КАФЕ ПАУЗА

Tag: мобилен телефон

  • Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб

    Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб

    Алката Embrace+ се носи на зглобот на раката како накит, но се поврзува со вашиот смартфон кој може да се наоѓа во вашиот џеб или чанта. Многу големи компании веќе иновираат технолошки производи кои можат да се носат на телото, па овој изум не е нешто неочекувано, но дефинитивно е многу практичен и кул.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобНаместо постојано да го проверувате вашиот мобилен телефон за пропуштени повици и пораки, како и за нотификации од социјалните мрежи кои ви го прават денот позабавен, со Embrace+ ќе бидете известувани со вибрации и со промена на бојата на алката. На тој начин, алката известува преку комбинација од визуелни и тактилни знаци, додека вашиот телефон е надвор од вашиот видик и настрана од вашиот досег.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобМожете да добивате нотификации за дојдовните повици, за СМС пораки, имејл, родендени, кога батеријата на телефонот ви е празна, како и за апдејти на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук, Тамблр, Инстаграм и Линкдин.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобАлките доаѓаат со апликација која овозможува да се одредат поставките за нотификации според преференциите на корисникот. Така тој може да одлучи за што да биде известен, кога, колку често и на кој начин. Променлива е бојата, која може да биде различна за различни видови нотификации, како и интензитетот и времетраењето на светењето и вибрациите.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобПроизводот беше поставен на сајтот Kickstarter со цел изумителите да соберат пари за финансирање на производството, но пред истекот на рокот тие ја надминаа целта од 80.000 долари за трипати.rnrnАлката е изработена од проѕирен силикон, во неа се вградени ЛЕД светла, користи магнетно полнење наместо стандардно преку УСБ и е водоотпорна. Ќе биде достапна во неколку различни бои, а сега можете да ја нарачате однапред за 69 долари.Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглоб Алка која ги праќа нотификациите од вашиот смартфон на вашиот зглобrnrn

    rnБи носеле ли вие алка?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот пред и после појавата на мобилните телефони

    Животот пред и после појавата на мобилните телефони

    Ова интересно стрипче на мошне реален начин прави споредба во нашите навики во коминукацијата со другите луѓе пред и после појавата на мобилните телефони. Нешто оди на подобро, нешто на полошо, но промени сигурно има.rnrn

    Животот пред и после појавата на мобилните телефони
    Средба со пријател во 7 часот
    rnrn
    Животот пред и после појавата на мобилните телефони
    Кога оној од другата страна нема да крене слушалка
    rnrn
    Животот пред и после појавата на мобилните телефони
    Кога итно ви треба превоз, а немате од каде да се јавите
    rnrn
    Животот пред и после појавата на мобилните телефони
    Паметење на телефоснки броеви
    rnrn
    Животот пред и после појавата на мобилните телефони
    Во чекалница

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледале првите пронајдоци кои го сменија човештвото засекогаш?

    Како изгледале првите пронајдоци кои го сменија човештвото засекогаш?

    Од денешна гледна точка, можеби првиот мобилен телефон, првиот компјутер и првата фотографија ни изгледаат смешно. Сепак, после нивното откривање светот нема да биде ист. Погледнете ги следниве интересни пронајдоци како изгледале кога биле откриени.rnrnПрвиот мобилен телефон е Motorola DynaTAC 8000X. Го изработила компанијата „Моторола“ во 1983 година.Во 1946 година, научниците од универзитетот Пенсилванија, го комплетирале првиот електронски компјутер ENIAC.Првиот фрижидер за домашна употреба изгледал токму вака! Го измислил Фред В. Волф во 1913 година.Овие дами, вработени во познатиот нуклеарен истражувачки центар CERN, ја имаат честа да бидат на првата фотографија испратена на интернет во 1992 година. Таткото на вебот, Тим Бернерс-Ли, со помош на програмерот Силвано де Џенаро, ја обработиле во Фотошоп и ја поставиле на интернет.rnrnПрвото видео на Јутјуб е ставено во 2005 година. Го снимил Јаков Лапитски, а на него е прикажан еден од основачите на Јутјуб, Џод Карим во Зоолошката градина во Сан Диего.rn

    rnrnМерлин Монро позира за првото издание на магазинот „Playboy“ во 1953 година.Првиот хард диск го лансира компјутерскиот гигант IBM во 1956 година. Тежел околу еден тон, а на него можело да се складираат 5 мегабајти со податоци.Во Франција во 1826 година, Жозеф Ниепс, ја направил првата фотографија во светот. На истата се доловени згради од фарма. За да ја направи оваа фотографија, на Ниепс му биле потребни 8 часови!Системот на пакување во уникатни стаклени шишиња, придонесе Кока-кола да се развие и да стане еден од најуспешните светски брендови. Кога била произведена во 1886 година, се продавала за 5 центи за чаша. Ова е првото шише дизајнирано за Кока-кола.
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?

    Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?

    Кога сакате некого да излажете нешто, тоа најчесто се прави преку СМС порака. Ова е резултатот кој го добиле истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија и „Common Sense Media“. Истражувањето било спроведено врз средношколци и студенти од САД и покажало дека тие најмалку веруваат во информациите кои ги добиваат преку СМС пораките.Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?Дури 95% од испитаниците одговориле дека повеќе веруваат во видео чет отколку во СМС порака. Голем дел, односно 31% веруваат дека пријателите попрво би ги излажале преку порака отколку во комуникација лице в лице.rnrnПричината поради која не веруваме во СМС пораките се состои во тоа што во таквата комуникација нема контакт со очи, не е видлив говорот односно движењата на телото и лицето, ниту пак се слуша гласот на говорникот, па не може преку него да се откријат неговите чувства. Исто така, содржината на текстуалната порака може да се испланира однапред и добро да се размисли пред да се одговори на нешто, со што се зголемуваат шансите да се изврти вистината.Зошто повеќе лажеме преку СМС пораки?Резултатите од ова истражување покажале и дека повеќе од третина од испитаниците барем еднаш го користеле мобилниот телефон за да препишуваат на тест или на испит.rnrnНајголем процент, односно 26% од оние ученици и студенти кои препишувале со мобилен телефон запишувале важни информации во него, па потоа на тестот или испитот препишувале од нив, додека 17% го сликале тестот за потоа да ги имаат прашањата за поправниот. Исто така, 20% успеале да ги пребараат точните одговори на интернет. Најинтересно од сè е тоа што дури 25% од оние кои мамеле на тест и испит благодарение на својот мобилен телефон, сметаат дека преку тоа не погрешиле ништо и дека тоа е исправно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    По што најпрво би посегнале во случај на пожар?

    Скромни, фалбаџии, сентиментални, практични…, различни сме дури и во неволја. Во тоа ќе се уверите и преку проектот „The Burning house“, кој ни поставува хипотетичко, но многу едноставно и добро прашање: „Што би понеле со себе, ако избувне пожар во вашиот дом?“ Идејата е генијална, а одговорите шаренолики.rnrnПрочитајте како на оваа тема размислуваат луѓе од различни делови на светот, на различна возраст, со различна професија…rn
    rn

    1. Брет Роговски

    rn

      rn011

    • Години: 38
    • rn011

    • Живеалиште: Пенсилванија, САД
    • rn011

    • Професија: програмер, фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: џебно ноже, дрвен украс – татко со бебе (имавме проблеми со зачнувањето на првото дете, затоа овој подарок ми е од особена важност), медали од многу маратони, паричник, моите омилени Мизуно чевли, облека за моите две девојчиња, медицинска цуцла, хартиено маче – Paper mache cat (по едно вакво имавме јас и сопругата кога се сретнавме), мојата гитара (единствениот предмет кој го чувам повеќе од 15 години), вино од 2008 година (од денот кога се роди мојата ќерка), моето верно куче Gimli, пиротехника, кутија со различни цвеќиња (што ми ги подари сопругата пред повеќе од 11 години), црвен пипер, очила, моето омилено пенкало, мемориските картички, ајфон, ајпад, фотоапарат Canon 40D, 50 милиметарски и 125 милиметарски објективи, компјутер Dell 2600 (мојот живот е речиси комплетно дигитализиран во моментов), монохроматска слика од 2005 година.rn
    rn

    2. Алекс Боениш

    rn

      rn011

    • Години: 23
    • rn011

    • Живеалиште: Филаделфија, Пенсилванија
    • rn011

    • Професија: графички дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале? rnrnЛиста: фотоапарат Canon Rebel Eos T2i со Tamron 17-50 милиметарски објектив (со него фотографирам), пиштол Sig Sauer P226 (Dark Elite), инхалатор (ќе ми треба после ползењето низ чадот), преклопен нож, мултифункциско ноже, омилената фотографија со мојата девојка, клучеви, визит карти, паричник, стара фотографија од дедо ми и неговиот автомобил, фотографија од баба ми (која ја направил дедо ми), обичен мобилен телефон, а не ајфон. Чудно, нели? 15-инчен лаптоп Macbook Pro.rn
    rn

    3. Кери Пол

    rn

      rn011

    • Години: 19
    • rn011

    • Живеалиште: Њу Џерси
    • rn011

    • Професија: сè уште е студент
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: сите луѓе и домашни миленичиња, велосипед, виолина, првото издание на речникот Вебстер од 1930 (подарок од дечко ми), платна, четки, маслени бои, лаптоп, мојот портокалов паричник, телефон, ајпод, очила, бисерен ѓердан и обетки од прабаба ми, бројаница што ѝ припаѓала на баба ми, прстен од кожа (ми го направи мајка ми), полароид фотографија од моето куче, обувки за планинарење, чантата на мајка ми (купена е во источен Берлин, пред падот на Берлинскиот ѕид), две од моите омилени плишани играчки, стари каубојски чизми од мојата мајка.rn
    rn

    4. Кејт Мекаули

    rn

      rn011

    • Години: 36
    • rn011

    • Живеалиште: Австралијка која моментално живее во Лондон
    • rn011

    • Професија: писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мачка, скршена школка (првото нешто кое мојот сакан ми го подари по кусо време откако се запознавме во Порт Морезби, Папуа, Нова Гвинеја), потоа жад и сребрени обетки (исто така, подарок од мојот сакан, купени се во Мускат, Оман), сребрена нараквица (повторно подарок од него, купена е на пазар во Дуала, Камерун), копии на баба ми од делата на Оскар Вајлд, брезлетна од пазар во Кипар (подарок од саканиот), растенија од градината на мајка ми во Сиднеј и од мојот двор во Дубаи, орхидеите што ги добив за роденденот, еден куп бележници (во кои ги запишувам моите планови и прозата за моите новели), лаптоп Macbook Pro (во него се сместени мојот речиси завршен роман, фотографии и музика), ајфон, бронзена статуетка (купена во Дуала, Камерун), сребро, зелена ткаена шапка од Сиднеј, врамени фотографии од мене и од саканиот (сликани сме кај Гранд Кањон и пред Лувр), кактуси од Икеа.rn
    rn

    5. Марта Васакс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Сан Франциско
    • rn011

    • Професија: инвеститор/колекционер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: уметничка слика од боксер од 1935 година, две стаклени човечиња (подарок кој го купив за мојот татко), сет од моливи од Tombow, стари фотографии и фотографии за лична карта, материјал за цртежите на коишто работам во моментот, папка со скици од завршени портрети, моите чизми, ајпад 2 со слушалки и ајфон.rn
    rn

    6. Кристијан Барон

    rn

      rn011

    • Години: 39
    • rn011

    • Живеалиште: Бон, Германија
    • rn011

    • Професија: фотограф
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: моите омилени плочи (Kraftwerk, Kruder & Dorfmeister, Stone Roses, Dj Shadow, Pixies, Smiths, Blumfeld), часовник, телефон, хард диск со поголемиот дел од моите фотографии, мојот leica М7 со 35 милиметарски објектив, еден долар (којшто ми остана од моето прво патување во САД од пред 20 години), омилениот ремен, фармерки ramone (не се прикажани на фотографијата, бидејќи во моментот ги носам на себе), шише џин (ограничена серија), збирка од моите омилени испечатени фотографии, емулзија, мојот Hasselblad со 80 и 180 милиметарски објективи и две папки со најважните негативи.rn
    rn

    7. Матео Сартори

    rn

      rn011

    • Години: 44
    • rn011

    • Живеалиште: Торино, Италија
    • rn011

    • Професија: фотограф, програмер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: лаптоп, надворешен хард диск, телефон, мојата музика, најновите книги (оние кои сè уште не ми се прочитани), моите патувачки записи, неколку семејни фотографии, пасош, удобна облека и обувки, паричник, батериска ламба, повеќенаменско џебно ноже, камера.rn
    rn

    8. Емили Лорк

    rn

      rn011

    • Години: 30
    • rn011

    • Живеалиште: Далас, Тексас
    • rn011

    • Професија: блогер, писател
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: забавни игри од детството (за носење), омилената чаша за кафе, пасоши, гитарата Гибсон од 1962 година (од мајка ми), омилен ремен, изводи на родените и на венчаните, машина за пишување „Royal Quite Deluxe“ од 1941 година (подарок од драги пријатели), лаптоп Macbook, ајфон, паричник, клучеви, чековна книшка, античка виљушка од коска (подарок од татко ми), кутија со рецепти и книга на баба ми, кожен дневник (со писмата од мене и мојот сопруг, кои си ги пишувавме еден на друг во изминатите 5 години), сина марама од мајка ми (од 1960 година), омилениот соларник и сад за црн пипер (ме потсетуваат на мојата сестра близначка), старомоден сад (подарок од мајка ми), античка кутија со пари (со заштедата за 25-годишнината од нашиот брак), фотоапарат Canon 40D (со него ја направив и оваа фотографија).rn
    rn

    9. Роан Андерсон

    rn

      rn011

    • Години: 35
    • rn011

    • Живеалиште: Баларат, Австралија
    • rn011

    • Професија: фотографија и дизајн
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Часовник за нуркање Никсон, јапонски нож со коскена дршка (го поседувам цели 22 години), батериска LED ламба, ајфон, фотоапарат Nikon и објектив од 50mm f/1.4, 500 гига хард диск, лаптоп Macbook, очила (не гледам без нив), нож, CZ 22 Магнум (омилено оружје за лов), фармерки G-Star и јакна Barbor.rn
    rn

    10. Дејвид Когинс

    rn

      rn011

    • Години: непознато
    • rn011

    • Живеалиште: Њујорк
    • rn011

    • Професија: писател, сценарист
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: првото издание од Големиот Гетсби, две добри пенкала, отворач за шише, часовник, држач за цигари, матарка, омиленото англиско одело, чевли, вратоврска, антички казино чип, картичка за телефон, календар Smythson (п.с. килимите на фотографијата не се вклучени).rn
    rn

    11. Рајли Мекмастер

    rn

      rn011

    • Години: 22
    • rn011

    • Живеалиште: Ванкувер, Канада
    • rn011

    • Професија: нема (невработен)
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: Ако мојата куќа се запали, ќе се обидам да зграбам парче пица од фрижидерот. Пламените јазици можат само да го испечат.  И додека седнат во тревникот набљудувам како се кремираат сите мои животни колекции и куп непотребни работи, ќе се тешам со вкусното парче пица. :-)rn
    rn

    12. Кенис Милер

    rn

      rn011

    • Години: 16
    • rn011

    • Живеалиште: средношколец на размена во Загреб, Хрватска (доаѓа од САД)
    • rn011

    • Професија: нема
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: дневник (мојот живот во една книга), шапка од H&M, омилените чевли, чевлите за балет, Nikon D3000, моите зум објективи, Minolta XG-M, мобилен телефон, марама, кафена кожена јакна (не е прикажана на фотографијата), пасош (имам големи амбиции, сакам да ги посетам сите места во светот… не можам да бидам долг период на една локација).rn
    rn

    13.  Викторија Торн

    rn

      rn011

    • Години: 52
    • rn011

    • Живеалиште: Калифорнија
    • rn011

    • Професија: мајчинство, уметник
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: децата, нивните уметнички дела, полароид од најмладот син (фотографиран на 3-годишна возраст), омилените книги (мои и на сестра ми), книга од мајка ми, торбата со мапи на татко ми, белегзија од еден пријател, брош направен од мојата прабаба, кучето, фотографии, намирници, прстен… Но, на крајот на краиштата, сè што навистина ви треба е љубов.rn
    rn

    14. Хариет Хортон

    rn

      rn011

    • Години: 24
    • rn011

    • Живеалиште: Лондон
    • rn011

    • Професија: препаратор на животни
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: мојата девојка (не е на фотографијата), препариран Феникс, лаптоп, ајпод, слушалки, Блекбери, паричник, скулптура од светицата Фатима, фотографии од детството, чевли.rn
    rn

    15. Памела Лопс

    rn

      rn011

    • Години: 33
    • rn011

    • Живеалиште: Париз, Франција
    • rn011

    • Професија: дизајнер
    • rn

    rnВо случај на пожар, по што најпрво би посегнале?rnrnЛиста: водич за тоа како да се изгради дрвена куќа, чекан, кабел, клинци, стари фотографии од семејството и од пријателите.rnrnПроектот е отворен и за вашите одговори, кои слободно можете да ги споделите и тука со нас…rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гладен гуштер лови бубачки на смартфон

    Гладен гуштер лови бубачки на смартфон

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnГуштер игра на мобилниот телефон на неговиот сопственик. Лови виртуелни бубачки, со надеж дека ќе вкуси од нив. Правилата на играта се да ги убие мравките, но да ги избегнува пчелите. Може да се рече дека умешно се придржува кон нив.Гладен гуштер лови бубачки на смартфонСо неговите залудни обиди да се наслади, кои делуваат и по малку разочарувачки, ова гуштерче стана хит на интернет.rn

    rnПосле ова видео, би му дозволиле ли на домашното милениче да игра со вашиот мобилен телефон или се плашите дека ќе собори некој од рекордите што веќе сте ги поставиле? :)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    Ви ѕвони телефонот, но не можете да го лоцирате во чантата или пак мора да го извадите од џебот пред да седнете во кафуле. Следниот чекор во светот на мобилната технологија се паметните часовници кои можете да ги носите на вашиот рачен зглоб. Сега, сите опции буквално секогаш ќе ви бидат „на рака“.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен системI’m watch е производ на Италијанската компанија Blue Sky. Тие го претставуваат како првиот вистински smartwatch (паметен часовник), кој доаѓа со оперативен систем Андроид 1.6.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен системОна што доаѓа спакувано во ова мало паметно издание е processor IMX233, можност за поврзување со Андроид-базирани телефони или со Ајфон преку блутут, 64MB RAM и флеш меморија со капацитет од 4GB за чување фајлови. Има аудио излез за поврзување со слушалки за да можете преку него да слушате музика, но и самиот поседува микрофон и звучник.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен системНеговиот мултитач-екран е голем 1,54 инчи и е со резолуција од 240 на 240 пиксели. На него можете да ги изведувате сите стандардни движења со прстите кои се карактеристични за екраните осетливи на допир.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    rn

    I’m watch претставува мобилен телефон, на кој можете да сурфате, слушате музика, радио, да си го организирате времето, да гледате слики и видеа, да ги користите социјалните мрежи, како и секакви други апликации кои би ви биле потребни.I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем

    rnЌе биде достапен од јануари, 2012 година. Ќе го има во 7 различни бои (249 евра), плус едно специјално титаниумско издание (499 евра), и како луксузен накит во 4 варијатни: жолто злато, розово злато, бело злато со дијаманти и црно злато (од 9.999 евра).rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 кул дрвени гаџети

    10 кул дрвени гаџети

    Погледнете околу себе… Колку гаџети имате и колку од нив ги користите речиси истовремено?! Веќе повеќето од нас поседуваат некаков паметен мобилен телефон, ајпод, па и таблет. Но, ваквите гаџети се претежно изработени од ладни материјали, кои ни овозможуваат да ја „почувствуваме“ технологијата.rnrnЗа поголемо уживање во колекционирањето на вашите омилени технолошки парчиња, искористете нешто од оваа селекција на 10 додатоци изработени од дрво, кои создаваат чувство на топлина и дефинитивно се одликуваат со уникатност и стил.rn.rn

    1. Држач за мобилен телефон CaseCrown

    rn10 кул дрвени гаџетиЕдноставен, елегантен држач, кој ќе му овозможи на вашиот телефон да се одмори…rn.rn

    2. Слушалки од шперплоча

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој редок гаџет е изработен од деветслојна лакирана шперплоча и претставува пример за спој помеѓу формата и технологијата.rn.rn

    3. Дрвен УСБ драјв

    rn10 кул дрвени гаџетиОва флеш стикче е изработено од Кокоболо, тропско дрво кое расте во Централна Америка, а има капацитет од 8ГБ.rn.rn

    4. Вазна од расцепено дрво

    rn10 кул дрвени гаџетиПрекрасна вазна од ламинирано бамбусово дрво изработена од јапонската заедница за дизајн Теори. Одлично би се изгледала поставена на вашето работно биро каде што ви стои компјутерот.rn.rn

    5. Дрвени часовници

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва се класични дрвени часовници, кои добиваат поприродно чувство поради видливоста на структурата на самото дрво.rn.

    rnrn

    6. Дрвени звучници за мп3 плеери

    rn10 кул дрвени гаџетиОвие прекрасни звучничиња зафаќаат помалку од 16мм3 и поврзувајќи ги со вашиот мп3 плеер, ќе произведуваат стерео звук каде и да одите.rn.rn

    7. Дрвен док со звучник за ајпод

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој елегантен и стилски док е одличен елемент кој ќе и даде топлина на просторијата во домот каде што ќе го сместите, а воедно ќе ви овозможи гласно да ја слушате музиката од вашиот омилен музички плеер.rn.rn

    8. Дрвена футрола за лаптоп

    rn10 кул дрвени гаџетиОваа извонредно стилска футрола, обложена со кожа, ќе го заштити вашиот 15-инчен Епл Мекбук или Епл Мекбук про.rn.rn

    9. Дрвено радио

    rn10 кул дрвени гаџетиОва е мало радио со изненадувачки добар звук. Изработено е од чиста јава ебоновина, махагони и бор од одржливо управувана шума во Индонезија.rn.rn

    10. Звучник – дрвено јаболко

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва дрвено јаболко е од iDear и може да се користи како звучник за вашиот телефон или мп3 плеер.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мобилен телефон и таблет во едно

    Мобилен телефон и таблет во едно

    Веќе некое време, кружат фотографии од новиот хибрид на Асус, кој претставува таблет и паметен мобилен телефон, поврзани во еден компактен уред. Хибридот е наречен Асус Педфон (ASUS Padfone), а гласините за него сега се веќе потврдени, откако компанијата и официјално го претстави на овогодишниот Компјутекс, саем за информатичка технологија во Тајпеј, Тајван.Мобилен телефон и таблет во едноМобилен телефон и таблет во едноМобилен телефон и таблет во едноПедфонот е комбиниран уред, во кој, смартфонот е прикачен за задниот дел од таблетот. Двата уреди доаѓаат со оперативен систем Андроид. Таблетот има 10-инчен екан, додека оној на телефонот е 4 инчи. Секој од двата уреди може да работи независно, но и заеднички кога телефонот е прикачен на таблетот.Мобилен телефон и таблет во едноСè уште нема информации за спецификациите на уредот, ниту пак за цената. Но, изгледа комбинираните уреди, веќе стануваат повеќе од идеја.Мобилен телефон и таблет во едноМобилен телефон и таблет во едно

    n———————————————————————————————————————————————————————nnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дерете му се на мобилниот за да го наполните

    Дерете му се на мобилниот за да го наполните

    Научниците од универзитетот Sungkyunkwan во Јужна Кореја успешно креирале технологија која го претвора звукот во енергија. Ова значи дека телефонот базиран на оваа технологија, би се полнел секогаш кога ќе го користите за зборување. Што погласно зборувате, толку побрзо ќе се полни. Ова е добра вест за сите кои сакаат подолготрајно траење на батеријата на својот мобилен телефон, но можеби лоша вест за луѓето во нивната околина. Дерете му се на мобилниот за да го наполнитеУредот користи мали структури од цинк оксид, главната состојка во цинковата руда, поставени помеѓу две електроди. Најгоре е поставено перниче кое го апсорбира звукот, па секогаш кога звучен бран ќе го удри, предизвикува малите жички од цинк оксид да се да се збиваат и да се ослободуваат. Ова создава електрична струја, која потоа може да се користи за да се наполни батеријата.rnrnД-р. Sang-Woo Kim, вели: „како што звучниците ги трансформираат електричните сигнали во звук, така е возможен и обратниот процес на претворање на звукот во електрична енергија“. rnrnТехнологијата ќе овозможува и полнење на музичките плеери, а се испитува и можноста за полнење на ајподите, пеејќи ги песните истовремено со изведувачите кои моментално ги слушате.rnrnШто велите? Ќе биде ли ова изговор да се расправаме по улиците? Замислете ќе ве изнервира шефот, родителите  или вашиот партнер по телефон, а вие во лутина можете да се изнавикате, без потреба од извинување потоа? Хммм… ќе ослободуваме стрес додека го создаваме, а ќе бидеме и доста чудни, барем гледано од денешна перспектива.