Мобилните телефони се незаменлива алатка со која комуницираме, пресметуваме, се информираме, па дури и пазариме. Додека за компјутерите користиме антивируси и посветуваме внимание за да се заштитиме од потенцијален хакерски напад, истото ретко го правиме за телефоните, иако нив ги користиме почесто. Експертите споделуваат како криминалците може да стигнат до нашите податоци и што може да сторите за да се заштитите.rnrn
rn
1. Користење јавни Интернет мрежи
rnОтворените мрежи им дозволуваат на криминалците лесно да споделуваат штетен софтвер на секој што е поврзан на мрежата. Впрочем, лесно е секој да направи лажна мрежа која изгледа како отворена Интернет мрежа. На мобилниот телефон најдобро е се поврзете преку виртуелна приватна мрежа (VPN – Virtual Private Network), која ќе го спречи поврзувањето на незаштитени мрежи.rn
2. Заклучувајте го екранот со лозинка
rnДоволен е само еден момент на невнимание во продавница или кафуле за некој да ви го земе телефонот. На овој начин, доколку немате лозинка, некој хакер може да ви инсталира апликација за следење или крадец може да ви го украде телефонот и да пристапи до вашите битни информации, како кредитна картичка или адресата.rn
3. Оневозможете го појавувањето на пораките на екранот
rnМногу телефони се подесени на тој начин за да покажуваат дел од секоја примена порака на екранот дури и додека телефонот е заклучен. На овој начин, ризикувате одредени важни пораки да бидат видени од сите околу вас.rn
4. Чувате стари мејлови
rnДоколку не ги бришете старите мејлови, хакерите може да добијат информации за секоја интернет-страница или интернет-услуга што сте ја користеле кога ќе влезат во вашето сандаче.rn
5. Отворање несигурни линкови на социјалните мрежи
rnПовеќето од нас се внимателни кога станува збор за мејлот, но што се случува кога ќе погледнете сомнителна објава на некоја социјална мрежа? Секогаш добро погледнете ја објавата пред да притиснете на линкот бидејќи може да завршите на интернет-страница која ќе го зарази вашиот телефон со вирус.rn
6. Одјавувајте се од платформите за пазарење
rnСекогаш одјавувајте се кога ќе завршите со користење на одредена платформа која вклучува плаќање со картичка, како Пејпал, Амазон итн.rn
7. Подесете го телефонот на автоматско ажурирање
rnКомпаниите редовно ги ажурираат верзиите на телефонскиот оперативен систем за да поправат грешки и да спречат нивно повторно појавување. За да не проверувате дали на телефонот му е потребно ажурирање, подесете го да го прави тоа автоматски.rn
8. Бидете внимателни кога ја споделувате локацијата
rnСподелувањето на локацијата на социјалните мрежи или во групи може да им помогне на криминалците да откријат каде се наоѓате и да ви испраќаат штетни мејлови поврзани со местото или да ве ограбат.rn
9. Не отворајте несигурни документи на мејл
rnНикогаш не преземајте документи кои се испратени од несигурни извори. Експертите велат дека девет од десет сајбер-напади започнуваат со вакви мејлови.rn
10. Разгледајте ги апликациите пред да ги преземете
rnАпликациите кои прикажуваат реклами може да бидат штетни за телефонот доколку притиснете на погрешна реклама. Пред да инсталирате одредена апликација, разгледајте ја внимателно. Понекогаш, подобро е да платите за одредена апликација отколку да инсталирате бесплатна верзија која може да биде штетна.rnrnИсклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!





rn

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn

rnrnДоколку без помош успеавте да го пронајдете, можете да се пофалите со совршена моќ за забележување детали. За сите останати, погледнете го решението.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]Мобилниот се наоѓа веднаш до десната ногарка на масата, а ќе го видите кога ќе сфатите дека во тој дел се прекинува шарата на тепихот. Мобилниот е многу добро скриен затоа што има слична шара како тепихот, односно има беж цветови на темна подлога. Погледнете ја и фотографијата каде што тој е обележан и веднаш ќе можете да го забележите.rnrn
rnrn[/toggle_item]rnrn[/toggle_box]
rn