КАФЕ ПАУЗА

Tag: модерни

  • 20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практични

    20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практични

    Сте размислувале ли некогаш што би правеле доколку имате на располагање 1 милион евра? Можеби би сакале да си купите модерна вила покрај плажа во Италија или автомобил Тесла, но дефинитивно би ви се нашле и секој од овие предмети коишто се презентирани во статијава: будилник којшто мириса на кафе, хулахопки со испечатени тетоважи и други практични предмети и гаџети, коишто ќе ви го направат животот поедноставен и позабавен.rn

    1. Машина за алишта којашто ги пере, пегла и дипли вашите алишта

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    2. Хулахопки со испечатени тетоважи

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    3. Пренослива стреа за сенка и заштита од сонце на главата

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    4. Торбичка за шминки којашто цврсто се затегнува

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    5. Будилник којшто мириса на кафе

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    6. Навлаки за чевли наменети за врнежливите денови

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    7. Лепливи влошки коишто ви овозможуваат да газите по жежок песок

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    8. Овој калап за мраз ви овозможува совршено да го изладите шишето вино

    rnrn

    9. Интересни држачи за клавчиња

    rn20 кул предмети коишто не сме ни знаеле дека ни се потребни, а се неверојатно практичниrn

    10. Практични калапи за правење палачинки

    rnПродолжува на следната страница…rn

  • Најмодерните старци кои докажуваат дека годините се само бројка

    Најмодерните старци кои докажуваат дека годините се само бројка

    Возраста не е никаква пречка доколку сте родени со природно чувство за стил. Не мора да ги следите модните трендови за да изгледате одлично, доволно е да сте самоуверени и да не се плашите од храбрите модни комбинации. Луѓето кои го знаат тоа, како што стареат така стануваат пошармантни.rnrnНајмодерните старци кои докажуваат дека годините се само бројкаrnrnОвие мажи иако се доволно стари за да земаат пензија, сепак изгледаат фантастично, дури и подобро од некои млади момци! Сите мажи треба да го следат нивниот пример, бидејќи доколку се грижат за нивниот изглед, можеби и ќе успеат да го сопрат времето и да делуваат младолико дури и на стари години.rnrnНајмодерните старци кои докажуваат дека годините се само бројкаrnrnПогледнете ги фотографиите од овие модерни старци кои се вистински доказ дека годините се само бројка…rnrn

  • Погледнете како живеат вистинските модерни принцези

    Погледнете како живеат вистинските модерни принцези

    Секое девојче барем еднаш посакало да биде принцеза. Кој не би сакал живот како од бајка исполнет со прекрасни фустани, раскошни балови и згодни принцови? Сепак, спротивно од сите верувања и замисли, принцезите од реалниот свет не се ликови од бајки, туку се едноставни модерни девојки кои живеат нормално, љубат и се смеат исто како и секоја друга девојка. Единствената разлика (која не е толку мала да бидеме искрени) е тоа што тие располагаат со големо материјално богатство и наследство и редовно добиваат голем број покани за балови. Во продолжение запознајте се со вистинските принцези и погледнете каков е навистина нивниот секојдневен живот…rn

    Принцезата Александра од Луксембург

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnАлександра е 24-годишна убавица и единствена ќерка на Големиот војвода Анри и Големата војвотка Марија Тереза. Таа сака да спортува, течно говори 5 јазика и има учествувано на турнирот во Вимблдон. Нејзиното име е најдолго од имињата на сите европски принцези и гласи Александра Џозефин Шарлот Мари Вилемина. Но, и покрај нејзиното кралско име, таа е дури петта во редот за наследство на престолот.rn

    Лејди Амелија Виндзор од Велика Британија

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnЛејди Амелија има само 20 години, а веќе се смета за првата убавица на Англија. Таа е праправнука на кралот Џорџ Петти и помладата ќерка на Џорџ Виндзор, Грофот на Свети Ендруз. Оваа млада дама во иднина планира да стане новинарка и многу е посветена на учењето. Но, тоа не ја спречува редовно да присуствува на баловите и другите јавни настани. Лејди Виндзор е првата личност со кралска крв која се појавила на насловната страница на списанието „Tatler“. Сепак, нејзината најголема пасија е модата поради што стажирала кај Мејзон од Шанел.rn

    Принцезата Луиза Марија од Белгија

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnЛуиза Марија е ќерка на принцезата Астрид од Белгија и Лоренц, надвојводата од Австрија-Есте, и има 21 година. Оваа прекрасна дама студира во Обединетото Кралство. Таа е само деветта во редот за наследство на тронот, но нејзиниот неодолив изглед и богатството на нејзините родители се виновници за фактот што е една од најпосакуваните девојки во светот со најголем број понуди за брак.rn

    Принцезата Иман од Јордан

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnПринцезата Иман бинт Абдула е најстарата ќерка на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија од Јордан. Таа има 20 години и моментално студира на Универзитетот во Џорџтаун, Вашингтон, САД. Нејзините родители се малку построги, па затоа таа не се појавува многу често во јавност, но понекогаш ја придружува мајка ѝ на хуманитарни настани.rn

    Принцезата Шарлот од Монако

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrn29-годишната Шарлот Касираги е внука на холивудската ѕвезда Грејс Кели од која очигледно ја има наследено убавината. Принцезата има дипломирано на Универзитетот во Сорбона и има работено за добро познатото лондонско списание „Above“. Таа има син, но срцето на оваа прекрасна дама моментално е слободно. Таа е четврта во редот за наследство на престолот.rn

    Принцезата Мако од Јапонија

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnПринцезата Мако од Акишино е најстарата внука на Акихито, императорот на Јапонија. Таа има 24 години и со одличен просек завршила на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, а учела и во Австрија. Како ученичка таа станала вистинска Интернет ѕвезда и аниме симбол благодарение на нејзините фотографии во училишна униформа со риги.rn

    Принцезата Марија-Олимпија од Грција и Данска

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnМонархијата во Грција е официјално укината, но внуците и правнуците на последниот крал сѐ уште ги имаат задржано нивните титули. Семејството на принцезата живее во Англија каде Марија-Олимпија има активен социјален живот. 20-годишната убавица учи графички дизајн и историја на уметност во Њујорк, а стажира и во модната куќа на Диор. Оваа дама со кралска крв редовно објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм каде што има повеќе од 80.000 следбеници.rn

    Принцезата Габриела од Австрија

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnГабриела Марија Пилар Јоланд Џозефин Шарлот е најмладото дете во големата фамилија на надвојводата Карл Кристијан и надвојвотката Мари-Астрид од Австрија. Принцезата има 22 години и таа е правнука на Чарлс Први, последниот император на Австрија. Денес не постои монархија во Австрија, но кралското семејство ги има задржано титулите.rn

    Принцезата Паулин од Монако

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnПаулин Грејс Магуј Дукрет е ќерка на принцезата Стефани од Монако и нејзиниот поранешен телохранител Даниел Дукрет. Таа има 22 години и е професионална ритмичка гимнастичарка и нуркач. Принцезата е голем љубител на циркусот и активно учествува на годишниот Меѓународен фестивал на циркусот. Таа е дури 14-та по ред за наследство на престолот, но не изгледа како тоа да ѝ пречи многу.rn

    Принцезата Инфанта Леонор од Астурија, Шпанија

    rnПогледнете како живеат вистинските модерни принцезиrnrnРодителите на оваа мала принцеза се шпански монарси. Принцезата од Астурија е помладата ќерка на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција од Шпанија. Леонор има 12 години и таа, како и секое друго девојче на нејзина возраст, оди на училиште, но како можен наследник на престолот редовно ги придружува нејзините родители на официјални настани. Уште од сега е кристално јасно дека во иднина оваа млада дама ќе биде виновникот за голем број скршени машки срца.

  • 6 нови начини на кои можете да ја носите маслинесто зелената боја оваа пролет

    6 нови начини на кои можете да ја носите маслинесто зелената боја оваа пролет

    Во корените на воената историја, маслинесто зелената боја е една од безвремените и поразлични бои во нашиот гардеробер. Низ текот на годините преку разни толкувања во модната индустрија, војничката боја се задржа како иконска нијанса, која можете да ја носите, тогаш кога сакате да се чувствувате приземно, лежерно и кул. Дознајте во продолжение кои се свежите нови начини на кои можете да ја носите ова боја.rnrn1-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Одлучете се за монохроматско

    rnДа изберете монохроматски начин за да ја носите оваа боја е еден од најновите трендови. Направете да изгледате женствено како Мајка Џианели, со тоа што ќе изберете краток топ и здолниште со висок струк кое ќе биде прилепено на вашето тело. Доколку сакате да постигнете урбан изглед, тогаш слободно копирајте го изгледот на Анабела Флор, со тоа што ќе се определите да облечете маслинесто зелен фустан со ролка, елек и чизми над колена. Со ова вашиот уличен стил ќе изгледа одлично. На овој начин, ќе имате можност да учествувате во овој војнички тренд, додека останувате верни на вашиот женствен стил.rnrn2-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_ 3-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_ 4-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rn

    2. Додајте женски пресврт на маслинесто зелената боја со тоа што ќе внесете трага од розова или црвена боја

    rnОва можеби ќе ве изненади, но ќе можете да „работите“ со маслинесто зелената боја на ист начин како и со црната. Дадете ѝ неочекуван пресврт со тоа што ќе ја споите со женствени нијанси на розова или црвена боја. Исто како модната блогерка Блер Иди, скротете ја вашата црвена комбинација со маслинесто зелен капут. Ако идејата за мешање на боите на овој начин ви е претерана, тогаш обидете се да ставите барем еден детаљ, на пример розова чанта или марама, со вашата маслинесто-зелена комбинација.rnrn5-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_ 6-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_ 7-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rn

    3. Заменете ги вашите сини фармерки со маслинесто зелени пантолони

    rnБарате некои нови начини за да го освежите вашиот лежерен изглед? Заменете ги вашите морнарско сини фармерки со маслинесто зелени пантолони, за да создадете една напната вибрација, без да прибегнете кон кожните елементи. Исто како Кристина Бејзан, можете да ги носите вашите маслинесто зелени пантолони со црн топ, а целата комбинација да ја зачинете со црни чизми до глуждот и соодветна чанта. На овој начин ќе го направите вашиот лежерен, уличен стил да изгледа класично и модерно.rnrn8-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_ 9-osvezhete-gi-vashite-modni-kombinacii-6-novi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-maslinesto-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_rnrnПреминете на следната страница за останатите модни предлози…rn

  • Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

    Направи сама: Модерни и шик балетанки на врзување

    Пролетта само што ни пристигна, а ние со нетрпение чекаме да ги соблечеме дебелите џемпери и топлите чизми и да ги замениме со разлетани фустани и балетанки! Веруваме дека сте расположени за пролетен шопинг и веќе сте ги посетиле бутиците по потрага за некое ново пролетно парче. Исто така, веруваме дека сте забележале дека балетанките со врвки се сè повеќе популарни и дека можат да се најдат во бројни продавници за обувки. Сепак, за овие балетанки треба да одвоите одредена сума на пари, зар не? Ние велиме – НЕ! Можете да ги направите сами. Потребно ви е само еден пар стари балетанки и малку добра волја!rnrn1-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrnПогледнете го упатството и дознајте како брзо и лесно да ги редизајнирате старите и да направите потполно нови балетанки со врвки.rn

    Потребен материјал:

    rn

      rn011

    • Обични балетанки
    • rn011

    • Кожни врвки
    • rn011

    • Алатка за правење дупчиња во кожни материјали
    • rn011

    • Маркер
    • rn

    rn2-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn1. На самата средина на балетанките, веднаш над прстите, издупчете дупка.rnrn3-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn2. Низ неа провлечете ја врвката, но внимавајте краевите да ви бидат со иста должина. Нив ќе ги провлечете низ новите две дупчиња кои ќе ги направите неколку сантиметри повисоко, од страната.rnrn4-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn3.Предлагаме да направите уште по едно дупче, отприлика околу зглобот. Потоа кожните врвки украсете ги, па протнете ги низ дупките.rnrn5-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_rnrn4. И тоа е сè. Балетанките ќе ги облечете, а кожните врвки ќе ги обвиете околу зглобовите и ќе ги заврзете.rnrn6-napravi-sama-moderni-i-shik-baletanki-so-vrvki-www.kafepauza.mk_

  • Едноставни, секси и стилски модни комбинации: Предлози за урбани вечерни излегувања!

    Едноставни, секси и стилски модни комбинации: Предлози за урбани вечерни излегувања!

    Секој петок и сабота, девојките се соочуваат со истиот проблем – безнадежно стојат пред гардероберот запрашувајќи се што да облечат. Па затоа, ние решивме да ви ги скратиме маките барем за овој викенд. Ви претставуваме едноставни, секси и стилски модни комбинации на познатите трендсетерки, кои се идеални варијанти за вечерни излегувања.rnrn0-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn1. Црни залепени панталони, полупроѕирна блуза изработена од интересен материјал и малку бела боја на вртоглаво високи потпетици, е одличен избор за девојките кои сакаат да изгледаат класично, а секси.rnrn1-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn2. Мини здолништето, но она мини здолниште кое е изработено од превртена кожа е едно од најголемите трендови за оваа сезона. Облечете го ако одите на вечера со своите пријателки или момче, а со него искомбинирајте ролка во светло портокалова боја и кафеави чизми со високи потпетици. Полн погодок, зар не?rnrn2-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn3. Ризичен, но секако ефективен потег е токму оваа комбинација која ја облекла Кјара Ферањи во дневна варијанта. Таа одлично ги искомбинирала кусите тексас панталони, длабоките црни чизми и блејзерот под кој се наѕира градникот.rnrn3-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn4. Кожно здолниште со интересен крој во комбинација со кежул блуза, бело сако кое дава контраст и црни обувки со висока потпетица, се доволни за да се издвојувате од толпата. А, ако со оваа комбинација ставите и дамски шешир, атрактивниот изглед ќе ви биде загарантиран.rnrn4-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn5. Уште една комбинација со која со сигурност ќе се издвојувате од толпата е блуза на едно рамо и панталони со широки ногавици.rnrn5-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn6. Здолништето со реси е вистински погодок за оваа сезона есен/зима, па ние ви предлагаме да го носите во сите ваши омилени варијанти.rnrn6-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn7. Како да не ја сакате оваа прекрасна комбинација на молив здолниште и кроп топ?rnrn7-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn8. Мини кожно здолниште во црна боја, црна чипка и чизми кои достигнуваат до над колената – полн погодок!rnrn9-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-www.kafepauza.mk_rnrn9. Облечете блуза со гол грб, но не во стандардна варијанта. Нашиот предлог е тоа да биде токму овој модел во потполно атипичен, но многу ефективен крој.rnrn9-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mkrnrn10. За крај ја оставивме оваа феноменална и апсолутно преубава модна комбинација која од овој момент е нашиот фаворит за вечерно излегување.rnrn10-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

  • Нов vs. половен феминизам

    Нов vs. половен феминизам

    Сè некој навива. Фудбал, кошарка… веќе не знам што се игра, кога се игра, кој игра… а искрено, не ми е ни гајле. Сакам да гледам спорт, не велам не, ама тоа е најчесто кога игра наша репрезентација. Јас сум голем патриот, да се разбереме, сакам да навивам за мојата земја. Тоа што не се разбирам баш од спорт и не е толку битно. Викам кога викаат и другите, давам знаци на нервоза кога и другите се нервираат, и нема никаков проблем.rnrnЕ сега, ако од една страна, во многу наврати зборувам за полова еднаквост, а од друга страна, кажувам дека врска немам од спорт, дали тоа ме прави лицемерна? И ако утре кога ќе земам возачка, пробам да се извлечам од добивање казна со тоа што ќе се умилкувам (бидејќи сум си нежно девојче), дали и тоа ме прави лицемерна? Или ако зборувам за важност на женскиот род а се нарекувам „патриот“ без „ка“ на крајот, можеби пак и со тоа сум лицемерна?Нов vs. половен феминизамАко некој кретен ти свири на улица, а ти се завртиш и го отераш на едно убаво место, ќе испаднеш феминистичка кучка. Ало женска, олабави малку. А ако пак не изреагираш никако ти си лесна или слаба или не знаеш да се браниш… Или ако играш со некој одбојка на плажа и ти рече (демек на шала) да не скокаш толку бидејќи го деконцентрираш (гради, скокови, се разбираме), и ако одлучиш да го плеснеш со топката по фаца пак си феминистичка кучка, или еве нека биде лутка. Шо се лутиш ма одма? А ако останеш да играш, ти си лесна. Женска, само што ти реков дека ти се ѕверам во женските атрибути а ти продолжуваш да ми се тресеш…rnrnПушташ телевизија гледаш жени играат фудбал, на нареден канал маж ви дава предлог што да си подготвите за ручек. Излезена си со другарки, и две од нив зборуваат како фатиле на спортска додека на соседната маса неколку типци се сликаат наздравувајќи со коктели. Баравте рамноправност? Гледајте ја. Сета таа прашина околу рамноправност веќе станува без врска. Не станува збор за ништо друго освен за различни полиња на интерес. Има жени кои се страсни фанови на фудбалски клуб, има мажи кои сакаат да месат леб и да приготвуваат ручек. И помирете се со тоа.rnrnФеминистки кои се избориле за свои права се оние од типот на Луси Стон и Сузан Антони. Зборувам за време кога на жените не им бил дозволен развод, ниту имале право на глас, ниту пак смееле да носат панталони. Тогашните феминистки носеле панталони иако биле јавно исмејувани поради тоа. Денешниве „модерни феминистки“ се акаат во гради преку ден а навечер се фрцкаат со кратките фустанчиња и високите потпетици.rnrnШто сакам да кажам? Веќе нема потреба од зборување и мавање во гради, жени сме – можеме. Па секако дека можеме, некој да не ви рекол седи дома, не смееш да учиш, не смееш да работиш? Или можеби се декларираш себеси како феминистка само за да се одбраниш кога во суштина нејќеш еманципација на својот пол и сакаш да си седиш дома и парите да ти паѓаат од небо?rnrnДа се разграничат поимите феминизам и борба за правата на жената, и овој некој нов облик на модерен феминизам базиран на клише изрази и фаќање за ситници, не рече „директорка“ туку „директор“. Многу се зборува а малку се прави. Таквиот изобличен феминизам, мене лично, ми оди на нерви.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Модерните пријателчиња од зоолошката градина

    Модерните пријателчиња од зоолошката градина

    Волкот е облечен како вистински џентлмен, прасето е спремно за „жежок“ состанок, носорогот е опасен тип во кожна јакна, коалата е спремна за на одмор, а жабата ве шармира со поглед. Погледнете ги овие слатки животни од зоолошка, кои навистина ја следат модата и сакаат да изгледаат добро.Модерните пријателчиња од зоолошката градинаОвие интересни фотоманипулации на различни животни се дело на графичкиот уметник од Барселона, Yago Partal. Печатени верзии од овие дотерани животни од зоолошката градина може да нарачате преку неговиот сајт ZOO Portraits.Модерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градинаМодерните пријателчиња од зоолошката градина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добрата страна на модерните седум смртни гревови

    Добрата страна на модерните седум смртни гревови

    Озборувањето, лажењето и суровоста може да влијаат лошо на личноста и да го уништат пријателството, но овие карактеристики во умерени количини може да бидат добредојдени. Овие таканаречени пороци всушност може да ве направат попаметни, поамбициозни и помалку нервозни.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Озборување

    rnОзборувањето може да биде клучот за намалување на стресот, но само ако е умерено, а не злобно. Исто така, озборувањето е одличен начин на ослободување на емоциите како што се бесот, фрустрацијата и болката. Во одредена мера, тоа може да го продлабочи односот со одредена личност, на тој начин што самото озборување доведува до споделување на мислењата, а можеби и на заеднички проблем.rn

    Љубомора

    rnНеверојатно е како љубомората може да ни разјасни многу работи. Ако на Фејсбук дознаете за успехот на вашиот (не)пријател и ако посакате да сте на негово место, тоа не значи дека љубомората влијае лошо на вашата психа. Во тој случај љубомората е позитивна затоа што ја поттикнува вашата амбиција.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Пцуење

    rnДури и научно е докажано дека пцуењето ги намалува стресот и нервозата, а со тоа прави и вие да се чувствувате полесно. Извикувањето вулгарни зборови може да ја намали физичката болка, додека нивото на издржливост на болка се зголемува за 50%. Од друга страна, претераното пцуење ги намалува ефектите на редуцирање на болката, па затоа обидете се непристојните зборови да ги сведете на минимум.rn

    Суета

    rnУмерената суетеност е предност и за самата личност и за другите околу неа. Суетата може да послужи како моќен мотиватор и може да биде причина за нов почеток, како на пример, започнување со фитнес вежби или воведување здрави навики во исхраната. Но, не заборавајте дека не е сè во надворешниот изглед.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrn

    Фалење

    rnПонекогаш пофалбите се она што најмногу ѝ е потребно на една личност за да напредува. Никој не сака да биде во друштво на фалбаџија, но токму фалењето е дел од стратегијата за нагласување на личните достигнувања. Според стручниот тим на Харвард, фалењето го зголемува нивото на допамин во организмот, што предизвикува исто задоволство како и при водењето љубов.rn

    Лажење

    rnВистината не е секогаш најдоброто решение. А и малите добронамерни лаги се нешто за што секој би ви простил. Често ги користиме добронамерните лаги за да го задржиме позитивниот однос и да избегнеме бесцелна кавга. Лажеме за другите да се чувствуваат добро и во тоа нема ништо лошо, сè додека лагата е поттикната заради заштита на другите, а не од личен интерес.rn

    Суровост

    rnДа се биде суров понекогаш е повеќе од потребно, посебно кога се работи за вонредна ситуација. Ако сте гласни и имате многу барања, сигурно немате многу обожаватели, но кога социјалните институции одбиваат да ве заштитат или да ви помогнат, тогаш вреди да бидете по малку сурови за да го добиете тоа што ви следува.rnrnДобрата страна на модерните седум смртни гревовиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантни женски ракавици за во зима

    Елегантни женски ракавици за во зима

    Автор: Ивана Грујоска

    rn

    Можеби сме шармирани од нивниот стар холивудски сјај или пак можеби тие се само уште еден дел од многуте модни примери што само чекаат да бидат повторно откриени, сепак едно нешто е и повеќе од јасно: во најстудените денови, има нешто што прави да се чувствувате многу пријатно кога ќе ги лизнете рацете низ еден добар пар женствени ракавици. Елегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаИ за волја на вистината, има нешто подеднакво гламурозно во извлекувањето на истите, прст по прст, кога веќе сте пристигнале на вашата дестинација. Елегантни женски ракавици за во зима

    rn

    Во сезона кога практично секој дел од телото е комплетиран до точка на чиста гломазност, овие ултраженствени опции во кожа или кашмир и акцентирани со детали од крзно и нитни, се одличен избор ако сакате малку да го обновите вашиот имиџ. Елегантни женски ракавици за во зимаТие се безвременски, погодни за носење, и не се само за покажување: тие ќе ви ги држат рацете топли се додека не се врати пролетта.Елегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зимаЕлегантни женски ракавици за во зима

    rnЕлегантни женски ракавици за во зима
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.