rn
MOL (13.12 – 01.01)
rnСимбол: мудрец, оној кој создава, вода, јагуарrnrnИзворен превод: Оној кој ги составува сите делчиња во една целинаrnrnОпис: Овие личности се воглавно склони кон природните науки, имаат истражувачки дух, но често ги преувеличуваат своите достигнувања. Лицата родени во знакот на MOL се поврзуваат со водата. Маите сметале дека овие луѓе можат да го повикаат дождот. Доколку обрнат внимание, овие луѓе ќе забележат дека се чувствуваат поинаку кога се опкружени со вода или дожд, кои им дават посебна моќ и сила. Јагуарот како нивно заштитно животно ја претставува нивната сила и лидерските способности. Доколку внимателно ги негуваат своите дарби, овие луѓе може да станат духовни водачи.rnrnЦврсто стојат на земја и многу се реални. Нивни особини се: внимателноста, донесувањето брзи и правилни одлуки, благородноста. Сакаат уметност и можат да бидат добри музичари, сликари и писатели. Професионалните успеси им носат сигурност на оние кои со нив ја врзале својата судбина.rnrnИако се склони на истражувачки подвизи, овие личности сакаат мирен, хармоничен живот и искрени пријателства. Најубаво се чувствуваат во брак. Интелигентни се и рационални, па одат по најкратки и наједноставни патеки за да ги остварат животните цели. Затоа и успеваат далеку да стигнат.rnrnСтароста ги затекнува во материјална и духовна благосостојба. Немаат рискантни животни периоди, а најуспешен им е оној помеѓу 38 и 49 години.rnrnСовет: Иако никогаш не ризикувате, треба да имате на ум да не патувате ноќе. Тоа е неповолен период за вас, па секако одбегнувајте го.
