Што мислите, кој хороскопски знак го добива трофејот за најлуд во зодијакот, а кој е на дното на оваа листа, чија добрина едноставно го прави сосема нормален? Размислете и потоа прочитајте – одговорот дефинитивно ќе ве изненади!rnrn
rn
Овен
rn
Мерка на лудило: 2/5
rnХрабри, љубопитни, самоуверени и секогаш подготвени за предизвик – тоа најдобро ги пишува Овните кои се добри пријатели, љубовници и партнери! Како огнен знак, тие се страсни и дозволуваат нивните мислења брзо да се откријат. Една од нивните најдобри карактеристики е тоа што никогаш не се откажуваат од битка, но не и ако сте од другата страна на оваа борба, бидејќи ќе го доживеете нивното целосно лудило.rn
Бик
rn
Мерка на лудило: 2/5
rnПостои причина зошто Бикот е претставен токму од ова животно. Топлина, големо срце, љубов и широк ум се најголемите карактеристики на овој знак, но тој исто така знае да биде и многу тврдоглав. Биковите се од типот „движи се или умри“ пријатели, па ако забележуваат дека не ги следите, големи се шансите дека ќе ви свртат грб дури и во најтешките моменти. Ова е само еден од неколкуте методи на нивното лудило.rn
Близнаци
rn
Мерка на лудило: 5/5
rnНикогаш не можете да знаете која страна од Близнаците ќе ја добиете. Тие се неодлучни, нестабилни, но исклучително забавни, па затоа и нивниот живот делува како една голема забава. Вистина е дека Близнаците можат да се адаптираат на секоја ситуација, но мора да се осигурите дека станува збор за забавна, а не страшна. Овој воздушен знак без сомнение го добива пехарот за најлуд во зодијакот, најмногу бидејќи има бескраен број страни на својата личност.rn
Рак
rn
Мерка на лудило: 3/5
rnИ покрај тоа што можат да бидат огнено лојални домашари, тие истовремено знаат и да облечат секси фустанче или фина кошула и да се изнаиграат во најпопуларниот ноќен клуб. Токму затоа и другите ги доживуваат како малку налудничави – никогаш не можете да предвидите што ќе направат следно. Штом помислите дека сте го разбрале текот на нивните мисли, тие ќе се сменат и ќе направат нешто сосема неочекувано!rn
Лав
rn
Мерка на лудило: 4/5
rnИсто како и мачките, така и Лавовите се познати по одредено негативно однесување. Тие се брутални, отворени и обожаваат да бидат во центарот на вниманието – карактеристика која би ја зачувале по секоја цена. Лавовите добиваат висока оценка на скалата за лудило најмногу затоа што не знаат кога да престанат, па затоа и често можете да ги слушнете како споделуваат сексуални приказни или зборуваат лошо за заедничките пријатели.rn
Девица
rn
Мерка на лудило: 4/5
rnДевиците се високо на скалата за лудило поради нивната неспособност да ја предадат контролата. Нивната постојана потрага по совршенството ги прави опсесивни и неспособни да размислуваат на ништо друго освен на крајната цел. И покрај тоа што се познати по правењето добри дела, сепак тие се оној вид луѓе што земаат заслуги и за туѓиот труд.rn
Вага
rn
Мерка на лудило: 2/5
rnБарајќи баланс во сѐ што прават, Вагите можат да одат до екстреми за да создадат хармонија. Но нивната темна страна доаѓа до израз кога „ловат“ партнер. Ако можат да одберат една реченица со која би се опишале во љубовта, тогаш тоа би било: „Мрази ме или сакај ме, секако ќе биде опсесија“. Ви звучи по малку лудо?rn
Скорпија
rn
Мерка на лудило: 2/5
rnПроблемот со Скорпиите е… тоа што боцкаат! Набљудувани од страна, тие делуваат како интуитивни и снаодливи, но оние што им се поблиски многу добро знаат дека не можете да играте танго со Скорпија без да се изгорите. Иако се сметаат за најсензуалните во зодијакот бидејќи се неверојатни љубовници, тие исто така и можат навистина да полудат ако нештата во врската не им одат како што замислиле.rn
Стрелец
rn
Мерка на лудило: 2/5
rnСтрелецот во срце е филозоф, па затоа и постојано е во потрага по вистина и независност. Бидејќи тие премногу ја ценат слободата, понекогаш можат да живеат како да им е последен ден, па на тој начин да ги повредат блиските. Со други зборови, ако не им се тргнете од патот, големи се шансите дека ќе завршите чистејќи по нивното лудилото.rn
Јарец
rn
Мерка на лудило: 3/5
rnЈарците напредуваат во професионална област. Овој знак е екстремно организиран и трудољубив, што значи и дека го прифаќа секој предизвик што може да го среди со интелигенцијата. Но иако изгледа цврсто на површината, кога е во комбинација со повеќе луѓе, тој полудува во себе. Истото важи и за неговиот приватен живот – колку повеќе луѓе има во него, толку понервозен и полуд делува. Не е ни чудо што многу Јарци се самци.rn
Водолија
rn
Мерка на лудило: 2/5
rnВодолиите се посебен вид лудило кога станува збор за живеење одреден начин на живот бидејќи ако не го добијат тоа што го сакаат, знаат да бидат многу сурови. Овој воден знак е таков тип што може да ја отвори вратата за случаен минувач, додека истовремено е на телефон со забарот, плукајќи му погрдни зборови бидејќи му наплатил повеќе одошто требало.rn
Риби
rn
Мерка на лудило: 1/5
rnОд сите хороскопски знаци, Рибите се најмалку луди. Тие се познати по тоа што секогаш се искрени, резервирани и сочувствителни, па затоа и ако имате Риби во вашиот живот, знаете дека секогаш ќе бидете на вистинскиот пат. Овие личности со топло срце постојат за да го разубават животот на сите околу нив, па затоа и делуваат најнормално од сите останати.rnrnКраток и прецизен хороскоп за 2017-та година!