или комбинезон со принт

    rnВо прашање се многу функционални, а сепак многу стилски дневни комбинации кои одговараат на секоја градба. Сè што треба да направите е да го одберете омилениот принт и една од овие две варијанти.rnrn8-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_9-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 10-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тексас јакни

    rnПосле малиот црн фустан, на ред дојде уште едно парче кое е безвремено, а кое може да го носат сите жени, без исклучоци. Денес на модната сцена може да се најдат многу различни тексас јакни, па секоја жена може да ја избере соодветната за себе.rnrn12-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_13-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ - Copy 11-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ѕвонарки

    rnОд сите модели на фармерки, ѕвонарките претставуваат модел кој одговара на сите градби и можат да ги носат сите жени, без разлика дали се полни или слаби. Овој модел на фармерки е водечки тренд за оваа есен, па не пропуштајте да ги набавите во една кежул, работна или вечерна варијанта.rnrn14-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_.15-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_ 16-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_rn

    6. Миди здолниште во силни бои

    rnОбојте ја оваа есенска сезона во миди здолништа со силни бои, модел кој одговара на сите градби. Без разлика дали сте слаби или девојки со облини, овие здолништа на вистински начин ќе го истакнат вашиот струк, а воедно, доколку ги има, ќе ги прекријат сите ваши недостатоци.rnrn17-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_18-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_19-esenski-trendovi-koi-odgovaraat-na-sekoja-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_