Автор: Ивана ГрујоскаrnrnПатот на комерцијалниот успех на кафето е добиен преку потенцирање на квалитетите што ги поседува. Во минатиот век се водела доста застрашувачка кампања против него. Се кршеле копја околу ефектот на кофеинот врз здравјето на човекот, а производителите на безкофеинското кафе триеле раце и уште повеќе го засилувале пожарот во жариштето на целата битка што се водела околу обичното кафе. И покрај нивните напори, тие не успеале да ја намалат неговата популарност.rnrn
Кафето прави да се чувствувате добро
rnОна што го прави кафето втор најпродаван производ во светот, е комбинацијата од неговиот вкус и освежувачкиот ефект што го има врз нас, кој сите го знаеме и сакаме. Кафето е убаво за пиење и прави да се чувствуваме добро додека го консумираме. Затоа, направете си една кафе пауза.
rn
Не задоволувајте се со второкласни работи
rnАко има нешто што сите производители на кафе го тврдат, тоа е дека тие се најдобри провајдери на вашата дневна доза. Животот е премногу краток за лошо кафе, не можете да добиете добар напиток од потпросечен производ.
rn
Кафето ве прави попосакувани
rnВистина е тоа што го велат. Полесно ќе напредувате во животот ако се однесувате како возрасни и пиете кафе, а истовремено ќе бидете гламурозни и сите ќе ве сакаат.
rn
Кафето е важно за социјалните врски
rnКупишта реклами за кафе, било да се телевизиски или печатени, му придаваат важно место на кафето како социјален лубрикант.
Еве и неколку стихови од реклама за кафе:rnrn
„Доброто кафе е како пријателството: богато, топло и силно.rnКафето е толку корисно…rnНишто друго не може толку да ви се доближи.rnПравете го секогаш на овој начин: црно и богато,rnдајте му карактер, благословете го со јачина,rnИзвлечете го од него сиот благодет што доброто кафе може да го даде,rnПравете го кафето такво. Правете го често. Правете го како што треба.“
rn
Кафето е добро за бракот
rnКафето е добро за пријателствата, но исто така се чини дека е и клуч за среќата во сечиј семеен дом.
rn
Машините за кафе се важни за да се чувствувате добро со себеси
rnСјајните играчки за кафе го вртат светот….
rn
Кафето е најдобриот начин за започнување на денот
rnКафето ќе ве подигне наутро и ќе ве одржува будни цела ноќ. Тоа внесува енергија во секој ваш чекор. Ќе ве одржува во текот на целиот ден.
rn
Кафето е искуство за сите сетила
rnКафето е вкусно. Ве разгалува. Делува инспиративно врз сетилото за вкус, меѓутоа и убаво мириса и ù дава пријатно чувство на вашата уста. Аромата е битна.

rn
Кафето треба да биде едноставно
rnВистинската привлечност на инстант кафето е во неговата брза и лесна подготовка. Совршено е за оние кои немаат многу време. Едноставноста е сѐ.
rn
Свежото кафе е најдобро
rnЛуѓето знаеја дека свежината на кафето е важна уште на почетокот на ’30-тите години…. или барем така изгледа.
rn
Тоа го знаеја и во ’50-тите
rn
Складирањето е битно
rnИсто така е важно да се задржи воздухот надвор од вашиот сад за кафе.
Свежо меленото кафе е најдобро…. Без конкуренција…
rn
Процесот е важен
rnПокажувањето разбирање за процесот на правење на кафето, секогаш била добра стартна точка за истакнување во однос на конкуренцијата.
rn
Безкофеинско кафе – кофеинот ве прави луди (или можеби не?)
rnСе користеле и патетични маркетинг трикови како на пример: „бескофеинското кафе ги прави старите луѓе пофини“ или „Помала е веројатноста дека татковците ќе ги удираат своите деца, а исто така има повеќе шанси дека фармерите почесто ќе ги молзат своите крави“.
Жешко како Сонцето или ладно како Северниот пол, кафето е напиток што ќе ви ја стопли душата. Оваа реклама е од ’40-тите.
Еве една реклама за безкофеинско кафе од ’50-тите.
Еве и реклама за една поранешна „замена“ за кафето.
rn
Никој не ја одбива препораката од славните
rnЏорџ Клуни, Ал Пачино и Роже Федерер се модерен пример на славни кафе-консументи, но поддршката на кафето од славните личности датира од толку одамна, колку и рекламната кафе-индустрија сама по себе.
rn
Треба да се лаже за да се продаде инстант кафе
rnНема реклама за инстант кафе која претставува приказ на реализам или вистина. Затоа што нема таква реклама која ќе каже дека нејзиниот производ има вкус на нечистотија. Но, огласувачите на инстант кафето низ историјата, навистина ја наметнаа „вистината“, кога почнаа да тврдат дека нивниот инстант напиток е подобар од вистинското кафе.
И еве ги почетоците на династијата на „Нескафе“ и нивните заведувачки реклами, кои кулминираа во денешниот популарен тип „Green Blend“.


rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.