КАФЕ ПАУЗА

Tag: народ

  • Дознајте каде живеат најсреќните луѓе во светот

    Дознајте каде живеат најсреќните луѓе во светот

    Неверојатен пејзаж, бесплатно образование, позитивен и добродушен народ… Звучи како бајка, се согласувате? Верувале или не станува збор за вистински живот. Погледнете кои се 10-те најсреќни земји во светот кои сигурни сме дека веднаш би сакале да ги посетите…rn

    1. Шведска

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnНародот во Шведска постојано покажува дека е многу задоволен од животот. Нивната тајна лежи во шведската традиција позната како „фика“, збор кој се користи за да се опише нивната навика да прават паузи од работа за да пијат кафе и да разговараат за најновите вести со пријателите. Овие кратки одмори траат само 15 минути, но се случуваат на секои два часа. Кога ќе се земе предвид оваа навика, не е големо изненадување фактот што луѓето во Шведска се едни од најголемите консументи на кафе во светот.rn

    2. Австралија

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnАвстралија има ниско ниво на загаденост, високо ниво на граѓанска вклученост и сложни заедници. Луѓето велат дека причината за ова е нивната љубов кон скарите. Жителите секогаш организираат настани во локалните паркови за да поминат време заедно и да се социјализираат со нивните пријатели. Но, ако немате пријатели од Австралија секогаш можете да отидете на некоја од организираните тури кои ви даваат можност да посетите голем број пивници и да пробате традиционални австралиски јадења со месо.rn

    3. Нов Зеланд

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnКако да не бидете среќни кога сте опкружени со сини планини, неверојатна дива природа и уште илјадници такви глетки кои го одземаат здивот? Ниското ниво на загаденост и разновидноста на дивиот свет се причината за тоа народот во Нов Зеланд да се вброи во еден од најсреќните и најздравите во светот.rn

    4. Холандија

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЖителите на Холандија се издвојуваат со нивната голема физичка активност и љубов кон возењето велосипеди. Тие со право се горди на системот на безбедни велосипедски патеки што го имаат создадено, кој се протега во должина од 30.000 километри. Доколку некогаш имате можност да отидете во Амстердам, не заборавајте да изнајмите велосипед и водич.rn

    5. Канада

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЕдна од најголемите земји во светот, Канада е вистински рај за сите туристи и љубители на патувањето. Граѓаните на оваа прекрасна земја можат да се гордеат со мноштвото национални паркови кои изобилуваат со стрмни планини и широки рамнини. Доволно е само да ги погледнете овие неверојатни пејзажи за да разберете зошто Канаѓаните се толку среќни.rn

    6. Финска

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnСите ваши грижи и проблеми веднаш ќе испарат кога ќе влезете во традиционална финска сауна. И покрај малата популација од само 5,2 милиони луѓе, Финска има 3,3 милиони сауни кои можат да се најдат речиси секаде, од бреговите на езерата до канцелариите во зградите.rn

    7. Норвешка

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnНорвежаните се горди на нивното фасцинантно природно опкружување и кон него се однесуваат со најголема одговорност и почит. Се верува дека качувањето на една од највисоките планини во земјата, позната како Скала, може да го ослободи човекот од сите негови грижи и проблеми. Во буквално секој агол од оваа неверојатна земја можете да поставите шатор и да уживате во неверојатната убавина на светот околу вас.rn

    8. Исланд

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnВулкани, диви плажи, жешки извори и неспоредлив пејзаж – сите овие работи ги прават луѓето од Исланд едни од најсреќните на планетата Земја. Навистина, зар е можно да не почувствувате радост додека лежите во топлите сини води и гледате во прекрасната природа?rn

    9. Швајцарија

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЗемја со толку многу видови чоколадо што по дефиниција не е возможно да се биде несреќен. Но, луѓето во Швајцарија исто така се големи љубители на здравиот живот. Многу од нив обожаваат скијање, кајакарење и параглајдерство. Со оглед на тоа, не е никакво изненадување тоа што во земјата има најниско ниво на дебелина во светот.rn

    10. Данска

    rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnСе верува дека Данска е најсреќната земја во светот. И тоа не е само поради фактот што луѓето уживаат целосно бесплатно здравство и образование. Народот е исто така горд на неговото чувство за заедништво. Станува збор за луѓе кои во секој момент ќе ве поканат на чај, дури и да не ве познаваат.

  • Мудрости од познат индијански поглавар кои ќе ве замислат за денешното општество

    Мудрости од познат индијански поглавар кои ќе ве замислат за денешното општество

    Лутер Стоечката Мечка бил поглавар на индијанското племе Огала Лакота Сијукс, кој, со помош на ретките пријатели го задржал начинот на живеење на домородното население на Големата рамнина пред и по доаѓањето на европските пионери, како и нивното дополнително проширување. Тој растел со традициите и обичаите на неговиот народ до својата 11-та година, а потоа се образувал во Индијанскиот индустриски институт Карлајл во Пенсилванија, каде ги научил англискиот јазик и англискиот начин на живеење.rnrnМудрости од познат индијански поглавар кои ќе ве замислат за денешното општествоrnrnНеговите домородни корени биле длабоки, правејќи го Лутер единствениот канал и преносител помеѓу културите. Неговото движење и социјализирање во светот на „белците“ не било без успех, тој имал и бројни филмски улоги во Холивуд: неговото истрајно наследство било заштита за начинот на живеење на неговите луѓе. До својата смрт објавил 4 книги и станал водач на прогресивното движење за зачувување на татковината и суверенитетот на домородците од и во Америка, односно на вистинските американци, и така станал нашироко познат како силен глас во образувањето на белците за животот на домородното население.rnrnСледуваат 10 цитати на големиот индијански поглавар кои сигурно ќе стават многу работи за денешната „модерна“ култура под еден голем знак прашалник.rnrn1. Пофалбите, ласкањата, претераната пристојност, префинетоста и големите зборови не биле дел од карактерот на народот Лакота. Манирите биле сметани за неискрени, а постојаниот говорник се сметал за непристоен и непромислен. Разговорот никогаш не се започнувал одеднаш или на забрзан начин.rnrn2. Децата биле учени дека вистинската пристојност се дефинира со делата, а не со зборовите. Тие никогаш не смееле да поминат помеѓу огнот и постарите личности или гостите и посетителите и не смееле да зборуваат или да исмејуваат онеспособена личност. Ако детето несвесно се обидело да го направи ова, родителот веднаш морал со тивок глас да го укори.rnrn3. Молчењето било значајно кај народот Лакота, па затоа и пред разговорот се практикувало како дел од вистинска пристојност, осврнувајќи се на правилото „Мислата доаѓа пред зборот“. Во тага, смрт, несреќа, како и во присуство на истакнати и големи личности, молчењето било знак на почит. Строгото придржување кон ова начело на добро однесување е без сомнеж причината поради која белците лажно го карактеризирале како стоичко однесување.rnrn4. Никогаш не сме ги гледале големата рамнина, прекрасните брегови и долгите потоци со заплеткан тек како „диви“. Само на белецот природата му е „дива“ и само нему му е „заразена со диви животни“ и „диви“ луѓе. За нас сѐ ова беше питомо. Земјата беше богата и бевме опкружени со благословите на Големата Тајна.rnrn5. Со сите суштества на земјата, небото и водата, постоело активен принцип. Во животинскиот и птичјиот свет постоело братско чувство кое правело народот Лакота да се чувствува сигурен меѓу нив. Некои од нив станале толку блиски со своите пердувести и крзнени пријатели, што во вистинското братство говореле на заеднички јазик.rnrn6. Овој концепт на живеење бил хуман и им дал трајна љубов на народот Лакота. Го исполнил нивното битие со радост и таинственост на животот, им дал почит за целиот живот и сѐ што постои било третирано со еднаква важност и вредност.rnrn7. Се верувало дека е добро кожата да ја допира земјата, па затоа старите луѓе сакале да ги извадат своите мокасини и да одат боси по светата земја. Стариот Индијанец сѐ уште седи на земја наместо да се тргне понатаму од силата која го дава животот. За него, седењето или лежењето на тлото значи размислување за длабочината и чувството на сила. Вака, може подобро да се разбере тајната на животот и да се приближи во сродство со другите животни.rnrn8. Сѐ поседува личност и карактер, само тие во својот облик се разликуваат од нашите. Знаењето и значењето биле својствени за сите нешта. Светот бил книжара чии книги биле камењата, листовите, тревата, потоците и птиците, животните кои делат подеднакво со нас, бурите и благословената земја. Научивме да го правиме само она што ученикот на природата го учи, а тоа е да ја чувствува убавината. Никогаш не сме ги потценувале бурите, жестоките ветришта, остриот мраз и снег. Да го правиме тоа значи да ја зголемуваме човечката заблуда, па сѐ што дошло го прилагодивме на себе, со повеќе труд и енергија ако е потребно, но без никаков приговор.rnrn9. Стариот Лакота Индијанец бил мудар. Знаел дека човечкото срце кое е далеку од природата станува тврдо. Знаел дека недостатокот на почит за растенијата, како и за сите живи нешта набргу резултира и со недостаток на почит кон луѓето, па затоа своите деца ги држел блиску до влијанијата на природата.rnrn10. Цивилизацијата ми е наметната и не претставува ниту трошка од мојата љубов кон вистината, почитувањето и великодушноста.

  • Дали сте жртва на системот? Неколку цитати кои укажуваат на тоа

    Дали сте жртва на системот? Неколку цитати кои укажуваат на тоа

    Заедницата треба да биде добро организирана и не некој да ѝ наредува на индивидуата што да прави. Но дали луѓето навистина можат да владеат со себе? Цитатите во продолжение можат да ви го свртат умот по ова прашање.rn

    „Не сум создаден за да бидам присилуван. Јас ќе живеам по мои правила. Дозволете ни да видиме коj е најјак.“ – Хенри Дејвид Торо

    rndali-ste-zhrtva-na-sistemot-nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mkrn

    „Единствениот пљачкаш којшто сум го сретнал е самата држава. Кога одбив да ѝ платам данок кој таа го бара за заштита која јас не ја сакам, самата ме ограби – Кога го изразив моето право на слобода кое државата ми го гарантира, таа ме затвори.“ – Хенри Дејвид Торо

    rn

    „Не се плашам од Маовците, Сталиновците и Хитлеровците.rnrnСе плашам од оние илјадници милиони луѓе кои ги замислуваат нив како ‘авторитети’, ги прифаќаат нивните предлози, плаќаат за нивните империи и ги следат нивните наредби.rnrnНе ми е гајле ако има некој си лудак со глупави мустаќи. Тој не е закана сè додека луѓето не го гледаат како ‘авторитет’.“ – Ларкен Роуз

    rn

    „Кога се намалува сиромаштијата, се намалува и потребата од владата, така што решавањето на проблемот со сиромаштијата од страна на владата е исто како да очекувате еден тутунски комбинат да започне агресивна антипушачка кампања.“ – Стефан Молино

    rn2-Dali-ste-zhrtva-na-sistemot-Nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mkrn

    „Оној којшто не е способен да им служи на своите сограѓани сака да владее со нив.“ – Лудвиг вон Мизес

    rn

    „Колективистите го гледаат светот како господинот Магу – како една голема дамка. Тие ги унифицираат луѓето во еден општествен миксер, жртвувајќи ги посебните карактеристики кои нè прават тоа што сме. – Лоренс Рид

    rn

    „На владата не треба да ѝ биде дозволено да прави сè што не смеете ни вие. Ако вие не смеете да крадете од вашиот сосед тогаш ни владата не смее да краде од вас.“ – Рон Пoл

    rn3-Dali-ste-zhrtva-na-sistemot-Nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mkrn

    „Законот ја стави колективната сила на располагање на оние бескрупулозните, кои сакаат без ризик да ја експлоатираат личноста, слободата и туѓата сопственост. Грабежот го претворија во право со цел тоа право да биде заштитено. Законската одбрана ја претворија во криминал со цел да ја казнат таквата одбрана. Тогаш, кога престанува грабежот? Кога ограбувањето ќе им стане потешко и поопасно одошто да работат.“ – Фредерик Бастиjа

    rn

    „Сте забележале ли како етатистите постојано си ги реформираат своите прирачници? Реформи во образованието, во здравството, даночни реформи, реформа на социјалната заштита. Самиот факт дека тие секогаш се зафатени со реформирање е јасно признание дека не биле успешни првите 50 пати.“ – Лоренс Рид

    rn

    „Да си анархист едноставно значи дека си против агресија, а сфаќаш дека државата неизбежно врши агресија. Ако не си анархист значи дека или си против агресија или мислиш дека државата сепак не врши агресија. Како што кажуваш дека не си анархист, те молам кажи која од овие две изјави те опишува? Дали си за агресија (како социјалистите и криминалците)? Или мислиш дека државата не спроведува агресија (како што мислат децата на кои државата им го испрала мозокот)?“ – Стефан Кинсела

  • „Пиреј“ на Андреевски – симбол на неуништливоста на македонскиот народ

    „Пиреј“ на Андреевски – симбол на неуништливоста на македонскиот народ

    „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни, ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

    rn2-pirej-na-andreevski-simbol-na-neunishtlivosta-na-makedonskiot-narod-kafepauza.mkНасловот на првиот роман на Андреевски е симбол за неуништливоста на македонскиот народ кој постоел и ќе постои и покрај сите обиди за негово истребување. Дејството на романот започнува на денот на погребувањето на Велика, мајката на Роден Мегленоски. Бидејќи Роден не знае многу за животот на своите родители, Дуко Вендија почнува да му ја раскажува нивната животна приказна. Сижето, односно животите на Јон и Велика, се нижат наизменично во наредните 28 глави раскажани во прво лице, за на крајот повторно како раскажувач да се јави Дуко Вендија.rnrn„Пиреј“ раскажува за периодот од балканските војни и Првата светска војна, како и пост-воениот период, маестрално опишувајќи ги како времиња на пустош, глад, безнадежност, болести, колежи и палежи. Оваа приказна е многу реална и многу сурова вистина за македонскиот народ, кој, како што предлага основната идеја на овој роман, е неуништлив како пирејот.rnrnВелика е добра и вредна жена, патријархално воспитана, и од неа често се слушаат изреки како: „По мажењето жената станува плодна нива, и тешка е, а нема кој да ја одмени, никој не ја прашува.“ Преку ликот на Велика е отсликан ликот на секоја македонска жена од тоа време која на свој грб ги чувствува болките и страдањата што ги носи војната. По принудното заминување на Јон во војна, таа вложува натчовечки напори да си ги нахрани и спаси чедата. Но за голема несреќа децата едноподруго ѝ умираат, и таа сама им копа гробови на своите чеда и плаче над нив. Кога Јон се враќа од војна, в час му побелува косата кога дознава дека децата му умреле. Така тој ја обвинува Велика за нивната смрт, се пијани и ја тепа. Поради неговата безмилосност кон неа, Велика не сака да биде закопана заедно со него, не сака коските да ѝ се измешаат со неговите, туку на другиот свет сака да си биде со чедата свои.rn
    rn

    „Мамо, вели, дали и јас ќе умрам, мамо?rnrnНе, сине Ѕвездане, не ѕвездо моја, му велам, кој ти рече дека ќе умреш?rnrnКапинка, вели, каде е сега Капинка?rnrnНадвор е, велам, Калинка в градина е, велам.rnrnЌе се врати, прашува Ѕвездан.rnrnЌе се врати, велам, отиде да ја навади градината.rnrnА оти не ме викна и мене, прашува.rnrnЌе те викне, велам, и се штипнувам одзади, си го прегризувам јазикот. Господ да не чуе.rnrnНе давај ме, да умрам мајко, ми вели Ѕвездан, не давај ме мајчеле, однеси ме некаде, вели, скријај ме мајчеле, вели, се моли.“

    rnСтрашното беснеење на теророт за време на војната го претвора Јон во човек-ѕвер. По сведочењето на најгрдите лица на војната, тој веќе не е истиот човек. Со тоа што Јон е принуден да го зароби сопствениот брат кој принудно војува на страната на Бугарите, Андреевски дава јасна слика на принудното братоубиство, односно на апсурдот на човечката судбина. Јон видел многу нешта за време на војната, но соочувањето со потресната слика на неговиот празен дом го докрајчува. Неговиот терор врз Велика започнува по неговото враќање од војна. Иако таа е бремена со нивното шесто дете, тој секојдневно ја тепа, малтретира и понижува. Јон завршува во беда и пијанство и како што неговиот живот згаснува, нов живот, жарче надеж за напатената душа на Велика се раѓа – нивниот син Роден Мегленоски.rn
    rn

    „Врвам така низ буките засмрдени од барут и од раскопана земја. На едно лединче гледам жена. Млада жена а гола. Излегла да бере трески утрината кога беше мирно. Го погодила времето за трески! Ја нашла некоја извидница и ја силувале. Подзапирам крај неа и ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање. А мене ми е прво видување на гола жена. Батти среќата на такво гледање. Главата ѝ е потпрена на нарамникот трески што го носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото. Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците. А лицето ѝ е бело, небаре варосано ѕидче. Мислиш спие жената.“

    rnrn1-pirej-na-andreevski-simbol-na-neunishtlivosta-na-makedonskiot-narod-kafepauza.mkrnrn„Пиреј“ ги има сите елементи кои му се потребни на едно ремек-дело. На читателте им нуди раскажување кое потресува, трогнува, ве тера да се соживеете, ве помрднува од место… зборови кои предизвикуваат бура од емоции. Андреевски совршено го отсликува тогашниот живот на луѓето, нивната борба и нивното страдање. Преку ликот на селската гатачка го прикажува суеверието на неуките селани кои слепо ги слушаат нејзините совети за избегнување болести и клетви, кои дури се убедени дека ако ги запалат сите кучиња од селото, смрдеата ќе ја истера страшната болест.rnrnОвој роман е обележје на македонскиот модернизам, но може да им конкурира на светските имиња и наслови. Како дел од модернизмот ги соочува читателите со темни и безнадежни слики од човештвото, војните и последиците од војните, особено фокусирајќи се на уништената човечка психа по Првата Светска војна, најголемата катастрофа за човештвото.rnrn„Пиреј“ ги содржи трите големи карактеристики на стилот на Андреевски: патриотизмот и големата љубов кон својата земја како и историјата на својот народ, големо познавање на човековата психа, како и големата почит кон жената. Андреевски неретко во своите романи раскажува во прво лице преку неговите хероини. Тоа не само што докажува колку умешен е тој како писател, туку и колку ја познава човековата психа и колку ги почитува жените. Кога ќе прочитате некое од неговите дела, дали раскажувањето на Велика во „Пиреј“, или на Невена во „Тунел“, а особено на Небеска Тимјановна во истоимениот роман, и кога ќе помислите дека тие зборови се всушност зборови на еден маж, дека тоа се ликови кои се производ на неговата имагинација, ви станува јасно зошто Андреевски ќе остане незаменлив и единствен.rnrnИако ликовите на овие жени се навидум фиктивни, во секој од нив се крие име на жена која вистина живеела, која ги пребродела тие страшни времиња, и која заслужува почит, без разлика дали нејзиното име е Велика, или Небеска, или Севда. Тоа се нашите баби и прабаби. Андреевски едноставно пишува за народот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој европски народ е најубаво облечен?

    Кој европски народ е најубаво облечен?

    Порталот „Zoover“ направил истражување во кое учествувале 12.000 туристи од 20 европски држави, а прашањето било кој европски народ најубаво се облекува.Кој европски народ е најубаво облечен?Според резултатите, најубаво облечени се Италијанците за кои се изјасниле дури 35% од испитаниците. Второто место им припаднало на Французите, додека третото на Швеѓаните.rnrnПомеѓу оние со најмалку стил во Европа се наоѓаат Грците, Германците и Британците, а убедливо најлошо облечени се Полјаците.rnrnИстражувањето покажало дека секој испитаник смета дека неговата земја е најдобро облечена, а потоа својот втор глас го дава за Италијанците.rnrnНа прашањето кој е најлошиот стил на облекување, дури 65% од машките испитаници одговориле дека комбинацијата од сандали и чорапи е најлоша, додека 20% рекле дека би забраниле подебелите луѓе да носат мали костими за капење. Кај женските испитанички, 40% одговориле дека не сакаат тесни хеланки, а 20% дека мразат широка облека.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 најсреќни држави за живеење

    5 најсреќни држави за живеење

    Светскиот извештај за тоа каде најсреќно се живее, кој го создава Комисијата на Обединетите Нации, нуди листа според која е јасно во која земја граѓаните се најисполнети од животот кој таа им го нуди. Доколку некогаш решите да се селите, тогаш ова се првите 5 држави, каде луѓето се најсреќни.rn

    Данска

    rnДанска е членка на ЕУ од 1973 година и на НАТО од 1949 година. Животниот стандард е на високо ниво, стапката на невработеност е ниска, а платите се одлични.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Финска

    rnЛуѓето во Финска знаат да направат вистински баланс помеѓу работните обврски и приватниот живот. Тоа е нивната култура и тајниот рецепт за квалитетен и среќен живот.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Норвешка

    rnНорвешка во последните години е една од земјите која е најпосакувана за живеење поради високиот стандард, добрите работни позиции и плати и бесплатното образование.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Холандија

    rnЗемјата на лалињата е една од најлибералните земји, што ја прави многу интересна за живеење.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Канада

    rnКанада може да се пофали со високо ниво на политичка слобода, друштвени луѓе, здравствена и економска стабилност, како и добри плати.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказната за „Бубата“ – најпопуларниот Фолксваген автомобил

    Приказната за „Бубата“ – најпопуларниот Фолксваген автомобил

    Популарно наречената Буба, за првпат е произведена во 1938 година во Германија, од најголемата автомобилската компанија Фолксваген. Официјално, Бубата се нарекува Фолксваген тип 1, но позната е и како Фолксваген бубачка. Со производство од над 21 милион возила, Бубата претставува еден од најпродаваните автомобили на сите времиња.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилБуквално, Фолксваген (Volkswagen) значи народно возило или автомобил за народот. Идејата да се создаде народно возило, кое ќе биде едноставно по дизајн и кое секој ќе може да си го дозволи, не била нова. Пред да биде создадена Бубата, сите напори за помали и едноставни автомобили биле безуспешни или пак на крајот, нивната цена изнесувала повеќе од едногодишна плата на просечен работник.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилВо тоа време Адолф Хитлер, како дел од својата воена пропаганда, прогласува дека колата не треба да биде привилегија само на богатите. Во 1934 година тој го повикал Фердинанд Порше, веќе истакнат инженер за автомобили, за да му ја образложи неговата идеја за создавање автомобил кој ќе биде достапен за сите. Според Хитлер, новиот автомобил требало да биде мал, брз, издржлив, да собира 5 луѓе и неговата цена да изнесува не повеќе од 1.000 германски марки. Порше направил дизајни за 3 прототипови, од кои бил избран токму овој кој сите го знаеме.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилЗа своите воени цели, Хитлер посакувал возило токму како Бубата, мало, но доволно издржливо. Пред екот на војната, Бубите почнале да се произведуваат во новоотворената фабрика на Фолксваген во Волфсбург. Тежеле околу 500 килограми и се користеле на сите фронтови за време на војната. Тука се покажале толку издржливи, што за нив се велело дека ќе поминат и онаму каде што камилите не можат.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилВо 1955 година, Бубата станува првиот автомобил со годишно производство од над 1 милион возила годишно. Во САД, овој автомобил својата слава ја доживува многу подоцна, односно во 1971 година откако почнува да се произведува Супер Бубата.Приказната за “Бубата” – најпопуларниот Фолксваген автомобилСите овие години, Бубата еволуираше со многу подобри перформанси, како и со далеку помодерен надворешен и внатрешен дизајн. Новата верзија на Бубата „2012 VW“, е инспирирана токму од оригиналната Буба, но секако, изгледа многу помодерно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Племенитиот Велигденски остров

    Племенитиот Велигденски остров

    Велигденскиот остров е изолиран остров во Полинезија, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пацификот. Политички, тој припаѓа на Чиле.rnrnОвој остров е познат по своите камени статуи наречени „моаи“, кои ги има околу 900, а се во форма на човечки глави со едноставни тела. Овие волшебни камени џинови биле изградени од народот Рапануи, кои биле жители на овој остров. Се смета дека овој народ исчезнал како резултат на преголемата експлоатација на нивниот мал остров. Друго објаснување за нивното изчезнување е поврзано со доаѓањето на болест од Европа.rnrnОстровот го добил името во 1722 година, кога холандски истражувач слетал на него токму на Велигден. Името на народот Рапануи пак, на полинезиски значи „Големиот Рапа“, што се однесува на еден друг остров во Пацификот кој се вика Рапа.rnrnДенес, Велигденскиот остров е под заштита на UNESCO и претставува честа дестинација за вљубените во историјата.Племенитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски ОстровПлеменитиот Велигденски Островrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Народите на Сибир

    Народите на Сибир

    Малубројните нации во Северна Азија заедно претставуваат богат и стар збир од народи и култури. Се создале под влијание на вековните миграции и  инвазии од сите страни, вклучувајќи ги Персијците, Турците, Русите и Кинезите. Денешните политички поделби не секогаш се сообразени со историјата на тамошните народи, но, сепак, им го даваат новото чувство на национален идентитет, покрај, изворниот, етничкиот.Народите на сибир

    rnrn

    Евенки

    rn

      rn011

    • Население: 33.000 во Русија, 34.000 во Кина
    • rn011

    • Јазик: евенски (тунгунска гранка од алтајската група, сродни со јазикот маџу во Кина), руски, монголски, јакутски
    • rn011

    • Вера: шаманизам
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - ЕвенкиЕвенките живеат насекаде низ тајгите на Сибир, Монголија и Кина. Кинеските Евенки се фармери кои одгледуваат овци, а речиси половина од руските Евенки се занимаваат со традиционалното стопанство, засновано врз одгледувањето ирваси, со лов (заради храна и крзно) и со риболов. Тие одгледуваат припитомени ирваси кои им служат за влечење и добивање млеко. Тие се мали ирваси, па затоа се јаваат  седејќи на нивните рамена, а не на грбот. Евенките не ги јадат своите ирваси бидејќи ги сметаат за многу вредни во нивната култура. Шаманизмот е нивната религија (зборот шаман потекнува од евенскиот јазик) и има големо влијание.Народите на Сибир - Евенки

    rnrn

    Јакути (Саха)

    rn

      rn011

    • Население: 380.000
    • rn011

    • Јазик: јакутски (од групата северни туркиски јазици), руски
    • rn011

    • Вера: руска православна црва од преобратувањето во 17 век
    • rn011

    • Место: Република Јакутија, Русија
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - Јакути (Саха)Јакутите или Саха, како што сакаат самите да се нарекуваат, се најголема автохтона група од народите во Сибир. Ја населуваат Јакутија – најголема административна единица во Русија, огромен појас во источен Сибир, кој ја опфаќа и областа Верхојанск т.н. Студен пол, каде температурата се спушта и под -60. Се населиле во 13 век, веројатно со ширењето на турските народи кон север. Со себе ги донеле знаењата за одгледување добиток, посебно коњи, кои ги приспособиле на живот при ниски температури. Нивната култура цветала благодарение на трговијата со Русија, но економијата под власта на Сталин им била насилно колективизирана.Народите на Сибир - Јакути (Саха)

    rnrn

    Ненци

    rn

      rn011

    • Население: 34.000
    • rn011

    • Јазик: ненецки (сроден со финскиот и лапонскиот), руски
    • rn011

    • Вера: ненецка вера со примеси на анимизам и шаманизам
    • rn011

    • Место: Артичка Русија од двете страни на Урал
    • rn

    rn

    народите на сибирНенците живеат во зоната на поларниот круг и претставуваат најсеверни жители на Европа (бидејќи живеат и на европската страна на Урал). Нивната татковина е Јамалскиот полуостров (Јамал, значи „крај на светот“). Тие самите се нарекуваат Ненет што значи „исконски човек“ и тие се дел од поголема група наречена Самоеди. Благодарение на својата изолираност, ненеската култура им одолеала на руските христијански мисионери, а потоа и на колективистичките амбиции на советските власти. Тие се номади, не населуваат трајно некоја област, туку се селат два пати годишно со своите ирваси. Нивната древна вера е анимистичка (секој предмет во природата, жив или нежив, има свој дух).Народите на Сибир - Јакути (Саха)

    rnrn

    Чукчи

    rn

      rn011

    • Население: 15.000
    • rn011

    • Јазик: чукотски (еден од чукотско-камчатските јазици на рускиот далечен Исток), руски
    • rn011

    • Вера: руска православна црква, шаманизам, анимизам
    • rn011

    • Место: североисточен Сибир
    • rn

    rn

    Народите на Сибир - ЧукчиСпоред надворешниот изглед, облеката и културата, Чукчите многу личат на автохтоните артички народи на Северна Америка. Повеќе Чукчи живеат во својата автономна област на Чукотскиот Полусотров. Крајбрежните и континенталните Чукчи имаат различен начин на живеење. Народите на Сибир - ЧукчиКонтиненталните се полуномади и одгледуваат ирваси, а крајбрежните се рибари и ловци на морски цицачи. Тие имаат слична традиција со народите на Алјаска. Чукчите во текот на 20-от век му давале оружен отпор на советскиот режим, па затоа земјата им била одземена и загадувана од индустријата и нуклеарните проби.Народите на Сибир - Чукчи

    rnrn

    Тувинци и Алтајци

    rn

      rn011

    • Население: 240.000 тувинци и 69.000 алтајци
    • rn011

    • Јазик: тувински, алтајски, руски, кинески
    • rn011

    • Вера: будизам, бурханизам (микс на будизам со шаманизам), ислам, христијанство
    • rn011

    • Место: Тувинска Република, Монголија и Алтајска Република, Русија
    • rn

    rn

    Народите на сибир - Тувинци и АлтајциТувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година  прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е туркиски, имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија.

    rn

    Алтајците се извор на шаренило од јазици. Тие се полуномадска заедница на сточари, но повеќето од нив Русите ги натерале на постојан живот. Дури некои од Алтајците, кои не се номади, чуваат јурт (традиционален номадски шатор).Народите на сибир - Тувинци и Алтајци