КАФЕ ПАУЗА

Tag: лоши

  • 9 навидум лоши навики што имаат и позитивно влијание

    9 навидум лоши навики што имаат и позитивно влијание

    Секојдневните навики, без разлика колку се мали, можат да имаат големо влијание врз нашиот живот и нашето здравје. Некои од нив ќе ви помогнат да живеете подобро и поквалитетно, додека други можат само да ви ја отежнат ситуацијата. Иако повеќето од нас се обидуваат да ги избегнат лошите навики, секој си има барем една од нив. Но некои навики кои ги сметаме за лоши, всушност можат да имаат позитивно влијание врз здравјето и расположението.rnrn9 навидум лоши што имаат и позитивно влијаниеrn

    1. Џвакање гума за џвакање

    rnИстражувањата покажале дека џвакањето гума за џвакање може да има позитивни ефекти, како подобрување на меморијата, намалување на стресот и зголемување на вниманието. Едно истражување покажало дека луѓето кои џвакаат гума за време на испит, имаат 24% подобра краткотрајна меморија за разлика од другите. Друго истражување покажало дека џвакањето го намалува стресот, бидејќи го намалува нивото на стрес хормонот кортизол.rn

    2. Играње видео игри

    rnАкционите игри наводно ни помагаат побрзо да ги обработиме податоците што ги добиваме, притоа забрзувајќи го процесот на реагирање и донесување одлуки. Исто така, истражувањата покажале дека видео игрите ја зголемуваат и способноста за учење. Важно е да се спомене дека ова важи само за акционите игри, со побрзо темпо.rn

    3. Пцуење

    rnПовеќето луѓе ќе се согласат дека пцуењето е лоша навика од која би требало да се ослободиме. Но, некои истражувања покажале дека пцуењето ни помага да се ослободиме од стресот и да ја исфрлиме фрустрацијата. Сепак, доколку претерате, нема да имате никаква корист.rn

    4. Неуредност

    rnНеуредноста може да биде знак на неорганизираност, но исто така покажува и креативност. Еден пример за тоа е експериментот на Кејтлин Вос, од Универзитетот во Минесота. Таа сместила две групи луѓе во разни соби, од кои една била средена, а другата неуредна. Потоа им рекла да смислат што е можно повеќе употреби за топче за пинг-понг. Резултатите покажале дека луѓето кои се наоѓале во неуредната соба имале покреативни идеи.rn

    5. Долго спиење

    rnДоколку сакате да спиете подолго, тоа не значи дека сте мрзливи. Истражувањата покажуваа дека раното будење и не е многу добро за нашето здравје. Луѓето кои се будат рано се изложуваат на ризик од висок крвен притисок, инфаркт и запушување на артериите.rn

    6. Озборување

    rnИако озборувањето се смета за лоша навика, некои истражувања покажале дека има позитивно влијание. Имено, озборувањето создава поврзаност со другите и го олеснува создавањето на нови пријателства. Исто така помага и при намалување на стресот и анксиозноста.rn

    7. Ждригање

    rnЗа некои луѓе, ждригањето звучи одвратно, но тоа е нормален дел од дигестијата. Ждригањето помага да се ослободите од гасовите во желудникот, а со тоа и да го зачувувате здравјето на дигестивниот систем.rn

    8. Прескокнување на туширање

    rnСекојдневното туширање, особено со жешка вода, ја суши кожата и ги прави порите повидливи. Доколку се туширате преку еден ден, тогаш ѝ давате време на кожата да се обнови со нејзините природни масла, па таа станува мека и блескава. Исто така, сапунот ги убива и добрите бактерии на површината на кожата.rn

    9. Туширање со студена вода

    rnСтудената вода ја подобрува циркулацијата во телото бидејќи го зголемува нивото на глутатион, главниот антиоксиданс во нашето тело. Исто така, студениот туш го намалува крвниот притисок, го подобрува имунитетот и помага при слабеењето.rnrnДали знаете кои се лошите навики на интелигентните луѓе?

  • 3-те лоши навики од кои се откажале Марк Кубан, Елон Маск и Бил Гејтс пред да станат успешни

    3-те лоши навики од кои се откажале Марк Кубан, Елон Маск и Бил Гејтс пред да станат успешни

    Според експертите, постојат навистина лоши навики од кои би требало да се откажете доколку сакате да станете успешни. Ова се навики кои ги имале и некои од најуспешните луѓе, но ја сфатиле штетата што ја предизвикуваат и успешно се ослободиле од нив. Погледнете за кои станува збор.rnrnrn

    1. Престанете да одолговлекувате

    rnСите сме виновни за одолговлекување на некоја задача што не сакаме да ја завршиме. Истото го правел и Бил Гејтс додека бил млад. Додека студирал на Харвард, постојано ги одолговлекувал работите. Дури изјавил дека бил познат како „момчето што не правело ништо до последната минута“.rnrnНо, се соочил со реалноста кога влегол во светот на бизнисот и кога сфатил дека крајните рокови се навистина важни. Тој изјавил дека никој не го ценел поради неговото одолговлекување, па решил да се ослободи од оваа навика, станал поорганизиран и секогаш ги завршувал обврските навреме.rn

    2. Ослободете се од зависноста од кофеин

    rnМногу луѓе зависат од нивната доза кофеин за да го преживеат денот. Елон Маск има изјавено дека работел и до 120 часа неделно, а недостатокот од спиење го надополнувал со кофеин.rn

    „Имаше периоди кога пиев 8 лименки Кока-кола на ден или нешто слично. Денес овој број е намален на една или две.“

    rnЕлон имал вистински проблем со зависноста од кафе. Толку многу претерувал со овој пијалак што дури и се однесувал чудно. Премногу кофеин е навистина лошо за вашето тело и само го зголемува стресот и анксиозноста. Обидете се да го замените кафето со повеќе вода.rn

    3. Лоша комуникација

    rnВикањето не е добар начин да ја објасните вашата поента, а Марк Кубан често имал проблеми со неговиот темперамент. Тој изјавил дека редовно му викал на неговиот партнер Мартин Вудал.rn

    „Се полудувавме. Постојано ми викаше за тоа колку сум несмасен, а јас пак му викав бидејќи испушташе навистина големи можности.“

    rnСо текот на времето Марк сфатил дека викањето предизвикувало повеќе штета отколку корист.rn

    „Тоа само го зголемува стресот. Кога го зголемувате стресот, вашата и продуктивноста на луѓето околу вас значително се намалува.“

    rnДознајте и кои се стратегиите за успех на ментално силните луѓе.

  • Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак (и како да се справите со нив?)

    Најлошите карактеристики на секој хороскопски знак (и како да се справите со нив?)

    Секој знак си има лоши и добри страни. Оние кои имаат поголемо познавање од астрологијата, сигурно се запознаени со основните карактеристики на знаците – Биковите се мрзливи, Раковите се со променливо расположение и слично. Но, како се поврзани добрите и лошите особини на секој знак? Се разбира не можете секогаш да бидете најдобрата верзија од себе, но можете да се обидете овие „негативни“ карактеристики да ги употребите за ваше добро. Погледнете како да го направите тоа.rnrnDepressed Man Portraitrn

    Овен

    rnНајлошото нешто кај Овните е нивното детинесто однесување. Тие се склони кон незрело однесување, но ова доаѓа од нивната невиност и недоволното искуство во справување со работите „како што треба“. Природата на Овните е освежувачка и полна со енергија бидејќи тие го искусуваат светот со отворени очи и срце. За да го извлечете најдоброто од оваа енергија, слушајте го вашето внатрешно дете и откријте што го повредува или му помага. Некои луѓе едвај паметат какви биле како деца, но Овните секогаш остануваат во контакт со тоа невино и чисто место во нивното срце. Слушајте го гласот во вас кој е во хармонија со вашите неискажани потреби и почнете да им помагате и на другите.rn

    Бик

    rnНајлошата особина на Биковите е нивната тврдоглавост. Бикот е знак кој е посветен на својата безбедност и својот начин на живот и тој не сака кога луѓето го променуваат тоа. Биковите тешко се разделуваат со нештата, и физички и емоционално, бидејќи се премногу исплашени од промената. Токму од овде произлегува нивната тврдоглавост, но ова ги прави и многу лојални. За да го извлечете најдоброто од оваа карактеристика, осигурете се дека сè за коешто сте приврзани ви е од некаква корист. Дали тоа е она што навистина го сакате? Немојте да се ограничувате.rn

    Близнаци

    rnСекогаш кога ќе се соочат со конфликт или некоја негативност, првиот инстинкт на Близнаците е да избегаат и да најдат поопуштена средина. Тие сакаат да предизвикуваат неволји, но кога некој ќе ги обвини за тоа, тие ќе бегаат и ќе ја избегнуваат ситуацијата на секој можен начин. Подобрете го квалитетот на вашите мисли и активности. Немојте да ја користите својата ментална способност за озборување или за неважни разговори. Искористете ја вашата енергија за истражување, читање и учење. Вашата љубопитност можете да ја искористите без да ги повредувате другите.rn

    Рак

    rnРаковите се премногу нежни и кршливи. Тие се потресуваат дури и од најмалата промена. Нивното расположение може да се промени многу брзо. Но, оваа чувствителност е и силната страна на Раковите. Ако научите да ја слушате вашата интуиција, вие ќе го извлечете најдоброто од неа. Раковите не можат да ги игнорираат своите емоции и ги чувствуваат многу интензивно. Следете го својот инстинкт. Вашиот остар ум често поминува незабележан, но тој потекнува од вашата способност за „предвидување“.rn

    Лав

    rnНајлошата особина на Лавовите е нивната гордост. Тие се во хармонија со нивното его и со улогата што ја играат. Лавовите го гледаат светот како сцена на која тие се ѕвездите – сè се врти околу нив. Кога нешто не оди по планот, Лавовите чувствуваат срам или гнев кои доаѓаат од нивното его и нивната гордост. Штом ќе сфатат дека тие сепак не се единствената ѕвезда на небото, Лавовите мора да пронајдат нешто што ќе ги направи посебни, но истовремено ќе ја почитува уникатноста и на другите. Важно е да сфатите дека некои луѓе се подобри од вас, некои пак ги имаат истите таленти, но тоа не значи дека и вие не сте доволно добри. Споделувајте ја вашата уникатност и помогнете им и на другите да заблескаат.rn

    Девица

    rnДевиците претерано размислуваат. Тие заглавуваат во можни ситуации, детали и мисли, па дури стануваат и бескорисни. Стресот и анксиозноста ги парализираат и го замаглуваат нивниот логички ум. Ова е лошо бидејќи Девиците лесно забележуваат детали и можат да го решат речиси секој проблем. За правилно да го искористите ова претерано размислување, вклучувајте се во проекти кои бараат анализирање. На светот му е потребен вашиот талент и искористете го без да се чувствувате лошо. Обидете се да не размислувате за работите кои не можете да ги контролирате (како на пример иднината). Фокусирајте се само на едно нешто и обидете се да размислувате позитивно.rn

    Вага

    rnНа Вагите им е тешко да одберат страна. Тие сакаат мир и хармонија и ги мразат расправите. Вагите сакаат да бидат пријатели со сите и не сакаат да создаваат непријатели. Тие ја гледаат ситуацијата од сите страни и се обидуваат да најдат „златна средина“. Но, не може секогаш да биде така. Најдобро е секогаш да ја следите правдата. Бидете искрени, транспарентни и следете го вашиот сон да го направите светот подобро место.rn

    Скорпија

    rnНајлошата особина на Скорпиите е нивната опсесивност. Тие ќе се „закачат“ за некоја идеја, личност или врска и ќе истрошат многу енергија на тоа. Проблемите почнуваат кога Скорпиите ќе се приврзат за нешто што не е нивно, или кога ја вложуваат енергијата во нешто што не е во ред. Другите не ја разбираат посветеноста која ја поседува вашата душа. Искористете го ова за некој или нешто што навистина го заслужува вашето внимание. Понекогаш таа личност сте вие. Посветете го вашето внимание на вас. Пронајдете нешто што ќе ве направи поздрава и посреќна личност.rn

    Стрелец

    rnНа Стрелците им е навистина тешко да одберат некој пат. Тие ги сакаат разновидноста и авантурите, па поради ова се растргнати на сите страни. Тие не сакаат да одат по еден пат, бидејќи постојано мислат и на другите. Она што треба да го сфатите е дека не постои „погрешен“ избор, вашиот живот ќе се одвива како што треба без разлика по кој пат се движите. За да се справите со вашата неодлучност, пробајте неколку разни начини, но на крај држете се до еден. Секогаш ќе ги имате сеќавањата и лекциите од вашите авантури. Понекогаш е потребно да му се посветите на нешто подолго од една недела.rn

    Јарец

    rnЈарците се затворени, перфекционисти и критичари. Тие се заштитуваат од работи кои им го одвлекуваат вниманието, но и од други луѓе. Тие мислат дека сè се наоѓа на нивните рамена и не сакаат да побараат помош бидејќи тоа е знак за неуспех. Но, ова е нивната силна страна бидејќи тие му пристапуваат на секој проблем со искуство. Искористете го ова така што ќе помогнете некому кому навистина му е потребна вашата помош. Можеби сметате дека сите ве гледаат како неуништливи, но сепак и вие сте само луѓе. Вашата способност за водење и одговорност се инспиративни, а многу луѓе ви се воодушевуваат. Но понекогаш дозволете им на другите да ви помогнат бидејќи вие не сте робот.rn

    Водолија

    rnВодолиите знаат да се изолираат од другите, па дури и од најблиските пријатели. Тие сметаат дека нивните проблеми се уникатни и дека никој нема да ги разбере, но се лажат. Споделете ја вашата визија со светот. На овој начин ќе разгледате и други мислења и перспективи. Вие ги разбирате потребите на светот и на луѓето, па поради ова вие сте хуманитарците во зодијакот. Важно е да знаете дека не можете сè да направите сами. Ќе постигнете многу ако ги споделите вашите идеи и со некој друг.rn

    Риби

    rnРибите се ментални жртви. Изгледа како постојано да им се случува нешто, а тие немаат контрола врз тоа. Ова произлегува од нивната пасивност, која пак придонесува за нивната чувствителна природа. Искористете го вашето меко срце за добро. Лесно е да бидете жртва, особено кога ги чувствувате работите 15 пати посилно од другите, но ова ја менува одговорноста. Откријте ги вашите слаби страни и работете на тоа. Штом ќе го надминат нивното его, Рибите можат да ги лекуваат и другите и себе, и конечно ќе го пронајдат својот мир.rnrnОткријте и кои се најинтересните карактеристики на вашиот хороскопски знак.

  • Недостатоците во вашето однесување според хороскопскиот знак

    Недостатоците во вашето однесување според хороскопскиот знак

    Обично кога читате хороскоп сакате да ги слушнете само добрите карактеристики на вашиот знак. Но, понекогаш е важно да ја запознаете и вашата негативна страна за да можете во целост да се спознаете. Можеби некои од недостатоците ќе ве навредат, но важно е да бидете свесни за нив бидејќи само така можете да ги прифатите, а потоа и да почнете да работите на нивно менување.rnrnnedostatoci-vo-vasheto-odnesuvanje-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mkrn

    Овен – импулсивни

    rnОвните трчаат кон нивните цели без да размислат за последиците. Кога ќе им ги тргнете настрана шармот и динамичноста, ќе сфатите дека се себични, детинести и импулсивни во обидот да ги остварат своите соништа.rn

    Бик – лакоми

    rnБиковите се бавни и мрзливи материјалисти. Тие имаат преголема самодоверба и секогаш мислат дека се во право. Интелектуалното и духовното размислување не ги интересира. Тие мислат дека нивната цел на Земјата е да ги научат другите како да живеат и секогаш мислат дека знаат најмногу.rn

    Близнаци – плитки

    rnБлизнаците можат да звучат како вистински интелектуалци, но кога ќе обрнете повеќе внимание ќе сфатите дека всушност не кажуваат ништо. Нивната мудрост доаѓа само од интересни информации и анегдоти и ова станува очигледно кога преминуваат од една тема на разговор во друга.rn

    Рак – плачковци

    rnРаковите се премногу чувствителни и никогаш нема да знаете точно како се чувствуваат. Но, јасно е дека тие се најголемите плачковци во целиот зодијак. Секогаш мислат дека се жртви и ако мислите дека треба да бидат посилни, тоа нема да се случи.rn

    Лав – нарциси

    rnЛавовите се зафатени со фалење за своите подвизи кои баш и не се нивни. Тие имаат потреба некој да ги обожава. Кога нема некој таков, тие почнуваат самите да се фалат.rn

    Девица – нервозни

    rnДевиците мораат да ја следат својата рутина. Тие не можат да се опуштат и да се забавуваат и не можат да поднесат неред.rn

    Вага – лицемери

    rnВагите ќе направат сè за да бидат прифатени и сакани. Друг нивен проблем е што им е навистина тешко да донесат одлука.rn

    Скорпија – уништувачи

    rnСкорпиите обожаваат да ја покажуваат својата сила во секоја врска, и на крајот ја прават врската да изгледа како политичка драма. Тие бараат многу, а даваат малку и со тек на време создаваат огромен неред што не можат да го исчистат.rn

    Стрелец – прават сè за внимание

    rnСтрелците изгледаат интересни со нивните ораторски способности, но вистината е далеку од тоа. Нивните зборови се начин да ја избегнат реалноста, бидејќи тие не трагаат по знаење, туку по внимание.rn

    Јарец – ладни

    rnЈарците изгледаат како здодевни и ладни, освен ако не им помогнете. Тие сакаат да успеат и ќе направат буквално сè за да стигнат до врвот, дури и ако треба да искачат преку вас.rn

    Водолија – незаинтересирани

    rnВодолиите изгледаат како уникатни и хуманитарни. Но, единствено нивната желба да бидат уникатни ги прави такви. Тие се навистина незаинтересирани и апатични во врските.rn

    Риби – пречувствителни

    rnПо некое време забораваат како им изгледа лицето под маската. Рибите секогаш тргнуваат негде и на пола пат забораваат каде оделе. Тие живеат во вистински хаос и се изгубени во овој свет.rnrnПогледнете и неколку интересни факти за вашиот хороскопски знак кои сигурно не сте ги знаеле до сега.

  • Зошто жените се сметаат за лоши возачи?

    Зошто жените се сметаат за лоши возачи?

    Сигурно веќе имате слушнато дека жените се полоши возачи во однос на мажите и на некој начин ова е точно, но не сосема. Дали сте се запрашале зошто е тоа така? Жените седат зад воланот преморени, додека возат ги користат своите мобилни телефони, ги смируваат бебињата додека плачат…rnrnЗошто жените се сметаат за лоши возачи?rnrnПостојат многу студии кои вклучувале тестирање на жените и нивната способност да возат. Со нивна помош било утврдено дека оние жени кои имаат деца помали од 2 години, се многу ризични возачи. И покрај тоа што тие велат дека се многу внимателни додека возат, фактите го покажуваат спротивното. Многу мајки кажуваат дека поставувањето на седиштето за бебе во автомобилот е многу комплициран процес. Но, мајките и татковците не смеат да ги возат децата без такво седиште, затоа што тоа ја зголемува безбедноста на децата. Дали сте знаеле дека 3 од 4 бебешки седишта не се соодветно наместени во автомобилот? Тоа е затоа што жените кои се мајки секогаш брзаат да одат некаде и немаат доволно време да ги прочитаат упатствата или да побараат помош. Па, следниот пат пред да треба да го наместите седиштето за бебиња во вашиот автомобил, осигурете се дека тоа го правите правилно, а ако не можете самите, побарајте помош.rnrnПовеќето родители признаваат дека им е тешко да се фокусираат само на една задача, затоа што улогата на родител е многу тешка и бара многу енергија, па имаат недостаток на концентрација. Тие дури прават повеќе од една работа додека нивните деца седат на задното седиште во автомобилот, како на пример ја проверуваат нивната електронска пошта, испраќаат пораки и слично. Ако имате обврски кои го бараат вашето внимание, паркирајте се некаде настрана и јавете се или испратете ја пораката што ви треба. Исто така, ако вашето дете плаче или му треба нешто, подобро е да застанете со автомобилот на некое безбедно место и да го направите она што треба. Никогаш не брзајте да го однесете вашето дете во училиште или во градинка само затоа што доцните. Неколку минути нема да направат голема разлика, а безбедноста на вашите деца секогаш треба да ви биде на прво место.rnrnЗошто жените се сметаат за лоши возачи?rnrnЕкспертите советуваат да не ги користите мобилните телефони додека возите. Истражувањата покажуваат дека жените зборуваат на телефон додека возат, а многу од нив и пишуваат пораки. Студиите покажале дека користењето мобилен телефон за време на возењето ја зголемува можноста за автомобилска несреќа, која е еднаква со ризикот кој постои додека се вози во алкохолизирана состојба. Експертите велат дека само една ноќ без спиење драстично ги забавува рефлексните реакции, а во случај на хроничен замор се случува возачот и да заспие на воланот, без да го забележи тоа.rnrnПа, пред да ги земете вашите клучеви, запрашајте се дали е потребно да возите и дали сте доволно одморени. Ако не сте во состојба да го направите тоа, замолете да ви помогне некој од вашите блиски. Вашата и безбедноста на другите треба да ви биде приоритет!

  • Лоши навики кои го попречуваат вашиот пат до среќата

    Лоши навики кои го попречуваат вашиот пат до среќата

    Луѓето се свесни дека лошите и негативни мисли привлекуваат таква енергија во нивниот живот и можат да го блокираат нивниот пат кон остварување на поставените цели. Но, и покрај тоа, постојат неколку навики од кои повеќето луѓе тешко можат да се ослободат и кои им застануваат на патот кон нивната лична среќа. Доколку и вие сте меѓу нив, прочитајте кои се лошите навики кои ве оддалечуваат од постигнувањето на личното задоволство и реализацијата на поставените цели.rnrn(1) Лоши навики кои го попречуваат вашиот пат до среќатаrn

    1. Другите наспроти Јас

    rnМногу луѓе имаат вистински проблем со тоа што наместо „Јас“ многу често користат „Тие“. Се споредуваат со другите луѓе од својата поблиска и подалечна околина, а тоа кај нив предизвикува љубомора за постигнувањата на другите. Наместо да се сконцентрираат на својот успех, тие постојано размислуваат за успесите на другите луѓе, без притоа да се охрабрат да излезат од својата удобна зона и да преземат чекор за подобрување на сопствената положба. Тоа е лоша навика. Доколку и вие се пронаоѓате меѓу таквите луѓе, обидете се туѓиот успех да го гледате како поттик и инспирација. Запомнете, никој не е подобар од вас, туку оние кои постигнуваат успеси работат напорно и не се оптоваруваат со туѓото мислење.rnrnПсихологот Керол Двек од Унивезитетот Стенфорд разликува два типа размислување – „фиксирано“ и „растечко“. Луѓето кои имаат „фиксиран“ начин на размислување сметаат дека нивните животи никогаш нема да се сменат на подобро, додека луѓето со „растечки мисли“, постојано ги прошируваат хоризонтите на своите интереси и се осмелуваат да преземаат ризици и да внесуваат промени во својот живот. Оној кој ќе премине од првиот во вториот начин на размислување, веднаш ќе ја почувствува разликата и резултатите.rn

    2. Листите на работите кои треба да се направат предизвикуваат стрес

    rnНекои истражувања покажуваат дека листите со работи кои треба да се завршат во текот на наредниот ден, можат да имаат спротивен ефект. Тие многу често создаваат притисок врз луѓето кои постојано проверуваат до каде се со огромниот број обврски. Овие списоци најчесто се прават пред легнување, што може да доведе и до нарушување на мирниот сон, поради стравот дека во текот на денот што следува нема да имате доволно време да завршите сè што се испланирале. Многумина, поради недостиг на време се откажуваат од обврските или пак, ги прават механички и набрзина, колку само да поминат. Затоа, наместо долги списоци, сконцентрирајте се на една или две работи кои ќе ги запишете. Тие нека ви бидат приоритет за денот кој следува и ќе се изненадите колку многу работи ќе завршите попатно покрај нив, без непотребниот стрес што претходно ви се појавувал од обичното ливче хартија.rn

    3. Премногу се грижите што другите мислат за вас

    rnМногу луѓе се особено загрижени што останатите мислат за нив. Всушност, треба да сфатите дека секој човек има свои проблеми и луѓето можеби не размислуваат толку многу за вас, колку што вие си мислите. Кога премногу размислувате на тоа што другите мислат за вас, со тоа всушност ја намалувате вашата самодоверба. Мислејќи дека останатите имаат негативен став за вас, не сфаќате оти сета негативност произлегува токму од вашите мисли и однесување. Во вакви случаи најдобро е да користите позитивни мисли и поттикнувачки реченици, со кои ќе си ја подобрите самодовербата, а туѓото мислење нема да ви биде во центарот на вниманието.rnrn(2) Лоши навики кои го попречуваат вашиот пат до среќатаrn

    4. Сè се менува СЕГА!

    rnОва е една голема грешка која ја прават луѓето кои сакаат да внесат промени во својот живот. Големите промени ретко доаѓаат одеднаш. Потребно е да размислите во кој правец сакате да оди вашиот живот и да преземате мали, но сигурни чекори. Доколку сакате брзо постигнување на големите цели, голема е веројатноста набрзо да се разочарате. Правете по една промена во неделата или во месецот. Иако можеби ќе ви изгледа бавно, кога ќе се свртите наназад ќе видите дека сигурните чекори ви донеле цврсти промени, на чија основа можете да продолжите со градење на иднината.rn

    5. Го чекате вистинскиот момент

    rnВистинскиот момент не постои, туку ние го создаваме. Нема магични знаци кои можат да ни кажат „Стори го тоа сега“. Наместо да го чекате, создадете го сами вистинскиот момент. Размислете, најдете луѓе кои можат да ви помогнат и направете го првиот чекор. Затоа што, додека вие го чекате вистинскиот момент за реализација на вашата идеја, времето си минува и можеби еден ден ќе сфатите дека е веќе доцна за реализација на вашата идеја.rn

    6. Заборавете на „понеделникот“

    rnОваа навика е тесно поврзана со претходната. Многу луѓе си размислуваат „Не успеав денеска да го започнам реализирањето на мојот план, па ќе го почекам следниот понеделник“. Не, ваквото размислување е целосно погрешно. Понеделник е само еден ден во неделата, како и сите други. Ако не сте стигнале да почнете или да завршите нешто во понеделник, сторете го тоа во вторник, среда… Секој ден е идеален за старт на потрагата по среќата.

  • Немојте да ги гледате! Филмови кои носат лоша порака за сите жени

    Немојте да ги гледате! Филмови кои носат лоша порака за сите жени

    Слаби, зависни, оптоварени со сексот и мажите? Дали тоа сме навистина ние? Паметни, храбри, независни, милениумски жени кои се среќни и без мажи? Тоа се нашите епитети и сакаме такви филмови на малите екрани! Можеби на прв поглед овие 3 филма ќе ви бидат симпатични, меѓутоа погледнете ја подлабоката смисла на пораката која тие ја испраќаат и кажете дали сме во право.rnrn1-nemojte-da-gi-gledate-filmovi-koi-nosat-losha-poraka-za-site-zhenite-www.kafepauza.mk_rn

    1. Сексот и градот (2010)

    rnНие ја обожаваме оваа серија и се радуваме на секоја репризирана епизода како прв пат да ја гледаме. Меѓутоа, првиот и вториот дел од филмот „Сексот и градот“ благо нè разочараа. Иако се одлични за разонода, мора да укажеме на ситуациите кои навистина нè загрижуваат и кои праќаат сосема погрешна порака за жените.rnrnШарлот е загрижена, бидејќи мисли дека нејзиниот маж е опседнат со новата дадилка и се смирува во оној момент кога ќе дознае дека таа всушност е лезбејка. Од друга страна пак, Саманта поради стравот дека менопаузата ќе ѝ го наруши либидото има неумерено многу секс. И на крај, каква порака добиваме од овие дами: жените се толку многу очајни, што одат до крајни граници!rnrnrn

    2. 50 нијанси сиво (2014)

    rnИако е заснован на книгата и донесе малку еротика и слободен дух (сепак живееме во 21 век каде што нема место за табу теми), мора да упатиме голема критика до главниот лик – Анастасија Стил.rnrnОсвен што таа е многу несигурна во себе, откако ќе го запознае Кристијан целиот нејзин живот се сведува на мажите. Да го додадеме фактот дека е прикажана како невина девојка која поради него ги прифаќа сите перверзии. Дали треба да исполнуваме нечии сексуални желби? Да, но само ако сакаме и ги споделуваме истите.rnrnrn

    3. Најлошата ноќ во мојот живот (2013)

    rnЗа оние дами кои го немаат погледнато филмот, еве краток опис:rnrnПаметна и убава новинарка (ја глуми Елизабет Бенкс) сонува да стане телевизиско лице, меѓутоа една ноќ со странец ќе ја доведе до бројни незгоди. Оставена е во Лос Анџелес, без пари, кола и документи и мора да смисли начин како навреме да стигне до најважното интервју во својот живот.rnrn21 век e и сосема ја поддржуваме идејата дека жената треба да се чувствува самоуверено во своето тело и да ужива во сексот. Меѓутоа, зошто одговорна девојка која утредента ја чека важно интервју би се нашла во креветот не непознат маж и би испила толку многу пијалак што нема да се сеќава на ништо? Зар тоа не е малку понижувачко и неодговорно однесување? И дали таква девојка треба да биде модел на другите?rnrnЗнаеме дека ова е симпатичен и смешен филм, но ние сме овде да ги штитиме правата на жените и да се штитиме од сарказмот.rnrn

  • 25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 години

    Сите ние во 20-тите години свесни сме дека имаме многу лоши навики кои треба да прекинеме да ги правиме, но никако да го сториме тоа. Еве што нè советуваат постарите. Ова се нештата од кои треба да се одвикнеме пред на нашата роденденска торта да стои бројот 25.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    1. Јадење во кревет

    rnОсвен доколку сакате вашиот пријател глушец да ве посетува почесто во кревет.rn

    2. Јадење брза храна

    rnДа, некогаш ќе имате мерак за хамбургер или хот дог, но не секој ден и не секој оброк. Пожелно е свеста за здравиот начин на исхрана да ја развиеме до 25-тата година од нашите животи.rn

    3. Губење време со лоши партнери

    rnИ самите знаете дека немате иднина, зошто упорно одите со главата во ѕид? Не, нема да се промени.rn

    4. Неконтролирано трошење на парите

    rnЕден ден ќе имаме семејства за кои ќе треба да се грижиме, а ако сме искрени, моментално и за нас самите не ни остануваат доволно пари.rn

    5. Гледање серии по цела вечер

    rnИако другиот ден немате утрински обврски, не останувајте будни цела вечер. Добриот сон е многу важен.rn

    6. Неконтролирано порачување пијалаци по барови и клубови

    rnНе, не давајте знак дека секогаш кога вашата чаша е празна треба да ви се донесе ново вино. Другиот ден многу ќе вложите напор во обидот да се сетите каде ви избегале парите.rn

    7. Споредување на себеси со други

    rnКако вашите пријатели на ФБ, или бившите соученици. Споредувањето е лоша навика со која мора да престанеме. Сечиј живот е различен а споредбите мора да прекинат.rn

    8. Потфрлање со личната хигиена

    rnНе сме мали деца па нашите мајки да трчаат по нас велејќи ни да си ги измиеме забите.rn

    9. Постојан мамурлак

    rnВо ред е да ви се случи еднаш, два пати, на важни датуми и сл. Лошо е ако луѓето многу долго ве немаат видено трезни и свесни. Грижата за себе, за добриот сон и контролираната консумација на алкохол се навики кои мора да се стекнат додека не е предоцна и додека не сме почнале да преминуваме некои граници.rn

    10. Остварување комуникација само преку СМС и социјални мрежи

    rnДа, корисно е да се вежба комуникација во живо.rn

    11. Спиење до пладне

    rnНекогаш ќе ви се случи, но многу неодговорно е да го започнувате денот на пладне. Плус, го пропуштате најубавиот период од денот – утрото.rn

    12. Озборување

    rnНе, доволно сме возрасни за малограѓанско однесување.rn

    13. Губење на професионалноста на работното место

    rnМлади сме и треба да покажеме способност и знаење. Лакирањето на работно место е строго забрането дури и ако никој не ве гледа.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    14. Неодржување хигиена во домот

    rnИако ви е мака, сепак фрлајте го ѓубрето редовно.rn

    15. Премногу откривање на вашата приватност на социјалните мрежи

    rnКако што растеме учиме да откриваме сè помалку бидејќи знаеме дека навистина е непотребно.rn

    16. Неконтролирање на сопствените емоции

    rnАко размислувате за зголемување на емоционалната интелигенција, сега е вистинското време.rn

    17. Неодговорно однесување

    rnАко сте ветиле дека ќе направите нешто сторете го, ако треба да бидете негде, стигнете на време.rn

    18. Позајмување и не враќање на позајменото

    rnВаквото однесување воопшто нема да им се допадне на вашите пријатели а и самите сте свесни дека ги ставате во незгодна позиција.rnrn25 лоши навики кои треба да ги прекинете пред да наполните 25 годиниrn

    19. Постојано доцнење за да фатите автобус

    rnИ не само автобус. Време е да се навикнете да пристигнувате на време.rn

    20. Наивно размислување

    rnНе, не може странец од улица да проба да ве разубеди во вашите основни верувања и ставови во животот, ниту може да ве натера да ги дадете вашите пари негде.rn

    21. ФБ прогонување на старите љубови

    rnЕдноставно оставете ги таму каде што им е местото – во минатото.rn

    22. Непланско пазарење

    rnЗнаеме дека е тешко да се контролираш себеси во преполн маркет или во бутик каде само што стигнала сезонската облека, но мора да размислуваме како возрасни.rn

    33. Дозволување гордоста да надвладее со нас

    rnВо ред е да побарате помош и да признаете слабост.rn

    25. Неследење на временската прогноза

    rnМожеби ви звучи смешно, но многу е добро да имаш со себе чадор кога на сред улица ќе те фати дожд.rn

    25. Заборавање да се каже „благодарам“

    rnОва за многумина не е сериозен проблем, но благодарноста е клучна во животот. Тогаш кога ќе научиме да бидеме благодарни и за најмалите нешта, ќе научиме вистински да ги вреднуваме нештата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се справите со лошите колеги?

    Како да се справите со лошите колеги?

    Секаде има по некој вработен кој не знае како добро да соработува. Некои од тие луѓе се арогантни, други се прават дека знаат сè, трети се спремни да ви забијат нож в грб, а има и такви што постојано се жалат, обвинуваат и ја префрлаат одговорноста на другите. Не мора да ја замразите работата заради такви луѓе. Наместо тоа, применете ги овие неколку совети и полесно ќе се справите со нив.Како да се справите со лошите колеги?rn

    Предвидете го нивното однесување и бидете подготвени

    rnАко некој колега многу ве нервира поради однесување кое постојано се повторува, недозволиво е да бидете изненадени кога тоа уште еднаш ќе се случи. Тој што цело време одбива да соработува и понатаму ќе го прави тоа, а тој што еднаш ве шпионирал кај шефот пак ќе го направи тоа. Тоа што веќе имате искуство со нив треба да го употребите во ваша полза. Спремете одговор за неизбежниот конфликт. Така ќе го избегнете гневот и ќе можете рационално да го решите проблемот.rn
    rn

    Не поттикнувајте лошо однесување

    rnЛошите колеги сакаат да предизвикуваат конфликти и уживаат во тоа. Иако е предизвикувачки гневно да им се спротивставите, тоа само ќе ве спушти на нивното ниво. Тие ја бараат борбата од вас, а со тоа вие великодушно ќе им ја дадете. Наместо тоа, покажете им го веќе спремениот одговор без лоши емоции. Многу е веројатно дека тогаш ќе се префрлат на некој друг да му додеваат. Кога не можете да се сложите, прекинете ја дискусијата со изјава од типот „имаме различни мислења за ситуацијава“, а ако колегата продолжи и понатаму, предложете му да го посетите вашиот заеднички надреден за да помогне во решавање на конфликтот.rn
    rn

    Не сфаќајте ги лично

    rnКако што веројатно знаете, конфликтните луѓе не војуваат заради проблемите што ги имаат со другите, туку поради проблемите што ги имаат со самите себе. Кога доаѓате во судир со таква личност, вие всушност сте само алатката која тие ја користат за да зајакнат својата ниска самодоверба и да се заштитат себеси. Тоа што тие ве напаѓаат токму вас не значи дека нешто кај вас не чини.rnrnНа крај, иако не постои вистински начин да се справите со лошите колеги, туку само да ги избегнете проблемите со нив, не заборавајте и на овие неколку совети за да не ја влошите ситуацијата.rn
    rn

      rn011

    • избегнувајте „ти“ изјави и заменете ги со „јас“ тврдења. Подобро е да речете: „Мене ми се чини дека имаме проблем“, отколку: „Ти ги правиш проблемите“.
    • rn011

    • избегнувајте испади на гнев поради нивното некоректно однесување
    • rn011

    • избегнувајте сарказам
    • rn011

    • избегнувајте одбранбен став
    • rn011

    • и уште еднаш, не дозволувајте си да им го подарите конфликтот кој ним толку многу им е потребен
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Некои го сакаат тоа жешко

    Некои го сакаат тоа жешко

    Од каде излезе темата за слатки vs. жешки, стварно немам појма, ама според муабетот што го направив со некои момци, испаѓа дека машкиот мозок по автоматизам ги класифицира девојките на овој начин. Некои преферираат жешки девојки, некои слатки… некои ама баш секакви. Каква треба да биде девојката за да биде класифицирана во групата на слатки, а каква за да го заслужи епитетот „жешка“?Некои го сакаат тоа жешкоАко ние можеме да направиме груба поделба на момците на добри и лоши момци, во ред, им дозволуваме и тие да нè поделат на слатки и жешки. Станува збор за слатка, како карактеристика на една личност. Тоа се оние мирни девојки, внимателни и нежни. А од другата страна се оние кои шират, слободно да се изразам, сексуална енергија и едноставно се женствени. И нема врска дебелината, висината, убавината. Сè е до карактер. Ќе помислите дека ова е можеби најизлитената фраза, но вистина е. Карактерот, движењата, начинот на зборување, го формираат шармот кој го ширите околу вас, енергијата која ја пренесувате. Како ќе ве гледаат другите зависи од вас самите. Ви се случило да ви се допаѓа момче кое со својот физички изглед не е според вашите критериуми? Да, ама ќе речете дека го има она нешто… тоа НЕШТО е неговиот шарм.rnrnНо, дали во секоја од нас спие една скриена страна која не веднаш излегува на виделина? Еднаш слушнав дека човекот и самиот не е свесен на што сè е способен. Што сè може да направи со себе, и дека со одредени наши постапки можеме и самите себе да се изненадиме. Дали во онаа навидум слатка девојка се крие нешто жешко? Со сигурност ќе речам да. Само што постојат девојки кои остануваат во групата „слатко“ и други кои се форсираат да останат во она „жешко“. Но трети пак, знаат да бидат слатки или жешки во вистинско време и на вистинско место.rnrnНекои од момците рекоа дека помеѓу слатка и жешка секогаш би избрале слатка, други пак, многу нормално дека ќе тргнат по онаа жешката. Има такви кои сакаат жешка за забава, а слатка, доколку бараат девојка за сериозна врска.rnrnВсушност можеме да бидеме ама баш сè што ќе посакаме. Жешко или слатко, добра девојка или ладна кучка, ама сè си доаѓа по заслуга.rnrnОна што со сигурност јас го сакам жешко е моето утринско кафе.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.