КАФЕ ПАУЗА

Откријте што ве карактеризира според хороскопот на древните Маи

rn

SOTZ (24.09 – 13.10)

rnСимбол: лилјак, риба, почеток на зиматаrnrnИзворен превод: Знаење и свестrnrnОпис: Луѓето родени во овој знак се несебични и грижливи кон луѓето во својата околина. Вредни се и емотивни. Тие имаат две заштитни животни чии карактеристики ги поседуваат. Лесно се движат низ животот како што рибата се движи низ водата, а лилјакот низ воздухот. Токму водата и воздухот се нивните главни елементи. Како лилјаците, овие луѓе се одликуваат со интуиција, чувствителност и способност да гледаат низ измамата. Рибата ја претставува потсвеста и длабочината на умот. Комбинацијата на особините од овие две животни им дава неверојатно развиена интуиција, дарба која повеќето луѓе ја немаат.rnrnКарактерно се склони кон претерување. Романтични се и имаат бујна фантазија. Тие се уметнички души, но неретко и егоистични. Ситничари се, а совети, дури и од најблиските, примаат со недоверба. Поради тоа никогаш не се опуштени. Тврдоглавоста не им носи добро, но упорни се.rnrnКарактерот им го одредува животот. Во младоста се упорни и спремни да се жртвуваат за да постигнат некоја цел. Во староста може да бидат осамени.rnrnВо бракот сакаат да бидат во прв план.rnrnКритични години им се 45–52 и баш тој период ќе им одреди колку ќе живеат, а и материјалната состојба.rnrnСовет: Подобро би било да размислите како да заработите пари отколку како да ги заштедите. Бидете внимателни, вложувањата понекогаш може да ви донесат големи загуби.rnrn