КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • Депонија (Waste Land)

    Депонија (Waste Land)

    Документарен филм за неправедноста во животот кој некогаш може да те фрли и на ѓубриште, за достоинството со тоа што си и тоа што го работиш (доколку е чесно), но и за човековата потреба да направиш нешто повеќе за себеrnrnДепонија (Waste Land)Режија: Луси ВолкерrnrnСе појавува: Вик МунизrnrnВреметраење: 99 минутиrnrnЈазик: англиски, португалскиrnrnПремиера: 22 октомври 2010rnrnЖанр: документарецrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnПонекогаш се случува да гледаш филм кој потоа не те остава да продолжиш по твојата вообичаена животна траекторија, туку те прави малку поинаков. Можеби малку поскромен кон она што го посакуваш, малку поморален во она што го правиш, малку подостоинствен околу професијата и животот кои ги имаш. rnrnДокументарниот филм „Депонија“ го отвори Фестивалот на документарен филм „MakeDox“ кој изминатава недела се случуваше во Скопје и сосема веројатно разбуди по некој заспан неврон во мозокот на сите што се најдоа во публика. Во емотивната и на моменти срцепарателна, но не и патетична приказна, гледавме како се менува животот на неколку луѓе од Рио де Жанеиро и притоа не бевме свесни дека и ние некако сме допрени од продолжената рака на овој документаристички проект. Тоа го увидовме откако по проекцијата молчеливо тргнавме да земеме пиво кое во таа топла ноќ повеќе горчеше отколку што освежуваше. А до кога ќе не држи „Депонија”, останува на секој од нас.



    rn

    rnПриказна: Вик Муниз е уметник кој е роден во Бразил, но работи во Њујорк. Неговиот следен проект треба да биде во Рио де Жанеиро, во најголемата депонија во светот каде ќе соработува со луѓе кои секој ден го минуваат таму. Целта е да се направат големи уметнички дела на кои ќе бидат прикажани неколку луѓе од ѓубриштето, а ќе бидат изработени од ѓубре. Но, покрај уметнички, ова е и социјален потфат затоа што тие избрани луѓе не се само немо тело за уметничкото дело, туку се и активен учесник во неговата изработка. Така тие „маргиналци“ почнуваат да гледаат некој живот целосно поинаков од оној што дотогаш го имале и тоа пополека ги менува, ги допира емотивно и интимно.Депонија (Waste Land)На самиот почеток на „Депонија“ се добива впечаток дека ќе имаме приказна за еден уметник со комплекс на Господ кој смета дека може да си игра со луѓето како со марионети само за свое задоволство и притоа ќе ни ја продава приказната дека прави големи општествени добра. Но, како што минуваат минутите таа перцепција на работите се распрскува на парчиња затоа што тие луѓе кои заработуваат во најголем дел како собирачи на отпаден материјал на депонијата, се и најголемите философи во филмот.rnrnСо секој нов кадар тие лупат по едно парче од својата животна приказна на која не можеш да останеш рамнодушен. Луѓе како секој од нас, ниту подобри ниту полоши, кои животните случувања ги ставиле таму каде што се. Тие не се отпадот, туку личности кои со сите сили се обидуваат да заработат за живот и не се препуштаат на она што е најлесно да се прави во Рио, да се продава дрога или пак сопственото тело. Сите се поинакви и носат можеби малку поинаков животен бекграунд и мисла. Но, од нив се гледа дека кренатата глава е најважното нешто во животот, дека никогаш не е доцна за промени, дека лесниот пат најчесто и не е вистинскиот, дека…rnrnВо очите на секој од гледачите на „Депонија“ можеби само една мисла ќе изгледа како најважна, во зависност од она што ви се случува во мозокот, но без исклучок овој филм секого ќе го направи подобар човек.Депонија (Waste Land)Депонија (Waste Land)Кинематографија: Прикажани се двете дијаметрално спротивни страни на животот, на судбината. Поголем дел од филмот се случува на депонијата, но тука е и она што е дел од животот на уметникот Вик, убаво опремен стан, скапи аукции, луѓе кои плаќаат десетици илјади долари за една слика. Воочлив е тој животен дуализам кој отсекогаш бил реалност.Депонија (Waste Land)Кога и како да го гледате? Ако ја прочитавте целата оваа рецензија јасно е дека има само еден совет – гледајте го кога ќе бидете подготвени да бидете стресени од корен!Депонија (Waste Land)
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Животни цитати кои ќе ве замислат

    Животни цитати кои ќе ве замислат

    Автор: ВикиrnrnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.rnrnЖивотни цитати кои ќе ве замислатrnrnЕве неколку цитати кои ќе ве натераат убаво да размислите за некои работи во животот:rn
    rn

    „На крајот, нема да биде важно колку пати длабоко сте воздивнале, туку колку моменти ви го одзеле здивот.“rn- Шинг Шионг

    rn

    „Кога животот ти дава сто причини за да плачеш, покажи му дека имаш илјадници причини за да се насмевнеш.“

    rn

    „Никогаш не кажувај ги своите проблеми на никого. На 20% од луѓето не им е гајле, а на останатите 80% им е мило што ги имаш.“rn- Лу Холц

    rn

    „Биди тоа што си и кажувај го тоа што го мислиш бидејќи тие што ти замеруваат не се вредни, а оние кои не замеруваат се оние што навистина вредат.“rn- Д-р Сеус

    rn

    „Како што растеме, учиме дека личноста која никогаш не сме очекувале да нè разочара, веројатно ќе го направи тоа. Вашето срце ќе биде скршено, вие ќе скршите туѓи. Ќе се карате со вашиот најдобар пријател или можеби дури ќе се заљубите во него и ќе плачете бидејќи времето лета за миг. Затоа, направете многу слики, смејте се често, лесно опростувајте и љубете како никогаш да не сте биле повредени. Животот не доаѓа со гаранција, со време за одмор, со втори шанси. Треба само да го живеете во потполност. Кажете му некому што тој значи за вас и смело прекорете некој што ве разочарал или навредил, зборувајте гласно, танцувајте на пороен дожд, држете нечија рака во вашата, утешете пријател, заспивајте гледајќи го заоѓањето на сонцето, станувајте доцна наутро, флертувајте и смешкајте се додека не почувствувате болка на вашето лице. Не плашете се да ризикувате и да се заљубите, и најмногу од сè, живејте во моментот, бидејќи секоја секунда што ја трошите во лутина или вознемиреност е секунда од среќата која никогаш не можете да ја вратите назад.“

    rn

    „Отсекогаш знаев дека сеќавањето на солзите од минатото ќе ме засмева, но никогаш не очекував дека сеќавањето на насмевките од минатото ќе направи да заплачам.“

    rn

    „Работи како да не ти се потребни парите, љуби како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа.“rn- Рендал Џ. Лејтон

    rn

    „Совет е она што го бараме кога веќе го знаеме одговорот, но посакуваме да не сме го знаеле.“rn- Ерика Јонг

    rn

    „Кога една врата се затвора, друга се отвора. Но, често, толку долго гледаме жалејќи во затворената врата, што не можеме да ја видиме онаа која се отворила за нас.“rn- Александар Грејам Бел

    rn

    „Боли кога љубиш некого, а љубовта не ти е возвратена. Но, она што боли повеќе е да љубиш некого и никогаш да не собереш доволно храброст да му покажеш како се чувствуваш.“

    rn

    „Најтажната работа во животот е кога ќе запознаеш некој што многу ти значи, за на крајот да сфатиш дека не сте биле створени еден за друг и едноставно мора да го пуштиш да замине.“

    rn

    „Најдобар пријател е оној со кој можеш да се нишаш на нишалка во дворот, да не проговориш ниту еден единствен збор, а потоа да заминеш со чувството како тоа да бил најдобриот разговор што некогаш си го имал.“

    rn

    „Точно е тоа дека не знаеме да цениме нешто додека не го изгубиме, но исто така е точно дека не знаеме што сме пропуштиле сè додека тоа не се случи.“

    rn

    „Потребна е само една минута за некој ‘да ти падне во око’, еден час за да ти се допадне и еден ден за да се заљубиш, но потребен е целиот живот за да го заборавиш.“

    rn

    „Не барај изглед – тој залажува. Не оди по богатството – и тоа еден ден ќе го снема. Барај некој кој те смее, бидејќи една насмевка  е сè што е потребно за мрачниот ден да стане светол.“

    rn

    „Сонувај што сакаш да сонуваш, оди каде што сакаш да одиш, биди она што сакаш да бидеш, затоа што имаш само еден живот и една шанса да го направиш сето она што сакаш да го направиш.“

    rn

    „Секогаш ставај ги своите нозе во туѓи чевли. Ако почувствуваш болка, најверојатно така се чувствува и личноста која е нивни сопственик.“

    rn

    „Невнимателен збор може да поттикне раздор. Суров збор може да уништи живот. Искажан збор во даден момент може да предизвика стрес. Но, еден љубезен збор може да исцели и да благослови.“

    rn

    „Најсреќните луѓе не секогаш го имаат најдоброто од сè во животот. Тие само го искористуваат максимумот од сè што им доаѓа на патот.“

    rn

    „Љубовта започнува со насмевка, се развива со бакнеж, завршува со солза. Кога си се родил, си плачел, додека сите околу тебе се смееле. Живеј го животот така за кога ќе умреш, ти да бидеш оној што ќе се смее, додека сите околу тебе ќе плачат.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Постојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци:rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе се љубопитни

    rnТие поставуваат прашања во секое време. Кога гледаат или се соочуваат со нешто што не го разбираат, тие даваат сè од себе за да го научат она што не им е јасно.rn

    Креативните луѓе сакаат предизвици

    rnТие не бегаат од предизвици, туку подготвено ги пречекуваат и им се спротивставуваат. Колку е поголем предизвикот, толку нивниот адреналин е поголем. Креативците не бегаат од проблемите, туку преферираат да се соочат со нив. Тие се одлични и во решавањето на проблемите на нивните блиски и пријатели.rn

    Креативните луѓе не се плашат да експериментираат

    rnКреативците превземаат ризици и воопшто не се плашат од новите работи, без разлика дали се работи за нов процес, ново пријателство, нов гаџет, ново јадење… Експериментирањето е начинот на кој тие пробуваат дали нешто функционира или не. Тие се лидери и не чекаат другите да им кажат што да прават.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе го сакаат најдоброто

    rnТие не се задоволуваат со просечни нешта. Креативните луѓе секогаш го сакаат најдоброто! Секогаш знаат да најдат начин да дојдат до посакуваното и никогаш не престануваат да учат.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе знаат да прифатат и дадат критика

    rnБез разлика што работиме, ние луѓето секогаш имаме што да кажеме. Креативците знаат да прифатат критика, особено ако таа е негативна, кога веднаш гледаат да го искористат тоа за своја полза. Но, тие знаат и да дадат аргументирана критика, позитивна и негативна. Со оглед на тоа што се луѓе кои го сакаат најдоброто, креативните луѓе секогаш сакаат да се надминат себеси во она што го прават, но истото го очекуваат и од другите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Симетрија во секојдневието

    Симетрија во секојдневието

    „Симетрија“ е феноменално парче уметност, филм во кој се покажани сличностите и разликите во секојдневниот живот. Филмот е направен од филмското студио Everyone со седиште во Њујорк во соработка со RadioLab.rnrnСиметрија во секојдневиетоrnrnДали светот е полн со совршена симетрија и правилно распоредени нешта во парови или, сепак, живееме во едностран универзум? Ова кратко видео ќе ви покаже дека неправилните парови се прекрасни.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Масовна тепачка со перници

    Масовна тепачка со перници

    Илјадници млади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта во Берлин во неделата напладне, со цел да го соборат рекордот за најмасовна тепачка со перници.  Акцијата започнала наеднаш околу 16 часот, а во неа учествувале туристи, случајни минувачи, па дури и полицајци кои биле изненадени од бурата од пердуви.Масовна тепачка со перници.

    rnrn

    „Ова е комплетен хаос, многу ми се допаѓа!“ – објаснува Тајчи Нагаи, посетител од Јапонија, која случајно влетала во оваа акција.

    rn

    Масовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициОвој настан бил организиран за да се сруши рекордот за најголемата тепачка со перници во историјата, кој дотогаш го држеше група од 3.707 учесници, поставен во Сомерсет, Англија во 2008 година. Засега нема официјални бројки за тоа колку луѓе учествуваа во неделата во Берлин, но на настанот креиран од организаторите на Фејсбук, присуството го потврдиле повеќе од 12.000 луѓе.rnМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициНастанот брзо започнал, но и брзо завршил. Повеќето учесници биле на возраст под 30 години, а местото на случувањето го напуштиле по еден час, оставајќи бела прекривка од пердуви насекаде околу портата.rnМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со пернициМасовна тепачка со перници

  • Градски силуети

    Градски силуети

    Оваа серија прекрасни фотографии е наречена „Луѓе и места“ (People and Places) и е создадена од Џаспер Џејмс. Фотографиите се направени во Кина и на нив се прикажани разни мажи и жени и одразот на нивната силуета над градот.Градски силуетиСликите се визуелно динамични, демонстрирајќи сооднос помеѓу индивидуата и големите облакодери. Градот се гледа низ силуетата на гледачот, одозгора, притоа прикажувајќи голем број човекови емоции. Тука се создава конекција помеѓу субјектот, метежот, турканиците и осаменоста на големиот град.Градски силуетиПреку оваа серија јасно се гледа талентираноста на Џаспер, прикажувајќи воодушевувачки фотографии со нова и свежа перспектива.Градски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуетиГрадски силуети

  • Дали дневните весници се неопходни?

    Дали дневните весници се неопходни?

    Автор: АнаrnrnДа, можеби ви е чудна тематиката на денешнава колумна, но прашањето е сосема реално во денешницава, земајќи ги предвид интернетот и глобалната дигитализација на сè што не опкружува.rnrnНе велам дека е лошо што сè што ќе посакаме го имаме на интернет, баш напротив, но до каде е стигнато излегувањето на традиционалните дневни весници, печатениот медиум? Исто така, не велам и дека ги снемува од „класичниот свет“ на добивање на информации, но сепак, до каде се стигнати? Кој е нивниот број на ранг листата, во однос на секојдневната дистрибуција на вести?Дали дневните весници се неопходни?Ова е сигурно чудно прашање за оние кои поголемиот дел од животот го имаат поминато купувајќи ги дневните весници, но што се случува со оние кои имаат развиено навика за стандардно вклучување на својот компјутер, наместо „прошетката“ до најблиската трафика и купување на тогашните информации?rnrnНа крајот на краиштата, и самите компании имаат направено веб-сајтови за своите весници, одат напред со развојот на технологијата. Се прашувам дали тоа им помогнало или сосема спротивното? Колку класичниот весник и неговата традиционална форма на продажба се актуелни? Дали се само навика која луѓето ја имаат или пак потреба? Колкав процент од народот ги купува весниците, а колкав ги чита во дигитална форма? На која страна ќе застане иднината? Дали можеби долговековниот начин на добивање на дневните вести пропаѓа?rnrnНе знам. Но, го знам следново… Знам дека голем број од луѓето немаат огромна желба да дадат пари (иако малку) за вести од кои, повеќето не ги засегаат. Да не се разбереме погрешно, не велам дека е лошо да се добиваат плус информации, секоја информација е од некаква помош, полза… Но, зошто луѓето да дадат пари кога истото го имаат за себе само со еден клик?rnrnИнтернет-информациите секако можеме да ги добиеме во различни форми и секоја информација, надградена со нова. Постоењето на дата-базите ни овозможува секојдневен пристап до каква било информација и да посакаме. Реалноста е дека оние кои „остануваат“ на печатениот весник, се сепак повозрасни, „постари“… Во едно истражување прочитав дека само 18% од младата популација кај нас чита весници…rnrnИма и една друга тематика поврзана со весниците… Многу компании, на некој начин, зависат од нивното печатење, од нивното постоење. Како? Најголемата циркулација на рекламите кои ги изнесуваат компаниите за своите производи, одат токму преку печатениот медиум, весникот. Сепак, веб-изданијата не практикуваат рекламни простори како што тоа го има во нивната печатена варијанта…rnrnЌе ја споменам и појавата на tablet-от, кој претставува транзиција од потребата податокот да се има физички во рацете и брзината на ширење на податоците. Со ова се задоволуваат повозрасните кои се врзани за оваа потреба, но дополнително им се дава можноста да ја следат технологијата под свои услови. Секако, помладите се дел од технолошкиот напредок, што кажува дека се далеку пофлексибилни на каква било технолошка новост која излегува во нивната околина и начин на живеење. Значи tablet-от е уште една замена за весниците која тие треба да ја издржат.rnrnДа прокоментирам и за ТВ и радио вестите… Секојдневно ни ги даваат истите информации како и весниците. Единствената разлика е во тоа што, барем според мене, печатениот весник и таквиот начин на добивање информации има поголема длабочина и „интима“.rnrnСè на сè, печатените весници, барем според моето мислење, ја губат својата „светлина“. Можеби биле неопходни за „нормалниот човек“ и неговото секојдневие, но сепак клучниот збор во оваа реченица е „биле“.rnrnДо следно читање,rnrnВи посакувам убав ден,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна

  • Неколку чудни и интересни факти за животните

    Неколку чудни и интересни факти за животните

    Автор: Марија Смокварскаrnrn1. Ако доволно ја вознемирите, камилата може да ве плукне. Таа е во состојба да изгуби 30% од телесната маса за да зачува вода. Оваа појава би го убила кое било друго животно. Друг интересен факт е дека за 10 минути може да испие дури 113,56 литри вода.Неколку чудни и интересни факти за животните2. Нов Зеланд е дом на 4 милиони луѓе и на околу 70 милиони овци. Тоа би значело дека на еден човек доаѓаат по 12 овци. Една од најпознатите видови денес, мерино овцата, се смета дека е првата овца на Нов Зеланд која денес брои популација од околу 2 милиони, колку цела Македонија :).Неколку чудни и интересни факти за животните3. Животните, исто како и луѓето, се левораки или деснораки. Поларните мечки се левораки. Можеби веќе сте слушнале, но нивното крзно не е бело.Неколку чудни и интересни факти за животните4. Америка е држава во која живеат повеќе од 54 милиони кучиња што претставува изненадувачка бројка. Нема да верувате, но уште поизненадувачки е тоа што се смета дека денес во Париз има повеќе кучиња отколку луѓе.Неколку чудни и интересни факти за животните5. Ајкулите се имуни на сите досега познати болести. Португалската ајкула е најдлабокиот нуркач кој достига длабочини и до 2.750 метри. Во зависност од нивниот вид тие пливаат со брзина од 97 км/ч.Неколку чудни и интересни факти за животните6. Слонот, меѓу другото, како едно од најголемите копнени животни, води голема грижа за останатите членови во групата, како и за повредените единки. Покрај тоа што имаат големи уши, слухот кај овие видови е многу слаб. Се движат со брзина од 6,4 километри на час. За споредба, луѓето можат да се движат дури и побавно од 4-5,5 км/ч. Што се однесува до нивната храна, тие ја џвакаат само со 4 заба.Неколку чудни и интересни факти за животните7. Свињата е рангирана како 4-то најинтелигентно суштество на Земјата, а во Библијата е спомната само 2 пати. Се смета дека свињите учат побрзо и од кучињата. Чудно е тоа што преферираат средината во којашто живеат да ја чуваат многу чиста, иако нам ни се познати по тоа што се многу неуредни. Свињата има по 4 прсти на секоја нога, меѓутоа, кога се движи ги користи само предните 2, па изгледа како да оди на врвот од прстите.Неколку чудни и интересни факти за животните
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Портрети врз сложувалки од флопи дискови

    Портрети врз сложувалки од флопи дискови

    Британскиот уметникот Nick Gentry кој дипломирал во Central Saint Martins е автор на оваа рециклирана уметност. Старите и веќе неупотребливи флопи дискови се неговата инспирација. Тој ги реди дисковите едно до друго како сложувалка и потоа врз нив црта портрети. За овие технолошки изумрени производи вели:rn.rn

    „Флопи дискетите му пркосат на времето и продолжуваат да живеат како метафора за зголемувањето на ритамот на модерниот животен циклус, масовното производство и неповратната култура на денешницата.“.

    rnУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дисковиУметност од флопи дискови

  • „Тела на урбани места“ во Њујорк

    „Тела на урбани места“ во Њујорк

    Кореографот Вили Дорнер реализирал една интересна и несекојдневна идеја. Заедно со својата група актери, тој извел театарска претстава на улиците на Њујорк, притоа употребувајќи ги телата на актерите како живи скулптури.rnrn„Тела на урбани места“ во Њујорк