Мајката природа е најдобриот креатор што може да постои. Нејзините ремек-дела се толку неверојатни и импресивни што изгледаат како да се дел од некој фантастичен свет надвор од нашата реалност. Во продолжение погледнете ги овие магични креации на природата кои ќе ве остават без зборови…rn
Подводен водопад
rn
rnrnОваа илузија е создадена од куповите песок што се наоѓаат покрај брегот на Маврициус. Тие личат на огромен подводен водопад.rn
Слика
rn
rnrnНе, ова не е уметничко дело насликано од експресионистички уметник. Во предниот дел има дрвја за време на зајдисонце, а во позадината се црвените дини на Намбија. Како што можете да забележите, играта на светлината и сенките создава неверојатна слика.rn
Бурно море
rn
rnrnКога гледате облаци како овие, слободно може да си замислите бурно море над вашите глави наместо небо. „Undulatus asperatus“ се редок вид облаци кои обично изгледаат вака застрашувачки. Но, немојте да бидете измамени од нивниот изглед затоа што овие облаци никогаш не се придружени од ураган или бура.rn
Волшебно езеро
rn
rnrnЕзерото Ујуни е познато по изместената перцепција на просторот што ја создава поради отсуството од какви било предмети на неговата површина. За време на врнежливите периоди алкалната земја на езерото се трансформира во огледало. Честичките сол се прекриени од многу тенок слој бистра вода која го рефлектира небото и комплетно ја брише небесната линија.rn
На работ од гребенот
rn
rnrnИзгледа како човекот на сликата да оди по работ на гребенот, но всушност се работи за речното корито во внатрешноста на Глен кањонот.rn
Бездна
rn
rnrnДали ги гледате двете момчиња кои скокаат во бездната? Тоа е всушност слика од бунарот на Јаков кој се наоѓа во Тексас. Бунарот на Јаков е огромна артеска пружина со дијаметар од 3 метра и 9 метра длабочина. Водата е толку бистра што се чини како момчињата на сликата да скокаат во празен простор.rn
Форма на дрво
rn
rnrnДали ова е коритото на некој поток или дрво? Не е ниту поток, ниту дрво. Овие форми на дрво во Баџа Калифорнија (Мексико) се формираат во песокот поради високата амплитуда на плимите во плитките води кои се појавуваат од силните струи.rn
Камени бранови
rn
rnrnНа границата помеѓу Аризона и Јута може да се забележат необични камени формации. Тие се формирале милиони години од песочните дини, постепено претворајќи се во цврсти камења. Постојаното влијание на ветровите и дождовите низ подолг временски период, играло голема улога во создавањето на оваа бизарна формација.rn
Планински пат
rn
rnrnКога ќе ја погледнете оваа слика за прв пат, ќе си помислите дека гледате пат кој поминува преку врвот на планински венец. Но, ова е всушност слика од реката Колорадо која се перципира погрешно поради боите и нијансите на реката.rn
Торнадо што гори
rn
rnrnОва што го гледате не е слика од торнадо што гори (што не ни постои), туку е слика од реката Рио Тинто во Шпанија, полна со отпад од рударски активности. Како резултат на рударската работа, реката станала кисела. Светло црвената боја на водата е последица од процентот на тешки метали во неа.rn
Фантомски сонца
rn
rnrnОвој феномен е познат како пархелион, и е предизвикан од одбивањето на сончевата светлина од ледените кристали кои се присутни во атмосферата.rn
Пајакова мрежа
rn
rnrnОваа слика изгледа како совршена слика на дожд. Но, ако погледнете повнимателно ќе забележите дека секоја од овие капки всушност виси на пајакова мрежа.rn
Двоглава зебра
rn
rnrnАлтернацијата на црната и белата боја ја попречува нашата способност да ги најдеме рабовите на објектите, па затоа ги гледаме овие двоглави зебри.

rnrn




























Во споредба со останатите сезони, зимата е визуелно поразлична и помагична. Доколку знаете како да ја искористите рефлексијата на снегот, можете да си направите цела 












rnrn


















„Eucalyptus deglupta“ е единственото дрво од видот еукалиптус, кое природно го има на северната хемисфера. Тоа расте природно на островот Нова Британија, во Нова Гвинеја, крај морето Серам, на островите Сулавеси и Минданао. Денес, дрвото се одгледува на многу места во светот, најмногу поради струготините кои се користат за производство на хартија или за изработка на декоративни предмети.





rnrn
На прв поглед, оваа улица има најобичен октомвриски изглед, прекриена со стотици паднати, жолти есенски лисја. Но, кога ќе се загледате подобро, ќе забележите дека овој тепих од есенски лисја има правилни, остри впечатливи рабови и правоаголен асфалтен дел кој е тотално незасегнат од листовите.
Возачите и пешаците останале збунети од ваквиот изглед на улицата. Мислеле дека можеби е некој уметнички уличен проект, дизајниран за да ја разубави околината. Сепак, за ваквата појава, постои поинакво, но логично објаснување. Се смета дека експлозивниот топлотен бран, кој го зафатил Лондон во првата седмица од октомври, го омекнал овој дел од асфалтот и го направил леплив. Потоа, рано паднатите есенски лисја се вградиле во асфалтот, како резултат на притисокот од гумите на возилата. Така настанал овој фантастичен жолто-златен колаж на мајката природа. Дали оваа уметност без автор, ќе ја преживее зимата, останува на времето да покаже.


rnrn