КАФЕ ПАУЗА

Tag: намена

  • 7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

    7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

    Речиси и да не постои човек што ја нема користено оваа пудра. Вашите мајки како мали ја употребувале кога се грижеле за вас, потоа вие сте ја ставале на кожата на вашите бебиња, а денес ја користат луѓе од сите возрасти поради нејзината широка намена.rnrn7 причини поради кои бебешката пудра е семоќнаrnrnБебешката пудра навистина има моќи, а во продолжение прочитајте зошто и вие треба да ја користите.rn

    1. Ќе се ослободите од мравките во домот

    rnСекое лето се соочувате со истиот проблем? Децата разнесуваат трошки во домот, а мравките се собираат околу нив. Тие се појавуваат во секоја просторија и за наша среќа, не ја сакаат бебешката пудра. Посипете на местата каде што се појавуваат и ќе се уверите дека ќе ги снема.rn

    2. Ќе ги спасите ружите од билните вошки

    rnДоколку не ги сакате пестицидите и вештачките раствори со кои мора да се прскаат ружите, слободно ставете им бебешка пудра на врвовите од грмушките и вошките ќе исчезнат.rn

    3. Ќе ги заштитите рацете

    rnДали знаевте дека ќе ги заштитите рацете ако ставите бебешка пудра во градинарските ракавици или на дршката од алатот? На тој начин нема да ви се појавуваат плускавци од напорната работа.rn

    4. Ќе ги смирите уморните нозе

    rnАко стапалата ви се уморни и потечени од долго стоење или од некоја друга напорна активност, после миењето со ладна вода ставете им бебешка пудра. Таа има смирувачко дејство на вашата кожа, а исто така и ќе ја омекне.rn

    5. Можете да ја користите за суво миење на косата

    rnАко косата ви е доста мрсна, а немате можност да ја измиете, по темето сипете малку од бебешката пудра и убаво расчешлајте. Косата ќе ви мириса убаво и ќе изгледа како свежо измиена.rn

    6. Ќе го отстраните непријатниот мирис од обувките

    rnНосењето затворени чевли, патики и чизми честопати предизвикува непријатен мирис кај обувките поради потење на стапалата. За да се решите од него во обувките сипете малку детска пудра и оставете ја да отстои во текот на ноќта. Пудрата ќе го неутрализира мирисот и ќе ја впие влагата.rn

    7. Ќе ви помогне да имате убави трепки

    rnАко сакате трепките да ви изгледаат погусти, ставете малку бебешка пудра пред да нанесете маскара. Ќе ве воодушеви ефектот што ќе го добиете.

  • 15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

    15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

    Мислиме дека сѐ што постои има своја намена. Меѓутоа, многу од работите што ги користиме секој ден, порано се употребувале на поинаков начин. Погледнете ја историјата на секојдневните предмети за да дознаете зошто биле првично создадени пред да се претворат во она што се денес…rn

    1. Кока-кола

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnФармацевтот Џон Пембертон, ветеран од американската граѓанска војна, направил мешавина од кола ореви и листови кока. Тој им препорачувал на војниците да ја користат мешавината како морфиум за нега на нервниот систем. Потоа, тој започнал бизнис продавајќи ја Кока-колата како безалкохолен пијалак, но ги продал акциите. Новите сопственици започнале да произведуваат Кока-кола со тоа што го извадиле кокаинот од листовите кока.rn

    2. Црн фустан

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnСѐ до 1920-тите, црната облека се носела како симбол за тага барем 2 години. Потоа, во 1926 година, Коко Шанел го сошила нејзиниот познат мал црн фустан. Најпрво, овој фустан го носеле само филмските ѕвезди, но подоцна станал популарен и на светско ниво.rn

    3. Караоке

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnДаисуке Иноу, јапонски рок музичар, свирел за посетителите на едно кафуле кои сакале да пеат помеѓу песните на бендот. Една вечер, тој не можел да дојде, па затоа им дал на колегите касета на која го снимил неговиот дел. Потоа, во 1971 година тој измислил машина која свирела музика без вокали за да можат да се одморат музичарите додека публиката ги пеела песните.rn

    4. Пластелин

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnОваа супстанца најпрво се користела за чистење на тапетите во куќите кои имале камин и собирале чад. Но, со измислувањето на винилските тапети кои лесно се чистат со помош на сунѓер, пластелинот ја изгубил својата првобитна намена. Потоа, роднина на откривачот која била учителка во градинка им ја дала оваа супстанца на децата за да си играат и тие ја обожавале! По некое време, детергентот бил отстранет од материјата и бил заменет со колорант.rn

    5. Лента за трчање

    rn15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненадиrnrnПрототипот на современата лента за трчање бил создаден од страна на Сер Вилијам Кубит во 1818 година. Нејзината намена била да ја искористи мускулната сила на мрзливите затвореници за мелење жито. Затворениците држеле хоризонтална рачка и оделе по еден вид бесконечни скали.rnrnПродолжете на втората страница за да ја дознаете оригиналната намена и на останатите предмети…rnrn

  • Нови начини на кои можете да го искористите сувиот шампон

    Нови начини на кои можете да го искористите сувиот шампон

    Личноста која го измислила сувиот шампон би требало да добие Нобелова награда! Што би правеле ние без овој производ? Ќе задоцниме, нема да стигнеме да ја измиеме косата или пак, ќе влеземе во некои слични непријатни ситуации, а тој е тука да нè спаси и да ни овозможи инстант совршена фризура! Тоа е доволно за вашиот ден да стане автоматски подобар. Ако ништо друго, барем косата ви е совршена. Сепак, освен тоа што за момент ни овозможува чиста и лелеава коса, сувиот шампон може да користи и за некои други „проблеми“ со косата, како на пример…rnrn1-eden-proizvod-nekolku-nameni-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-go-iskoristite-suviot-shampon-www.kafepauza.mk_rnrn1. Кога сакате да го постигнете оној ефект на неуредно брановидна коса, употребете го сувиот шампон како и обично, разбушавете ја косата да изгледа секси и неуредно, а потоа со преса за коса благо навиткајте неколку прамени за да го добиете тој посакуван ефект. Оваа тајна е извлечена директно од Холивуд!rnrn2. А дали некогаш сте го употребиле сувиот шампон како средство за постигнување волумен? Секогаш го користите кога вашата коса е валкана, но можете да го користите и кога таа е свежо измиена и чиста за да добиете поголем волумен. Само напрскајте го шампонот под секој прамен и ќе забележите огромна разлика.rnrn3. Сувиот шампон можете да го користите и како средство за обликување, особено доколку имате кратка коса. Геловите, восокот и лакот може да бидат премногу тешки и да ја замрсат косата, но затоа пак сувиот шампон е многу полесен и понежен. Напрскајте го на косата и обликувајте ја како што ќе посакате.rnrn4. Кога вашата коса е премногу чиста и лета на сите страни, па не можете да ја направите посакуваната фризура, тогаш слободно скротете ја со сув шампон.rnrn2-eden-proizvod-nekolku-nameni-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-go-iskoristite-suviot-shampon-www.kafepauza.mk_rnrn5. Ставивте премногу масло за коса или не сте ја измиле убаво косата, па сега таа изгледа мрсно? Нема никаков проблем! Исправете ја грешката така што ќе ја испрскате со сув шампон и никој нема ништо да забележи.rnrn6. Ако немате средство за обликување веѓи, тогаш во помош доаѓа сувиот шампон. Тој ќе ги скроти вашите веѓи, секое влакненце ќе биде на своето место, а тие ќе изгледаат и погусто. Сјајно!rnrn7. Ако не сте стигнале да ја бојадисате косата, а вашиот израсток безобразно наѕира, употребете сув шампон во боја (да, и тој постои) и за момент ќе го сокриете фактот дека повторно сте го пропуштиле вашиот термин кај фризерот.rnrn8. Сувиот шампон можете да го користите и наместо дезодоранс, но само во крајни случаи. Секако дека нема да го користите секогаш, но во некои екстремни ситуации и тој ќе ја држи вашата кожа сува. А, некои шампони дури и мирисаат сјајно. Исто така, со него можете да ги напрскате и обувките за да не ви се потат стапалата.rnrn3-eden-proizvod-nekolku-nameni-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-go-iskoristite-suviot-shampon-www.kafepauza.mk_rnrnПрочитајте и како самите да си направите сув шампон за светла и за темна коса!

  • 10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

    10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле

    Постојат голем број работи кои секојдневно ги гледаме наоколу, а не знаеме за што точно служат. На прв поглед изгледаат сосема бескорисно, но сите тие имаат скриени намени. Во продолжение прочитајте за намената на следниве неколку работи, која сигурни сме дека никогаш не би ја погодиле…rn

    1. Копчето во задниот дел на кошулата

    rn10 работи чија намена никогаш не би ја погодилеrnrnПостојат три можни објаснувања за ова. Првото е најочигледно, односно за закачување на кошулата. Второто објаснување е дека порано се користело како помагало за да се зацврсти вратоврската. Третата идеја е најромантична. Еден студент од Универзитет во Америка го отстранил овој дел од кошулата кога започнал врска со една девојка, за да покаже дека е зафатен. Девојката, пак, почнала да носи шал со симболот на неговиот универзитет.rn

    Цилиндарот на кабелот од полначот за лаптоп

    rn10 работи чија намена никогаш не би ја погодилеrnrnСигурно сте го забележале ова кога сте користеле лаптоп. Неговата функција е да ги потиснува звуците со висока фреквенција во електричните кола. Направено е на многу едноставен начин: Делчето е изработено од железо и околу него е намотан кабелот.rn

    3. Малото дупче на прозорецот во авион

    rn10 работи чија намена никогаш не би ја погодилеrnrnРамките на прозорците во авионот се направени од две парчиња пластично стакло. Кога би била сама, внатрешната стаклена рамка би можела да пукне поради значителната разлика на притисокот во авионот и надвор. Малечката дупка му овозможува на воздухот да се движи помеѓу авионската кабина и просторот меѓу двете рамки, така што го изедначува притисокот.rn

    4. Синиот дел од гумата за бришење

    rn10 работи чија намена никогаш не би ја погодилеrnrnАко прашате некого зошто постои синиот дел од гумата, ќе ви одговори дека е за да брише пенкало. Но, тоа не е вистина. Оригиналната намена била да отстранува траги од подебела хартија. Розовиот дел честопати остава траги од она што било напишано на хартијата, додека, пак, синиот дел брише сѐ. Производителите на гуми набрзо откриле дека луѓето не ја разбрале вистинската намена и почнале да го промовираат синиот дел од гумата како дел чија намена е да брише траги од пенкало. Отишле толку далеку што некогаш дури и го обележувале со слика од пенкало.rn

    5. Хоризонталните дупчиња на копчињата од кошулите

    rn10 работи чија намена никогаш не би ја погодилеrnrnУште една мистерија поврзана со кошулите: Зошто дупчињата на најгорните и најдолните копчиња од кошулата се хоризонтални, додека сите останати се вертикални? Објаснувањето потекнува од фактот што копчињата на овие две места најмногу се откопчуваат. Хоризонталните дупчиња го отежнуваат нивното откопчување, за разлика од вертикалните.rn

  • Креативни начини за повторна употреба на старите предмети

    Креативни начини за повторна употреба на старите предмети

    Автор: Софија СионоваrnrnВо домовите често имаме работи кои не ги употребуваме и само напразно така стојат и чекаат да видат малку светлина од денот. Добар начин за нивна повторна употреба, како и за олеснување на работата на мајката природа е рециклажата, при што старите предмети ќе добијат нова намена и ќе станат повторно корисни. Еве 23 одлични идеи.rn

    1. Аквариум од стар телевизор

    rnСе прашувате што да направите со стариот телевизор кој собира прашина низ куќата? Еве одличен начин за негова повторна употреба. Дури и ако немате телевизор, можете да купите стар за многу малку пари, а да уживате во глетката на вашите рипчиња засекогаш и без реклами.rnrn1-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    2. Закачалка од стар клуч

    rnАко стариот клуч е веќе неупотреблив или не ви е потребен, зошто да ја мачите планетата Земја со векови да го разградува? Многу лесно и брзо може оваа алатка да биде претворена во уникатна закачалка.rnrn2-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    3. Од обичен стол до авангардна полица

    rnКако да ја смените перцепцијата за секојдневната столицата? Сѐ што треба да направите е да ги закачите столиците на ѕидот за да ги видите и другите намени кои ги имааат, секако освен седењето.rnrn3-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    4. Трансформација на куферот полн со спомени во романтично столче

    rnАко стариот куфер ви носи носталгија и тажни сеќавања тогаш претворете ја тагата во нешто убаво, како романтично столче каде можете да читате љубовни приказни или само да уживате во комоцијата која ја нуди.rnrn4-reuse-old-stuff-5-600x399rn

    5. Книга или плик чантичка?

    rnИмате премногу книги во вашата библиотека кои само така стојат и зафаќаат место, а смачено ви е од старите чанти? Решен проблем. Старата книга само во неколку лесни чекори може да стане нова модерна плик чантичка. Фирмите како ASOS и Kate Spade веќе ги направија нивните преслатки модели.rnrn6-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    6. Старите непотребни гранки можат да ви го осветлуваат домот

    rnПаднатите гранки во дворот знаат да направат голем хаос и ѓубре, но можат да бидат искористени и за еколошки лустер.rnrn7-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrn

    7. Ламба од касети

    rnАко сѐ уште не можете да се помирите дека времето на касетите помина и сакате да ги зачувате вашите омилени касети одлична идеја е да ги претворите во ламба. Ламбата може да ја користите секој ден па така долго, долго ќе се сеќавате на времето од 90-тите кога касетите беа најмодерни.rnrn8-kreativni-nachini-za-povtorna-upotreba-na-starite-predmeti-kafepauza.mkrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали би сакале да мирисате како славните личности?

    Дали би сакале да мирисате како славните личности?

    Кога во 1991 година се појави парфемот на Елизабет Тејлор, „Бели дијаманти“, тој брзо стана најпродаван парфем. Доколку и вие сакате да мирисате како славните личности, ова се најновите парфеми кои ѕвездите ги создадоа за вас.rn
    rn

    „Unplugged for Her“ од Џон Бон Џови

    rnПарфемот е наменет за: сензуални, харизматични и привлечни девојки.rnrnМирисни ноти: цветно-ориентален мирис на база на слива и георгина.rnrnПотсетува на: возбудата на гитарски риф, спонтаност и свежина. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Glam“ од Ким Кардашијан

    rnПарфемот е наменет за: трендсетерки кои обожаваат да се дотеруваат.rnrnМирисни ноти: овошно-цветен мирис кој претставува мешавина од капина, лубеница, египетска тубероза, масло од роза и мошус.rnrnПотсетува на: гламурозна девојка, богата и примамлива. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Midnight Heat“ од Бијонсе

    rnПарфемот е наменет за: девојки кои едвај чекаат да се ослободат од деловната облека и да облечат нешто позаводливо.rnrnМирисни ноти: овошно-цветен мирис создаден врз основа на питаја, ерменска слива, црно лале, амбер и пачули.rnrnПотсетува на: тропска летна ноќ и сензуална арома на зрели плодови. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Closer“ од Хали Бери

    rnПарфемот е наменет за: девојки кои обожаваат да ја носат облеката на своите момчиња заради препознатливиот мирис.rnrnМирисни ноти: основа од лаванда заокружена со ноти на дива малина, крин, мимоза, кедрово дрво, ванила и мошус.rnrnПотсетува на: модерна и нежна мешавина од него и неа. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Wonderstruck Enchanted“ од Тејлор Свифт

    rnПарфемот е наменет за: романтични девојки кои сонуваат за ѕвездена ноќ исполнета со многу љубов.rnrnМирисни ноти: ориентален спој на шумски плодови, маракуја, божур, бел мошус и ванила.rnrnПотсетува на: опојно вљубување. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Vintage Bloom“ од Џесика Симпсон

    rnПарфемот е наменет за: девојки од соседството кои не се плашат да флертуваат.rnrnМирисни ноти: цитрусни ноти во комбинација со малина, божур и сандалово дрво.rnrnПотсетува на: свеж и сончев ден во градината. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „FAME“ од Лејди Гага

    rnПарфемот е наменет за: дрски, но сепак женствени девојки.rnrnМирисни ноти: цветен мирис кој вклучува темјан, кајсија, шафран и мед.rnrnПотсетува на: деликатна орхидеја. Дали би сакале да мирисате како славните личности?rn

    „Nicole“ од Никол Ричи

    rnПарфемот е наменет за: девојки кои го обожаваат бохо стилот.rnrnМирисни ноти: мешавина од капина, портокал, мароканска роза, кашмир, пачули и ванила.rnrnПотсетува на: егзотично патување. Дали би сакале да мирисате како славните личности?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини да се дотерате со кошулата на вашето момче

    5 начини да се дотерате со кошулата на вашето момче

    Девојките изгледаат многу секси во кошулите на своите момчиња, особено доколку не ги комбинираат со ништо друго освен со долна облека. Но, ова не е единствениот начин на кој тие може да се носат. Машката кошула можете да ја носите на 5 различни начини, и тоа така што вака облечени, слободно можете да појдете во град, на некоја свеченост или на забава.rnrn5 начини да се дотерате со кошулата на вашето момчеrnrnВидеово ќе ви покаже како да претворите машка кошула со долги ракави во два различни фустани, две мини здолништа и еден топ. Ракавите се претвораат во ремени, кои се врзуваат во симпатични машнички, во делот каде што се копчињата доаѓаат наборите, и воопшто целата кошула се трансформира, добивајќи сосема нова повеќефункционална намена.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn