КАФЕ ПАУЗА

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

rn

JAXK ‘IN (23.11 – 12.12)

rnСимбол: Сонцето кое се раѓа, Сонце-Бог, плодни полињаrnrnИзворен превод: Светло на штотуку роденото сонцеrnrnОпис: Овој знак е карактеристичен за креативни, иновативни и импулсивни луѓе. Харизматични се и духовити. Лицата родени во знакот на JAXK ‘IN се поврзани со Богот на Сонцето на Маите, кој ги штител од темнината, сушата и болестите. Тие имаат исцелителни способности кои може да ги манифестираат преку зборови или да ги лекуваат другите на алтернативни начини.rnrnНегативна особина им е двоумењето. Потребно е да научат да веруваат во своите одлуки и одлуките на оние околу нив.rnИмаат мирно детство, послушни се, со силна волја, способни за секоја работа. Тие се добри трговци и организатори. Ги интересираат парите и сакаат удобен живот. Иако не сакаат непријателства, знаат да бидат остри критичари. Имаат потиснати емоции, а тоа често ги води кон осамен живот.rnrnРетко се потпираат на некого, иако со радост прифаќаат помош. Не се тврдоглави, упорни се и издржливи. Ги почитуваат партнерите, го сакаат семејството и подготвени се на жртва за саканите.rnrnБитни случки во професионалната кариера ќе доживеат помеѓу 27 и 35 години. Обично имаат мирна и среќна старост.rnrnСовет: Дури ни кога сте во вртлогот на случувањата од кои ви зависи идниот животен статус, не ги одбегнувајте пријателите. Напротив, послушајте ги советите од оние кои знаете дека се искрени.rnrn