КАФЕ ПАУЗА

Tag: маркетинг

  • Дали маркетинг кампањите го поттикнуваат сексизмот?

    Дали маркетинг кампањите го поттикнуваат сексизмот?

    Медиумите играат огромна улога во нашата перцепција на нештата. Изложени сме на кампањи со моќ да ни го исперат мозокот, а бидејќи одамна е јасно дека сексот продава, тој наголемо се користи во маркетингот. Сите ние сме повеќе или помалку свесни за улогата на жените во маркетингот и за тоа како тој ги претставува жените наспроти мажите. Ова видео кое мора да го погледнете било направено како школски проект, и воедно одлично ги презентира стереотипите во маркетингот.rnrnРекламите отсекогаш биле сексистички настроени кон жените, покажувајќи ги како потчинети на мажите. Можеби најдобар пример за тоа се рекламите од 50-тите, како на пример оваа.rnrnДали маркетинг кампањите го поттикнуваат сексизмот?rnrnНо, денешното време во никој случај не е исклучок, па така жените денес наголемо се „употребуваат“ со цел да се продаде некој производ. Овие стандарди наметнати од медиумите влијаат на тоа како мажите и жените го гледаат женското тело. Така, секоја година сè поголем е процентот на жени кои се изложуваат на опасни хируршки зафати со цел да изгледаат подобро, да имаат поголеми гради, задник, или помала половина. Со еден збор, да изгледаат како девојките од кампањите.rnrnДали маркетинг кампањите го поттикнуваат сексизмот?rnrnЕдно истражување покажало дека над дури 50% од рекламите во женските списанија ги претставуваат жените како предмети, а неретко и како сексуално потчинети. Од друга страна мажите се силни и доминантни. Токму тоа влијае на размислувањето на обичните мажи кои мора себеси да се претстават како силни, истрајни и неретко агресивни, неспособни да чувствуваат или покажат слабост. Како резултат, во последните две децении драматично е зголемена депресијата кај мажите.rnrnДали маркетинг кампањите го поттикнуваат сексизмот?rnrnВо меѓувреме, рекламите стануваат сè понасилни, прикажувајќи ги жените како беспомошни предмети што само го поттикнува насилството.rnrnЗа крај, налик пародија, видеото прикажува како дел од сексистичките реклами би изгледале кога улогите на мажите и жените би биле сменети.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е маркетингот, а што не е?

    Што е маркетингот, а што не е?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnМногу е тажно во државава, од бизнис но и од секаков друг аспект, што или немаме знаење да ја искористиме најдобро моќта и користа на маркетингот или го употребуваме во сосема негативна конотација, да ја изманипулираме и спинуваме публиката со цел да си ги оствариме нашите цели (не размислувајќи како тоа ќе се одрази на другата страна). Денес маркетингот се заснова на концептот „брзо и алчно“. Тој се претвора во политичка кампања, каде сите ветуваат сѐ и сешто a на крајот најдебелиот крај го извлекува крајниот потрошувач.rnrn1-shto-e-marketingot-a-shto-ne-e-kafepauza.mkrnrnМаркетингот/пропагандата според филозофијата на емоционалната интелигенција претставува игра на моќ. Што и навистина е. Преку маркетинг техниките што може да се користат, се манипулира и влијае на публиката. Да си знаете дека ова се однесува на сите нас. И вие сте несвесно под влијание, иако во моментов можеби некои не се сложуваат со ова и си викаат „на мене маркетингот и рекламите немаат влијание“.rnrnМаркетингот е меч со две острици. Дали ќе го користиме правилно и морално, како модел со кој ќе го развиваме нашиот бизнис и преку кој најдобро ќе ги задоволиме барањата на нашите клиенти, или ќе ги користиме неговите „вештерски“ моќи на манипулација и спин, зависи од оној што го користи. Маркетингот ви е како динамитот. Нобел го измислил со цел да го подобри и олесни градежништвото, а не да измисли оружје за масовно уништување.rnrnПроблемот е што сите знаеме маркетинг и сите имаме некој наш цврст и „правилен“ став околу неговото значење, вредност и ефекти. Во Македонија, за жал, ставот кон маркетингот е дека тоа е трошок (се мисли на рекламирањето, а не на маркетингот), дека секој може да го прави (затоа не се внимава многу кој се става во одделот за маркетинг) и малку се инвестира во едукација во маркетинг (да погледнеме само колку обуки за маркетинг се нудат на пазарот, а колку од другите области на доедукација). Но, поради тој став и гледиште кон маркетингот, јас верувам дека Македонија е на ова ниво на економски развој. И од аспект на држава и бизнис имаме фантастичен потенцијал, но не знаеме да го искористиме.rnrn0-shto-e-marketingot-a-shto-ne-e-kafepauza.mkrnrn rn

    „Маркетингот не се користи за да ја зголеми продажбата, тој треба да се користи да ги развива односите со клиентите.“ – Колин Тарнер (автор)

    rn

      rn011

    • Маркетингот е срцето на компанијата. Од него треба сѐ да почне и да заврши. И така цело време – тој не е само сектор во компанијата.
    • rn011

    • Маркетингот е секој наш потег, активност или стратешка определба – тој не е трошок за реклама.
    • rn011

    • Маркетингот не е да продадеш повеќе по секоја цена – туку тој е да ги задоволи потребите и желбите на клиентите.
    • rn011

    • Маркетингот значи вклученост на клиентот – тој не е убедување во нашите ставови и желби.
    • rn011

    • Маркетингот значи знаење, креативност и енергија – тој не значи огромен буџет.
    • rn011

    • Маркетингот е известување на клиентот за вистинските вредности на производот/услугата – тој не е манипулација и спин (за остварување на своите лични цели).
    • rn011

    • Маркетингот значи поврзување на производот со купувачот – тој не е лансирање на производ кој му се допаѓа на директорот.
    • rn011

    • Маркетингот додава вредност (го јакне брендот) – тој не е „само“ промоција на производот.
    • rn011

    • Маркетингот го комуницира карактерот на производот/услугата – тој не е само рекламирање на карактеристиките и користите на производот/услугата.
    • rn

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Новите правила на маркетингот и на односите со јавност“ – Дејвид Мирман Скот

    Книга: „Новите правила на маркетингот и на односите со јавност“ – Дејвид Мирман Скот

    (1) kniga-novite-pravila-na-marketingot-i-odnosite-so-javnost-dejvid-mirman-skot-kafepauza.mkОние кои барем малку се заинтересирани за маркетингот како моќен процес на комуницирање со купувачите веќе се запознаени со фактот дека Интернетот ги измени правилата неповратно. А оние кои работат во полето, веќе ги користат овие правила за да ги претркаат конкурентите. Дејвид Мирман Скот го нарекуваат стратег на онлајн-визионерството и е дефинитивно еден од најценетите маркетинг консултанти во светот, особено кога станува збор за пионерски стратегии кои им пркосат на традиционалните. Неговата книга „Новите правила на маркетингот и на односите со јавност“ е на некој начин збирка од сите совети и насоки кои ги споделува години наназад на неговиот добро прочуен блог и за многумина токму оваа книга преставува совршен водич за секој амбициозен маркетиншки професионалец.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnКнигата опфаќа сè од старите правила на маркетингот и причините зошто не се применливи во новите околности, па до новите правила кога станува збор за користење социјални медиуми, блогови, соопштенија за јавноста, онлајн соби за медиуми и многу повеќе. Покрај делот посветен на старите vs. новите правила, Скот посветува значаен дел на интернетските комуникации за директно обраќање на купувачите како и на развивање акционен план за искористување на моќта на новите правила. Низ точно 270 страници раскажување во лесен, блогерски стил, со свежи примери кои многу лесно ќе ги препознавате и подоцна кога ќе ги среќавате во пракса, Скот ви нуди книга која ќе ве натера да се почувствувате како вистински маркетинг гуру.rnrn(2) kniga-novite-pravila-na-marketingot-i-odnosite-so-javnost-dejvid-mirman-skot-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали сте посветени следбеници на сите можни социјални мрежи или пак сте претприемач кој се бори за поголемо парче од пазарот сигурно ќе наидете на дел кој особено ве интересира и во кој се пронаоѓате. Одбрав некои од моите најомилени совети, чисто да ви измамам слатко-горко исчекување додека не се најде во вашите раце.rn
    rn

    „Содржината е она што на организациите може да им ја обезбеди веродостојната и лојалноста на купувачите, па денес, умните маркетиншки експерти размислуваат и се однесуваат како издавачи со цел да создадат и да испорачаат содржина насочена директно кон нивната публика.“

    rnrn

    „Во веќе подостарениот интернетски свет на безброј телевизиски станици, на Јутјуб, Тиво и на блогови, трошењето многу пари на реклами е слично на нарачувањето портрет во деветнаесеттиот век – можеби ќе се чувствувате добро заради тоа, но дали сте заработиле нешто?“

    rnrn

    „Наместо да насочувате големи буџети кон поедноставени телевизиски реклами чија цел е да им кажат нешто на масите, па така, всушност, никому и не се обраќаат, мораме да размислиме кои се пораките што би сакала да ги слушне публиката од нашиот пазарен сектор.“

    rnrn

    „Кога имате ексклузивни вести, пласирајте ги вирално. Виралниот маркетинг – да се наведат другите наместо вас понатаму да ја шират приказната – е еден од највозбудливите и најмоќни начини за стигнување до целната публика.“

    rnПокрај советите, живото раскажување и примерите кои навистина ќе ви се врежат во сеќавање, она што прво ми го привлече вниманието е што многу од оние „стари правила“ на маркетингот ги препознав во нашето медиумско опкружување и сигурна сум дека нема незабележано да се провлечат ниту кај вас. Книгата е напишана во 2011 година и за оние коишто мислат дека „новите правила“ се веќе застарени, според мене, во Македонија има уште многу простор за нивна примена.rnrnЗа крај, доколку не можете да се решите дали е оваа книга вистинското четиво за вас, Дејвид Мирман Скот има едноставна препорака:rn
    rn

    „Доколку сте како милионите умни маркетиншки експерти чија цел е директната комуникација со купувачите, продолжете да читате. Доколку настојувате својата организација да ја направите повидлива на Интернет, продолжете со читањето. Доколку сакате да ги вовлечете луѓето во продажниот процес на вашата компанија за да купат навистина нешто, продолжете да читате.“

    rn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 19 февруари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Најдобрите реклами за 2013 година

    Најдобрите реклами за 2013 година

    Порталот „AdWeek“ ја објави листата со најдобрите реклами за оваа година. На прво место се најде одличната реклама на компанијата „Dove“. На второ место е рекламата на компанијата „RAM Trucks“, направена за да се прикажува за време на американскиот „SuperBowl“, додека на трето место се најде рекламата за пивото „Guinness“.rnrnНајдобрите реклами за 2013 година rnrnВо продолжение погледнете ги трите реклами, кои ги одбра овој портал.rn

    1. Dove

    rnrnrn

    2.RAM Trucks

    rnrnrn

    3. Guinness

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Маестрално смислени билборди и рекламни постери

    Маестрално смислени билборди и рекламни постери

    Добрата реклама е нешто во што секоја позната компанија вложува големи средства и напори. Визуелното е секогаш помоќно од напишаното, а за тоа говорат овие паметно смислени рекламни билборди и постери.rnrnМаестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери Маестрално смислени билборди и рекламни постери rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што продава? Сексот!

    Што продава? Сексот!

    Сексот продава, и тоа е така од памтивека. Од автомобили, облека, шминка па дури и храна, разголените атрибути, најчесто на женското тело, се оние кои ја вршат продажбата. Гола нога, стомак, гради или задник – нема подобра маркетинг кампања. Со разголеност можеш да продадеш и автомобил и пире.Што продава? Сексот!Многу археолошки пронајдоци може да ве поттикнат на размислување дека перверзниот ум не е новост од 21-иот век (уху, баш напротив). Токму фигурата на Вилендрофската Венера некои ја интерпретираат како доказ колку човечкиот ум уште од многу одамна бил опседнат со сексот и со истакнатите атрибути на човековото тело. Сега се прашувам, ако денеска се гледаат порно филмови, дали ваквите статуи биле супституција за порничите во времето на палеолитот? Ок, шала на страна…rnrnSunrise на Simply red ми е една од омилените песни и секогаш се наоѓа на листите кои си ги слушам по дома, но едно нешто не ми е јасно. Кога текстот е толку прекрасен, а и вокалните способности на музичарот исто така, зошто им биле полуголи девојки во спотов? А не е единствен пример. Ги има многу. Рапери со „валкани“ стихови и разголени девојки, ок, можам да ги поврзам точките, ама зошто тој некој настран музички менаџер би помислил дека една ваква песна треба да биде промовирана со разголеност кога сама по себе има потенцијал да биде вистински евергрин?rnrnРазголеноста е само уште една маркетиншка финта за да се привлече вниманието на јавноста. Експлицитни фотографии, контроверзни натписи, тоа е она што продава.Што продава? Сексот!Кога сме биле мали сме сонувале да бидеме балерини, учителки, пилоти и што уште не. Ама се сомневам дека во листата на желби некои девојчиња навеле дека сакаат да ги тресат задниците покрај некој рапер за да му помогнат да има гледаност, а воедно за цела јавност да им се насладува. Жалосно е што младите повеќе тежнеат кон промоција на своето тело наместо на својот памет.rnrnОва упорно ме наведува на размислување. Проститутките јавно си кажуваат што се и дека си имаат тарифа за сопственото тело. А што мислите, јавната разголеност не е продавање? Тој што ги излажал тие девојки, да им ги врати парите.rnrnЕлиrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

    Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење

    Оваа огромна скулптура на змеј е иновативна креација целосно направена од 10.000 кинески стапчиња за јадење. Змејот е направен за да го промовира отворањето на ресторанот„Aziatage Café“ во Екатеринбург, Русија минатата година. За да го привлечат вниманието на минувачите, маркетинг агенцијата Voskhod ги ангажирала момците од агенцијата StreetArt кои помогнале во осмислувањето на оваа интересна кампања.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеСекој случаен минувач кој сакал да учествува во креирањето на големиот змеј, добивал по еден пар стапчиња за јадење. Едното го сместувал во однапред направени дупчиња на таблата, притоа замислувајќи си желба, додека второто стапче служело како потврда за 10% попуст за првиот оброк во ресторанот. Големиот змеј се наоѓал веднаш до главниот влез на ресторанот, а во видеото подолу ќе можете да го погледнете целиот процес на создавање на змејот.Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадење Огромен митски змеј направен од 10.000 кинески стапчиња за јадењеrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието

    Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието

    Да се создаде паметна идеја за маркетинг кампања и да се реализира за да ги привлекува погледите на минувачите е вистинска уметност и воопшто не е лесна задача. Треба да се употреби голема интелигенција за да се испромовира некој производ или услуга на невиден начин и тоа да има голем ефект врз луѓето. Ова е еден мал дел одлично смислени маркетинг кампањи.Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманието Одлично смислени маркетинг кампањи кои ќе ви го привлечат вниманиетоГалеријата продолжува на втората страница. rn

  • Маркетинг кампања за градот на иднината

    Маркетинг кампања за градот на иднината

    Ова е една неодамнешна маркетинг кампања на компанијата „IBM“ наречена „People For Smarter Cities“, каде што тие ги повикуваат луѓето да разменат идеи за градот на иднината, односно да споделат идеи како би го направиле својот град подобро место за живеење.Маркетинг кампања за градот на иднинатаМаркетинг компанијата „Ogilvy & Mather France“ направила многу интересни билборди за целите на оваа кампања, кои можат да послужат како клупа, натстрешница за заштита од дожд или снег или како рампа за преку скали. Овие билборди можат да се видат низ Париз.Маркетинг кампања за градот на иднинатаМаркетинг кампања за градот на иднината
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул изненадување во лименка Кока-кола

    Кул изненадување во лименка Кока-кола

    Фабриката на радоста продолжува со силниот и ефикасен маркетинг. Овој пат се посвети на лименките Кока-кола. Направила одличен редизајн, преку кој најдобро го оправдува сопственото мото „споделете радост“…(1) Кул изненадување во лименка Кока-колаНема да ви ги откриеме деталите, за да не ви го расипеме изненадувањето. Погледнете за што се работи. :)rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn