КАФЕ ПАУЗА

Tag: млади

  • Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалот Холи, попознат како Фестивал на боите е хиндуистички ритуал со кој што се означува крајот на зимата и се пречекува пролетта. Освен во Индија, се оддржува и во други делови од светот, а најмасовниот на западната хемисфера е оној пред храмот Шри Шри Рада Кришна во гратчето Спениш Форк во Јута. Додека настанот во Индија го посетуваат туристи од сите возрасти од целиот свет, во Јута доаѓаат преку 40.000 млади луѓе. Најголем дел од нив се студенти од универзитетот Бригам Јанг и од другите универзитети од американската сојузна држава Јута, а во последните години доаѓаат млади од целиот континент.rnФестивалска експлозија од бои и младешки духДивата прослава на фестивалот трае два дена во кои во воздухот интензивно се чувствува младешкиот дух. Се пали голем логорски оган, се слуша музика во живо, а кулминацијата се достигнува на секои два часа кога посетителите фрлаат боја во прав, предизвикувајќи огромна експлозија од бои. За да се постигнат возбудата, радоста и забавата на фестивалот, организаторите секоја година набавуваат дури 120.000 вреќички со боја во прав.rn

    rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција

    „Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција

    Автор: Александар НиневскиrnrnПул & Беар (Pull & Bear) е одлична шпанска марка за облека која постои од 1991 година, а последниве години започна да се проширува и на интернационалниот пазар. Компанијата се фокусира на опуштени, лежерни и секојдневни парчиња облека и додатоци за млади луѓе со урбан стил и по достапни цени. Да се надеваме дека наскоро ќе имаме можност и во Македонија да купуваме облека од овoј светски познат бренд. Сега погледнете ја нивната најнова рекламна кампања за сезоната пролет/лето 2012.„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекција„Пул & Беар“ со интересна кампања за новата колекцијаrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како поминуваат годините, сексот станува подобар

    Како поминуваат годините, сексот станува подобар

    Иако Ким Катрал, глумицата која ја глумеше Саманта Џоунс во популарната ТВ серија и во двете продолженија од „Сексот и градот“ допринесе да се промени сликата за сексуалниот живот на постарите жени, сепак и понатаму преовладува мислењето дека тие не уживаат толку многу во сексот.Како поминуваат годините, сексот станува подобарСпоред сфаќањата во нашиот регион, кога ќе надминеш 45 години, целиот живот оди во надолна линија, па така и сексуалниот. Па иако многу постари, познати холивудски глумици и светски пејачки изгледаат фантастично на оваа возраст, сепак тоа не е доволно за да се промени општото мислење во регионов.rnrnСепак, според најновите истражувања, резултатите велат дека оние кои така размислуваат се во огромна заблуда. Истражувањето било направено на жени на возраст од 40 до 100 години, а резултатите покажале дека половина од испитаниците се сексуално активни, дури и во осумдесеттите години од животот.rnrnИстражувањето исто така им дава совети на дамите помлади од 40 години како да го подобрат својот сексуален живот. Истражувачката Елизабет Берет Конир вели дека младите луѓе кои страдаат од сексуална дисфункција најчесто се жалат дека немаат желба за секс. За разлика од нив постарите жени не размислуваат за сексот, не планираат кога ќе го имаат, ниту пак го бараат, но сепак се сексуално задоволени.rnrnПоентата лежи во тоа што жената треба да се чувствува удобно во својата кожа. Младите премногу размислуваат, планираат и се стресуваат околу сексот, а и понатаму патат од ниско либидо. Тие често се стават себеси под притисок и тежнеат кон досега недоживеано искуство, а тоа не резултира позитивно. Можеби годините не се важни, но претераното размислување секогаш е контрапродуктивно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ВИП во нашиот град

    ВИП во нашиот град

    Автор: Нинаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnТАА – добар „look“, беспрекорна шминка, поглед фатален, тело извајано, косата паѓа по рамениците, солариум, фитнес, сауна, силикони… ТОЈ – добар „look“, јак парфем, обликувано тело, продорен поглед, средена коса, бели заби… Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед?ВИП во нашиот градНа времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излегување навечер „у бољи живот“ за нив било одење на чешма со стомни по вода, „трачарењето“ на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви, припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по СМС и честењето пијачки било праќање шефтелии и сл.rnrnДодека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотелји, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач муабет, што-како, во некој елит кафич, особено ако е самер тајм, на надворешните фотелји со наочари во „Холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен), бабите наши и дедовци „излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не „пукне брука низ село“ ако таа има 22 години, а е немажена. Демек „уседелица“ ќе останела! Дедо ми ја „армасал“ баба ми баш на ВИП-зоната и ù купил ВИП лепче-сомунче. Нормално по лепчето ја однел дома кај него, а баба ми ја испратила снаата да каже дека нема да се враќа веќе дома.rnrnДодека нашиве „елит“ (не зборам за сите) машки бараат девојка со „2 метра нога“, тогаш биле „ин“ ниски девојки. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 см, плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!?rnrnГледале само да се земат и да изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно, што би рекле „колку за проба“ заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веќе била мажена.rnrnКога ќе погледнеш „уназад“ 60 години, знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со „нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање:rn.rn

    „Зошто место на крај да кукате дека сте се изгореле поради тоа ‘не му пишува на челo’, малце вие не ставите прст на чело, поразговарате и се зближите со личноста која ви го привлекува вниманието, а не одма да одите во врска?! Уште одма се впуштате во ‘љубов’! Што е? Не ви се чека? Ма дајте без наивност.“

    rnЈас не велам дека на баба ми времето било убаво, но искрено, денешниве сè повеќе и повеќе на број фацки кои само дремат по кафичи, дискотеки и со муабет го минуваат денот, ми се преку глава… а уште повеќе преку глава ми е кога гледам како ги менуваат партнерите како циган коњи.rn.rn

    „Не трагајте по совршенство, кога ни самите вие не сте тоа, никој не е совршен, постојат само сродни души…“

    rnЗошто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Прифатете ги своите маaни, но и туѓите како дел од карактерот. Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП-ложата, која за мене поточно е ИКП (Имаш Кеш – Повели!) Небаре парите ќе купат и љубов и среќа… Ноу рулс вит мани дјуд… ноу ВИП витаут мани… БУЛ ШИТ У БОЈА!!!rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што не треба да прават децата на интернет?

    Што не треба да прават децата на интернет?

    Денешните деца, сè помалку скокаат на ластик и си играат со топка во парковите. Тоа е сосем нормално, бидејќи живеат со глобализацијата, па не е воопшто чудно што ги интересираат новите технологии, сакаат да бидат во тек со сите нови модели на мобилни телефони и се љубопитни да знаат што прават нивните другарчиња на интернет.

    rn

    Меѓутоа поминувањето премногу часови пред компјутер е дефинитивно нездрава навика, поради која некои родители решаваат да ги казнат своите деца. Недавање дозвола за вклучување на компјутерот, исклучување на интернет-конекцијата, забрана за играње компјутерски игри, се некои од најчестите методи со кои обично се служат родителите за да ги казнат своите деца за прекумерното „киснење пред компјутер“.Што не треба да прават децата на интернет?Фондацијата Метаморфозис“ има изработено многу интересен проект, кој ни покажува како да ги научиме помладите да се однесуваат одговорно додека се поврзани на интернет и како да се заштитат од евентуалните опасности кои тој ги носи. Проектот има интересен пристап во едукација на најмладите, преку забавни онлајн игри и кратки филмови базирани на реални ситуации. Со нив, децата можат да се свестат за некои грешки кои ги прават додека сурфаат, а родителите можат да бидат сигурни дека тие се на безбедна веб-локација.

    rnПрекумерното сурфање, четување и играње компјутерски игри, навистина може да предизвика зависност. Но, постојат и далеку посериозни проблеми од овие. Сте слушнале за терминот „сабјернасилство“? Да, и тоа постои.rnrnВо рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ се направени 10 игри за деца, меѓу кои и 2 квиза од типот на „Милионер“, кои се наменети и за тинејџери и се многу интересни. Не само младите, со овие игри пожелно е да се истестираат и повозрасните, за да проверат до кој степен имаат познавања за опасностите на интернет.rn

    rnФилмовите, како и игрите, опфаќаат разновидни теми, како чување на личните податоци на интернет, паметно користење на веб-камерите, етичко однесување со врсниците на интернет исто како во реалниот живот, финансиски злоупотреби на интернет итн.rn

    rnВажно е дека секоја игра и секој филм завршуваат со моќна порака која не ги оттргнува децата од компјутерот, туку им ја подига свеста за негово користење „со памет“. Еве неколку препораки кои произлегуваат од нив:rn

      rn011

    • Постои живот и надвор од видеоигрите. Не заборавајте да го живеете!
    • rn011

    • Во ред е да купувате преку интернет. Но, децата тоа треба да го прават заедно со своите родители.
    • rn011

    • Луѓето во виртуелниот свет не се секогаш тие коишто се претставуваат. Внимавајте со кого зборувате онлајн!
    • rn011

    • Не дозволувајте да ве наведат на несоодветно однесување пред веб-камерата!
    • rn011

    • Лозинките се лични, не треба да се споделуваат со други.
    • rn011

    • Можете да имате 1.000 пријатели на интернет. Важно е со колку од нив се дружите надвор од чет-прозорчето.
    • rn011

    • Почитувајте ја приватноста на другите!
    • rn011

    • Плагијатите лесно се откриваат. На интернет треба да се истражува, не да се препишува.
    • rn011

    • Ако крадете преку интернет со туѓ идентитет, повторно може да бидете фатени.
    • rn011

    • На интернет има многу информации. Не се сите точни.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Боксерите пред и после борба во рингот

    Боксерите пред и после борба во рингот

    Фотографот и боксерскиот ентузијаст Nicolai Howalt одблизу ни покажува како изгледаат телата и лицата на овие млади боксери пред да влезат во рингот и кога ќе излезат од него. Фотографиите зборуваат сами за себе.Боксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготБоксерите пред и после борба во ринготrnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фризури кои ќе ве направат помлади

    Фризури кои ќе ве направат помлади

    Косата е една од првите работи кои луѓето ја забележуваат. Таа кажува многу нешта за вас – колку години имате, дали се грижите за себе, дали сте среќни и расположени. За среќа обликувањето на косата е лесно. Тоа може да го направите на фризер или дома, ако сте вешти. Дури и мала корекција и поправка на косата ќе направи да изгледате свежо, ново и за миг да го промени вашиот изглед. Погледнете неколку идеи за фризури кои освен што ќе симнат неколку години од вас, ќе направат и да се чувствувате и да изгледате одлично и посакувано.rn

    Опавче

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnКога е направено со стил и вкус, опавчето на косата може да изгледа прекрасно, софистицирано и секси. Плус, со секое фаќање на косата во опавче, вие несвесно правите мини лифтинг на лицето. Со тоа го измазнувате лицето, особено во делот околу очите, челото и образите. За екстра изглед, наместо обичен стегач во боја, „декорирајте“ го опавчето со марама во елегантен дизајн.rn

    Шишки на страна

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnЌе се зачудите од тоа која моќ ја имаат шишките. Тие му даваат на лицето рамка, која во зависност од тоа како се потстрижени, ќе изгледа убаво или неуредно. Шишките веднаш привлекуваат внимание, а притоа брчките или акните на лицето остануваат речиси незабележани. Особено шишките потстрижени на страна, му даваат младешки изглед на вашето лице.rn

    Коса разделена на половина

    rn

    Фризури кои ќе ве направат помлади

    rnИако овој изглед го прави вашето лице широко и големо, ова е совршена фризура за повозрасни жени кои сакаат да привлечат внимание. Оваа фризура е разиграна и создава необични виткања на косата околу лицето, што во секој случај ве прави да изгледате поприродно.rn

    Коса со волумен (тапирана коса)

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnВолуменот на косата најдобро се постигнува ако таа биде благо тапирана, со цел да се постигне ефект на бујна коса. Најдобро е тапирањето да биде направено во долниот дел на косата, кај врвовите, со што секогаш се постигнува одличен и посакуван ефект кој дава изглед на полност и здрава коса.rn

    Праменчиња

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnТоа е онаа фризура кога косата е фатена во опавче или штипка за коса и од неа нежно се одвојуваат неколку праменчиња коса кои лелеаво паѓаат по должината на лицето. Овој изглед созадава одлична рамка и дефинитивно привлекува гоелмо внимание. Полн погодок е ако вашата коса е шатирана во две нијанси.rn

    Боб

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnОва е фризура која им прилега на жените на кои им се истакнуваат коските на лицето. Фризурата е вонвременска. Може да биде обликувана на повеќе начини (косата да паѓа до под брадата, да биде кратко истрижена до линијата на вратот…) Оваа коса дава млад изглед и изглед на самодоверба.rn

    Плетенка

    rnФризури кои ќе ве направат помладиrnrnИако плетенките најмногу ги носат помладите девојчиња, факт е дека одлично им прилегаат на оние со долга коса, без оглед на годините. Обидете се да направите долга плетенка, на страна и шишки кои се совпаѓаат со страната на плетенката. Тоа можеби создава неуреден изглед на косата, но дава впечаток на младешки дух и разиграна личност. Во секој случај, плетенка е секогаш подобар избор отколку неуредно опавче.

  • Најмладите главни готвачи во Европа

    Најмладите главни готвачи во Европа

    Погледнете кои се најмладите главни готвачи во Европа, од чии ресторани излегуваат креативни, иновативни и уникатни јадења и комбинации од храна.

    rn

    rnДанска

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во ЕвропаОвој 28 годишен човек, по потекло Сицилијанец, во август го отвори својот прв ресторан, Relæ, откако работеше во најпознатиот, најпрефинетиот и најлуксузниот ресторан El Bulli и во ресторанот Noma во Копенхаген, како сос-шеф. Неговиот специјалитет е: скуша во расолница, со карфиол на пире од лупен лимон.rn.

    rn

    Франција

    rn

    .

    rn

    rn

      rn011

    • Alexandre Gauthier, ресторан La Grenouillère, Montreuil Pas-de-Calais
    • rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во ЕвропаПред неколку години, 31 годишниот готвач Alexandre Gauthier ја обнови ѕвездичката „Мишелин“  за најдобар ресторан (фамилијарен) во северна Франција. Искуството и знаењето ги стекнал прво во фамилијарниот ресторан, потоа кај Alain Ducasse во Plaza Athénée во Париз и во La Pinède во Saint Tropez. Тој сака заносни вечери и најразлични комбинации, а негов специјалитет е јајце од препелица на кекс од никулци, со рендан лук и сецкано грозје.rn..

    rn

    rn

      rn011

    • Mathieu Rostaing Tayard, ресторан Le 126, Лион
    • rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во ЕвропаСо само двајца вработени, 27 годишниот Mathieu Rostaing Tayard е главен готвач во ресторанот Le 126. Претходно работел со Nicolas le Bec и Pierre Gagnaire. Негов специјалитет се њоки со зачини и лук и телешка глава на пире од целер.rn.

    rn

    rn

      rn011

    • Greg Marchand, ресторан Frenchie, Париз
    • rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во ЕвропаЗа да уживате во прекрасните јадења од менито во овој ресторан, ќе ви требаат два месеца упорност за да закажете. 32 годишниот Greg Marchand работел во ресторани во Британија и Њујорк (Gramercy Tavern), а во неговиот ресторан креира иновативни јадења, како чадена пастрмка на пире од аспарагус.rn.

    rn

    Италија

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    30 годишниот Pier Giorgio Parini работел во ресторанот со три Мишелинови ѕвездички Le Calandre, а познат е по дневното менување на јадењата во менито. Познат е и по тоа што е „Крал на зачините“ и нивната инвентивна употреба.rn.

    rn

    Шпанија

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во Европа28 годишниот  Iñigo Pena е можеби најинтересниот млад главен готвач. Неговата кујна е базирана стриктно на употреба на ориз и морски плодови. Негов специјалитет е Luma Gorri – пилешки крилца со лесно сварени компири и жолчка.rn.

    rn

    Шведска

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    Овој ресторан се смета за еден од најизвонредните во цела Европа. Со локација во северна Шведска, ресторанот се простира на 8 500 хектари земјена површина. 27 годишниот главен готвач Magnus Nilsson занаетот го печел во рестораните со три Мишелинови ѕвездички L’Astrance и L’Arpège во Париз. Негов специјалитет е посолена пастрмка на топла кора од исушена свинска крв и црн тетреб печен со диви тревки.rn.

    rn

    Велика Британија

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во ЕвропаОвој ресторан се закити со две Мишелинови ѕвездички, а главниот готвач, 30 годишниот Bret Graham подготвува неверојатни специјалитети како чадена јагула, скуша на скара, јоркширски тетреб и многу други.

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во Европа25 годишниот Stevie Parle го отвори својот прв ресторан кон крајот на 2009 година, после неколку години работење во ресторанот River Café во London. Овој млад главен готвач веќе освои награда како резултат на неговата едноставност во готвењето и неизбежната софистицираност во јадењата.

    rn

    .

    rn

    rn

    rn

    rn

    Најмладите главни готвачи во ЕвропаОва е најдобриот италијански ресторан во Лондон. 28 годишниот готвач научил да готви преку ТВ емисии за готвење, а го подучувал лично и персонално, најдобриот и најпознатиот готвач Џејми Оливер. Препечена скуша и препелица, срце од вол на скара со чили и колбаси и телешки одрезок во сос од глуварче се неговите специјалитети.
  • Млади во револт (Youth in Revolt)

    Млади во револт (Youth in Revolt)

    Филм за младоста, љубовта и бунтувањето rnrnМлади во револт (Youth in Revolt)Улоги: Мајкл Сера, Порша Даблдеј, Џин Смарт, Зак ГалифианакисrnrnРежисер: Мигел АртетаrnrnЖанр: комедија, драма, романсаrnrnВреметраење: 90 мин.rnrnПремиера: 8 јануари 2010rnrnЈазик: англиски, францускиrnrnМузика: Џон СвихартrnrnНаша оценка: 8/10 rnrn_________________________________________________________________________________rnСо младоста оди храброста, а за љубовта како дел од животот, сме најхрабри да се бориме додека сме млади. Тогаш сме и најподготвени бесрамно и бесконечно да се обидуваме додека го добиеме она што го сакаме. „Млади во револт“ е тинејџерска приказна за едно момче со смотан изглед кое безнадежно се заљубува во прекрасна, самоуверена и слободоумна девојка. Очекуваното сценарио добива целосен пресврт и гледачот ќе остане пријатно изненаден од она што ќе го пресретне на екранот по првата третина од времетраењето на филмот. Шармантни улоги, некласичен развој на класично започната љубовна приказна и изоставување на клишеа го одликуваат овој исклучително освежувачки, младешки филм.rn__________________________________________________________________________________rn

    rn

    Приказна: Ник Твисп се заљубува во Шини додека е на одмор. Таа, најпрво задевајќи го и провоцирајќи го самоуверено, за кратко му ја возвраќа љубовта. Но, Ник мора да се врати дома, а Шини не е девојка која би го чекала по секоја цена. Затоа, тој ја открива својата бунтовна страна од која произлегува Франсоа, горделив, самоуверен младич со впечатлив имиџ. Последиците од ваквата промена, односно појавата на втората личност на Ник се непредвидливи, бунтовни, уништувачки и смешни.rn.

    rn

    rn

    Кинематографија: Сцените во филмот се пријатни и светли. Добро се балансирани драматичните, статични сцени со динамичните и ведри моменти, така што на овој филм не би можеле да задремете. Глумата на Мајкл Сера е фантастична. Она што тој го вади од себе за двете паралелни улоги – чувствително, неискусно и несигурно момче наспроти самоуверен, бунтовен и горделив младич – прави истовремено да се разнежиме, воодушевуваме и слатко да се изнасмееме.rn.

    rnrn

    rn

    Естел Твисп (мајката на Ник): „Ми требаат тие пари за издржување деца за да јадам.“rnНик Твисп: „Нели би требало да ти требаат тие пари за издржување деца за да го издржуваш детето?“

    rn

    rn

    Кога и како да го гледате? Како и секоја комедија, и оваа оди одлично со друштво и пуканки, но со оглед на љубовната приказна, веројатно најдобар избор би ви бил вашиот партнер или некого кого сакате да го омекнете пред да преминете на акција. Филмот гледајте го навечер или во длабоките попладневни часови, во зависност од тоа колку опуштено се чувствувате со друштвото кое ќе го изберете за гледање.

    rnrnrn.rn

    rn

    Ник Твисп: „Сакам да ти го скокоткам папокот… однатре.“

    rn

    rn

    Интересни податоци: Џастин Лонг, кој ја игра улогата на постариот брат на Шини во филмот, во реалниот живот бил во врска со нејзината вистинска постара сестра.

    rnrn

    Слични филмови: „Земја на авантурите“, „Супер лошо“, „Џуно“

    rnrn

  • Придружба (Entourage)

    Придружба (Entourage)

    ТВ серија за шоу бизнисот, лудувањето, пријателството и славатаrnrnПридружба (Entourage)  Главни ликови: Кевин Коноли, Едријан Гринер, Кевин Дилон, Џери Ферара, Џереми Пивен, Рекс ЛиrnrnРежисер: Марк Мајлод rnrnКреатори: Даг Елин, Роб Веис, Ели Мусика, Клиф ДорманrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnВреметраење: 22-30 мин.rnrnПремиера: 18 јули 2004rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 7rnrnСледна епизода: 29 август, 2010rnrnВеб-сајт: www.hbo.com/entouragernrnНаша оценка: 10/10rnrn_____________________________________________________________________________________________ „Придружба“ е серија на која ќе се навлечете после првите 2 минути. Тоа е така, бидејќи во неа, нема што да не ви се допадне. Слава, излегување, шоу бизнис, забава, хумор, сексапил, дружба и актери кои ќе ве пленат со фантастична глума и добар изглед. Ако ви зборувале дека Придружба е машка серија, имаме една новост за вас – навистина е, но е подеднакво заразна и за девојките. _____________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Четворица млади луѓе доаѓаат од Квинс во Њујорк каде го започнуваат животот на славата, уживањето и благосостојбата. Вини Чејс, главниот фраер во серијата, е млад актер пред кого е успехот во кариерата и популарноста помеѓу припадничките на понежниот пол. Него во секој чекор го следат двајцата другари од детството Ерик Марфи и Тртл, како и неговиот полубрат Џони Драма, кој во последно време не ги живее најдобрите денови од својата актерска кариера.

    rnrnКарактеристична е улогата на агентот на Вини, Ари Голд, кој е супер-арогантен и истовремено екстра ангажиран за својот клиент. Сепак, тој е омилен кај публиката. Во серијата поминуваат многу популарни ликови, кои придонесуваат за нејзиниот гламур, уникатност и сјај, меѓу кои: Џесика Алба, Скарлет Јохансон, Џејмс Камерон, Мет Дејмон, Боб Сагет и многу други.rnrnНајдобри делови: rn

    rnИнтересни податоци:rn

      rn011

    • Серијата е делумно базирана на холивудските искуства на Марк Валберг, еден од извршните продуценти, попознат како Марки Марк и како член на поранешната музичка група New Kids on the Block.
    • rn011

    • Улогата на Ерик Марфи била специјално креирана за актерот Кевин Коноли, кој пред да ја прифати се имал повлечено од глумата.
    • rn011

    • Продуцентот Ари Голд зборува на телефон најмалку еднаш во секоја епизода, освен во една.
    • rn011

    • За еден од филмовите на Вини Чејс, Medellin, снимен е вистински трејлер и направен е официјален веб-сајт на кој трејлерот може да се погледне.
    • rn

    rn

    rnКога и како да ја гледате? Придружба можете да гледате во секое време и со секакво друштво. Расположени или разочарани, исполнети или нерасположени, Придружба нема да ве остави рамнодушни. Наша препорака, гледајте ја серијата, секогаш штом се појави нова епизода или подобро, ако можете да се стрпите, почекајте да излезат сите епизоди од сезоната и потоа гледајте ги за време на викендот.rnrnПосле оваа сезона, ќе се снимат уште 6 епизоди во 2011 година, после што ќе следува адаптација за филм.rnrnСлични серии: Придружба е уникатна серија која тешко се споредува со други. Ако сепак можете да најдете сличност со некоја, пишете ни коментар.rn.rn

    „Let’s hug it out“ („Да преминеме преку ова со едно гушкање“) стана легендарен израз откако го употреби Ари Голд во една сцена. Погледнете:

    rn