КАФЕ ПАУЗА

Tag: облаци

  • Уживајте во разиграните облаци над Хаваите

    Уживајте во разиграните облаци над Хаваите

    Облаците во голема мера го дефинираат животот на Хаваите. Тие ги диктираат условите за сурфање, температурата, повремените дождови и го обезбедуваат рајското ветре, кои ги прават Хаваите речиси идеална дестинација за одмор во текот на целата година.rnrnУживајте во разиграните облаци над ХаваитеrnrnРежисерот Гевин Хефернан од независната филмска компанија „Sunchaser Pictures“ ги истражил убавините на спокојното движење на облаците над Хаваи, додека бил на службено патување во Оаху. Тој забележал како облаците драматично се појавуваат над планините и спокојно исчезнуваат над океанот и за наша среќа, ја документирал сета таа убавина, во своето тајмлепс видео насловено „Honolulu Clouds“. Разиграните облачиња во комбинација со спокојната и среќна музика, ќе направи да се почувствувате како да сте на еднонеделен одмор на Хавајските острови.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменот огнени виножита

    Феноменот огнени виножита

    Огнените виножита не се ниту оган, ниту виножита, но се нарекуваат така поради нивните брилијантни пастелни бои и изгледот кој наликува на пламен. Поточно, тие се познати како „circumhorizontal arc“ (околу-хоризонтален лак) – леден ореол кој се формира од шестоаголните, сплескани ледени кристали во високите нивоа на облаците цируси. Ореолот е толку голем што изгледа како лакот да е паралелен со хоризонтот, па оттука доаѓа и името.rnrnФеноменот огнени виножитаrnrnСветло обоените огнени виножита најчесто се појавуваат за време на летото и помеѓу одредени географски ширини. Кога сонцето е високо на небото, сончевата светлина влегува право, делејќи ги ледените кристали на поединечни бои, исто како низ призма. Состојбата која е потребна за да се формира огнено виножито е многу специфична – сонцето мора да биде над висината од 58 степени, на небото да има цируси со сплескани ледени кристали и сончевата светлина да навлегува во атмосферата под специфичен агол. Токму поради сите овие услови, овој фасцинантен феномен е толку редок.rnrnФеноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножита Феноменот огнени виножитаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична прошетка низ облаците

    Магична прошетка низ облаците

    Креирана од јапонскиот артист Фуџико Накаја во 2011 година, „Cloud Parking“ е магична инсталација која им дава шанса на луѓето да чекорат низ облаците, односно низ густа магла. Овие вештачки облаци се лоцирани во Линз, Австралија, на кровот на една зграда каде што посетителите можат целосно да се предадат на магичното искуство.rnМагична прошетка низ облацитеАртистот употребувал посебен систем за замаглување, служејќи се со пумпи под висок притисок и специјално дизајнирани млазници за магла. Некои надворешни фактори како што се состојбата со ветрот, температурата и релативната влажност во воздухот, одредуваат колку ќе биде густа маглата во дадениот момент.rnМагична прошетка низ облацитеrn
    rn

    Една посетителка, за нејзиното прво искуство вели: „Колку е големо задоволството да исчезнеш на едно место, повторно да се појавиш малку понатаму и да си играш со оваа вештачка природа. Колку интензивно задоволство е кога стануваш хиперсензитивен на секој мал звук, кога си во таа трајна состојба на магла. Главата ти станува полесна бидејќи телото полека ти исчезнува, додека пак рацете постојано допираат за внимателно да го проучат невидливото и непознатото.“

    rnМагична прошетка низ облаците (4) Магична прошетка низ облаците (5) Магична прошетка низ облаците Магична прошетка низ облаците (7) Магична прошетка низ облаците
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дубаи – градот над облаците

    Дубаи – градот над облаците

    Германскиот фотограф Себастијан Опитц, кој живее и работи во Дубаи, направил фантастични фотографии од градот, во состојба на густа магла при изгрејсонце. Тој го нарекол овој прекрасен пејзаж „Градот над облаците“, бидејќи густата магла го обзема градот и го пополнува празниот простор помеѓу зградите.Дубаи - градот над облаците
    rn

    „Живеам во Дубаи повеќе од 4 години и секогаш сум сонувал да направам слики над густата магла. Ова се случува 4-6 дена во годината, а кога се случува трае до 9 часот наутро. Затоа мора да бидете на кровот пред изгрејсонце и да се надевате дека сè ќе помине во најдобар ред.“

    rn

    Дубаи - градот над облацитеЗа среќа, Опитц успеал да го овековечи овој магичен момент од 85-иот кат на кулата „Princess“. Дубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеДубаи - градот над облацитеrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

    rn

  • Чадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врне

    Чадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врне

    „Sky Umbrella“ е „оружјето“ против тмурните, врнежливи денови. За ова едноставно, но уникатно парче дизајн треба да му заблагодариме на легендарниот Тибор Калман.Чадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врнеПреку ова навидум обично чадорче, Калман индиректно ни порачува дека надворешниот изглед навистина лаже. Тоа однадвор е црно со едноставна дрвена рачка, но однатре е насликано ведро небо со меки, бели облачиња, кои ќе ви изнудат насмевка на лицето.Чадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врнеСо чадорчето на Калман ќе заборавите на сивилото кое ги следи врнежливите денови. Ако ви се допаѓа, нарачајте го тука, по цена која се движи од 38 до 48 американски долари. Па, што чекате, испратете ги тмурните, врнежливи денови во историјата. 🙂Чадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врнеЧадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врнеЧадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врнеЧадорче кое ќе ве натера да заборавите дека надвор врне
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Адреналински поглед низ авионскиот прозорец

    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец

    Ако сте од оние кои се плашат да погледнат надолу од голема височина, па заради тоа ги избегнувате седиштата покрај прозорците на авионот, разгледајте ја оваа галерија и од безбедно место видете што сте пропуштиле.rnrn

    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    над Њујорк
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Барбадос
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Велингтон, Нов Зеланд
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    во близина на Бангкок, Тајланд
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Ница, Франција
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Каскадните планини во САД
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Лос Анџелес
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Доха, Катар
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    над Гренланд
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    приближување кон Хаваите
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    Мајами
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    некаде над Австралиската пустина
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    во близина на планината Фуџи, Јапонија
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    туристичкиот рај Фукет, Тајланд
    rnrn
    Адреналински поглед низ авионскиот прозорец
    некаде над облаците

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична прошетка по облаците

    Магична прошетка по облаците

    Јапонецот Ју Јамаучи живеел по пет месеци во последните четири години во колиба на врвот на планината Фуџи. Оваа планина Јапонците ја сметаат за света, па како дел од духовните ритуали Јамаучи станувал секое утро пред зори и од едно исто место ги фотографирал овие магични кадри кои изгледаат како да се од некој друг свет. Според него, секоја од фотографиите покажува како се менува перспективата од една иста точка и дека нашиот свет е само еден мал дел од бесконечен универзум.Магична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облацитеМагична прошетка по облаците
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстремни временски услови ширум светот

    Екстремни временски услови ширум светот

    Неверојатни фотографии од екстремни временски услови кои се случуваат ширум светот…rnrn

    Екстремни временски услови ширум светот
    Хаваи: Жешка лава истекува во морето
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Мисисипи: Насип ја штити куќата од поплава
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Канзас: Торнадо високо повеќе од 45 метри
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Небраска: „Млечни облаци“ кои носат невреме
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Швајцарија: Мраз ги зафатил езерото, дрвјата и автомобилите
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Аризона: Молњи за време на летните монсуни
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Феникс: Бура од прашина која ја намалила видливоста на нула
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Ајова: Живописна магла во близина на локалното езеро
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Намибија: Пустинска област формирана од сол
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Небраска: Геомагнетна бура која предизвикува аурора
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Јапонија: Експлозивна ерупција на вулканот Сакурајима

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?

    Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?

    Лоцирана на околу 3,7 км над морското ниво, Салар де Јони е мистична солена рамнина која се наоѓа во Алтиплано, Боливија. Во врнежливиот период, кога солената пустина е покриена со вода, таа создава неверојатна природна рефлексија, како еден вид џиновско огледало, при што создава илузија како луѓето кои газат по неа, да чекорат по вода.rnrnПостојат луѓе кои можат да чекорат по вода?rnrnИ покрај тоа што солената рамнина е убава сама по себе, сепак во комбинација со водата создава еден неверојатен надреален резултат. Таа е особено извонредна во облачните денови, кога изгледа како нејзините посетители да се упатиле на прошетка накај небесните широчини.rnrnПостојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?rnrnПрекрасната метаморфоза која се случува на соленото земјиште долго 10.582 квадратни километри, кое воедно претставува и најголема солена рамнина на светот, е навистина една вчудовидувачка природна појава, која е прекрасно да се доживее и види. Во неа се крие мистериозна убавина кога ќе се искомбинираат навидум бесконечната мокра солена пустина, со синото небо со пувкасти облачиња. Посетителите, никогаш не изумуваат да ја документираат ваквата рајска сцена, позирајќи на различни интересни начини пред фотоапаратот.rnrnПостојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?Постојат луѓе кои можат да чекорат по вода?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични формации на облаци

    Необични формации на облаци

    Небото отсекогаш било константен извор на фасцинација за луѓето. Облаците се само еден дел од зачудувачките случувања кои можат да бидат забележани во текот на денот. Тие се појавуваат во различни големини, облици и бои и нивното создавање било проучувано од страна на метеоролозите со векови. rnrnЛентикуларните облаци се едни од овие необични формации. Тие настануваат на многу големи височини најчесто околу планини, во области каде што има стабилна влажност на воздухот.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnОблаците „undulatus asperatus“ или накратко, асператус се формации кои биле предложени како посебна категорија во 2009 година. Во буквален превод името на овие облаци значи вознемирени или нервозни. И покрај тоа што на прв поглед изгледаат темно и како да се дел од бура во формирање, всушност тие многу брзо исчезнуваат.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnМногу интересен феномен на вечерното небо се и ноктилусентните (ноќни) облаци. Тие се одликуваат со многу светли и силни поларни слоеви наречени мезосферични облаци во горната атмосфера, кои се видливи само за време на најтемните летни ноќи. Тие се издвојуваат од останатите бидејќи се составени од кристали од воден лед. Името на овие облаци во буквален превод значи вечерно сјаење на латински.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците со голема дупка во средината, исто така познати и како облаци со дупка од удар или облаци со канали се формираат во ситуации кога температурата на водата е под степенот на мрзнење, но таа сè уште не замрзнала затоа што има недостаток од ледени нуклеациски честички. Кога еден дел од водата ќе почне да замрзнува, започнува еден вид домино ефект предизвикувајќи испарување на водата во одредени делови и оставајќи дупка позади себе во облаците.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците Маматус се уникатна формација, при што се појавуваат мали облачиња под големиот облак. Во превод „mammatus“ на латински значи „града“ и тие го добиле своето име по несекојдневната сличност со женските гради.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnБрановидните облаци се создаваат од внатрешните бранови на атмосферата. Овие формации на облаци можат да настанат во области каде што има стабилен проток на воздухот околу повисоки површини како планинските предели.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnЕдни од најинтересните формации на облаци, воедно и најуникатните се иридисцентните облаци. Станува збор за многу редок феномен, кој на некој начин наликува на виножито каде што се забележуваат силни пастелни бои околу облаците. Тие настануваат со дифракција на мали водени капки ледени кристали кои индивидуално ја распрскуваат светлината. Иридисцентноста најчесто се појавува во близина на сонцето, но најдобро се забележуваат само доколку сонцето е скриено позади дрвја или згради.rnrnНеобични формации на облациrnrnКружните облаци се ниски, хоризонтални и цилиндрични формации. Дури и кога има други „обични“ облаци на небото, тие се целосно одделени од нив. Интересно е што кружните облаци изгледаат како да се тркалаат по небото додека се движат.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnОблаците во форма на полици се ниски хоризонтални облаци кои малку наликуваат на кружните, но за разлика од нив тие се споени до базичниот облак, кој најчесто е бура со грмотевици. Оние кои ги забележале овие облаци велат дека многу им наликувале на огромен ѕид на небото.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnОгнените облаци се густи формации кои се поврзуваат со оган или вулканска активност. Тие по состав се многу слични на облаците од бурите со грмотевици, а настануваат со интензивно загревање на воздухот од површината.rnrnНеобични формации на облациrnrnОдредена група облаци наречени актиноформ можат да заземат многу исклучителна форма. Тие се простираат и до 300 километри на небото, а од вселената наликуваат на лист од дрво. Понекогаш формираат и „возови“ кои се и до 6 пати поголеми од „обичен“ облак, но сепак успеваат да го задржат својот карактеристичен идентитет.rnrnНеобични формации на облациrnrnПоларните стратосферични облаци се наоѓаат во зимската поларна стратосфера на височини помеѓу 15.000 и 20.000 метри. Тие обично се формираат во озонските дупки, и со помош на хемиските реакции при кои се продуцира активен хлор го намалуваат озонското уништување.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците во форма на капа/шал се мали и хоризонтални и се наоѓаат над одредени облаци така што изгледаат како нивна обвивка. Тие најчесто се и индикатори на невреме и можат да бидат забележани само од високите слоеви на атмосферата.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците наречени утринска гордост се редок метеоролошки феномен кој може да биде забележан на различни локации околу светот. Овие формации на облаците можат да бидат и до 1.000 километри долги, со висини до 2 километри и најчесто се наоѓаат на околу 100-200 метри над земјата. Обично се формира само еден ваков облак, но понекогаш може да се забележат и до 8 паралелни формации.rnrnНеобични формации на облациrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.