КАФЕ ПАУЗА

Tag: недоразбирање

  • 7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборува

    7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборува

    Вашето дете отсекогаш се однесувало добро, но одеднаш почнавте да забележувате дека се појавуваат недоразбирања во комуникацијата. Децата може да почнат да презборуваат, па дури и да ги превртуваат очите. Вам тоа однесување ви е чудно, но сепак можете да најдете решение и да управувате правилно со овие ситуации со цел да изградите здрав однос со вашите деца. Овие 7 чекори ќе ви откријат како да се однесувате кога вашето дете ќе почне да презборува.rn

    1. Не одговарајте со ист тон

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnТешко е да останете смирени кога вашето дете ќе почне да презборува, но важно е да внимавате на вашето изразување. Треба да се обидете да бидете пример и да покажете почит. Викањето, врескањето или лошите зборови нема да ви помогнат.rnrnСепак, не дозволувајте му вашето дете да почне повторно да презборува. Објаснете му дека треба да го поправи своето однесување и клекнете на ниво на неговите очи додека разговарате со него.rn

    2. Обидете се да го разберете проблемот што го има

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnНикогаш не заборавајте дека вашето дете сè уште учи како да го контролира своето однесување и дека понекогаш не знае како да се справи со проблемите. Поради тоа, нормално е да покажува недостаток на трпеливост. Откако ќе поставите ограничувања кога станува збор за неговиот тон, обидете се да разберете каков проблем има. Честопати, кога детето презборува, изразува лутина, фрустрација, повреденост или страв.rnrnСекој ден поминувате најмалку 15 минути насамо со вашето дете, посветувајќи му внимание. Обидете се да ги разберете неговите потреби, надежи и соништа. Можеби вашето дете сака да го проучува универзумот, а вие никогаш не сте го однеле на планетариум.rn

    3. Кажете му на вашето дете дека знаете дека е вознемирено

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnПсихолозите сугерираат да користите реченици како: „Ох! Мора да си вознемирен штом разговараш така.“ или „Сакам да слушнам повеќе за ова, но не можам да слушам кога се чувствувам дека ме напаѓаш.“ Потоа, предложете да разговарате за проблемот откако двајцата ќе се смирите.rn

    4. Покажете какви се последиците и очекувајте почит

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnДецата треба да видат како љубезното однесување може да им биде од корист. Не треба да се игнорира секој лош збор или секое превртување на очите. Вашето дете треба да знае какви се последиците од неговото презборување, па затоа покажете му дека ви пречи неговото непочитување. Исто така, можете да ги покажете последиците од лошото однесување со додавање на дополнителни работни задачи или со скратување на времето поминато пред телевизор или компјутер. Во овој случај, децата ќе ве сфатат сериозно. Но, не заборавајте да ги одржувате своите ветувања ако детето не престане да презборува.rn

    5. Дозволете му на детето да го искаже своето мислење

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnАко децата го искажуваат своето мислење за нешто, тоа е добро. Но, тие треба да го сторат на пријателски начин, а вие не треба да ги прекинувате додека ви објаснуваат што мислат.rnrnСлушајте и обрнете внимание на проблемите што ги имаат вашите деца. Важно е да покажете емпатија и разбирање за вашето дете да не ве смета за непријател.rn

    6. Обидете се да откриете кога вашето дете обично презборува

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnМожеби вашето дете секој ден се враќа од училиште во лошо расположение. Тоа може да биде клучот за решавање на некој голем проблем и избегнување полоши последици во иднина.rn

    7. Пофалете го доброто однесување

    rn7 чекори како да се справите со вашето дете ако презборуваrnrnСите сакаат да се чувствуваат ценето, а вашите деца не се исклучок. Ако видите дека вашето дете престанало да презборува и покажува благодарност, можете да го прегрнете, да му дадете комплимент или да кажете „благодарам“.rnrnНо, дајте им до знаење на децата дека тоа што сте пријателски настроени не значи дека можат да добијат што сакаат.rnrnПогледнете ги овие 7 опасни пораки во популарните бајки и прочитајте како да ги заштитите вашите деца од нив.

  • 12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родители

    12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родители

    Слободно може да се каже дека милениумците се многу неразбрани од нивните родители. Од трендови и стил, до приоритети и технологија, факт е дека нивниот живот е многу поразличен во споредба со оној на родителите. Се разбира, сигурно не очекувате мајка ви и татко ви да знаат сè за Фејсбук, Инстаграм или Снепчет, но понекогаш е навистина смешно колку не ги разбираат вашите шеги и пораки. Па, погледнете кои се 12-те нешта што постојано мора да им ги објаснувате на вашите родители.rnrn12 нешта што милениумците мора да им ги објаснуваат на нивните родителиrn

    1. Како функционираат апликациите за состанување

    rnВашите родители немале нешто вакво. Подгответе се да објаснувате како може да ви се допадне некоја личност само од фотографија и неколку реченици. Исто така подгответе се за долг разговор за тоа како вашите родители се вљубиле без помош на овие апликации.rn

    2. Зошто постојано ја фотографирате вашата храна

    rnПовеќето луѓе ги фотографираат милениците, достигнувањата и прославите. Но, штом ќе направите фотографија од вашата чинија, мора да им објасните на родителите дека вашиот оброк е навистина фотогеничен и не сакате да го заборавите.rn

    3. Како вашата работа од дома е вистинска работа

    rnГолема е веројатноста вашите родители да се навикнати на нормалното работно време од 8 до 16 часот. Кога ќе им кажете дека работите од дома, мора да им ги објасните сите детали. За среќа, на крај сигурно ќе бидат воодушевени од вашиот успех.rn

    4. Концептот „Нетфликс и опуштање“

    rnВо овој случај имате два избора. Можете навистина да им кажете на што се однесува оваа фраза, или едноставно да им кажете дека ќе гледате некоја серија со друштвото.rn

    5. Двопек со авокадо

    rnОвој едноставен оброк станува сè попопуларен. Навистина е вкусен и ве заситува. Вашите родители веројатно се прашуваат дали воопшто го јадете бидејќи постојано го фотографирате.rn

    6. Што значи да се живее најдобриот живот

    rnДали некогаш сте им кажале на родителите дека едноставно сакате да го живеете најдобриот живот? Тие сигурно знаат дека станува збор за нешто позитивно, но сепак потребно е детално да им објасните.rn

    7. Кратенките што ги употребувате во пораките

    rnНема личност која не користи кратенки кога пишува пораки. За вашите родители ова е целосно непознат јазик.rn

    8. Зошто употребувате емотикони за комуникација

    rnОдговарањето со емотикони воопшто не е неучтиво. Понекогаш не знаете што да кажете, но вашето лице може да каже многу. За среќа, за тоа постојат емотиконите. Можеби ќе почнат и тие да ги употребуваат штом добро ќе им ги објасните.rn

    9. Од каде ги добивате сите новости

    rnВашите родители никогаш не ве виделе да читате весник, но свеснисе дека ги знаете најновите настани. Можеби ќе сфатат дека социјалните мрежи се најдобриот медиум што постои денес.rn

    10. Зошто ви требало толку долго да ја прифатите нивната покана за пријателство

    rnИнтернетот може да биде навистина искрен кога не треба. Вам ви е јасно дека пред да ја прифатите нивната покана за пријателство на Фејсбук треба да им објасните дека не треба да ја анализираат секоја ваша објава.rn

    11. Како јавна личност може да го „скрши“ Интернетот

    rnСпоред вашите родители, Интернетот не е нешто што можете да го допрете, ниту пак да го скршите. Па, кога ќе слушнат дека некоја позната личност го срушила Интернетот, мора да им објаснувате за што всушност станува збор.rn

    12. Како може да ви биде, но и да не ви биде криво

    rnРодителите секогаш ве учеле да се извинувате искрено. Кога прв пат сте се извиниле, а потоа сте кажале дека не ви е криво, вашите родители сигурно биле збунети. Вашиот сарказам ви донел неволја.rnrnДознајте и кои се најчестите причини поради кои милениумците посетуваат психолог.

  • Хороскопските знаци ги откриваат најголемите недоразбирања што постојат за нив

    Хороскопските знаци ги откриваат најголемите недоразбирања што постојат за нив

    Сите ние сакаме да бидеме прифатени и разбрани од луѓето во нашите животи. Некои недоразбирања може да бидат болни, а други да направат да изгледате послаби отколку што навистина сте. Сигурно веќе знаете колку е болно да ве обележат како нешто што воопшто не сте, само поради тоа што другите не сакаат вистински да ве запознаат. Секој хороскопски знак се соочува со некакво недоразбирање од страна на семејството и пријателите. Па погледнете кои се недоразбирањата кои секој хороскопски знак сака да ги разберете за него.rnrnnedorazbiranjata-koi-sekoj-horoskopski-znak-saka-da-gi-razberite-kafepauza.mk.jpgrn

    Овен

    rnВам често ви зборуваат за тоа колку сте незаинтересирани за чувствата и животите на другите, особено кога тоа нема никаква врска со вас. Луѓето често мислат дека ако светот не се врти околу вас, вие не сте заинтересирани. Уште полошо е тоа што ви велат дека барате изговори за да не ги слушате проблемите на другите, па дури и на најдобрите пријатели. Вистината е дека вие навистина се грижите за луѓето. Можеби сте зафатени и имате многу обврски, но тоа никогаш нема да ве спречи да помогнете некому. Се разбира, имате свои приоритети, но семејството и пријателите секогаш ви се на прво место.rn

    Бик

    rnВие сте личност на која многумина ѝ се љубоморни бидејќи изгледа како ниту една стресна ситуација да не допира до вас. Всушност изгледате како ништо да не може да ве допре. Ако некој ве познава добро, тогаш знае дека понекогаш и вие се „кршите“ и им кажувате на другите колку сте разочарани, но тоа се случува ретко. Во реалноста Биковите сакаат другите да знаат дека и во нивниот живот не е сè лесно. Можно е да се преправаат како сè да е во ред, но тоа е со цел да им покажат на другите дека животот не мора секогаш да биде сериозен. Тоа што се однесувате така, не мора да значи дека не ви е грижа. Понекогаш ви е потребна личност со која можете да разговарате и која ќе ве ислуша за да почувствувате дека и вашите проблеми се важни.rn

    Близнаци

    rnВие сте популарни и постојано сте во движење. Вашата неспособност да останете во едно место прави да ви биде тешко да забавите. Сите знаат дека повеќе сакате да се забавувате отколку да се соочите со некоја сурова вистина. На многумина им се чини дека Близнаците навистина не се грижат за своите пријатели. Понекогаш сте толку заглавени во својот свет што ќе се согласите на што било само за другата личност да престане да зборува. Сепак, вие сакате другите да знаат дека навистина ги разбирате. Можеби ви е тешко да разговарате за тоа, но вам ви е јасно низ што минуваат другите и навистина ги почитувате.rn

    Рак

    rnРаковите ќе направат речиси сè за да му покажат на некого дека го сакаат. Но вие не сте личност која го поминува целиот живот обидувајќи се да покаже дека се грижи. Ќе се борите за секоја врска во вашиот живот, но си имате и свои граници. Вие сакате другите да знаат дека би го дале животот за пријател, но нема да живеете за него. Свесни сте дека за пријателствата и врските е потребен труд, но не живеете само за признанието и љубовта на другите. Многу луѓе погрешно ја сфаќаат вашата посветеност како опсесија, кога всушност сакате да знаат дека и вие имате граници во љубовта.rn

    Лав

    rnВие сте личност која секогаш има некоја луда приказна од минатото. Вие сте одличен пријател и секогаш имате добри совети за секс, љубов, иднина и преземање ризици. Вашите пријатели сакаат да ве слушаат внимателно, бидејќи со секој совет имате и интересна приказна. Но треба да знаат дека не ви е криво за многу работи. Според вас животот е за да правиме грешки и да продолжиме понатаму. Вие сте свесни дека секоја грешка ве направила посилна личност со поголема самодоверба.rn

    Девица

    rnВие сакате да им покажувате на семејството и на пријателите колку се грижите за нив. Вие сте пријателот кој секогаш знае дали некој се чувствува лошо. Вие сте личноста која ги дава најдобрите подароци бидејќи секогаш ги слушате и се поврзувате со сите во вашиот живот. Но вие сакате луѓето да мислат дека можете уште повеќе да ги сакате семејството и пријателите. Вие сте навистина добри, но кога бил последниот пат кога навистина сте покажале внимание? Покажувањето љубов и внимание е нешто што постојано се обидувате да го подобрите.rn

    Вага

    rnАко има личност која ќе направи сè за да усреќи некого, тоа се Вагите. Вие сте добри, но кога ќе ве прашаат дали ви пречи нешто, речиси секогаш ќе одговорите со „Не“. Луѓето кои ги сакате често знаат да ја искористат вашата љубов и навистина да ве истрошат. Па, вие сакате другите да знаат дека љубовта сепак може да ве повреди. Вие вложувате многу во вашите врски, а често не го добивате истото за возврат. За жал, вам ви е тешко да покажете дека некои работи ве повредуваат, па се преправате како сè да е во ред. Иако треба да бидете појасни за вашите потреби, другите треба да научат како да ви ја возвратат љубовта.rn

    Скорпија

    rnДали некој забележал дека секогаш сте поврзани со семејството и пријателите? Дури и кога сте „сами“, вие сте во контакт со вашите пријатели. А кога сте опкружени со луѓе, вие изгледате најсреќно. Ова не е случајно бидејќи вие мразите да бидете сами. Всушност, многу често почнувате врски само за да имате со кого да се дружите кога пријателите ви се зафатени. Некои луѓе мислат дека причината за ова е што не сакате да бидете сами со своите мисли. Во реалноста, вам не ви е најудобно кога сте сами. Се обидувате да им бидете најдобар пријател на сите така што заборавате да бидете најдобар пријател со себе.rn

    Стрелец

    rnВие го живеете животот на работ, секогаш правите нешто лудо и секогаш среќавате нови луѓе. Постојано сте во движење и изгледа речиси невозможно да забавите. Ова прави да изгледате навистина плитко бидејќи никогаш не останувате доволно долго за да покажете грижа кон другите. Вие сте свесни за ова и сакате другите да знаат дека ви е жал за секоја личност што сте ја повредиле. Вие сакате да го живеете животот, но заборавате дека можете да го правите и тоа, и да имате стабилни врски. Па кога ќе се оддалечите од другите неколку месеци, треба да научите како да им кажете дека ви е жал што сте ги повредиле.rn

    Јарец

    rnЈарците изгледаат како личности кои немаат никакви чувства кон другите. Но во реалноста вие сте страсни љубовници. Не ја покажувате оваа ваша страна бидејќи не сакате да испратите погрешен сигнал или да изгубите некого. Кога навистина ви се допаѓа некој, подобро е да забавите отколку да ризикувате да го уништите тоа. Вие само сакате другите да знаат дека сте исплашени. Вашето срце лесно се крши, па ретко ризикувате. Потребно ви е долго време за да надминете врска која не успеала.rn

    Водолија

    rnВие сакате да уживате во животот, но многу често поради ова луѓето сметаат дека не ви е грижа за ништо и за никого. Вие размислувате многу и често заглавувате во вашите мисли. Па кога треба да се забавувате сфаќате дека тоа ви помага да се справите со посериозните делови од вашиот живот. Вие сакате другите да знаат дека не сте толку глупави и наивни како што мислат. Се грижите за другите, но истовремено сметате дека е важно и да се забавувате. Сè што сакате е да бидете прифатени онакви какви што сте и сакате другите да знаат дека сте многу комплексна личност.rn

    Риби

    rnМногу често Рибите се сметаат за луѓе кои се постојано со главата во облаците. Исто така се познати и како луѓе кои не можат да ги контролираат нивните емоции. Можеби другите секогаш забележуваат кога сте гневни или разочарани, но ова не значи дека сте слаби. Вие сакате да им покажете на другите дека сте многу посилни отколку што мислат. Можеби понекогаш им дозволувате на емоциите да ве контролираат, но речиси и да нема личност која е силна и посветена како вас. Вие знаете колку е важно луѓето да ве сфаќаат сериозно и сакате да им докажете дека можете да се справите со речиси сè.rnrnДознајте и кои се најважните работи кои ве очекуваат во 2018-та година според вашиот хороскопски знак.

  • Зошто настануваат недоразбирања во пишаната комуникација?

    Зошто настануваат недоразбирања во пишаната комуникација?

    Автор: Маја МиноскаrnrnПознато е дека повеќе недоразбирања настануваат во пишаната комуникација отколку во директниот контакт и телефонските разговори. Во време кога секојдневно ги користиме социјалните мрежи, добиваме имејлови и СМС-пораки, не ретко се случува да ни е потребно повеќе време да ја разбереме содржината, да избувнеме или да останеме збунети. Проблемот со пишаната комуникација е во недостигот на тоналитет. Без разлика колку е прецизна интерпункцијата, граматиката или општо – способноста да се структурираат речениците, доколку личноста не ве познава доволно, пораката лесно може да биде разбрана погрешно, но и вие погрешно да ја протолкувате туѓата порака.rnrn0-Zoshto nastanuvaat nedorazbiranja vo pishanata komunikacija-kafepauza.mkrnrnБидејќи во пишаната комуникација недостасува говорот на телото, зборовите и симболите имаат голема моќ. Земете ги предвид овие совети доколку сакате да ги избегнете недоразбирањата:rn

    Не претпоставувајте

    rnИзбегнувајте да претпоставувате при пишување и читање. Индивидуалното толкување може да се разликува од вистинската содржина. Барајте јасност. Добијте повеќе информации пред да избрзате со донесување заклучок.rnrn1-Zoshto nastanuvaat nedorazbiranja vo pishanata komunikacija-kafepauza.mkrn

    Предноста на сомневањето

    rnОставете простор за сомневање. Прочитајте го текстот повеќе пати, како би биле сигурни дека информациите ви се во целост јасни.rnrn2-Zoshto nastanuvaat nedorazbiranja vo pishanata komunikacija-kafepauza.mkrn

    Одлучете се за директна комуникација

    rnДоколку се двоумите, контактирајте го директно авторот на пораката. Постои голема веројатност тој да не претпоставил како неговата порака можела да биде протолкувана.rnrnCellphone, selective focus, canon 1Ds mark IIIrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила кои мажите посакуваат жените да ги знаат

    Правила кои мажите посакуваат жените да ги знаат

    Разликите помеѓу сфаќањата и животниот стил на мажите и жените понекогаш се причина за многу проблеми и недоразбирања, но може да се погледнат и од забавен аспект.rnrnПравила кои мажите посакуваат жените да ги знаатrnrn1. Понекогаш едноставно не сакаме да разговараме. Не го сфаќајте тоа лично.rnrn2. Забележуваме други жени бидејќи сме мажи и живи суштества. Тоа не значи дека планираме да ве откачиме и да ги бркаме нив.rnrn3. Беспомошноста не е слатка.rnrn4. Прејдете на главното.rnrn5. Сфатете дека мажите можат да прават само една работа во моментот. Така што, не зборувајте ни додека правиме нешто друго. Или ќе ве игнорираме бидејќи не ве слушаме (најискрено) или ќе го расипеме она што го правиме бидејќи сте ни го одвлекле вниманието од тоа.rnrn6. Исклучок од претходното правило: Прекинете нè ако нешто гори, некому му треба итна медицинска помош, даваат згодни девојки на ТВ или треба да се заврши некоја херојска задача.rnrn7. Не можете да се жалите дека нема добри дечки, кога некои од нас се сè уште сингл.rnrn8. Кога поставувате прашање од типот „Мислиш дека таа е поубава од мене?“ заборавате на можниот одговор „Да“. И што би направиле тогаш?rnrn9. Не очекувајте дека дури и најдобрата врска може да ги реши сите ваши проблеми. Само затоа што ве сакаме, не значи дека можеме да се избориме со вашиот целулит, со недостатокот од пари или со лошото расположение.rnrn10. Ние не би носеле високи штикли за да ве импресионираме ВАС.rnrn11. Дишете одвреме-навреме за да можеме и ние да кажеме некој збор.rnrn12. За нас возењето не е само начин да стигнеме од точката А до точката Б. Тоа е можност да управуваме со некој тон челик.rnrn13. Ако сакате да забележиме нешто на вас, помогнете ни почнувајќи со реченицата „Денес бев на фризер“.rnrn14. Скријте ги книгите за самопомош кога ви доаѓаме на гости. Нè прават нервозни.rnrn15. Потребно ни е понекогаш да вегетираме.rnrn16. Ние не одиме на шопинг. Кога ни треба нешто, едноставно го купуваме.rnrn17. Веруваме дека нашите телесни функции се сосема нормални, а понекогаш и импресивни.rnrn18. Не ви веруваме кога велите дека парите не ви се важни.rnrn19. Кога гледаме постари и не многу привлечни мажи со помлади згодни девојки ние се чувствуваме горди што сме мажи. Не ни е гајле што не е фер.rnrn20. Не дека ние не сакаме да ве направиме среќни. Едноставно некогаш не знаеме како.rnrn21. Научете да ја користите веце-шолјата. Ако капакот е дигнат, спуштете го.rnrn22. Ако поставите прашање за кое не сакате баш да го чуете одговорот, тогаш очекувајте одговор кој не сакате да го чуете.rnrn23. Пивото е возбудливо за нас колку што за вас се чантите.rnrn24. Кога треба негде да одиме заедно, ОК е да облечете апсолутно што било. Навистина!rnrn25. Имате доволно облека.rnrn26. Имате премногу чевли.rnrn27. Плачењето е уцена.rnrn28. Вашите бивши се идиоти.rnrn29. Недела е ден за спорт, тоа е тоа.rnrn30. Не нè прашувајте за што размислуваме ако не сте подготвени да разговарате за новата GTA, спортски бандажи или за светското првенство во фудбал.rnrn31. Кога сакате нешто кажете,не давајте знаци и навестувања. Едноставно кажете.rnrn32. Не, не знаеме дека е годишнина од нашиот прв бакнеж. Забележете ги важните датуми во нашите календари ако сакате да се сетиме дека требало да ви купиме подарок.rnrn33. Ние не знаеме да читаме мисли и никогаш нема да знаеме. Овој недостаток во нашите способности не е доказ дека не се грижиме за вас.rnrn34. Повеќето мажи поседуваат по 3 пара чевли. Зошто мислите дека би биле добри во избирање на еден од 50 пара колку што имате вие кои најдобро би ви одговарале со фустанот што го носите?rnrn35. „Да“ и „не“ се совршено добри одговори во многу ситуации.rnrn36. Обратете ни се ако имате проблем и ако сакате да го решите. Ние тоа го правиме. Ако сакате сочувство и разбирање, одете видете се со другарките.rnrn37. Не глумете оргазам. Попрво би прифатиле дека сме неефективни отколку измамени.rnrn38. Сè што сме кажале пред  6 месеци не може да се употреби како аргумент против нас во кавга. Сите коментари се поништуваат во рок од 7 дена.rnrn39. Ако нешто што сме го кажале може да се интерпретира на два начини, а едниот од нив ве разлутува или растажува, сме мислеле на другиот.rnrn40. Можете да ни кажете нешто да направиме или како сакате нешто да биде направено. Не двете.rnrn41. Ако ве прашаме што ви е и вие речете „Ништо“, ќе се однесуваме како ништо да не ви е.rnrn42. Мажите гледаат во помалку бои. Праска за нас е само овошје, не и боја.rnrn43. Ако носите вондербра и кратка стегната блузичка, автоматски сте го изгубиле правото да се жалите дека мажи се ѕверат во вашите гради.rnrn44. На Кристофер Колумбо не му требале насоки. Така ни нам.rnrn45. Секогаш кога е можно, гледајте да ги кажете работите што сакате да ги кажете за време на рекламите.

  • Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

    Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

    Сите ние сме се довеле до ситуација во која треба да се справиме со спротивни мислења од нашите, некакви негодувања, несогласувања и слично. Кавгите настануваат постојано, и во ред е, како инаку ќе се изборите за своите ставови и мислења? Најважно е да не кажете или направите нешто за што ќе се покаете.rnrnНешта кои треба да ги одбегнете во кавгаrnrnНе навредувајте – Во момент на голема нервоза и револт можеме да кажеме многу работи кои не ги мислиме. Нормално дека ќе излета и по некој лош збор во текот на кавгата, но постојат зборови кои многу повредуваат и остануваат запаметени. За нешто што ќе го кажете во револт може да се покаете подоцна, но не можете да го намалите ефектот на повредата. Секогаш избројте до десет пред да кажете нешто во кавга и трудете се колку што е можно повеќе да ги одбирате зборовите.rnrnНе исмевајте ги слабостите на луѓето – Доколку знаете дека нешто му/ù е слаба точка на личноста со која сте стапиле во конфликт, не го спомнувајте во кавгата. Ако се карате со колега од работа поради тоа што не си ги сфаќа обврските сериозно, не е во ред да го спомнете неговиот нос или тешкото раскинување низ кое поминал. Останете во контекст на главната тема која предизвикала конфликт, докажете го вашето мислење со аргументи, не играјте нечесно.rnrnНе користете нечија искреност – Ако личноста со која сте во кавга, пред извесно време ви се доверила за некаков проблем, не е во ред тоа да ù го извадите низ нос. Доколку била искрена и побарала ваша помош за некаков проблем, не го спомнувајте тоа во текот на кавгата.rnrnНе уценувајте – Без разлика дали знаете некоја негова/нејзина тајна, или на одредено поле имате моќ над него/неа, не го користете како уцена во кавгата со цел да го добиете она што го сакате. Не е чесно и со сигурност нема да донесе решение на проблемот.rnrnНе ги потиснувајте вашите барања – Ако сте стапиле во конфликт со вашиот претпоставен на работа, а чувствувате дека сте во право, не дозволувајте да ве засени неговиот/нејзиниот авторитет. Искажете ги вашите мислења, но внимавајте на тонот и начинот на кој се изразувате.rnrnНе спомнувајте го минатото и грешките кои се случиле тогаш – Кога ќе настане кавга во љубовна врска, не е во ред да го спомнувате минатото и личностите кои биле дел од него. Грешките кои тој/таа ги направил/а во минатото, би требало да бидат заборавени или барем оставени настрана, а вие да се фокусирате на решавање на проблемот. Спомнување грешки и личности од минатото може само да донесе поголемо несогласување кога и спротивната страна ќе ги спомне вашите грешки.rnrnНе стремете се кон ваша победа – Кога нештата ќе се вжештат, трудете се да го зачувате добриот однос и да ја прекинете кавгата. Кога и двете страни се на крајот од своето трпение, не одете кон добивање на посакуваното, туку кон решение кое ќе одговара за двете страни и кое ќе стави крај на недоразбирањето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Милион ружи за лутата сопруга

    Милион ружи за лутата сопруга

    Дека луѓето можат да изнајдат безброј начини само да го решат недоразбирањето со својот партнер, говори и овој пример во кој мажот во знак на извинување на својата сопруга ѝ подарил 1 милион ружи. Човекот доаѓа од Казахстан, па откако се скарал со својата сопруга решил да ја изненади на сосема неочекуван и досега невиден начин.Милион ружи за лутата сопругаТој навистина се намачил за да го направи ова изненадување. Бидејќи тие живеат на југот од Казахстан, за да најде соодветна цвеќарница која ќе ги набави цвеќињата, морал да појде во најголемиот град во државата, Алмати.rn
    rn

    Веќе ги нарачавме ружите од Холандија. Сите ќе бидат црвени и со иста големина. На сите купувачи кои нарачуваат поголема бројка на цветови им даваме голем попуст, ама досега никогаш не се случило некој да купи олку многу цветови“,  – изјавил продавачот од цвеќарницата.


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

    7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

    Во последниве неколку години, комуникацијата преку Фејсбук сосема го промени начинот на живот. Наместо да излеземе надвор, воздух да не фати, дремеме пред нашите компјутери и гледаме што денес објавиле нашите „пријатели“ на нивните Фејсбук-профили. Наместо да се јавиме некому на мобилен или да му испратиме СМС порака, му праќаме приватна порака на Фејсбук и очекуваме веднаш да ни врати без разлика што не знаеме дали таа личност моментално е на Интернет. Навиките и вредностите се менуваат од корен, но без разлика на реалноста, доколку сакате да одржувате добра комуникација и односи со вашите пријатели, секогаш треба да имате на ум, што НЕ треба да правите на Фејсбук. Во продолжение следуваат 7 причини поради кои интерперсоналната е подобра од онлјан комуникацијата.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    1. Се губи контекстот

    rnЗа да може да се оствари добра комуникација, потребно е соговорниците да го разберат контекстот на разговорот. Речениците разменети преку Фејсбук треба да бидат едноставни и кратки и воопшто, не смеете да дозволите онлајн-комуникацијата да ви ја замени интерперсоналната. Кога му се обраќате некому преку Фејсбук, секогаш постои ризик таа личност нешто погрешно да протолкува, бидејќи тоа се машински искуцани зборови, преку кои тешко е да се препознаат вистинските емоции кои стојат зад нив. Исто така, понекогаш можеби се чувствувате уморно или безволно, а вашиот соговорник тоа може да го сфати како вие да сте индиферентни за муабетот или демонстрирате некоја иронија. Тогаш се создаваат проблеми во комуникацијата, па можеби и во односите со таа личност воопшто.rnrn

    2. Не може да се чуе тонот на гласот

    rnМногу е лесно погрешно да се протолкува нечиј тон на гласот кога комуникацијата се остварува на текстуално базиран медиум како што е Фејсбук. Ако на пример, некој ваш пријател на Фејсбук цело време пишува некои самосожалувачки, мизерни статуси, неговите пријатели, не само што нема да можат да сфатат што тој се обидува да сподели со нив, туку ќе почнат да го сметаат за „кралица на драмите“ која вечно се обидува да привлече кон себе погрешен тип внимание.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    3. Сите гледаат што пишувате

    rnИзгледа како некои луѓе на Фејсбук да не можат да сфатат дека за приватните разговори треба да ја користат опцијата „испрати порака“, а не да го вадат целиот „валкан веш“ на ѕидот на својот пријатели. Верувајте, ниеден ваш пријател на Фејбсук не сака да ви ги чита подмолните напади или саркастичните коментари кои си ги разменувате со некого онлајн, пред очите на стотици луѓе.rnrn

    4. Недостаток на приватност

    rnНа крајот на краиштата, социјалната мрежа Фејсбук не е основана за го заштитува вашиот приватен живот, туку токму спротивното – постои за на неа да ги споделувате вашите чувства и мисли со еден куп пријатели, познаници или странци. Самото тоа е доволен показател дека не треба да навлегувате во некои сериозни и важни разговори со вашите пријатели. Дури и кога пишувате приватни пораки, секогаш постои опасност:rnrnа) да сте останале пријавени од некој друг компјутер, бидејќи сте заборавиле да се одјавитеrnrnб) некој да ви ги прочита пораките на вашиот компјутер бидејќи никогаш не се одјавуватеrnrnв) додека разменувате приватни пораки, никогаш не можете да бидете сосема сигурни дали вашиот соговорник е сам или во друштво со некој друг.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    5. Неусогласени мислења

    rnКога ги објавувате вашите мисли јавно, очекувате да добиете некаков фидбек, во случајов да добиете „лајкови“ и/или коментари од вашите Фејсбук пријатели, преку кои тие го искажуваат нивното мислење околу вашиот статус. Но, во ситуациите кога ќе објавите некој посериозен статус, не можете да знаете како тој може да биде протолкуван од некоја друга особа и какви чувства побудува кај истата. Затоа, пред да објавите нешто на вашиот профил, имајте на ум какви пријатели имате и дали со тој статус би повредиле или испровоцирале некого на коментирање.rnrn

    6. „Онлајн-тепачки“

    rnСите овие недоразбирања и проблеми можат до доведат до „онлајн-тепачка“. Кој не ги мрази оние лоши надмудрувања, во кои се прават муабети на празно, поради неможноста целосно да се искажат раскараните страни!? Најлошиот дел е што овие конфронтации и провокации, имаат големо влијание и во офлајн-животот на истите луѓе.rnrn7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбукrn

    7. Комуникацијата е безлична

    rnМожеби најважното нешто е тоа што, обидот да се комуницира за важни работи на Фејсбук е безличен. Сосема е во ред вашите пријатели на Фејсбук да дознаат дека од сингл станувате зафатен, во врска или верен/а, но дали мислите дека и вашите блиски и семејството треба истото да го дознаат на овој начин? Исто така, обидете се личните работи да ги кажувате на луѓето в лице и со нив да разговарате за проблемите во живо, а не да се жалите преку оставање статус.rnrnКакво е вашето размислување за комуникацијата која се остварува на Фејсбук?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.