Сигурно сте знаеле дека свеста се состои од многу нивоа, но веројатно не сте биле сигурни за колку точно станува збор. Доктор Дејвид Хокинс ја истражувал таа тема и напишал книга позната како „Моќ наспроти сила“ (Power vs Force). Тој во книгата вклучил мапа на свеста што самиот ја составил. Мапата ги содржи сите нивоа на свест што можеме да ги постигнеме. Нивото на свест на коешто моментално се наоѓате може да ви открие многу работи за вашето духовно патешествие. Дали сте знаеле дека нашата свест се состои од 17 нивоа? Што мислите, за што станува збор? Продолжете со читање за да дознаете…rnrn
rn
1. Срам
rnОва е најниското ниво. Луѓето чија свест се наоѓа на ова ниво постојано се чувствуваат понижени на секој можен начин. Тие имаат ниска самодоверба и знаат да бидат многу параноични. Овие луѓе буквално сакаат да бидат невидливи.rn
2. Вина
rnЛуѓето на ова ниво ја негуваат деструктивноста. Тие имаат злобен поглед кон светот и се презираат себеси, но и сите останати. Ги обземаат чувства на вина и каење.rn
3. Апатија
rnЛуѓето со ова ниво на свест се очајни. Овие поединци имаат многу потреби и им претставуваат товар на останатите. Ова се луѓето што сигурно се обидувате да ги одбегнете.rn
4. Тага
rnЛуѓето на ова ниво се чувствуваат многу ниско. Тие се тажни и многу често остануваат без зборови. Сите луѓе вибрираат на ова ниво кога минуваат низ тежок период, како што е загубата на некој близок.rn
5. Страв
rnОва ниво на свест е полно со анксиозност и одбивање. Луѓето на ова ниво се изолираат и може да бидат многу параноични. Стравот не им дозволува да постигнат личен развој.rn
6. Желба
rnЕмоционалниот копнеж е многу силен на ова ниво. Овие луѓе копнеат по нешто што сѐ уште го немаат постигнато. Тие стануваат зависни од нивните желби.rn
7. Лутина
rnОва е некој вид омраза. Лутината може да се изрази на многу различни начини. Луѓето на ова ниво се многу токсични.rn
8. Гордост
rnОвие луѓе чувствуваат силен презир. Им се чини дека ништо не може да биде доволно добро. Тоа создава негативно опкружување.rnrn
rn
9. Храброст
rnНа ова ниво, состојбата на луѓето почнува да се менува. Ова е првиот момент на будење. Кога ќе стигнете до тука, тоа значи дека сте тргнале на вистинскиот духовен пат.rn
10. Неутралност
rnЛуѓето на ова ниво немаат предрасуди и ги гледаат работите онакви какви што навистина се. Тие се среќни и не мора секогаш да им оди од рака. Способни се да ги препознаат своите силни страни.rn
11. Волја
rnПоединците на ова ниво се отворени за повеќето работи. Не им дозволуваат на туѓите мислења да ги ограничат и поради тоа, тие се слободни. Ова се луѓе полни со страст и волја.rn
12. Прифаќање
rnНа ова ниво, нема повеќе да го негирате изворот од каде што сте дошле. Ја прифаќате вистината и подготвени сте да се движите напред. Почнувате да барате решенија.rn
13. Разум
rnНа ова ниво луѓето бараат информации и создаваат сопствени мисли. Поголемиот дел од најпознатите мислители во историјата се наоѓале на ова ниво. Овие луѓе ги разгледуваат сите можни детали пред да донесат заклучок.rn
14. Љубов
rnСтанува збор за чиста и безусловна љубов на секој можен начин. Луѓето на ова ниво воопшто не се исполнети со копнеж или зависност. Тие не се заглавени во нивната гордост.rn
15. Радост
rnОва ниво е полно со сочувство и се јавува од моментите кога чувствуваме, а не од надворешни извори. Луѓето на ова ниво го гледаат светот како нешто прекрасно и имаат позитивни мисли. Луѓето понекогаш минуваат низ ова ниво краток период по блиска средба со смртта.rn
16. Мир
rnСтанува збор за среќа во секоја смисла на зборот. Овие луѓе се нашите духовни учители и тие можат да го променат светот. На ова ниво, целиот живот делува совршено.rn
17. Просветлување
rnОва е самиот врв. Кога ќе стигнете до оваа точка, ќе станете едно со вашиот извор и вашата насока. Ќе ги надминете и времето и просторот. Тогаш ќе го остварите вашиот најголем потенцијал.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте го тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат.