КАФЕ ПАУЗА

Tag: мезе

  • „Атом“: Популарно мезе во турската кујна

    „Атом“: Популарно мезе во турската кујна

    Ова мезе е наречено „Атом“ затоа што се прави со најлутите пиперки од турската кујна. Како што можеби знаете, консумирањето лути пиперки има ефект на зајакнување на апетитот и поради оваа причина повеќето од рестораните нудат „Атом“ мезе во своето мени.rnrn„Атом“: Популарно мезе во турската кујнаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 500 милилитри јогурт/павлака
    • rn 011

    • 1 чешне лук, мелен или по вкус
    • rn 011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn 011

    • 1 лажица путер
    • rn 011

    • 5 суви и лути пиперки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете го јогуртот во сад и додадете го мелениот лук. Потоа, измешајте ги добро.
    2. rn 011

    3. Ставете путер и маслиново масло во тава и мешајте додека путерот не се стопи добро. Потоа додадете ги сувите пиперки и пржете околу 1-2 минути на средна топлина.
    4. rn 011

    5. Распределете ја смесата со пиперките врз јогуртот рамномерно со лажица. Уживајте!
    6. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за јајла чорба со јогурт.

  • Одлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?

    Одлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?

    Ако сте одбрале веганска диета како начин на живот или од здраствени причини одлучувате да постите и да не внесувате храна од животинско потекло, тогаш овој рецепт е за вас. Ова сирење е лесно и брзо за подготовка и е одлично за постите или за мезе со чаша добро вино.rnrnОдлично за постите или за мезе: Како да направите сирење без млеко?rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 г индиски ореви
    • rn 011

    • 1 лажичка босилек
    • rn 011

    • 1 лажичка орегано
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • 1 лажичка и половина нишесте
    • rn 011

    • 1 чешне лук
    • rn 011

    • 1 лажичка сок од цеден лимон
    • rn 011

    • 1 лажичка јаворов сируп
    • rn 011

    • 2 лажички агар-агар во прав
    • rn 011

    • 3 лажици квасец
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Во блендер ставете ги индиските ореви, босилекот, ореганото, солта, нишестето, лукот, сокот од лимон, јаворовиот сируп и квасецот. Ставете 125 милилитри вода и мешајте за да добиете изедначена смеса.
    2. rn 011

    3. Во шерпа ставете 125 милилитри топла вода и 2 лажички агар-агар во прав. Мешајте на средна топлина и когата ќе зоврие додадете ја смесата од блендерот и пак мешајте.
    4. rn 011

    5. Гответе додека не зоврие, а потоа истурете ја смесата во тава. Оставете да отстои во фрижидер 2 часа. Исечете на парчиња и уживајте во вкусот.
    6. rn

    rnПогледнете го и овој рецепт за ладни сендвичи со краставица.

  • Вкусни крцкави соленки кои одат одлично со пиво

    Вкусни крцкави соленки кои одат одлично со пиво

    Одлично мезе за со пиво, а и супер закуска доколку сте гладни…Вкусни крцкави соленки кои одат одлично со пивоПотребни состојки:rn

      rn011

    • 65 г интегрално брашно
    • rn011

    • 180 мл пиво
    • rn011

    • 1 лажичка мед
    • rn011

    • 1 лажица квасец во прав
    • rn011

    • 165 г брашно
    • rn011

    • 3 лажици маслиново масло
    • rn011

    • сол
    • rn011

    • бибер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во голем сад, измешајте ги интегралното брашно, квасецот, пивото и медот. Мешајте со дрвена лажица додека не добиете хомогена смеса, а потоа оставете го тестото да отстои барем 10 минути.rnrnПотоа, додадете го обичното брашно, маслиновото масло и малку сол. На работната маса расфрлајте малку брашно и месете го тестото 5 минути додека не стане еластично и додека не добие мазен и сјаен изглед. Потоа, ставете го тестото во помал сад, намачкајте го со малку маслиново масло и покријте го со крпа. Оставете го еден час на топло место за да нарасне.rnrnРерната загрејте ја на 220 Целзиусови и неколку тави обложете ги со хартија за печење.rnrnТестото извадете го на работната маса, додадете ги остатокот од солта и биберот и уште еднаш убаво измесете го. Со сукало истенчете го тестото во правоаголна форма. Потоа, со помош на нож, засечете тенки долги соленки. Имајте на ум дека при печење соленките малку ќе нараснат, па исечете ги малку потенки отколку што сакате да бидат.rnrnНаредете ги соленките во тавата, со празен простор помеѓу нив, за да можат убаво да нараснат. Печете ги 10-15 минути, притоа еднаш превртувајќи ги.Вкусни крцкави соленки кои одат одлично со пиво
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапче

    Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапче

    За околу 25 минути добивате практична, свежа, здрава и вкусна салата… 🙂rn(1) Брзо и лесно мезе: грчка салата на стапчеСостојки:rn

      rn011

    • 3-4 краставици исечени на крукчиња
    • rn011

    • 1 ½ кг чери домати (купете ги најмалите)
    • rn011

    • 1 шолја маслинки – исчистени од семките и преполовени
    • rn011

    • 1 парче фета сирење исечено на ситни коцки
    • rn011

    • 1 супена лажица свежо исцеден лимон
    • rn011

    • 2 супени лажици масилиново масло
    • rn011

    • ¾ кафена лажица оригано
    • rn011

    • бибер
    • rn011

    • чепкалки за заби
    • rn

    rnПодготовка:rnrnНа стапчето (чепкалката за заби) најпрво боцнете чери домат, потоа краставичка, па маслинка и на крајот, завршете со парче сирење. Повторете ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки. Стапчињата со салата наредете ги на рамна чинија или послужавник, така што сирењето ќе биде најдолу. Попрскајте ги со лимонот и маслиновото масло. Најпосле поросете ги и со ориганото и биберот.rnrnДобар апетит! 😉rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Ручекот е најглавниот оброк во денот кога се претпоставува дека целото семејство треба да е собрано и да ужива во оброкот. Но, некои од нас за време на ручекот не се дома заради работни или други обврски. Тогаш јадеме во ресторани и најчесто, не водиме грижа за тоа колку ќе изедеме. Разни студии покажале дека оние луѓе кои почесто јадат надвор во ресторани, внесуваат повеќе маснотии, сол и калории во организмот. Па така, ако не бидете внимателни со тоа што ќе го нарачете за јадење, таа невнимателност ќе резултира со пополнување на вашата половина.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrnСо овие неколку совети ќе научите како оброците што ги нарачувате може да бидат еднакво здрави како и домашно зготвената храна.rn

    1. Немојте да сте изгладнети

    rn

    Ако не појадувате или не земете некоја здрава ужина во времето до ручекот, тоа може да резултира со прејадување во ресторанот. Вие ќе бидете гладни и ќе сакате да нарачате сѐ што ќе ви изгледа примамливо од менито. Затоа, пред да ручате во ресторан, каснете некое овошје, бадеми, ореви или некој крекер.

    rnrn

    2. Не посегајте по лебот

    rnМногу ресторани служат парчиња леб или фурнаринки во кошница и го даваат заедно со салата или некое макало. Замолете го келнерот да го тргне од масата (освен ако некој колега не сака да го јаде, па понудете му го нему). Така, нема да паднете во искушение и трпеливо ќе чекате да пристигне нарачаното. Побарајте чаша вода и пијте сѐ додека не ви стигне главниот оброк.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    3. Внимателно разгледајте го менито

    rnКога келнерот ќе ви го донесе менито, не брзајте веднаш да му кажете што ќе нарачате. Прочитајте го секое јадење кое ви звучи примамливо, и најважно–прочитајте го начинот на кој се подготвува (дали се пржи, пече, вари…). Скенирајте ги оние оброци кои се подготвени на скара, на пареа, јадења кои се поширани, без тешки сосови. Секогаш има здрави опции во менито. Избегнете ги оние кои се пржени, сотирани или јадења на база на путер или млеко.rn

    4. Прашувајте

    rnНе се плашете да прашате како некое јадење е подготвено или да му кажете на келнерот како главниот готвач да ви го подготви јадењето кое сакате да го нарачате. На пример, наместо пржено пилешко, да биде динстано. Исто така, сосовите кои ќе ги нарачате консумирајте ги во многу мали количини, за да го почувствувате вистинскиот вкус на јадењето.rn

    5. Изберете помали порции

    rnРечиси во сите ресторани има мала, средна, голема и екстра голема порција (или фамилијарна). Разумни порции се малата и средната порција. Ако нарачате голема порција, не мора да изедете сѐ од неа. Побарајте да ви го спакуваат остатокот за дома. Така ќе имате еден вид самоконтрола за тоа колку јадете количински. Друг трик е наместо од одделот за главни оброци, да нарачате од одделот за предјадења. Така, ќе може да нарачате и салата или зеленчук настрана.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    6. Бидете отворени за различни кујни

    rnНе знаете што да нарачате ако сте во Кинески, Мексикански, Јапонски ресторан? Сите кујни имаат пржени јадења или јадења кои содржат многу калории. Еве како вашиот избор да биде поздрав:rn

      rn011

    • Кинески ресторан: Нарачајте сѐ што е готвено на пареа, зеленчуци, тофу, риба, пилешко со сос настрана.
    • rn011

    • Француски ресторан: Месо или морски плодови на брускети или на скара.
    • rn011

    • Индиски ресторан: Пилешко или морска храна, леќа, јадења со кари и басмати ориз.
    • rn011

    • Италијански ресторан: Паста примавера, мариниран мускул, шпагети со доматен сос, морски плодови на скара, пица со тенко тесто.
    • rn011

    • Јапонски ресторан: Суши, шашими, теријаки, јакитори, мисо супа.
    • rn

    rn

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    rn

    7. Не нарачувајте мезе

    rnАко нарачате разни мали мезиња заедно со главниот оброк, тоа ќе доведе несвесно да изедете повеќе одошто е потребно. Запомнете: На мозокот му се потребни 20 минути да добие сигнали за ситост, велат експертите. Затоа, не брзајте додека јадете – јадете полека и мирно.rn

    8. Не нарачувајте десерт веднаш

    rnПрво изедете го главното јадење, па дури потоа, размислувајте да нарачате десерт. Не се знае, може ќе бидете најадени и нема да сакате да јадете повеќе. Ако веќе нарачате, поделете го со колегата или пријателот. Така ќе заштедите и калории и пари.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.