КАФЕ ПАУЗА

Tag: мобилен телефон

  • Внимание! 5 предмети во вашиот дом од кои можете да се разболите

    Внимание! 5 предмети во вашиот дом од кои можете да се разболите

    Кога ќе помислите на бактерии и нечистотии, сигурно првото нешто што ви паѓа на ум се тоалетот, кантата за ѓубре или лавабото со неиспрани чинии. Но, ќе се изненадите доколку ви кажеме дека најпосните нешта во домот се токму оние со кои сме постојано во контакт…rnrnВнимание! 5 предмети во вашиот дом од кои можете да се разболитеrn

    1. Тастатура и маус

    rnСекој предмет кој постојано го допираме со нашите раце е преполн со бактерии. Доволно е само да напишете еден текст или да сурфате неколку минути на Интернет и потоа да ги допрете вашиот нос, очи или усни и со тоа да си префрлите безброј микроорганизми во вашето тело. Тастатурата и маусот се најнечистите нешта во вашиот дом, па токму затоа е потребно секој втор ден да ги чистите со средство за дезинфекција.rn

    2. Далечински управувач

    rnОваа направа е створена за цел ден да „лежи“ во вашите раце. Но, покрај вас, сите други го допираат управувачот, дури и веднаш по влегувањето во домот, уште пред да измијат раце. Токму затоа тој е преполн со бактерии кои под вашите влажни дланки се множат со голема брзина. Исто како тастатурата и маусот, така и далечинскиот управувач се препорачува постојано да се чисти со средство за дезинфекција.rn

    3. Мобилен телефон

    rnКолку пати се јавувате на мобилен за време на јадење, подготовка на оброците, во тоалетот, во автобус или на било кое друго јавно место? Мобилниот телефон е одличен начин за пренесување вируси и бактерии, па токму затоа редовно дезинфицирајте го со влажни марамчиња кои се на база на алкохол.rn

    4. Женска чанта

    rnТаа е преполна и со корисни и со бескорисни ситници, па токму затоа е вистинско легло за бактерии. И не само што вие постојано ја допирате со вашите раце и ја оставате на нечисти површини, вие исто така во неа редовно го носите вашиот паричник, мобилен уред, па дури и остатоци од храна. Токму затоа преку неа внесувате во вашиот дом илјадници бактерии, па добро би било доколку формирате навика одвреме-навреме да ја пребришувате со средство за дезинфекција.rn

    5. Врата од фрижидер

    rnВратите од фрижидерот се отвораат и затвораат безброј пати во текот на денот, а понекогаш тоа го прават и вашите гости. Со текот на времето врз нив остануваат различни остатоци од храна и пијалаци кои прават совршена површина за размножување опасни микроорганизми кои можат да завршат во нашето тело и да предизвикаат различни тежини. Токму затоа вратата од фрижидерот треба секојдневно да се брише со средство за чистење.

  • Како да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?

    Како да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?

    Денес е лесно да се прислушува телефон. Можно е дури и преку имејл или блутут на него да бидат испратени и инсталирани апликации кои од него ќе црпат информации и ќе ги праќаат до оној кој е заинтересиран за нив. Ако некогаш се посомневате дека вие сте жртва на таков напад, задолжително проверете го присуството на овие неколку знаци.rnrnКако да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?rn

    Батеријата брзо се троши

    rnАпликациите кои го прислушуваат телефонот побрзо ја јадат батеријата. Тие работат и кога не го користите, па како последица на тоа батеријата многу брзо се троши.rn

    Температура на батеријата

    rnАко температурата на батеријата е доста висока во моментите кога не го користите телефонот, тоа може да значи дека имате некој проблем со неа, но и дека можеби имате инсталирано софтвер за следење на комуникациите кој бара батеријата да работи малку повеќе.rn

    Телефонот потешко се исклучува

    rnСледењето на вашата комуникација е една од причините поради кои вашиот телефон се гаси побавно од вообичаеното. Истите апликации кои ја трошат батеријата бараат и подолго време за да се исклучат пред да се исклучи и телефонот.rn

    Необјаснива активност

    rnОва може да се случи и поради други причини, но треба да знаете дека прислушуваниот телефон може често пати да се вклучува и исклучува или инсталира и апдејтира апликации без ваше барање.rnrnКако да препознаете мобилен телефон кој е прислушуван?rn

    Чудни СМС-пораки

    rnАматерското следење на комуникациите може да ви даде сигурен знак дека нешто се случува ако добиете некои чудни СМС-пораки од непознат број во кои има знаци кои не ги разбирате. Прислушувачите понекогаш користат СМС за да го инсталираат софтверот на телефонот кој сакаат да го следат, а ако таа инсталација не биде направена професионално и како што треба, се добиваат вакви пораки.rn

    Погледнете ги податоците во сметката

    rnАко имате потрошено повеќе интернет сообраќај отколку што сметате дека сте можеле да потрошите, а телекомуникациската компанија нема ништо со тоа, можно е некој друг однадвор да го троши тој сообраќај извлекувајќи информации од телефонот.rn

    Шумови во разговорите

    rnПонекогаш може да е лоша врската, но понекогаш и уредите за следење придонесуваат за зуење и шумови во текот на телефонските разговори.rn

    Дисторзија на гласот

    rnДоколку ви се чини дека вашиот соговорник има роботски глас, тогаш задолжително проверете ги сите останати знаци на прислушувањето, затоа што има големи шанси тоа навистина да се случува.

  • Најголемите заблуди во врска со полнењето на батеријата на вашиот смартфон

    Најголемите заблуди во врска со полнењето на батеријата на вашиот смартфон

    Кога станува збор за траењето на вашата батерија, постојат многу правила кои одредуваат што можете, а што не треба да правите со вашиот смартфон. Некои од нив имаат врска со реалноста, но некои се само митови. Еве 5 правила кои можете слободно да ги прекршите и едно до кое треба да се придржувате.rnrnnajgolemite-zabludi-vo-vrska-so-polnenjeto-na-baterijata-na-vashiot-smartfon-kafepauza.mkrn

    1. Полначите од помалку познати производители ја уништуваат батеријата

    rnИако не се оптимизирани за паметните телефони од познатите производители, тие нема да им наштетат. Сепак, треба да купувате полначи од легитимни производители, а не лажни копии на познатите брендови.rn

    2. Не е добро да го користите мобилниот додека се полни

    rnУште еден мит. Можете да го користите колку сакате сѐ додека не користите сомнителен полнач. Сѐ додека си ја користите оригиналната батерија и полнач кој е одобрен од производителот, единствена последица од користењето на мобилниот додека се полни е тоа што полнењето ќе оди малку побавно.rn

    3. Полнењето во текот на ноќта ја „убива“ батеријата

    rnПа не баш. Повеќето паметни телефони препознаваат кога е полна батеријата и во тој момент прекинуваат со полнење. Всушност, тогаш тие не ја ни користат батеријата. Сепак, не мора да го полните мобилниот преку ноќ секоја ноќ. Батеријата ќе потрае подолго ако мобилниот го одржувате со капацитет на батеријата помеѓу 40 и 80%.rn

    4. Никогаш не треба да го исклучувате смартфонот

    rnПонекогаш и него им е потребна пауза. Ако не морате баш секогаш да бидете достапни, во ред е повремено да го исклучувате телефонот, на пример пред да си легнете. Се препорачува да го правите ова еднаш неделно. Ако не можете да го исклучите, барем ресетирајте го.rn

    5. Не го полнете телефонот сѐ додека батеријата комплетно не ви се испразни

    rnПогрешно! Многу подобро е ако го дополнувате секој ден, отколку да го трошите до нула и потоа да го полните докрај. Литиум-јонските батерии какви што користат Епл и Самсунг подобро се одржуваат кога се наполнети. Ако постојано ги цедите до максимум, можат да постанат нестабилни. Секоја батерија може да издржи одреден број полнења пред да треба да се замени со нова. Секој пат кога ја празните докрај, многу поблиску сте до замената.rn

    Факт: Топлината ја уништува батеријата

    rnТочно! Технологијата и високите температури обично не одат заедно. Батериите не се исклучок од ова. Литиум-јонските батерии се загреваат при работа, повеќе во текот на полнењето. И ладното време може да има негативен ефект врз траењето на батеријата – ладната батерија побрзо ќе се испразни при ниски температури.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зависни сте од вашиот смартфон? Еве како да поставите граници

    Зависни сте од вашиот смартфон? Еве како да поставите граници

    Во комбинација со смартфоните доаѓаат и очекувањата и можностите да се биде достапен во секое време. Токму затоа сите ние почнуваме да запаѓаме во еден круг без излез каде што нашето работно време се претвора во 24-часовна ангажираност, или пак нашиот одмор воопшто не ја исполнува целта да се исклучиме барем неколку дена од останатиот дел од светот. Едноставно сите ние можеме да бидеме пронајдени во секое време и на секое место.rnrnЗависни сте од вашиот смартфон? Еве како да поставите граници...rnrnИ покрај тоа што можеби на почетокот ова изгледа примамливо и забавно, со тек на време сигурно сте почнале да забележувате дека малку по малку ве доближува до степен на лудило. Но, бидејќи веќе сте длабоко навлезени во замката на смартфоните, едноставно не знаете како да излезете… Во една неодамнешна студија, професорката Лесли Перлоу од Универзитетот Харвард открила дека доволни е само неколкучасовна исклученост на ден со цел да ја подобрите вашата продуктивност и да се чувствувате ослободени од оваа технологија. Погледнете како да го сторите тоа…rn

    1. Не заборавајте дека вие го контролирате смарфонот, а не тој вас

    rnПрвото нешто коешто треба да си го признаете на себе е дека вие сте оние кои одлучувате да одговорите на повикот или на мејлот. Секако, смартфоните го поедноставуваат овој процес, но пред нив компјутерите и доцните работни часови беа главните виновници. Секогаш ќе има дополнителна работа која мора да се заврши, но вие мора да научите како да поставите граници кои ќе ви бидат од корист и дома и на работа. Зависноста од мобилниот телефон може да е знак дека едноставно претерано работите и дека премногу сте вклучени во вашата кариера, додека пак истовремено го запоставувате вашиот личен живот.rn

    2. Не го поканувајте целиот свет во вашиот кревет

    rnСмартфоните се средство за поврзување со луѓето. Токму затоа доколку станува збор за ситуација во која не би поканиле друга личност физички да присуствува, не го правете тоа ниту преку мобилниот телефон. Вашата спална соба треба да биде простор за одмор во кој ќе бидете сами или пак, со вашиот партнер. Токму затоа турнете го мобилниот телефон вон вашиот дофат и уживајте во поврзаноста со вистинско човечко суштество.rn

    3. Поставете ги границите кои ќе ве водат кон животот кој искрено го посакувате

    rnЛуѓето се однесуваат кон вас онака како што вие ќе им дозволите. Доколку одговорите на повик по 20 часот навечер, тогаш им давате знак дека тоа е во ред и токму затоа не можете да ги обвинувате доколку тие почнат тоа постојано да го прават. Поставете ги границите онака како што на вас ќе ви биде најудобно и најпријатно, без разлика дали ќе престанете да одговарате на повици по 18 часот или пак, ќе го проверувате мејлот само еднаш во текот на вечерта.rn

    4. Исклучете го вашиот смартфон доколку навистина не ви е потребен

    rnОбидете се да одолеете на искушението доколку можете. Ако сте на пикник со вашите пријатели или пак, ако имате слободен викенд само за вас, земете го мобилниот телефон со вас, но натерајте се да го исклучите. На овој начин доколку итно ви е потребен, ќе можете во кое било време да го вклучите, но доколку немате потреба од него тој нема да ви пречи во вашиот ден.rn

    5. Вие не сте толку важни колку што мислите дека сте

    rnВо центарот на нашата зависност од поврзаноста се наоѓа верувањето дека светот ќе се сруши доколку не одговориме на повикот во рок од 5 секунди. Доколку сте на одмор и решите да се исклучите работата, не грижете се, вашата компанија ќе успее да се снајде неколку денови без вас. Доколку го исклучите мобилниот во текот на вечерта, вашите клиенти ќе научат дека понекогаш треба да бидат потрпеливи. И да бидеме целосно искрени, со или без смартфонот, во денешниот дигитален свет секој може во кое било време да ве најде, доколку навистина има потреба од вас. Токму затоа не грижете се за сите оние „итни“ сценарија кои ви се вртат во вашата глава и обидете се да си дозволите барем на кратко да се одморите од постојаното гледање во екранот на вашиот мобилен телефон.

  • Иновативни торби кои ќе се погрижат мобилниот никогаш да не ви биде празен

    Иновативни торби кои ќе се погрижат мобилниот никогаш да не ви биде празен

    Колку пати ви се случило на излегување од дома да забележите дека вашиот мобилен има нешто помалку од 7% батерија? Во такви ситуации сигурно сте многу нервозни и постојано се прашувате дали ќе издржи батеријата додека да се вратите дома. Но, благодарение на иновативните луѓе, овој проблем може набрзо да стане минато.rnrnИновативни торби кои ќе се погрижат вашиот мобилен никогаш да не биде со празна батеријаrnrn„GoPlug“ торбите во себе содржат вградена батерија која ви овозможува преку стандарден или УСБ кабел да го полните вашиот мобилен телефон, фотоапарат, компјутер и таблет без разлика на вашата локација. Батеријата ќе го наполни вашиот мобилен 6-8 пати, таблетот 2 пати и двојно ќе му го продолжи животот на вашиот лаптоп пред да треба повторно да го полните. Овој пронајдок е совршен за оние кои постојано патуваат, а особено од корист може да ви биде за по аеродроми, конференции и сл. Постојат неколку различни видови торби, во зависност од намената, од мали торбички за таблет, торби за лаптоп и за фотоапарат, па сѐ до големи куфери.rnrnИновативни торби кои ќе се погрижат вашиот мобилен никогаш да не биде со празна батерија Иновативни торби кои ќе се погрижат вашиот мобилен никогаш да не биде со празна батеријаrnrnПроектот се финансира преку Кикстартер, а преостануваат уште само неколку дена пред официјално да се најде на рафтовите во продавниците.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

    Работи кои можете да ги правите и без вашиот мобилен телефон

    Во денешно време сите сме опседнати со технологијата. Нашите телефони неизбежно ги земаме со себе кога го напуштаме домот. Многумина паничат кога ќе го заборават телефонот дома, па веднаш организираат такси или некој од домашните да им го донесе. Како да не може да помине ни еден ден без мобилниот.rnrnEnjoying lifernrnЗададете си еден интересен проект: заборавете го телефонот намерно дома. Еве што сѐ можете да правите и како би изгледал вашиот ден.rn

    1. Сликање

    rnПред ерата на модерните апликации за сликање и цртање, платното и боите беа незаменливи. Вратете им се. Ако сликате секој ден можете да го намалите нивното на стрес и анксиозност.rn

    2. Дремка без аларм

    rnСтудиите покажуваат дека чувањето на телефонот покрај главата може да ви го наруши сонот. Спијте додека ви се спие.rn

    3. Трчање без музика

    rnНаместо да слушате музика, уживајте во звуците на природата. Плус, ќе бидете свесни за она што се случува околу вас и ќе бидете подготвени за евентуалните непредвидливи ситуации. Додека слушате музика не можете да го чуете автомобилот зад вас.rn

    4. Дружење со домашниот миленик наместо гледање видеа од други миленици

    rnЛесно е човек да се навлече на смешни видеа со домашни миленици, но многу подобро ќе го поминете времето доколку се дружите во живо со вашиот миленик. Една неодамнешна студија покажала дека 20% од сопствениците на миленици попрво би гледале видеоснимки од миленици одошто да си играат со нив. Играјте со вашето домашно милениче. И тоа е, докажано, добро за намалување на стресот.rn

    5. Одење во кино или во театар

    rnПрестанете да гледате сѐ на вашиот телефон. Излезете сами или со пријателите и појдете на филм во кино или пак на театарска претстава. Ќе видите колку е поинакво тоа доживување.rn

    6. Пишување на хартија

    rnСтудиите откриваат дека запишувањето на работите за кои сме благодарни имаат добро влијание врз општата среќа, а самиот чин на пишување може да ви помогне да учите подобро. Наместо да запишувате во вашиот телефон, вратете се на старомодниот начин.rn

    7. Одење на прошетка

    rnПојдете на прошетка без телефонот. Можеби некој ќе ве бара. Ако. Вие одмарајте малку во природа. Подоцна ќе се јавите.rn

    8. Готвење според рецептите од баба

    rnРецептите од интернет се супер, но најпроверени се рецептите од кои веќе сте го пробале финалниот продукт. Фамилијарните рецепти од баба се оние најдобрите.rn

    9. Одење на вечера со пријателите

    rnВо храната треба да се ужива, не само да се поставува на Инстаграм. Следниот пат кога ќе одите на вечера со пријателите, договорете се да не ги користите телефоните и играјте ја играта „кој прв го допре телефонот, тој ја плаќа сметката.“rn

    10. Читање весник

    rnСекако дека ако читате вести од интернет имате можност први да дознавате што се случува, но хартија си е хартија. Чувството меѓу прстите кога ги вртите страниците, мирисот на печатарската боја, па и благата болка во мускулите од држење на весникот, се едноставно незаменливо искуство.rn

    11. Пополнување енигматика

    rnКога веќе го имате весникот в рака, решете некој крстозбор или судоку наместо да изиграте некоја игра на вашиот телефон.rn

    12. Читање книги

    rnЧитањето е неверојатно корисно за мозокот. Впуштањето во добра приказна може да го намали нивото на стрес, да ви помогне да спиете подобро и да бидете поемпатични.rn

    13. Возење без цел

    rnСеднете зад воланот и само возете. Без крајна дестинација.rn

    14. Прелистување на старите албуми со слики

    rnОставете ги сликите од Фејсбук и оние со кои го имате наполнето вашиот телефон. Земете в рака вистински албум, сами или со вашата мајка. Ќе ве потсети на минатото и ќе ви даде оптимизам и доза самодоверба.rn

    15. Медитација

    rnНаместо да пуштите смирувачка музика додека правите нешто созема друго, исклучете ги звуците од вашиот телефон и медитирајте во тишина неправејќи ништо. И медитирањето е добро за намалување на стресот, а дополнително може да го зајакне имунолошкиот систем.rn

    16. На пијалак со колегите или старите пријатели

    rnДоговорете се да се видите со некои луѓе со кои се немате видено одамна. Сигурно ќе имате што да си кажете, а телефонот нема да ви биде воопшто потребен во добро друштво и со добар муабет.rn

    17. Набљудување на изгрејсонцето и зајдисонцето

    rnСамо застанете и набљудувајте го излегувањето на сонцето. Немојте да го фотографирате во желба да го „фатите“ моментот. Уживајте во моментот додека се случува пред вашите очи.rn

    18. Ден со семејството

    rnПоминете еден ден со родителите или со вашите деца. Според едно истражување, вредноста на социјалните врски изнесува 131.232 долари годишно, со оглед на нивото на задоволство кое се добива од нив.rn

    19. Сложување сложувалка

    rnНавистина сложувалките не се евтини, но уживањето во поврзувањето не може да се спореди со ваквите игри на вашиот мобилен телефон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бесплатни мобилни апликации кои ќе ви помогнат во учењето

    Бесплатни мобилни апликации кои ќе ви помогнат во учењето

    Дури и на најдобрите студенти некогаш им е потребна дополнителна помош. Бидејќи се ближи испитната сесија, ви претставуваме неколку бесплатни апликации кои сигурно ќе ви помогнат во учењето.rnrn

    iStudiez Pro

    rn(0) besplatni-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-vo-ucenjeto-kafepauza.mkrnrniStudiez Pro е едноставна апликација за Mac, iPad, iPhone и iPod Touch. Ви овозможува да правите распореди во различни бои и да зачувувате кратки информации. Исто така, можете да правите потсетници, а тука е и опцијата за добивање нотификации при наближување на крајниот рок за дадена задача. Ова е една од подобрите апликации од ваков тип, особено за оние помалку организираните.rn

    Evernote

    rn(1) besplatni-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-vo-ucenjeto-kafepauza.mkrnrnEvernote е супер апликација, бидејќи може да ја користите на самите предавања за фаќање белешки и за запишување на потребните материјали за одреден испит. Можете да ја поврзете и со компјутерот дома, за подобар пристап до белешките. Исто така, ви овозможува да ги зачувате интересните статии и веб-страници и да ги отворате подоцна. Навистина корисно.rn

    SimpleMind

    rn(2) besplatni-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-vo-ucenjeto-kafepauza.mkrnrnSimpleMind е апликација со која можете да правите мапи во вид на гроздови од некој концепт што го учите. Гроздовите можат да бидат во различни бои, според важноста, што ќе ви помогне полесно да го разберете и запомните материјалот.rn

    Blackboard

    rn(3) besplatni-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-vo-ucenjeto-kafepauza.mkrnrnBlackboard е апликација за Android, Blackberry и Apple. Истата може да се користи само доколку е одобрена од универзитетот и доколку и вашите професори и колеги исто така сакаат да ја користат. Доколку тоа е така, ќе може да најдете информации за сите распореди, предмети, оценки кои се објавени од професорите на универзитетот.rnrn

    Speed Reading Trainer

    rnrnСекој студент чита по илјадници зборови дневно и проблемот е што поминува многу време додека да го издвои најважното. Speed Reading Trainer ви нуди избор од тестови за подобрување на вештините на читање и разбирање на еден текст.rnrn

    Dropbox

    rn(4) besplatni-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-vo-ucenjeto-kafepauza.mkrnrnDropbox е апликација што ви овозможува да имате пристап до преземените документи и информации во секое време. Истата може да се користи и на компјутер.rnrn

    Flashcard +

    rn(7) besplatni-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-vo-ucenjeto-kafepauza.mkrnrnFlashcard + го враќа стариот метод на учење во модерното време. Можете да правите колку картончиња сакате за одредена лекција, и сето тоа бесплатно. Во апликацијата има и веќе направени модели, за тестирање на познавањето на главни градови на држави или математички факти. Навистина корисно.rnrn

    Exam Countdown

    rnrnОваа апликација можеби не помага директно во учењето, но е одлична за мотивација. Со преземање на Exam Countdown, ќе се појави часовник, кој ќе ве потсетува колку денови, минути и секунди ви остануваат до денот на испитот. Дефинитивно нема подобра мотивација од ова.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп

    Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп

    Без разлика дали работите професионално на лаптоп или го користите за сурфање или играње игри, оваа масичка е она што цело време ви требало, но не сте ни биле свесни.rnrnСовршена подвижна масичка за вашиот лаптопrnrnSlate Mobile AirDesk е изработена од многу цврсто, а сепак лесно дрво заради што вашето чувство додека користите лаптоп сосема ќе се промени. Ви овозможува да седите исправени и да ги избегнете болките во грбот, додека истовремено се грижи за ладењето кое е добро и за вашиот скут и за вашиот лаптоп. Вклучува вграден маус пад, кој доаѓа во три нијанси, а го има и во варијанта за левучари и за десничари. Дури има и хоризонтален процеп кој е наменет за вашиот телефон или таблет. Сè што ви треба на мал простор со голема доза на комфор.rnrnСовршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптоп Совршена подвижна масичка за вашиот лаптопrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се промени кај фотографиите од одмор по појавата на паметните телефони?

    Што се промени кај фотографиите од одмор по појавата на паметните телефони?

    Паметните телефони во голема мера го променија начинот на живеење и функционирање. Со помош на вашиот џебен пријател сега можете да правите што сакате. Оваа смешна илустрација прави споредба од која се гледа што сменија паметните телефони кога станува збор за фотографиите од одмор.rnrnШто се промени кај фотографиите од одмор по појавата на паметните телефони?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој мобилен телефон има најдобра камера?

    Кој мобилен телефон има најдобра камера?

    Оваа забавна реклама е направена за промоција на новиот телефон на Виндоус „Nokia Lumia 1020“, односно за промовирање на неговата најдобра карактеристика, камерата. Со овој телефон ќе можете да направите фантастично квалитетни фотографии, дури и од голема далечина, бидејќи камерата е со 41 мегапиксели.Кој мобилен телефон има најдобра камера?Дејството се одвива на детска театарска претстава, каде што сите родители се трудат да направат што подобри фотографии.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn