КАФЕ ПАУЗА

Tag: облаци

  • Илустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животни

    Илустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животни

    Облаците се навистина убави, а сигурно на сите ви се има случено да се замислите, да гледате во небото и да се восхитувате на нивните различни облици. Меѓу тие е и еден илустратор од Даблин кој решил да ги претвори облаците во слатки животни.rnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnНеговите илустрации станаа вирални на Твитер и инспирираа многу луѓе кои решија да го направат истото. Погледнете неколку од илустрациите што го споделија луѓето на Твитер.rnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnИлустратор од Даблин ги претвора облаците во слатки животниrnrnПогледнете ги овие фотографии направени од уметник кој им додава ликови од цртаните филмови на сивите градови.

  • Облаци над Кина го освојуваат небото на најромантичен начин

    Облаци над Кина го освојуваат небото на најромантичен начин

    Дали некогаш сте легнале на трева, сте погледнале во сино-белото небо и сте обидувале да наоѓате познати форми во облаците? Ако ова е нешто во што уживате, тогаш ќе бидете позитивно изненадени од следниве фотографии! На 28-ми јули 2018 година, луѓето од Шаоксинг во провинцијата Џејџенг биле воодушевени од небото над нивната глава. Облаците, во форма на луѓе, делувале изгубено во бакнеж над хоризонтот. Погледнете го овој краток момент во времето, кога облаците се прегрнале на небото…rnrn

  • Зошто авионите оставаат бели траги на небото?

    Зошто авионите оставаат бели траги на небото?

    Сигурно како малечки сте обожавале да гледате како поминува авион на небото кој остава една долга, бела трага зад себе и да си посакате желба. Но, сте се запрашале ли некогаш како тие траги се формираат и од што всушност се состојат? Во продолжение прочитајте како науката за воздухопловството го објаснува овој интересен феномен.rnrnЗошто авионите оставаат бели траги на небото?rnrnОдговорот на прашањето се наоѓа во книгата „Cockpit Confidential: Everything You Need to Know About Air Travel“ (Доверливи информации за пилотската кабина: Сѐ што треба да знаете за воздушниот сообраќај) напишана од еден од најискусните авионски пилоти – Патрик Смит.rnrn„Трагите се формираат кога влажните издувни гасови кондензираат во ледени кристали во ладниот воздух од погорните нивоа. Нешто слично на чадот кој излегува кога ќе се издишите во зима. Трагите всушност можат да се наречат облаци. Испарената вода, колку и да звучи чудно, е биолошки продукт од согорувањето во моторите, од каде што потекнува влажноста. Дали ќе се формира една трага зависи од височината и амбиентската атмосферска ‘шминка’ – температурата и она што се нарекува воден притисок“, пишува Патрик.rnrnТокму на овој начин се формираат трагите кои кондензираат и потоа се прошируваат во бели облаци составени од ситни кристали на мраз.

  • Викенд книга: „Прошетка по облаците“ – Ева Мари Еверсон

    Викенд книга: „Прошетка по облаците“ – Ева Мари Еверсон

    Што кога човек ќе ја изгуби волјата да продолжи понатаму?

    rn

    Наша оцена: 8/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnrnvikend-kniga-proshetka-po-oblacite-eva-mari-everson-kafepauza.mkrnrnОвој викенд нашиот предлог за вас е оваа прекрасна и возбудлива прошетка по облаците, инспирирана од вистинска приказна. Станува збор за еден прекрасен, возбудлив живот каде цути љубовта, кој одеднаш се претвора во кошмар. Колку брзо можат да се разрушат сите наши идеали? Само за секунда, со еден куршум длабоко во ноќта и една жена која не знае што со себе после тоа…rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnСаманта Крофорд има сè – прекрасен сопруг кој безрезервно ѝ дарува љубов, и успех во кариерата како писателка на детски книги. Таа е личноста која им го разубавува животот на децата и им го прави поинтересен. Таа е личноста која ги учи децата дека Бог има план за секого, дека се грижи дури и за малите обични врапчиња. Но, таа е личноста која ќе престане да верува во сето она што самата го пишувала до пред некое време, доведувајќи се себеси на раб на очај.rnrnНејзиниот сопруг Били е повикан на работа доцна во ноќта во едно опасно гето познато како Комонс и никогаш не се враќа дома. Саманта е приморана да се носи со смртта на нејзиниот сопруг и од петни жили да проба да се справи со ужасната осаменост, со спомените кои болно навираат, но и со фактот дека убиецот на нејзиниот сопруг веројатно никогаш и нема да биде пронајден и изнесен пред лицето на правдата.rnrnСакајќи и самата да си го одземе животот, судбината ја враќа назад во Комонс, на годишнината на смртта на Били, за магично да ја донесе во животот на децата од гетото. Така, животот ја спојува и со нејзиниот стар пријател од детството, Џо, кој се грижи за децата од Комонс. Џо никогаш го немал својот татко крај себе, па така одлучил да им биде татко и да ги изведе на прав пат децата од гетото. Сето ова за брзо се претвора во една волшебна приказна која ќе ѝ ја врати желбата за живот на оваа осамена жена…rnrnСпоред оваа книга е снимен филмот „Unconditional“, и како што и секогаш ве советуваме, пред да го гледате прво прочитајте ја книгата. Се разбира дека ќе сакате да го погледнете бидејќи прекрасниот Мајкл Ерли е во улогата на Џо, но еднакво прекрасно уживање нуди и самата книга, која на моменти ќе ве насмее, а на моменти ќе ви ги наполни очите со солзи. Особено ќе се пронајдат жените кои изгубиле нешто големо во животот, а може дури и да им биде утеха. Прекрасна и навистина инспиративна приказна за љубовта, пријателството и новата шанса која секој ја има во животот. Книга која ќе ве научи дека сè се случува со причина, дури и тогаш кога две деца ненадејно ќе ви упаднат во животот за да ве однесат до нешто што ќе ве промени засекогаш.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 5 јули 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • Гаџет со вистински дожд и облаци ја прикажува временската прогноза

    Гаџет со вистински дожд и облаци ја прикажува временската прогноза

    Кен Кавамото е софтверски инженер преку ден, а навечер креатор на гаџети, кој сака да ја пробие бариерата помеѓу дигиталниот и реалниот свет. Тоа го има направено со својата последна иновација – Темпископ (Tempescope).rnrn1.gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mkrnrnМалата кутија може да креира вистински капки дожд и да симулира грмотевици и сончеви зраци со цел да ви ја прикаже временската прогноза.rnrnНаправата се поврзува со интернет прогнози и програми за временска состојба, што значи дека може да ја користите за да дознаете какво ќе биде времето утре или какво е времето во моментот каде било во светот. За жал, гаџетот не може да креира снег.rnrn2.gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mkrnrnКавамото го објавил кодот и шемата за својот гаџет како софтвер со отворен код, што значи дека секој со технички познавања може да си направи иста кутија. Додека за сите останати, тој годинава ќе започне кампања за собирање пари, со цел да го направи овој гаџет достапен за секого.rnrn3-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 4-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 5-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 6-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mk 7-gadzhet-so-vistinski-dozhd-i-oblaci-ja-prikazhuva-vremenskata-prognoza-kafepauza.mkrnrn

  • Неверојатни формации на облаци кои наликуваат на пејзажи, луѓе, животни, птици…

    Неверојатни формации на облаци кои наликуваат на пејзажи, луѓе, животни, птици…

    Набљудувањето на облаците е еден од најдобрите начини да го поминете вашето слободно време во текот на пролетта и летото. Едноставно легнете на трева и дозволете ѝ на вашата имагинација да ги преземе вашите мисли додека барате познати форми и слики на небото.rnrn

    Разбрануван океан
    Разбрануван океан
    rnrnНашата тенденција да гледаме ликови или слики во „рандом“ објекти се нарекува пареиодолија. Познатиот астрофизичар Карл Саган теоретизирал дека оваа тенденција настанува поради способноста на нашиот мозок брзо да ги идентификува лицата на другите, дури и во лошо осветлување, притоа овозможувајќи ни да ги процениме и осудиме нивните емоционални состојби за само неколку секунди. Токму затоа во следниве фотографии од облаци сигурно ќе забележите многу познати нешта…rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сè што е големо, секогаш е во корист на другите

    Сè што е големо, секогаш е во корист на другите

     rn

    „Реките не ја пијат својата вода, дрвјата не ги јадат своите плодови, облаците не го голтаат својот дожд, сè што е големо, секогаш е во корист на другите.“

    rn

    Сè што е големо, секогаш е во корист на другите
    Искористете ја сликата како десктоп позадина (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15-те најлуди нешта во природата кои нема да ви се верува дека постојат

    15-те најлуди нешта во природата кои нема да ви се верува дека постојат

    Природата никогаш не престанува да нѐ изненадува и како доказ за тоа се наредниве 15 нешта кои на прв поглед изгледаат нереално. Започнувајќи од молњи во вулканска активност, па сѐ до розови езера и подводни шуми погледнете ги овие фотографии кои ќе ви ја покажат лудата страна на природата…rnrn

    15-те најлуди нешта во природата кои нема да ви се верува дека постојат
    Молњи во вулканска активност
    rnrn
    15-те најлуди нешта во природата кои нема да ви се верува дека постојат
    Смрзнати балони со воздух во езерото Абрахам
    rnrn
    15-те најлуди нешта во природата кои нема да ви се верува дека постојат
    Подводни природни извори во Мексико
    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови

    „Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови

    „Into The Atmosphere“ е прекрасно видео во чест на убавите пустини, планини и крајбрежја во Калифорнија, изработено од страна на фотографот Мајкл Шанблум. Во видеото се прикажани голем број национални паркови, како и помалку познати природни области. Фокусот во видеото е на облаците, маглата и интересните атмосферски промени. И покрај тоа што Калифорнија е позната по чистото, сончево небо, сепак гледањето во колоритната небесна бура и прекрасните зајдисонца, е навистина фантастична глетка. Целта на ова видео изработено со тајмлепс техника, е да се прикаже калифорниската природа во своето најдобро можно светло.rnrn„Во атмосферата“ – видео кое ќе ви ги наполни очите и прочисти белите дробови
    rn

    „Живеејќи го целиот мој живот во Калифорнија, го имав целото потребно време за да ја уловам сржта и убавината која ја има оваа држава. Многу ноќи спиев надвор, а многу денови ги поминав во дивината, планинарејќи со тешката фотографска опрема по стрмни предели. Ова видео беше проект кој го работев година дена и од вкупно 750.000 направени фотографии, искористив околу 12.400 за ова видео со времетраење од три и пол минути. Мојата баба Алис почина во текот на последните две недели од изработката на видеото, па филмот е во чест на споменот кон неа. Без неа и без љубовта од моето семејство, ова видео немаше да постои.“ – објаснува артистот

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер

    Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер

    Сите објекти, мали или големи создаваат сенка, а тука спаѓаат и планините. Но, еден специфичен врв на планина се однесува на карактеристичен начин. Тој не прави сенки на земјата, туку нагоре во облаците. Како е ова возможно?Погледнете ја неверојатната сенка на планината РеинерПланината Реинир е масивен вулкански врв кој се наоѓа на 87 километри југоисточно од Вашингтон, САД а височината на нејзиниот врв изнесува 4.392 метри. Не постојат други планини со таква височина во околината, па токму поради тоа Реинир е најиздигнатата планина во цела Америка. rnrnВо денови кога небото е чисто, врвот доминира во југоисточниот хоризонт и може да се види од далечина од Портланд, Орегон, Викторија и Британска Колумбија. Но, во облачните утра кога облакот е на одредена височина, при изгревот, сонцето го осветлува врвот на планината одоздола и притоа фрла долга сенка на долната страна од облакот.Погледнете ја неверојатната сенка на планината РеинерОва се случува само во текот на есента и зимата кога сонцето изгрева подалеку на југ и е во определена положба при која планината Реинир ги блокира првите зраци од утринската светлина. Погледнете ги фотографиите на различни фотографи, кои совршено го уловиле овој фантастичен природен феномен.Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.