КАФЕ ПАУЗА

Tag: малтретирање

  • „До личноста која емоционално ме уништи!“

    „До личноста која емоционално ме уништи!“

    Физичкото малтретирање е реално и е многу почесто отколку што луѓето мислат. Доколку сте во емоционално или физички насилна врска, треба да знаете дека заслужувате љубов и поддршка. Никој не заслужува да биде малтретиран. Треба да знаете и дека без разлика кој ве малтретира, или колку и таа личност да зазема голем дел од вашиот живот, закрепнувањето е возможно. Во продолжение прочитајте го следниов текст, и знајте дека тоа не е ваша вина и дека не сте сами!rnrnДо личноста која емоционално ме уништи!rnrnНекогаш, бев девојка која веруваше во добрината на луѓето, дури и кога таа не постоеше. Верував дека доколку си добар кон некој, тој ќе возврати со љубов, но ти, малку по малку, ме уништи. И покрај мојата љубов, на крајот ти се извлече со убиство.rnrnЗнам дека беше лудо што толку брзо почнав да ти верувам и да те сакам. Сите ја видоа темнината во тебе, освен јас. Сите предупредувачки знаци беа таму, но сè што гледав јас беше личност со проблеми на која ѝ е потребна љубов и прифаќање. Но, како минуваше времето, ти ми го скрши духот.rnrnЦелиот мој фокус го ставив на тебе, дури и ги избегнував луѓето кои ме предупредуваа дека си опасен. Им реков дека си добар и дека само си имал лошо минато. Во првите недели, поверував дека си ми сродна душа, но подоцна почна да се повлекуваш. Кога бев со тебе, ти беше ладен и безобразен. Ја обвинуваше депресијата, но ти самиот беше темен, гневен и немотивиран.rnrnКршеше ветување по ветување, и иако се трудеше да ставиш маска за да покриеш сè, црната дупка во тебе почна да се појавува.rnrnИ додека ме игнорираше, додека велеше дека сум луда, кажувајќи лага по лага, ти почна и физички да ме повредуваш. Конечно реков: доста е! Ти кажав дека е готово. Сакав да се отселиш од мојот дом и да одиш некаде, бидејќи не можев да издржам повеќе. Но, на ова ти ми возврати со манипулации, направи да чувствувам жал за тебе. Ти дадов време да најдеш друго место за живеење, додека јас почнав да ги пакувам своите работи со цел да започнам нов живот, без тебе и без твојата темнина.rnrnНо, пред да добијам можност, ти ме нападна и проба да ми го одземеш животот. Ова беше толку нереално за мене. Се почувствував како во хорор филм во кој ти си монструмот.rnrnЧудо е што преживеав. Додека сè уште бев во болница, не можев да поверувам како некој може да направи нешто вакво. По нападот, ти исчезна. Лудо е, бидејќи мислев дека траумата и болката во срцето која ми ја нанесе ќе бидат доволни, претпоставив дека полицијата ќе те уапси и дека правдата ќе биде донесена по секоја цена.rnrnНо, манипулациите на еден нарцисоиден психопат не завршија овде. Се обиде да ме наместиш дека јас сум те нападнала тебе, и им кажа на сите дека јас сум луда и опасна. Но, светот знаеше поинаку. Додека лежев во постела, обидувајќи се да заздравам, ти велеше дека самата сум си го сторила тоа. Се обиде да ми го одземеш животот, оставајќи ме трауматизирана, без способност повторно да верувам на некого. Сакаше да направиш дека јас сум лошата во оваа приказна.rnrnИако полицијата знаеше дека ти си напаѓачот, сепак дојдоа да ме испрашуваат. Дали можете да замислите некој да ви ја направи најужасната работа, и потоа вас да ве прашуваат дали вие сте монструмот?rnrnКога на крајот мораше да платиш за сè што направи, направив спогодба со тебе, само за да не морам да те погледнам повторно во очи и да ја видам темнината која порано очајно се обидував да верувам дека не е таму.rnrnСо години живеев во незадоволство и лоши сеќавања, оттргнувајќи ги луѓето од мене, обидувајќи се да избегам од темниот облак кој го остави над мојот живот. Од вечен оптимист, кој веруваше дека постои светлина дури и во најтемните луѓе, преминав во личност која се плаши да погледне во некој кој не го познава.rnrnМи покажа дека секој е способен за сè, и без разлика што една личност вели или прави еден ден, наредниот може да ти го одземе животот.rnrnДеновите откако се случи тој настан, знаев дека нешто се смени во мене и дека никогаш повеќе нема да бидам истата. Како што минуваше времето, симптомите на мојот посттрауматски стрес пораснаа и почнаа да се покажуваат. Некое време се обидував да го завршам тоа што ти го започна, и дојдов до точка на самоуништување. Сакав да почувствувам што било освен таа темнина и тие трауматизирани сеќавања што ми ги остави во мојот ум.rnrnЛуѓето ми велеа: „Браво! Чудо е што си преживеала!“ Но, јас не гледав чудо. Зарем не гледаа дека не сум повеќе јас? Зарем не ја гледаа сенката која беше единственото нешто што остана од мене?rnrnСо години верував дека сум засекогаш изгубена. Се обидов да го завршам она што ти го започна, бидејќи не знаев како да продолжам без делот од мене кој ти го уништи.rnrnНо, и покрај сите лоши работи кои ми ги нанесе, и покрај тоа што никогаш повеќе нема да го гледам светот преку розови очила, со текот на годините, бегајќи од траумата која ми ја нанесе, конечно почнав да се склопувам парче по парче.rnrnСеќавањата конечно почнаа да бледнеат, и искрено, мислам дека намерно го уништив твоето лице во мојата меморија, бидејќи штетата која ми ја нанесе, штетата која никогаш нема да исчезне, нема никаква врска со тебе како личност. За мене, ти си мртов. Но, мојата неспособност да верувам, константниот страв и анксиозноста од луѓето – тоа никогаш нема да исчезне.rnrnПаранојата што ја имам дека некој ќе помине низ мојот ѕид, ќе ја стекне мојата доверба, а потоа ќе го уништи остатокот од мене – никогаш нема да замине.rnrnСекогаш ќе имам страв дека ако пуштам некого во мојот живот, ќе се инфилтрира во мојот дух и ќе ми го одземе она што останало од мене. Но, овие работи се толку мали во споредба со фактот дека јас сега сум борец. Во целата темнина, болка и терор, јас преживеав и започнав да ја потполнувам дупката која ми ја остави. Пронајдов нова, посилна верзија од мене.rnrnИ иако беше многу тешко, ти ми покажа дека јас сум борец и дека никој не може да ми го одземе тоа. Ти можеби емоционално уби голем дел од мене, но никогаш нема да бидеш способен да ја убиеш силата на мојот дух!rnrnДознајте и кој е скриенот знак што ги издава луѓето кои се жртви на физичко насилство.

  • Малтретирањето постои и кај возрасните: Како да се справите доколу сте жртва?

    Малтретирањето постои и кај возрасните: Како да се справите доколу сте жртва?

    На сите им е јасно дека малтретирањето е лошо и може трајно да ги повреди луѓето. Всушност, голем број луѓе извршиле самоубиство токму поради малтретирање, додека други целосно ги промениле нивните животи.rnrnМалтретирањето постои и кај возрасните: Како да се справите доколу сте жртва?rnrnСекој од нас има некаква замисла за малтретирачите. Најчесто ги гледаме како агресивни постари деца, кои се „изживуваат“ врз помладите и помалите. Луѓето очекуваат да слушнат за малтретирање на училиште или на игралиште и ова го сметаат за „нормално“. Но, малтретирањето може да се случи на секоја возраст, а последиците од него се навистина штетни.rnrnДоколку сте возрасна личност која е жртва на малтретирање, веројатно е потешко другите да ве сфатат сериозно. Можеби ќе ви даваат совети да го игнорирате, да бидете поголемата личност и да не предизвикувате проблеми. Но, никој нема право да ве малтретира и вие не смеете да трпите никаква форма на насилство. Доколку сте жртва на малтретирање, погледнете како можете да се справите со тоа.rn

    1. Дишете свесно

    rnКога сте малтретирани на која било возраст, навистина е лесно да изреагирате без размислување. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, вдишете длабоко и центрирајте се пред да прозборите. За да го направите ова, вдишувајте броејќи до четири, а потоа издишувајте броејќи до четири. На овој начин вашиот нервен систем ќе има време да се смири, а вие ќе имате подобра перспектива на нештата.rn

    2. Сфатете дека малтретирањето е рефлексија на болката на другата личност, а не на вашата

    rnДоколку сте малтретирани како возрасни, лесно е да го поврзете ова со некоја ваша грешка. Но, ниту едно здраво човечко суштество нема да малтретира некој друг. Одвојте време да отстапите и сетете се дека секој негативен збор или дејство против вас од друга личност, е директна рефлексија на нејзините несигурности и болка.rn

    3. Преиспитајте ги вашите граници

    rnДоколку сте малтретирани како возрасни, добро би било да размислете на кого му дозволувате да биде дел од вашиот живот. Доколку постојано сте малтретирани од една личност, создадете здрава граница за себе и отстранете ја оваа личност од вашиот живот. Никому не должите објаснување за оваа постапка. Ставете се на прво место.rn

    4. Никогаш не одговарајте му на малтретирачот

    rnОвие луѓе често бараат одговор. Немојте да ескалирате, туку оттргнете се од оваа личност. Доколку ве малтретира онлајн, можете да го чувате разговор како доказ и да го пријавите.rn

    5. Чувајте податоци

    rnЧувајте ги сите коментари, пораки и други докази. Сите податоци чувајте ги на едно место и имајте ги во две копии, на различни уреди. Исто така можете да водите дневник каде што ќе запишувате што и кога се случило. Доколку знаете кој е малтретирачот, запишете го и тоа, како и што сте направиле за да ја подобрите ситуацијата.rn

    6. Пријавете го малтретирачот

    rnДоколку сте малтретирани онлајн, можете да го пријавите профилот на корисникот што ве малтретира. Замолете ги и вашите блиски да го направат истото – колку повеќе поддршка имате толку се поголеми шансите да се деактивира профилот. Исто така, пријавете ја вашата ситуација во полиција и тие ќе ви кажат што друго можете да преземете.rn

    7. Водете грижа за себе

    rnНајтешкиот дел од малтретирањето се менталните и емоционалните последици. Најдете некоја група за поддршка на малтретирани лица, или разговарајте со некој што поминал низ истото. Нема ништо срамно во тоа да побарате помош за да ја надминете ситуацијата. Потребна е храброст за ова, но на крај ќе ви се исплати.rnrnПогледнете и како да се справите со прикриеното вербално малтретирање.

  • Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

    Методот на Финска против малтретирањето во училиштата

    Не е тајна дека училиштата во Финска претставуваат пример што секој треба да го следи, најмногу бидејќи образованието на децата им е приоритет. Проектот KiVa е програма против малтретирање која се користи во училиштата во Финска, со цел да му се стави крај на училишното малтретирање. Оваа иницијатива е од голема важност, бидејќи според статистиката, една третина од младите тинејџери ширум светот неодамна се соочиле со малтретирање.rnrnМетодот на Финска против малтретирањето во училиштатаrn

    Методот KiVa

    rnОвој метод се состои од програма против малтретирање создадена од Министерството за образование во Финска. Името потекнува од Kiusaamista Vastaan што во превод од фински значи „против малтретирање“. Програмата е создадена во 2007-ма година и истата година го намалила малтретирањето за 40%. Засега, 90% од училиштата во Финска ја применуваат програмата и успеале да го отстранат малтретирањето од училниците.rnrnЦелта на KiVa е да ги направи учениците свесни за опасностите од малтретирањето и да им помогне да станат бранители за малтретираните деца. Децата повеќе не се пасивни сведоци и знаат дека доколку заедно се соочат со малтретирачот, тој нема да повреди друго дете.rnrnПрограмата е базирана на интервенција и превенција и функционира на следниов начин:rn

      rn 011

    • Се користи виртуелно поштенско сандаче каде што малтретирањето може да биде пријавено анонимно.
    • rn 011

    • Има наставник на кој децата можат да му веруваат, бидејќи на училиште им е потребна возрасна личност која ги слуша, разбира и која се грижи за нив. За време на одморите, наставниците го набљудуваат однесувањето на децата.
    • rn 011

    • Ја поддржуваат жртвата и ги подучуваат сведоците. Има 3 наставници експерти кои се одговорни за утешување на жртвата и разговарање со малтретирачот додека не се реши проблемот.
    • rn 011

    • Се работи на емоции и вредности. Децата учат како да ги идентификуваат чувствата на нивните врсници преку невербална комуникација и работат на емпатија и почит кон другите.
    • rn

    rnУчениците кои се вклучени во овој метод добиваат околу 20 предавања на 7, 10 и 13-годишна возраст. На овој начин експертите можат да ги идентификуваат разните видови малтретирање во зависност од возраста и можат да му стават крај.rn

    Држави што го применуваат методот

    rnПоради неговиот успех, овој метод е имплементиран и ќе се имплементира и во други држави. Во 2015-та година, програмата беше прифатена во латино-американските држави како Аргентина, Колумбија, Шпанија, Мексико и Чиле. Дотогаш, содржината била достапна само на англиски, па методот се користел во двојазични училишта. Други држави, како Холандија, Велика Британија, Белгија, Италија, Естонија, Луксембург, Шведска, Нов Зеланд и Унгарија, исто така започнале да го користат методот во некои од нивните училишта.rn

    Што да направите доколку вашето дете е малтретирано?

    rnДоколку детето ви каже дека е малтретирано, најдобро е да следите неколку правила:rn

      rn 011

    • Покажете му дека може да ви верува. Ова е најдобриот начин да создадете атмосфера за разговор и разбирање.
    • rn 011

    • Објаснете му на детето дека тоа не е виновно и дека ќе бидете покрај него без разлика на сè.
    • rn 011

    • Информирајте ги наставниците за проблемот. Тие треба да бидат свесни што се случува во училницата и да најдат начин да го решат проблемот.
    • rn 011

    • Покрај вашата поддршка, понекогаш од помош е и професионалец. Ова ќе му помогне на детето подобро да се справи со ситуацијата.
    • rn

    rnПогледнете ги и овие совети со кои ќе му помогнете на вашето дете доколку е жртва на малтретирање.

  • Постои Фејсбук група во која колегите од факултет ја исмејувале Лејди Гага за нејзината желба да биде позната

    Постои Фејсбук група во која колегите од факултет ја исмејувале Лејди Гага за нејзината желба да биде позната

    Животната приказна на Лејди Гага докажува дека никој не станува голем без да му се случи некоја катастрофа. Во периодот кога ја започнувала нејзината кариера, „непријателите“ на Лејди Гага направиле Фејсбук група насловена „Стефани Германота, никогаш нема да станеш позната“.rnrnКолегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувалеrnrnНеодамна луѓето дознаа за оваа мала заедница и веднаш се вљубија во нејзината иронија. Во групата се наоѓаат фотографии од млада 18-годишна студентка од Њујорк која свири пијано во локални барови. Исто така имало и жестоки коментари со кои ја обвинувале тогаш надежната ѕвезда дека само барала внимание.rnrnКолегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувалеrnrnЕдна жена по име Лорен Бон била бруцош во Њујорк кога ја забележала групата и ја споделила со јавноста во 2016-та година со објава на Фејсбук.rn

    „Кога бев бруцош на Универзитетот во Њујорк и Фејсбук постоеше само една година се сеќавам дека налетав на Фејсбук група што ми го скрши срцето. Нејзиното име беше ‘Стефани Германота, никогаш нема да бидеш позната’“, напишала Лорен на објавата.rnrn„Исто така се сеќавам дека едно момче објави флаер за една од нејзините следни свирки во локалниот бар. Очигледно го нагазил флаерот бидејќи се познаваше кал од неговиот чевел околу нејзиното име.“

    rnКолегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувалеrnrnНекој период жената целосно заборавила на групата и на Стефани Германота. Но околу 5 години подоцна, го читала профилот на Лејди Гага во списанието New York Magazine и сфатила за кој станува збор. Таа напишала:rn

    „Стефани, ти благодарам. Ти благодарам што секогаш мислеше дека си суперѕвезда, што ги искористи твоите пукнатини за да ѝ дозволиш на светлината да влезе повеќе. Луѓе, да ја следиме.“

    rnКолегите од факултет на Лејди Гага направиле Фејсбук група во која ја исмејувалеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како да му помогнете на вашето дете ако е жртва на малтретирање?

    Како да му помогнете на вашето дете ако е жртва на малтретирање?

    Смртта на 9-годишниот Џамел Мајлс кој се убил поради хомофобично малтретирање го потресе светот. Леја Рошел Пирс од Денвер, Колорадо, изјавила дека нејзиниот син бил горд што им кажал на неговите соученици дека е геј.rnrnrnrnПрво ѝ кажал на мајка му во текот на летото, но кога се вратил на училиште не спомнал ништо за малтретирањето. Четири дена од почетокот на наставата, мајка му го пронашла мртов. Најстарата ќерка на Пирс, по неговата смрт ѝ кажала дека Џамел бил малтретиран.rn

    „Син ми си дошол дома и ѝ кажал дека децата од училиштето му викале да се убие. Не ми кажа ништо и тоа ме боли бидејќи ќе го разберев и ќе го одбранев. Се чувствувам одговорно бидејќи не ја видов болката во очите на моето малечко. Моја е вината, не знаев.“

    rnМалтретирањето е сериозен проблем во училиштата, а благодарение на онлајн комуникацијата, дел од малтретирањето се случува и на социјалните мрежи. Едно истражување покажало дека 40% од младите се малтретирани за нивните академски способности, а над 39% изјавиле дека ова имало влијание на нивните оценки.rnrnРечиси половина од учениците кои припаѓаат на ЛГБТ заедницата се малтретирани поради личностите коишто сте. 46% од младите се анксиозни кога станува збор враќањето во училиште поради малтретирањето, а 70% од родителите сметаат дека наставниците не прават доволно за да го спречат ова.rnrnДоколку и вашето дете е жртва на малтретирање, постојат неколку начини на коишто можете да му помогнете.rn

    1. Кажете му дека не е слабо бидејќи е малтретирано

    rnДоктор Мајкл Дјук, психијатар кој има над 30 години искуство во работа со деца изјавил:rn

    „Малтретирањето цути во тајност и малтретирачите постојат кога малтретираната личност се чувствува немоќно. Луѓето кои се малтретирани не се жртви, тие се луѓе кои неправилно станале нечија мета. Потребна е вистинска храброст да се побара помош.“

    rn

    2. Охрабрете го да зборува

    rnДоктор Мајкл додал дека малтретирачите контролираат благодарение на таинственоста. Охрабрете го вашето дете да разговара за сите проблеми што ги има на училиште и нагласете дека ова ја намалува моќта на малтретирачот.rn

    „Моето професионално и лично искуство ми покажа дека штом некој ќе побара помош, патот кон поддршката и безбедноста станува јасен. Секој има право да се чувствува безбедно.“

    rnТој ги охрабрува возрасните и децата да побараат помош кога се малтретирани. Молчењето само ќе му даде сила на малтретирачот.rn

    3. Побарајте поддршка од детските организации

    rnОрганизациите што ги подржуваат членовите на ЛГБТ заедницата ги охрабруваат родителите да соработуваат со нив со цел да им помогнат на нивните деца.rn

    „Секоја година имаме ден за семејство и пријатели каде што луѓето можат да споделуваат и да созреваат заедно. Ако родителите сметаат дека на децата им е потребна поддршка, контактирајте ги организациите.“

    rn

    4. Предизвикајте ги училиштата што не интервенираат кога има малтретирање

    rnПрофесор Иан Риверс, директор на Училиштето за образование на Универзитетот во Глазгов изјавил дека училиштата треба да бидат одговорни за нивните ученици.rn

    „Важно е училиштата да ги заштитат млади луѓе кои се идентификуваат како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови личности. Факт е дека луѓето се прашуваат за нивната сексуална ориентација во основно и средно училиште. Ова ја демонстрира изолацијата и немоќта што ја чувствуваат кога се малтретирани. И родителите треба да бидат силни и да ги предизвикаат училиштата што не дејствуваат. Потребно е да се најде интервенција што функционира со сите видови малтретирање, но интервенциите кои промовираат тренирање на социјални и емоционални вештини се покажуваат како успешни.“

    rnТој исто така додал дека ниту едно 9-годишно дете не треба да помисли дека самоубиството е единствениот излез од малтретирањето.rn

    „Додека има навистина многу посветени наставници, училишта и власти кои се обидуваат да го спречат малтретирањето на ЛГБТ заедницата, она што се случи со Џамел е болен потсетник дека има уште многу работа. Училиштата треба да бидат место каде што секоја млада личност се чувствува безбедно.“

    rnДознајте и кои се 5-те важни разговори што треба да ги имате со вашето дете пред да наполни 10 години.

  • Коренот на врсничкото насилство: Лошото однесување на училишните насилници е прикриен повик за помош

    Коренот на врсничкото насилство: Лошото однесување на училишните насилници е прикриен повик за помош

    Основно училиште. Едно од момчињата во 6-то одделение секогаш седи само. Никој не сака да се дружи со него затоа што изгледа и се однесува малку „поинаку“. Другите момчиња редовно го малтретираат и тепаат на големите и малите одмори, девојчињата се смеат. Наставниците знаат што се случува, но насилниците секогаш поминуваат само со предупредување и блага казна. Насилството продолжува. Денес, тоа момче има 23 години. Има завршено факултет, но се чувствува многу несигурно во себе. Има проблем со стекнувањето пријатели, бидејќи не знае како да се зближи со луѓето. Се чувствува осамено. Постојано се прашува зошто е таков каков што е. Не се сака себеси. Себеси си ја префрлува вината за тоа што бил малтретиран на училиште. Сака само да знае зошто? Каде згрешил?rnrnКоренот на врсничкото насилство: Лошото однесување на училишните насилници е прикриен повик за помошrnrnСредно училиште. Едно девојче штотуку се запишало во прва година. Веднаш се забележува дека се издвојува од останатите. Постојано се облекува во црно, има необична фризура, уникатен стил и слуша „чудна“ музика. Соучениците препознале лесна мета во нејзиното интровертно однесување. Постојано ја измачуваат психички и емоционално за да си го исполнат времето помеѓу часовите. Малтретирањето од реалниот живот еволуира и се префрлува во виртуелниот свет на социјалните мрежи. Постојано кружат нејзини фотографии со навредливи натписи чија цел е да ја исмеат и понижат нејзината уникатност. Девојчето ги гледа фотографиите. Ги гледа и целиот свет на Фејсбук. Не се осмелува да каже ништо никому, бидејќи се срами и се плаши да не ја влоши ситуацијата. Уште повеќе се повлекува во себе. Секоја вечер заспива плачејќи. Неколку пати помислува на самоубиство. Нејзините родители немаат поим што се случува. Таа сака само да знае зошто? Што им згрешила на нејзините соученици?rnrn„Зошто?“ е прашањето што сите жртви на врсничко насилство сакаат да им го постават на насилниците. Зошто ги одбрале токму нив? Дали ги изнервирале со нешто? Дали ги навредиле? Каде згрешиле? Најчесто, нема одговор на овие прашања, бидејќи и самите насилници не знаат зошто малтретираат одредени соученици. Врсничкото насилство е голем проблем во училиштата во Македонија, но речиси секогаш се занемарува. Наставниците не знаат да препознаат кога се случува и ретко кога преземаат нешто. Жртвите остануваат незаштитени и сами.rnrnДецата знаат да бидат навистина злобни. Но, под површината на нивните ужасни постапки најчесто се крие голема болка. Ниту едно дете не решило да малтретира друго дете затоа што сакало да стане насилник или да повреди некого. Во повеќето случаи, самите насилници се жртви на некакво насилство. Можеби живеат во лоши услови, каде што се сведоци на семејно насилство. Можеби нивните постари браќа или сестри ги малтретираат и исмеваат. Можеби и тие се жртви на некој маалски насилник кој постојано ги повредува, па решиле да го истурат својот гнев на послабите ученици од нивното одделение. Насилниците не се раѓаат. Само насилниците можат да создадат други насилници. Станува збор за маѓепсан круг од кој тешко се излегува. Некој посилен од вас ве удрил, но вие не сте можеле да му вратите нему, па затоа сте решиле да удрите некој послаб од вас за да се чувствувате подобро.rnrnКоренот на врсничкото насилство: Лошото однесување на училишните насилници е прикриен повик за помошrnrnТоа е вистината за повеќето насилници и тоа е главниот корен на проблемот, но речиси никогаш не се стигнува до таму. Ако воопшто дојде до разрешување на некој случај на врсничко насилство, училиштата се фокусираат на самиот проблем, но не и на неговата причина. Се разговара со жртвите, се казнуваат насилниците и толку. Но, ова решение е само привремено и не гарантира дека ќе го спречи понатамошното насилство. Психичката состојба на жртвите е ставена во фокус и тоа е во ред, меѓутоа не треба да се занемари и состојбата на насилниците, бидејќи и тие најверојатно страдаат длабоко во себе. Нивното насилничко однесување е всушност прикриен повик за помош. Тие сакаат некој да им обрне внимание и да им помогне. Не знаат како да побараат помош, па затоа одбираат лоша и деструктивна тактика. За жал, нивниот повик најчесто останува нечуен.rnrnНе постои сомнеж дека врсничкото насилство остава длабоки траги кај двете засегнати страни: И кај насилниците и кај жртвите. Жртвите никогаш не ги забораваат деновите кога биле малтретирани, а тоа остава последици на нивниот подоцнежен живот како возрасни луѓе. Повеќето насилници чувствуваат грижа на совест понатаму во животот за нивните постапки, но сметаат дека е премногу доцна за да ја поправат ситуацијата, па затоа решаваат да живеат со вината.rnrnИскоренувањето на врсничкото насилство од училиштата е долг процес кој си бара голема посветеност од страна на наставниците, психолозите и родителите. Најпрво, многу е важно да се подигне свеста за неговата сериозност и зачестеност. Факт е дека постои насилство во сите училишта, само треба да ги отвориме очите и да станеме свесни за него. Вториот чекор би бил наставниците да научат како да ги препознаваат формите на насилство, особено кога се работи за емоционално и физичко малтретирање. Понекогаш, знаците не се толку очигледни, но секој наставник може да забележи дали некој од учениците се повлекува во себе, не сака да се дружи и не се чувствува безбедно во училишната средина. Откако ќе се утврди дека постои врсничко насилство во училницата, не треба веднаш да се прибегне кон казнување на насилниците. Најважно е да се разговара со двете страни посебно, но и заедно.rnrnКоренот на врсничкото насилство: Лошото однесување на училишните насилници е прикриен повик за помошrnrnНема да биде лесно да се открие зошто насилникот се однесува на таков начин, но вреди да се вложи труд и да се истражи неговиот случај. Психолозите би требало да разговараат и со родителите за да ги согледаат сите можни страни на проблемот. Постои голема веројатност дека по некое време ќе се открие вистинската причина за насилничкото однесување и ќе може да му се помогне на детето. Многу е важно и соочувањето на жртвата со насилникот, при што обајцата ќе имаат можност отворено да разговараат, да ги откријат своите сличности и разлики, да се извинат и да простат.rnrnОва е многу потешко од казнувањето на насилниците со укор или бркање од училиштето. Потребна е голема ангажираност од страна на училиштето за целосно да се реши проблемот. Сѐ додека ги решаваме ваквите сериозни проблеми на површен начин, нема да можеме да им обезбедиме на децата здрава средина за учење и дружење. Нема да можеме да изградиме здрави и самоуверени личности кои ќе можат да дадат свој придонес во општеството. Градењето на една личност започнува дома и на училиште. Време е наставниците и директорите да станат свесни за моќта што ја имаат и да ја употребат на правилен начин. Време е да сфатиме дека главната цел на училиштата е да создадат способни и успешни возрасни луѓе, а не несигурни индивидуи кои целиот живот ќе се прашуваат „Зошто мене?“.

  • Срцепарателно видео на едно момче кое било малтретирано од соучениците го освои целиот свет

    Срцепарателно видео на едно момче кое било малтретирано од соучениците го освои целиот свет

    Неодамна се појави видео на кое младо момче зборува за малтретирањето кое го трпи на училиште. Видеото брзо се прослави, а момчето доби поддршка од милиони луѓе низ целиот свет. Некои луѓе кои го поддржале момчето ѝ се добро познати на јавноста, но дали овие коментари помагаат или само промовираат делење?rnrnmaltretiranjeto-na-uchilishte-e-realen-problem-neveojatnoto-video-na-edno-maltretirano-momche-kafepauza.mkrnrnМомчето по име Китон Џоунс било снимено од својата мајка. Во емоционалното видео тоа изјавува:rn

    „Само од љубопитност, зошто ме малтретираат? Која е целта на тоа?“

    rnОва е одлична примена на социјалните мрежи и луѓето би требало да им понудат помош на оние кои се очајни. Но понекогаш лесно е да се види крајниот резултат пред прво да се разбере вистинската причина за нечие однесување.rnrnКога едно дете малтретира друго, тоа е најчесто резултат на неговото страдање. Околностите во кои сте родени имаат големо влијание на начинот на однесување, особено кај луѓето кои малтретираат. Малтретирањето им е начин да се ослободат од притисокот кој го чувствуваат. Во реалноста, луѓето кои малтретираат се чувствуваат толку лошо за себе што единствен начин да избегаат од тоа е да им предизвикуваат болка на другите. Ова не е изговор или оправдување за нивното однесување, но единствената разлика помеѓу оние кои малтретираат, оние кои се неутрални и оние кои се жртви се околностите во кои се родени.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=a49beT37Bc0rnrnКога ќе се земат предвид причините за тоа зошто ова момче е малтретирано, приказната се менува. Има нарација, која поддржана од многуте славни личности кои нудат помош, покажува дека постојат културни критериуми кои треба да ги исполнуваме. Ова значи дека ако не се совпаѓате со шаблонот поставен од општеството, станувате мета на малтретирање.rnrnИако коментарите се напишани со најдобра цел, некои од нив создаваат само поделба. Актерот Крис Еванс напишал:rn

    „Биди силен, Китон. Не им дозволувај да те направат студен. Ти ветувам дека ќе стане подобро. Додека тие лоши деца од твоето училиште одлучуваат какви луѓе сакаат да бидат, дали би сакале ти и твојата мајка да дојдете на премиерата на „Одмазници“ (Avengers) следната година во Лос Анџелес?“

    rnМарк Рафало напишал:rn

    „Китон дали би сакал да гостуваш и на мојата премиера? Мислам дека си едно од најдобрите деца кои ги имам видено! Едвај чекам да те запознам. Заборави ги лошите деца. Еден ден ќе се чувствуваат навистина глупаво за ова.“

    rnПроблемот со овие коментари е што повикуваат на поделба. Децата кои малтретираат во никој случај не треба да бидат оправдувани, но јавното понижување не е најдоброто решение. Некои од позитивните коментари кои се појавиле се следниве:rn

    „Ова ми го скрши срцето. Ве молам бидете добри едни кон други.“ – Кејти Пери

    rn

    „Млад човеку, јас сум ти пријател. Напиши ми порака за да го решиме ова. Љубовта е единствениот начин да се победи омразата.“ – Снуп Дог

    rn

    „Китон, сакам да знаеш дека не си сам. Многу луѓе стануваат посилни од овие малтретирања, а и ти ќе бидеш еден од нив! Биди благословен.“ – Деми Ловато

    rnМалтретирањето е реален проблем кој треба да се реши, а неверојатната храброст на Китон и неговата мајка помага да се подигне свесноста за ова. Но кое е трајното решение за овој проблем? Дали треба да се создаде околина која поттикнува поврзување или јавното срамење на овие деца е најдоброто решение? Зарем нема да биде подобро да се пронајде вистинската причина за однесувањето на децата кои малтретираат, да се реши тој проблем и еднаш засекогаш да се стави крај на малтретирањето кое го трпат многу деца низ целиот свет? Треба да му бидеме благодарни на Китон и неговата храброст која нè направи посвесни за постоењето на овој проблем. На нас останува да не дозволиме да се повтори.rnrnПогледнете и како да ги научите вашите деца да го заштитат својот личен простор.

  • Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“

    Бруталната вистина за насилството врз жените раскажана со еден збор – „ДА“

    Унгарскиот артист Миклос Кис ја користи фотографијата за да ја подигне свеста на луѓето за насилството врз жените кое секојдневно се случува пред нашите очи низ целиот свет.rnrn

    (1)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Германско потекло
    rnrnВо неговата серија фотографии „Тивка согласност“ можеме да видиме фотографии од жени кои потекнуваат од различни земји во светот и припаѓаат на различни етнички заедници. Сите тие имаат нешто заедничко, а тоа е зборот „ДА“ кој е испишан на 11 различни јазици на нивните усни, во боите на знамето на земјата која ја претставуваат.rnrnМотивиран од бруталната вистина дека секој ден сѐ повеќе и повеќе жени се злоупотребувани и малтретирани на секој можен начин, овој артист решава да го освести народот преку оваа фотосесија која го симболизира молчењето на жените кои во тишина го трпат насилството врз себе.rnrn
    (2)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Арапско потекло
    rnrn
    (3)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Кинеско потекло
    rnrn
    (4)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Руско потекло
    rnrn
    (5)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Бразилско потекло
    rnrn
    (6)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Јапонско потекло
    rnrn
    (7)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Американско/Британско потекло
    rnrn
    (8)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Унгарско потекло
    rnrn
    (9)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Израелско потекло
    rnrn
    (10)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Француско потекло
    rnrn
    (11)-brutalnata-vistina-za-nasilstvoto-vrz-zhenite-raskazhana-so-eden-zbor-da-kafepauza.mk
    Мексиканско потекло

  • Безобразен мајмун не знае да се однесува со дама

    Безобразен мајмун не знае да се однесува со дама

    Ситуацијата во ова видео е типичен пример за она што го нарекуваме „мајмунска работа“. Овој енергичен мајмун ѝ покажува на мачката колку голем „фраер“ е. Дали мајмунов сексуално ја малтретира мачкава или тоа е неговиот начин на забава, проценете сами. :)rnБезобразен мајмун не знае да се однесува со дамаrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ужасни шефови (Horrible Bosses)

    Ужасни шефови (Horrible Bosses)

    Филм за мобингот, за малтретирањето на работното место и за професионалните психопати со чии лик и дело речиси сите сме се запознале, но сме морале да премолчимеrnrnrnУжасни шефови (Horrible Bosses)Режија: Сет ГордонrnrnИграат: Џејсон Бејтман, Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џенифер Анистон, Кевин Спејси, Колин Фарел, Џејми ФоксrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 јули 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rn„Анистон е зависничка од секс“, „Кој сака да го убие Кевин Спејси?“, „Анистон конечно во долна облека“… Со месеци пред воопшто филмот „Ужасни шефови“ да се појави во кино салите, холивудската маркетинг локомотива почна да ги врти тркалата, па „од Вардара до Триглава“ весниците се полнеа со вакви наслови за нешто што требаше да биде хит комедија. Ѕвезден кастинг одбран очигледно тактички и со длабока финансиска предумисла. rnrnТака, филмскиот ветеран Спејси ги носи филмаџиите во салите, згодните момци (и сосема добри актери) како Чарли Деј, Џејсон Судеикис, Џејсон Бејтман и Колин Фарел ги носат девојките, а најверојатно ПР одделот забрзано работеше на тоа Џенифер да ја направи следната секс бомба, па и момците да го купат толку скапоценото кино билетче. rnrnНо, ако ги земеме предвид очекувањата, набилданата филмска тензија која требаше да кулминира во тек на (тие час и половина) „Ужасни шефови“, финалето за жал е благото чувство дека и не сте гледале нешто посебно. Комедијата која почна со висок старт, ќе заврши помеѓу многуте медиокритетни филмски остварувања.rn————————————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Ник (Џејсон Бејтман), Курт (Џејсон Судеикис) и Дејл (Чарли Деј) се тројца најдобри пријатели кои најголемиот дел од денот го минуваат во канцеларија, а она малку слободно време што го имаат пак, го користат да се жалат за своите психотични шефови. Ник е вработен кај вистинскиот робовладетел, Дејв (Кевин Спејси) кој од него очекува да биде на своето место од изгревање до заоѓање на Сонцето и притоа ако задоцни само една минута добива лекција.rnrnКурт е сметководител во фирма која ја води Боби (Колин Фарел), човек кој смета дека не треба да вработува дебели луѓе и кој… да не откривам сè, но накратко е вистинска карикатура од личност. Додека Дејл ù е помошник на забарката Џулија која сексуално го злоставува (најверојатно за едно машко и не изгледа толку страшно да е малтретиран од Џенифер Анистон, но во „Ужасни шефови“ е извор на проблеми).rnrnТројцата другари стигнуваат до одредена точка на вриење во својата професионална приказна и решаваат да ги убијат своите шефови. Наместо платен убиец налетуваат на свој консултант, Деан М.Е. Џонс (треба да го гледате филмот за да ви станат јасни иницијалите М.Е.) кој ги советува како да ги ликвидираат своите жртви. Советникот го игра уште една ѕвезда, Џејми Фокс и сцените со него, иако не се многу, се најхумористични во целиот филм. Ужасни шефови (Horrible bosses)Тројцата комичари, Бејтман, Судеикис и Деј, иако се релативно нови за нас, моментално се вистински хит за американската публика. Со нив минуваме низ пропаднатите и невообичаени обиди прво да најдат платен убиец, а потоа да ги ликвидираат шефовите. Нивниот хумор е резервиран и дозиран. Тие не се „Ејс Вентура личности“, туку обични луѓе како секој од нас, кои тргнуваат да ги решаваат своите проблеми на малку невообичаен начин. Сепак, тој момент на „реален човек во нереална ситуација“  во повеќето денешни комедии како да не ни нуди смеење до солзи како порано, ниту пак реплики кои ќе ги зборуваме со месеци.жасни шефови (Horrible bosses)И наспроти тројцата тапчовци се нивните шефови кои се најпознатите актери во кастингот. Иако не се појавуваат во премногу сцени и дефинитивно не ви се задоволува жедта за кој било од нив, го исполнуваат очекуваното. Сепак, тие за тоа време презентираат едвај неколку мали слоја од нивните ликови, така што не се прави особена детална анализа околу тоа кои се и зошто се такви.Ужасни шефови (Horrible bosses)Кога и како да го гледате: Филм за дома, за во друштво и за ноќно време. Сигурно ќе ве релаксира и (се надеваме) нема да ви даде некои идеи како да ги решите проблемите во професионалниот живот.Ужасни шефови (Horrible bosses)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.